You are on page 1of 1

Формално домашно бр.

3 - Сценарија

1. Корисничка приказна
Претходната вечер многу малку спиев, пишував домашни задачи кои беше потребно
да ги доставам до утрото наредениот ден. Сепак, денес рано ме разбуди алармот. Се
подготвив, ги зедов телфонот и клучевите и се упатив на факултет. Беше тој период -
една недела пред колоквиумска, кога имав најмногу за учење. Откако ми заврши
предавањето, се упатив кон центарот на градот, да се најдам со пријател од средно кој
од дамна го немав видено. Се договоривме да се најдеме во 13 часот во ресторанот
Соул Кичен. Седнавме во ресторанот, и тој веднаш се сети дека се наближува мојот
роденден, па ме праша дали ќе го славам. За жал, мојот роденден секогаш е сред
колквиумска недела, па ниту имам време да размислувам во кои ресторани и кафичи
да го славам, ниту па воопшто да размислувам за термини. Би ми било потребно
многу време за да барам ресторани, кафичи или барови и да се јавувам и да
прашувам за слободни термини и цена, време кое во период пред колоквиуска го
немам.

2. Концептуално сценарио
Корисникот без разлика на неговите години и неговото мало искуство со компјутери и
мобилни телефони, на лесен начин ќе му е овозможено да одбере простор и термин
што соодведстува со внесениот буџет. Корисникот најпрво го внесува својот буџет.
Потоа, корисникот ќе знае кои термини се слободни за одбраниот простор, или пак
кои простори се слободни за одбраниот термин. На крај, откако ќе се ги подеси сите
вредносите по сопствена преференца ќе може истото да го плати, а по наплатата ќе му
биде доставена и потврда за успешното плаќање.

You might also like