You are on page 1of 46

КАРАКТЕРИСТИКИ,

ИЗВОРИ И НАЧЕЛА ВО
ПОСТАПКАТА ПРОТИВ
ДЕТЕ
Олга Кошевалиска
 ЗА потребата и оправданоста од постоењето на посебно казнено
законодавство (материјално, процесно и извршно) со кое несомнено и
недвосмислено ќе биде уредена положбата на детето во казнениот систем.
 Првично, ЗМП внесе сосема нов приод во постапувањето со децата и
малолетниците поаѓајќи од начелата на кои почива КПД, документите на
ООН во однос на методите што треба да бидат застапени при постапување со
деца и малолетници, превенирање на малолетничката делинквенција, како и
имплементација на препораките на Советот на Европа.
 ЗМП претставуваше успешен сублимат на одредби кои припаѓаат на две
области: малолетничка правда (juvenile justice system) и благосостојба на
децата (child welfare). Ваквата тенденција ја задржа и неговиот следбеник,
ЗПД
 Основните начела на кои почива ЗПД се ннајдобриот
интерес на детето, помош и заштита на дете и на неговите
права, негова правилна социјализација, грижа, воспитување
и превоспитување, ресторативна правда со посебен акцент
врз улогата, интересите и положбата на оштетениот,
превенција на детското престапништво на централно и
локално ниво, како и заштита на детето-жртва од кривично
дело
 Со право сите современи законодавства повеќе внимание
посветуваат на превенирање на детското престапништво
преку елиминирање на сите ризик фактори кои се јавуваат
како причина за детско престапништво одошто за
подигањето на репресијата спрема децата и изразување на
ретрибутивен карактер на казнената реакција
 Системот на кривично право спрема децата е составен од:

 материјално кривично право – систем на законски одредби со кои се уредува кривично правниот статус на децата сторители на
кривични дела и системот на кривични санкции, алтернативни мерки и мерки на безбедност кои што може да му се изречат на детето
кое е сторител на кривично дело;
 кривично процесно право – систем на законски одредби со кои се определува поимот, организацијата и надлежност на органите во
казнено правосудство спрема децата, поведувањето и водењето на кривичната постапка, нејзиниот тек и постапката по редовни и
вонредни правни лекови;
 Извршно кривично право – систем на законски и подзаконски прописи со кои се определува организацијата и надлежноста на државните
органи надлежни за извршување на кривичните санкции спрема деца, алтернативни мерки и мерки на безбедност и постапката на нивно
извршување.
• Карактеристики на малолетничкото казнено право

• карактеристики:

1. Кривичноправните одредби од Кривичниот Законик не се


однесуваат на деца кои во моментот на извршувањето на
кривичното дело немаат навршено 14 годишна возраст. Овие
лица се сметаат за „деца“ и истите не се активен субјект во
кривичното право.
2. Системот на малолетничко право е подреден на постулат
различен од основниот постулат на казненото право односно
основна цел на кривичната постапка против малолетници е
превоспитување на малолетникот со што превоспитувањето се
става пред казнувањето.
3. Малолетничкото казнено право во прв ред има превентивен
карактер.
5. Системот на казнени санкции кои можат да им бидат изречени на малолетниците во прв ред се одликуваат со
мерки на помош и заштита и со посебен акцент на ресоцијализација, со минимализирање на случаите на
употребата на принуда, ограничување на слободата и конечно со внимателно ограничување на репресијата
6, Казната малолетнички затвор може да се изрекува во исклучителни случаеви само на дете над 16 годишна
возраст кое сторило кривично дело за кое е утврдена казна затвор над пет години или потешка казна, ако делото е
сторено под особено отежнувачки околности и при висок степен на кривична одговорност на сторителот и притоа не
би било оправдано да се изрече воспитна мерка. Оттука воспитните мерки се основен облик на реакција спрема
малолетните сторители на кривични дела.
 Карактерисиките на малолетничкото казнено
процесно право се следниве:
 Во нашето процесно право постои
специјализираност на органите кои се јавуваат
како надлежни во постапката против деца.
 Начелото на опортунитет е типично за постапката
против деца, согласно кое јавниот обвинител
може да се откаже од кривичниот прогон против
детето сторител на кривично дело, во точно
одредени услови со закон
 Освен општите начела кои освен во редовната
кривична постапка, се применуваат и во
постапките против деца, во казненото
законодавство за деца постојат и некои посебни
начела кои се применуваат само во оваа постапка
и се типични само за неа (начелото на процесна
протективност во однос на децата, понатаму
начелото на итност, начелото на
специјализираниот на надлежните органи во
постапката и начелото на тајност на постапката)
 Извори на малолетничкото право
 главни домашни извори се:
 Главни домашни извори се:
 Уставот на РМ (Сл.Весник на Р.Македонија бр.52 од
22.11.1992 година со дополнителните Амандмани);
 Закон за правда за децата (Сл.Весник на Р.Македонија
бр.148/2013);
 Закон за извршување на санкциите (Сл.Весник на РМ бр.
02/2006, 57/2010 и 170/2013);
• споредни домашни извори на малолетничкото
казнено право се јавуваат и:
 Кривичниот законик на РМ,

 Законот за кривична постапка,

 Декларација за заштита на правата на детето


(ратификувана од Собранието на Република
Македонија, на седницата одржана на 20
октомври 2003 година).
Овие закони се јавуваат како посреден извор на
казненото право спрема деца само во мера и
обем во кој ЗПД упатува на одредбите од овие
закони.
Како споредни
домашни извори
се јавуваат и
следниве закони:

Закон за заштита Законот за заштита


на сведоците на децата

Закон за полиција Закон за судовите

Закон за внатрешни Закон за Јавното


работи обвинителство

Закон за
адвокатура
Меѓународни извори на малолетничкото казнено право
 како извор може да се јават само меѓународните инструменти кои се ратификувани во согласност со Уставот на РМ со што истите
станале дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.
Документи од Обединети Нации:
Декларација за правата на детето (Женевска декларација од 1924 година),
Декларација за Правата на Детето,
Декларација за социјалните и правни принципи кои се однесуваат на заштитата и благосостојбата на децата со посебен осврт на посвојувањето и
сместувањето,
Стандардни минимални правила на Обединетите нации за спроведување на малолетничка правда (Пекинишки правила),
АНЕКС на Стандардни минимални правила на Обединетите нации за спроведување на малолетничка правда (Пекиншки правила),
Конвенција за правата на детето на ОН,
Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на децата кој се однесува на вклучување на децата во вооружени конфликти,
Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на детето кој се однесува на продажба на деца, детска проституција и детска порнографија,
 Упатства на Обединетите Нации за
спречување на малолетничка делинквенција
(Ријадски упатства),
 Прописи на Обединетите нации за Заштита
на Малолетници Лишени од Слобода
(Хавански Правила),
 Прописи на Обединетите нации за заштита
на малолетници лишени од слобода,
 Стандардни Минимални Правила на ОН за
Алтернативните Мерки на
Институционалниот Третман – Токиски
Правила,
 Протокол за Превенција, Сузбивање и
Казнување на Трговијата со Лица, Особено
Жени и Деца, со кој се Дополнува
Конвенцијата на Обединетите Нации
Против Транснационалиот Организиран
Криминал,
Водич за постапка Општ коментар
Декларација за
кон децата во број 10 на
Развој и Општ коментар на основните
системот на Обединетите
имплементација на Обединетите принципи за
кривична правда Резолуција на Нации: права на
мерките на Резолуција Нации бр.12: право употребата на
препорачан во Обединети Нации децата во
медијација и 1999/26, 28.07.1999 на детето да биде програмите на
Резолуција број 2002 за Правата на малолетничка
ресторативната година, сослушано (ОН, ресторативна
1997/30 од 21 Јули детето, правда (ОН,
правда во OCRC/C/GC/12, 20 правда во
1997 година на CRC/C/GC/10, 25
кривичната правда, јули 2009 година), кривичната
Економскиот и април 2007
материја од 2002г.,
Социјален Совет, година),
Основни принципи за примената на програмите за
ресторативна правда во кривичните предмети,

Водич за постапка кон децата во системот на кривична


правда препорачан во Резолуција број 1997/30 од 21 Јули
1997 година на Економскиот и Социјален Совет,

Развој и имплементација на мерките на медијација и


ресторативната правда во кривичната правда, Резолуција
1999/26, 28.07.1999 година,

Заштита на сведоците и жртвите - EKO SOS Упатства –


Резолуција 2004/27
 Документи од Совет на Европа:

 Конвенција на Советот на Европа за заштита на


деца од Сексуална Експлоатација и Сексуална
Злоупотреба,
 Европска Конвенција на Советот на Европа За
Остварување На Детските Права,
 Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака
бр.R (91)11 за сексуалната експлоатација,
порнографија и проституција и трговија со деца и
помлади полнолетници,
 Резолуција бр.2 за социјалната мисија на системот
на кривична правда – ресторативна правда, МЈУ-
26(2005),
 Совет на Европа, Комитет на Министри,
Препорака бр. R (97) 12 на Комитетот на министри
до државите членки за кадрите задолжени за
спроведување на санкции и мерки,
Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака R (93) 2 на
Комитетот на министри до државите членки за медицинско –
социјалните аспекти на злоупотребите на деца,

Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака бр. R (99) 19 на


Комитетот на министри до државите членки во врска со медијацијата
во кривичните предмети,

Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака Rec.(2000)22 на


Комитетот на министри до државите членки за унапредување на
примената на Европските правила за санкциите и мерките кои се
применуваат во заедницата,

Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака R (2000) 20 На


Комитетот На Министри На Земјите Членки За Улогата На Раната
Психосоцијална Интервенција Во Спречувањето На Криминалитетот,

Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака Rec. (2003) 20 на


Комитетот на Министри до земјите членки во врска со новите начини
на постапување со малолетничката делинквенција и улогата на
малолетничката правда
Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака Rec.
(2003)22 на Комитетот на министри до државите членки за
условниот отпуст,

Совет на Европа Комитет на министри Препорака Rec.


(2006)1 на Комитетот на Министри до земјите членки за
улогата на националните младински совети во развивањето
на политиката,

Совет на Европа, Препорака Rec (2006) 8 Комитетот на


министри до земјите членки за помош на жртвите на
криминал,

Совет на Европа, Комитет на Министри Препорака


Rec(2006)13 на Комитетот на министри до државите членки
за употребата на притворот, условите на притворање и
обезбедување гаранции против злоупотреба,
НАЧЕЛА
НА МКП
Олга Кошевалиска
 Влијанието на основните начела на кривичното и казненото процесно право врз начелата на малолетничкото материјално
право и отстапките од нив

 Основни начела на материјалното казнено право се: Начело на законитост, Начело на легитимитет, Начело на справедливост, Начело на вина,
Начело на хуманост, Начело на индивидуализација и Начело на специјална превенција и ресоцијализација.

 Основните начела на казненото процесно право ги делиме содржински и тоа на: начела кои се однесуваат на поведувањето (акузаторност,
официјалност и легалитет) и начела кои се однесуваат на водењето на кривичната постапка (контрадикторност, усност, непосредност,
јавност и правичност). Начелата на Правичноста и вистинитоста пак се основни вредности и цели врз кои целата постапка е заснована и
дизајнирана.
 Особено битни за постапката се и начелата кои се однесуваат на
поставеноста и организацијата на судството и јавното
обвинителство и адвокатурата (начело на независноста на
судството, учеството на граѓаните како судии поротници и сл.).
Конечно за малолетничкото казнено право се битни и начелата на
пенологијата односно начело на индивидуализација и специјална
и генерална превенција, ресоцијализација (член 35 и 36 од ЗПД).
 Начела во постапката против деца

 Во член 88 од Законот за правда за децата е предвидено дека


на детето на кое му се става на товар дејствието што со закон е
предвидено како кривично дело или прекршок има право на
правично судење во разумен рок, пред независен и непристрасен
суд основан со закон, со сите гаранции за правата што ги има
обвинетиот во кривичната или прекршочната постапка според
Законот за кривичната постапка, Законот за прекршоците и
овој закон.
 Конечно, на дете над 14 години во неформалното постапување на
надлежните органи и служби, како и во судската постапка, му се
гарантираат истите права што ги имаат полнолетните лица
обвинети во кривичната, односно прекршочната постапка, како и
посебните права признати со Конвенцијата за правата на детето и
другите ратификувани меѓународни договори, во сите фази на
постапката и во изрекувањето и извршувањето на која било
санкција или мерка.
 Начело на законитост

 Начелото на законитост е јасно определено во


Законот за правда за децата и истото е наведено
многукратно во текстот на целиот Закон. Имено, во
скоро секој член од законот, законодавецот наместо
да го користи поимот „кривично дело“ тој се
определува за користење на неговата законска
дефиниција „дејствие што со закон е предвидено
како кривично дело“.
 Оттука законодавецот деклараторно ја воведува
латинската максима Nullum crimmen nulla poena sine
lege stricta како едно од стожерните начела на
Законот за правда за децата. Согласно начелото на
законитост на дете над 14 години не може да му
биде изречена санкција за дејствие кое пред да е
сторено не било предвидено со закон како
кривично дело или прекршок и за кое не била
утврдена санкција со закон или со ратификуван
меѓународен договор. Согласно ова начело
законодавецот е обврзан на јасна определеност на
законските битија и јасно одредување на кривичните
санкции против малолетници.
 Начело на вина и презумпција на невиност

 Начелото на вина е особено дискутабилно кога станува збор за


неговата примена во малолетничкото кривично законодавство. Прво,
под поимот на вина подразбираме кривична одговорност а
кривично одговорен е сторителот кој е пресметлив и кој
кривичното дело го има извршено со умисла или од небрежност а
притоа бил свесен или бил должен и можел да биде свесен за
забранетоста на делото. Оттука нашиот законодавец јасно се
определува за максимата Nullum crimen nulla poena sine culpa. Согласно
идејата за правда: справделиво е да му префрлиме само на оној кој што
е пресметлив и што е свесен за забранетоста на делото.
 кривичната одговорност отсуствува кај деца кои во моментот на
извршување на кривичното дело немале наполнето 14 години од
причина што ова лице не се смета за пресметливо затоа што
неговата психичка и ментална конституција не му овозможува тој
да ја сфати суштината на делото ниту пак забранетоста на истото.
 Согласно уставно загарантираното начелото на презумција на невиност
секој се смета невин се додека тоа не биде докажано со правосилна
судска одлука. Ова начело во Законот за правда за децата е определено
на следниот начин Не може да се смета дека детето е во судир со
закон додека тоа не се утврди со правосилна судска одлука.
 Начело на непосредност

 Непосредноста е такво начело на кривичната постапка, според кое


изведувањето на сите факти и докази потребни за формирање одлука мора
да бидат изведени на претрес пред судот кој ќе донесе одлука, во една
контрадикторна расправа. Оттука веднаш се гледа тесната поврзаност на
ова начело со начелата на контрадикторност и усност. Тоа значи дека
оној што одлучува за фактите истите ги прима без посредување на други
органи ̶ оригинерно со свои сетила и на тој начин стекнува непосредни
впечатоци за сиот доказен материјал, врз кои ќе се засновува неговата
одлука. Во таа смисла, овој принцип е поставен поради тоа што се смета
дека впечатоците кои судот ги стекнува директно од изворот се најпогодни
Click to add
за да се создаде вистинска слика за настанот и за сите правно релевантни text
факти, отколку кога тие впечатоци би ги добил посредно.
НЕПОСРЕДНОСТ


Непосредноста е такво начело на значи дека оној што одлучува за фактите
кривичната постапка, според кое истите ги прима без посредување на други
изведувањето на сите факти и докази органи ̶ оригинерно со свои сетила и на
потребни за формирање одлука мора да тој начин стекнува непосредни впечатоци
бидат изведени на јавна расправа пред за сиот доказен материјал, врз кои ќе се
судот кој ќе донесе одлука, во една засновува неговата одлука.
контрадикторна расправа •

начелото на непосредност вреди
за доказите кои се состојат во
давање на исказ на обвинетиот,
Законот инсистира на постојано
сведоците и вештаците, кога
присуство на г.р. на сите
судот во директен контакт со
членови на судскиот совет, во
изворот на податоците има
целиот негов тек, поради што се
можност да го следи начинот на
определуваат еден или двајца
кој се соопштуваат тие
судии или судии поротници да
податоци, особено во присуство
присуствуваат на расправата, за
на обвинетиот, кога постои
да ги заменат членовите на
прилика истите да ги испраша и
советот во случај на нивна
оспорува одбраната
спреченост, а кога изгледа дека
(однесувањето на оној кој дава
г.р. ќе трае подолго ̶ тоа е
исказ: одлучноста,
установата на дополнителни
несигурноста, движењата,
судии.
интонацијата на гласот,
неговото реагирање на
контролни прашања и сл. )
КОНТРАДИКТОРНОСТ

 Според овој принцип, судот и другите државни органи


кои учествуваат во кривичната постапка се должни да
ги сослушаат и двете странки меѓу кои се води
кривичноправниот спор ̶ audiatur et altera pars
 им овозможува на странките да го изнесуваат своето
мислење за сите спорни фактички и правни прашања
кои се предмет на расправање пред судот, како и да
изнесуваат докази во поткрепа на своите тези.
 овластениот тужител има право и должност да го
изнесува она за кое смета дека оди во прилог на
обвинението, додека обвинетиот сето она што оди во
прилог на одбраната
 Contra dicere
 кривична постапка е заснована врз принципот на контрадикторност, и
тоа од самото нејзино започнување, а не само на главната расправа.
Така, обвинетиот веќе на првото испитување во претходната постапка
мора да биде информиран веднаш, на јазик што го разбира, и детално
за делата за кои се товари и за доказите против него (чл. 5). Воедно,
меѓу минималните права на обвинетиот е и правото да има доволно
време и можности за подготвување на својата одбрана и да
комуницира со бранител по сопствен избор, како и да биде присутен
при испитувањето на сведоците и да може да им поставува прашања
(чл. 5, и чл.70 од ЗКП).
 Принципот на контрадикторност доаѓа до израз и во постапката по
правните лекови, Така, еден примерок од жалбата првостепениот суд
доставува на спротивната странка, која може во рок од осум дена од
денот на приемот на жалбата да поднесе до судот одговор на жалба,
со кој се побиваат наводите изнесени во жалбата.
 Начело на усност

 Согласно принципот на усноста се однесува на главната расправа и


согласно со овој принцип сите докази во доказната постапка се
презентираат усно со што се смета дека ѝ се овозможува на странката
веднаш да се изјасни за наводите на својот процесен противник а на судот
брзо да реагира и да ја насочува постапката. Ова начело е тесно поврзано
со начелото на контрадикторност. Основа на судската одлука ќе
претставува она што усно е изложено и претресено пред судот. Според
овој принцип, обвинението мора на главниот претрес да се прочита, иако е
поднесено во писмена форма. Изведувањето на доказите на главниот
претрес се состои или во испитување на обвинетиот, сведоците и
вештаците, кои своите искази ги даваат усно, или во читање на писмените
состави кои служат како доказ. Заради утврдување на правно релевантни
факти на главниот претрес, може да се спроведе и увид.
 Начело на официјалност
 Начелото на официјалност (ex officio) се применува без
исклучок во текот на целата постапка против деца.
Официјалноста значи дека започнувањето и водењето на
постапката е службена должност на јавниот обвинител. Како е
определено ова начело во Законот за правда за децата? Согласно
Член 106 од ЗПД, постапка спрема дете над 14 години за
дејствие што со закон е предвидено како кривично дело се
поведува само по барање од јавниот обвинител. За дејствија што
со закон се предвидени како кривични дела за кои се гони по
предлог или приватна тужба, постапката може да се поведе ако
оштетениот во рок од три месеци од сознавањето за стореното
дело или сторителот, доставил предлог за поведување на
постапка до надлежниот јавен обвинител. Во случаите кога
јавниот обвинител нема да достави барање за поведување на
постапка спрема дете, должен е за тоа да го извести оштетениот.
Оштетениот не може да ја преземе постапката, односно не може
да поднесе приватна тужба до судот туку може во рок од осум
дена од приемот на известувањето од јавниот обвинител да бара
советот за деца на надлежниот суд да одлучи за поведување на
постапка.
 Начелото на официјалност е тесно поврзано со начелото на
специјализираност на надлежните органи во постапката.
 Начело на опортунитет на кривичното гонење

 Примена на начелото на опортунитет во кривичната постапка спрема


дете
 Јавниот обвинител нема обврска да покрене кривична постапка по пријавата
за кривично дело сторено од дете над 14 години за кое е утврдена парична
казна или казна затвор до 3 години иако постојат докази дека детето го
сторило дејствието што со закон е предвидено како кривично дело, доколку
смета дека не би било целесообразно да се води постапка со оглед на
природата на дејствието што со закон е предвидено како кривично дело и
на околностите под кои е сторено, на поранешниот живот на детето и на
неговите лични својства. Ова право му припаѓа на обвинителот и кога
извршувањето на казната или на воспитната мерка е во тек, кога може
условно да го одложи поведувањето на постапката пред судот за време од 6
месеци под услов во тој рок да не стори друго дејствие што со закон е
предвидено како кривично дело и да ја надомести штетата или на друг начин
да ги поправи штетните последици предизвикани со сторувањето на делото.
 Јавниот обвинител може и да не поведе постапка доколку врз основа на
извештајот од Центарот утврди дека е постигната спогодба меѓу детето и
неговото семејство и оштетениот за враќање на имотната корист,
надоместувањето на штетата или поправањето на штетните последици на
делото.
- Право на оценка на целесообразноста на кривичното
Со ова на Јавниот обвинител му се дадени гонење на дете над 14 години по пријавата за дејствие што со
одредени овластувања кој тој ги нема закон е предвидено како кривично дело а за кое е утврдена
спрема полнолетните сторители на парична казна или казна затвор до 3 години, како и во случај
кривичното дело. Овие овлстувања може ако треба да се покрене постапка спрема дете кое се наоѓа на
да ги поделиме во три групи и тоа: издржување на казна или воспитна мерка, без оглед на
тежината на кривичното дело,

- Право е на Јавниот обвинител во спогодба со Центарот да го упати детето во


прифатилиште или во установа за испитување или воспитување кое може да трае
најмногу еден месец а заради испитување на личните својства на детето а заради
донесување на одлука за дејствие што со закон е предвидено како кривично дело - Право на утврдување на околностите кои се
за кое е утврдена казна затвор од 5 години да одлучи да не поведе постапка во однесуваат на поранешниот живот на детето и
рок од 30 дена иако постојат докази дека детето го сторило дејствието што со закон е неговите лични својства како и околности под кои
предвидено како кривично дело, ако смета дека не би било целесообразно да се води го сторил кривичното дело.
постапка со оглед на природата на дејствието што со закон е предвидено како
кривично дело и на околностите под кои е сторено, на поранешниот живот на детето
и на неговата личност.
 Услови за примената на принципот на опортунитет се:
 а) сторителот на кривичното дело да е дете над 14 години при што е без значење
дали е дете во судир со закон од 14 до 16 години и над 16 години, ако возраста има
значење при оценувањето на оправданоста за водење на постапката,
 б) Да е во прашање полесно кривично дело, односно кривично дело за кое е
утврдена парична казна или казна затвор до 3 години, или да е во прашање
постапка спрема деца кои се наоѓаат на извршување на казна или воспитна
мерка без оглед на тежината на делото,
 в) Да не би било целисходно да се води постапка спрема дете со оглед на
природата на кривичното дело и околностите под кои е сторено како и
поранешниот живот на детето и неговите лични својства или водењето на
постапката не би имало за цел со оглед на казната, односно воспитната мерка која
детето ја издржува и со оглед на тежината на кривичното дело за кое требало да се
покрене постапката.
е

п
р
а
в
н
о

з
н
а
ч
е
њ
е
.
Н
е

Целесообразност зап водење на постапката односно постоење и непостоење цел на неговото водење, е фактичко прашање кое
р
мораобвинител
да се одреди за секој конкретен случај со примена на ориентациони критериуми дадени во чл.75 од ЗПД.
Ако Јавниот заклучи дека земајќи ги во предвид сите околности не е целисходно покренување на кривична
и
постапка спрема дете, ќе донесе одлука да не поведе кривична постапка.
ф
а
т
л
и
в
о

м
н
о
г
у

р
е
с
т
р
и
к
т
и
 Судска контрола на поведување кривична постапка спрема дете
 Јавниот обвинител за деца може да одлучи да не покрене кривична постапка спрема дете,
доколку смета дека не постојат основани сомневања дека детето го извршило кривичното дело,
согласно примената на начелото на легалитет, или поради проценката дека не е целисходно да
се покрене кривична постапка - одлука донесена врз основа на начелото на опортунитет.
 Ако Јавниот обвинител донел одлука за неповедување на постапка спрема дете, со примената
на начелото на легалитет на кривично гонење, должен е за тоа да го извести оштетениот.
 Доколку при донесување на одлуката за неповедување на постапка спрема дете со примена на
начелото на опортунитет, Јавниот обвинител за дете има обврска за својата одлука да го извести
оштетениот и Центарот за социјални работи.
 Оштетениот и ЦСР не можат да изјават жалба против одлуката на Јавниот обвинител да
не покрене кривична постапка против дете, ниту пак имаат право и својство на
субсидијарен тужител. Оштетениот има право во рок од 8 дена од приемот на
известувањето од Јавниот обвинител да бара Советот за деца на надлежниот суд да одлучи
за поведување на постапката.
 Одлуката на Советот за деца на надлежниот суд е конечна и против неа не може да се
изјави жалба. Доколку Советот за деца на надлежниот суд донесе одлука за поведување на
кривичната постапка, во тој случај Јавниот обвинител мора да учествува во оваа постапка.
 Начело на акузаторност и начело на легалитет
 Согласно начелото на акузаторност, познато уште како оптужно начело, кривичното
гонење се превезмена по барање на овластениот тужител. За разлика од
инквизицискиот принцип, каде што сите три функции на кривичната постапка се
рацете на судот, согласно начелото на акузаторност самото поведување и застапување
на обвинението е во рацете на обвинителот како надлежен државен орган.
 Прифаќањето на ваквото начело овозможува поделба на трите основни функции во
кривичната постапка - гонење, одбрана и пресудување, и нивно доверување на
различни субјекти, како носители на тие функции. Со тоа што кривичната постапка се
поведува исклучиво на барање на овластениот тужител произлегува:
1. дека судот никогаш не може по своја иницијатива да ја поведе кривичната
постапка (nemo judex sine actore), туку неговата функција се состои во утврдување на
фактите и во пресудување.
2. освен егзистентна врзаност со барањето на тужителот, постои тематска врзаност:
процесот може да се води само против лице на кое барањето се однесува и само за
кривично дело опишано во барањето.
 Начелото на акузаторност придонесува кривичната постапка да се спроведува демократски со
овозможување на заштитата на човекови права. Оттука ова начело ги овозможува следниве предности:
прво, истото овозможува објективност и непристрасност на судот со тоа што функцијата на гонење е
одвоена од функцијата на утврдување на фактите и на пресудување. Второ, доверувајќи му ја функцијата
на кривично гонење на посебен субјект, начелото на акузаторноста овозможува да се воспостави посебен
државен орган за поведување на кривичната постапка, кој има основно право и должност да ги гони
извршителите на казнивите дела. Трето, принципот на акузаторноста овозможува обвинетиот да постигне
процесна положба на странка која е рамноправна со другата странка ̶ тужителот.
 Како потврда на консеквентната примена на принципот на акузаторноста во нашата кривична постапка
меѓу пресудата и обвинението мора да постои субјективен и објективен идентитет. Со други зборови,
судот е врзан за обвинението поднесено од овластениот тужител, или изменето и проширено на главниот
претрес, и неговата пресуда мора да се однесува на него.
 Отстапки од начелото на акузаторност и начелото на легалитет?
 Начелото на акузаторност, е правило кое може да се дефинира како обврска постапката да се води
само доколку постои обвинителен акт односно материјализирана кривична тужба во законска форма,
поднесена според законските услови од страна на субјект кој има својство на овластен тужител. Со оглед
на фактот дека во постапката против деца како овластен тужител може да се јави само јавниот
обвинител (за разлика од стандардната кривична постапка каде оштетениот може да се јави како приватен
тужител) овде начелото на акузаторност доага до полн израз.
 Начело на забрана на дискриминација

 примената на овој закон ги почитуваат и обезбедуваат


правата на детето без никаква дискриминација, без
оглед на полот, расата, бојата на кожата, родот,
припадноста на маргинализирана група, етничката
припадност, јазикот, државјанството, социјалното
потекло, религијата или верското уверување, други
видови на уверувања, образованието, политичката
припадност, личниот или општествениот статус,
менталната и телесната попреченост, возраста, семејната
или брачната состојба, имотниот статусот, здравствената
состојба или кој било друг основ кој е предвиден со
закон или со ратификуван меѓународен договор, на
родителите/или/от, односно старателите/или/от или на
членовите на семејството на детето. Исто така, судот и
другите институции при примената на Законт за правда
за децата ги преземаат сите потребни мерки за
обезбедување заштита на детето од сите видови на
дискриминација.
 Начело на забрана на тортура, сурово и
нечовечко однесување
 Ова начело исто така преставува
стожерно начело, гарантирано со бројните
меѓународни документи, од кои како
стожерна се јавува Европската конвенција
за човекови права. Исто така ова право е
гарантирано и со Уставот на РМ.
 Согласно ова начело ниту едно дете не
смее да биде изложено на мачење или
други свирепи нечовечки или
понижувачки постапки или санкции.
Детето секогаш има право на засилена
заштита од мачење или други свирепи
нечовечки или понижувачки постапки
или санкции.
 Посебни начела на постапката против деца

 Освен општите начела кои освен во редовната


кривична постапка, се применуваат и во постапките
против деца, во казненото законодавство за деца
постојат и некои посебни начела кои се применуваат
само во оваа постапка и се типчни само за неа. Прво
овде ќе го наброиме начелото на начелото на
специјализираност на надлежните органи во
постапката, потоа начелото на процесна
протективност во однос на децата, понатаму
начелото на итност, начелото на тајност .
Начело на специјализираност на надлежните органи во
постапката

Начелото на процесна протективност во однос на децата и


начело на претпазливо постапување со децата

Начело на итност

Начело на тајност и голема процесна дискреција

Начело на забрана за судење во отсуство на дете


 Исто така, постапувањето на судот и другите институции при примената и
извршувањето на санкциите и другите мерки, треба да е прилагодено на возраста,
личноста и на потребите и интересите на детето. При примена на мерките и
санкциите во постапките утврдени со Законот за права на детето, на дете над 14
години може да му бидат одземени или ограничени определени права само во мера
што одговара на достигнатиот степен на развој на неговата личност и на неговата
потреба за отстранување на состојбите што влијаат тој да врши дејствија што со
Закон се предвидени како кривични дела и прекршоци.
 За дејствие на дете над 14 години кое со закон е предвидено како кривично дело или
прекршок, надлежните органи и институции по правило не поведуваат судска
постапка за да се избегне штетното влијание врз детето. Судската постапка по правило
се поведува само во случаите предвидени како кривично дело со законот, ако
детето над 14 години сторило дејствие кое е предвидено како кривично дело и за
кое се изрекува казна затвор од 3 години или потешка казна, или во случај кога
целта на мерките или на санкциите утврдени со овој закон, неможе да се постигне без
таква постапка.
 Советот за деца може по потреба од Центарот со образложено барање да побара
дополнување на наодот и мислењето во рок од 8 дена од денот на приемот на
барањето.
 Во подготвителната постапка спрема детето покрај фактите што се однесуваат на
дејствијата што со закон се предвидени како кривични дела, посебно ќе се утврди
возраста на детето, околностите потребни за оцена на неговата душевна развиеност, ќе
се испита средината и приликите под кои детето живее и другите околности што се
однесуваат на неговата личност. Податоците за личноста на детето, ги прибавува
Судијата за деца преку Центарот во рок од 30 дена.
 Исто така, за утврдување на здравствената состојба на детето, на неговата душевна
развиеност и на неговите психички особености, способности или наклонетости, е
потребно детето да го прегледа стручен тим, за овој преглед ќе се определат лекар,
психолог и педагог кои прегледот можат да го извршат и во специјализирани
здравствени установи. Прегледот од стручен тим се врши во рок од 30 дена.
 Итното постапување е задолжително и во постапката спрема помладо полнолетно лице
како и во единествена постапка која се води против детето и полнолетно лице кои
кривичното дело го извршиле како соизвршители.
 Секое постапување на судот и на другите институции со дете, во примена на одредбите
од Законот за права на децата, треба да трае и да биде завршено во разумен рок, што
нема да му штети на неговите интереси.
 Органите што учестуваат во постапката спрема детето, како и другите органи и
установи од кои се бараат известувања, извештаи или мислења, се должни истите да
ги достават во најкус можен рок но не подолго од 20 дена.
 Конечно, на крај мора да констатираме дека согласно старата римска максима
„правдата која не е брза во голем дел го губи карактерот на вистинска правда“,
ова начело е особено важно за постапката против деца. Но ваквата брзина односно
итност во никој случај не смее да се претвори во брзоплетост. Постапката треба да
биде итна и кратка но и ефикасна и со почитување на останатите начела и права на кои
е заснована истата. Итноста е задолжителна и од аспект на фактот што детето со тек на
време преминува во друга возрасна категорија, што битно влијае на целата постапка и
на очекуваните ефекти од кривичната постапка како и на ефикасноста од изречената
санкција.
 Родителите односно старателот, се повикуваат на главната расправа како лица кои се
грижат за детето, без да имаат одредена процесна положба. Нивното присуство на
судот му е потребно за да се изјаснат за предложените мерки а исто така и самите
да предложат мерки и стават забелешки и предлози, а по потреба и да дадат
поблиски објаснувања за личноста на детето, односно како се однесува спрема нив,
во каква средина се движи, за неговиот успех и поведение во училиштето и сл. Во
ваков случај, судот ќе ги распраша како сведоци. Доколку родителите - старателот не
се јават на поканата на судот, нивното нејавување не повлекува никакви последици за
нив и нивното повикување има значење на известување а главната расправа ќе се
одржи и во нивно отсуство.
 Воспитните мерки изречени по одржаниот главен претрес се изрекуваат со решение а
пресуда советот донесува кога ќе се изрече казна.
 Со оглед дека при судењето на дете по правило јавноста е исклучена, сите учесници
присутни на главната расправа се должни да чуваат како тајна се што сознале на
претресот, а претседателот на советот тоа му го укажува кога ќе се јави за потреба.
Исто така, обврска е и на детето да ја чува тајната, ако на главната расправа била
исклучена јавноста.
 Секое постапување на судот и на другите институции со дете, во примена на одредбите
од Законот за права на децата, треба да трае и да биде завршено во разумен рок, што
нема да му штети на неговите интереси.
 Органите што учестуваат во постапката спрема детето, како и другите органи и
установи од кои се бараат известувања, извештаи или мислења, се должни истите да ги
достават во најкус можен рок но не подолго од 20 дена.
 Конечно, на крај мора да констатираме дека согласно старата римска максима
„правдата која не е брза во голем дел го губи карактерот на вистинска правда“, ова
начело е особено важно за постапката против деца. Но ваквата брзина односно итност
во никој случај не смее да се претвори во брзоплетост. Постапката треба да биде итна
и кратка но и ефикасна и со почитување на останатите начела и права на кои е
заснована истата. Итноста е задолжителна и од аспект на фактот што детето со тек на
време преминува во друга возрасна категорија, што битно влијае на целата постапка и
на очекуваните ефекти од кривичната постапка како и на ефикасноста од изречената
санкција.

You might also like