You are on page 1of 6

ЗЕМЈОТРЕС

• Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето


на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема
енергија што води до потресување на земјата.
• Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена
енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на
земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.
• Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала,
попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и
последиците од земјотресот.
• Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и
се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.
• Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај
големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се
предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се
нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм.
• Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште.
Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар,
а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар.
• Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или
примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може
да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето
на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета
или човечки жртви.
• Земјотресите се мерат со помош на набљудувања од сеизмометари.Скалата на моментна магнитуда е
најчестата скала на која земјотресите поголеми од околу 5 степени се прикажани за целиот свет.
Повеќебројните земјотреси помали од 5 степени прикажани од национални сеизмолошки
опсерватории се мерат воглавно на локалната скала на магнитуда,исто така позната како Рихтеровата
скала.Овие две скали се бројчено слични наспроти нивниот спектар на валидност.Земјотреси од 3
степени или пониски се претежно речиси незабележливи или слаби а со јачина од 7 степени и
поголеми потенцијално предизвикуваат сериозни штети врз големи површини,во зависност од
нивната длабочина.Најголемите историски земјотреси биле со јачина од малку над 9 степени,иако не
постои ограничување на можната јачина.Најновиот голем земјотрес со јачина од 9.0° или повеќе бил
земјотресот во Јапонија во 2011 година,кој бил најголемиот Јапонски земјотрес од кога започнала
евиденцијата.
• Се проценува дека околу 500.000 земјотреси се случуваат секоја година,забележливи со
моменталните инструменти.Околу 100.000 од нив можат да се осетат.Малите земјотреси
настануваат речиси постојано низ светот.
• Територијата на Македонија е релативно трусно подрачје. Во Македонија има триесетина
епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското,
скопското, дебарското и пехчевското подрачје.

You might also like