You are on page 1of 3

Димитрије Бужаровски

Димитрије Бужаровски

Димитрије Бужаровски
8 август 1952
Роден
Скопје, Македонија
Живеалиште Македонија
Композиција, Музикологија,
Интерпретација, Дигитално
Полиња архивирање, Менаџмент,
Методологија на научно
истражување
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Факултет за музичка уметност -
Установи
Скопје, Универзитет во Ниш
Факултет за уметности
Познат по Архив Бужаровски - BuzAr
Радомировиот псалтир оп. 47
Вокална симфонија оп.53
Ноктурна за пијано оп.49 и оп.52
Историја на естетиката на
музиката
Музикономија
Сонологија
Социологија на музиката
Страница
buzar.mk

Димитрије Бужаровски (р. 8 август 1952 г. во Скопје) — истакнат македонски композитор,


музиколог и професор.

Тој е многустрана личност со интереси во различни полиња: композиција, музикологија,


компјутерска музика и електронска музика, интерпретација (пијано, синтисајзери,
диригирање), образование, менаџмент и научно-истражувачка работа.

Неговото композиторско творештво содржи дела од крупен формат: симфонии,


ораториуми, опери, балети, сонати, суити, вокални циклуси, камерна музика, музика за
соло инструменти. Има напишано музика за над 60 филмови, телевизиски и театерски
проекти. Неговите композиции се изведувани и емитувани во САД, Русија, Франција,
Велика Британија, Германија, Холандија, Шпанија, Грција, Бугарија, Србија, Полска.

Бужаровски е активен и како пијанист, изведувач на синтесајзери и диригент. Има


остварено рецитали со негови дела за пијано и синтесајзери низ Европа (Велика
Британија, Русија, Холандија) и САД. Како диригент ги поставува своите дела - оперите
Шеќерната приказна и Деспина и мистер Докс, ораториумот Радомировиот псалтир,
Нонет концертот, кантатата Т'га за југ итн.

Музиколошката и научно-истражувачката дејност на Димитрије Бужаровски покрива


голем број области: филозофија и естетика на музиката, социологија и менаџмент,
дигитално процесирање и архивирање на звукот. Има издадено и едитирано голем број
есеи, публицистички текстови, рецензии и книги, меѓу кои: Историја на естетиката на
музиката, Увод во анализата на музичкото дело, Од природни до компјутерски звуци,
Основи на дигиталното архивирање на звукот, Музикономија, Сонологија, Социологија
на музиката итн.

Димитрије Бужаровски е учесник во бројни меѓународни проекти, бил координатор на


ТЕМПУС-ови проекти, проект на швајцарската научна програма SCOPES, проект на Стејт
департментот на САД за усовршување на програмите по менаџмент во Република
Македонија, координатор на програмата Студии во странство на Државниот универзитет
во Аризона.

Во 2000 година го формира Институтот за истражување и архивирање музика - ИРАМ кој


претставува најдобрата илустрација за комплексноста на неговата уметничка, научна,
образовна и организаторска дејност. Во рамките на ИРАМ постои Студентско Интернет
радио, а ИРАМ е и организатор на 18 меѓународни конференции (Современи трендови во
музикологијата и етномузикологијата, Рефлексии за македонската музика, Културната
политика и музичкото образование, Истражувања во музикологијата и
етномузикологијата) на кои се презентирани над 250 научни трудови.

На 15 октомври 2012 година основан е Архивот Бужаровски - BuzAr, граѓанска и


непрофитна иницијатива со задача да го чува во дигитален формат македонското,
балканското и светското културно наследство. Основната цел на архивот е да го собира и
дигитализира културното наследство и потоа да го афирмира преку мрежните медиуми за
културни, образовни и научни потреби. Архивот е организиран околу творештвото на
композиторот и изведувач Димитрије Бужаровски и прави синтеза со неговата
музиколошка и етномузиколошка дејност, како и работата врз дигитализацијата на
културното наследство. Првото видео поставено на страницата на архивот е снимката од
Ретроспективниот концерт од опус 1 до опус 62 на Димитрије Бужаровски одржан на
денот на формирањето на архивот.

Проф. д-р Димитрије Бужаровски е вработен на Факултетот за музичка уметност при


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде предава(л): хармонија, полифонија,
анализа на музичкото дело, естетика на музиката, социологија на музиката, музички
менаџмент, сонологија и мултимедија, методологија на научното истражување и
електронска музика. Во периодот 1995-1999 бил Декан на Факултетот за музичка уметност
во Скопје. Од 2006 година проф. д-р Бужаровски предава и на Факултетот за уметности
при Универзитетот во Ниш (вокална литература, анализа на музичките стилови,
аранжирање, композиција, дигитална обработка на звукот, менаџмент во културата и
истражувачки методологии). На 18 ноември 2014 година Сенатот на Универзитетот во
Ниш го избра проф. д-р Бужаровски за почесен доктор. Бил ментор на над 40
постдипломски и докторски трудови. Предавал и на повеќе универзитети во САД:
Државниот универзитет во Аризона, Бостонскиот универзитет, Хардвардскиот
универзитет, Бостонскиот колоквиум за филозофија на науката.

Димитрије Бужаровски бил биран на повеќе општествени функции во поранешната СФРЈ,


Република Македонија и странство: Претседател на Сојузот на композиторите на СФРЈ,
Претседател на Универзитетскиот совет на УКИМ, Претседател на Советот на фестивалот
Охридско лето, член на правниот комитет на Европската асоцијација на фестивалите итн.

Содржина

You might also like