You are on page 1of 1

Име и презиме ................................................................................. Датум ............................

КВИЗ НА ЗНАЕЊЕ – ЗЕМЈОТРЕСИ

 Заокружи го точниот одговор. За секој точен одговор


запиши си 10 поени.

1.ЗЕМЈОТРЕС или потрес е

а) Природна појава која настанува како резултат на поместување на подот при шти се
ослободува мала енергија што води до потресување на подовите

б). Природна појава која настанува како резултат на поместување на тектонските плочи при
шти се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

2. Јачината на земјотресот се изразува

а) со Меркалиева или со Рихтерова скала.

б) во Целзиусови степени или центиметри.

3. Видови на земјотреси се:


а) Планински, езерски и тектонски.

б) Теткотнски, вулкански и одронски

4. Најразрушувачки земјотрес е

а) теткотнски б) вулкански в) одронски.


5. ХИПОЦЕНТАР е

а) Местото во Земјината кора од каде настанал земјотресот. Тоа е точката од каде почнуваат да
се шират земјотресните бранови во вид на концентрични кругови.

б) Местото во Земјината кора од каде завршува земјотресот. Тоа е точката од каде завршуваат
да се шират земјотресните бранови во вид на концентрични кругови.

6. Според длабочината хипоцентрите ги делиме на

а) мали ( до 70км), поголеми (70-300км) и најголеми(300-730км)

б) плитки( до 70км), средни(70-300км) и длабоки(300-730км)

7.ЕПИЦЕНТАР

а) Местото на површината на Земјата каде најсилно се чувствува потресот.

б) Местото на површината на Земјата каде најслабо се чувствува потресот.

8.Науката што се занимава со изучување на земјотресите се нарекува

а) СЕИЗМОБИОЛОГИЈА б) СЕИЗМОЛОГИЈА

9. Инструментот за мерење на јачината на земјотресот се вика

а) СЕИЗМОТОП б) СЕИЗМОЛОГ в) СЕИЗМОГРАФ


Колку поени освои? Освоив ....... поени.

You might also like