You are on page 1of 7

Со уникатна фото изложба “Мраз“ Атанас

Нашоку Саку одбележа 55 години


творештво (фотогалерија)
јули 4, 2023

Синоќа во кристална сала на Офицерски дом во Битола свечено беше отворена


изложбата на еден од најдобрите фотографи на Битола, Атанас Нашоку Саку. На
изложбата која од ваков вид за прв пат е поставена во Битола, насловена “Мраз“
присуствуваа голем број битолчани, кои дојдоа на Саку да му го честитаат
големиот јубилеј, 55 години творештво.
На отворањето зборуваа Филип Иванишевиќ, кој преку видео обраќање рече:

-
Објективот на Атанас Нашоку – Саку е вперен во честички од простор – времето.
Овој (механички) поглед не е вперен, туку само прецизен и конкретно спуштен врз
површините на стварноста и така набљудувајќи ги површините на реалноста ја
трансдендерираат и ги прикажуваат надреалистичките својства на фотографијата.
Фотографските слики на кои сме изложени во склоп на изложбата се паридигма за
уметникот и неговиот медиум и нивното место и влијание врз светот. Плодот,
мразот, трагите на времето се оние нешта од кои се сочинети ликовните сентенци.
Атанас Нашоку – Саку ги поместува можностите на фотографијата до крајни
граници, одземајќи и ја на фотографијата површната наративност. Неговите
фотографии не објаснуваат – тие потврдуваат. Ја потврдуваат убавината и
нејзината вечност.

Изложбата ја отвори директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, исто така


преку видео комунакација, која рече дека се радуба што овие прекрасни дела се
поставени во Офицерски дом, а се надева дека тука не завршува соработката со
овој познат битолски фотограф.
Атанас Нашоку – Саку за одбележувањето на овој голем јубиле на отворањето на
изложбата рече:
-Ова е симболично одбележување на мојот работен век во фотографијата која трае
55 години, а секако и дека ќе продолжи. Што се однесува до вечерашната изложба
можам да кажем дека е уникатна и ретко каде да овие простори ќе најдета
фотографии од ваков тип. Изложбата до доби името “Мраз“ поради тоа што сите
фотографии се направени каде основата е фотографијата е мразот. Има многу
вакви фотографии “под мраз“, изборот не го правев јас туку му оставив на мојот
сим Андреј да го наптави тоа и го дизајнира и плакатот и каталогот. Инаку, ова е
последниот циклус на фотографии кои го правам, но тоа не значи не сум
фотографирал портрети, пејсажи, театар… и така стигнав до идеја да го работам
токму ова. Сакам да кажам дека сите млади кои се занимаат со фотографија да
дојдат да ме прашаат се што ги интересира, да им кажам и да им порачам дека сум
отворен за секаква соработка.
За квалитетот на форграфиите зборува и тоа што голем број од присутните го
споредуваа со иметнички слики, па дури и со графики, за што Нашоку само кратко
ни изјави: Тоа значи дека сум ја погодил работата.
Инаку, битолчани го познаваат покрај тоа како одличен фотограф кој ги направил
легендарните црно-бели фотографии кои се оизложени во Народниот театар во
Битола, и како основач на печатницата “АНС“, како и одличен ракометар кој како
вели играл десни крило и голови постигнувал со десна рака.

Текст и фото: С. Ристевски

You might also like