You are on page 1of 68

30 ГОДИНИ

НЕЗАВИСНОСТ
КАТАЛОГ НА НАСТАНИ
ПАСВОРД ПРОДАКШН
ДОО Скопје

КОКИНО: ТВРДИНА НА СОНЦЕТО


17-19.09.2021

Најзначајниот резултат од реализацијата на мултимедијалниот фестивал „Кокино -


Тврдина на Сонцето“ е афирмацијата и прикажувањето на значењето и важноста на
локалитетот Кокино како културно наследство од исклучително значење, што е единствен
таков статус на локалитет во Северна Македонија.

Со овој настан им се овозможи на голем број на граѓани за првпат да го посетат Кокино и


да се уверат во историјата на локалитетот. Тоа овозможува ширење на туристичкиот
потенцијал на Кокино и прекрасниот регион во општината Старо Нагоричане, предел во
државата кој за жал сѐ уште не го исполнува својот туристички потенцијал.
БАГИ КОМУНИКАЦИИ
ДООЕЛ
МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ
„30 ГОДИНИ МУЛТИКУЛТУРА“
03.08 / 15.08 / 03.09 / 06.09 - 2021
Проектoт „30 години мултикултура“ беше музичко патување, со кое уште еднаш се
потврди дека Северна Македонија е ризница на музички таленти, дека музиката
навистина не познава ниту граници, ниту јазици и дека публиката е гладна за вакви
проекти, особено во овие пандемиски времиња. На сите четири концеpти настапија врвни
музички имиња кои преку своето музицирање создадоа врвни уметнички и културни
проекти. Во сите настани беа вклучени артисти од речиси сите националности што ја
отсликува мултикултурноста на нашето општество, но и се надеваме дека ќе поттикне
музички соработки од ваков вид.
Сите концерти беа проследени со голем интерес од посетителите, а одбраните локации
кои се специфични и добро познати како културни добра, совршено се вклопија со
изборот на артистите. Со најдоброто од нашата музичка сцена, достојно придонесовме во
одбележување на значајниот јубилеј 30 години независност.
ИНОВАТИВА ГРУП
ДОО
МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ФЕСТИВАЛ
„ПРЕСПАЛЕНД / PRESPALAND 2021“
10.07 / 11.07 / 31.07 / 02.08 / 14.08 / 17.09

„Преспаленд / Prespaland 2021“ e убавина од проект поради својата разновидност. Од


работилници и спортски активности, преку традиционални, вкусни локални приказни, до
големи и мали музички настапи, филмски и сценски изведби, како и изложбени настани.

Единствениот мултимедијален фестивал некогаш направен во овој регион, преку кој ја


доближуваме историјата, ја милуваме природата и традицијата и ја славиме Преспа и
убавината.
EEMM ГРУП
ДООЕЛ
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ,
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МУЗИЧКА СЦЕНА
20.08.2021 - 22.08.2021

„30 години независна музичка сцена“, покрај ангажирањето на 60-тина музичари и


изведувачи, како и повеќе од 40-тина музички работници во период по 16 месеци пауза,
како најзначаен резултат секако е тоа што е еден од ретките фестивали исклучиво со
македонски артисти од современата музичка сцена и тоа во обемен број, каде што сите
изведувачи соработуваа на заеднички настапи со извонреден ентизујазам.

Концепт кој би требало да постои и понатаму како традиција каде што би се презентирале
новите, а и етаблирани музички таленти од земјата со взаемна соработка во вкрстување
помеѓу старата и современата музика од нашето поднебје, но и од светот.
БОТТЕГА ЕВЕНТИ
ДОО

EXPO.30

16-17.09.2021

EXPO.30 се постави како настан кој ги поврза македонската независна модна сцена со
урбаната музичка ди-џеј сцена и македонските компании кои ја поддржаа оваа
платформа. Македонската мода беше сеопфатно заокружена, а македонските дизајнери
во EXPO.30 препознаа нова платформа каде што ќе можат да се претставуваат во иднина,
со оглед на тоа што ваков тип на сеопфатен, прописен и интердисциплинарен настан
недостасувал веќе подолго време.

Можеби не толку очекувано за организаторите, но EXPO.30 уште од самата најава за


настанот привлече огромен интерес од страна на модната фела, модни креатори и дејци
во ова поле и отвори перспектива за континуитет кон EXPO.31.
КЛС
ДООЕЛ

MУЛТИМЕДИЈАЛЕН ФЕСТИВАЛ „БЛЕСОК“

16-17.09.2021

Мултимедијалниот фестивал „Блесок“ имаше за цел да ги претстави домашните


ликовни, адиовизуелни и музички уметнички дела творени од домашни уметници од сите
етнички групи, кои творат во годините на независноста.
ИНФОМЕДИА СИСТЕМИ
ФИЛИП - ДООЕЛ
БЛАЖЕ КОНЕСКИ -
ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА, ВО ЧЕСТ
НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕЛИКАНОТ

23.08, 19.09, 30.09, 10.11.2021

Проектот „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна“ имаше за цел


повторна промоција на поезијата на Блаже Конески и доближување на неговите
дела до една понова публика овозможувајки слушателите да го доловат неговиот
свет полн со филозофски длабочини и естетски дострели.
ЧИН 4 СЦЕНА 5

ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА 30

21.08 - 05.09.2021

„Цело е кога се има 30“ е тематски фестивал кој се одржа во Прилеп и Крушево.
Проектот беше реализиран со цел да го продолжи негувањето на културните и
традиционалните настани. Посетителите на настанот имаа можност да слушнат
квалитетна музика, да видат одлични перформанси, изложби и претстави, како и да
учествуваат на работилници.
ФРАГМЕНТ КОМУНИКАЦИИ
ДООЕЛ

ГРАДИМЕ КУЛТУРА, СЛИКАМЕ КУЛТУРА

05.09, 10.09, 15.09, 20.09, 27.09, 10.10, 18.10.2021

„Градиме култура, сликаме култура“ е проект во кој се насликаа мурали во 7


градови за 30 години независност - посветени на дејноста и делата на истакнати
домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста,
литературата, музиката, образованието, науката, спортот и други истакнати
личности кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле
во создавањето или зачувувањето на културното наследство. Насликани се
ликовите на на Ѓорѓи Колозов, Кочо Рацин, Богомил Ѓузел и други.
ПРОДУКЦИЈА СТАРЛАЈТ
ДООЕЛ
ЗАЕДНИЧКИ ТЕМЕЛИ
THEMELET Ë PËRBASHKËTA
21.07, 28.07, 04.08, 11.08, 18.08, 25.08.2021

Настанот „Заеднички темели“ придонесе за зголемување на свеста во јавноста за


карактерот на нашата држава како мултиетничка, преку директна промоција на познати
албански дејци од разни области кои придoнеле за развој и промоција на Северна
Македонија во последните 30 години.
СТАРМЕН
ДООЕЛ

30 ГОДИНИ КУЛТУРНА УБАВИНА

27.08, 19.09, 20.09, 21.09.2021

Проектот „30 години културна убавина“ резултираше со значаен резултат и тоа од


повеќе аспекти: беа одбрани артисти коишто не само што оставиле и сѐ уште оставаат
значаен белег на домашната музичка сцена, туку тие паралелно со јубилејот 30 години
независност, самите одбележуваат годинава некаков јубилеј во кариерата.

Изборот на артистите беше направен за од секој можен аспект да бидат задоволени


повеќе работи, меѓу кои и распонот на целните групи на љубителите на музиката, нивната
возраст, пол, музички вкусови и етничка припадност. Истото тоа резултираше со голема
видливост на сите концерти што беа застапени во овој проект од страна на граѓаните на
Република Северна Македонија.

ЛИНКОВИ:
АРТ ПРОЕКТ ЛАБ
ДООЕЛ

ОВАА ЗГРАДА ЗБОРУВА...

27.08, 19.09, 20.09, 21.09.2021

Проектот „Оваа зграда зборува...“ се состоеше од 8 изведби на перформансот „Драга


Републико” и концерт на Мухамед Ибраими во зградата на Централната пошта и имаше за
цел преку длабинско истражување и иновативни уметнички практики да го
реконтекстуализира јавниот простор на оваа зграда со сите нејзини историски,
културолошки и урбанистички наративи и со тоа одново да потсети на нејзиното
подзаборавено симболичко и материјално значење и важност.
РЕВЕРСА
ДООЕЛ

ОХРИД - ГРАД НА СВЕТЛИНАТА

01.09.2021

Изведбата на Лозано во живо од Канео и видео снимките од дрон и cinema камери, во


целост ја прикажаа убавината на Охрид, Канео и звуците на македонската музика.
Проектот „Охрид – град на светлината“ предизвика предизвика голем интерес од
публиката и националните телевизии за прикажување. Овој аудио и видео материјал ќе
остане во ризницата на македонската култура.
ВИЗВОРКС
ДООЕЛ
МАКЕДОНСКИ ЕВЕРГРИНИ
ОБЕЛЕЖЈЕ НА МАКЕДОНСКАТА БЕЗВРЕМЕНОСТ

03.09.2021

Концертот „Македонски евергрини – обележје на македонската безвременост“ се


одржа во рамки на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Северна
Македонија.

Преработка на безвременските македонски шлагери од седумдесетите години, во


изведба на македонската филхармонија заедно со ЗЏМ (Здружение на џез музичари), под
диригентската палка на маестро Џијан Емин и во изведба на нашиот најдобар женски
вокал, Тамара Тодевска.
ЦСС
ДОО
ПРЕДИЗВИЦИ НАТО 2030 НАСПРОТИ
30-ТАТА ГОДИШНИНА НА РСМ
29-31.08.2021

Во рамки на одбележувањето на 30 години од независноста во Охрид се одржа НАТО


конференцијата од висок профил „Предизвици НАТО 2030 наспроти 30-тата
годишнина на Република Северна Македдонија: заканата од тероризам, хакерски
напади, нови и подривачки технологии и влијанието на климатските промени врз
безбедноста”.

Идејата да се создаде настан од овој калибар е произлезена од симболиката на бројот 30:


30-годишнина од самостојноста на Републиката, 30-та земја-членка во
Северно-атлантскиот сојуз и Агендата 2030 на НАТО; а притоа да се оддаде почит преку
мулти културна конференција од висок профил каде ќе прострујат мислењата и
ПЕВАЦ ЛИС
ДООЕЛ

БИЛЕТ ЗА ДОМА

11.08, 18.08. 25.08, 01.09, 08.09, 15.09, 22.09.2021

„Билет за дома“ е серијал од седум настани со пренос во живо на социјални медиуми од


седум автентични локации од Северна Македонија, каде преку актерска монодрамска
изведба ќе се раскажат едукативни приказни и анегдоти, со цел доближување на
македонската традиција, културно-историските локалитети и истакнатите домашни дејци
до младите на нов, забавен и интерактивен начин.
ЕДНА ИН
МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
08.09.2021

Проекцијата на видео анимација (видео мапинг на фасадата на зграда на Собранието на


Република Северна Македонија во Скопје) ја претстави македонската традиција и
традициите на другите заедници, современото живеење со кое се креира уникатна
дигитална транспозиција на минатото во иднината.

Видео анимацијата ги прикажа клучните европски вредности: негата на индивидуалниот


и колективниот идентитет, мултикултуралноста, грижата за различностите и
интеркултурниот дијалог преку избор на бои, слики и музика кои ќе одразуваат
заедниците кои живеат во Република Северна Македонија.
АЛФАСАУНД
ДООЕЛ

30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

13.07.2021
Во рамки на проектот „З0 години независност“ се одржаа настаните:

1 – Патуваме заедно под исто сонце – Мултинационална детска претстава –


„Волшебникот од Оз“;

2 – 30 години независност – безброј причини да продолжиме напред – Ликовен


перформанс на млади уметници;

3 – Безвременски македонски ноти – целовечерен концерт на македонската ѕвезда


Кристина Арнаудова на плоштадот во Неготино;

4 – Онлајн работилница за креативен дизајн за тинејџери со конечен резултат –


изработка на честитка по повод 30 години независност.
КЕНД Д АУДИО
ДООЕЛ

СОНЦЕ ЗА ТРИ СВЕТОВИ

07.08.2021
„Сонце за три светови – минатото, сегашноста и иднината“ беше голем концерт на
евергрин македонска музика на платото пред споменикот Македониум во Крушево кој
создаде трајни вредности – записи по повод одбележувањето на 30 години од
независноста на Северна Македонија.

Целта беше со овој ексклузивен настан на вонвременски песни (евергрини) кои ја


заслужиле својата вечност во етерот, да се одбележи универзалната глобална димензија
на македонската државност, нејзиниот јубилеј 30 години независност, и моментумот на
нејзиното битисување одразен низ призмата на минатото (просторот и песните),
сегашноста (настанот и одбележувањето) и иднината (изведувачите и видео записите
како трајна вредност).
ДВД ПЛУС
ДООЕЛ

30 ГОДИНИ ПОД ОВА ЗНАМЕ

09.09.2021

Проектот „30 години под ова знаме“ се одржа пред споменикот „Македониум” во
Крушево. Легендарниот македонски поп-пеач и композитор Дарио Панковски,
придружуван од својот бенд ги изведе своите безвременски хитови: Дајте една народна;
Зајди јасно сонце; Меѓу сите ѕвезди; Нека биде што биде; Моја латина; Ладна како камен;
Мегамикс; Викни ме на чај и уште многу други негови евергрини.
АВАРД ПРОМОТИОН
ДООЕЛ
МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА МУЗИКА
30 ГОДИНИ БИСЕР НА НЕЗАВИСНА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

10.07.2021

Музичкиот фестивал „Македонската народна музика – 30 години бисер на независна


Република Северна Македонија“ се одржа во Куршумли Ан. На истиот учествуваа
доајените на македонската народна и традиционална музика – Виолета Томовска, Наум
Петрески, Зуица Лазова и групата „Синтезис”.

ЛИНКОВИ:
РЕВОЛУТИОН
ДООЕЛ

МУЛТИМЕДИЈАЛНА ЛЕТНА НОЌ

04.09.2021, 14.09.2021

„Мултимедијална летна ноќ“ е мултимедијален настап на млади поети и актери кои


имаа изведба на делата на Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Кочо Рацин, како
писатели кои имаат директен придонес во развојот на државноста, пропратен со видео и
со ликовен перформанс.
ЦРНА МАЧКА ПРОДУКЦИЈА
ДООЕЛ

ФИЛМСКА КУЛТУРА

20-22.08.2021, 22-26.08.2021

Со проекции на филмови од најновата македонска продукција, концерти на филмска


музика и осврт кон дел од кинематографијата создавана во периодот од осамостојување
на државата до денес, во три градови беше реализиран тридневниот настан „Филмска
култура“.

Беше остварена основната цел – да се оддаде почит кон нашиот филм и неговиот развој
во изминативе 30 години, како дел од културниот идентитет на државата, како и поттик на
граѓаните да ја вреднуваат нашата уметност и култура.
ДРИМ ФЕКТОРИ
ДООЕЛ
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ НА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - 2 ЅИДНИ МУРАЛИ
08.09.2021
Уличната уметност е сѐ повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот
производ претставува зачудувачка форма на уметнички израз, туку тоа е и патување што
се случува на улиците каде создавал уметникот. Едно дело улична уметност може да го
трансформира предметот на кој се појавува, но може да ја трансформира и целата
локална заедница во која престојува.

Уникатен начин да се одбележи и главната цел – одбележување на 30 години независност


на Северна Македонија. Проектот опфати изработка на 2 ѕидни мурали на уникатно
избрани локации и 2 кратки документарни видеа за промоција и презентација на дејноста
и делата на Блаже Конески и Стале Попов.
ФОНОЛУКС
ДООЕЛ
30 ХИТОВИ МАКФЕСТ ЗА
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ
05.09.2021
„30 најголеми хитови од Макфест“, препеани за 30 години на независност. Потсетување на
песните кои се со големо значење за македонската забавна музика кои претставуваат
македонско музичко богатство и се белег на традицијата и културата низ 3 декади
независност, а изведени беа од докажани вокални солисти и поп ѕвезди како Ѓоко Танески,
Наде Талевска, Ристо Самарџиев и други.
МОЈСО ПРОДУКЦИЈА
ДООЕЛ

МУЗИЧКИ НАСТАН ВО БИТОЛА

01.09.2021
Музички настан во Битола на кој беа изведени нови 24 песни, комбинирани на повеќе
јазици кои го отсликуваат мултикултурниот карактер на Северна Македонија, во живо со
музички бенд (Група Молика) и 11 домашни изведувачи, меѓу кои – Сузана Гавазова, Зуица
Лазова, Марјан Коцев и други.
ДВД РЕНТАЛ
ДООЕЛ

ТРИ ЧАЛГИИ

16.09.2021
„Три чалгии“ е настап на најдобрите домашни артисти од постарата генерација, кои ја
испишаа историјата на чалгиската песна во време на независноста.

Триото Миле Кузмановски, Благоја Грујовски и Круме Спасовски ги изведе најпознатите


чалгиски песни во придружба на чалгиџиска бенд. Настанот се одржа во автентична
атмосфера во старата Скопска чаршија.
ФАН ПРОДУКЦИЈА

ПРИЛЕП ЗА ВРЕМЕ НА НОБ

29.07.2021
Во рамки на проектот „Прилеп за време на НОБ“ беше реализирана изложба од 50
фотографии и емитување на три документарни филмови во Домот на културата „Марко
Цепенков“ во Прилеп.

Граѓаните беа запознати и информирани за Меморијалниот музеј „11 Октомври“,


Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски Питу“ и Спомен паркот на револуцијата „Могила
на непобедените“ преку фотографии и документарни филмови.

3Д виртуелните прошетки се реализирани и поставени на страницата на Музејот на Град


Прилеп и на официјалната фејсбук страна „Прилеп за време на НОБ“.
МАГНА МАТЕР
ДОО

TOMORROWLAND

18.09.2021

Настанот „Tomorrowland” претставува еднодневен проект, на кој учествуваа и настапија


домашни музички автори, ликовни уметници и едно балетско студио.

Авторите се претставија со своите изданија креирани во претходната година и кои се


изработени во разновиден опсег на стилови кои ги следат современите европски текови.

Целта на настанот беше да ги зближи артистите и љубителите на уметноста од сите


краеви на државата без разлика на нивната верска и национална припадност.
ЕВЕНТ ЛОГИСТИКС
ДООЕЛ
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА
АЛТЕРНАТИВНА СЦЕНА
30.08.2021

Идејата на проектот „30 години независна алтернативна сцена“ е да се направи


промотивен концерт на едни од најдобрите и најетаблирани бендови на македонската
независна музичка сцена.

Настанот се одржа во МКЦ, како локација која буди асоцијација со алтернативни настани.
Како најзначаен резултат е тоа што на едно место и во исто време се собраа најзначајните
независни бендови кои творат во државава во последните 15 години.

Дополнителни активности во рамки на настанот беа изложбата на стари карти и плакати


од концерти од осамостојувањето на Република Северна Македонија до денес.
ТОТО КК
ДООЕЛ
МЛАДИ УМЕТНИЦИ ВО
ЕДУКАТИВНА МИСИЈА И ВЛИЈАНИЕ НА МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА

30.08.2021

Настанот „Млади уметници во едукативна мисија и влијание на младата популација“


е со цел едуцирање на нашата млада популација за теми кои опфаќаат здрав живот и
соочување со предизвиците во ова турбулентно време со кои се сретнуваат младите, како
што се опасностите од консумирање на дрога и алкохол, “bulling”-от во основните и
средни училишта, запознавање, развивање и почитување на основните етички норми и
вредности кои имаат мултикултурен и интеркултурен карактер.
ХДВ СТУДИО ФОКА

30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

22 - 24.09.2021
Проектот „30 години независност“ ја носи македонската култура во својата суштина.
Оттука, идејата да се направи проект со цел одбележување и промоција на различните
белези на државноста и на општеството е практично, повеќе од евидентна.

Предвидените активности се однесуваат на внимателно избрани теми од областа на


археологијата, етнологијата и уметноста, кои се во насока да се фокусираме на
заедничкото наследство, преку отворена дискусија на клучните чинители и презервација
на истите.

Сходно на тоа, како локација за одржување на настанот е избрана општина Охрид –


најимпозантниот показател на истото тоа наследство, а воедно и заштитен од УНЕСКО.
ГЕНЕРАЛ СТУДИО
ДООЕЛ

ПОВИКОТ НА ТАТКОВИНАТА

05.08.2021

„Повикот на татковината“ е проект со кој се промовираат македонските шлагери во нови


модерни аранжмани отпеани од Ѓоко Таневски придружуван од камерен оркестар на
амфитеатарот во Ресен.

Одличната содржина и квалитетните изведувачи, како и песните изведени на локација со


голема културна тежина, беа добитна комбинација за одличен видео производ.
30 ГОДИНИ
НЕЗАВИСНОСТ
КАТАЛОГ НА НАСТАНИ

You might also like