You are on page 1of 7

Долгорочно планирање по предметот

МАТЕМАТИКА за VI одделение
Цели на учење Време на реализација по
полугодија
Број
1. Знае што претставува секоја цифра во целите П1; П2
броеви до еден милион.
2. Знае што претставува секоја цифра во П1 П2
децималните броеви со една или две
децимали.
3. Множи и дели цел број од 1 до 10 000 со 10, П1 П2
100 или 1000 и го објаснува резултатот.
4. Множи и дели децимални броеви со 10 или со
100 (при делењето, решението да биде П2
најмногу со две децимали).
5. Заокружува цели броеви до најблиската десетка,
стотка или илјадарка. П1; П2
6. Подредува броеви со најмногу две децимали П2
(броевите се со различен број децимали)
7. Заокружува децимален број со две децимали на
П2
една децимала или на цел број.
8. Проценува и заокружува големи броеви, пр. 255 256
е поблиску до 255 300; 260 000 е поблиску до 300 П1
000
9. Брои нанапред и наназад во дропки и децимални
броеви, на пр. во чекори за 1/3 и за 0,1, до цел број ( П2
и под нула).
10. Ги знае фактите за собирање и одземање на броеви
до 20 , како и паровите децимални броеви со една П1; П2
децимала чии што збир е 1, на пр. 0,4 + 0,6.
11. Собира броеви со ист или различен број на
децимали П1; П2
12. Подредува и споредува позитивни броеви до еден
милион и негативни цели броеви, користејќи ги : >,
<, = П1; П2
13. Го наоѓа местото на четирицифрен број на бројната
права од 0 до 10 000.
П1; П2
14. Препознава и знае да продолжи (дополни) бројна П1,П2
низа.
15. Препознава парни и непарни броеви и броеви П1; П2
добиени со множење со 5, 10, 25, 50, 100 или 1000
16. Множи полни десетки, на пр. 30 · 40 или полна
стотка и полна десетка, на пр. 600 · 40 П1; П2
17. Множи два броја од кои едниот е блиску до полна
десетка, на пр. 393 преку 403-3 П1; П2
18. Множи двоцифрен, трицифрен и четирицифрен број
со едноцифрен и двоцифрен број ( вклучувајќи ги и
парите). П1; П2
19. Дели двоцифрен со едноцифрен број, вклучувајќи и
делење со остаток П1; П2
20. Дели трицифрени броеви со едноцифрени,
вклучувајќи и делење со остаток, и дели
трицифрени броеви со двоцифрени броеви (без
остаток). П2
21. Множи преполовен еден број и дуплиран друг број,
на пр. пресметај 35 · 16 како 70 · 8 П1; П2
22. Разложува двоцифрен број на множители. П1; П2
23. Ги знае простите броеви до 20 и може да ги одреди П1; П2
сите прости броеви помали од 100
24. Одредува заеднички содржатели, на пр. за 4 и 5. П1; П2
25. Се запознава со основата на декадниот броен П2
систем и неговиот развој
26. Споредува дропки со исти именители или дропки со
именители кои се содржат едни во други , на пр.

сo П2
27. Препознава еднакви дропки пр. 50/100=5/10=1/2 П2
28. Ги сведува дропките на нескратливи дропки П2
29. Запишува дропка поголема од 1 (неправилна дропка
) во мешан број , на пр. во П2
30. Решава едноставни текстуални проблеми со размер П2
31. Подредува мешани броеви и го наоѓа нивното место
меѓу целите броеви на бројната права П2
32. Ги поврзува дропките со делење и одредува дропки
кои содржат десетинки и стотинки. П2
33. Одредува еднаквост на дропка и децимален број П2
34. Го запишува одговорот при делење со 2, 4, 5, 10 или
100, како мешан број или децимален број. П2
35. Претвара правилна дропка во децимален број со П2
делење
36. Го разбира процентот како стоти дел од целината и
умее да ги изрази 1/2,1/4,1/3,1/10,1/100 како П2
проценти.
37. Одредува проценти од форми и цели броеви. П2
38. Препознава еднаквост помеѓу децимален број,
процент и дропка со именител 2, 10 и 100, и го П2
користи ова за да ги подреди дропките, на пр. 0,6 е
повеќе од 50% и помалку од 7/10.
39. Решава едноставни проблеми со размер П2
40. Ги знае фактите за собирање и одземање на броеви П1; П2
до 20 , како и паровите децимални броеви со една
децимала чии што збир е 1, на пр. 0,4 + 0,6.
41. Брзо одредува парови децимални броеви со една
децимала чии збир е 10, на пример, 7,8 + 2,2 и П2
парови децимални броеви со две децимали чии што
збир е 1, на пример, 0,78 + 0,22.
42. Ги знае и ги применува признаците за деливост со П2
2, 4, 5, 10, 25 и 100
43. Ја користи месната вредност и фактите за броеви за
да собира и одзема двоцифрени броеви и
трицифрени броеви деливи со 10, на пр. 560 + 270. П2
44. Ја користи месната вредност и фактите за броеви за П2
да собира и одзема парови децимални броеви, на пр.
2,6 + 2,7; 0,78 + 0,23
45. Собира и одзема децимални броеви со една П2
децимала, од кој еден е блиску до цел број, на
пример, 5.6 + 2.9; 13,5 – 2,1
46. Собира и одзема броеви од кој еден е блиску до број
делив со 10, 100 или 1000, на пр. 3127 + 4998; 5678
– 1996 П2
47. Множи и дели броеви, со примена на правилата за
множење и месната вредност, на пр. 0,8·7; 4,8:6. П2
48. Ги користи знаењата за броеви за да генерира
нови знаења за множење на пр. Таблицата со П2
17 од таблиците со 10 и 7.
49. Дели децимален број со две децимални места со
едноцифрен број. П2
50. Ги знае и ги применува законите кои се однесуваат
на множењето (без задолжително користење на
термините комутативен,асоцијативен и
дистрибутивен закон). П2
Геометрија
1. Препознава и класифицира различни видови П1; П2
многуаголници и разбира зошто дадена 2Д форма е
многуаголник или не.
2. Препознава 2Д и 3Д форми и врските меѓу нив, на П1; П2
пример напречен пресек на квадар е правоаголник
3. Препознава и опишува четириаголници П1 ,П2
( вклучувајќи паралелограм, ромб и трапез ) и ги
класифицира според аглите, страните и
паралелноста на страните
4. Црта и опишува 3Д форми П1 ,П2
5. Чита и внесува координати во сите квадранти. П1; П2
6. Пресликува многуаголник (со страни кои не се П1; П2
паралелни или нормални на оската на симетрија) со
осна симетрија, транслација или со ротација за 90
околу едно негово теме.
7. Препознава и користи 2Д форми за претставување П2
на 3Д форми, користејќи мрежи.
8. Проценува и црта остар и тап агол, и мери агол со П2
агломер за да измери до најблискиот степен.
9. Проверува дали збирот на аглите во триаголникот е П2
180°, на пример, со мерење или со превиткување на
хартија; одредува големина на внатрешни и
надворешни агли во триаголник.
Мерење
1. Избира и користи основни мерни единици и пишува П1; П2
и чита резултати од мерењето со две или три
децимали.
2. Претвора од една во друга соодветна мерна П1,П2
единица, користејќи и децимални броеви до три
децимали.
3. Црта и мери отсечки до центиметар и милиметар П1; П2
4. Мери и пресметува плоштина и периметар на П1; П2
правилни форми.
5. Проценува плоштина на неправилна форма, со П1
броење на квадрати.
6. Пресметува периметар и плоштина на едноставни П1; П2
форми, кои може да се поделат на правоаголници.
7. Препознава и употребува децимални броеви со П2
најмногу три децимали, во контекс на мерењата.
8. Собира и одзема броеви со ист или различен број на П2
децимали, во контекст на должини.
9. Одредува разлики помеѓу позитивни и негативни П2
броеви, помеѓу два негативни броја (преку
температура или на бројна права).
10. Ги толкува мерењата добиени со користење на П2
различни мерни инструменти.
11. Ги знае традиционалните мерки кои сеуште се П2
користат, на пример милја и знае приближно колку
метри содржи.
12. Ги препознава и ги разбира единиците за мерење на П1
времето (секунда, минута, час, ден, недела, месец,
година, деценија и век)
13. Претвара една единица за мерење на времето во П1
друга.
14. Го кажува времето користејќи 24 часовни П1
дигитални и аналогни часовници.
15. Споредува време на дигитален и аналоген часовник, П1
на пр.разбира дека петнаесет до четири е подоцна
од 3:40
16. Чита и користи распоред ( програма) направен за 24 П1; П2
часа
17. Пресметува временски интервали дадени во П1; П2
дигитална и аналогна форма.
18. Користи календар за да пресмета временски П1; П2
интервали во денови, недели или месеци.
19. Пресметува временски интервали во денови, месеци П1;П2
и години.
20. Знае дека времето е различно во различни П2
временски зони во светот
Работа со податоци
1. Решава проблем со претставување, извлекување и П1; П2
толкување на податоци од табела, графикон и
дијаграм, на пример, линиски дијаграм за
растојание и време, табела за претварање на валути,
табели за честота (фреквенција) и столбести
дијаграми за групирани податоци.
2. Одредува мод и ранг на податоци од П1; П2
соодветна ситуација, на пр.од научен
експеримент.
3. Наоѓа примери на примена на статистиката во П1; П2
секојдневн иот живот.
4. Започнува да одредува медијана и аритметичка П2
средина на податоци.
5. Употребува поими од веројатност за да дискутира П2
за настаните (за веројатноста да се случи настанот
или не и за настани кои имаат иста веројатност да се
случат).
Решавање проблеми Т
1. Избира соодветни и ефикасни ментални стратегии и Т
стратегии со запишување за пресметувања кои
вклучуваат собирање, одземање, множење и
делење.
2. Донесува општи заклучоци за збирот, разликата и Т
производот на парните и непарните броеви.
3. Донесува заклучоци за нови информации од Т
постоечките информации и го разбира влијанието
кое едните информации го имаат врз други
информации.
4. Користи листи и табели за систематско решавање
на проблемот
Ги разбира секојдневно користените мерки за должина, Т
тежина, зафатнина, температура и време, и врши едноставни
пресметувања
5. Го проверува собирањето во различен редослед (со Т
групирање) кога се собираат повеќе броеви; врши
проверка со одземање
6. Проценува и ја определува приближната вредност Т
при пресметувањето, на пр.заокружува и врши
проверка.
7. Го објаснува изборот на одреден метод за Т
прикажување на пресметувањето и ја објаснува
постапката
8. Ги користи постоечките и новостекнатите знаења и Т
доаѓа до одредени заклучоци.
9. Логички ги анализира и решава проблемите со
броеви и математичките сложувалки
10. Препознава односи меѓу броеви и умее Т
обопштените тврдења дадени со зборови да ги
запише со симболи и променливи, на пр. Вториот
број е двапати поголем од првиот и зголемен за 5 (n,
2n+5); сите броеви зголемени 3 пати и намалени за
1 ( 3n-1 ); збирот на аглите во триаголникот е 180°.
11. Поставува и решава текстуални проблеми со сите Т
четири операции, и ги претставува на пр. со
дијаграм или на бројна права, користи загради за да
ги прикаже потребните серии на пресметки
12. Препознава еднаквост помеѓу децимален број, Т
процент и дропка со именител 2, 10 и 100, и го
користи ова за да ги подреди дропките, на пр. 0,6 е
повеќе од 50% и помалку од
13. Поставува, анализира и ја подобрува хипотезата Т
(претпоставката ), објаснува и оправдува методи,
резонира, користи стратегии, или усно
донесува заклучоци.

Легенда : П1 – прво полугодие ; П2-второ полугодие Т –тековно

Недела за консолидација
Цели Предложени активности од кои може Ресурси Поими
да се избере
Недели 16 и 20
Еднонеделна можност за повторно Посебно внимание треба да се обрне на
навраќање на која било од целите на активности кои вклучуваат области кои
овој семестар за која е потребна повеќе
вежбање од страна на учениците.
се нови за учениците во шесто одд., пр.
Наставниците може да одлучат да ја децимали, вклучувајќи пресметка со
искористат оваа можност за да децимали, проценти, еднаквост помеѓу
дискутираат со учениците за дропки и проценти, употреба на
областите каде сметаат дека треба да
го зацврстат знаењето. дигитрон. Можеби ќе биде корисно да се
фокусирате на активности за решавање
проблеми како вовед на која било тема
која на која се навраќате. Ова ќе
овозможи увид во границите на
разбирањето и нејаснотиите кај
учениците.

Оценување на постигнувањата на учениците:


Дијагностичко проверување - согледување на иницијалната состојба на ученикот
( согледување на неговите претходни искуства,знаења и вештини);
Формативно оценување ( во текот на годината)
- водење на порфолио за секој ученик во одделението;
- користење на чек листи;
- водење разговори со ученикот за да се добијат сознанија за неговото логичко
размислување при решавањето на проблемски ситуации и сл.;
- често и навремено набљудување на ученикот додека работи со конкретни предмети,
средства , инструменти и сл.;
- неделно и тематско утврдување на стекнатите знаења на крајот на тематските целини;
- користење на работни листови.
Портфолиото треба, во текот на целата година, да им е достапно на родителите за да
можат да придонесат во квалитетната реализација на наставата по математика.
─ описно формативно оценување;
─ описно микросумативно оценување и
─ описно сумативно оценување
На крајот од секое тримесечие , врз основа на сознанијата од формативното оценување, се
реализира микросумативно оценување од чии што резултати се оформуваат тримесечните
описни вреднувања за постигањата на учениците.
Сумативно оценување
Врз основа н а целокупните податоци добиени од следењето и проверката на постигањата
на учениците во текот на реализацијата на наставната програма се констатира (опишува)
развојната состојба на секој ученик поединечно, во рамките на секое програмско подрачје.
Раководејќки се од поставените нивоа на постигања во тек на определени временски
периоди наставникот на крајот на учебната година внесува сумативни описни оценки.

You might also like