You are on page 1of 6

МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА

МУЗИКА
Изработил: Златко Томовски IX-1
ДУКЕ БОЈАЏИЕВ

• Дуке Бојаџиев (24 септември 1972) е македонски композитор, продуцент и пијанист, кој живее и работи во Њујорк.
• Уште од мал Дуке Бојаџиев имал можност да биде во допир со музиката и медицината, како син на Тодор Бојаџиев,
македонски композитор на забавни мелодии и гинеколог по вокација. Свири пијано од три годишна возраст, а компонира
од свои десет години. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде дипломирал
на колеџот Беркли во 2001 година. Од таму се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи.
• Долги години работи во студио како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на
култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи
сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички
директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис
Тановиќ, меѓу кои и македонскиот режисер, номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел на рекламни кампањи на големи
фирми, како Мерцедес, Лореал, Пежо, Ланком и други, но и како продуцент на ремиксови на пејачката Синди Лопер.
• Со свои концерти започнал од 2011 година, најнапред во Античкиот Театар во Охрид, а потоа и во „Карнеги хол“.
Соработува со Македонската филхармонија, Тања Царовска, Мартин Ѓаконовски, Каролина Гочева, Анѓела Мекласки, и
други имиња од музичкиот свет.
ТВОРЕШТВО НА ДУКЕ БОЈАЏИЕВ
Дуке Бојаџиев досега има издадено седум соло албуми. Неговата музика е дел од светски познатите компилации „Буда Бар” (Buddha Bar),
„Маракеш Експрес” (Marrakech Express) и „Чил аут ин Париз“ (Chill out in Paris). Исто така, продуцирал ремикс за Синди Лопер и за „Блу Мен
Груп“, а соработувал со Џонатан Дем и Данис Танович. Има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски
остварувања, меѓу кои за филмот „Страв од паѓање“ на Џонатан Дем, и за македонскиот филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов.
• До балчак - од Столе Попов
• The secret life of Walter Mitty - Бен Стилер
• Fear of falling - Џонатан Деми
• Dreaming American - Ли Перси
• The War is over - Митко Панов
• Wingles – Иво Трајков
• The Ten – Кен Марино и Дејвид Вејн
• Сенки – Милчо Манчевски
• Hell – Данис Тановиќ
• Suffering Man's Charity – Ален Каминг
• Shortcut to Nirvana – Ник Деј
• Sweetbreads (краткометражен) – Ноора Нисканен
• Nuts (краткометражен) – Андре Лион
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

• Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници,


често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во
населбата Тафталиџе.
• Влатко Стефановски живее со своето семејство (која ја сочинуваат сопруга Гордана,
ќерката Ана и синот Јан) во Скопје, на улицата „Мексичка“, број 15, во
населбата Тафталиџе. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото
тонско студио „Езотерија“.
МУЗИЧКА КАРИЕРА

• Леб и сол

Заедно со Бодан Арсовски, Стефановски членувал во неколку скопски групи, како: ВИС
„Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“ (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски). На
почетокот на 1976 година Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушески и
Димитар ја оформиле групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист,
пејач, композитор и текстописец. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и
сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни
намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Како член на „Леб и сол“,
Стефановски ги создал незаборавните песни: „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Кумова
Слама“, „Жива рана“, „Кантри“, „Као какао“, „Скопје“, „Чекам кишу“, „Чукни во дрво“ итн.

You might also like