You are on page 1of 1

Биографија

Пенче Кралев е роден на 11.03.1990 година во Скопје Р.Македонија, а


живее во Валандово. Основно училиште завршува во О.У.‘‘Јосип Броз Тито’’-
Валандово, своето образование го продолжува во Д.С.У‘‘ Гоце Делчев‘‘-
Валандово, одсек општа гимназија, потоа своето школување го продолжува на
Универзитето ‘‘Кирил и Методиј’’ во Скопје на Филозофски факултет на
катедрата Историја на Уметноста и Археологија одсек Археологија, по
завршувањето на студиите во Скопје, продолжува со студии но овој пат на
Музичката Академија при Универзитетот ‘‘Гоце Делчев‘‘ во Штип, на
програмата за џез студии одсек џез бас.

Има настапувано со повеќе џезз имиња од македонско подрачје како Тони


Китановски трио, Летечки Пекинејзери, Гоце Мицанов, Шамба трио, Филип
Динев трио, Славчо Коцев трио, Борислав Веселинов квартет, Јасмина
Беличанска Квартет, InBetween, Ристе Трајковски Квартет со кој што во
последниот период настапуваат како Дуо и многу други, од балканско
подрачје има настапувано со Енес Тахирович трио, Стефан Меловски квартет
и со некои џезз иминја со светска слава како David Binney, Bread Leali, Claus
Raible.

Неговиот најзначаен успех го достигува со квартетот Shikachi Ensemble со кој


што настапува на различни културни манифестации како што се : Jazz Factory
Festival – Битола

Учествува на Jazz Fest Tetovo со Тони Китановски Квинтет, манифестацијата


Меѓународен ден на џезот - 30 април; во Штип и во Скопје.

Учесник на повеќе меѓународни музички работилници.

Моментално работи на свој материјал, кој веќе е завршен и треба да се одсними,


материјалот е напишан за Квинтет.

You might also like