You are on page 1of 8

Василка Димитровска

Цоцев Камен,

30 1-2/2010
Л
окалитетот Цоцев Камен
кај мештаните познат

.
и како Пештера, е ло-
циран во срцето на Кратовско-
Злетовската област, на 25 км од

нешто повеКе
Кратово во месноста Шопско
Рударе. Самата карпа ги има
следните географски координати:

од само
N. 42o.05’. 024’’ и E. 021o. 59’ и
227’’, а се наоѓа на надморска ви-
сина од 481м. Неговата вредност
ја открил уште во 1971 година

обична
Душко Алексовски, професор
по француски јазик и основач на
Центарот за карпеста уметност

карпа!
во Кратово. Неговите изјави дека
Цоцев Камен е единствен лока-
литет во светот кој на едно место
обединува светилиште, жртвеник
и опсерваторија ќе предизвикаат
контроверзии во македонската
археологија, кои и денеска се
предмет на дебата.
Цоцев Камен нема историјат
на истражување во поглед на ар-
хеолошки ископувања. Во архео-
лошката литература овој локали-
тет се сретнува под името Трон-
Пешта, како населба од неолитско
и доцноантичко време. Во седум-
десеттите години кога е вршено
рекогносцирање на теренот, било
забележано дека на 1,5 км север-
но од маалото Цоцевци се издига
висока карпа што доминира над
околниот терен. На западната
страна, под карпата се протега
тераса со димензии од 70 х 60 м,
на која има фрагменти од неолит-
ски керамички садови со фина и
груба фактура, со сива и црвени-
кава боја. Наоди се среќаваат и во
1 Археолошка карта на Република Македонија подножјето на терасата, особено
(1996), Tом 2, Македонска Академија на во нивите, каде што се наоѓало
Науките и Уметностите, Скопје, 189. подградието. Биле откопани не-
колку питоси и римски монети1.

31
Големата пештера на Цоцев Камен

Пристапот кон Цоцев Камен е овозможен од не-


Опис на локалитетот и околината колку правци, но најдостапен е преку денешниот ас-
фалтен пат што води за Коњух, вдолж кој од левата
Цоцев Камен има основа формирана на карпа
страна се забележува карпа која по својата структу-
од вулканско потекло, а обединува два типа на лока-
ра и облик се издвојува од околината. За да се стигне
литети, пештера и полупештера/поткарпа. Изложен
до карпата треба да се поминат околните ораници,
е на ветер, на сонце и на атмосферски влијанија.
како и исушеното речно корито на реката Врлеј. Од
Најверојатно тоа е причината поради која во измина-
тука, преку нивите со житарици, до Цоцев Камен се
тиве епохи не се живеело во него, туку околу него,
простира првата речна тераса (со квартерна старост)
додека веројатно самата локација се употребувала
на која се сретнуваат фрагменти од праисторијата,
повремено во праисторијата, а постои веројатност
римскиот и средновековниот период. Од она место
тоа да се случувало и во подоцнежните периоди. Во
каде завршува култивираната површина, па сè до
одредени делови од карпата (процепи или места об-
самата карпа, теренот е покриен со ниска грмушеста
раснати со вегетација) се уште може да се пронајдат
вегетација од слаб интензитет, без видливи антропо-
керамички фрагменти со најразлична старост. Тие би
гени нарушувања.
упатиле на светлиште или место со култна намена,
Структурата од вулканска карпа овозможила
како што милуваат да интерпретираат археолозите,
нејзино делкање и дотерување во форма на скалила
во недостиг на некое друго објаснување. Но за такви
(честопати многу стрмни), кои ги има на сите страни
тврдења потребни се дополнителни проучувања и се-
низ Цоцев Камен. Преку нив се стигнува до повеќе
како паралели од етнологијата и етнографијата.
рамни платоа. На оние површини коишто имаат

32 1-2/2010
хоризонтална поставеност се видливи вдлабнатини со големина на колец,
кои најверојатно и ја имале таа намена и функција. Од страната на карпата
која е најпристапна за искачување, преку почетните скалила се стигну-
ва прво до т.н. ‘Мала пештера’, а потоа и до ‘Големата Пештера’ која се
наоѓа над неа. И покрај именувањето од страна на мештаните како пеш-
тери, се работи за поткарпи со различна големина, хоризонтална поставе-
ност, полуовален свод и без седиментација на подот. Карактеристична по
својот облик е Големата Пештера на која се забележуваат интензивни за-
фати во камената структура. Овој дел е преуреден во поткарпа, при што е
откинат голем дел од сводот на некогашната пештера. Притоа е направена
платформа за потпирање што гледа кон соседниот рид, на кој се поставени
големи камени блокови налик на мегалити.
На едно од пониските платоа на Цоцев Камен, од страната каде се
лоцирани пештерите, се наоѓаат две испакнати ниши. Тие делуваат како
престоли, но можно е да имале и друга намена. Поставени се на исто ниво
еден наспроти друг, на раздалеченост од околу десеттина метри. Директно
се изделкани во самата карпа, со што е добиен нивниот облик, а ориенти-
рани се кон исправените камења на соседниот рид. Од нив, преку верти-
кални скалила се стигнува до уште една платформа, во која се издлабени
Еден од претпоставените ‘престоли’
базени. Двата базена собираат поголемо количество вода и веројатно биле
на Цоцев Камен
користени како резервоари.

Сликана карпеста/пештерска уметност2


Во едниот дел од Цоцев Камен постои поткарпа со полуовална форма
и димензии од 5 x 1,5 x 2 м. Во овој простор со црвена боја се исцртани мо-
тиви кои прикажуваат човечки, животински(?), геометриски и мотиви со
недефиниран карактер. Поткарпата е поставена на спротивната страна од
пештерите, базените и престолите, и до неа се стигнува многу тешко.
Од она што може да се распознае на ѕидовите од карпата, насликаните
мотиви се групирани во три групи од по 2-3 цртежи, помеѓу кои можат да
се распознаат човечки фигури и мотиви кои наликуваат на предмети по- 2 За овој термин во аглиската литература
знати од секојдневието (количка). Во овој случај сакаме да ги нагласиме има две именувања, пештерска (cave art)
и карпеста (rock art) уметност. Пештерска
гестовите на две фигури со раширени (во стилот на оранта) и спуштени
уметност насликана во внатрешноста на
раце, обете свиени во лаците, додека долните екстремитети им се редуци- пештерите честопати во себе го вклучува
рани во форма на лачно свиени линии. терминот карпеста уметност.
Во рамките на Балканот, но и во светот, веќе се направени обиди 3 Стойчев, Т. (2000), Скално изкуство - опит
за класификација на композициите и сцените3 кај сликаната карпестата за обща класификация, Годишник на
Департамент Археология, НБУ/АИМ, 4-5, 2000,
уметност генерално4. Според овие критериуми, уметноста на Цоцев Камен
София, 30-54.
е на отворено, со хоризонтални рамни цртежи нанесени директно на кар- 4 STOYTCHEV T. (2001), Rock Art and Compositions:
пата кои не ја нарушиле или модифицирале нејзината површина. Според An Attempt for General Classification, Annuary of
технологијата и тематиката, се работи за линиски плоснат цртеж од моно- the Institute of Archaeology with Museum, BAS,
хромен карактер (црвена боја) во форма на антропоморфен пиктограм5. 1, 129-153; Стойчев Т. (2005), Скално изкуство
- обща класификация,София: Агато.
Постојат најразлични толкувања и приоди кон оваа сликарство,
5 Пиктограм е слика во која може да се
почнувајќи од тоа дека го претставува опкружувањето на луѓето кои го распознаат реални и имагинарни објекти.
нацртале, па сè до претпоставките за релациите со нивниот социјален и ду- 6 Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том
ховен аспект од животот. Интересно е што некои антропогени мотиви од 1 (текст), Симболизација и митологизација
Цоцев Камен се сретнуваат на Балканот во керамичкиот материјал од нео- на космосот во ликовниот медиум, Скопје,
133-143.
литот, означувајќи стилизирани мотиви на концептот за породилната поза6 7 Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том
или пак се познати од етнографијата7. Истите мотиви подоцна се сретну- 2 (илустрации, каталог), Симболизација и
ваат и на ќилимите од македонската етнографија и пошироко. Сепак, во митологизација на космосот во ликовниот
оваа фаза од истражувањата, не би си дозволиле да паднеме во стапицата медиум, Скопје, Т Б4: 12,13,14,15.

33
налик на некои контроверзни интерпретаци, како случајот со цртежите од
ѕидовите на куќите пронајдени на археолошкиот локалитет Чатал Хјујук
во Турција8.
Според керамичкиот и камениот материјал, животот на популациите
кои ги насликале овие мотиви, најрано би можеле да го сместиме помеѓу
неолитот (младото камено доба) и бронзеното доба. Оваа временска рамка
ја поставува уметноста на Цоцев Камен во периодот од 6-от до 3-от миле-
ниум п.н.е. Секако, постои можност ова сликарство да е и од подоцнежни-
те периоди.
Познати се бројни примери на пештерска, т.е. карпеста уметност на
Балканот и пошироко, кои хронолошки се поклопуваат со археолошките
Мотив од уметноста на Цоцев Камен (горе) и локалитети во најблискиот ареал на Цоцев Камен. Во Бугарија, тоа се
мотив од традиционален македонски ќилим во пештерата Магура (неолит, бронзено, железно доба), локалитетот Ца-
Кратово (долу) ревец, Мездренско (енеолит, среден век), како и Горталово, Плевенско
(енеолит, среден век) кој е локалитет на отворено. Регионалните рамки
кои ја покриваат уметноста насликана врз површината од карпите на Бал-
канот, ја посочуваат Италија како најблиска релација за споредба на црте-
жите од Цоцев Камен. Покрај веќе познатите локалитети Монте Бего и
Волкамоника (Monte Bego, Valcamonica), би ја посочиле пештерата Грота
деи Черви (Grotta dei Cervi) во научниот свет позната како Порто Бадиско.
Цртежите на ѕидовите во оваа пештера датираат од неолитот/енеолитот, и
визуелно, но не и концепциски, покажуваат многу сличности со наслика-
ните мотиви на Цоцев Камен9.

И покрај тоа што постојат обиди за толкување


на уметноста насликана или изгравирана на карпите
или ѕидовите од пештерите10 досега во рамките на
македонската археологија оваа научна гранка не е
правилно третирана и проучувана со соодветни кон-
текстуални анализи.

Мегалитскиот карактер
на Цоцев Камен
Околу Цоцев Камен, на блискиот рид, се забе-
Цртежи со црвена боја на ѕидовите од карпите: мотиви од Порто Бадиско, Италија лежуваат огромни исправени камења кои би можеле
(горе) и од Цоцев Камен, Кратово (долу)
да се толкуваат како мегалити, доколку геолозите го
дадат своето стручно мислење дека се тие делкани и
поместени од својата првобитна местоположба за да
формираат одредена архитектонска целина. Пред да
се осврнеме на архитектонскиот карактер на локали-
тетот, со оглед на тоа што во литературата се прават
грешки (види подолу), мора да излеземе од темава и
да ги објасниме основните елементи кои ја толкуваат
една конструкција како мегалитска.
Терминот мегалит е сложенка од грчките
зборoви мегалос (голем) и литос (камен). Кога ќе се
каже дека е нешто мегалитско (гроб, опсерваторија
и др.) се подразбира дека е направено од огромни
камења кои се поместени од својата изворна позиција
и употребени како основа за некаква структура или

34 1-2/2010
споменик. Мегалитите ги има несекаде во светот и тие имаат свои состав-
ни елементи како што се:
- менхир, бретонски израз за исправен камен – монолит, вертикално
вкопан во земја,
- трилит, структура составена од три огромни камени блока. Два од
нив се вкопани во земја, а третиот е поставен хоризонтално како ар-
хитрав.
Менхирите и трилитите се основата на многу праисториски мегалит-
ски споменици и може да бидат распоредени линиски (како на пр. оние
во Карнак) или кружни (кромле). Кромлесите имаат претежно сакрална
функција и често се поврзани со конструкции од типот на хенџ. Хенџ е
кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во
дијаметар и ров околу него. Пристапот на хенџовите е ограничен само од
неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога изгрева
на денот на летната долгодневица или зимската краткодневица. Тие може
да бидат составени од компоненти кои вклучуваат – камени седишта, каме- Поглед од Цоцев Камен кон исправените
ни кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн… камења на соседниот рид

Споредувањата на Цоцев Камен со археолошкиот локалитет Кокино


во поглед на мегалитската структура би биле мошне неумесни во научниот
свет. Кокино е, пред сè, археолошки локалитет кој потекнува од брон-
зеното доба. Независно од интерпретациите и истражувањата кои овој
комплекс го вбројуваат во категоријата на ‘праисториски опсерватории’11,
самото именување како мегалитска конструкција е сосема погрешно12.
Кокино е формирано врз кратер од еден помал изгаснат вулкан, така што 8 Mallett М. (1990), “A Weaver’s View of the Çatal
пукнатинските предиспозиции на ‘престолите’, на платформата, како и Hüyük Controversy,” Oriental Rug Review, Vol.
столбестото излачување на андензит не оставаат простор да се направи 10, No.6 (August/September 1990), 32-43. Исто
претпоставка дека неговата вулканска подлога е вештачка и дополнител- така достапно и на: Marla Mallett (2009), A
Weaver’s View of the Çatal Hüyük Controversy,
но обликувана од човекот. Според горенаведените факти, би требало да [Online] достапно на: http://www.marlamallett.
се направи ревизија на веќе востановената и прифатена терминологија за com/ch.htm, [пристaпено на 12.09.2010].
мегалитскиот карактер на ова наоѓалиште, бидејќи ниту на него, ниту во 9 Ingravallo E. (2007), The Grotta dei Cervi
околината има траги од претпоставената мегалитска архитектура13. За раз- (Otranto- Lecce), Documenta Praehistorica XXXIV
лика од Кокино, Цоцев Камен покажува многу повеќе елементи кои би го (2007), 215-219.
10 Алексовски Д. (2006), Локалитетот Цоцев
сместиле во редот на мегалиските споменици, но во недостиг на подетални Камен – единствен во светот, на едно место
истражувања ќе остане спорно дали можеби бил и праисториска мегалит- соединува: место за жртвување, светилиште,
ска опсерваторија. Според некои автори, Цоцев Камен бил праисториска сликана карпеста уметност, праисториска
опсерваторија придружена со светилиште од астрален тип14. За да се тре- опсерваторија, Општински центар за карпеста
тира локалитетот во оваа насока, потребни се дополнителни астрономски уметност во Кратово, Кратово.
11 Стоев А., Стоева П. (2003),
истражувања од најмалку 2-3 независни светски институции. Само во тој Археоастрономическа интерпретација на
случај науката би можела да говори дека Цоцев Камен претставувал праи- скално-изсеченија паметник ‘Татичев камен’,
сториска, а воедно и мегалистка опсерваторија. крај село Кокино, обштина Старо Нагоричане,
Македонија, Пирајхме 2, Народен Музеј -
Куманово, Куманово 2003, 329-339.
Анализа на камениот материјал 12 Станковски Ј. (2003) Три мегалитни споменици
во кумановскиот регион, Пирајхме 2, Народен
Музеј - Куманово, Куманово 2003, 229-262.
Површинскиот камен материјал во близината на Цоцев Камен, вдолж
13 Ѓорѓевиќ Н. 2003, Геолошко рекогносцирање
самиот пат помеѓу некогашното ниво на реката Врлеј и подножјето на терена на археолошком локалитетима
карпата, опфаќа делкани камени артефакти изработени од калцедон со у околини Куманова током 2002 године,
сива боја (кај народот познат како кремен), непровиден, со конхоидална/ Пирајхме 2, Народен Музеј – Куманово,
школкеста структура и со многу добар квалитет. Меѓу наодите може да Куманово 2003, 263-280.
14 Masson E. (2007), Le site pré/protohistorique de
се детерминираат едноплатформни пирамидални јадра за добивање на од-
Cocev kamen (Macédoine): ses analogies avec
битоци и сечила, рејувенациони артефакти и отпадоци. Рејувенационите des sites européens, ЗБОРНИК МАТИЦЕ СРПСКЕ
артефакти потекнуваат од подмладување/освежување на суровинскиот ЗА КЛАСИЧНЕ СТУДИЈЕ 9, Нови Сад, 7-13.

35
материјал, или евентуално од јадрата
за добивање на алатки, кои се веќе
истрошени. Тие се доказ дека на ис-
тата локација на која се пронајдени,
или постоела работилница, или
делкањето се одвивало во рамките
на самата населба. Хронолошкиот
дијапазон на кремениот материјал
е помеѓу неолитот и бронзеното
доба, со оглед на тоа што овој тип
артефакти, без други движни наоди
како што е керамиката, не може со
апсолутна точност да посведочи за
временскиот период. Во околината
на Цоцев Камен се пронајдени и ар-
тефакти од мазнет камен – мелници
и авани. Камениот материјал се чува
во Општинскиот центар за карпеста
уметност во Кратово15.
Јадра од калцедон за изработка на делкани
камени орудија
Во овој простор сместен во центарот на Кратовско-Злетовската
област, позната како регион со вулкански карпи, праисторските жи-
тели на Цоцев Камен имале пристап кон изобилство суровини ко-
ишто им биле потребни за изработка на нивните камени орудија16.
Истражувањата на биолозите покажале дека уште на почетокот од
холоценот доминирала умерената медитеранска клима со флора чии
реликити во регионот на Кратовско се задржале од праисторијата до
денес17. Добрите климатско-географски услови, достапноста на суро-
вини за камени артефакти и присуството на праисториски локалитети
во оваа област18, упатува дека можеби тука треба да ги бараме и кул-
турните периоди кои се постари од неолитот. Недостигот на палео-
литски, мезолитски и ранонеолитски локалитети на територијата на
Република Македонија засега ја исклучува можноста за разгледување
на прашањата поврзани со еволутивните текови на артефактите, пред
сè оние од делкан камен. Но овој дисконтинуитет е вештачки и се
15 Донев С. (2007), Општински центар за карпеста
уметност во Кратово, [Online] Достапно должи, пред сè, на неистраженоста на овие периоди, па со самото тоа
на: http://rock-art.mk/, [пристaпено на не може се потврди или негира постоењето на овој тип праисториски
10.10.2010]. наоѓалишта во поширокиот регион на Кратово.
16 Рудникот ‘Силекс’ се наоѓа на 5 км воздушна
линија од локалитетот Цоцев Камен. Терминот
силекс или silex во француската археолошка
литература е општо именување за сировини * * *
кои се употребувале за добивање на делкани
камени алатки. Фактите покажуваат дека Цоцев Камен е регион околу кој се
17 Куштеревска Р. (2008), Фитоценолошки живеело од праисторијата, па веројатно сè до средниот век, за што све-
истражувања на вегетацијата на брдските
пасишта во околината на Кратово, Скопје
дочат камените артефакти и фрагментите на керамика. Во подножјето
2008, УКИМ ПМФ, институт за Биологија на карпата има еден или повеќе археолошки локалитети на кои се ре-
(непубликуван магистерски труд). гистирани наоди од неолит/енеолит/бронзено доба, римскиот период и
18 Археолошка карта на Република Македонија средниот век. Не секогаш натповршинската состојба на теренот ги реф-
(1996), Tом 2, Македонска Академија на лектира потповршинските наоди. Така, без дополнителни археолошки
Науките и Уметностите, Скопје, 183-189.
19 http://www.library.uq.edu.au/training/citation/
ископувања проследени со мултидисциплинарни истражувања, ќе оста-
harvard_5.pdf нат спорни целите за кои бил користен Цоцев Камен, како и староста

36 1-2/2010
Библиографија:
Ingravallo E. (2007), The Grotta dei Cervi (Otranto- Lecce),
Documenta Praehistorica XXXIV (2007), 215-219.
Mallett М. (1990), “A Weaver’s View of the Çatal Hüyük
Controversy,” Oriental Rug Review, Vol. 10, No.6
(August/September 1990), 32-43. Исто така достапно
и на: Marla Mallett (2009), A Weaver’s View of the
Çatal Hüyük Controversy, [Online] достапно на: http://
www.marlamallett.com/ch.htm, [пристaпено на
12.09.2010].
Masson E. (2007), Le site pré/protohistorique de Cocev
kamen (Macédoine): ses analogies avec des sites
européens, ЗБОРНИК МАТИЦЕ СРПСКЕ ЗА КЛАСИЧНЕ
СТУДИЈЕ 9, Нови Сад, 7-13.
STOYTCHEV T. (2001), Rock Art and Compositions: An
Attempt for General Classification, Annuary of the In-
stitute of Archaeology with Museum, BAS, 1, 129-153.
Алексовски Д. 2006, Локалитетот Цоцев Камен –
единствен во светот, на едно место соединува:
Фрагменти од неолитска керамика од околината на селото Шопско Рударе, Кратовско место за жртвување, светилиште, сликана карпеста
уметност, праисториска опсерваторија, Општински
центар за карпеста уметност во Кратово, Кратово.
на археолошките слоеви во неговата близина, кои не се научно Археолошка карта на Република Македонија (1996),
документирани и истражени. Tом 2, Македонска академија на науките и
Во отсуство на стручни анализи и споредби не може уметностите, Скопје, 189.
да се потврди дали Цоцев Камен бил светилиште, но сека- Ѓорѓевиќ Н. 2003, Геолошко рекогносцирање терена на
археолошком локалитетима у околини Куманова
ко дека на самата локација постојат многу елементи кои током 2002 године, Пирајхме 2, Народен музеј –
овој локалитет би можеле да го сместат во категоријата на Куманово, Куманово 2003, 263-280.
опсерваторија. Тоа ги вклучува, пред сè, огромните камени Куштеревска Р. (2008), Фитоценолошки истражувања
блокови на блискиот рид кон кои се свртени Малата, Големата на вегетацијата на брдските пасисшта во околината
пештера и ‘престолите’ кои би требало да претставуваат осно- на Кратово, Скопје 2008, УКИМ ПМФ, институт за
Биологија (непубликуван магистерски труд).
ва за некои идни архео-астрономски истражувања. Станковски Ј. (2003) Три мегалитни споменици во
На самиот Цоцев Камен има видливи интервенции на кумановскиот регион, Пирајхме 2, Народен музеј -
карпите со доволно патина која сведочи за нивната старост, Куманово, Куманово 2003, 229-262.
како и сликана уметност на ѕидовите од поткарпите со прет- Стоев А., Стоева П. (2003), Археоастрономическа
поставена (за сега непотврдена) праисториска датација. Сли- интерпретација на скално-изсеченија паметник
‘Татичев камен’, крај село Кокино, обштина Старо
карството врз површината од карпите како и на ѕидовите на Нагоричане, Македонија, Пирајхме 2, Народен
пештерите и поткарпите, во себе обединува природно и кул- музеј - Куманово, Куманово 2003, 329-339.
турно наследство од една територија. Оваа уметност досега не Стойчев, Т. (2000), Скално изкуство - опит за обща
била предмет на подетална научна опсервација и би требало класификация, Годишник на Департамент
да ѝ се обрне поголемо внимание, бидејќи е изоставена од ин- Археология, НБУ/АИМ, 4-5, 2000, София, 30-54.
Стойчев Т. (2005), Скално изкуство - обща
тересот и истражувањата на археолозите и заинтересираните класификация,София: Агато.
специјалисти од сите комплементарни науки. Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том 1 (текст),
Цоцев Камен, и како карпа и како географски ареал е Симболизација и митологизација на космосот во
комплесен простор составен од археолошки и архитектонски ликовниот медиум, Скопје, 133-143.
остатоци чие понатамошно истражување несомнено ќе го при- Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том
2 (илустрации, каталог), Симболизација и
влече вниманието на стручната и медиумската јавност. Во таа митологизација на космосот во ликовниот медиум,
смисла треба да се разбере и овој напис. Скопје, Т Б4: 12,13,14,15.
Донев С. (2007), Општински центар за карпеста
уметност во Кратово, [Online] Достапно на: http://
Авторот е археолог. rock-art.mk/, [пристaпено на 10.10.2010].
Библиографијата е според Harvard Reference Style.19
e-mail: info@arheo.com.mk
web site: http://arheo.com.mk

37

You might also like