You are on page 1of 24

Краток извештај на Евридика

Early Childhood
Клучни податоци за образование и нега во
раното детство во Европа

Education and
Training
Краток извештај на
Евридика

Клучни податоци за
образование и нега во раното
детство во Европа

2019
Во овој краток извештај на Евридика се нагласуваат некои од главните
наоди на второто издание на извештајот на Евридика за „Клучни податоци
за образованието и негата во раното детство во Европа“.

По кусиот вовед за контекстот на европската политика за образование и


нега во раното детство (ОНРД), во краткиот извештај се објаснети главните
мерки на политиката за обезбедувње пристап нагласувајќи кои држави и од
која возраст гарантираат место во ОНРД. Краткиот извештај прикажува каде
услугите на ОНРД се достапни бесплатно, а во кои држави родителите
плаќаат највисока цена. Исто така, се разгледува и достапноста и
регулативата за обезбедување на услугите во домашни услови (што го
нудат негувателите) насекаде во Европа.

Стремејќи се да обезбеди преглед за квалитетот на ОНРД, краткиот


извештај вклучува и информации за управувањето, условите за
квалификации на кадарот и образовната содржина. Се посветува внимание
и на различните начини на кои државите вршат мониторинг на квалитетот
на ОНРД, како и на мерките кои овозможуваат непречен премин во
основното образование.

Education and
Training
Ве молиме цитирајте ја оваа публикација како:

European Commission/EACEA/Eurydice, 2019. Eurydice Brief: Key Data on Early


Childhood Education and Care in Europe. Luxembourg: Publications Office of the
European Union.

Автори EACEA
Akvilė Motiejūnaitė-Schulmeister (координација),
Marie-Pascale Balcon и
Isabelle De Coster

Дизајн и графичко уредување


Patrice Brel

Контакт
Aikaterini Xethali
Комуникација и публикации
EACEA-EURYDICE@ec.europa.eu

ISBN 978-92-9484-339-5

doi:10.2797/171761

Луксембург: Канцеларија за публикации на Европската Унија, 2019

© Education, Audiovisual and Culture Executive Agency, 2019


ГЛАВНИ ПОРАКИ

• Во Европа, најголемиот број деца започнуваат основно образование на возраст од


околу 6 години. Во овој момент во Европската унија живеат 31 милион деца на
возраст помала од оваа и се потенцијални корисници на услуги на образование и
нега во раното детство (ОНРД). Меѓутоа, во многу европски држави сè уште не е
постигнат универзален пристап до образование и нега во раното детство и висок
квалитет на овие услуги.

• Видовите на услуги на ОНРД и нивниот квалитет честопати се разликуваат во


зависност од возраста на децата. Децата во повеќето држави од Средна и Јужна
Европа наидуваат на промени на тригодишна возраст, преминувајќи од средина на
детска нега во предосновни училишта фокусирани на образование. Меѓутоа, со
воведувањето на образовни упатства или курикулуми за помали деца од страна на
многу држави, традиционалната поделба меѓу детска нега и фазата на предосновно
образование не е јасно видлива.

• Во многу европски држави сè уште не се достапни ОНРД со добар квалитет за деца


под тригодишна возраст. Јасен образовен контекст за сите деца, испорачан од страна
на висококвалификуван кадар и поддржан со конзистентни политики најмногу има во
Нордискиот, Балтичкиот и Балканскиот регион. Овие држави обезбедуваат
интегрирани услуги на ОНРД за сите деца на предучилишна возраст. Сепак, некои од
нив сè уште прават напори да гарантираат пристап за секое дете и имаат ниска
стапка на учество.

• Достапноста на ОНРД за деца под тригодишна воздраст е ниска. Во просек 34% или
приближно пет милиони деца под тригодишна воздраст посетуваат ОНРД. Само седум
држави-членки на ЕУ (Данска, Германија, Естонија, Латвија, Словенија, Финска и
Шведска), како и Норвешка гарантират место во јавно финансирани ОНРД услуги
обезбедни за секое дете од рана возраст (од 6 до 18 месеци).

• Во Европа, за деца под тригодишна возраст најголмиот број семејства треба да


платат надомест за ОНРД. Просечниот месечен надомест е највисок во Ирска,
Холандија, Обединетото Кралство и Швајцарија.

• Пристапноста и можноста да си дозволат е значително подобра за повозрасните деца.


Речиси половина од европските држави гарантираат место во ОНРД од тригодишна
возраст (честопати бесплатно). Во последниве години, бројот на држави кои
воведуваат задолжително ОНРД е сè поголем.

• Квалификациите што се бараат за кадар кој работи со мали деца обично се пониси,
отколку за оние што работат со поголеми деца. Во мнозинството образовни системи
може да се вработат асистенти без иницијални квалификации за ОНРД. Само седум
образовни системи имаат воведено задолжителен континуиран професионален развој
(КПР) за севкупниот кадар во ОНРД (Луксембург, Романија, Словенија, Обединетото
Кралство (Шкотска) и Србија).

• Усогласеноста со структурните норми и стандарди, заедно со евалуацијата на


процесот на учење и дневните интеракции во средината се суштински дел од
гаранцијата на квалитет. Меѓутоа, квалитетот на структурата и на процесот се
евалуираат само во мал број европски држави. Во текот на процесот на евалуација
ретко се слуша и гласот на децата.

3
КОНТЕКСТОТ НА ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА

Образованието и негата во раното детство (ОНРД) – фаза пред основното


образование – стануваат суштински дел од европската образовна политика.
Среднорочниот извештај за имплементацијата на стратегиската рамка за Европска
соработка во образованието и обуката (ЕТ 2020) донесе заклучок дека „денешната
потреба за флексибилност и пропустливост меѓу искуствата на учење бара
кохерентност на политиката од образованието во раното детство и училиштата сè до
високото образование, стручното образование и обука и образованието за
возрасни ( 1). Со оглед на фактот дека раните години во животот на човекот се тие во
кои тој најмногу се развива, ОНРД ги поставува темелите за успешно доживотно
учење.
Во Европа,
Лидерите на ЕУ неодамна ги воспоставија ОНРД како едни од основните социјални децата имаат
права на европските граѓани. Еден од 20 клучни принципи на Европскиот столб на право на
социјални права утврдува дека „децата имаат право на образование и нега во раното образование и
детство со добар квалитет и по достапна цена“ ( 2). Покрај тоа, нагласува дека
нега во раното
„децата во неповолна положба имаат право на конкретни мерки за зајакнување на
еднаквите можности“. Сепак, повикот за придвижување кон европска образовна детство.
област до 2025 признава дека има недостатоци во однос на пристапот, квалитетот и
достапните цени на ОНРД ( 3).

Препораката на Советот за висококвалитетно образование и нега во раното детство,


донесена во мај 2019 ( 4), ги нагласува можните акции што државите-членки би
можеле да ги преземат работејќи кон остварување на овие цели. Таа ја поддржува
Рамката за квалитет на ОНРД на ЕУ, што беше предложена од експерти од различни
европски држави во 2014 ( 5). Оваа препорака го консолидира концептот на
квалитетно ОНРД околу пет суштински димензии: пристап, кадар, курикулум,
мониторинг и евалуација, како и управување и финансирање.

(1) COM/2015/0408 final.


(2) Меѓуинституционален проглас за Европскиот столб за човекови права (OJ C428, 13.12.2017, p. 10-15). Потпишан од Европскиот
парламент, Советот и Комисијата на 17 ноември 2017 година во Гетеборг, Шведска
(3) COM/2017/0673 final.
(4) Препорака на Советот од 22 мај 2019 за Висококвалитетни системи за образование и нега во раното детство (OJ C 189,
5.6.2019, p. 4-14).
https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=uriserv:OJ.C_.2019.189.01.0004.01.ENG&toc=OJ:C:2019:189:TOC
(5) Изготвена од Тематската работна група за образование и нега во раното детство под покровителство на Европската комисија.

4
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРИДИКА

Второто издание на Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во


Европа се стреми да влијае врз развојот на европската политика преку обезбедување
на преглед на тековните национални политики за ОНРД во Европа. Се состои од пет
поглавја кои соодветствуваат на петте димензии на Рамката за квалитет на ОНРД на
ЕУ: управување, пристап, кадар, образовни упатства, како и евалуација и
мониторинг. Сеопфатните податоци на ниво на држава за карактеристиките на
различните системи на ОНРД се наменети и за поддршка на академските
истражувања во областа, со што се проширува нашето знаење за услугите што се
обезбедуваат за малите деца и нивните семејства во Европа.

Дефиниција за образование и нега во раното детство (ОНРД)

Услуги обезбедени за деца од раѓање до задолжително основно образование што


се дел од национална регулаторна рамка, т.е. кои мора да се во согласност со
пакет правила, минимум стандарди и/или минуваат низ процедури за акредитација.
Вклучуваат:
• јавен, приватен и волонтерски сектор,
• услуги обезбедени во центар, како и услуги обезбедени во дом (во домот на
провајдерот, оној кој ги обезбедува услугите).
Најголем број
европски држави Многу европски држави ги структурираат услугите на ОНРД според возраста на
децата. Обично преминот од првата фаза кон втората се случува на тригодишна
обезбедуваат
возраст на децата. Честопати се прави разлика меѓу услугите обезбедени за деца
различни услуги на „под тригодишна возраст“ и за оние „што имаат три години и повеќе“, а сè со цел да
ОНРД за деца под се рефлектираат различните прописи. Сепак, важно е да се има на ум дека во некои
и над тригодишна држави преминот може да биде и порано, на две и пол години или подоцна на
возраст. возраст од четири и пол години ( 6).

Извештајот е структуриран во два дела: (1) меѓународна споредба и (2) национални


информации. Краткиот извештај ги нагласува главните пораки што произлегуваат од
компаративната анализа. Листите со информации за националните системи на крајот
од целосниот извештај даваат концизен преглед на клучните карактеристики на
системот на ОНРД на секоја држава. Овие национални листи вклучуваат и визуелна
презентација на главните елементи на структурата на ОНРД во форма на дијаграм,
опис на главните видови на обезбедувње на ОНРД, стапките на учество, опфатот на
образовните упатства, како и резиме на тековните реформи.

Извештајот опфаќа 38 европски држави (43 образовни система), кои учествуваат во


Програмата Еразмус + на ЕУ. Ги вклучува 28 држави-членки на Европската унија,
како и Албанија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора,
Република Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

За повеќе информации за методологијата и анализа, ве молам погледнете го


целосниот извештај. Достапен е онлајн на: https://eacea.ec.europa.eu/national-
policies/eurydice/content/key-data-early-childhood-education-and-care-europe-
%E2%80%93-2019-edition_en

(6) Преминот се случува на две и пол години во Белгија (француската и фламанската заедница), и на возраст од четири години во
Грција, Холандија, Швајцарија и Лихтенштајн.

5
ПРИСТАП

Гарантирано место: два начина на обезбедување на правото на ОНРД


Моментално во Европа има два приода во обезбедувањето на универзален пристап до
ОНРД. Некои држави предвидуваат законско право на место во ОНРД, додека, пак,
други воведуваат задлжително присуство во ОНРД. Двата приода бараат посветеност
на јавните власти дека гарантираат место во ОНРД. Сепак, постојат одредени
фундаментални разлики. Законско право значи дека детето има право на ОНРД, а
кога е тоа задолжително детето има обврска да оди во ОНРД. Оттука се разликува и
природата на гарантирањето на местото. Кога станува збор за законско право,
јавните власти треба да гарантираат место за секое дете за кое родителите ќе
побараат, во рамки на опфатената возраст. За разлика од нив, во државите каде што
ОНРД е задолжително, јавните власти мора да гарантираат доволен број на места за
сите деца на возраста опфатена со законската обврска.

Во Европа постојат значителни разлики во поглед на возраста на која децата имаат Само осум европски
гарантирано место во ОНРД (види слика 1). Само седум држави-членки на ЕУ држави (Данска,
(Данска, Германија, Естонија, Латвија, Словенија, Финска и Шведска) и Норвешка
Германија, Естонија,
гарантираат место во ОНРД за секое дете од рана возраст (од 6 до 18 месеци),
Латвија, Словенија,
честопати веднаш по завршувањето на породилното отсуство. Место во јавно
субвенционираните ОНРД се гарантира од тригодишна возраст или малку порано во Финска, Шведска и
трите заедници во Белгија, како и во Чешка, Шпанија, Франција, Луксембург, Норвешка)
Унгарија, Полска и Обединетото Кралство (Англија, Велс и Шкотска). Околу гарантираат место
четвртина од европските образовни системи обезбедуваат гарантирани места од
во јавно финансирани
четири, пет или шестгодишна возраст во последните 1-2 години од ОНРД. Честопати,
овие услуги се експлицитно насочени кон подготовка за основно образование и се
услуги за секое дете
задолжителни. од 6 до 18 месеци.

Најголемиот број европски држави гарантираат од 20 до 29 часа неделно ОНРД.


Неделните работни часови често се во согласност со оние на основните училишта и
го одразуваат образовниот фокус на услугите. Само во неколку држави (Чешка,
Данска, Естонија, Словенија и Норвешка) има гарантирани работни часови што го
покриваат целото работно време на родителите во текот на неделата.

Слика 1: Гарантирано место во ОНРД, 2018/19

Рана возраст Тригодишна возраст Последна година од


ОНРД

Нема гарантирани Гарантирани Задолжително ОНРД


Извор: Евридика.
Појаснување
За повеќе информации и конкретни белешки по држава, види слика Б1 и Б3 во целосниот извештај.

6
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

Четвртина од европските образовни системи немаат законска рамка со која се


гарантира место во ОНРД. И покрај тоа, некои од нив имаат висока стапка на учество
во ОНРД, обично од возраста на која обезбедувањето ОНРД станува дел од
образовниот систем. На пример, таков е случајот со Малта и Обединетото Кралство
(Северна Ирска) од тригодишна возраст, и Холандија од четиригодишна возраст. Во
Исланд ОНРД е широко достапно од двегодишна возраст. Меѓутоа, во француската
Многу европски
заедница во Белгија, во Италија, Романија, Словачка, Црна Гора и во Турција, се
држави смета дека побарувачката во последната година пред почетокот на основното
воведуваат образование е поголема отколку она што е обезбедено.
задолжително Многу европски држави неодамна го проширија правото на ОНРД. Пет држави
ОНРД пред (Чешка, Хрватска, Литванија, Финска и Шведска) во текот на последните пет години
почетокот на воведоа задолжително ОНРД една година пред почетокот на основното образование.
основното Периодот на задолжително присуство беше зголемен од една на две години во Грција
и од една на три години во Унгарија. Покрај тоа, законското право на ОНРД беше
образование.
воведено или проширено во Чешка, Полска и Португалија.

Достапни цени: ОНРД сè повеќе се нуди бесплатно на семејства со деца на


предучилишна возраст
Во Европа, најголем број од семејствата треба да платат за ОНРД за најмладата група
деца. Достапноста на бесплатна ОНРД значително се зголемува од тригодишна
возраст и овој тренд продолжува со секоја следна година на возраст, станувајќи
речиси универзален низ Европа во текот на последната година пред почетокот на
Просечните задолжителното основно образование.
месечни цени се За да се гарантира пристап, обезбедувањето на бесплатно ОНРД треба да биде
највисоки во придружено со гарантирано место. Без поддршка од законска рамка со која се
Ирска, Холандија, спроведува правото на ОНРД, обезбедувањето на оваа услуга може да биде
ограничено и листите на чекање може да бидат долги со комплексни правила за
Обединетото
приоритет. Моментално, само една европска држава – Латвија - гарантира бесплатно
Кралство и место во јавно ОНРД за секое дете и тоа на возраст од една и пол година. Во
Швајцарија. преостанатите држави најголемиот дел родители треба да платат за ОНРД во
најраните години. Просечниот месечен износ е највисок во Ирска, Холандија,
Обединетото Кралство и Швајцарија. На пример, во Ирска просечниот месечен износ
достигнува 771 евро. Овие држави се потпираат на механизмите придвижувани од
пазарот за обезбедување на ОНРД за децата помали од три години, иако може да има
и одредени субвенции достапни за оние во најнеповолна положба.

Најголемиот дел држави имаат воспоставено политика да нудат приоритетен прием и


намалување на цените за ранливите деца и семејства. Децата кои живеат во
сиромаштија се најчесто таргетираната група. Семејниот приход е
широкораспространет критериум, често се користи во комбинација со составот на
семејството. Како посебен критериум – иако во многу поврзан со сиромаштијата –
децата на самохраните родители честопати имаат придобивки од целните мерки.

Во некои држави обезбедувањето на услугите во домашни услови нуди


флексибилност на услугите за нега на дете
Покрај ОНРД во центар, во најголем број европски држави се нуди ОНРД во дом.
Вообичено, негователите во нивниот дом обезбедуваат нега за деца помали од три
години и дури и помали. Тие, обично се грижат за четири до пет деца на оваа
возраст.

Само во мал број европски држави негователите претставуваат значителен дел од


ОНРД услугите. Франција е единствената европска држава во која повеќе мали деца
се со негователи, отколку во услуги обезбедени во центар (crèches). Во осум држави

7
(Белгија, Данска, Германија, Холандија, Финска, Обединетото Кралство, Швајцарија
и Исланд) за значителен дел од децата помали од тригодишна возраст се грижат
негователи ( 7), но сепак доминираат услугите во центри.

ОНРД во домашни услови, генерално, повеќе е ориентирано кон нега за деца отколку
кон образование. Обично е во надлежност на органите за семејство, деца и
социјалните служби. Петнаесет образовни системи не предвидуваат никави
образовни упатства за овие услуги.

ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ:
ПАТОТ ДО ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ОНРД
Обезбедувањето на образование и нега во раното детство за децата пред почетокот
на задолжителното основно образование има два аспекта:
• Нега (или нега на дете): услуга главно наменета да овозможи родителите да
работат, а безбедноста и негата за детето да бидат гарантирани
• Образование во раното детство: услуга со намерна образовна компонента за
поддршка на развојот на детето и подготовка за основно образование.

Историски гледано, кај помалите деца фокусот е на негата на детето, додека, пак,
образованието во раното детство беше приодот за поголемите деца во годините пред
основното образование. Сега поизразен станува приодот на интегрирано
„образование и нега во раното детство“. Соочени со доказите дека интегрирањето на
политиката, се чини, нуди подобри можности и за управување со ресурсите и за
резултатите кај децата во смисла на нивниот холистички развој, (Kaga, Bennett, and
Moss, 2010; European Commission, 2013), европските држави сè повеќе ги
интегрираат нивните политики и регулативи за ОНРД. На слика 2 се наведени
главните димензии на политиката на ОНРД за интегриран систем од раѓање до
почетокот на основното образование.

Избегнувањето
Слика 2: Димензии на интегрирањето на политиката за ОНРД
на преминот од
КАДЕ една средина на
Средина КАКО ОНРД во друга
Министерство КОЈ претставува
Кадар ШТО придобивка за
Една средина до Курикулум детето и за
почетокот на основното
образование
семејството.
Кохерентно управување Висококвалификувани
под еден орган професионалци за Образовни активности во
возраст над и под 3 текот на целата фаза на
години ОНРД

Организирање на услугите во центар: една (унитарна) или посебни средини


Од аспект на детето, местото каде што тоа оди во ОНРД е централна точка на
поврзаност и стабилност. Преместувањето од еден вид на средина во друга е клучен
период на премин и за децата и за нивните семејства бидејќи честопати тоа значи
промена на формата и големината на групата, различен кадар, нови правила и

(7) Релативната важност на услуги во домашни услови се базира на националните статистички податоци и експертски проценки.
Кога има достапни податоци, услугите во домашни услови се сметаат за значителни доколку претставуваат најмалку 10% од
местата во ОНРД.

8
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

различни типови на активности. Поради тоа, периодот на адаптација е од суштинска


важност за децата. Оттука, структурата на средината е клучниот фактор на
дистинкција кога се дискутира за интеграција на системите на ОНРД во овој
извештај ( 8).

Во Европа системите на ОНРД се организирани на два главни начина:

1. Посебни средини за помалите и за поголемите деца со премин обично околу


тригодишна возраст. Услугите за деца помали од 3 години вообичаено се
фокусираат на нега на детето, додека, пак, кај предосновните училишта за
поголеми деца нагласени се образовните цели.

2. Една (унитарна) средина за сите возрасти сè до почетокот на основното


образование. И негата и образованието, од рана возраст, претставуваат
интегрален дел од услугите што се обезбедуваат во унитарна средина.

Во најголемиот број европски држави, ОНРД базирано во центар се обезбедува во


два посебни вида на средини според возраста на децата (види слика 3). Од
анализираните европски држави, помалку од една третина имаат само една
(унитарна) средина. Структурата со една (унитарна) средина главно е прифатена во
нордиските и во неколку балтички и балкански држави ( 9). Во една четвртина од
европските држави има и посебна средина и една (унитарна) средина.

Оттука, во три четвртини од европските образовни системи децата мора да направат


премин во нова средина, што, исто така, значи преминување на структурна препрека
во системот на ОНРД. Ретко има препораки за тоа како треба да се управува со оваа
промена, кои доаѓаат од високо ниво. Нив ги има само во 10 образовни системи,
имено Белгија (француската и фламанската заедница), Чешка, Данска, Шпанија,
Франција, Унгарија, Малта, Холандија и Португалија.

Управување: модел со единечен или двоен орган


Организирањето на услугите за ОНРД и правилата што се применуваат во многу
зависат од природата на управувањето. Давањето одговорност за целата фаза на
ОНРД, на едно министерство или на орган на највисоко ниво, може да помогне да се
промовираат кохерентни политики и да се гарантираат услуги со подобар квалитет
(Kaga, Bennett, and Moss, 2010). Во мнозинството европски образовни системи
прифатен е моделот со еден орган (види слика 3). Не е изненадување дека сите
држави кои имаат една (унитарна) средина, исто така, имаат и придобивки од овој
интегриран систем на управување. Во овие држави одговорноста за ОНРД е под
Во половина од
Министерството за образование.
образовните
Во државите во кои има посебни средини во зависност од возраста, во многу
системи преовладува моделот на двојни органи. Така, одговорноста за ОНРД е поделена меѓу
одговорноста за две различни министерства (или органи на највисоко ниво). Министерството за
ОНРД е поделена образование или друг орган за образование на највисоко ниво е одговорен за
меѓу две различни предосновно образование на децата на тригодишна возраст и поголеми, додека, пак,
услугите „од видот нега на дете“ за деца на возраст помала од три години е
министерства. одговорност на друго министерство или јавен орган, кои обично работат со деца или
семејни прашања. Тенденцијата во државите кои имаат и една (унитарна) и посебни
средини (комбинирани), е да го следат моделот на еден орган со интегрирано
управување.

Постојат неколку исклучоци: Ирска, Луксембург, Малта и Романија имаат посебни


средини за различните возрасни групи, но управувањето со целата фаза на ОНРД е

(8) Овој приод го користат и во Европската комисија и во Меѓународното здружение за евалуација на постигнувањата во
образованието (IEA, 2016).
(9) Во Хрватска, Латвија, Литванија, Словенија, Финска, Шведска, Босна и Херцеговина, Исланд, Црна Гора, Република Северна
Македонија, Норвешка и Србија.

9
под еден орган. Во Луксембург и Малта одговорноста за услугите за помалите деца
неодамна беше префрлена на Министерството за образование, со цел да се гарантира
поголема кохерентност на политиките (во 2012 и 2017 соодветно). И Италија е во
процес на ставање на ОНРД под одговорност на Министерството за образование, иако
регионите сè уште се главните регулатори на услугите за децата под 3 години.

Во најголемиот број држави со интегрирано управување, одговорни се образовните


власти. Данска, Германија и Ирска се единствените држави каде што други органи
одговорни за услугите за децата или семејните работи имаат контрола врз целата
фаза на ОНРД.

Слика 3: Структура на средината и управување, 2018/19

A. Посебна средина

Б. Една (унитарна) средина

A+Б. комбинирана

Еден орган за целата фаза на ОНРД


 (одговорен за образование)
Еден орган за целата фаза на ОНРД
 (одговорен за други области на
политики)

Извор: Евридика.

Појаснување
За повеќе информации и конкретни белешки по држава, види слика A2 и A4 во целосниот извештај.

Висококвалификуван кадар за целата фаза на ОНРД


Кадарот за ОНРД го поддржува развојот на децата, го гарантира нивното здравје и
добросостојба и ги води во нивните секојдневни рутини и активности. Видот на
искуствата што децата ги имаат во многу зависи од луѓето кои се одговорни. Поголема
е веројатноста дека висококвалификуван кадар – обучен на ниво на додипломски
студии или повисоко – ќе користи соодветни педагошки приоди, ќе креира
стимулирачка средина за учење и ќе обезбедува добра нега и поддршка. За
издигнување на статусот и платата на професионалците кои играат таква клучна улога Условите за
важно е, исто така, и минималниот влезен услов за кадар за ОНРД да биде висок. квалификации на
Сепак, како што е прикажано на слика 4, само во една третина од европските кадарот обично
образовни системи се бара најмалку еден од членовите на тимот кои се грижат за се пониски за
група деца, без оглед на возраста, да има високо образование ( 10).
работа со помали
Во друга третина од образовните системи, високото ниво на квалификации се смета деца отколку за
за суштинско за време на втората фаза од ОНРД (предосновно образование), но не за
време на првата фаза (нега на деца или образовен разој во раното детство) ( 11).
со поголеми.
Осум образовни системи имаат пониски квалификациски барања (Чешка, Ирска,

(10) Додипломско ниво е (ISCED 6) е минимум во Бугарија, Германија, Естонија, Грција, Хрватска, Кипар, Литванија, Словенија,
Финска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Норвешка. Во Португалија и Исланд е постдипломско (ISCED 7). Во Франција тоа е
ISCED 6 во тимови кои работат со помали деца и ISCED 7 за оние кои работат со поголеми. Од 2019/20, во Италија тоа ќе биде
на додипломско ниво за сите главни практичари.
(11) Тоа е случај во Белгија (сите три заедници), Шпанија, Италија, Луксембург, Унгарија, Холандија, Полска, Обединетото Кралство
(Англија, Велс и Северна Ирска), Албанија, Швајцарија, Лихтенштајн, Србија, Република Северна Македонија и Турција.

10
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

Латвија, Малта, Австрија, Романија, Словачка и Обединетото Кралство (Шкотска)). Во


Данска и Шведска ( 12), нема прописи од највисоко ниво за овие прашања.

Слика 4: Кадар со минимум квалификации на додипломско ниво (ISCED 6), 2018/19

За целата фаза на
ОНРД

Само за деца на
возраст од 3 години и
поголеми

Нема такви барања

Извор: Евридика.
Појаснување
Сликата покажува дали најмалку еден член на кадарот по група деца во ОНРД во центар мора да има
квалификации на додипломско ниво на образование (ISCED 6) или повисоко поврзано со ОНРД (или
образование) согласно прописите од највисоко ниво. За повеќе информации и конкретни белешки по
држава, види слика Ц1 во целосниот извештај.

Само во пет Воспоставувањето на барања за иницијални квалификации за кадарот кој работи со


образовни системи деца е само појдовна точка во обезбедувањето на добро квалификувана работна
сила. Континуираниот професионален развој (КПР) е, исто така, од суштинско
континуираниот
значење бидејќи им овозможува на вработените да ги надградуваат нивното знаење
професионален и вештини во текот на целата нивна кариера.
развој е
Само во една четвртина од образовните системи КПР е задолжителен за главните
задолжителен за практичари (стручни лица) кои работат со мали деца, наведувајќи го неговото
целиот кадар минимално времетраење во дефиниран временски период (види слика 5). Во уште
(Луксембург, неколку образовни системи, но сè уште помалку од половината, се бара КПР за
Романија, главните практичари кои работат со поголеми деца. Задолжителен КПР значи дека на
Словенија, кадарот му се нуди поддршка да учествува во овие активности, на пример, КПР се
Обединетото обезбедува во текот на работното време и трошоците за курсевите или патувањето се
надоместуваат. Тоа не е секогаш случај во образовните системи каде што КПР е само
Кралство –
професионална должност, или не е задолжителен.
Шкотска и Србија).
Задолжителен КПР за асистенти многу ретко се сретнува. Луксембург, Словенија и
Обединетото Кралство (Шкотска) се единствените европски образовни системи каде
Во многу држави што сите асистенти мора да преземат КПР. Луксембург има асистенти за ОНРД само
една година (éducation précoce). Во Словенија и во Обединетото Кралство (Шкотска),
не се бара
асистентите мора да поминат исто време на КПР, како и главните практичари. Во
асистентите за Франција, само асистентите кои работат со поголеми деца имаат обврска да го
ОНРД да имаат надградуваат нивното знаење и вештини.
иницијални Во половината од образовните системи кои вработуваат асистенти, за овој вид на
квалификации кадар не е задолжително да имаат иницијални квалификации поврзани со нивната
поврзани со професија. Покрај тоа, асистентите ретко имаат обврска за преземање активности за
нивната КПР. Оттука, значителн дел од кадарот ангажиран во секојдневните активности со
професија. децата нема никаква формална обука во врска со ОНРД.

(12) Во Шведска, за да работи со деца на шестгодишна возраст, или поголеми во предосновни одделенија, кадарот треба да биде
квалификуван на ISCED ниво 6 или 7.

11
Слика 5: Задолжителен континуиран професионален развој (КПР) за целиот кадар и
услов за иницијални квалификации за асистенти, 2018/19

a) За работа со деца под тригодишна возраст


б) За работа со деца на тригодишна возраст и Една третина од
поголеми
образовните
системи не
обезбедува
образовни
упатства за
возраст помала
од 3 години

КПР за главни КПР за


практичари асистенти
Услов за иницијални квалификации за
Задолжително  асистенти
Незадолжително Нема асистенти
Извор: Евридика.
Појаснување
Главен практичар: поединец кој води пракса за група деца на ниво на одделение или игрална и работи
директно со децата и нивните семејства. Асистент: поединец кој го поддржува главниот практичар (главните
практичари) со група деца или одделение секојдневно. Извештајот ги зема предвид само асистентите кои се
сметаат за суштински членови на кадарот за сите групи на деца. Асистентите вработени за задоволување
на конкретни потреби (на пример да обезбедат дополнителна поддршка во групите во кои има деца со
посебни потреби) или локални околности не се земени предвид. Задолжително: КПР е задолжителен и
минималниот износ на време што треба да се помине на тоа е специфициран.
Квалификациите не се прикажани во случаите каде што за да се стане асистент во ОНРД, највисокиот орган
бара минимум ниво на општо образование, а не минимум иницијални стручни квалификации.
За повеќе информации и конкретни белешки по држава, види слика Ц2 и Ц7 во целосниот извештај.

Образовни упатства (курикулум): сè повеќе ја опфаќаат целата фаза на ОНРД


Сè повеќе се прифаќа дека обезбедувањето на капацитети за нега на дете во раните
години е основата за учење во животот. Како резултат на тоа, во сите европски Во најголем број
држави властите на највисоко ниво издадоа официјални упатства за да се гарантира
држави
дека овие средини содржат образовна компонента која е намерно вклучена.
Содржината на овие упатства варира, но генерално тие опфаќаат развојни цели или тимовите кои
цели за учење и активности соодветни на возраста, понекогаш во форма на вклучуваат
стандарден курикулум. Наменети се да им помогнат на овие средини да го подобрат
асистенти имаат
квалитетот на нега и учењето, и да гарантираат дека сите услуги на ОНРД се со
високи стандарди. Сепак, во околу една третина од сите европски држави ( 13) заедничка
образовните упатства важат само за средините за деца на возраст од 3 години и одговорност за
поголеми (види слика 6). Во овие држави останува поделбата на капацитети од типот
група деца.
„нега на дете“ и „предосновно образование“.

Дали има образовни упатства од највисоко ниво или не во многу зависи од видот на
органот на управување кој е надлежен. Во речиси сите држави каде што еден орган е
одговорен за целата фаза на ОНРД, образовните цели или содржина се утврдени за
сите возрасни групи ( 14). Спротивно на тоа, онаму каде што има двојни органи, има

(13) Белгија (заедницата што зборува германски), Бугарија, Чешка, Грција, Италија, Кипар, Холандија, Полска, Португалија,
Словачка, Обединетото Кралство (Велс и Северна Ирска), Албанија и Швајцарија.
(14) Данска, Германија, Естонија, Ирска, Шпанија, Хрватска, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Австрија, Романија, Словенија,
Финска, Шведска, Обединетото Кралство (Англија и Шкотска), Босна и Херцеговина, Исланд, Црна Гора, Република Северна
Македонија, Норвешка и Србија.

12
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

тенденција да недостасуваат образовни упатства за средините со деца помали од 3


години. Онаму каде што има, тие се утврдени во посебни документи за помали и
поголеми деца и ги издаваат различни органи ( 15). Во таквите случаи, од суштинска
важност е да се гарантира дека се користи координиран приод во двете фази на ОНРД.

Системите на ОНРД со двојни органи сè повеќе воведуваат компоненти на учење во


ОНРД од најрана возраст. Од првото издание на Клучни податоци за извештајот за
Неодамна неколку ОНРД (2012/13), образовни упатства се воведени за услугите на ОНРД за помали деца
држави воведоа во Белгија (фламанската заедница), Франција, Луксембург и Лихтенштајн. Покрај тоа,
образовни воведување на вакви упатства во блиска иднина планираат и Италија и Португалија.
упатства за деца Образовните упатства, онаму каде што постојат, утврдуваат група области за учење и
на возраст развој за децата, што треба да бидат во фокусот на дневните активности. Области за
учење нагласени во (речиси) сите држави кои важат за целата фаза на ОНРД се:
помала од 3
емоционален, личен и социјален развој; физички развој; уметнички вештини; јазик и
години. комуникациски вештини; разбирање на светот; вештини на соработка и здравствено
образование. Има и други области на учење кои поретко се спомнуваат и почесто се
наменети за поголемите деца. На пример, таков случај е раното учење на странски
јазици и дигиталната едукација.

Најголемиот дел од државите, кои имаат образовни упатства од највисоко ниво,


Учењето преку предвидуваат препораки за педагошки приоди и методи за оценување. Препорачаните
игра нашироко се педагошки приоди креираат значителен простор за учење преку игра и честопати се
потенцира. нагласува клучната улога на возрасните да ги поттикнат децата на размислување за
време на играта. Во повеќето држави се нагласува изнаоѓањето на вистинска
рамнотежа меѓу активностите иницирани од возрасните и оние иницирани од децата,
додека, пак, нешто поретко се нагласува инволвирањето на родителите во учењето на
децата. Сите држави, кои обезбедуваат упатства за оценување, упатуваат на
набљудување на детето и во мнозинството од нив јасно се спомнува водење на пишана
евиденција на резултатите од набљудувањето. Кога се специфицираат повеќе детали
за обликот во којшто набљудувањето треба да се изведува, државите имаат тенденција
да претпочитаат континуирано набљудување наместо редовни куси набљудувања.
Поретко се препорачуваат портфолија и самооценување.

Слика 6: Образовни упатства од највисоко ниво, 2018/19

За целата фаза на ОНРД

Само за деца на 3 години и


поголеми

Извор: Евридика.

Појаснување
На сликата се прикажани прописите за услуги во центар. За повеќе информации и белешки по држава види
слика Д1 во целосниот извештај. За услуги во дом, види слика Д1 во целосниот извештај.

(15) Белгија (француската и фламанската заедница), Франција, Унгарија, Лихтенштајн и Турција.

13
Степен на интеграција на системот и политиките во ОНРД во Европа
Согласно четирите критериуми во врска со квалитативните димензии дискутирани
претходно: средина (унитарна или посебна), органи (еден или два),
висококвалификуван кадар во целата фаза на ОНРД (минимум ниво ISCED 6) и
образовни упатства што важат за сите средини, европските држави може да се
распоредат во континуум од интегрирани до поделени системи. На слика 7 е
прикажан степенот на кохерентност на системот и политиките, од интегриран
(темнозелена) до поделен (црвена).

Интегриран (темнозелена): координирани и конзистентни политики во целата фаза


на ОНРД. Таков е случајот во Хрватска, Литванија, Словенија, Финска, Босна и
Херцеговина, Исланд, Црна Гора и Норвешка. Во овие држави децата одат во
унитарна средина сè до почетокот на основното образование ( 16). Министерството за
образование е одговорно за поставување на правилата и прописите за целата фаза
на ОНРД. Курикулумот, образовната програма или упатствата важат од рана возраст
и во целата фаза на ОНРД главните практичари мора да бидат висококвалификувани.

Донекаде интегриран (светлозелена): сите или најголемиот дел од децата одат во


унитарна средина. ОНРД е во надлежност на едно министерство и има образовни
упатства за целата фаза на ОНРД. Сепак, во однос на степенот на интеграција на
системот за средините (во кои се обезбедуваат услугите) и барањата за
квалификации, во оваа категорија има две подгрупи:
• Држави во кои сите деца одат во една средина, но нема барања од највисоко
ниво за кадарот да биде висококвалификуван во целата фаза на ОНРД
(Латвија, Шведска, Република Северна Македонија и Србија).
• Држави во кои некои деца преминуваат од средина за помали во средина за
поголеми деца (систем на комбинирани средини), но главните практичари се
висококвалификувани во целата фаза на ОНРД (Германија и Естонија).

Слика 7: Степен на интеграција на системот на ОНРД, 2018/19

Децата во Европа
се сретнуваат со
Интегриран
многу различни
Донекаде интегриран
средини на ОНРД,
што води кон
На средина различни
искуства во
Донекаде поделен раното учење.

Поделен

Извор: Евридика.

Појаснување
Сликата го покажува степенот на интеграција според тоа дали системот на ОНРД има унитарна средина,
еден орган, висококвалификуван кадар (на ниво ISCED 6) во целата фаза на ОНРД, и дали образовните
упатства важат и за помалите и за поголемите возрасни групи. Пресекот по критериуми е достапен во Анекс
А во целосниот извештај. Темнозелена = за сите критериуми; црвена = ниту еден од критериумите.

(16) Во Литванија, Финска, Босна и Херцеговина, некои деца може за последната година од ОНРД (предосновно одделение) да се
префрлат на истата локација кај основното училиште.

14
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

На средина (жолта): едно министерство е одговорно и образовните упатства важат


за целата фаза на ОНРД. Меѓутоа, сите или некои од децата треба да ја сменат
средината и во целата фаза не се вработени висококвалификувани главни
практичари (на ниво ISCED 6). Франција е исклучок. Вклучена е во оваа категорија и
покрај висококвалификуваните главни практичари во целата фаза на ОНРД, бидејќи
со обезбедувањето услуги за помалите и за поголемите деца раководат различни
министерства.

Донекаде поделен (портокалова): во овие држави сите деца кои почнуваат ОНРД
на рана возраст обично треба да преминат од средина за нега на деца во
предосновна средина. Само еден од критериумите важи за целата фаза. Во Белгија
(француската и фламанската заедница), Унгарија, Лихтенштајн и Турција, иако има
образовни упатства за целата фаза на ОНРД, нив ги издаваат различни органи за
возраст над и под 3 години, и главните практичари кои работат со мали деца не
треба да бидат висококвалификувани. Спротивно на тоа, во Бугарија, Грција, Кипар
и Потугалија нема образовни упатства за средини за помали деца, но главните
практичари мора да бидат висококвалификувани за целата фаза на ОНРД.

Поделен (црвена): вообичаената поделба меѓу нега на дете и рано образование е


очигледна во сите области: посебни средини, различни министерства одговорни за
помали и поголеми деца, барања за повисоки квалификации за главните практичари
во предосновно образование отколку во средина за нега на дете за помалите деца
(или пониско ниво на барања во двете фази) и нема образовни упатства за помали
деца. Во оваа категорија се Белгија (заедницата која говори германски), Чешка,
Италија, Холандија, Полска, Словачка, Обединето Кралство (Велс), Албанија и
Швајцарија. Италија ги интегрира нејзините услуги за ОНРД во центар за поглеми и
помали од 3 години. Квалификациите на кадарот ќе бидат усогласени во целата фаза
на ОНРД од 2019/20.

Анализата на степенот на интеграција во ОНРД сугерира дека децата во Европа се


сретнуваат со сосема различни средини, што води кон различни искуства во учењето во
раниот период. Само децата во Нордискиот, Балтичкиот и Балканскиот регион се
Во најголем дел од
сретнуваат со целосно, или донекаде интегриран систем на ОНРД, при што одат во една
државите во средина управувана од едно министерство и висококвалификуван кадар го поттикнува
Средна и Јужна нивниот развој и учење од најрана возрст. Во најголем број од другите европски
Европа децата се држави децата наидуваат на промени, движејќи се од средини за нега на дете до
предосновни средини фокусирани на образование, и квалитетот на обезбедување на
сретнуваат со
ОНРД варира. Сепак, со воведувањето на образовни упатства за помалите деца од
промени при премин страна на многу држави, традиционалната поделба на фази на детска нега и
од средина за нега предосновно образование повеќе не е толку јасна. Покрај тоа, управувањето со ОНРД
на деца во станува сè повеќе интегрирано под едно министерство или орган на највисоко ниво.
Спротивно на тоа, структурата на средината и квалификациите на кадарот се немаат
предосновни
многу променето во последните години во Европа.
училишта
Пристапот и квалитетот се чини дека се добро усогласени. Најголем број држави, кои
фокусирани на
обезбедуваат гарантирано место од рана возраст, се целосно или донекаде
образование на интегрирани во поглед на четирите клучни димензии на квалитет: структурна
возраст од околу 3 организација на ОНРД, управување, барања за квалификации на кадарот и
години. образовна содржина ( 17). Спротивно на тоа, поделените системи на ОНРД не
обезбедуваат гарантирано место пред ОНРД да стане дел од образовниот систем (на
возраст од околу 3 години или дури и подоцна).

Меѓутоа, важно е да се напомене дека не сите интегрирани системи на ОНРД


гарантираат ран пристап до ОНРД. Некои од нив сè уште прават напори да
гарантираат пристап за секое дете и имаат ниска стапка на учество ( 18).

(17) Данска, Германија, Естонија, Латвија, Словенија, Финска, Шведска и Норвешка. Меѓутоа, не сите интегрирани системи на ОНРД
обезбедуваат гарантирано место.
(18) Стапките на учество во ОНРД за деца помали од 3 години се приближно 20% или помалку во Хрватска, Литванија, Република
Северна Македонија и Србија. За Босна и Херцеговина и Црна Гора нема статистички податоци од Евростат.

15
ЕВАЛУАЦИЈА НА СРЕДИНИТЕ:
НАЧИН ЗА ГАРАНЦИЈА НА КВАЛИТЕТ

Еден од начините на кој властите на највисоко ниво се трудат да го унапредат


квалитетот на ОНРД е преку евалуација на поединечните средини. Евалуацијата
може да опфати многу аспекти на ОНРД, меѓутоа двете главни димензии на квалитет
честопати нагласувани во контекст на ОНРД се квалитетот на структурата и
квалитетот на процесот (European Commission, 2014; Slot et al., 2015).
• Квалитетот на структурата се однесува на проверката дека средината е во
согласност со рамковните услови за ОНРД во области како здравје и Евалуација и на
безбедност, квалификации на кадарот или големина на групата. Квалитетот квалитетот и на
на структурата може, исто така, да опфати и проверка дали педагошкиот план
процесот се прави
ги исполнува стандардите утврдени во образовните упатства на највисоко
само во мал број
ниво.
европски држави.
• Квалитетот на процесот се однесува на тоа колку добро средината го
поддржува процесот на учење. Главни области, предмет на евалуација се:
како се имплементира курикулумот (квалитетот и разновидноста на
активностите), квалитетот на интеракцијата и релациите меѓу кадарот и
децата – како практичарите го поттикнуваат развојот на децата – и колку е
добра меѓусебната интеракција на децата.

Надворешната евалуација на средините за ОНРД за поголеми деца често се осврнува


на квалитетот и на структурата и на процесот. Спротивно на тоа, само една третина
од европските образовни системи има воспоставено системи за евалуација кои не
само што проверуваат дали средините за помали деца се во согласност со
стандардите, туку и дали го поддржуваат процесот на учење (види слика 8). Речиси
половината од државите или немаат одредби за надворешна евалуација на средините
за деца под тригодишна возраст, или го евалуираат само структурниот квалитет.

Слика 8: Главен фокус на надворешна евалуација на средини за ОНРД базирани во


центар за деца под тригодишна возраст, 2018/19

Квалитетот и на
структурата и на
процесот

Само квалитетот на
структурата

Нема надворешна
евалуација на
средината

Одговорност на оној
што обезбедува ОНРД

Извор: Евридика.
Појаснување
За повеќе информации и конкретни белешки по држава види слика E1a во целосниот извештај.

16
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

Во Германија, Литванија и нордиските држави, оној што обезбедува ОНРД има


должност да направи евалуација на квалитетот на тоа што го обезбедува. Овие
субјекти (локалните власти/општините, НВО или други приватни тела) имаат голема
слобода во приодите што ги користат.

Разликите во опфатот на надворешната евалуација на средините за ОНРД најчесто се


поврзани со, и се јавуваат како резултат на видот на телото одговорно за
надворешна евалуација на средината. Кога надворешната евалуација на средините
на ОНРД ја спроведува просветен инспекторат, или друг оддел во министерството
одговорен за евалуација на образованието на повисоки нивоа на образование (како
основно образование), обично се посветува внимание на тоа колку добро средината
го поддржува процесот на учење (квалитетот на процесот). Меѓутоа, кога
надворешната евалуација на средината ја спроведуваат јавни тела кои работат со
семејството, социјалните работи или младите, и не се одговорни за евалуација на
училиштата на повисоко ниво на образование, често таа повеќе се фокусира на
усогласеноста со нормите и стандардите (квалитет на структурата).

Евалуацијата на средина за ОНРД базирана во центар овозможува да се земе предвид


перспективата на детето. Собирање на гледиштата на децата за нивните секојдневни
Во процесот на активности, или нивната интеракција со децата и кадарот е ефективен начин да се
евалуација ретко осигура дека интересите на децата се во центарот на процесот на евалуација и на
подобрување. Препораката на Советот за висококвалитетни системи за образование
се слуша гласот и нега во раното детство ( 19) ја нагласува важноста на децата да им се даде можност
на децата. да дадат придонес во процесот на евалуација. Во моментов, само во 12 држави во
Европа, се применува партиципативна постапка на евалуација што овозможува да се
слушнат и децата. Сепак, само неколку образовни системи имаат утврдено дека
гледиштата и на помалите и на поголемите деца мора да се земат предвид во текот
на овој процес ( 20).

ПОДДРШКА НА ПРЕМИНОТ ВО ОСНОВНО


ОБРАЗОВАНИЕ

Во целата фаза на ОНРД трендот е кон интеграција и континуитет, но крајот на


фазата носи важни промени за децата. Во повеќето европски држави тие, генерално,
се движат кон основно образование на возраст од околу 6 години, но тоа може да
биде и порано на 4 години, или подоцна на 7 години. Во текот на овој период на
премин, децата и нивните родители може да доживеат одредени тешкотии поради
Најголемиот број
разликите во новата средина. Честопати, основните училишта имаат поинакви
деца во Европа образовни приоди, правила, дневни распореди и очекувања. Децата, исто така, мора
започнуваат со да изградат нови релации со кадарот и соучениците (Balduzzi et al., 2019). Затоа е
важно да се подготват децата и нивните семејства за овој премин и на тој начин да
основно
се ублажат тешкотиите што може да се појават.
образование на
возраст од околу Ако во последната година од ОНРД детето оди во средина којашто е на иста локација
како и основното училиште, тоа не само што гарантира дека децата веќе се
6 години.
запознати со физичкото и социјалното опкружување, туку нуди и можности за
соработка меѓу кадарот во ОНРД и училиштето. Во осум образовни системи, сите деца
последната година од ОНРД одат на иста локација како и основното училиште (види
слика 9). Во најголем број образовни системи, најмалку една година пред почетокот
на основното образование некои од децата се префрлаат на локацијата на основното
училиште.

(19) OJ C 189, 5.6.2019, p. 4-14.


(20) Данска, Шпанија (две автономни заедници: Каталонија и Валенсија), Финска, Шведска, Обединетото Кралство (Шкотска),
Исланд и Норвешка.

17
Слика 9: Мерки од највисоко ниво за олеснување на преминувањето на децата во
основно образование и локацијата на последната година во ОНРД, 2018/19

A. Последната година од ОНРД


на истото место како основното
училиште
Б. Последната година од ОНРД
на друго место

A+Б. Комбинирано (A и Б
коегзистираат)

Мерки за преминување
 препорачани на највисоко ниво

Извор: Евридика.
Појаснување
Сликата не ги зема предвид групите за ОНРД организирани во основните училишта во помалку населените
области. За повеќе информации и конкретни белешки по држава, види слика Д9 и Д10 во целосниот извештај.
Една третина од
Без оглед на тоа дали станува збор за физичко префрлување на децата или не, на
европските
ниво на средина за ОНРД може да се применат серија мерки за да се воспостави
континуитет и соработка со основните училишта, со цел да се промовира непречена образовни
транзиција. Две третини од образовните системи препорачуваат средините, или системи не
локалните власти, да воспостават практики што го олеснуваат преминувањето.
обезбедуваат
Мерките ги вклучуваат децата, кадарот и родителите. Со организирани посети на
основното училиште, или со водење заеднички проекти кои ги вклучуваат децата и упатства за
од ОНРД средините и од основните училишта, може да им се помогне на децата да се олеснување на
запознаат со новата средина. Препорачаните практики за соработка меѓу кадарот во
преминот од
ОНРД и основните училишта за олеснување на преминот вклучуваат и пренесување
информации за достигнувањата на детето, взаемно запознавање со опкружувањето, ОНРД во основно
координирање на активностите за континуиран професионален развој или соработка образование.
во изготвувањето на курикулумот за двете нивоа на образование. Честопати се
препорачуваат средби со родителите за да се запознаат со новото опкружување и да
им се обезбедат информации како работи училиштето.

Мерките и иницијативите спроведени од средините за ОНРД не секогаш се доволни Во една третина


да се обезбеди непречен премин во основно образование. Оттука, основното
од европските
образование има суштинска улога во поддршката на процесот. Некои експерти и
креатори на политики се залагаат за промена на парадигмата од подготвување на држави потребно
децата да бидат спремни за на училиште, подготвување на училиштата да бидат е детето да има
спремни за децата (ОЕЦД, 2017). Меѓутоа, одреден број европски држави имаат
достигнато
политики базирани на идејата дека детето терба да има достигнато одредено ниво на
емоционален, социјален, когнитивен и физички развој за да биде подготвено да одредено ниво на
почне со основно образование. Подготвеноста за на училиште е критериум за прием емоционален,
во основно образование во една третина од образовните системи ( 21), најмногу во
социјален,
Средна Европа и на Балканот. Во овие образовни системи, кадарот во ОНРД или во
основните училишта може да биде одговорен да одлучи дали детето е доволно зрело когнитивен и
да се справи со следниот чекор. Одлуката честопаи се носи врз основа на оценување физички развој за
и/или набљудување на развојот на детето, а понекогаш се консултираат и да почне во
специјалисти. Во преостанатите држави, концептот на подготвеност за на училиште е
помалку важен, или воопшто не е важен, бидејќи достигнувањето на официјалната основно
возраст е единствениот услов за прием во основно образование. образование.

(21) Белгија (заедницата што говори германски и фламанската заедница), Германија, Естонија, Хрватска, Унгарија, Холандија,
Луксембург, Австрија, Словечка, Босна и Херцеговина, Лихтенштајн, Црна Гора и Србија.

18
Краток извештај на Евридика: Клучни податоци за образованието и негата во раното детство во
Европа

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОНРД ОД


ЕВРИДИКА

Краткиот извештај нагласува некои од главните наоди од извештајот на Евридика


Клучни податоци за образование и нега во раното детство – издание 2019.
Целосниот извештај дава многу други детални компаративни анализи, како и
национални листи со клучни информации по држава. Пдф верзијата е достапна
онлајн на: https://eacea.ec.europa.eu/national-policies/eurydice/content/key-data-
early-childhood-education-and-care-europe-%E2%80%93-2019-edition_en

Годишните податоци за шест клучни елементи на системи на ОНРД кои датираат од


учебната 2014/15 година се достапни преку проектот на Евридика за Структурни
индикатори за мониторинг на системите за образование и обука во Европа. Сите
податоци се достапни онлајн на: https://eacea.ec.europa.eu/national-
policies/eurydice/content/structural-indicators-monitoring-education-and-training-
systems-europe-–-2018_en

Подетални информации по држава се достапни на вебсајтот на Евридика, во описот


на националните образовни системи: https://eacea.ec.europa.eu/national-
policies/eurydice/national-description_en

19
РЕФЕРЕНЦИ
Balduzzi, L. et al., 2019. Literature Review on Transitions across Early Childhood and
Compulsory School Settings in Europe. [pdf] Available at: http://start.pei.si/wp-
content/uploads/sites/11/2017/01/01_LITERATURE-REVIEW.pdf.
[Accessed 16 May 2019].

European Commission, 2014. Proposal for key principles of a Quality Framework for Early
Childhood Education and Care. Report of the Working Group on Early Childhood
Education and Care under the auspices of the European Commission. [pdf]
Available at: http://ec.europa.eu/assets/eac/education/policy/strategic-
framework/archive/documents/ecec-quality-framework_en.pdf
[Accessed 25 January 2018].

European Commission/EACEA/Eurydice/Eurostat, 2014. Key Data on Early Childhood


Education and Care in Europe. 2014 Edition. Eurydice and Eurostat Report.
Luxembourg: Publications Office of the European Union. [pdf]
Available at: https://eacea.ec.europa.eu/national-policies/eurydice/content/key-
data-early-childhood-education-and-care-europe-%E2%80%93-2014-edition_en

IEA (International Association for the Evaluation of Educational Achievement), 2016. Early
Childhood Policies and Systems in Eight Countries Findings from IEA’s Early
Childhood Education Study. [pdf] Available at: https://www.iea.nl/fileadmin/user_
upload/Publications/Electronic_versions/ECES-policies_and_systems-report.pdf
[Accessed 10 May 2019].

Kaga, Y., Bennett, J., and Moss, P., 2010. Caring and learning together: A cross-national
study on the integration of early childhood care and education within education.
Paris: UNESCO.

OECD, 2017. Starting Strong V: Transitions from Early Childhood Education and Care to
Primary Education. Paris: OECD Publishing. [Online] Available at:
http://dx.doi.org/10.1787/9789264276253-en [Accessed 29 June 2018].

Slot, P., Leseman, P., Verhagen, J. and Mulder, H, 2015. Associations between structural
quality aspects and process quality in Dutch early childhood education and care
settings. Early Childhood Research Quarterly, 33: 4, pp. 64-76.

20
EC‐02‐19‐391‐MK‐N
Задачата на мрежата Евридика е да разбере и објасни како се организирани и како
функционираат различните европски образовни системи. Мрежата обезбедува описи на
националните образовни системи, компаративни студии посветени на конкретни теми,
индикатори и статистики. Сите публикации на Евридика се бесплатни и се наоѓаат на веб‐
страницата или, на барање, во печатена форма. Преку својата работа, Евридика се стреми
да промовира разбирање, соработка, доверба и мобилност на европско и на меѓународно
ниво. Мрежата се состои национални одделенија лоцирани во европски држави и е
координирана од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура
(Education, Audiovisual and Culture Executive Agency). Повеќе информации може да се најдат
на http://ec.europa.eu/eurydice.

ISBN 978-92-9484-339-5
doi:10.2797/171761

You might also like