Professional Documents
Culture Documents
ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО
Предметен наставник
Доц.д-р Благица Колева
Финален испит = 30%
Тестови( колоквиуми 2х 20) = 40%
Други активности = 30% - присуство теоретска настава
- присуство на вежби - стручен труд
ВОВЕД ВО СМЕТКОВОДСТВОТО
Сметководството претставува една комплетна функција во организациите, при чие извршување водењето книги или водењето
сметки не ја одбележува неговата содржинска, туку само нецелосно и крајно симплифицирано неговата формална страна.
Во некои дефиниции се поаѓа од целите и задачите, во некои од содржината на сметководствената функција во дадено време,
во некои од суштината на книжењата од принципите на двојното книговодство итн.
Сметководството има за цел да го следи и квантифицира работењето на претпријатието кое се манифестира низ промената
на средствата, обврските, капиталот и успехот во работењето.
Појавата на книговодството во античко врме е резулатат на ширењето на трговијата и трговската размена, односно средствата
на трговска размена т.е парите, и потребата од евидентирање на трговските трансакции.
Двојното книговодство за првпат се развило во 14 век во Италија, лулка на модерното книговодство. Luca Pacioli во неговата
книга Се за аритметиката, геометријата и пропорциите за првпат го разработува книговодството.
Во 1904 година, 50 години по именувањето како формална професија, околу 6000 експерти во светот ја носеле титулата
сметководители. Во 1957, имало 38690 сметководи (Шкоти, Британци и Ирци). Денес, само Англискиот Институт за
сметководители брои околу 120000.
Улога на сметководството
Во рамки на претпријатието се извршуваат неколку функции: производствена, комерцијална, финансиска, сметководствена и
сл.
Треба да постои јасна дистинкција помеѓу сметководствената и финансиската функција.
Финансиската ф-ја е извршна функција: 1)
прибирање на средствата; 2) трансформирање на средствата;3) враќање на средствата и 4) трансформирање на изворите на
средствата.
Сметководствената ф-ја е информативна функција:
Сметководствено евидентирање (книговодство) - евидентирање на сметководствените настани, организација на
евиденционата постапка, изготвување на збирни пресметки и презентирање на збирните пресметки.
Сметководствено планирање - ги обезбедува потребните податоци за планирање на активностите во еден подолг или пократок
временски период.
Сметководствена контрола - се протега на исправноста на документацијата, како услов за правилното функционирање на
финансиското и другото работење.
Сметководствена анализа - врши расчленување на резултатите до кои се доаѓа по сметководствен пат со цел тие опстојно да
бидат испитувани.
Цели и задачи на сметководството
Од почетокот пред сметководството се поставувале следниве две задачи за задоволување на екстерните потреби на
претпријатието :
Да го утврди точниот износ на средствата и изворите со кои располага една организација
Да го утврди финансискиот резултат како нето
ефект од вршењето на бројни стопански операции кои го претставуваат работењето на една организација за определен период.
Денес пред сметководството се наметнуваат и следниве две задачи:
Обезбедување на информации за тековно деловно одлучување во организацијата
Обезбедување на информации за долгорочно деловно планирање во организацијата.
Ваквите задачи можеме да ги групираме во три прашања на кои сметководството треба да даде одговор:
1. Прашања од евиденционен карактер - дали јас работам добро или лошо?
2. Насочувачки прашања - на кои проблеми треба да им обрнам посебно
внимание?
3. Прашања за кои треба да се донесат решенија - помеѓу многуте можни начини да ја обавувам својата работа, кој е
најдобриот?
Карактеристики на сметководствените информации
Корисници на сметководствените информации
Составни делови на финансиските извештаи се билансот на состојба, билансот на успех, извештај за промените на капиталот,
извештај за паричниот тек, сметководствени политики и објаснувачки забелешки.
Финансиските извештаи треба објективно да ја презентираат финансиската состојба, финансиското работење и паричните
текови на претпријатието. При подготвувањето на финансиските извештаи менаџментот треба да применува сметководствени
политики. Сметководствените политики се специфични принципи, основи, правила и практики усвоени од страна на
претпријатието при подготвувањето и презентирањето на финансиските извештаи.
Во Република Македонија, во подготвувањето и презентирањето на ф.и. се применуваат Меѓународните сметководствени
стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување (извор:Службен весник на РМ бр. 159/09).