You are on page 1of 9

Семинарска работа по

Животна средина

Тема
Меѓународни иницијативи во врска со климатските
промени

1
Содржина

1.Вовед..................................................................................................3
2. Глобално затоплување.....................................................................4
2.1 Следење на климатските промени................................................5
2.2 Последици од климатските промени............................................5
3. Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени....6
3.1 Протоколот од Кјото.......................................................................8
4. Заклучок.............................................................................................9
5. Користена литература.......................................................................10

2
1.Вовед

Животот на земјата е можен поради ефектот на стаклената градина кој


се создава сам на природен начин. Природното појавување на гасовите кои го
создаваат ефектот на стаклената градина (стакленички гасови), пред се
водената пареа, јаглерод диоксид, метан, азотен оксид, тропосферски озон,
овозможува сончевата енергија да дојде до површината на земјата како
видлива светлина ,за потоа да биде заробена во атмосферата како
инфрацрвена топлина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета
со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции.
Ефектот на стаклената градина кој милиони години беше благослов на
Земјата, сега се претвора во сериозна закана, засилен од човечките
активности. Со индустријализацијата и порастот на населението, емисијата
на стакленичките гасови од согорување то на фосилните горива , сечењето на
шумите и чистењето на земјиштето за употреба за земјоделието, постојано се
зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се емитираа во
атмосферата побрзо од колку што можеа природните процеси да ги
отстранат. Дополнително, емитирани се нови синтетички гасови како што се
хлорофлуоројаглероди и халони и утврдено е дека тие го поддржуваат
ефектот на стаклената градина. Во овој период концентрацијата на овие
гасови во атмосферата постојано се зголемува, со предвидување дека ќе
продолжи брзо да расте паралелно со порастот на глобалната економијата.
Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната
рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на стакленички гасови
во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Пофатоците за климата пред
160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на
стакленичките гасови во атмосферата и глобалните температури. Уште во
1896 година големиот шведски хемичар Arrhenius предвидел дека со
удвојувањето на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата преку
согорување на фосилното гориво, можно е глобалната температура да
порасне за 5,5 C . Ова и не е толку далеку од вредностите 1,5 C do 4,5 C кои
сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно
зголемување на јаглерод диоксид . Во 1995 г. Светската научна заедница
извести дека промената е веке присутна и дека планетата Земја во минатото

3
столетие се затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001, Меѓувладиното тело за
климатски промени при Обединетите нации, официјално изјави дека
човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално
затоплување.

2. Глобално затоплување

Глобалното затоплување нa земјината површина последните децении


добедува до загрижувачки размери. Од таа причина Светскат метеоролошка
организација и Програмата за животна средина на Обединетите нации
воспоставија Меѓувладино тело за климатски промени во 1988,а во 1992г. во
Рио де Жанеиро беше потпишана Рамковна конвенција на Обединетите
нации за климатски промени. Со неа државите потписнички се согласија а се
врши идентификација и контрола на емисијата на штетни гасови во
атмосферата, на ниво што би спречило потенцијална опасност врз глобалниот
климатски систем. За да се операционализираат активностите, формирани се
разни групи и тела со главна задача да се оценат емисиите на штетни гасови
во атмосферата, како и колку тоа се одразува на климатските промени,
последици, прогноза за состојбите во иднина и мерките што треба да се
превземат. Официјални мерења на температурата датираат од 1861г. По
завршувањето на дваесетиот век, глобалната просечна тепмература на
земјината површина е покачена за 0.6 C. Глобално многу е веројатно дека
минатата деценија била најтопла до сега. Глобалната температура е
пропорционална на топлинкото зрачење што го предизвикуваат штетните
гасови. Како резултат на глобалното загревање , се топат ледените маси и
нивото на морињата е покачено за 10 до 20 см во дваесеттиот век.
Концентрацијата на јаглероддиоксид е покачена за 31 % почнувајќи од 1750.
Се претпоставува дека пред таа година концентрацијата не била изменета
неколку милиони години. Околу 75% од емисијата на јаглерод диоксид
предизвикана од човечкиот фактор во последните 20 години се должи на
согорување на фосилни горива(нафта, гас, јаглен). Останатиот дел е
намлување на пошумените делови.

4
2.1 Следење на климатските промени

Денес постои високо развиена опрема и технологија за мерење на


климатските промени и усовршени методи за проценување на климатските
промени. Сепак, правење на прогнози за идниот развој на глобалното
загревање е многу сложена работа, бидејќи зависи од повеке природни и
антропогени фактори. IPCC има направено прогноза до 2100 година во која
се опишани 6 можни сценарија. Концентрацијата на јаглероддиоксид ке се
зголеми за 90 % во најблагото сценарио,а 250 % според најлошото.
Глобалната земјина температура може да се покачи за 1.4 до 5.8 C.
Глобалното средно морско ниво може да порасне од 9 до 88 см до 2100
година. Но, климатските промени и поседиците нема да бидат рамномерни по
целата земјина површина. Се очекува ледените маси и снежни покривки на
северната хемисфера да се намалат,а на јужната малку да се зголемат поради
распределувањето на врнежите.

2.2 Последици од климатските промени

Скорешните регионални климатски промени, особно покачувањето на


температурата, веќе погодија многу природни физиолошки и биолошки
системи. Во многу региони во светот е документирано поинтензивно топење
на ледените маси, смалување на глечерие, доцнење на замрзнувањето и
поранување на топењето на мразот во реки те и езерата, исчезнување на
некои растителни и животински видови, порано цутење на дрвјата,
непредвидена појава на инсекти итн. Се позачестените суши и поплави имат
влијание од социоекономски карактер, на пример со демографски
поместувања. Климатските промени делуваат неповолно на системите
поврзани со човечкио живот,а тоа се водните ресурси, земјоделството,
пошуменоста, крајбрежните зони, индустријата, енергијата, здравјето итн.Од
климатскит промени можни се последиците глобални или по региони и
континенти. Пример за Европа

5
– Човечките системи во Јужна Европа и Арктикот ќе бидат со поголеми
последици во споредба со другите делови од Европа.
– Опаѓање на водните ресурси, послаба влажност на почвата и подолги
лета се очекуваат о Јужна Европа.
– Околу половина од алпските глечери и снежните површини би
исчезнале на крајот на 21 век.
– Ќе има позачестени и поголеми поплави на реките
– Ќе се зголемат ризиците од поплавите и ерозиите во крајбрежните
површини со последици за населението, индустријата, земјоделството и
туризмот
– Во Македонија ке има негативни последици во многу сектори како,
земјоделството, шумарството, биодиверзитетот, бодите ресурси итн.

3. Меѓународни иницијативи во врска со климатските


промени

Во текот на 80-тите, заради научните докази за глобалните климатски


промени и последиците од нив се појави зголемена загриженост помеѓу
научниците , политичарите и јавноста. Во 1992 година во Рио де Жанеиро
беше усвоена Рамковна Конвенција за климатски промени .Согласно со
Рамковната конвенција се поставија бројни обврски за сите земји, главно во
врска со изготвување и имплементација на политики за намалување на
емисиите на стакленичките гасови. Конвенцијата стапи ан сила во 1994 и
досега е ратификувана во 192 земји.На донесувањето на конвенцијата и
претходеа многу активности на низа интернационални организации кои ја
согледаа потребата од итно преземање на сериозни и обемни активности на
меѓународната заедница на глобално ниво. Извештајот на меѓувладиниот
панел за климатски промени укажува на тоа дека ако не се превземат
сериозни активности на глобално ниво, моќно е зголемување на глобалната
температура и до 6 степени. Главната цел на Конвенцијата е соочување и
ублажување на ефектите од климатските промени и глобалното затоплување
преку стабилизција на емисиите за на гасови кои предизвикуваат ефект на
стаклената градина. За таа цел, Конвенцијата како и нејзиниот протокол од

6
Кјото, предвидуваат низа мерки и активности на меѓународната заедница и
на земјите што се потписници и тие претставуваат одраз на силна политичка
волја за намалување на негативните ефекти од климатските промени.
Конвенцијата има повеке анекси од кои анексот број еден се однесува на
развиените земји , плус Русија и источните земји што се поранешни членки
на Баршавскиот пакт, кои треба да ги ограничат емисиите на гасови што
предизвикуват ефект на стаклена градина, и анекс број два во кој се опфатени
главно неразвиени земји на кои им е потребна голема помош во
совладувањето на климатските промени. Конвенцијата предвидува заедничка
и посебна одговорност за штетите и намалување на ефектите од климатските
промени и укажува на потребата и на придобивките од намалување на
емисиите на гасови. Понатаму се предвиду вавоведување на национален
инвентар , односно евиденција на емисиите на гасови што предизвикуваат
ефект на стаклена градина и испраќање извештаи до органите на
Конценцијата за состојбата на овој инвентар. Исто така се предвидува и
усвојување на акциски планови на земјите потписнички кои предвидуваат
активности и мерки за намалување на негативните гасови и негативните
ефекти врз климатските промени. Во овие активности спаѓаат, пошумување,
воведување нови извори на енергија и слично. Конвенцијата има и свои
органи, при што највисок орган е Конференција на страните, потоа
Секретаријатот, кој ги подготвува состаноците на Конференцијата на
страните и е задолжен за оперативно спроведување на Конвенцијата , потоа
посебно тело за научни технолошки совети и посебно тело за спроведување
на Конвенцијата.

3.1 Протоколот од Кјото

Протоколот од Кјото е усвоен 1997 година како дополнување на


Конвенцијата за климатски промени .Со Протоколот е предвидена обврска за
намалување на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градиназа
најмалку 5 % за земјите од анекс Б , преку примена на мерки за енергетска

7
ефикасност, развој и примена на чиста технологија.Протоколот предвидува
четири видови механизми
• Агрегација на емисии- односно можност две или повеќе земји да ги
спојат своите права на емисии на заедничко ниво, преку зеднички
утврдени граници , односно заеднички квоти за права на емисија на
гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Ова дава
можност за групирање на правата на емисии на регионално ниво.
• Заедничко спроведување преку пренесување на чиста технологија за
енергетска ефикасност и заедничка соработка во други слични
заеднички проекти за намалување на емисиите штетни гасови.
• Систем на трговија, според кој земја што има повеќе права за емисија
на гасови отколку што изнесуваат нејзините потреби, може за
надомест да и ги отстапи на земјата што има потреба за емисија на
овие гасови, односно се дава можност да ги продаде.
• Механизам за чист развој според кој земји од анекс 1 можат да добијат
кредити за емитување со давање помош за пренесување технологии за
создавање проекти што резултираат намалување на гасовите.
Република Македонија како земја што не припаѓа на земјите од анекс Б од
Протоколот, нема обврка да за намалување на гаовите што предизвикуваат
ефект на стаклена градина.

4. Заклучок

Очигледно е дека глобалното затоплување на Земјата има


загрижувачки размери со тенденција на влошување на состојбата. Тоа е
причина што на меѓународно ниво се покренети голем број активности,
формирани се меѓувладини тела и невладини организации со цел ублажување
на климатските промени.
8
Според анализите на експертите , климатските промени ке имаат
штетни влијание речиси во сите домени во Република Македонија.Со
сигурност се предвидуваат штетни влијанија во земјоделството, и тоа на
почвата, приносите и сточарскотопроизводство. Шумските површини ќе се
намалуваат бидејќи ќесе интензивираат некои шумски болести, ќе има
поинтензивносушење на дрвјата, а со тоа и почести шумски пожари. Вомногу
планински и речни региони ќе биде погодена исклучително богатата
биолошка разновидност, со разни преселби, па дури иисчезнувања.
Воднитересурси и натаму ќе се намалуваат порадизголемување на сушните
периоди. Сето ова ќе има последици иврз здравјето на луѓето, особено во
однос на заразните болести,циркулаторниот систем (позачестени срцеви и
мозочни удари)итн.
Факт е дека Македонија сега е токму на почетокот од активностите
поврзани со климатските промени. Многу напори треба да бидатнаправени
во следниот период со краткорочни и долгорочнимерки кои ќе придонесат за
решавање на прашањата поврзани со климатските промени.

Извори од интернет:
http://europa.eu/index_en.htm

You might also like