You are on page 1of 5

Големини и единици мерки

во бимоеханиката
Биомеханиката на човечкото тело и неговите движења ги
употребува физичките односно механичките големини и
нивните единици мерки.
Трите основни големини кои се потребни за биомеханиката се:
• Должина
• Маса
• Време
Основните големини должина,маса и време се скаларни и потполно се одредени со
нивната нумеричка вредност. Изведените големини како брзина,забрзување и сила се
векторски големини и покрај интензитетот тие се одредени со правец и насока на
дејствување.

Должината се користи како мерка за одредување на растојание во трите димензии на


просторот,висина,ширина и длабина. Основна единица мерка за должина е метар(m).
Изведени должини од метар кои најповеќе се применуваат се:
• Километар (km) = 1000 m
• Сантиметар (cm) = 0.01м (1 метар е 100 сантиметри)
• Милиметар (mm)= 0.001 m (1 метар е 1000 милиметри)
Важно е да се напомене дека изминатиот пат е скаларна должина а поместувањето е
векторска должина
Изведени просторни големини се: површина со единица мерка квадратен
метар (m) 2, како и волумен со единица мерка кубен метар (m)3 и литар (l)
каде еден L = 1000 cm3

Времето во механиката е универзално и на ист начин тече во сите


реферетни системи. За единица време се зема секунда (s). Изведени
множини од секунда се :
• Минута (min)
• Час (h)
• Десетинка (0.1 секунда)
• Стотинка (0.01 секунди)
Масата е големина која зависи од количината на материјатана едно тело. Единица
мерка за маса е килограм (kg). Изведени множини од килограм се:
• Тон (t) = 1000кг
• Грам (g) = 0.001 1000грама = 1кг

You might also like