You are on page 1of 1

КУЌЕН РЕД

1. Часовите во Централното училиште и во Ѓорговци започнуваат во 07:45 часот,


додека пак часовите во подрачните училишта во Бајловце, Жељувино и Облавце
започнуваат во 08:00 часот и траат по 40 минути.
2. Малиот одмор трае 5 минути, а големиот 15 минути и е после вториот час.
3. На мал одмор се излегува само по потреба, а големиот одмор од страна на
учениците се користи за престој на чист воздух во училишниот двор.
4. Кифлите ги делат дежурните ученици и се јадат за време на големиот одмор во
училницата или дворот на училиштето во зависност од временските услови.
5. Во холот никој не треба да се задржува без потреба, не треба да се вика и да се
трча.
6. За одржување на редот и дисциплината за време за одморите се грижи дежурниот
наставник.
7. Потребните наставни средства и помагала за час ги носи наставникот или
задолжениот ученик.
8. Учениците кои користат организиран превиз времето по завршувањето на
часовите го поминуваат во училница или во дворот на училиштето.
9. Сите ученици и вработени се подеднакво одговорни за одржување и чување на
училишниот мебел и инвентар.
10. Книгите од училишната библиотека можат да се позајмат и вратат секогаш кога е
присутен библиотекарот.
11. Позајмената книга се враќа неоштетена, во што пократок рок, бидејќи ја чека друг
ученик.
12. Родителите се добродојдени во училиштето, со можност да се вклучат во
наставните и воннаставните активности.
13. Индивидуалните состаноци со родители се одржуваат во канцеларијата на
наставниците.

Директор

Марија Додевска

You might also like