You are on page 1of 1

8 јуни English Shqip    

 Вести денес 82 

„Охридско лето“ ќе го отвори


светската оперска дива Ангела
Георгиу, во драмската програма
американската филмска ѕвезда
Џон Малкович со проектот „Вечер
на Џон Малкович“
КУЛТУРА 06.06.2023 / 13:58

Оперската дива, сопранот Анџела Георгиу од Романија заедно со


Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под
диригентската палка на Теодорашку Артаманов од Романија, на 12 јули на
Античкиот театар во Охрид ќе го отвори годинешното 63-то издание на
фестивалот „Охридско лето“.

Ова денеска на прес-конференција го најави директорката на НУ


„Охридско лето“ Наташа Поповиќ која истакна дека секое успешно
издание на фестивалот започнува со најголемите, најславните и
највозвишените уметници.

Анџела Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда.


Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде
каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите
изведувачи во историјата на операта, со исклучителен
вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција,
рече Поповиќ.

Најавувајќи ја програмата на годинешното 63-то фестивалско издание,


директорката Поповиќ појасни дека големо име ќе има и во драмскиот дел
од програмата.

Големо име имаме и во делот на драмската програма,


светски познатиот актер, продуцент и режисер Џон
Малкович. Американската филмска ѕвезда со проектот во
режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“ во
придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и
Оркестарот на Виенската академија е најексклузивниот
гостин кој ќе се запише во листата на најголемите уметници
кои настапиле низ фестивалската историја на „Охридско
лето“, додаде Поповиќ.

Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“,


Бисера Чадловска, рече дека покрај спектакуларното отворање, годинава
фестивалот нуди врвни музички имиња од земјава и светот.

Од светските имиња, ќе издвојам неколку: светски


познатиот виолинист Немања Радуловиќ и оркестарот
Double Sense, Френк Дупре џез трио, како и пијано рецитал
на Френк Дупре, виолинистката Ирина Муресану со
оркестарот „Фејмс“, камерниот оркестар „Кончертанте“ од
Ниш, кларинетистот Пабло Бараган заедно со пијанистот
Елоис Бела Кон, камерниот ансамбл La Spagna, дувачкиот
камерен ансамбл “Камерата академика“ од Словенија,
виолинистот Роман Симович, светски познатиот пијанист
Алексеј Ботвинов, концерт на Јозеф Тавардос на уд и уште
многу други исклучителни уметници. Од домашните имиња
ќе имаме можност да ги слушнеме пијанистите Дино Имери
и Мимоза Ќека со индивидуални рецитали, пијано дуото
Гелебешеви, триото „Аура“, традиционалниот концерт на
Музичка младина на Македонија, дувачко трио со концерт
посветен на флејтистот Илија Зимбо и за крај на музичката
програма, ден пред Свеченото затворање, хорот „Про арс“
под диригентство на Сашо Татарчевски, со едно ново
создадено дело на професорот Живојин Глишиќ, со наслов
„12 месеци“. За роденденот на фестивалот, на 4 август, ќе
слушаме фадо музика, во изведба на Жоана Амендоеира,
Педро Амендоеира и Жоао Филипе, изјави музичката
селекторка Бисера Чадловска.

Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“,


Сања Арсовска, рече дека театарската програма годинава може слободно
да се нарече „Издание на големите“.

63-тото издание на „Охридско лето“, својата театарска


програма ја отвара со Стивен Фридмен и Офф Бродвеј
претставата „Бикот на Фаларис“, извондредна
автобиографска монодрама за еден генијален ум во потрага
по одговорите на есенцијанлите животни прашања, вадејќи
го екстрактот на убавото во секоја човекова болка. 26 јули
2023 ќе остане запаметен по тоа што „Охридско лето“ ќе
приреди историски настан, носејќи едно од најголемите
светски глумечки имиња на сите времиња, Џон Малкович.
Претставата„ Пеколна комедија- Исповедта на еден сериски
убиец“, во режија на Михаел Штурминген, а во главната
улога на Малкович во придружба на два сопрани и оркестар,
на еден мрачно – комичен начин ќе ја обработи
церебралната изопаченост на еден убиец. 29 јули е
резервиран за уште една голема претстава, „Ана Карењина“,
во продукција нa „Ујвудеки Зинхаж“ од Нови Сад, а во режија
на нашиот режисер Дејан Пројковски. Една од
најнаградуваните претстави во регионот во изминативе
години, работена според Толстоевото големо дело со
егзалтиран наратив и познатиот неговиот маестрален опис
на малите животи и одлуките со кои може или не може да се
живее, рече Арсовска.

Според неа, „Охридско лето“ ќе ја има првата премиера од домашна


продукција на 6 август, со Театарот „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ од
Велес и претставата „Едвард Втори” по текст на Кристофер Марлове,
режирана од украинскиот режисер Андриј Жолдак.

На 10 август го имаме Охридскиот народен театар со


„Серјожа е туп“ од Димитри Данилов, а во режија на Дајана
Николовска, на 14 август Прилепскиот театар „Војдан
Чернодрински“ ќе даде сценски приказ на едно од
најголемите книжевни дела „Декамерон“ од Џовани Бокачо,
во драматизација на Лидија Митоска- Ѓорѓиевска, а во
режија на феноменалниот Мартин Кочовски. На 18 август ни
доаѓа Градскиот театар од Љубљана со претставата „Нора“
од Ибзен, претстава која ја обележа оваа театарска сезона во
Словенија, режирана од нашата најдобра режисерка Нела
Витошевиќ, во чија главна улога настапува една од
најголемите словенечки актерки, Ајда Смрекар.За
затворање на фестивалот, jа имаме најголемата регионална
ѕвезда, актерот Милош Биковиќ во претставата Лагата од
Флоријан Зелер, во режија на Никола Љуца, а во продукција
на Белградскиот драмски театар, најави драмската
селекторка Сања Арсовска.

Од 12 јули до 20 август, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да


уживаат во 34 концерти, седум театарски претстави, а програмата ќе биде
збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга.
„Охридско лето “ ќе биде домаќин на над 1000 уметници од 20-тина земји
од светот, Србија, Чешка, Италија, Словенија , Полска , Франција, Турција,
Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија,
Португалија, Египет, Русија,… и секако, уметници од Република
Македонија.

„Охридско лето“ се искачи на високото петто место меѓу првите пет меѓу
140 фестивали, членки на Европската асоцијација на фестивали(ЕФА) .

Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека


„Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата
меѓународна афирмација но и потврда дека културата,
уметноста и традицијата кои се создаваат на фестивалската
сцена во древниот Охрид, го опишуваат кодот на нашиот
народ и зборуваат за неговото постоење низ вековите,
неговата посебност и специфичност, истакна на денешната
прес-конференција директорката на НУ „Охридско лето“ ,
Наташа Поповиќ.

Таа изрази огромна благодарност до Претседателот на државата кој е


покровител на фестивалот, до Владата на Република Македонија која
преку ресорното Министерство за култура вложува во развојот и
унапредувањето на културата, до Општина Охрид , до генералниот
спонзор Македонски Телеком, како и до останатите спонзори, помагатели
и почитувачи на уметноста и на културните вредности.

Facebook
Twitter
Copy Like 0

Link
Повеќе од интернет

Лекарите го кријат! Доколку имате слаб слух Луѓето со болки во


Болката во зглобовите или зуење во ушите, не колената и бутовите
исчезнува за 14 дена оставајте ништо на треба да да го прочитаат
случајноста туку делувајте
превентивно. Експертите
препорачуваат да се пие
два пати на ден

Откриен е главниот Овие заборавени таблети Крвен притисок над


непријател на ги чистат вашите крвни 150/90? Рецепт за чистење
дијабетесот! Шеќерот ќе садови за 3 дена на вените
биде 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права


(copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на
авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

 

# ОХРИДСКО ЛЕТО

Прочитај повеќе

Талентираната Александра Трајчевска победи во онлајн талент-шоуто „Заблескај“

Еврозоната и официјално влезе во рецесија

Во Аеродром уапсен затвореник кој избегал од затвор во 2015 година

Братот на Јокиќ се караше со навивачите на Мајами

Анкета: 65 отсто од Бугарите ја гледаат Русија како сојузник

Меџити: Нема политика во разрешувањето на д-р Јовев, секаде каде што има злоуботреби ќе
има санкционирање

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КУЛТУРА / 05.05.2023

Вечерва во Света Софија авторски концерт на Љупчо Коскаров


на Охридско лето

КУЛТУРА / 03.05.2023

Авторски концерт на Љупчо Коскаров во организација на


„Охридско лето“

КУЛТУРА / 07.03.2023

„Охридско лето“: Концерт на Трио „Џентлмен“ вечерва во


црквата „Света Софија“ во Охрид

НАЈНОВО / КУЛТУРА
Надија Реброња на книжевна резиденција во Скопје

Годишна завршна изложба на Скопското средно уметничко училиште: Слики,


мозаици, графики, цртежи, но и модна ревија и настап на „Backdoor band“

„Бата прес“ ја објави книгата „Фудбалски сон“ од холандската авторка Линеке


Дајкзул

60. Рацинови средби: ТВ серијата „Црвениот поет“ посветена на Кочо Рацин ќе


биде прикажана на отворено

„Вива Верди“ го отвора 15. издание на Битолско културно лето

Омаж за Ванчо Николески во Библиотеката „Григор Прличев“ по повод 111 години


од раѓањето на големиот македонски поет

„Звукот на новата генерација“ – концерт со студентите на ФМУ

Српската писателка Надија Реброња на книжевна резиденција во Скопје

МАКЕДОНИЈА / 08.06.23 | 13:33

Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ,


со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот

МАКЕДОНИЈА / 08.06.23 | 12:04

 Судскиот совет остана без двајца судии

МАКЕДОНИЈА / 08.06.23 | 11:44

Само Влада без ДУИ е гаранција за заштита од крадење на избори и контрола на процесот

МАКЕДОНИЈА / 08.06.23 | МАКЕДОНИЈА / 07.06.23 |


08:15 23:58

СДСМ и медиумите Николоски: Сега


околу нив безуспешно СДСМ треба да
се обидуваа да одговори дали ја
продадат приказна прифаќа нашата
дека Мицкоски понуда
прифатил уставни
измени

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Се шират снимки од паркот во Франција каде Сириец нападнал деца со нож –
Три се борат за живот

Суниог го повика Косово да се врати на преговорите со Србија

Тренчевска: Системот за социјална заштита обезбедува поддршка за бездомните


лица

НСДП го поздравува одржувањето на лидерската средба во насока на


политичкото обединување

Надија Реброња на книжевна резиденција во Скопје

ЕСМ Снабдување со топлина: Најголем дел од потрошувачите ќе добијат пониски


порамнителни фактури за греење

Годишна завршна изложба на Скопското средно уметничко училиште: Слики,


мозаици, графики, цртежи, но и модна ревија и настап на „Backdoor band“

Кој имаше корист од уништувањето на браната во Украина?

Маричиќ: Подготвени сме за работни групи со опозицијата за имплементација на


идејата за уставните измени

НАТО трупи се подготвуваат за влез во Украина?

You might also like