You are on page 1of 85

НАМЕСТО ДНЕВНИК

ТЕАТАРСКИ РЕЖИИ

ДРАМСКИ ТЕАТАР
1.- Ристо Давчевски
МУСТАЌИТЕ НА ГЕНЕРАЛОТ РОКОКАЈКО
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Зорица Тодоровска
Музика Александар Џамбазов
Играат Стево Спасовски, Дади Ангеловски, Кире Печијарев,
Славица Николовска, Перо Арсовски, Симе Илиев,
Димче Мешковски, Гоце Влахов...
Ова ми беше прва режија во театрите воопшто. За време на пробите,
многу се забавувавме. Преставата беше правена под големо влијание на
стриповите, а особено на Хогар Страшниот. Стево беше Хогар Страшниот.
Многу атрактивна сцена на почетокот на претставата. Влегува војската
на Генералот Рококајко, со музика од шкотски гајди, сите облечени како
Викинзи, дури имав и статисти: Темчо, Томе Молац, Гркот... и го носат
Стево (Рококајко) На штит. Во претставата, освен Стево, Дади и Мешко,
кои беа членови на театарот, сите други учесници беа студенти.

2
2.- Оливера Николова
ЧУК, ЧУК СТОЈАНЧЕ
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Димитар Масевски
Играат Снежана Михајловиќ, Виолета Шапковска, Лилјана
Велјанова, Снежана Стамеска, Дади Ангеловски, Диме
Илиев, Димитар Зози, Димче Мешковски
Учество на фестивалот во Шибеник и на Охридско лето.
Многу убава претстава. Во неа сè беше убаво: од текстот,
сценографијата, костимите и музиката, до глумците. Иван Ивановски, кој
во својата критика многу ја испофали претставата, најмногу зборуваше
за убавината и позитивната енергија што од оваа претстава се ширеше.
Со оваа претстава, барем за мене, а и за целиот ДТ, започна ’ршумот што
го правевме по Шибеник. На крајот на претствата, како симбол на
убавина и некаква нова верба (?!), на една лулашка, се појавуваше
ќерка ми Деспина, во тоа време имаше три години.

3
3.- Горан Бабиќ
БАШ ЧЕЛИК
Сценографија Гинтер Кубе
Костим Ѓорѓи Здравев
Музика Димитар Масевски
Играат Снежана Михајловиќ, Лиле Велјанова, Ленче Делова,
Виолета Шапковска, Дади Ангеловски, Димче
Мешковски, Димитар Зози, Диме Илиев, Симе Илиев,
Гоце Тодоровски, Марин Бабиќ
Учество на фестивалот во Шибеник. За режија на оваа претстава добив
награда: „Курир Јовица“, највисоко југословенско признание во
творештвото за деца.
За оваа претстава има повеќе интересни анегдоти. Прво, Дади, кој
требаше да игра една од главните улоги, на скијање скрши нога. Ги
искористив дидаскалиите на текстот и од тоа направив нов лик во
претставата: Раскажувач. Дади играше со скршена нога и со патерица.
Во Шибеник, каде претставата беше примена како чудо (Весна Парун,
позната хрватска и југословенска поетеса, напиша цела книга за
поетиката и митологијата на оваа претстава) на тркалезната маса на
критиката за овој сегмент (скршената нога на Дади) се отвори посебна
расправа за генијалноста на идејата, демек, нашиот народ кога е во мака
и неволја раскажува приказни.
А можеше да се случи оваа претстава воопшто и да не излезе. На едно
четири-пет дена пред премиерата, пробата ја гледаше тогашниот
уметнички совет на ДТ и партал нè направија. Знаев дека имам одлична
претстава но дека некаде има некаков проблем и претставата не може да
профункционира. Сценографија правеше В. Георгиевски и во основа
имаше некакви ротациони кули, кои не функционираа најдобро. Ристо
Стефановски тогаш направи неверојатен потег, ми дозволи да го
променам сценографот и да направиме нова сценографија. Гинтер Кубе
фантастично го реши просторот, правејќи ја сценографијата како големи
детски коцки на склопување. Претставата профукционира.

4
4.- Чарлс и Мери Лемб
ШЕКСПИР ВО ПРИКАЗНИ
Сценографија Гинтер Кубе
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Димитар Масевски
Играат Лиле Велјанова, Снежана Стамеска, Славица
Николовска, Снежана Михајловиќ, Мите Грозданов,
Дади Ангеловски, Димче Мешковски, Марин Бабиќ,
Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Ненад
Стојановски (Благоја Чоревски) Ацо Дуковски
Група „Авона“
Учество на Фестивалот во Шибеник, на Дубровнички летни игри,
Охридско лето, Фестивалот во Сараево.
Оваа претстава е најголемото чудо што сум го направил. За оваа
претстава, по гледањето во Шибеник, Мјуриел Бродман, сопственик и
главен критичар на едно од најголемите театарски списанија во светот,
„Тиатар“ од Њујорк напиша: „...Големиот бард на англиската книжевност,
кога би можел да стане од гробот, би бил пресреќен да ја види оваа
претстава во едно место и време толку далку од неговото...“ И навистина,
каде и да се појавеше оваа претстава. (А не беше мала работа од една
претстава, божем наменета за деца, да се направи спој помеѓу Магбет и
Сонот на летната ноќ, да се појави на двата во тоа време најелитни
фестивала дубровничкиот и сараевскиот) предизвикуваше
воодушевување и чудење. Актерите ја играа фантастично, се работеше
со таква позитивна енергија, (подоцна тоа многу ретко ми се случуваше)
што никој не можеше да остане рамнодушен. Ништо не им беше тешко да
направат. Се мечуваа со мечови остри и тешки по 16 кила, Гоце во
Шибеник, правејќи се важен пред балеринчињата што ги имавме во
претставата, скокајќи во вода, си го скрши носот и целиот се одра, по
два дена ја играше улогата на Пук, со таков жар и вештина како ништо
да не се случило. Често ми говорат да ја повториме оваа претстава...
Такво чудо, не може да се повтори.

5
5.- Миле Попоски
СОЛУНСКИ ПАТРДИИ
Сценографија Гинтер Кубе
Костими Елена Дончева
Музика Љубомир Бранѓолица
Играат Дади Ангеловски, (Благоја Спиркоски) Мите Грозданов,
(Трајче Иваноски) Гоце Тодоровски, Ванчо
Петрушевски, (Игор Џамбазов) Снежана Стамеска,
(Славица Николовска), Сабина Ајрула, (Мајда Тушар),
Ленче Делова, Снежана Михајловиќ (Душица
Јовановска) Лиле Велјанова (Јелена Жугиќ) Стево
Спасовски, Коле Ангеловски (Драган Спасов) Марин
Бабиќ (Салаетин Билал) Симе Илиев (Роберт
Велјановски) Јовица Михајловски, Диме Илиев,
Димитар Зози, Лазе Манасков
Учество на фестивалот Охридско лето, Шибеник, игрите „Војдан
Чернодрински“, Дани комедије во Светозарево, првиот Фестивал на
комедија во Куманово, бројни гостувања и турнеи. Дваесет години
непрекинато на репертоарот на ДТ и 300 изведби. На прославата во
„Куршумли ан“ имаше 1.700 гледачи. Инаку, оваа претстава досега ја
виделе 120.000 гледачи. Рекорди, какви што, во тоа сум сигурен,
никогаш нема да се повторат.
Снимена е и телевизиска серија, која повеќе пати е репризирана, но тоа
ништо не $ попречи на претставата да си го живее својот долг и полн со
возбудувања живот.
Мислам дека оваа претстава по многу нешта е неповторлива (А се
разбира и непрепознатлива, бидејќи ниту една претстава не е иста. Ова
што сега го играме, нема никаква врска со премиерата), огромен број на
анегдоти и интересни случки се случиле во текот на најзиниот
дваесетгодишен живот. Книга би можело да се напише, но она што мене
најмногу ме одушевува, а во последно време сè повеќе чуди, тоа е
позитивната енергија и елан со која актерите сè уште ја играат.

6
6.- Русомир Богдановски
ПАНУРГИЈЕ
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Димитар Масевски
Играат Дади Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Гоце
Тодоровски, Ацо Дуковски, Коле Ангеловски, Младен
Крстевски (деби) и група на балеринчиња.
Преставата се играше на мала сцена. Има една интересна анегдота со
оваа претстава. Премиерата ја одигравме пред преполн салон. За
репризата и следната претстава на благајната стоеше обавестување дека
билетите се распродадени, а ние не игравме престави, тоа создаде
толкав интерес кај публиката, што подиоцна редици се создаваа да се
добие билет за претставата. Одигравме повеќе од 150 репризи. Подоцна
Ванчо, Гоце и Чоре приватно си ја зедоа и одиграа уште толку престави.

7
7.- Бранислав Нушиќ
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костимографија
Музика
Играа Димче Мешковски, Дади Ангеловски, Ангелина
Иванова, Славица Николовска, Јовица Михајловски,
Ненад Стојановски, Ванчо Петрушевски, Ацо Дуковски.
Славчо Тасевски и група на балеринчиња.
Учество на фестивалот Охридско лето, Војдан Чернодрински и разни
турнеи.
И за оваа претстава врзани се многу анегдоти, но најзначајното е што
заради мојата режија на оваа претстава бев на суд. Некој ме накодошил
пред Авторска агенција (мислам дека е Рули Османли) дека правам
глупости со претставата и дека сум го изневерил оригиналниот текст и
наследниците, преку Авторска агенција, ме тужеа и навистина отидов на
суд. На судијата му објаснив дека ништо не сум променил од оригиналнот
текст, дека нешто сум скратил, што е право на режисерот, а каква
концепција ќе направам и како ќе го толкувам текстот тоа исто така е
мое право како режисер, за кое само публиката и критичарите можат да
ме тужат и дека со ова судење само ми прават реклама. И навистина во
сите весници (низ тогашна Југославија) излегоа написи за тоа судење. Се
разбира, судијата ме ослободи, (подоцна го поканив и со задоволство ја
одгледа претставата) а публиката навали како луда. Одигравме повеќе
од 150 престави, можевме уште, ама Ненад (Бог да го прости), кој во тоа
време веќе стана голем глумец, не му се играше многу во една ваква
претстава и на секој начин гледаше да се симне од репертоарот.
А што беше тоа што толку ги заинтересира, или иритира луѓето?
Преставата се играше на Мала сцена, и започнуваше со откажување.
Демек не дошол тој и тој глумец и без него претставата не може да се
одигра. На премиерата беше многу згодно бидејќи никој не знаеше
(освен екипата) за тоа откажување, после извесно натегање, артистите

8
сепак прифаќаат да ја одиграат претставата, со тоа што некој ќе го
замени глумецот (задолжително по ваквата одлука следуваше аплауз) и
пред публиката се облекуваат и почнуваат да играат, но многу често меѓу
нив избиваше кавга и некои од сцените ги играа повторно, ама сега
поинаку, па наместо комедија ситуациите, особено во полицијата, се
играа многу сериозно и текстот доби сосема поинакво значење. Но, за да
не биде сè премногу сурово, јас пуштав од балеринчињата да играат
напред додека во позадината го сослушуваат и претепуваат Ѓока.
Претставата навистина беше многу интересна и непредвидлива, затоа
што често зависеше од реакцијата на публиката, а и од импровизациите
на актерите.
Во Прилеп, за време на фестивалот, претставата требаше да се игра на
сцена со публика на сцена, но поради огромниот интерес претставата
моравме да ја префрлиме да се игра „нормално“, со публиката во
салонот. Набрзина требаше да се премести сценографијата и светлото, а
публиката веќе влегуваше и нè гледаше како работиме. Кога Томе
Молац, онака како што беше договорено, ја откажа претставата настана
таква реакција од илјадната публика што јас навистина се уплашив дека
нема да можеме да ја одиграме претставата. Благодарение на
„Појачалото“ во грлото на Мешко, успеа да ја надвика публиката, и
претставата на општо задоволство беше одиграна.

9
8.- Милан Пешиќ
ЛОВЕЧКА СКАЗНА
Сценографија
Костими
Музика
Играа Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски Тихо Стојановски
Оваа претстава е одиграна само три пати. Ванчо се разболе и бидејќи
претставата бараше големи физички искушенија и напори, ја симнавме
од репертоарот. А мислев дека ќе се игра најмаку триста пати.
Атрактивен текст, одлични глумци, сценографија и костими, сè да се
спакува во едно комбе, ама ете судбина.

9.- Душан Радовиќ, Миро Беловиќ


КАПЕТАНОТ ЏОН ПИПЛФОКС
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Леб и сол
Играа Јовица Михајловски, Лиле Велјанова, Виолета
Шапковска, Викторија Анѓушева, Стево Спасовски,
Димче Мешковски, Дади Ангеловски, Гоце Тодоровски,
Лазе Манасков, Владе Талевски, Димитар Зози...
Учество на фестивалот во Шибеник.
Претстава направена со многу радост и уживање. Пред сè, заради текстот
кој пружа неверојатни можности, а сигурно и тоа што секој од нас, и како
дете, а и возрасен сигурно, сонувал за чудни патувања и доживувања по
морските широчини. Иако и за време на пробите и на преставите се
случуваа бројни анегдоти, она што најмногу ми остана од оваа претстава
е позитивната енергија и среќа во играта што зрачеше од сцената.

10
10.- Миле Попоски
ВИКЕНД НА МРТОВЦИ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Елена Дончева
Музика Љупчо Константинов
Играа Димче Мешковски, Снежана Михајловиќ, Снежана
Стамеска, Лиле Велјанова, Ленче Делова, Катерина
Коцевска, Виолета Шапковска, Лилјана Богоевиќ,
Марија Кондовска, Дади Ангеловски, Марин Бабиќ,
Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски, Диме Илиев,
Јовица Михајловски, Игор Џамбазов, Ѓорѓи Тодоровски,
Видосава Грубач и група на студенти.
Учество на фестивалот Војдан Чернодрински. Од жирито на „Нова
Македонија“ прогласена за најдобра претстава на фестивалот. На
Охридско лето... Дани комедије во Светозарево и разни гостувања...
Еден од најголемите хитови на ДТ. За оваа претстава секогаш се
продаваа по 40-тина билети за стоење, и најмалку недела дена однапред
билетите беа распродадени. На оваа тема снимив филм, (со рекорден
број на гледачи), направив и телевизијска серија, па сепак и покрај
повеќе пати репризиранта серија, претставата одеше како алва. Симната
е од репертоар на полн салон?! Мешко, Снежана и Дади за своите улоги
во оваа претстава добија награди. Мислам дека улогата на Тасе е
најдоброто артистичко остварување на Мешко, а Паца на Снеже ретко
дека некогаш ќе може да се повтори. За оваа претстава, и покрај
цврстата драматуршка структура, карактеристични беа импровизациите,
особено на Гоце и Чоре, и непредвидливите ситуации, така што многу
често, покрај публиката и актерите на сцената се кинеа од смеење.
Мислам дека кога повторно би се вратила на репертоарот на тетарот
одново би била хит.

11
11.- Иван Карадак, Лјупчо Силјаноски
КАБАРЕ КОПРИВАРНИК
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костимографија Лира Грабул
Музика Димитар Масевски
Играа и пееја Викторија Анѓушева, Катерина Коцевска, Снежана
Михајловиќ, Ана Царулевска, Благоја Чоревски, Гоце
Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Игор Џамбазов, Диме
Илиев.
Водител Марин Бабиќ
Постојани гости Диме Поповски, Зоран Јовановиќ - Лима.
Уште едно од чудата во ДТ. Првото Кабаре по времето на Прличко. Тој и
го отвори, со благословот на Манданата. Се играше на малата сцена, со
маси и седење, се служеше пијалок и пита коприварник. (Од кабарето
најмногу профитира Саво, бифеџијата) почнуваше во 22 часот а никогаш
не се знаеше кога ќе заврши. Билетите по месец дена однапред беа
распродадени. За година дена одигравме 80 престави и потоа го
симнавме од репертоар, затоа што во работничкиот совет не можеа да се
договорат како да ни го плаќаат ноќниот труд?! Имаше посетители кои по
дваесет-триесет пати го гледаа Кабарето. Потоа ја снимив за телевизија
серијата Театарче Лево ќоше, одеше неброено пати, направив и касета,
не се обогатив. Актерите со тезги нешто и заработија.

12
12.-
БРАЧЕН ПЛЕЈ ОФ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими
Музика Екипата...
Играа Љиљана Богоевиќ - Јовановска, Кирил Ристоски

Учество на фестивалот Војдан Чернодрински.


Една од најубавите престави што сум ги направил. Се играше на малата
сцена во театарот, но се користеше и просторот на пациото. Низ големите
прозорци се гледаше како постојано паѓа дожд. Двајцата актери беа
прекрасни, а тоа беше прва главна улога на Љиља и тоа од почеток до
крај на македонски, а немаше ни пет-шест месеци како беше дојдена во
Скопје. Мето, за време на пробите постојано нè контролираше. Многу му
беше важно Љиља да биде добра. Се играше една сезона. Љиља остана
трудна и повеќе претставата не се одигра. И тоа е една од преставите
кои можеа долго да останат на репертоар, публиката баш си ја сакаше.

13
13.- Душан Ковачевиќ
СОБИРЕН ЦЕНТАР
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Елена Дончева
Музика Димитрије Бужаровски
Играа Мите Грозданов, Снежана Михајловиќ, Лиле Георгиева,
Виолета Шапковска, Дади Ангеловски, Гоце
Тодоровски, Диме Илиев, Анастас Тановски, Кате
Коцевска, Димче Машковски, Лазе Манасков, Ванчо
Петрушевски, Ѓокица Лукаревски.
Учество на Војдан Чернодрински и Охридско лето. Одиграна преку 150
пати.
Убава претстава. По Маратонците... и Балкански шпиун, некако станав
специјалист за Ковачевиќ. Многу работи се погодија на оваа претстава,
од текстот, па Чадик ја направи можеби својата најдобра сценографија, а
музиката на Мими беше волшебна и, што е најважно, глумците со таков
мерак ја играа што просто беше уживање. Ванчо за улогата на
пијаницата доби и награда. По премиерата имавме дружење со публиката
на малата сцена, на местото каде што се играше кабарето. За тоа
дружење се продаваа билети, кои беа поскапи отколку билетите за
самата претстава.
Тоа дружење беше посветено и на нашиот долгогодишен директор Ристо
Стефановски кој замина во пензија (А Чоре не сакаше ништо да му
направи) Останавме до сабајлето, песни, скечеви, заебанции...
Но, во оваа претстава веќе имав мака со актерите. Станаа ѕвезди, почнаа
ништо да не работат, а многу да изволеваат. По една генерална проба
бев толку бесен што ги пцуев половина час, кажувајќи им најгрди
работи. Тонците, бидејќи на сцената за претставата имаше микрофони, ги
вклучиле микрофоните и сите тие пцости ги снимиле. Потоа тоа го
пуштија, без јас да знам дека сум снимен, на дружењето по премиерата.
Сите паднаа од смеење.

14
14.- Реј Куни
НЕ СЕГА ДРАГА
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими
Музика
Играа Драган Спасов - Дац, Трајче Ивановски, Силвија
Јовановска, Ѓокица Лукаревски, Душица
Стојановска, Марин Бабиќ, Видосава Грубач,
Катерина Коцевска, Анастас Тановски.
Неколку интересни моменти има околу оваа претстава. Тоа беше прва
улога на Дац во ДТ и беше брилјантен. Доби и награда за најдобар млад
актер на „Екран“. Публиката доаѓаше само него да го гледа. Од оваа
претстава, десет дена пред премиерата, го избркав од поделбата Ванчо
Петрушевски, кој инаку ја играше главната улога. Зајде!! Постојано
имаше некакви тезги и не можеше да доаѓа на проби, а и тоа што
доаѓаше, поарно да не го правеше. Среќа, имав замена. И тоа одлична.
Пепи од Прилеп, кој веќе ја играше истата улога во претставата што ја
направив во Прилеп. На почетокот имаше малку трема, па и овие
глумциве, катили, демек под нивно ниво (а да ги прашам какво ниво
воопшто имаа) со глумец од „провинција“, ама Пепи ги растури. Беа
одличен тандем со Дац. И, уште една непријатност за време на пробите.
Силвија и Кате, предначеа во тоа, иако Силвија одлична беше во улогата
на Кристина, и мислам дека тоа i е една од најдобро одиграните улоги
воопшто, ја мразеа претставата. Тоа е така воопшто со комедиите, тие се
интересни на првото читање, и потоа ако не си позитивно расположен во
принцип; до премиера, т.e. до контакт со публиката, работење на
комедија е голема мака. А овие две само сиктеа, па тоа околу
генералните, ужас. По бифea, по гардероби, па и Ненад им се
придружи... Среќа што знаев претходно дека тоа е хит претстава и колку
да се трудат не ќе можат да ја уништат. И, навистина беше така. На
премиерата беше триумф! Потоа се одиграа повеќе од 150 репризи. Шест
години и повеќе беше на репертоар. Симната е на полн салон.

15
15.- Зафир Хаџиманов
АЛО, БУДЕЊЕ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Зафир Хаџиманов
Кореографија Ацо Хаџиманов
Играа и пееjа Мето Јовановски, Зафир Хаџиманов, Драган
Спасов, Силвија Јовановска, Катерина Коцевска,
Анастас Тановски, Лазе Манaсков, Марија
Кондовска, Викторија Анѓушева, Димче
Мешковски, Игор Џамбазов, Весела и Диме
Моловски, Ана Рупчиќ, Сузана Турунџиева и
група на балерини и балетани.
Учество на фестивалот Војдан Чернодрински
Ова беше прв македонски мјузикл. Имавме многу проблеми во
работењето. Прво, Мето не сакаше да игра, со триста молби Зафир едвај
го кандиса. Второ, Зафир е многу тежок за соработка, во принцип беше
во право, ама тежок човек. Трето, сепак не бевме навикнати на тој вид
на театар, иако сите глумци сакаа да работат. Во рамките на можностите
(и финансиски и креативни) ја направивме претставата, изгледаше доста
креативно и спектакуларно, но не онака колку што посакував. Не
одигравме многу престави, тешко беше да се организира, а и чинеше
многу. Ја снимивме за телевизија, неколку пати ја репризираа. Од таа
претстава како хит остана песната „А од љубов не се бега“.

16
16.- Вилијам Шекспир
БУРА
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Љупчо Константинов
Играа Кирил Ристески, Ѓорѓи Јолевски, Драган Спасов,
Дона, Сенко Велинов, Бранко Ѓорчев, Дади
Ангеловски, Анастас Тановски, Лазе Манасков,
Димитар Зози, Виолета Шапковска, Викторија
Анѓушева, Душица Стојановска, Симе Илиев
Учество на Охридско лето.
Голема и значајна претстава. Кирил Ристевски (за улогата на Просперо)
беше прогласен за најдобар актер на „Екран“, а Ѓорѓи Јолевски за
улогата на Аријел за најдобар млад актер.
Екипата многу ја сакаше оваа претстава и пробите за мене, а и за нив
беа вистинско задоволство. Кире и Ѓорѓи, даваа тон на работата.
По премиерата Лиле Мазова во „Нова Македонија“ напиша: „Бура без
бранови“, тоа сите многу нè погоди.
Во Охрид, на плажата пред хотел Парк, претставата доживеа труимф. Тоа
беше чудо. Повеќе личеше на филм, отколку на театарска претстава.
Беше многу студено, дуваше ветер, на езерото имаше бура. А
претставата започнуваше со тоа што актерите доаѓаат со брод и првата
сцена се одвива во бура. Бурата беше вистинска, актерите одвај, мокри,
се довлечкаа до брегот, светлото и пиротехничките ефекти остваруваа
чудесен амбиент, како создаден за таа претстава.
По завршувањето на фестивалот, Лиле Мазова во „Нова Македонија“,
правејќи рекапитулација на драмската програма, напиша дека
единствена претстава која беше достоинство на фестивалот а и за самите
изведувачи е претставата на Драмскиот театар „Бура“(?!) Наградата
„Изида“ за најдобра претстава на фестивалот доби друга претстава. Лиле
Мазова беше член на трочленото жири.

17
17.- Алберт Ками
КАЛИГУЛА
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Димитрие Бужаровски
играа Ѓорѓи Јолевски, Лиле Велјанова, Лазе Манасков,
Миралем Зубчевиќ, Дади Ангеловски, Димче
Мешковски, Бранко Ѓорчев, Димитар Зози, Диме
Илиев, Викторија Анѓушева.
Учество на фестивалот Охридско лето.
Уште една голема и значајна претстава. Ѓорѓи беше брилјантен. Ништо
подолу не беше ни Миралем. (инаку, ова беше негова прва улога во ДТ)
И оваа претстава многу убаво ја работевме.
Вистинската вредност на претставата се покажа на Охридско лето. Ја
игравме на тврдината, Владо чудесно го обликува просторот. Изгледаше
монументално, но и застрашувачки. Јас ја разиграв претставата низ
целиот простор, така што имаше многу планови. Кога требаше да се
одигра претставата, се истури дожд и моравме да го поместиме терминот.
На вториот термин времето беше прекрасно, имаше и огромна месечина,
што инаку е еден од главните мотиви на текстот. Преполнетото
гледалиште во еден здив ја одгледа претставата, наградувајќи ги
актерите со овации на крајот. Бев убеден дека Ѓорѓи ќе добие награда.
Не доби!

18
18.- Душан Ковачевиќ
МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Владимир Георгиевски
Музика Љупчо Константинов
Играа Стево Спасовски, Дади Ангеловски, Димче
Мешковски, Ванчо Петрушевски, Драган Спасов,
Бранко Ѓорчев, Лазе Манасков, Ѕвезда
Ангеловска, Марија Кондовска.
Оваа претстава ја правев како замена за операта на Мими Бужаровски
„Деспина и мистер Докс“, која требаше да ја подготвуваме за Охридско
лето, но работата се искомплицира, и операта не ја направивме. Така
решивме да ги правиме „Маратонците...“ Времето одговараше,
(политички) за извлекување на една доста морбидна и застрашувачка
идеја, за создавање на моќ од страна на одредени кругови. Имав одлична
артистичка екипа и на премиерата претставата уште некако се држеше,
ама, потоа, сè некако се распадна. Преставата не можев да ја гледам.
Ванчо, кој играше главна улога, толку постојано зборуваше, толку
импровизираше, што тоа беше ужас. Неколку пати му обрнував
внимание, ама без успех. Кај него сè што му поминува низ глава веднаш
му излегува низ уста, а триста глупости му поминуваат низ главата. На
крај, бев среќен кога се симна од репертоарот.

19
19.- Коле Ангеловски
КАКО БЕШЕ МИРНА НАШАТА ДОЛИНА,
ПОРАНО (КУМОВИ)
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Љупчо Константинов
Играа Бранко Ѓорчев, Миралем Зубчевиќ, Ѕвезда
Ангеловска, Снежана Стамеска, Душица
Стојановска, Гоце Тодоровски, Сенко Велинов,
Анастас Тановски, Дади Ангеловски, Лазе
Манасков, Јелена Жугиќ, Билјана Хамамџиева,
Диме Илиев, Роберт Велјановски и децата на
Диме...
Преставата премиерно беше изведена на Охридско лето.
Во Охрид претставата беше кино. На Самоиловата тврдина изградивме
цело едно село. Убаво го осветливме, имавме и пиротехника и времето се
погоди. Ја одигравме два пати, пред можеби две илјади гледачи. Инаку,
при подготовките имав доста проблеми. Јас текстот го правев според
некои „соџета“ од Комедија дел арте и делови од комедиите на Руцанте,
правејќи спој помегу ренесансниот Медитеран и нашите народни
приказни. И, сето тоа ставено во едно неодредено време. Може да се
случува и денес. Една од главните улоги, сакав да ми ја игра Џумерко, за
него и ја пишував, Чоре не дозволи, многу се расправавме, на крајот
некако без волја ја прифати Миралем, правејќи ми, демек, услуга за
некои мои поранешни заслуги. И, тоа се почувствува на пробите. И Сенко
нешто постојано мрчеше. Потоа беа добри... И, кога ја префрливме во
театар, претставата како да немаше среќа. Миралем отиде во Сараево, го
немаше шест месеци, претставата не се играше, потоа ја обновивме, ама
тоа не беше тоа. Ја симнавме, а не се одигра. Многу ми е жал.

20
20.- Алдо Николај
УМРИ МАШКИ
Сценографија, превод, костими и музика: Коле Ангеловски
Играа: Јелена Жугиќ, Драган Спасов, Бранко Ѓорчев
Учество на фестивалот Ристо Шишков.
Преставата ја почнавме како приватен проект, потоа како копродукција
со Драмски Театар, на крајот излезе чиста претстава на ДТ. (само од
билети ДТ заработи околу 80 илјади марки.)
Еден од големите хитови на ДТ. Се продаваа постојано дополнителни
билети. Сите тројца актери беа одлични. Јелена беше прогласена и за
најдобра млада глумица на „Екран“. Имаше и импровизации, но сето тоа
со мерка и вкус. Секогаш кога ја гледав уживав. Направивме и некава
турнеја низ Македонија, но без некој голем ќар.
Одигравме околу стотина престави. Ја симнавме на полн салон.

21.- Рејмон Кус


ДЕТСКИ РАБОТИ
Превод, сценографија, костими и музика Коле Ангеловски
Играше Игор Џамбазов
Преставата учествуваше на Фестивалот Ристо Шишков, на фестивалот во
Белград, Бугарија...
Одлична моно-драма на Игор, беше брилјантен. Ја доби единствената
награда на Ристо Шишков, беше прогласен за Актер на годината од
„Екран“, ама како и обично кога се однесува до Игор, ме заеба. Не ме
исплати како се договоривме, а собра убави пари и не одигра онолку
престави колку што можеше да одигра.

21
22.- КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ
КЛОВНОВИ
Сценографија и костими Лира Грабул
Играа Дади Ангеловски и Драган Спасов- Дац
Прекрасна претстава за деца. Ја направивме во копродукција со Детската
амбасада. Иако беше идеална претстава за деца, мала екипа, не
одигравме многу престави.

23.- Анка Виздеи


ДОНА ХУАНА
Превод Елена и Коле Ангеловски
Сценографија Наташа Милованчев
Костими Лира Грабул
Музика Коле Ангеловски (илустрација)
Играа Јелена Жугиќ, Ѕвеѕда Ангеловска, Бранко
Ѓорчев, Дади Ангеловски, Дејан Лилиќ, Коле
Ангеловски
Многу интересна претстава. Женски Дон Жуан. Чудна комедија, но и
многу сериозна драма. Деби на Дејан, уште беше студент, играше две
улоги. За време на пробите Јелена и Ѕвезда постојано нешто се пречкаа,
не беше лесно да се работи со нив. Дури постоеше опасност и да ја
прекинеме претставата. Не се одиграа многу престави.

22
24.- Џон Милингтон Синж
ЗАВОДНИКОТ ОД ЗАПАДНИОТ СВЕТ
Сценографија Дејан Спасовиќ
Превод Елена и Коле Ангеловски
Костими Розе Трајчевска
Музика Келтикум (жива изведба)
Играа Дејан Лилиќ, Билјана Беличанец, Мајда Тушар,
Дади Ангеловски, Марин Бабиќ, Јовица
Михајловски, Диме Илиев, Роберт Велјановски,
Билјана Драгичевиќ, Сашка, Душица Стојановска
Прекрасен текст, бев пресреќен што го најдов. Имаше луѓе што ја
обожаваа претставата, а имаше такви на кои воопшто не им се допадна.
Прва улога на Билјана Беличанец во Драмски и беше одлична.
Задоволство беше да се работи со неа. Дејан за улогата на Кристи беше
прогласен за најдобар млад актер на „Екран“. На пробите мака мачевме
додека го одредивме стилот на претставата. Сериозна претстава со
комичен призвук.
Многу малку престави одигравме.

23
25.- Бомарше
СВАДБАТА НА ФИГАРО
Превод Елена и Коле Ангеловски
Сценографија Дејан Спасовиќ
Костими Лира Грабул
Кореографија Кренаре Невзати
Музика Димитрие Бужаровски
Играа Драган Спасов, Билјана Беличанец, Јелена Жугиќ,
Бранко Ѓорчев, Дејан Лилиќ, Снежана Стамеска, Димче
Мешковски, Гоце Тодоровски, Диме Илиев, Лазе
Манасков, Кети Илиевска, Олгица...
Преставата премиерно беше изведена на Охридско лето, во паркот пред
хотел Парк.
Голема комедија. А, колку тешко одеа пробите... Прво, сите глумци беа
нешто незадоволни. Те текстот не чини, те улогите се стереотипни,
божем бараа некаков втор план, а всушност ништо не работеа. Дац, од
два месеца на проби, еден месец беше пијан. Во Охрид, на три проби
пред премиерата бев очаен, се каравме, се расправавме и одеднаш пукна
претставата. Премиерата беше триумф. И за време на пробите имавме
полно гледалиште, но на премиерата и репризата игла немаше каде да
падне. Потоа, се разбира, сите беа среќни. Лира направи фантастични
костими.
Телевизијата ја сними, и неколку пати ја репризираше пред да излезе
официјалната премиера во Скопје. Но, тоа не пречеше. Сите престави,
каде и да ја играме, а ја одигравме и два пати на Кале, во рамките на
Скопско лето, беа преполни. Преставата е како старо вино, колку
постаро, толку подобро. Ќе ја играме и на фестивалот на комедија во
Куманово.
Тоа е единствената претстава во ДТ, за која во изминатава сезона се
бараше билет повеќе.

24
26.- Карло Голдони
АРЛЕКИН, СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ
Превод Коле Ангеловски
Сценографија Дејан Спасовиќ и Ибрахим Беди
Костими Лира Грабул
Музика Димитрие Бужаровски
Кореографија Кренаре Невзати
Играа Гоце Тодоровски, Марија Кондовска, Бранко
Ѓорчев, Билјана Беличанец, Јелена Жугиќ, Дејан
Лилиќ, Роберт Велјановски, Сашо Тасевски
Ја одигравме на Скопско лето, Фестивалот на комедија во Куманово и на
прославата на битолскиот театар.
Заради промени во власта, долго време ДТ беше без директор. Пред
летото беше избран Диме Станковски и бидејќи требаше веднаш да се
работи, јас како вработен во театарот морав да направам претстава. Од
минатата година го имав предложено текстот на Дејвид Грејг „Европа“,
но, бидејќи Чоре веќе имал договорено со Патрик Вешерен, режисер од
Франција да го работи истиот проект, јас морав да се откажам. Потоа
излезе дека воопшто не се работи за истиот текст. Нејсе, јас се одлучив
за „Арлекин“, бидејќи беше лето, а веќе оваа претстава ја работев во
Велес некако беше најлесно. На почетокот, пробите одеа многу тешко,
актериве кои веќе сите стана ѕвезди се нешто изволеваа. Бранко до крај
не сакаше да игра, а со Билјана имав многу гадни кавги. Кери,
кореографката, сакаше да ја тепа Јелена. Маке, Роберт и Сашо работеа
многу совесно и тоа ми даваше надеж. Во претставата, бидејќи и Голдони
употребувал дијалекти, ставив неколку македонски дијалекти. Отпрвин
сите беа против, потоа некако им легна, а по премиерата сите беа
среќни, бидејќи дијалектите беа еден од квалитетите на претставата.
Премиерата требаше да се одигра на новата сцена на Скопското кале, во
рамките на Скопско лето. Неколку дена пробавме таму. На пробите
постојано имаше публика. Но, поради лошото време, моравме да се
преселиме во салата на ДТ. Одигравме три престави пред преполн салон.

25
Преставата триумфираше. Аплаузи на отворена сцена, навивања, овации
на крајот. Сите критики позитивни, дури и на Цеце Зојчевска. Актерите
презадоволни. Дури и тогаш не им беше јасно дека направиле одлична
претстава. Од есен редовно ќе ја играме. Се надевам на долг живот.
Сенко кога дојде за директор, веднаш ја симна од репертоар.

27.- МИШЕЛ ТРЕМБЛЕЈ


СТАРИ МИРИЗБИ
Превод Елена и Коле Ангеловски
Сценографија и музика Коле Ангеловски
Костими Раде Василев
Кореографија Кренаре Навзати
Играат Роберт Велјановски, Сашо Тасевски, Васил
Зафирчев
Преставата се играше на фесивалот Ристо Шишков.
Претстава која се знаимава со проблемот на хомосексуалците. Почнавме
да ја работиме како приватна претстава, ама пак никој не умееше да
најде пари, се игра на редовен репертоар и постојано е полна. До душа,
се игра за 120 гледачи, публиката е на сцена. Претставата многу убаво ја
работевме, задоволство беше да се работи со Сашо и Роберт.

26
28.- Клаус Ман
МЕФИСТО
Работена според адаптацијата на Аријан Мнушкин
Превод Елена и Коле Ангеловски
Сценографија Валентин Свтозаров
Костими Лира Грабул
Музика Вања Николовски
Кореографија Кренаре Невзати
Играа Бранко Ѓорчев, Марија Кондовска, Биљана
Беличанец, Снежана Стамеска, Ирена Ристиќ,
Калина Наумовска, Сабина Ајрула, Дади
Ангеловски, Сашо Чамински, Роберт Вељановски,
Лазе Манасков, Анастас Тановски, Гоце
Тодоровски, Сашо Тасевски, Диме Илиев, Влатко
Ѓорѓиоски.
Учество на фестивалите во Охрид и Сараево. Бранко во Охрид беше
прогласен за најдобар актер, а Биљана во Сараево за најдобра млада
актерка.
Голема претстава, многу убаво работевме, сите го сакаа текстот и
работеа за претставата. На неколку проби, пред премиерата во Охрид,
претставата функционираше токму така како што сакав. Дури, Жана рече
дека е подобра од онаа на Аријана во Франција. Подоцна не беше така.
Некои од актерите послушаа совети од страна и почнаа нешто свое да
играат. Околу фестивалот во Сараево имаше интересни случувања.
Селекторот, кој инаку е голем пријател со Владе Милчин, одбра негова
претстава, но директорот на Фестивалот на препорака на Биш, одлучи да
ја доведе Мефисто. Потоа имаше големи реакции овде кај нас. Милчин
правеше прес конференции, пцуеше, кукаше... Цеце, нормално, го
поддржуваше... ама, си помина... Мефисто беше во Сараево и освои
награда.
Кога за директор дојде Сенко, ја симна од репертоар, како и сите мои
претстави.

27
29.- Матеј Висниек
МАЛА ТЕЗГА ЗА СТАРИ КЛОВНОВИ
Превод и сценографија Коле Ангеловски
Костими Раде Василев
Музика Димитрие Бужаровски
Играат Дади Ангеловски, Димче Мешковски, Гоце
Тодоровски
Прекрасен текст. Бев пресреќен кога го пронајдов. Текст кој говори за
достоинството на професијата и бидејќи последните две години во
Драмски (инаку Сенко ни забрани во тие две години, мене и на Диме да
режираме) се правеа разни глупости, одлучив претставата да ја
направам токму во Драмски и токму заради достоинството на
професијата.
Убаво работевме, иако со Гоце имавме некави проблеми, (дали се
дрогира под старост, немам поим) Премиерата беше триумф на
актерската игра. Иван Ивановски напиша во својата критика: „Браво
мајстори...!“ Дури и Лиле Мазова напиша позитивна критика. Не се игра
многу често, а уште колку ќе се игра, не знам.

28
НАРОДЕН ТЕАТАР СКОПЈЕ

30.- Жорж Фејдо


ПОГРИЖИ СЕ ЗА АМЕЛИЈА
Сценографија Бранко Костовски
Костими Рада Петрова - Малкиќ
Музика Андреј Белјан
Играа Кирил Ристески, Јасмина Поповска, Катина
Иванова, Слаѓана Нешиќ, Вукосава Донева, Кире
Андоновски, Братислав Димитров, Душко Костов,
Перо Арсовски, Корун...
Оваа претстава ја правев во времето кога во МНТ многу слабо одеа
претставите. Дури и направив таков договор да ми се исплатува одреден
процент од приходот на влезници, но после 50-та претстава. Одиграа
точно педесет престави и ја симнаа. Инаку, пробите течеа многу убаво,
актерите не беа навикнати на ваков „заебантски“ начин на работа и
некако сè одеше лесно. Тоа беше моја прва и едниствена театарска
соработка со Душко Костов.

29
31.- Димитрие Бужаровски
ШЕЌЕРНАТА ПРИКАЗНА
Сценографија Душан Трајковиќ
Костими Елена Дончева
Кореографија Олга Милосавлева
Пееја и играа Бранка Тодевска, Бранислав Попѓорѓиев, Кире
Лијаковски, Славица Гаиќ, Дади Ангеловски,
Димче Мешковски, членови на хорот, и група на
деца балеринчиња...
Учество на Фестивалот во Шибеник.
Прва македонска детска опера. И моја прва и единствена режија на
опера. Се одигра точно сто пати, (што за опера е фантастична бројка)
можеше вечно да се игра, бидејќи текстот на Славко Јаневски е
училишна лектира и публика ќе имаше постојано, ама дирекцијата не
сакаше одново да потпише договор со Бужаровски, а тој не сакаше
бесплатно да им ги отстапи правата за понатамошно експлоатирање...
Претставата беше измислена за деца. Одлична и концентрирана
приказна, прекрасна музика на Бужаровски, балетски нумери со
фантастични костими и Дади и Мешко кои ја водеа претставата, кои во
тоа време беа многу популарни меѓу децата и кои пееја ако не подобро,
она барем еднакво се оперските пеачи.
Меѓу балеринчињата беше и Деспина.

32.- Афродита Кирјаковска


ТРИТЕ ПРАСИЊА И ДЕДО МРАЗ
Наменска претстава за Нова година. Нешто многу многу не се сеќавам.
единствено знам дека Петре Прличко го играше Дедо Мраз и дека пред
сите го знаеше текстот.

30
33.- Русомир Богдановски
РЕКЛАМНАТА БАЈКА
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Елена Дончева
Музика Димитрие Бужаровски
Играа Драган Спасов, Кире Андоновски, Ѓорѓи Колозов,
Јасмина Поповска, Славица Ковачевиќ, Мирче
Доневски....
Оваа претстава ќе ми остане во спомен, по тоа што на три дена пред
премиерата го сменив Томе Витанов, постојано доаѓаше пијан, и јас ја
одиграв неговата улога. Потоа ја играше Ацо Шехтански. Преставата ја
паметам по задоволството во работата со Ѓорѓи Колозов, кој ми кажа
дека има тезги, но се договаравме и секогаш доаѓаше подготвен за
пробите и ширеше позитивна енергија. И по тоа што на Дац, кој во тоа
време беше студент, не му платија за преставите што ги играше, и тој
одби да дојде на една претстава. Потоа го сменија со Гоце Влахов, а мене
не ме ни прашаа.

34.- ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ
Либрето Коле Ангеловски
Музика Дарко Мијалковски и Оливер
Кореографија Ирена Лозинска
Ова ми е прв балет, за деца. Одлично беше направен, штета што подолго
не се задржа на репертоарот. Богата сценографија, со Кире, техничкиот
на МНТ, го искористивме фундусот, кој е фантастично богат и
неискористен, одлични костими, нешто шиени, нешто од фундус.
Музиката рокерска и во функција на дејствието, а Ирена направи
одлична кореографија. Масовна претстава, играше скоро целиот
ансамбл, плус деца од балетско. Не ми е јасно како не успеаа да ја
задржат на програмата.

31
ТЕАТАР НА НАРОДНОСТИ - ТУРСКА ДРАМА

35.-
Вилијам Шекспир
ВЕСЕЛИТЕ ЖЕНИ ВИНДЗОРСКИ
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Владимир Георгиевски
Музика Љупчо Константинов
Играа Џемаил Максут, Мушарев Лозана, Бедија
Беговска, Сузана Максут, Атила Клинче, Мустафа
Јашар, Лјутфи Сејфула......
Со Владо направивме многу интересна претстава. Дејствието го
префрлив да се случува во Скопје, на почетокот на веков. Фалстаф беше
турски бег, а трговците беа наши трговци, Галичани... и меѓу сета таа
булумента од Турци, Арнаути, Евреи...попаѓа еден англиски благородник
од времето на Шекспир. Сценографијата преставуваше еден огромен ан,
со голема порта во средината, која кога ќе се отвореше, внатре имаше
огромен простор за игра. Инаку, во претставата користевме и Караѓоз
театар, маски, тапани и пеливани. Навистина многу интересна претстава.
Ја работевме шест месеци. Збеснав, побудалев. Во една кавга им реков
дека знам зошто Турците останале овде 500 години. Ги мрзело да си
одат. На крајот сепак ја стокмивме претставата како што треба и
премиерата беше свеченост. Лиле Мазова напиша лоша критика! И тоа
многу ме налути. Турски не знае, со Владо откривме дека дури ни
преводот на српски не го прочитала, значи поим немаше за што се
работи и така на памет, без воопшто да разбере за што се работи,
напиша лоша критика. Од тогаш започнува мојот судир со неа и трае до
ден денес.
Репризата се одигра по месец дена, бидејќи Рамче си скршил рака (а
Рамче играше една безначајна епизода) и „не можеле да ме најдат да ме
прашаат да ли може некој да го замени Рамче“?!

32
Трета претстава не се одигра, затоа што се расипал лифтот за декор и не
може да се качи од подрумот до сцената?! Турска работа!!
Многу ми е жал што една така добра идеја, и одлично направена
претстава, со толку труд, мака и пари, заврши со две изведби.

36.- Љутви Сејфула


ПАПУЧАР
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Елена Дончева
Музика Димитар Масевски
Играа Љутви Сејфула, Мушарев Лозана, Бедија
Беговска, Мустафа Јашар, Зиба Бекир, Мукерем,
Елејса Кесо....
Претстава правена во стил на кабаре од времето пред војната.
Премиерата ја одигравме во Куршумли ан, ништо посебно, но се одиграа,
барем за Турската драма, многу претстави.

37.- Душан Радовиќ, Миро Беловиќ


КАПЕТАН ЏОН ПИПЛФОКС
сценографија Панче Минов
костими Ѓорѓи Здравев
музика Леб и сол
Играше речиси целиот ансамбл
Многу добра претстава. Салко беше фантастичен Џон Пиплфокс. Ја
снимивме и за телевизија и одеше како серија за деца, репризирана
повеќе пати. Долго живееше.

38.- Сами Фејд


КАКО ДА СЕ ОГРАБИ БАНКА

33
ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

39.- Русомир Богдановски


ЧУДОВИШТАТА ОД НАШИОТ ГРАД
сценографија Љубомир Чадиковски
костими Лира Грабул
Музика Димитрие Бужаровски
играа Дади Ангеловски, Лазе Манасков, Гоце
Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Марија
Кондовска, Магдалена Ризова, Игор Џамбазов,
Марија Киселичка, Владимир Ендровски,
Љупчо...
Учество на фестивалот во Шибеник. Мое последно учество.
Преставата ја направивме во Универзалната сала, за отворањето на
првиот театар за деца и младинци во Скопје. Премиерата помина многу
помпезно. Пред почетокот на претставата, пред Универзалната сала,
градоначалникот и Чадик пуштија еден огромен балон во вселената со
порака дека е отворен детскиот театар. Салата беше преполна, деца,
родители, званици, политичари... Не знам колку престави потоа се
одиграа, најверојатно не многу, сепак Универзална сала е преголема за
театар. Потоа направив телевизијска серија во шест епизоди. А
претставата беше многу добра.

34
40.- Коле Ангеловски
УЧИЛИШТЕ НА КЛОВНОВИ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Љупчо Мирковски
Играа Тања Кочовска, Олгица Христова, Кети Илиевска,
Предраг…, Влатко Ѓорѓиоски.
Преставата учествуваше на меѓународниот фестивал за деца во Котор.
Уште една од многуте варијанти на „Училиште за кловнови“ која супер
функционираше...

41.- Оливера Николова


ЧУК, ЧУК СТОЈАНЧЕ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Ѓорќи Здравев
Музика Љупчо Мирковски
Кореографија Сања Шутевска
Играат Дади Ангеловски, Тања Кочовска, Гоце
Тодоровски, Олгица Христова, Влатко Лазовски,
Кети Иливска. Драган Довлев, Амернис Нокшиќи
Учество на фестивалот во Суботица, Тања доби награда.
Се мачев, по преставата во Драмски театар, што ја работев пред повеќе
од дваесетина година, да смислам некој штос. Мислам дека направив
една носталгична, убава и игрива приказна. И тоа ми беше многу важно,
да направам приказна. Денес убави приказни скоро и да нема.

35
ДОМ НА МЛАДИ

42.- Ања Предан, Коле Ангеловски


УЧИЛИШТЕ ЗА КЛОВНОВИ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Лира Грабул
Музика Димитар Масевски
Играа Игор Џамбазов, Соња Ошавкова, Дади
Ангеловски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски
Преставата ја направивме како приватен проект во Домот на младите.
Претставата си беше супер, ама некако слабо нè бива за приватни
проекти.
Потоа направив серија за телевизија.

36
НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА

43.- Душан Ковачевиќ


МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ
Превод Миле Поповски
Сценографија Перица Ангеловски
Костими Елена Дончева
Музика Христо Бојаџиев
Кореографија Љупка...
Играа Коста Џеки, Бабецот, Ацо Стефановски, Јосиф
Јосифовски, Менде Марковски, Радојка Димовска, Илко
Стефановски, Борис Чоревски, Менка Бојаџиева
Чудо од претстава. Старите глумци беа шампиони. Не знаеш кој од кого
подобар. Иако веќе долго време не се игра претставата, половина од
актерите се веќе починати, за оваа претстава се раскажува како за една
од легендите на Битолскиот театар. Такво задоволство беше работата со
нив, што ретко кога и ретко каде ми се повторило. Точно ми го погодија
стилот, де се игра со сите нишани, „по Станиславски“, а сето тоа да биде
исчашено. Преставата по надворешниот изглед потсетуваше на стрипот
за Алан Форд. Многумина што беа ја виделе легендарната претстава на
Ателје 212, велеа дека нашава е подобра.

37
44.- Аља Предан, Коле Ангеловски
УЧИЛИШТЕ ЗА КЛОВНОВИ
Сценографија Перица Ангеловски
Костими Елена Дончева
Музика Димитар Масевски
Кореографија Љупка...
Играа Пепи Мирчевски, Соња Михајлова, Соња Здравкова,
Владо Талевски, Слободан Степановски, Сребра
Ѓаковски, вежбачи и група на балеринчиња.
Преставата учествуваше на фестивалот во Шибеник.
Оваа претстава ја работев со тогашната млада и надежна генерација на
Битолскиот театар. Сите млади, па убави, па школувани, па полни со
позитивна енергија. Работевме како што се работи по тие највисоки
школи за глума. Со физички и гласовни вежби пред секоја проба (после
тоа уште за една претстава така се работеше и никогаш повеќе). Големо
задоволство ми беше работата и на оваа претстава, а и публиката со
радост ја прими. Се одиграа, нормално, онолку престави колку имаше
публика.

38
45.- Душан Ковачевиќ
БАЛКАНСКИ ШПИУН
Сценографија Васко Ташковски
Костими Елена Дончева
Музика Христо Бојаџиев
Играа Ацо Стефановски, Олга Наумовска, Јосиф
Јосифовски, Менде Марковски, Јасмина
Поповска
Преставата учествуваше на Војдан Чернодрински и на Охридско лето.
Една од големите престави. Не само на Битолскиот театар, туку воопшто.
Школа за глума. Сите тројца на „Војдан“ добија награди. Неколку пати ја
гледав претставата и секогаш се прашував како е можно толку добро да
играат. А со оваа претстава поврзани се неколку анегдоти. Прво текстот.
Во Драмски се подготвуваше „Косанчиќев венац“ и авторот Слободан
Селениќ беше дојден да погледа проба. Унко ми кажа дека Слободан го
оставил кај Ристо (директорот) најновиот текст на Душан Ковачевиќ, кој
бил одличен. Веднаш отидов и му го побарав текстот да го прочитам.
Ристо не беше многу среќен да ми го даде, но ми рече да му го вратам за
два саати, затоа што Слободан вечерта се враќал во Белград и текстот го
носел со себе. Јас без да го читам (знаев дека Душан, барем во тоа
време, не може да напише лош текст) веднаш го фотокопирав во два
примероци и му го вратив текстот на директорот. Подоцна, кога го
прочитав, веднаш знаев дека во Битола имам идеална поделба (Олга
дури и приватно ја имала истата судбина на ликот што го играше) и му го
пратив текстот на Баге, кој веднаш го прифати и го даде на
преведување. Но, имаше проблем со авторот кој правото на праизведба
го продал на Југословенско драмско, и ние моравме да чекаме да излезе
нивната премиера, па потоа нашата. Па во Југословенско драмско
работите се искомплицираа, па ја одложија премиерата, а ние веќе бевме
готови, па убедување со Душан и на крајот се согласи да ни дозволи да
го одиграме текстот како праизведба во Југославија, но не смееме да ја
пријавиме за Стериино позорје и финансиските услови исти како за во

39
Југодрп. Баге прифати (многу ми е жал за Стериино, сигурно лом ќе
направевме). А, финансиските услови беа, да речеме едно 2000 марки
како аванс и потоа 25% од билетите на премиерата и 20% од секоја
реприза. Претставата се одигра 80 пати, пред постојано полн салон. Ацо
почина, инаку сигурно уште ќе се играше. И сега, 400 гледачи во просек
по 2 марки билет, тоа се 800 марки од претстава, 20% од приходот 160
марки од претстава, 80 престави по 160 марки, не е лошо воопшто.
Интересен беше и начинот на пробите. Ацо, Олга, Јосиф не се
поднесуваа, дури и не разговараа меѓу себе и на пробите сè нешто
маркираа, морав да употребувам специјални трикови за да ги
испровоцирам. На крајот, сепак мајсторите се мајстори, и претставата
беше чудо.

40
46.- К. Полазаревски, Иван Карадак
КАБАРЕ ШКЕМБАРЕ
сценографија Валентин Светозарев
костими Благоја Мицевски
музика Димитар Масевски
кореографија Љупка
играа Борис Чоревски, Сузна Киранџиева, Илко
Стефановски, Пепи Мирчевски, Слободан
Степановски, Менка Бојаџиева, Соња Михајлова,
и други...
Ова кабаре требаше да биде пандан на „Коприварникот“ во ДТ, Но, ни
оддалеку не беше тоа. Прво, текстот на К. Полазаревски повеќе беше
сатира и тоа некако книжевна сатира, па морав да го дополнувам со веќе
испробани скечеви на Карадак, а ни глумците не беа многу вични за
ваков тип на театар. Сепак, кабарето си ја изврши својата функција.

41
47.- Молиер
ЃАВОЛШТИНИТЕ НА СКАПЕН
Превод Калиопа Петрушевска
Сценографија Перица Ангеловски
Костими Елена Дончева
Музика Љупчо Константинов
Кореографија Љупка......
Играа Петар Мирчевски, Петар Стојковски-Бабец,
Љубиша Трајковски, Владимир Талевски, Соња
Михајлова, Илко Стафановски, Цобе
Степановски, Сузана Киранџиска и други...
Преставата премиерно беше изведена на Охридско лето. Учествуваше и
на Фестивалот во Шибеник.
Многу атрактивна и духовита претстава. Во Охрид ја игравме на
„Сараиште“. На почетокот артистите доаѓа со коли, магариња, со кајчиња
од езерото. И, бидејќи пробавме на сред плоштад, а организаторите
никако не можеа да ја затворат улицата, скоро и да не можев да имам
проби. Луѓето со столчиња, чергичиња си доаѓаа и ги следаа пробите.
Артистите, гледајќи публика пред себе играа претстава, а јас ако
некогаш и се осмелев да интервенирам, публиката со негодување ме
прекинуваше. Среќа што претставата беше скоро готова уште во Битола,
тука само ја ставивме во простор. Брилјантни улоги направија Бабецот и
Љубиша. Особено Љубиша, кој иако болен од рак на грло, опериран, со
една гласна жица, беше неодолив.
И во Шибеник, претставата помина многу убаво, онака медитерански,
распеана и весела.

42
48.- Русомир Богдановски
РЕКЛАМНА БАЈКА
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Лира Грабул
Музика Димиитрије Бужаровски
Кореографија
Играа Владо Талевски, Сашо Огненовски, Пепи Мирчевски,
Соња Ошавкова, Менка Бојаџиева, Илко Стефановски
Слободан Степановски.......
Претставата се играше на фестивалот во Шибеник и на игрите Војдан
Чернодрински.
Моја последна голема претстава за деца. Многу убаво работевме.
Актерите, тогаш сè уште млади и орни за работа, уживаа во пробите и во
градењето на ликовите.
Една интересна случка. Во Шибеник, нешто се случи со Пепи, и морав да
го заменам. Улогата, нормално, ја одиграв на општо задоволство.

49.- Жорж Фејдо


МИСИР
Превод Ирена Стефановска
Сценографија Валентин Светозарев
Костими Благоја Мицевски
Музика Христо Бојаџиев
Играа Борис Чоревски, Пепи Мирчевски, Валентина
Грамосоли, Соња Михајлова, Јулијана Стефановска,
Менка Бојаџиева, Соња Ошавкова, Илко Стефановски,
Менде Марковски, Петар Горко......
Комедија, направена со сите нишани, од сценографија, костими, играта
на актерите. Сите беа добри, а Чоре направи улога за паметење.
Преставата долго се играше на репертоарот на театарот.

43
50.- Шекспир
КОМЕДИЈА НА ЗАБУНИ
Превод Богомил Ѓузел и Драги Михајловски
Сценографија Валентин Светозерев
Костимографија Благоја Мицевски
Музика Димитрије Бужаровски
Играа Борис Чоревски, Сашо Ордановски, Соња Михајлова,
Валентина Грамосоли, Соња Ошавкова, Менка
Бојаџиева, Елена Мошева, Јулијана Стефановска,
Радојка Димевска
Не знам каде ја утнав работата. Можеби, затоа што веќе ја правев истата
претстава во Сараево. Интересна комбинација. Мајсторите од „Сонот на
летната ноќ“ и тоа жени, ги играат „Забуните“. Можеби драматуршки
беше премногу комплицирано. А и глумците беа некако уморни. Ништо не
ги интересираше. Дури ни текстот не го знаеја. После тоа имав долга
пауза во Битола.

44
51.- Жорж Фејдо
ТИ СИ НА РЕД
Превод Коле Ангеловски
Сценографија Валентин Светозарев
Костими Благоја Мицевски
Музика Христо Бојаџиев
Играа Борис Чоревски, Илко Стефановски, Митко
Апостоловски, Сузана Живорадиќ, Сонја Ошавкова,
Кристина..., Радојка Димевска, Цобе Степановски,
Душко Јовановиќ, Петар Стојковски, Петар Горко,
Сребре Ѓаковски....
Добра комедија. Учествува на вториот Фестивал на комедијата во
Куманово.
Убаво работев, публиката одлично ја прими. Имав лоши критики. Ама, ми
се направи ќеиф. Цеце во „Вечер“ и Даниела во „Екран“ напишаа дека не
сум направил водвиљ, туку само комедија. Потоа со аргументи, на
Даниела, со Цеце не сакам да разговарам, им докажав дека и самиот
Фејдо напишал во насловот дека тоа е комедија, а не водвиљ, и дека
водвиљ е сосема поинаков жанр. Ми се извини. Какво фајде?!

45
52.- Жорж Фејдо
ЉУБОВ И ПИЈАНО
Комедија составена од три едночинки на Фејдо. „Љубов и пијано“, „Ти
спиеш... тебе ти се спие“, и „Ај, не туку ми се шетај гола“.
Превод и адаптација Коле Ангеловски
Сценографија Драган Анџелковиќ
Костими Благоја Мицевски
Музика Христо Бојаџиев
Играа Сашо Огненовски, Кристина…...Душко Јовановиќ,
Борис Чоревски, Слободан Степановски, Јулијана
Стефановска, Габриела Петрушевска, Јосиф
Јосифовски.
Учество на фестивалите на комедија во Куманово и Тропоја (Албанија)
Инаку, не ме зедоа на ниту еден фестивал.
Одлична комедија. Публиката збеснуваше. Сите актери беа супер. Дури
ми напишаа и добри критики.

46
НАРОДЕН ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ - ПРИЛЕП

53.- Батурински
АМАМОТ
Превод Саша Маркус
Сценографија Васил Костов
Костими Ѓорѓи Здравев
Играа Трајче Ивановски, Лилјана Ракиџиева, Ева
Глишиќ, Виолета Лазареска, Благоја Спирковски,
Лидија Ивановска ....
Моја прва режија во Прилеп. Интересна претстава. Имаше еден многу
добар руски филм на истата тема. Еден детал: Во претставата имавме
када која функционираше и Џумерко се капеше на секоја претстава
влегувајќи во кадата облечен во свечен костум. Уште еден детал: На
премиерата Перо... кој играше една епизода, беше камен пијан. Не
можеше збор од текстот да каже. До душа, и сцената беше таква.

54.- Миле Попоски


СОЛУНСКИ ПАТРДИИ
Сценографија Васко Костов
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Љубомир Бранџолица
Играа Благоја Спирковски, Трајче Ивановски, Ева Глишиќ,
Андон Јовановски, Маријан Чакмаковски, Лидија
Ивановска, Благоја Ивчевски, Виолета Лазареска
Учество на игрите Војдан Чернодрински.
Престава која сè уште го држи рекордот на Прилепскиот театар. 100
репризи. Рекорд кој сигурно долго нема да биде соборен. Одлична
претстава. На игрите Џумерко доби награда за улога, а и претставата ќе
добиеше награда за најдобра претстава, но се замешаа некакви мрачни
сили (Лиле Мазева) и претставата извиси. Пепи и Џумерко беа одлични.
Потоа играа и во серијата.

47
55.- Миле Попоски
ТУЃО САКАМЕ, СВОЕ НЕ ДАВАМЕ
Сценографија Васил Костов
Костими
МузИграа Благоја Спирковски, Марјан Чакмаковски, Виолета
Лазареска, Лидија Ивановска, Димитар Вандевски и други...
Претстава работена според текст на Пирандело. Не помина најдобро.
Миле, иако добро го напиша текстот, не дозволуваше збор да се скрати.
Преставата беше долга и на места досадна. Критиките не беа позитивни.
Потоа Миле ми се налути. А јас го направив за инает.

56.- Миле Попоски


ПОКОЈНИОТ ВЕЛИКАН
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими
Музика
Играа Благоја Спирковски, Димитар Вандевски, Трајче
Ивановски, Лидија Ивановска, Виолета
Лазареска, Марјан Чакмаковски, Најдо
Тодески......
Претстава се играше во домот на културата... Интересна претстава, но не
се одигра многу. Мој прв судир со Чадик. Прати скици за сценографијата
и ниту еднаш не се појави. Инаку темата слична на „Собирен центар“.

48
57.- Војдан Чернодрински
ДУХОТ НА СЛОБОДАТА
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Леб и сол
Адаптација Коле Ангеловски
Играа Виолета Лазареска, Благоја Спирковски, Марјан
Чакмаковски, Трајче Ивановски, Димитар
Вандевски, Благоја Ивчевски, Андон Јовановски,
Ева Глишиќ, Лидија Ивановска, Најдо
Тодески.......
Учество на игрите Војдан Чернодрински... Многу интересна претстава.
Направив спој од повеќе дела на Чернодрински и претставата звучеше
некако Шекспировски. Ги исфрлив сите наивности и драмата на
грабнатата девојка звучеше многу сурово и силно. Да беше на некое
друго место, во театриве во Скопје, сигурно ќе имаше многу поголем
одек. Штета!

58.- Том Кемпински


МОЛАМ ЗА СЕКС
Превод Благоја Ивчевски
Сценографоја Васко Костов
Костими Розе Трајчевска
Музика Христо Бојаџиеев
Играа Катина Иванова, Ѕвезда Ангеловска, Андон
Јовановски, Трајче и Лидија Ивановски, Благоја
Ивчевски, Најдо Тодевски.......
Одлична комедија. Една од најдобрите што сум ги направил. Многу убаво
работевме. Ѕвезда беше брилјантна. Преставата одеше многу и заработи
многу пари за театарот.

49
59.- Реј Куни
НЕ СЕГА ДРАГА...
Превод Ирена Стефановска
Сценографија Валентин Светозарев
Костими
Музика
Играа Трајче Ивановски, Јулина Стефановска, Андон
Јовановски, Благоја Спирковски, Најдо Тодески,
Виолета Лазареска....
Претставата се играше во Домот на културата. Потоа се префрли во
театарот. Пепи и Јулка беа одлични. Откако се симна од репертоарот и
јас ја поставив во Скопје со Дац, го ангажирав Пепи и во Драмски одеше
преку 150 пати. Пепи беше пресреќен.

60.- Благоја Ристески


ИБРО ЈАРАНЕ
Играа Миралем Зубчевиќ и Благоја Спирковски
Преставата учествуваваше на ФААТ, каде двајцата актери добија
награди. Учествуваше и на фестивалот во Струмица.
Претстава инспирирана од војната во Босна и распадот на Југославија.
Двајцата глумци беа одлични. Јас нешто малку им помогнав.

50
61.-
Жан Жак Брикер, Морис Ласаж
ЧЕСТА НА ЧИПОЛИНО
Сценографија Васко Костов
Превод Коле Ангеловски
Костими Розе Трајчевска
Музика Христо Бојаџиев
Играа Трајче и Лидија Ивановски, Билјана Беличанец,
Кети Димчевска, Андон Јовановски, Марјан
Чакмаковски, Благоја Спирковски, Најдо
Тодевски....
Многу убава комедија. Ем смешна, ем многу хумана. Први големи улоги
на Билјана и Кети. Одлични беа. Инаку, текстот во Франција бил
прогласен за најдобра комедија на годината. Беше задоволство да се
работи. Воопшто, во Прилеп работев многу убаво.

62.- Ги Фоази
ЗАЛИВ
Сценографија Васко Костов
Играа Трајче и Лидија Ивановски
Преставата учествуваше на повеќе фестивали. Беше правена за
прославата на 30-годишнината од работата на Пепи и одењето во пензија
на Лидија. Беа многу добри. Текстот е одличен - еколошки.

63.- Ласица
СОЈТАРИИ
Сценографија Васко Костов
Играа Димитар Вандевски, Марјан Чакмаковски,
Перо..., Виолета Лазароска
Преставава ја правев како кабаре, работејќи некоја друга претстава, но
не се сеќавам која.

51
64.- Коле Ангеловски
КУМОВИ...
сценографија Васко Костов
костими Розе Трајчевска
музика Љупчо Константинов
играа Игор Трпчевски, Билјана Беличанцец, Благоја
Спирковски, Андон Јовановски, Најдо Тодевски,
Димитер Вандевски, Трајче Ивановски, Цена...
Благоја Ивчевски...
По претставата во Скопје, во Драмски театар, го направив истиот текст
во Прилеп. Она што не успеав да ги донесам Џумерко и Билјана во
Скопје, овде ги одиграа улогите маестрално. И претставата беше многу
добра. Во некои елементи многу подобра од скопската. Прва улога на
Игор, ама крв проплукав со него. Невозможно беше да се работи. Ужас од
карактер, а талентирано момче и посебно со телото сè може да направи.

67.- Теренкиј
ЕВНУХ
Превод Коле Ангеловски
Сценографија Васко Костов
Костими Благоја Мицевски
Музика Христо Бојаџиев
Играа Трајче Ивановски, Благоја Спирковски, Игор
Трпчевски, Виолета Лазароска, Андон
Јовановски, Најдо Тодески, Благоја Ивчевски,
Димитар Вандевски, Цена... и други
Прва изведба на Теренкиј во Македонија воопшто. Преставата беше
многу откачена и наиде на одличен прием кај публиката. Критичарките
ме направија партал. За време на пробите многу се забавувавме, освен
со Игор со кого повторно имав проблеми и не знам зошто го земав.
Инаку, претставата ја работев во стилот на Астерикс....

52
68.- Реј Куни
ФАНИ МАНИ
превод Коле Ангеловски
сценографија Васко Костов
играа Трајче Ивановски, Димитар Вандевски, Цена
Чавлевска, Виолета Лазароска, Благоја
Ивчевски, Андон Јовановски, Најдо Тодевски
Одлична комедија. Направи растур. Во оваа претстава сè беше добро.
Бргу ја сработивме. Публиката ја обожаваше, а и јас уживав и за време
на пробите и неколкуте престави што ги гледав. Ужасно ми е жал што
Марјан, вмровецот, новиот директор, ја симна без да ја пријави за
Куманово.

69.- Жорж Фејдо


АФЕРАТА ЕДВАРД
Превод и адаптација Коле Ангеловски
Сценографија Драган Анѓелковиќ
Костими Благоја Мицевски
Музика Христо Бојаџиев
Играа Благоја Спирковски - Џумерко, Ане…, Трајче
Ивановски, Андон Јовановски, Владко Ѓорѓиоски,
Стојан Дамчевски, Најдо Тодески, Цена
Чавлеска…
Некако тешко одеа пробите, Џумерко, кој инаку не беше лош, ни на
премиера не научи некои текстови. Инаку, публиката одлично ја прими и
одиграа многу престави.

53
70.- Рафи Шарт
ЖЕНА МИ СЕ ВИКА БОРИС
Сценографија Васко Костов
Костими сами
Музика јас
Превод и адаптација Коле Ангеловски
Играа Андон Јовановски, Лили Батлевска, Слободан
Степановски, Јулијана Стефановска, Игор
Трпчевски, Цена Чавлеска, Ванде...
Супер претстава, сè беше добро и пак тој кретен од Марјан не ја однесе
на фестивалот во Куманово, а тоа сигурно беше најдобрата комедија во
тој момент во Македонија.

71.- Душан Ковачевиќ


СОБИРЕН ЦЕНТАР
Сценографија Васил костов
Костими Раде Василев
Музика Мими Бучаровски
Играше целокупниот актерски ансамбл, дури и реквизитерот Гоце и Лиле
суфлерката. И, тоа ме правеше особено среќен. Луѓето си ја сакаа
преставата и убаво си работеа... И воопшто, во Прилеп секогаш некако
пробите ми одат убаво, И многу сум среќен кога работам таму.
Преставата е шампионска, дури и Цеце, по гостувањето во Скопје,
напиша позитивна критика... Публката одлично ја прима, насекаде каде
се игра... Малку ме нервираа некои „интелектуалци“, кои демек „им се
допаѓа преставата, ама со тие глумци толку“, а глумците си беа одлични,
Џумерко чудо, иако додека работевме цело време беше фатен од ишијас.
Ми се направи ќеиф и заради Столе, кој повторно се врати за директор
во театарот.

54
НАРОДЕН ТЕАТАР - КУМАНОВО

72.- Оливера Николова


СРЕБРЕНОТО ЈАБОЛКО
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Димитар Масевски
Играа Илија Струмениковски, Душко Ѓорѓиовски,
Лјубица Гојковиќ, Слаѓана Нешиќ, Виолета
Шапковска....
Многу убава претстава, учествуваше на неколку фестивали и гостувања.
Моја прва режија во Куманово.

73.- Русомир Богдановски


НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО
Сценографија Љубиша Јовановски
Костимографија Елена Дончева
Музика Димитар Масевски
Играа Драган Спасов, Магдалена Ризова, Лјубица
Гојковиќ, Илија Струмениковски, Живко
Пешевски, Марија Ѓурчева, Шипе, Љушка...
Учество на фестивалот Војдан Чернодрински
Многу добра претстава. Дац во Прилеп доби награда за најдобар млад
глумец. Први улоги на Маги и Марија....

55
74.- Милан Пешиќ
ЛОВЕЧКА СКАЗНА
Сценографија Љубиша Јовановски
Костими Лира Грабул
Играа Горан Илиќ, Магдалена Ризова, Живко Пешевски
Функционална детска претстава....

75.- Коле Ангеловски, Владе Талевски


ТУКА ЛИ Е ПЕРО?
Сценографија Крсте Џидров
Костими Розе Трајчевска
Музика Лјубиша Јовановски
Играа Горан Илиќ, Жаклина Стевковска, Верче,
Љубица Гојковиќ, Живко Пешевски, Митко
Апостоловски, Илија Струмениковски, Шипе....
Современа одлична комедија. Многу ја играа. Истиов текст потоа се
играше во Битола како приватна претстава и таму направи лом и во
Неготино со аматерите.

56
НАРОДЕН ТЕАТАР - ВЕЛЕС

76.- Русомир Богдановски


ПАНУРГИЈЕ
Сценографија Илија....
Костими Елена Дончева
Музика Димитар Масевски
Играа Младен Крстевски, Јордан Витанов, Кица
Велјановска, Александар Георгиев, Гравче,
Љубе Терзиев...
Моја прва режија во Велес. Хонорарот ми беше „Брако“ приколка. Инаку,
претставата ја работев поинаку од онаа во Скопје.

77.- Молиер
ДОН ЖУАН
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Сунца....
Музика Реквиемот на Моцарт
Играа Младен Крстевски, Дампе, Марија Кондовска,
Соња Ошавкова, Јордан Витанов, Љубе Терзиев,
Слободанка Чичевска, Александар Георгиев...
Преставата учествуваше на игрите Војдан Чернодрински.
За оваа претстава многу ми е жал. Не требаше да ја правам во Велес.
Глумците, особено Младен и Дампе не беа дораснати за овој текст.
Напразно потрошив одлична идеја. Ама, и јас сум глуп. Во Велес „Дон
Жуан“...

57
78.- Жанина Мирчевска
КРЧМА НА ПАТОТ ЗА ЈЕВРОПА
Сценографија Илија....
Костими Лира Грабул
Музика Димитрие Бужаровски
Игра Младен Крстевски, Јордан Витанов, Слободанка
Чичевска, Александар Георгиев, Љубе Терзиев,
Гравче, Дампе....
Учество на фестивалот Војдан Чернодрински.
За улогота на Содо арамијата, Јордан доби награда.
Многу добра претстава, една од најдобрите што сум ги направил. Некако
сè ми се погоди. иако текстот на Жанина беше студентски текст од втора
година, ми се чини дека е нејзин најдобар текст. А имав многу проблеми
со неа. Сè нешто мрчеше, негодуваше, не сакаше да го даде текстот, на
пробите беше многу негативна. Дури $ забранив да доаѓа. После
премиерата беше многу среќна и ми се извини.

79.- Карло Голдони


АРЛЕКИН, СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ
Сценографија Илија...
Костими Лира Грабул
Музика Димитрие Бужаровски
Играа Гоце Тодоровски, Зорица Панчиќ, Јордан
Витанов, Александар Георгиев, Љубе Терзиев,
Сашо Тасевски, Кица Велјановска......
Убава претстава. Чиста и едноставна. Глумците играа со многу радост и
позитивна енергија. На премиерата дојде еден театарски критичар од
„Либерасион“ кој не можеше да се изначуди, дека некаде во некаква
вукоебина, а беше и некое лошо време со дожд и кал, се игра толку
добра претстава и пред толку народ.

58
80.- Јержи Гловацки
ФОРТИНБРАНС Е ПИЈАН
Сценографија Валентин Светозарев
Костими Благоја Мицевски
Музика Христо Бојаџиев
Играа Игор Трпчевски, Младен Крстевски, Јордан
Витанов, Зорица Панчиќ, Кица Велјановска,
Александар Георгиев, Љубе Терзиев, Гравче,
Дампе...
Преставата учествуваше на Војдан Чернодрински.
И за оваа претстава многу ми е жал. Можеше да биде извонредна
претстава. Ама многу гомна се собраа во екипата. Пред сè, Игор, кој ја
играше насловната улога и бликаше со негативна енергија. Што сè не се
обидов со него, и приватно и јавно. Тоа дете е концентрирано зло. И
Младен, глуп, а препотентен и нахален. Многу се каравме. По оваа
претстава престана мојата соработка со Велешкиот театар. Штета и за
мене и за нив.

59
81.- СТРИП ШЕКСПИР
Сценографија Илина Ангеловска
Костимографија Раде Василев
Музика Мими Бужаровски
Кореографија Кренаре Невзати
Превод Драги Михајловски
Играат Слободанка Чичевска, Зорица Панчиќ, Викторија
Терзиева, Васил Зафирчев, Зоран Љутков,
Влатко Ѓорѓиоски
Преставата учествувавше на Скоско лето, Војдан Чернодрински...
Супер претстава, ја составивме од неколку најтажни трагедии на
Шекспир и од тоа направивме стрип. Глумците фантастични, на
почетоткот мака мачевме додека го фатија стилот, ама потоа сè
функционираше како саат, И нешто што многу ме радуваше во оваа
престава беше што луѓето што работат зад сцената, беа неверојатно
креативни и многу си ја сакаа преставата. Преставата се играше често и
во Скопје и младите, а таа беше наменета пред сè за тинејџерската
публика, ја обожаваа; навиваа како на спортски натпревар. Инаку,
преставата не се игра, толку колку што би можела затоа што овие млади
ѕвезди многу тешко се собираат. Додуша, така беше и на пробите.

60
НАРОДЕН ТЕАТАР АНТОН ПАНОВ - СТРУМИЦА

82.- Коле Ангеловски, Владо Талевски


СЕДУМКА, ЉУБОВ И СМРТ
Сценографија Благоја Мицевски
Костими Благоја Мицевски
Музика Љупчо Филев
Играа Кире Здравевски, Оливера Аризанова, Бранко
Бенинов, Ванчо Крстев, Душко Костов, Зора
Георгиева, Крсте Јовановски....
Добра комедија, и добро работевме... Мое прво гостување во Струмица.
Градот и луѓето ме одушевија. Ми беше многу убаво за време на пробите.
И неколку чудни работи ми се случија, ама за тоа друг пат. Критичарките
претставата лошо ја оценија, а публиката одлично ја прими. Мислев дека
ќе ја играат повеќе.

83.- Молиер
ТРИ ФАРСИ
Превод Коле Ангеловски
Костими Елена Дончева
Музика Венко Серафимов
Играа Бранко Бенинов, Ване Крстев, Ване Мелев, Крсте
Јовановски, Тинче Георгиева, Зора Георгиева,
Коле Черкезов......
Учество на Фестивалот на комедија во Куманово, на Скопско и Штипско
лето.
Условите за работа беа ужасни. Беше зима и до минус 15, а греењето
никакво. На премиерата, со два дена греење, температурата беше плус 6.
Публиката ја следеше премиерата со капути и капи. Критичарките
смрзнаа и нормално - напишаа лоши критики. Преставата си ја исполни
својата функција. Убаво се изигра.

61
НАРОДЕН ТЕАТАР - ШТИП

84.- Гогољ
РЕВИЗОР
Сценографија Тодор....
Костими
Музика
Играа Гоце Тодоровски, Стојан Арев, Јелица..., Лазе
Атанасов, Валентина..., Мони, Драган
Механџиски...
Прва режија во Штип. Со Гоце убаво работевме. Тогаш открив дека Гоце
кога е надвор од тие негови хааахаха-хииихи одлично работи. Инаку,
претставата беше правена во современа верзија. Мафија и власт. Таква
идеја сигурно одлично би функционирала и сега.

62
85.- Валентин Катаев
СОНЧОГЛЕДИ
Превод Коле Ангеловски
Сценографија Методи Андонов
Костими Жаклина Крсетва
Музика
Играа Кирче Андоновски, Билјана Драгичевиќ, Роне...,
Раде Рогожаров, Руиш Мустафа, Драган
Механџиски, Стојан Арев, Данче Зенделска,
Валентина......
Ова ми беше прва претстава по голема пауза од едно десетина-дванесет
години. Убаво ја сработивме и претставата си ја исполни својата
функција.
Инаку, јас текстот го најдов во Париз, претстава која беше една од
хитовите на приватните театри. Откако го преведов и кога веќе почнавме
да го работиме, открив дека тој текст го играле во театарот во Штип
некаде во почетокот на педесеттите години. Дури најдов делови од тој
текст. Интересно е дека тогаш текстовите ги набирале улога по улога, со
шлагворти на претходниот лик. Не го набирале целиот текст. По тоа што
го видов, не можев да го препознаам текстот.

63
86.- Ѓула Ѓерѓеј
СЕКС ТАБЛЕТКИ
Сценографија Методи Андонов
Костими Невенка...
Музика
Играа Драган Механџиски, Марија Кондова, Руиш и
Сухи Мустафа, Бранко Бенинов, Ванчо Крстев,
Оливера Аризанова, Стојан и Елица Ареви,
Љупчо Бреслиски, Данче Зенделска, Вале...
Најголемиот хит во Штипскиот театар. Преставата се правеше како
копродукција помеѓу Струмица и Штип. Лом. Преставата функционираше
како саат секаде каде што ќе се појавеше. А беше во Куманово на
Фестивалот на комедијата, во Скопје во Универзална сала продадени
четири полни претстави (Двете не се одиграа. Оливера направи скандал.
Бидејќи не $ донесоа еден од костимите, си отиде и преставите мораа да
бидат откажани.) во Струмица, Делчево, Кочани, Радовиш... Одиграа
дваесет престави (Двете во Универзална се како петнаесет во театарот).
Но цело време, директорот Устапетров и тој прочуен драматург на
Штипскиот театар - Трајче Кацаров (кој, патем, воопшто не се појави на
ниту една проба) работеа претставата да не се игра. (Инаку, во Штип
просек на одиграни престави, од тие уметничките, е една до две
репризи)
Оваа претстава ќе ми остане во сеќавање по изворедното дружење и
позитивната енергија за време на пробите и по нив. Главен тон даваа
Бранче и Маке, но и другите го прифатија таквото дружење. Инаку, потоа
Устаперов, директорот, не ни ги доплати хонорарите, А Маке поднесе и
тужба против театарот, бидејќи новиот директор не сака да исплатува
стари долгови.

64
АКАДЕМСКО ДРУШТВО „МИРЧЕ АЦЕВ“

87.- Горан Стефановски


ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ
Не се сеќавам кој правеше сценографија, костими и музика и како точно
се викаа актерите, беа студенти или вработени, одлично се дружевме,
супер работеа и направивме многу добра претстава, многу подобра дури
и да ја работев во некој професионален театар. Кочо, Драган, Нена и
другите беа одлични.

88.- Русомир Богдановски


ПАНУРГИЕ
Во ист стил и со истата екипа го направив Панургие. Одлични беа.

65
ПОЗОРИШТЕ МЛАДИХ - САРАЈЕВО

89.- Горан Стефановски


ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ
Сценографија
Костими Вања.......
Музика Леб и сол
Играа Сеад Бејтовиќ, Драго Бука, Халима..., Раде
Чоловиќ, Алија Алјовиќ... и други...
Преставата учествуваше на фестивалот во Шибеник, беше прогласена за
најдобра претстава. Потоа на регионалните фестивали во Брчко и Јајце.
Од Јане Задрогаз направив детска претстава, многу чудна, и со страшно
позитивна енергија. Тоа е една од најдобрите престави што сум ги
направил. Одлично се дружевме и многу добро соработувавме.

90.- Горан Бабиќ


ОДИСЕЈА, ХЕРОЈСКО ДОБА...
Сценографија Миодраг Табачки
Костими Мирослав Благоевиќ
Музика Енцо Лесиќ
Играше Речиси целиот ансамбл на тетарот
Преставата беше правена во рамките на Сараевска зима, учествуваше на
фестивалите во Шибеник, Јајце и Брчко, освои неколку награди.
Претстава правена со многу пари. Голем спектакл.
Најинтересен во целото работење беше костимографот Благоевиќ. На
првото читање, првиот ден, ми дојде со 400 скици, а требаше да направи
40 костими... Живеевме заедно, секој ден стануваше во 5 часот наутро,
одеше во театарот, сам ги ткаеше материјалите, ги плетеше, ги фарбаше
и потоа им ги даваше на шестте мајстори кројачи да ги шијат. На пример,
еден костим на Наусикаја, го направи од 800 цветови, а секој цвет беше
рачно правен. Или, на Кирка $ направи превез од разни тилови во боја
долг девет метри. Кога си одеше, кројачите го честеа целиот ансамбл. И

66
сценографијата беше многу интересна. Визуелно, тоа беше многу богата
претстава... Но, веќе во тоа време, а тоа е некаде крајот на
осумдесеттите години, почнаа разни политички препукувања... Така, во
Шибеник, многу хрватски критичари се нафрлија врз Горан Бабиќ, кој во
тоа време, иако Србин, беше миленик на Стипе Шувар, кој беше
претседател на владата на Југославија.

91.- Шекспир
КОМЕДИЈА НА ЗАБУНИ
Сценографија
Костими
Музика Димитрије Бужаровски
Играа Драго Буха, Нермин Тулиќ, Сеад Бејтовиќ, Ратка
Кустурица, Халима Накиќ и други...
Преставата ја правев во времето на првите повеќе-партиски
парламентарни избори во Босна. Во зимата, пред да почне војната. Веќе
се чувствуваше голема напнатост и луѓето во театарот беа опседнати од
политиката... Преставата не се одигра, а војната почна...

67
ПОКРАИНСКО ПОЗОРИШТЕ ПРИШТИНА - АЛБАНСКА ДРАМА

92.- Аља Предан, Коле Ангеловски


УЧИЛИШТЕ ЗА КЛОВНОВИ
По третпат го правев овој текст. Со глумците одлично соработував,
направивме и добра претстава, но самата атмосфера во театарот не беше
добра. Царуваше албанскиот национализам и идејата за Косово-
република.

68
ТЕАТАРСКИ ТЕКСТОВИ

1.- СЕДУМКА, ЉУБОВ И СМРТ (заедно со Владо Талевски)


2.- ТУКА ЛИ Е ПЕРО? (заедно со Владо Талевски)
3.- МАРШ В КРЕВЕТ
4.- КАКО БЕШЕ МИРНА НАШАТА ДОЛИНА, ПОРАНО (КУМОВИ)
5.- КЛОВНОВИ

69
ТЕАТАРСКИ ПРЕВОДИ
Повеќето текстови ги преведував заедно со Елена Ангеловска
1.- Рејмон Кус, ДЕТСКИ РАБОТИ
2.- Брикар, ЧЕСТА НА ЧИПОЛИНО
3.- Голдони, АРЛЕКИН, СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ
4.- Рено, ДИВАН
5.- Анке Виздеи, ДОНА ХУАНА
6.- Јержи Гловацки, ФОРТИНБРАНС Е ПИЈАН
7.- Валентин Катаев, СОНЧОГЛЕДИ
8.- Алдо Николај, УМРИ МАШКИ
9.- Бомарше, СВАДБАТА НА ФИГАРО
10.- Ги Фоази, ЗАЛИВ
11.- Фејдо, ТИ СИ НА РЕД
12.- Бадинтер, ОСКАР ВАЈЛД
13.- Сами Фејд, КАКО ДА СЕ ОГРАБИ БАНКА
14.- Реј Куни, ФАНИ МАНИ
15.- Алдо Николај, ХАМЛЕТ ВО ПИКАНТЕН СОС
16.- Молиер, ТРИ ФАРСИ
17.- Теренкиј, ЕВНУХ
18.- Џон Милингтон, ЗАВОДНИКОТ ОД ЗАПАДНИОТ СВЕТ
19.- Роланд Тапор, ЗИМА ПОД МАСАТА
20.- Мишел Тремблеј, СТАРИ МИРИЗБИ
21.- Дејвид Грејг, ЕВРОПА
22.- Јонеско, НОСОРОГ
23.- Фејдо, АЈ, НЕ ТУКУ МИ СЕ ШЕТАЈ ГОЛА
24.- Фејдо, ЉУБОВ И ПИЈАНО
25.- Фејдо, АФЕРАТА ЕДВАРД
26.- Жан Тардије, КОМЕДИЈА ЗА КОМЕДИЈАТА
27.- Фејдо, ТЕБЕ ТИ СЕ СПИЕ... ТИ СПИЕШ
28.- Ксавиер Дореј, ВРЕМЕ ЗА ПЛАЧЕЊЕ
29.- Клаус Ман, МЕФИСТО
30.- Албер Ками, НЕДОРАЗБИРАЊЕ

70
ТЕАТАРСКИ УЛОГИ
Во драмскиот театар се вработив 1967 година.

1.- Аристофан, ЛИСИСТРАТА


2.- Љубиша Ѓокиќ, ПЕДАЧЕ
3.- Стефан Таневски, ВЛАДИМИР И КОСАРА
4.- Михаил Булгаков, СОЈУЗ НА ЛАЖНИТЕ СВЕТЦИ
5.- Горан Стефановски, ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ
6.- Миле Поповски, СОЛУНСКИ ПАТРДИИ
7.- Бранислав Нушиќ, СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ
8.- Русомир Богдановски, ПАНУРГИЕ
9.- , ФОСФОРНА СВЕТЛИНА
10.- Фадил Хаџиќ, НАРАЧАНА КОМЕДИЈА
11.- Фејдо, БОЛВА ВО УВО
12.- Шекспир, МАГБЕТ
13.- Душан Ковачевиќ, БАЛКАНСКИ ШПИУН
14.- ДИПЛОМСКАТА НА ВЛАДЕ МИЛЧИН

71
ФИЛМСКИ РЕЖИИ

1.- ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ ИРИНА)


Сценарио Владимир Георгиевски, Ѓоко Василевски, Коле
Ангеловски
Сцена и костим Владимир Георгивски
Камера Мишо Самоиловски
Музика Томислав Зогравски
Играа Бата Живоиновиќ, Неда Арнериќ, Мето Јовановски
(деби) Ненад Милосавлевиќ
Филмот учествуваше на фестивалот во Пула (доби две Златни арени за
музика и монтажа на тон), на фестивалот во Ниш и на едно десетина
светски фестивали. На фестивалот во Сао Паоло (Бразил) беше влезен во
најдобрите десет светски филмови за таа година. Еден од најпродаваните
македонски филмови. Исто така, влезен е во десетте најдобри
македонски филмови. Еден од рекордерите по број на гледачи во
тогашна Југославија. Единствен филм кој е влезен во Иранската
кинотека.
За овој филм би можел цел роман да напишам; за маките и проблемите
што ги имав околу неговата реализација, но, за тоа - друг пат.

72
2.- ВИКЕНД НА МРТОВЦИ
Сценарио Миле Попоски и Коле Ангеловски
Снимател Мишо Самоиловски
Сценографија Никица Лазаревски
Костимографија Ѓорѓи Здравев
Музика Љупчо Константинов
Играа Димче Мешковски, Дади Ангеловски, Ѓорѓи Јолевски,
Снежана Михајловиќ, Тодорка Кондова, Игор
Џамбазов, Ташко Нанчиќ, Бата Живоиновиќ, Сека
Сабљиќ, Јовица Михајловски, Младен Крстевски,
Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски, Марија Кондова,
Лилјана Јовановска и други...
Филмот учествуваше на фестивалот во Пула и на фестивалот на комедија
во Голубац (Награда за режија и трета награда од публиката за филм.)
Еден од најгледаните македонски филмови. Направив и телевизијска
серија од три епизоди, која беше неколку пати репризирана.
Инаку, филмот е снимен на шеснаесет милиметарска лента, па потоа е
префрлен на триесет и петка.
И со овој филм имав многу проблеми.

3.- ДОДЕКА ВОДАТА ТИВКО ШУМОЛИ


Документарен филм за трката со велосипеди низ Југославија.
Филмот учествуваше на фестивалот на документерен филм во Белград.
Снимател беше Ѓоко Поповски.

73
ФИЛМСКИ СЦЕНАРИЈА
1.- ТАТКО
2.- А НА ВРАЌАЊЕ ЧОВЕК НЕ НИ УМРЕ (сценарио
напишано заедно со Илија Зафировски, потоа украдено од Бранко Гапо и
Петре М . Андрееевски и по кое е снимен филмот „Најдолгиот пат“.)
3.- Уште едно сценарио на кое сега не можам да се сетам
за насловот. Предадено во Вардар филм и кое на мистериозен начин
исчезна, а немав друга копија. Од тоа сценарио нема никаква трага.

Со филмовите како режисер и сценарист имам само лоши спомени и


темни сеќавања. Затоа и не сакам многу-многу да се ангажирам во
филмот.

74
ФИЛМСКИ УЛОГИ
Јас својата професионална кариера ја започнав како актер на филм.
1962 година бев студент на прва година на Театарската академија во
Белград, кога ме открија за една од главните улоги во филмот „Саша“.
Потоа долго време успешно снимав разни филмови и разни улоги, сè
додека не почнав интензивно да се бавам се режија. Сега, веќе никој не
ме вика. Последниот филм го снимив во 1990 година, пред распадот на
Југославија.
Играв кај најпознатите режисери и со најпознатите артисти, ѕвезди на
Југославија и светот: Бата Живоиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Борис
Дворник, Павле Вуисиќ, Раде Шербеџија, Драган Николиќ, Раде
Марковиќ, Душица Жегарац, Беким Фехмију, Милена Дравиќ, Беба
Лончар, Аница Добра... Орсон Велс, Јул Бринер, Ричард Бартон, Франко
Неро, Силва Кошчина...
И самиот бев ѕвезда. На филмот имам освоено неколку награди:
Дебитанстска награда за филмот „Саша“, на фестивалот во Пула.
Сребрена Арена и најдобар млад глумец на Југославија за филмот „Да се
дојде и да се остане“
1.- САША режија Раденко Остоиќ
2.- КАФЕЗ Милан Кечиќ
3.- НАРОДЕН ПРАТЕНИК Столе Јанковиќ
4.- ЛИТО ВИЛОВИТО Обрад Глушчевиќ
5. ТРИ Саша Петровиќ
6. ДА СЕ ДОЈДЕ И ДА СЕ ОСТАНЕ Бранко Бауер
7. ЛИТО ВИЛОВИТО 2 Обрад Глушевиќ
8. СРЕЌНИ УМИРУ ДВАПУТ
9. БИТКА НА НЕРЕТВА Вељко Булаиќ
10.- ГРАЈСКИ БИКИ Јоже Погачник
11.- СУТЈЕСКА Стипе Делиќ
12.- МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА Трајче Попов
13.- МЕМЕНТО Рули Османли
14.- ЈУЖНА ПАТЕКА Стево Црвенковски

75
15.- НЕЛИ ТИ РЕКОВ Стево Црвенковски
16.- ОЛОВНА БРИГАДА Кирил Ценевски
17.- МАКЕДОНСКИ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ Ватрослав Мимица
18.- ДО ПОБЕДАТА И ПО НЕА Жика Митровиќ
19.- ЛАЖИЦА Кирил Ценевски
20.- ВРЕМЕ ЗА ПЕЕЊЕ Бранко Гапо
21.- ЦРВЕНИОТ КОЊ Столе Попов
22.- МЕМЕД Питер Устинов
23.- БАНОВИЌ СТРАХИЊА Ватрослав Мимица
24.- ХРАЊЕНИК Ватрослав Мимица
25.- У ГОРИ РАСТЕ ЗЕЛЕН БОР Антун Врдољак
26.- КОЊУХ ПЛАНИНОМ Фадил Хаџиќ
27.- АЗРА Мирза Идризовиќ
28.- КРОС КОНТРИ Пуриша Ѓорѓевиќ
29.- СОБИРЕН ЦЕНТАР Горан Марковиќ
30.- ПИКНИК НА ФРОНТУ
31.- ХАЈДЕ ДА СЕ ВОЛИМО Аца Ѓорѓевиќ
32.- ЖИКИНА ДИНАСТИЈА Зоран
33.- МАРСОВЦИ НАПАДАЈУ Зоран
35.- ДАМА КОЈА УБИЈА Зоран

76
ТЕЛЕВИЗИЈА

Едно време, поранешно, кога Македонската телевизија беше во склоп на


ЈРТ, а и подоцна, кога во телевизијата се правеше играна програма -
снимав многу. И како актер, режисер и водител. Можеби имам снимено
околу 1000 часови разноразна програма. Играни серии, музички
програми, младински емисии, тв филмови, тв драми, детски емсии,
новогодишни емисии, документарни... По серијата „Македонија може“ не
сум снимил ништо. Од тогаш има десетина години.

РЕЖИИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА

СЕРИИ

ИТАР ПЕЈО
Серија од 6 епизоди по 40 минути. Премиерно прикажана на ЈРТ.
За оваа серија врзани се многу интересни случки. Тоа беше прва
Македонска серија која премиерно беше прикажана на ЈРТ. Прва серија
снимена со новата магнетоскопска кола „Маркони“ на ТВ Скопје и на
начин кој за првпат тогаш се примени: Електронско снимање на филмски
начин. Сценариото беше на Миле Неделковски, сценографијата на Васко
Ташковски, костимите на Елена Дончева, музиката на Димитар Масевски
и играше огромна екипа на најпознатите македонски актери. Се снимаше
на терените во Издеглавје, Другово, Скопје... Самото снимање одеше
одлично. Снимавме мај, јуни, и во септември... времето беше прекрасно,
воглавно бевме сместени во Охрид и и покрај тоа што интензивно
работевме, имавме и многу слободно време. Организацијата беше на
светско ниво. Не се сеќавам дека нешто недостасуваше, или дека за
нешто сме одложиле ден на снимање. Владееше една неверојатно
позитивна атмосфера во целата екипа. Се разбира дека на сето тоа тон
му давав јас.

77
Бев подготвен, а и многу знаев, професионално знаев, така што
снимањето одеше много лесно.
Откако ја завршивме серијата, првиот дел, требаше да има
продолженија, се собра Советот на ЈРТ, да ја гледа и да даде одобрение,
уредниците беа збунети и воопшто не знаеја како членовите на Советот
ќе реагираат. Серијата беше примена со воодушевување. Добив честитки
од сите. Антон Марти, режисер и легенда на хрватската телвизија, рече:
„Ви луди, ако од ово не сними сто епизода.“ И, „Итар Пејо“ ја доживеа
својата премиера. И тогаш почнаа игрите. Првите реакции беа многу
позитивни и кај публиката и кај критиката, но тогаш се побунија
Мариовците. Погрешно биле прикажани во серијата, не биле такви. И
тогаш почна хајката. По весници, особено во „Екран“, ќе ме распнеа, се
организираа трибини, се повикуваа Мариовците, се јавуваа педагози.
Попусто во печатот во Југославија добивав брилијантни критики (Олга
Божичковиќ, легенда на југословенската филмска и телевизиска критика
во „Политика“ напиша: „Родио се нови Пазолини...“, или Берислав
Косијер во „Комунист“, со наслов: „Зрела лубеница из Македоније“, меѓу
другото напиша дека тоа е најдобра серија снимена во Југославија во
последните десетина години), попусто беше што кога серијата одеше на
програма улиците беа празни, хајката беше толку силна што серијата
беше уништена. Бев многу погоден. Продолжение не се сними. По едно
десетина години, беше репризирана.
Подоцна разбрав дека сета таа хајка, всушност, била политичка игра за
промена на одредени високи структури, во тогашното политичко
раководство. Тогаш беа променети и директорот на телевизијата и на
„Нова Македонија“. Сè беше направено доста перфидно, и без многу
публицитет. Серијата им беше само повод да се направи чистката.

78
СОЛУНСКИ ПАТРДИИ
Серија од три епизоди по еден час.
Снимена според истоимената театарска претстава.
Сценарио Миле Поповски, сценографија Илија Велевски, костими Елена
Дончева, музика Љубомир Бранѓолица... Играше истата екипа од
претставата со гостите Благоја Спирковски - Џумерко, и Трајче
Ивановски.
Серијата се снимаше воглавно во Куршумли ан, во студиото на
телевизијата и во една пештера близу Урошевац. Серијата беше
репризирана повеќе пати.
Бидејќи актерската екипа беше уиграна, а и јас одлично ја познавав
материјата, снимањето одеше многу лесно. И на ова снимање владееше
многу позитивна атмосфера.

ТЕАТАРЧЕ ЛЕВО ЌОШЕ


Серија снимена во повеќе епизоди од по половина час.
Сценарио на повеќе автори, Иван Карадак, Љупчо Силјановски, Алјоша
Руси, Коле Ангеловски...
Сценографија Љубомир Чадиковски, костими Ѓорѓи Здравев, музика
Димитар Масевски, а играа шампионите на хуморот Дади, Чоре, Мешко,
Ванчо, Гоце, Игор, Кате, Снеже, Вики, Ѓокица...
Оваа серија беше снимена по кабарето Коприварник што го направивме
во Драмскиот театар. Беше вистински хит. Се снимаа тајно видео касети,
се праќаа секаде каде што имаше Македонци во дијаспората. И самиот
направив официјална касета од материјалот, но од тоа ништо не добив и
воопшто не го искористив трендот на Театарчето, нешто да заработам.
Артистите - да. И ден денес го користат. Инаку, оваа серија за
телевизијата беше скоро бесплатна. Една сценографија на која се
менуваше само мебелот, се снимаше во студио, костими од фундус,
единствени трошоци беа минималните хонорари што ги добивавме. А
ќарот беше огромен. Покрај тоа што редовно одеше на програмата, беше
повеќе пати репризирана, поединечни скечеви беа користени за разни

79
пригоди... Инаку, самото снимање беше жив циркус. Паѓавме од смеење.
Огромен број на анегдоти се случија за време на снимањето.

УЧИЛИШТЕ ЗА КЛОВНОВИ
Серија за деца во шест епизоди од половина час.
Репризирана повеќе пати.
Сценарио Коле Ангеловски, сценографија Љубомир Чадиковски, костими
Лира Грабул, музика Љубомир Бранџолица, играа Дади, Мешко, Гоце,
Игор, Соња, Марин...
Користејќи ја предлошката на театарската претстава, но и многу
оригинални кловновски скечеви, и можностите што телевизијата ги
пружа, направивме серија која децата ја обожаваа...

ЧУДОВИШТА ВО НАШИОТ ГРАД


Серија за деца во шест епизоди.
Репризирана повеќе пати.
Сценарио Русомир Богдановски, сценографија Васко Ташковски, костими
Лира Грабул, музика Димитрие Бужаровски, играа Дади, Ѓокица, Гоце,
Маке, Маги, Лазе, Игор, Дубравка, Кате, Пепи, Илко, Менде, Љупчо,
Мешко, Џумерко...
Спојувајќи две свои престави, Русомир направи одлично сценарио и
користејќи се со она што телевизијата може да пружи, трикови, макети,
базени со вода, пиротехника... направивме фантастична серија. Можеби
оваа серија е моја најдобра телевизијска работа. Се разбира, сето ова во
наши, македонски услови. Тогаш и немаше компјутери.

80
МАКЕДОНИЈА МОЖЕ
Хумористична серија во 11 епизоди од по 50 минути.
Сценарио Миле Поповски и Коле Ангеловски. Сценографија Јана
Петковска, костими Лира Грабул, музика Игор Џамбазов, играа Кире,
Мими, Душко, Анче, Дади, Ѓокица, Игор, Марија, Дац, Ѓорѓи, Бранко,
Софија, Лазе....
Серијата на помина најсјајно. Иако тоа беше огромен проект. Се снимаше
повеќе месеци, се изгради специјално студио во Домот на младите,
голема и артистичка и техничка екипа работеше, самата телевизија како
да не беше заинтересирана, особено драмската редакција. Како да не
беше нивен проект. Бевме препуштени на самите себе. А снимавме и во
едно доста тешко финансиско време. Тоа беше прва серија по
осамостојувањето на Македонија. Хонорарите беа мизерни, јас работев
за режисерска плата, 100 марки месечно, а актериве за главни улоги во
серијата добиваа по 30, 40 марки од епизода. Ужас! Целата серија
чинеше колку еден Голф, околу 20,000 марки. Еј, единаесет епизоди, тоа
се шест, седум играни филма.
А, и јас погрешив. Требаше да бидам многу поригорозен во монтажата, да
не направам толку епизоди, да го згуснам дејствието... (Миле Поповски
многу ме нервираше, со неговото недозволување за кратење, се
скаравме и долго не разговарав со него.) Требаше снимениот материјал
малку да одлежи, а јас бев притиснат со време и не можев да имам
вистински однос.
Подоцна, кога со дистанца ја гледав серијата, веднаш ми стана јасно
дека тоа можеше да биде одлична серија од едно 6-7 епизоди. На
монтажата, а и подоцна на гледањето, никој од уредниците не дојде да
го види материјалот. Воопшто не ги интересираше. Плус имав ужасни
проблеми со Игор, околу музиката. Го ангажирав да му помогнам, тој
тогаш беше во Чешка, избеган заради своите познати проблеми, ме утепа
од заебавање. За серија од единаесет епизоди, каде требаше да има
барем два саата музика, ми донесе, после многу молење, нервирање,
чекање, едно лентиче со дваесетина минути музика. Ми иба мамата.

81
Инаку, на самото снимање, посебно се Ѓокица се случуваа фантастични
анегдоти. Дел од тие анегдоти и ги снимив.

82
ТВ ДРАМИ И ФИЛМОВИ

Горан Стефановски
КЛИНЧ
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Ѓорѓи Здравев
Играа Лилјана Георгиевска и Мите Грозданов
Ова беше моја прва режија на телевизија. Драмата ја подготвив како
театарска претстава. Мите и Лиле беа многу добри. Пред самото
снимање, ги повикав уредниците и драматурзите на телевизија и им ја
одигравме драмата во простор, како претстава.

Оливера Николова
СРЕБРЕНОТО ЈАБОЛКО
Сценографија Владимир Георгиевски
Костими Ѓорѓи Здравев
Музика Димитар Масевски
Играа Благоја Чоревски, Слаѓана Нешиќ, Дади Ангеловски,
Димитар Гешовски, Диме Поповски...
Драмата учествуваше на Југословенскиот телевизијски фестивал во Блед.
Доби награда за сценографија.
Многу убава драма. Во тоа време беше во мода тоа некакво навраќање
кон традииците, а Оливера тоа одлично го направи. Јас веќе имав и
некакво искуство со таков вид на проекти, па не ми беше тешко и ова да
го реализирам. Потоа, од истиот текст, направив претстава во Куманово.

83
Дејан Дуковски
БАЛКАНСКА 2 А
Драма снимена во студио.
Сценографија Љубомир Чадиковски
Костими Лира Грабул
Играа Дади Ангеловски, Кате, Благоја Чоревски, Сенко
Велинов
Оваа драма ја снимивме под доста чудни околности. Аљоша Руси, кој
беше уредник на забавната програма, како во склоп на серијата
„Театарче лево ќоше“ дозволи да се сними оваа апсурдна комедија. И,
напрвивме многу откачена работа. Актерите беа фантастични, имаше
многу блесава атмосфера во целата работа, а Борко Зафировски, како
главен и одговорен уредник на телевизија, не дозволи да оди на
програмата, затоа што имаше една „сексуална сцена“, каде Кате го дупи
Чоре. Сцената беше упиш од смеење и немаше ништо „срамно“ во неа,
ама драмата не одеше на програма.

84
КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, БИОГРАФИЈА

Роден во Скопје 1943 година. Завршил театарска академија во Белград.


Вработен во Драмскиот театар во Скопје. Делува како режисер, актер и
преведувач, има напишано и неколку драмски текстови и сценарија за
филм и телевизија. Во театарот има режирано повеќе од 90 претстави во
Македонија и во поранешна Југославија, повеќето од претставите
учествувале на разни фестивали и имаат добиено многу награди. Во
театарот има одиграно и преку дваесет улоги. Во својата кариера има
преведено и четириесетина драмски текста, од кои некои за првпат се
изведени во Македонија.
На филмот има одиграно околу 40 улоги, повеќето главни, режирано два
играни филма и неколку документарци. На телевизијата има остварено
повеќе од 500 часови разна програма, воглавно од игран карактер.
За својата работа, во сите медиуми, повеќекратно е наградуван, а го има
добиено и највисокото признание во Македонија во областа на
културата, наградата „11 Октомври“.

85

You might also like