You are on page 1of 4

Прилог: Цитати од македонскиот политички врв

во предвечерието на 8 септември

Киро Глигоров, претседател на РМ: “Овој историски чин нека биде потврда дека
сме народ со долга историја, со разбудена демократска свест, самосвесни и
одговорни да испишеме нова страница на сопственото битисување.”

Никола Кљусев, премиер на РМ: “Некои агресивни политички аспирации кон


Македонија говорат дека по референдумот Македонија ќе биде неспособна економски
да опстојува, безбедносно да егзистира, а преку разни памфлети се сее страв дека
доколку граѓаните на Македонија гласаат на референдумот ќе доживеат
сиромаштија и војна. Македонија ќе опстојува и по референдумот.”

Стојан Андов, претседател на Собранието на РМ: “ Овојпат тој (македонскиот


народ) нема да дозволи историјата да се повтори. За Македонија нема повеќе да се
расправа на зелени маси. Македонија нема да биде делена. Македонија сама одлучува
за својата судбина и автономно го обликува својот статус.”

Љубчо Георгиевски, потпретседател на претседателот на РМ: “Никакво право на


ниту едно малцинство нема да му биде ускратено туку, напротив, можно е да се оди
кон збогатување на тие права.”

Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ: “Оваа определба не се должи на некаква


носталгија кон југословенството, туку, пред сè, произлегува од виталните интереси
на Македонија - зачувување на државноста на Македонија, зачувување на
територијалниот интегритет и суверенитет, можноста да се вклучува во трендот
на европските интеграции и економскиот просперитет.”
Прилог: Македонскиот пат до независноста низ фотографии

Слика бр. 1 Слика бр. 2


Првите демократски избори (17.11.1990) Претседателот Киро Глигоров (1992)

Слика бр. 3 Слика бр. 4


Декларацијата за сувереност на СРМ Покана за референдумско изјаснување

Слика бр. 5 Слика бр. 6


Од прославата на независноста
Премиерот Кљусев со првите денари

Слика бр. 7 Слика бр. 8


Прогласувањето на Уставот на РМ
Извештајот на Арбитражната комисија
“Нова Македонија” (18 ноември 1991 г.)
“Нова Македонија” (16 јануари 1992 г.)

Слика бр. 9 Слика бр. 10


Бугарското признавање на РМ Заминувањето на последниот
“Нова Македонија” (16 јануари 1992 г.) војник на Југословенската Армија
“Нова Македонија” (27 март 1992 г.)

Слика бр. 11 Слика бр. 12


Знаме на Република Македонија (1992-1995) Знаме на Република Македонија (1995-)

You might also like