You are on page 1of 62

ОПШТИНА БИТОЛА

Комисија за јавни набавки


__________________________________________________________________

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА

со склучување на рамковна спогодба како посебен начин на доделување на договор за јавна набавка со еден економски оператор, согласно член 57 ставови 1
до 6 од Законот за јавните набавки

ЗА НАБАВКА НА
„ПОПРАВКА И ОДРЖУВАЊЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА И ТППЕ“

1
Битола, maj 2023 година

2
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр.24/19), подготвена е:

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

за поедноставена отворена постапка за набавка на услуги за

„ПОПРАВКА И ОДРЖУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА И ТППЕ“

Тендерската документација содржи:

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................................................................3
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 6
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА......................................................................................................6
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ........................................................................9
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ.....................................................................................................11
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 16
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА.............17
Прилог 1 – Образец на понуда..............................................................................................................22
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата.....................................................................................38
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста.............................................................................39
Прилог 4 – Изјава за резервни делови.................................................................................................40
Прилог 5 – Модел на рамковна спогодба............................................................................................41

3
4
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

1.1 Дефиниции

1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и
обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни
набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки,
обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат
елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно
известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што
ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги 1, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет,
влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на
изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава,
терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени
процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на
набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во
техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата
обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
1
Кога предмет на набавка се работи, овој дел се брише.
5
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и
информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку
кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи
поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги
предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.

1.2 Договорен орган


1.2.1 Договорен орган е Општина Битола, со седиште на адреса: Булевар 1ви Мај бр. 61, телефон / факс 047/208-335, електронска адреса javninabavki@bitola.gov.mk
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Свидерски Димитар, телефон 047/208-335, електронска адреса javninabavki@bitola.gov.mk

1.3 Предмет на постапката за јавна набавка

1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на услуги

„ПОПРАВКА И ОДРЖУВАЊЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА И ТППЕ“

1.3.2. Предметот на набавката е делив:

Дел 1 - Поправка и одржување на патнички моторни возила со набавка на резервни делови;

Дел 2 - Поправка и одржување на специјални противпожарни моторни возила со набавка на резервни делови.-

Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификаци.

1.3.3.Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од( 1) една година.

1.4 Применливи прописи


1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните
односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република

6
Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи,
Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните
услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).

1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата


1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и
отстранување или намалување на штетните последици од истата.

1.6 Вид на постапка за јавна набавка


1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на
следнава интернет адреса https://www.e-nabavki.gov.mk и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република
Северна Македонија“ бр. 64/2019).

1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

1.7.1 Електронска аукција


1.7.1.1Постапката ке биде без спроведување на електронска аукција.

1.7.2 Рамковна спогодба.


1.7.2.1 Оваа постапка ќе заврши со склучување на рамковна спогодба.
1.7.2.2 Рамковната спогодба ќе се склучи за времетраење од 1 (една) година.
1.7.2.3 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор, а поединечните договори ќе се доделуваат во согласност со условите од рамковната спогодба.
1.7.2.4 Поединечен договор врз основа на рамковната спогодба нема да се склучува, а ефект на поединечен договор ке имаат: нарачка, налог, заклучница и
слично и ќе ги имаат сите суштествени состојки на договорот.

2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

2.1 Достапност на тендерската документација


2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
7
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот
рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што
економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.

2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација


2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да
ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави
достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат
автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на
измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.

3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА

3.1 Право на учество


3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот
или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се
обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца
нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат
отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
8
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно
прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН 2, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

3.3 Трошоци за поднесување на понуда


3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без
оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.

3.4 Јазик на понудата


3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните
документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на
македонски јазик.

3.6 Цена на понудата


3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари .

3.7 Корекција на цени


3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат
фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

3.8 Начин на извршување на услугата

2
На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
9
3.8.1 Доколку договорниот орган, односно претставникот на договорниот орган - корисникот на возилото има потреба од поправка или интервенција на одредено возило,
задолжително се обраќа до носителот на набавката (писмено, телефонски или преку електронска пошта, во зависност од потребата) со барање да му се издаде предлог-
пресметка (понуда/про-фактура) за истата. За вообичаените интервенции корисникот на возилото може да се обрати до сервисната работилница на носителот на набавката
за добивање на предлог-пресметка (понуда/про-фактура) и без да го однесе возилото до сервисната работилница (телефонски или на друг начин).
3.8.2 Носителот на набавката е должен на барање на договорниот орган да издаде предлог-пресметка (понуда/про-фактура) за одредена поправка или интервенција на
возило. Во предлог-пресметката задолжително се наведува:
- опис на услугата што треба да се изврши со единечни цени за услугата и за резервните и потрошните делови согласно со листите на цени дадени во прилог кон оваа
спогодба и со максимум 5% маржа од набавната цена при вградување на резервни и потрошни делови кои не се предвидени во листите на цени;
- име и презиме на корисникот на возилото кој побарал предлог-пресметка;
- потребни работни часови и рок во кој ќе се изврши конкретната услуга сметано од денот на донесување на возилото во сервисната работилница.
3.8.3 Утврдувањето на потребните работни часови и рокот за извршување на конкретна услуга, носителот на набавкатата е должен да го направи врз основа на реална
проценка за времето потребно да се изврши услугата. Доколку се врши замена на неколку делови одеднаш се признава само еден износ за работна рака.
3.8.4 Договорниот орган ја разгледува предлог-пресметката, проверува дали истата е во согласност со рамковната спогодба и врз основа на процена за оправданоста за
извршување на услугата дава писмено одобрение на носителот на набавката.
3.8.5 Носителот на набавката ќе пристапи кон извршување на услугата само по добивање на писмено одобрение од договорниот орган. Писменото одобрение од
договорниот орган го издава овластеното лице. Во итни случаи, договорниот орган може да му даде на носителот на набавката усно одобрение за извршување на услугата.
Носителот на набавката е должен да пристапи кон извршување на услугата за која е дадено усно одобрение и тоа го констатира во работниот налог со наведување на
лицето што го дало усното одобрение. Договорниот орган е должен по даденото усно одобрение да достави и писмено одобрение до носителот на набавкатата. За лицата
кои можат да дадат усно одобрение во итни случаи договорниот орган ќе го извести носителот на набавкатата по потпишувањето на рамковната спогодба.
3.8.6 Носителот на набавката откако ќе добие одобрение пристапува кон извршување на услугата за која издал предлог-пресметката. Доколку во текот на извршувањето на
одобрената услуга носителот на набавката утврди дека е потребна дополнителна интервенција, тој е должен да направи дополнување на предлог-пресметката и истата да ја
достави на одобрување до договорниот орган, а по добиеното одобрение да ја изврши дополнителната услуга. Носителот на набавката е должен по добиеното одобрение,
при приемот на возилото да потпише записиник за прием на возилото со тоа што рокот за извршување на услугата утвреден во точката 3.9 од оваа тендерска документација
почнува да тече од тој момент.
3.8.7 Носителот на набавкатата е должен да изврши прием на возилото за поправка во секое време без одлагање, односно на возилата на Договорниот орган да им даде
приоритет пред другите поединечни корисници на услуги затекнати во сервисната работилница на Носителот на набавката.

3.9 Рок на извршување на услугата


3.9.1 Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата што е предмет на рамковната спогодба во рок не подолг од 1 (еден) работен ден за поедноставни поправки
(замена на гуртни, плочки и друг потрошен материјал), односно 5 (пет) работни денови за покомплексни поправки (ремонт и сл.) од денот на доставување на возилото,
односно потпишување на записникот за прием на возилото.

3.10 Начин на плаќање

10
3.10.1 Начинот на плаќање е вирмански, во рок од 60 (шеесет) денови од доставувањето на фактура за извршената услуга во архивата на договорниот орган, која треба да
биде потпишана со цело име и презиме од лицето што го презема возилото од страна на договорниот орган и претставник на носителот на набавката кој го предава
возилото. Доколку фактурата отстапува од одобрената предлог-пресметка или кон неа не е приложен работниот налог или не е соодветно потпишана, фактурата нема да
биде платена и ќе биде вратена на Носителот на набавката заради докомплетирање или доставување на исправна фактура.

3.11 Период на важност на понудата


3.11.1 Понудата треба да е со важност од 120 (деведесет) денови, сметано од денот определен како краен рок за поднесување на понудите.
3.11.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.

3.12 Средства за обезбедување

3.12.1 Гаранција на понудата


3.12.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.12.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.

4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

4.1 Поднесување на понудите


4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута
утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
Предметот на набавка е поделен во делови и цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.

11
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски
потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање
односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното
лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за
економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите,
доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и
адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.11.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

4.2. Краен рок за поднесување на понудите


4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е датумот и часот наведен во огласот објавен на ЕСЈН.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.

4.3. Елементи на понудата


4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Документ за регистрирана дејност ДРД
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност,
- Изјава за резервни делови (Прилог 4).

4.4 Подизведување

4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна
набавка, во понудата:
 ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
 доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
12
 доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
 доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.

4.5 Отворање на понудите


4.5. Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на датумот и часот објавен на ЕСЈН како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: Општина
Битола.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено
овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.

5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ

5.1 Утврдување способност


5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност;
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог
3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот
оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за
утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.

5.2 Причини за исклучување од постапката


5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има
овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое
има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички
активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.

13
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки
во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно
партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за
учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на
конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на
договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни
договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или
преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност
во постапката за јавна набавка.

5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој
економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна
судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и
придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со
луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик,
доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност
или единствен документ за докажување на способноста;

14
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или
единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за
докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за
докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски
потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот
оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.

5.3 Услови за квалитативен избор

5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност


5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на
набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека
припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

5.3.3 Техничка и професионална способност


5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- да има вработено или ангажирано квалификуван технички персонал за извршување на договорот и тоа: најмалку еден автомеханичар и најмалку еден
автоелектричар;
- да има сервисна работилница за поправка и одржување на моторни возила на територијата на Општина Битола;
- да има иструменти, постројки и техничка опрема потребни за извршување на договорот.

5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на:
- опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, доставување на валиден документ за докоз за условот
од Точ.5.3.3.1ал.1
- опис на техничките услови и мерки кои економскиот оператор ги користи за да обезбеди квалитет и истите се наоѓаат на следната локација -------------------- на
териоторијата на општина Битола;

15
- изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на
договорот;
- со наведување на делот од јавната набавка, кој економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач.

5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2 ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.

НАПОМЕНА: Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1 на оваа тендерска документација кои се издадени и по
крајниот рок за поднесување на понудите.

5.6 Критериум за избор на најповолна понуда


5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
5.6.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.

5.7 Евалуацијата на понудите


5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на
понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да
побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното
појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката
документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.

5.8 Заштита на податоци


5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана
информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи
ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни
или за класифицирани.

16
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите
на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и
другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.

5.9 Исправка на аритметички грешки


5.9.1 Кога има несовпаѓање меѓу вкупниот збир на единечните цени на деловите и износот кој е даден како вкупна цена, тогаш преовладува збирот на единечните цени, а
вкупната цена треба да биде соодветно исправена.
5.9.2 Доколку постои несовпаѓање помеѓу единечните цени и вкупната цена која е добиена со единечните цени помножени со дадените количини, тогаш преовладува
единечната цена и вкупната цена ќе се исправи, освен ако според мислењето на договорниот орган постои очигледно несовпаѓање на децималите во однос на единечната
цена, а во тој случај единечните цени треба да бидат исправени соодветно на вкупната цена.
5.9.3 Кога постои целосно несовпаѓање меѓу вкупната цена и збирот на поединечните цени, тогаш преовладува збирот на единечните цени, а вкупната цена треба соодветно
да биде исправена.
5.9.4 Во случај на несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, освен ако напишаниот износ со зборови произлегува од
аритметичка грешка, а во тој случај, треба да се постапи соодветно на горенаведените точки 5.9.1 и 5.9.2.
5.9.5 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во
овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.

5.10 Поништување на постапката


5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин,
или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со
престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.

6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА

17
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот
определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во
рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот
орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.

6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка


6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната
спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори
што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние
документи што се означени како деловна тајна.

6.3 Склучување на договорот


6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не
подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.

6.4 Извршување на договорот


6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната
најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува
облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка .

6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност


6.5.1 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба може да се измени без спроведување нова постапка за јавна набавка во случаите наведени во член 119 од ЗЈН.

7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА

7.1 Право на жалба


18
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета
од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на
договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на
тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за
поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот
правен основ.

7.2 Завршување на постапката за јавна набавка


7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.3 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе
се вратат на понудувачите.

Tехнички спецификации

19
ОПШТИНА
Бр. Возило Регистарска таблица KW/cm3
1 Пежо 508 – (дизел) BT-5434-AC /
2 Цитроен Ц-5 - (бензин) BT -001-DH /
3 Цитроен Ц-4 - (бензин) BT -010-DR /
4 Цитроен Ц-4 - (бензин) BT -011-DR /
5 Цитроен Ц-3 - (бензин) BT -002-DH /
6 Дачија Сандеро - (дизел) BT -5475-AC /
7 Дачија Сандеро - (дизел) BT-6043-АС /
8 Калос - (бензин) BT -223-CZ /
9 Цитроен Џампер – (дизел) BT-2290-АF /
ТППЕ

10 Фап (дизел) BT-468-CD /


11 Мерцедес (дизел) BT-807-CC /
12 Там (дизел) BT-2124-АC /
13 Мерцедес (дизел) BT-476-DB /
14 Сканија (дизел) BT-357-DB /
15 Даф (дизел) BT-7531-AB /
16 Бремач (дизел) BT-7532-АB /
17 Рено (дизел) BT-7397-AB /
18 Ивеко (дизел) BT-7046-AЕ /
19 Рено (дизел) BT-6901-AF /
20 Рено (дизел) 20 BT-6902-AF /
21 Нисан (дизел) BT-6903-AF
ПРИЛОЗИ:
Обрасци кои ќе се користат за време на реализација на рамковната спогодба согласно условите утврдени во тендерската документација и описот во техничките
спецификации:
- Образец 1 – ПРИЈАВА за контрола - настанат дефект
- Образец 2 – ИЗВЕШТАЈ за извршена дијагностика со предлог пресметка
- Образец 3 – СОГЛАСНОСТ

21
22
23
24
25
26
Прилог 1 – Образец на понуда

[меморандум на понудувачот]

Врз основа на огласот број __________, објавен од страна на Општина Битола, за јавна набавка на услуги за

„ПОПРАВКА И ОДРЖУВАЊЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА И ТППЕ“


со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:

ПОНУДА

Дел I – Информации за понудувачот

I.1. Име на понудувачот: _________________________________________________


I.2. Контакт информации
 Адреса: _________________________________________________________
 Телефон: ________________________________________________________
 Факс: ___________________________________________________________
 Е-пошта: ________________________________________________________
 Лице за контакт: __________________________________________________
I.3. Одговорно лице: _____________________________________________________
I.4. Даночен број: _______________________________________________________
I.5. Матичен број: _______________________________________________________

Дел II – Техничка понуда

II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги:

27
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на извршување на услугата утврдени во тендерската документација.

ОПШТИНА
Бр. Возила-Општина Битола Регистарска таблица KW/cm3
1 Пежо 508 – (дизел) BT-5434-AC /
2 Цитроен Ц-5 - (бензин) BT -001-DH /
3 Цитроен Ц-4 - (бензин) BT -010-DR /
4 Цитроен Ц-4 - (бензин) BT -011-DR /
5 Цитроен Ц-3 - (бензин) BT -002-DH /
6 Дачија Сандеро - (дизел) BT -5475-AC /
7 Дачија Сандеро - (дизел) BT-6043-АС /
8 Калос - (бензин) BT -223-CZ /
9 Цитроен Џампер – (дизел) BT-2290-АF /
Возила-ТППЕ

10 Фап (дизел) BT-468-CD /


11 Мерцедес (дизел) BT-807-CC /
12 Там (дизел) BT-2124-АC /
13 Мерцедес (дизел) BT-476-DB /
14 Сканија (дизел) BT-357-DB /
15 Даф (дизел) BT-7531-AB /
16 Бремач (дизел) BT-7532-АB /
17 Рено (дизел) 28 BT-7397-AB /
18 Ивеко (дизел) BT-7046-AЕ /
19 Рено (дизел) BT-6901-AF /
20 Рено (дизел) BT-6902-AF /
21 Нисан (дизел) BT-6903-AF
ЛОКАЦИЈА/ОБЈЕКТ --------------------------- *

Листа на цени за
Дел 1- Поправка и сервисирање на патнички моторни возила со набавка на резервни делови

Вкупна
цена без
Единечна цена без ДДВ по марка и тип на возило ДДВ ДДВ
Pegueot Dacia Citroen Citroen Citroen Chevrolet Цитроен
РБ Опис 508 Sandero C5 C4 C3 Kalos Џампер
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ – нови,
1 оригинални или еквиваленти
1.1 Акумулатор
1.2 Алтернатор
1.3 Каиш за алтернатор
1.7 Каишница (шајбна) за алтернатор XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.8 Анласер
1.9 Бендекс за анласер
1.10 Четкици за анласер
1.11 Реглер
1.12 Замаец XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.13 Бобина XXXXX XXXXX
1.14 Клапна
1.15 Осигурач 20А
1.16 свеќици XXXXX XXXXX
1.17 Кабли за свеќици XXXXX XXXXX
1.18 Лагер затегач

29
1.19 Ребраст ремен XXXXX
1.20 Клинест ремен XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.21 Канален (линиски) ремен XXXXX
1.22 Ланец XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.23 Лизгач ланец XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.24 Подизач
1.25 Држач за мотор
1.26 Греач за мотор XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.27 Долен капак од мотор (картер) XXXXX
1.28 Дихтунг за картер
1.29 Дихтунг за глава
1.30 Дихтунг за поклопец за мотор
1.31 Семеринг
1.32 Семеринг на брегаста осовина
1.33 Семеринг на радилица
1.34 Раменица на радилица
1.35 Лагер на радилица
1.36 Држач за менувач
1.37 Автомат за рикверц
1.38 Сет ламела
1.39 Сет карики
1.40 Сет клипови
1.41 Сет клипњачи
1.42 Лагер на клипњача
1.43 Гумици на вентили
1.44 Друг лагер
1.45 Туљак на друг лагер
1.46 Виљушка на друг лагер XXXXX
1.47 Летва за волан
1.48 Кратка воланска спона
1.49 Лагер на глава на волан
1.50 Серво пумпа за волан
1.51 Баланс штангла
1.52 Полуосовина (лева, десна)
30
1.53 Семеринг на полуосовина
1.54 Лагер за полуосовина XXXXX
1.55 Рамо (лево, десно) XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.56 Виљушка (лева, десна)
1.57 Јабучица кратка
1.58 Јабучица долга
1.59 Зглоб
1.60 Манжетна за хомокинетички зглоб
1.61 Чаура од главчиња
1.62 Стабилизатор
1.63 Буфер
1.64 Клема
1.65 Лагер за тркало (преден, заден)
1.66 Преден амортизер
1.67 Заден амортизер
1.68 Преден диск
1.69 Заден диск XXXXX XXXXX
1.70 Добош XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.71 Предни диск плочки
1.72 Задни диск плочки
1.73 Цилиндер за кочници
1.74 Пумпа за кочници
1.75 Предно црево за кочници
1.76 Сајла за рачна кочница
1.77 Сајла за хауба
1.78 Сајла за гас XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.79 Сајла за квачило XXXXX XXXXX
1.80 Ауспух
1.81 Држач за ауспух
1.82 Панцир црево за ауспух
1.83 Средна цевка за ауспух
1.84 Заден лонец за ауспух
1.85 Сензор за ниво на гориво XXXXX
1.86 Резервоар за гориво
31
1.87 Капаче за резервоар за гориво
1.88 Црево за гориво
1.89 Црево за вода
1.90 Црево за усна грана
1.91 Филтер за гориво
1.92 Филтер за масло
1.93 Филтер за воздух
1.94 Филтер за полен XXXXX
1.95 Ладилник
1.96 Перка за ладилник
1.97 Отпорник со моторче за ладилник
1.98 Водна пумпа
1.99 Раменица на водна пумпа
1.100 Маслена пумпа
1.101 Термостат
1.102 Термо прекинувач
1.103 Прекинувач за парно
1.104 Моторче за парно
1.105 Моторче за прскалица
1.106 Моторче за предни бришачи XXXXX
1.107 Ракета за бришачи
1.108 Бришачи
1.109 Реле за светло XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.110 Реле за трепкачи (модул)
1.111 Прекинувач за четири трепкачи
1.112 Ракета за светло и трепкачи
1.113 Модул за средно светло
1.114 Преден фар (лев, десен)
1.115 Странични трепкачи
1.116 Заден штоп
1.117 Штоп светло
1.118 Сијалица за фар
1.119 Сијалица ксенон XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
1.120 Сијалица халогенка XXXXX XXXXX
32
1.121 Сијалица 21w/12v XXXXX XXXXX
1.122 Сијалица 5w/12v
1.123 Сијалица убодна 3 и 5w/12v
1.124 Брава
1.125 Контакт брава
1.126 Централна брава
1.127 Модул за бош брава
1.128 Моторче за подигање стакло
1.129 Странично стакло
1.130 Предно стакло (шофершајбна)
1.131 Ретровизор (лев, десен)
1.132 Бандаж челичен
1.133 Бандаж алуминиумски
1.134 Шипка за масло
1.135 Патосници
1.136 Навлаки
2 TEЧНОСТИ И МАСЛА
2.1 Моторно масло 1 литар
2.2 масло за менувач 1л
2.3 антифриз 1л
2.4 фреон 1кг
3 РАБОТНА РАКА
3.1 1 (еден) работен час
ДРУГИ СЕРВИСНИ УСЛУГИ
4 (со вкучен материјал и раб. рака)
4.1 Генерален ремонт на мотор
4.2 Рамнење на глава на мотор
4.3 Егализација на радилица
4.4 Штелување на вентили XXXXX XXXXX XXXXX XXXXX
4.5 Поправка на менувач
4.6 Обработка на добоши
4.7 Поправка на клима
4.8 Чистење на систем за ладење
4.9 Поправка на инсталации на брави
33
4.10 Заварување на издувна грана
4.11 Заварување на цевки
4.12 Компјутерска дијагностика
4.13 Штеловање на предница
ВКУПНА ЦЕНА НА ЛИСТАТА БЕЗ ДДВ:
Изразено:
Со цифри:
Со зборови:

Листа на цени за
Дел 2- Поправка и сервисирање на специјални противпожарни моторни возила со набавка на резервни делови

РБ Опис Единечна цена без ДДВ по марка и тип на возило Вкупна ДДВ
34
цена без
ДДВ
TAM Mercede Renault Iveco Iveco Renault Nisan
190T DAF FAP 15 s LAF 4x4 JP1 Bremac Daily 4x4 pick up
BP6000 65LF 18 RB/36 Scania 911B 28 h 70c16 CCFM 4x4
РЕЗЕРВНИ
ДЕЛОВИ –
нови,
оригинални или
1 еквиваленти
1.1 Филтер за масло
Филтер за
1.2 гориво
1.3 Филтер за воздух XXXXX
1.4 Пумпа за гориво XXXXX XXXXX XXXXX
1.5 Пумпа за масло
XXXX
1.6 АЦ пумпа X
Чашка за АЦ XXXX
1.7 пумпа X
Глицеринска
1.8 пумпа горна
Хидраулична
1.9 пумпа за волан
1.11 Водна пумпа XXXXX
Кардан за водна
1.12 пумпа
Вуфери за водна
1.13 пумпа
1.14 Бош пумпа
Регулатор за бош XXXX
1.15 пумпа X XXXXX XXXXX
Фибер за бош XXXX
1.16 пумпа X XXXXX XXXXX
1.17 Варијатор за бош XXXX XXXXX XXXXX
35
пумпа X
Елементи за бош XXXX
1.18 пумпа X XXXXX XXXXX
Автомат за
1.20 анласер
1.21 Ротор за анласер
Стратор за
1.22 анласер
Пискни за
1.23 анласер
Запчаник за
1.24 анласер
Четкици за
1.25 анласер
1.26 Алтернатор
Реглер за
1.27 алтернатор
Ротор за
1.28 алтернатор
Стратор за
1.29 алтернатор
Четкици за
1.30 алтернатор
Акумулатор
1.40 12х135
Акумулатор
1.41 12х180
1.43 Бришачи
Мотор за
бришачи со
1.44 механизам
Дихтунг на
1.45 декла
Дихтунг на
усисно издувна
1.47 грана
36
Дихтунг за
1.48 поклопец
1.49 Декла за мотор
Вентили за глава
1.50 (комплет)
1.51 Воѓици за глава
1.52 Дизна
1.53 Греач за мотор
1.54 Компресор
Глава за
1.55 компресор
Вентил за глава
1.56 за компресор
Сет гумици за
1.57 компресор
Турбо-
компресор на
1.58 мотор
Вентил
1.60 четворокружен
1.61 Радилица
Семеринг на
1.62 радилица
Лагер за
1.63 радилица
1.64 Клип за мотор
Карики за
клипови
1.65 (гарнитура)
1.66 Клипњача
1.67 Хилзна за мотор
1.68 Држач за мотор
1.69 Картер за мотор

37
Дихтунг на
1.70 картер
1.71 Диференцијал
Лагер за
1.72 диференцијал
Семеринг за
1.73 диференцијал
1.78 Клинест ремен
Лагер затегач на
1.79 клинест ремен
Гумици за
1.80 баланштанга
1.81 Брегаста осовина
Семеринг на
1.82 брегаста осовина
1.83 Лагер за осовина
1.88 Ладник XXXXXX
Поколопец за
1.89 ладник
1.90 Перка за ладник XXXXXX
1.91 Црева за ладник XXXXXX
1.92 Ладник за парно XXXXXX
XXXXX
1.93 Сад за течност XXXXXX X
1.94 Црево за течност XXXXXX
1.95 Добош преден
1.96 Добош заден
1.97 Гуртни предни
1.98 Гуртни задни
Цилиндер за
1.99 глицерин
Амортизери
1.100 предни
38
Амортизери
1.101 задни
1.102 Федер платна
1.103 Федер комплет
Лагер на предно
1.104 тркало
Лагер на задно
1.105 тркало
Јабучица (лева,
1.106 десна)
1.107 Реле
1.109 Осигурувачи
1.112 Централна спона
1.116 Спона од волан
XXXX XXXXX
1.119 Сајла за гас XX X
Автомат за
1.120 трепкачи
Автомат за
1.121 масло
Ретровизор (лев,
1.122 десен)
Пумпа за
1.126 кочници
Црева за
кочници
1.128 (комплет)
Цилиндри за
кочници
1.129 (предни, задни)
Петти цилиндар
1.130 за кочница
1.131 Менувач
1.132 Полуосовина XXXX XXXX XXXXX

39
предна XX XX X
Полуосовина
1.133 задна
1.134 Ламела
1.135 Потисна плоча
Пумпа за
кумплуг
1.136 кабинска
Пумпа за XXXX
1.137 кумплуг долна XX
1.138 Сет за кумплуг
1.139 Друк лагер
1.140 Замаец
Запчаник за
1.141 замаец
1.142 Кардан
1.143 Крстач на кардан
Фланша за
1.144 кардан
XXXX XXXXX XXXX
1.145 Редуктор XXXXXX XX X XX
Склопка за XXXX XXXXX XXXXX
1.157 палење XX X X
Ракета за
трепкачи, светла
1.158 и брисачи
Трепкач преден
1.159 (лев, десен)
Фар преден (лев,
1.160 десен)
Задно штоп
светло (лево,
1.161 десно)
1.162 Габаритни

40
светла
1.163 Сијалица 5 W
1.164 Сијалица 12 W
1.165 Сијалица 21 W
Сијалица 12/24
1.166 V
Шофершајбна
1.167 (предна)
Странично
1.168 стакло
Противпожарна
пумпа за висок
1.169 притисок
Противпожарна
1.170 сирена
1.171 Ротација плава
Ротација плава -
1.172 ЛЕД
Витло за брза
1.173 интервенција
Електромотор за
1.174 витло
РАБОТНА
2 РАКА
1 (еден) работен
2.1 час
ДРУГИ
СЕРВИСНИ
УСЛУГИ
(со вкучен
материјал и
3 раб. рака)
Генерален
3.1 ремонт на мотор
3.2 Репарација на

41
дизни
Штелување на
3.3 вентили
Штелување на
3.4 бош пумпа
Поправка на
3.5 менувач
Поправка на
шалтер со XXXX XXXXX
3.6 штелување XX X
Поправка на XXXX XXXXX XXXX
3.7 редуктор XX X XX
Поправка на
3.8 диференцијал
Поправка на
електрична
3.9 инсталација
Поправка на
воздушна
3.10 инсталација
Поправка на
3.11 ротација
Прочистување
на инсталација
3.12 за гориво
Прочистување
на резервоар за
3.13 гориво
Прочистување
на ладник без
3.14 вадење
Заварување на
3.15 издувна грана
Заварување на
3.16 цевки
3.17 Подмачкување

42
ВКУПНА ЦЕНА НА ЛИСТАТА БЕЗ ДДВ:
Изразено:
Со цифри:
Со зборови:

УСЛУГАТА КЕ СЕ ИЗВРШУВА НА СЛЕДНАТА ЛОКАЦИЈА/ОБЈЕКТ --------------------------- *

Дел III – Финансиска понуда

III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:

Дел Вкупна цена без ДДВ за дел за кој учествува Само ДДВ за делот за кој учествува Вкупна цена за делот за кој
што учествува со вклучено
ДДВ
1.
2.

III.2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:

43
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.

III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.

Место и датум Одговорно лице

___________________________ ___________________________
(потпис)*

* ПОПОЛНУВА ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР

** Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

44
45
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата

И З Ј А В А

Понудувачот __________________________________________ [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на


______________________ која се спроведува по оглас за јавна набавка број ___________ објавен од страна на ______________________, врз основа на член 101 став 4 од
Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:

 нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
 понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
 е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став
7 од Законот за јавните набавки.

Во име и за сметка на понудувaчот ______________________________

Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*_______________________________

(потпис)

Место и датум ______________________________

46
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави
овластувањето

** Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

47
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста

ИЗЈАВА

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за _____________________________________________________________ [се наведува назив на
економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во
тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на услуги за поправка и одржување моторни возила во сопственост на Општина Битола
и ТППЕ која се спроведува по оглас бр. __________ [се наведува бројот на огласот] објавен од страна на Општина Битола.

Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на
договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.

Место и датум Одговорно лице


___________________________ ___________________________
(потпис)***

48
*** Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

49
Прилог 4 – Изјава за резервни делови

ИЗЈАВА
Под целосна материјална и кривична одговорност, изјавувам дека доколку на понудувачот _____________________________________________________________
[се наведува назив на економскиот оператор] му биде доделен договорот за јавна набавка на услуги за поправка и одржување моторни возила во сопственост на Општина
Битола и ТППЕ, по огласот за јавна набавка бр. ________, објавен од Општина Битола, резервните делови кои што ќе бидат вградувани при поправките и
одржувањето на возилата ќе бидат нови, оригинални или нивни еквиваленти.

Место и датум Одговорно лице


___________________________ ___________________________
(потпис)****

**** Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

50
Прилог 5 – Модел на рамковна спогодба

РАМКОВНА СПОГОДБА

Склучена во Битола, на ден __________ година, помеѓу следните

I. ДОГОВОРНИ СТРАНИ

1. ОПШТИНА БИТОЛА, „Булевар 1-ви Мај“ бр.61, застапувана од Градоначалникот Тони Коњановски (во понатамошниот текст ,,Договорен орган’’) од една страна, и

2. __________________________________, со седиште во ___________ на ул. __________________________, преставувано и застапувано од одговорното лице


______________ (во понатамошниот текст „Носителот на набавката“) од друга страна.

II. ПРЕДМЕТ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА

Член 1
(1) Предмет на оваа рамковна спогодба е:
Дел 1 - Поправка и одржување на патнички моторни возила со набавка на резервни делови
Дел 2 - Поправка и одржување на специјални противпожарни моторни возила со набавка на резервни делови
(2) Поправките и одржувањето на моторните возила опфаќаат и замена на потрошни и резервни делови и материјали.
(3) Составен дел на оваа рамковна спогодба се листите на цени за резервните делови и за услугите за поправка и одржување на моторните возила од списокот на моторни
возила, кој е исто така составен дел на оваа рамковна спогодба, а во кој се дадени податоци за марката и типот на возилото, годината на производство, силата и работната
зафатнина на моторот, бројот на моторот и шасијата.

III. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА

Член 2
(1) Рамковната спогодба се склучува за период од една година сметано од денот на потпишувањето од двете договорни страни или до целосно реализирање на вкупната
вредност на ракмковната спогодба предвиден во член 4 од оваа рамковна спогодба.
(2) Услугите за поправка и одржување на моторните возила предмет на оваа рамковна спогодба ќе се врши сукцесивно според потребите на Договорниот орган.

IV. ВРЕДНОСТ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА

51
Член 3
Вкупната вредност на оваа рамковна спогодба, со вклучен ДДВ, изнесува:
Дел 1 - Поправка и одржување на патнички моторни возила со набавка на резервни делови .
Дел 2 - Поправка и одржување на специјални противпожарни моторни возила со набавка на резервни делови .
Член 4
(1) Услугите за поправка и одржување на моторните возила предмет на рамковната спогодба ќе се вршат сукцесивно, според потребите на Договорниот орган, максимум до
вкупната вредност утврдена во член 4 од оваа рамковна спогодба.
(2) Количеството и видот на резервните делови кои ќе треба да се набават Договорниот орган ќе ги одреди со спецификација за видот и количината според дадената
понуда.

V. ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ
Член 5
(1) Единечните цени за резервните делови, работната рака и сервисните услуги се утврдени во листите на цени за поправка и одржување на возилата, прилог кон оваа
рамковна спогодба.
(2) Еднинечните цени се крајни, фиксни и непроменливи и во нив се вкалкулирани сите трошоци што Носителот на набавката треба да ги направи за да ја изврши услугата.
Носителот на набавката се обврзува дека ќе се придржува на цените на услугите дадени во понудата до Договорниот орган, односно дека ќе ги почитува погодностите
дадени во понудата.

Член 6
(1) Цената на резервниот или потрошниот дел кој не е предвиден во листите на цени кои се составен дел на оваа рамковна спогодба, ќе се фактурира според набавната цена
на резервниот или потрошниот дел со максимум 5% маржа на набавната цена и данок на додадена вредност.
(2) Во случајот од ставот 1 на овој член, Носителот на набавката е должен со предлог-пресметката да достави про-фактура или од него потпишана изјава за износот на
набавната цена на делот кој треба да го набави, а доколку делот го има на залиха, тогаш да достави копија од фактурата за набавка на делот заверена со „Верно на
оригиналот“.

VI. РОК НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Член 7
Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата што е предмет на спогодбата во рок не подолг од 1 (еден) работен ден за поедноставни поправки (замена на
гуртни, плочки и друг потрошен материјал), односно 5 (пет) работни денови за покомплексни поправки (ремонт и сл.) од денот на доставување на возилото, односно
потпишување на записникот за прием на возилото.

Член 8
(1) Во случај на доцнење со извршувањето на услугата Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали.
52
(2) Ако Носителот на набавката не ја извршува услугата во договорениот рок или во одобрениот продолжен рок, должен е да му плати на Договорниот орган договорена
казна во висина од 2 промила од вкупната вредност за секој ден доцнење но не повеќе од 5% од вкупната договорена вредност.
(3) Ако до продолжување на рокот дошло поради неисполнување или неблаговремено и нецелосно исполнување на обврските од страна на корисникот или поради
продолжување на рокот во согласност со странките, виша сила или мерка на надлежниот орган, нема да се засметува договорената казна.

VII. НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Член 9
(1) Доколку Договорниот орган, односно претставникот на Договорниот орган - корисникот на возилото има потреба од поправка или интервенција на одредено возило,
задолжително се обраќа до Носителот на набавката (писмено, телефонски или преку електронска пошта, во зависност од потребата) со барање да му се издаде предлог-
пресметка (понуда/про-фактура) за истата.
(2) За вообичаените интервенции корисникот на возилото може да се обрати до сервисната работилница на Носителот на набавката за добивање на предлог-пресметка
(понуда/про-фактура) и без да го однесе возилото до сервисната работилница (телефонски или на друг начин).

Член 10
(1) Носителот на набавката е должен на барање на Договорниот орган да издаде предлог-пресметка (понуда/про-фактура) за одредена поправка или интервенција на возило.
(2) Носителот на набавкатата во предлог-пресметката задолжително наведува:
- опис на услугата што треба да се изврши со единечни цени за услугата и за резервните и потрошните делови согласно со листите на цени дадени во прилог кон
оваа спогодба и со максимум 5% маржа од набавната цена при вградување на резервни и потрошни делови кои не се предвидени во листите на цени;
- име и презиме на корисникот на возилото кој побарал предлог-пресметка;
- потребни работни часови и рок во кој ќе се изврши конкретната услуга сметано од денот на донесување на возилото во сервисната работилница.
(3) Утврдувањето на потребните работни часови и рокот за извршување на конкретна услуга Носителот на набавкатата е должен да го направи врз основа на реална
проценка за времето потребно да се изврши услугата.
(4) Доколку се врши замена на неколку делови одеднаш се признава само еден износ за работна рака.

Член 11
(1) Договорниот орган ја разгледува предлог-пресметката, проверува дали истата е во согласност со оваа спогодба и врз основа на процена за оправданоста за извршување
на услугата дава писмено одобрение на Носителот на набавката.
(2) Носителот на набавката ќе пристапи кон извршување на услугата само по добивање на писмено одобрение од Договорниот орган.
(3) Писменото одобрение од Договорниот орган го издава овластеното лице.

Член 12
(1) Во итни случаи, Договорниот орган може да му даде на Носителот на набавката усно одобрение за извршување на услугата.

53
(2) Носителот на набавката е должен да пристапи кон извршување на услугата за која е дадено усно одобрение и тоа го констатира во работниот налог со наведување на
лицето што го дало усното одобрение.
(3) Договорниот орган е должен по даденото усно одобрение да достави и писмено одобрение до Носителот на набавкатата.
(4) За лицата кои можат да дадат усно одобрение во итни случаи Договорниот орган ќе го извести Носителот на набавката по потпишувањето на оваа рамковна спогодба.

Член 13
(1) Носителот на набавката откако ќе добие одобрение пристапува кон извршување на услугата за која издал предлог-пресметката.
(2) Доколку во текот на извршувањето на одобрената услуга Носителот на набавката утврди дека е потребна дополнителна интервенција, тој е должен да направи
дополнување на предлог-пресметката и истата да ја достави на одобрување до Договорниот орган, а по добиеното одобрение да ја изврши дополнителната услуга.
(3) Носителот на набавката е должен по добиеното одобрение, при приемот на возилото да потпише записиник за прием на возилото со тоа што рокот за извршување на
услугата утвреден во член 7 од оваа рамковна спогодба почнува да тече од тој момент.

Член 14
Носителот на набавкатата е должен да изврши прием на возилото за поправка во секое време без одлагање, односно на возилата на Договорниот орган да им даде
приоритет пред другите поединечни корисници на услуги затекнати во сервисната работилница на Носителот на набавката.

VIII. НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Член 15
(1) Договорен орган се обврзува плаќањето кон Носителот на набавката да го врши вирмански на жиро сметка на Носителот на набавката во рок од 60 (шеесет) дена од
доставувањето на фактура за извршената услуга, во архивата на Договорниот орган, која треба да биде потпишана со цело име и презиме од лицето што го презема
возилото од страна на Договорниот орган и претставник на Носителот на набавката кој го предава возилото.
(2) Доколку фактурата отстапува од одобрената предлог-пресметка или кон неа не е приложен работниот налог или не е соодветно потпишана, фактурата нема да биде
платена и ќе биде вратена на Носителот на набавката заради докомплетирање или доставување на исправна фактура.

IX. ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРА

Член 16
(1) При изготвувањето на фактурата, Носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи:
• назив на Договорниот орган, место, седиште, даночен број;
• број и датум на Договорот;
• количини со опис на услугата;
• единечни договорни цени на секој од елементите;
• вкупни цени по елементи;
54
• вкупна цена на фактурата;
• други зголемувања и намалувања, согласно со договорните услови (камати, пенали);
• пресметка за ДДВ;
• вкупна цена за исплата по фактура;
• валута на плаќање.
(2) Секоја доставена фактура по исцрпувањето на определените средства од рамковната спогодба нема да биде прифатена од страна на Договорниот орган.

X. ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА

Член 17
(1) Носителот на набавката се обврзува дека услугите што се предмет на оваа рамковна спогодба ќе ги врши редовно, навремено и квалитетно, согласно со пропишаните
стандарди.
(2) Носителот на набавката се обврзува дека при поправките и одржувањето на возилата, резервните делови кои што ќе ги вградува во нив ќе бидат нови, оригинални или
нивни еквиваленти.

Член 19
(1) Носителот на набавката е должен во рок од 10 дена од денот на склучувањето на оваа рамковна спогодба да издаде сервисни книшки за сите возила од списокот во
прилог на оваа рамковна спогодба и истите да ги достави до Договорниот орган.
(2) Носителот на набавката се обврзува секоја извршена интервенција на дадено возило да ја евидентира во сервисната книшка за возилото на Договорниот орган.

Член 20
(1) Носителот на набавката се обврзува за секое возило на Договорниот орган да води компјутерска евиденција за извршените интервенции, а на барање на Договорниот
орган да му отпечати примерок од евиденцијата.
(2) Евиденцијата треба да ги содржи најмалку следниве податоци: регистерски број на возилото, марка и тип, датум на извршена интервенција, вид на извршена
интервенција со опис на заменетите потрошни материјали и резервни делови и состојбата на километражата.

Член 21
(1) Носителот на набавката се обврзува дека за секоја извршена интервенција ќе издава работен налог, кој треба да биде потпишан со цело име и презиме од лицето што го
презема возилото од страна на Договорниот орган и претставник на Носителот на набавкатата кој го предава возилото.
(2) Работниот налог задолжително треба да ги содржи следниве податоци: марката и типот, регистерскиот број и состојбата на бројчаникот за изминати километри на
возилото и видот на интервенции, заменетите резервни и потрошни делови со количини.

Член 22
Носителот на набавката е материјално одговорен за возилата кои ги презема од Договорниот орган.
55
Член 23
(1) Носителот на набавката во случај на неквалитетно извршени услуги на возилата на договорниот орган, одговара за евентуалните штети.
(2) Носителот на набавката е одговорен за евентуалните злоупотреби од страна на персоналот во сервисната работилница на Носителот на набавкатата

XI. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН

Член 24
(1) Договорниот орган е должен да ги исполни обврските за плаќања предвидени со одредбите на оваа рамковна спогодба.
(2) Договорниот орган се обврзува дека сите свои возила кои се предмет на оваа постапка ќе ги поправа и одржува во сервисната работилница на Носителот на набавката.

XII. ГАРАНТЕН ПЕРИОД


Член 25
(1) За вградените нови делови важи гаранцијата од производителот, а за извршените услуги важи гаранцијата од Носителот на набавката, при што гарантниот период
изнесува минимум 6 (шест) месеци и истиот започнува да тече од денот на вградувањето на делот, односно од денот на извршувањето на услугата.
(2) За вградените нови акумулатори Носителот на набавката е должен да обезбеди гарантни листови од производителот.

Член 26
Носителот на набавката се обврзува дека во гарантниот период ќе ги отстрани сите грешки и технички недостатоци на вградениот дел и извршената услуга на сопствен
трошок кои с или делот ќе го замени со нов во рок од 15 дена од денот на пријавување на недостатокот.

XIII. ОДРЖУВАЊЕ
Член 27
Во гарантниот период за резервните делови без надоместок се врши корективно одржување на возилата со сервисни услуги.

Член 28
(1) Поправката на дефектите ќе се врши во сервисната работилница на Носителот на набавката.
(2) Евентуално заменетите делови стануваат сопственост на Носителот на набавката.

XIV. ПОДИЗВЕДУВАЊЕ (само доколку дел од рамковната спогодба за јавна набавка се доделува на подизведувач/и)
Член 29
Носителот на набавката може, за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од договорот за јавна набавка кој претходно го отстапил на подизведувачи,

56
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на договорот за јавна набавка без вклучен ДДВ, без
оглед дали претходно отстапил дел од договорот на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од договорот за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.

Член 30
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува следните податоци и документи:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи,
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи,
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.

Член 31
(1) Договорниот орган не смее да го одобри барањето на Носителот на набавката:
-
во случаите од член 29 алинеи 1 и 2, доколку Носителот на набавкатата во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го
менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- во случаите од член 29 алинеја 3, ако Носителот на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата
способност, а самиот давател на услуги не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
(2) Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото
изведување или завршување на работите.
(3) За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавкатата во рок од 10 (десет) дена од денот на приемот на барањето.

Член 32
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавкатата доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно
со условите од законот за јавни набавки, при што:
- Подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавкатата ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавкатата, во прилог на неговата фактура или времена ситуација, ги приложува фактурите или времените ситуации на подизведувачот кои
претходно ги одобрил.

Член 33

57
Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, Договорниот орган бара од Носителот на набавкатата да му достави писмена изјава од подизведувачот,
дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, обезбедените услуги или изведените работи, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на
Договорниот орган на Носителот на набавкатата.

XV. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН


Член 34
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од оваа рамковна спогодба, ќе се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија.

XVI. ВИША СИЛА


Член 35
(1) Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на оваа рамковна спогодба до кое би дошло заради Виша сила.
(2) Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата
сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
(3) По отстранување на Вишата сила ракмовната спогодба може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.

XVII. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 36
(1) Договорните страни се должни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од оваа рамковна спогодба.
(2) Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и надомест на
штетата што ја претрпела поради тоа.
(3) За штетата поради задоцнување со исполнувањето одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок за исполнување.
(4)Договорната страна одговара и за делумната или целосната невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во
задоцнување за кое одговара.
(5) Договорната страна се ослободува од одговорноста за штета ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаднало и кога таа својата обврска би ја
исполнил на време.

Член 37
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штета ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила со исполнувањето на
обврската поради околности настанати по склучувањето на рамковната спогодба кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.

Член 38
(1) Со договор може да се прошири одговорноста на договорната страна и врз случај за кој таа инаку не одговара.
(2) Исполнувањето на ваквата договорена одредба не може да се бара ако тоа би било во спротивност со начелото на совесност и чесност.

58
Член 39
(1) Одговорноста на договорната страна за намерата или крајното невнимание не може однапред со договор да се исклучи.
(1) Судот може, по барање на заинтересираната договорна страна, да ја поништи и договорната одредба за исклучување на одговорноста за обично невнимание, ако таквата
спогодба произлегла од монополската положба на договорната страна или воопшто од нерамноправниот однос на договорните страни.

Член 40
(1) Договорната страна има право на надомест на обичната штета и испуштената корист, кои другата договорна страна морала да ги предвиди во време на склучувањето на
рамковната спогодба како можни последици од повреда на спогодбата, со оглед на фактите што тогаш и биле познати или морале да и бидат познати.
(2) Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неисполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна
надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на што другата договорна страна не знаела за посебните околности поради кои
настанале тие.
(3) Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води
сметка во разумна мера.
(4) Страната што се повикува на повреда на спогодбата е должна да ги преземе сите разумни мерки за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата
страна може да бара намалување на надоместок.

Член 41
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата
страна поради тоа што не била известена на време.

XVIII. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ


Член 42
Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

XIX. УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Член 43
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во
секој случај има право на надомест на штета.

Член 44
(1) Кога една од договорните страни нема ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, ќе и остави примерен дополнителен рок од 10 работни
дена за исполнување на обврската.

59
(2) Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна, може
да ја раскине рамковната спогодба.

Член 45
Договорниот орган може да ја раскине рамковната спогодба и без да му остави на Носителот на набавката, дополнителен рок за исполнување ако од неговото однесување
произлегува дека тој нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.

Член 46
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од рамковната спогодба, другата
страна може да ја раскине спогодбата и да бара надомест на штетата.

Член 47
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски ја раскинува рамковната спогодба, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без
одлагање.

Член 48
Рамковната спогодба не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.

Член 49
(1) Со раскинувањето на рамковната спогодба двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета.
(2) Ако една страна го извршила договорот целосно или делумно има право да и се врати она што го дала.
(3) Ако двете страни имаат право да бараат враќање на даденото, заемните враќања се вршат според правилата за извршувањето на двостраните договори.
(4) Секоја страна и должи на другата надомест за користа што во меѓувреме ја имала од она што е должна да го врати, односно да го надомести.
(5) Страната што враќа пари е должна да плати затезна камата од денот кога ја примила исплатата.

Член 50
(1) Ако по склучувањето на рамковната спогодба настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не
може да се оствари целта на спогодбата, во таа мера што е очигледно дека спогодбата повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото
мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таква каква што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради
променетите околности не може да ја оствари целта на спогодбата може да бара спогодбата да се раскине.
(2) Раскинување на спогодбата не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на спогодбата да ги земе
предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
(3) Страната која бара раскинување на спогодбата не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на
нејзината обврска.
60
(4) Спогодбата нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од спогодбата да се изменат справедливо.
(5) Ако изрече раскинување на договор судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што барала раскинување да и надомести на другата страна справедлив дел
од штетата што ја трпи поради тоа.

Член 51
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести
другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето
благовремено не и било соопштено на време.

XX. ИЗВРШУВАЊЕ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА

Член 52
Договорните страни ја извршуваат рамковната спогодба за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.

Член 53
(1) Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на рамковната спогодба е во согласност со условите од спогодбата.
(2) При извршувањето на спогодбата, договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува
облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.

XXI. ИЗМЕНИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА ВО ТЕКОТ НА НЕЈЗИНАТА ВАЖНОСТ

Член 54
Во текот на реализацијата на рамковната спогодба може да дојде до нејзино менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.

XXII. ОПШТИ ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 55
(1) Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од оваа рамковна спогодба само спогодбено.
(2) Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
(3) Одредбите од оваа рамковна спогодба можат да се изменат и/или дополнат со склучување на спогодба за изменување и дополнување на основната спогодба.
(4) Дополнувањата и измените на обваа спогодба се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.

Член 56
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
61
Член 64
Оваа рамковна спогодба е составена од 6 (шест) примероци, од кои 2 (два) за Носителот на набавката и 4 (четири) за Договорниот орган и стапува во сила со денот на
нејзиното склучување.

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

ДОГОВОРЕН ОРГАН: НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА:


ОПШТИНА БИТОЛА

НАПОМЕНА: Моделот на рамковна спогодба е даден заради запознавање со задолжителните одредби од рамковната спогодба која што ќе биде склучена со најповолниот
понудувач; истиот не е елемент на понудата и не треба да се потпишува електронски и да се доставува заедно со понудата. Со поднесувањето на понудата, пондувачот ги
прифаќа сите задолжителни одредби од моделот на рамковна спогодба.

62

You might also like