You are on page 1of 16

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Природно-математички факултет

Предмет: Вирусологија

Тема: Poxviruses

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Наталија Атанасова-Панчевска Габриела Атанасовска
16502

Скопје, Мај, 2019 година


Содржина
1. ВОВЕД...................................................................................................................................................3
2. КЛАСИФИКАЦИЈА..............................................................................................................................5
3. СТРУКТУРА НА ВИРИОН.................................................................................................................7
4. СТУКТУРА НА ГЕНОМ......................................................................................................................8
5. СОСТАВ НА ГЕНИТЕ.........................................................................................................................8
6. ЦИКЛУС НА РЕПЛИКАЦИЈА............................................................................................................8
6.1. ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУС ВО КЛЕТКИ....................................................................................8
6.2. ГЕНСКА ЕКПРЕСИЈА.................................................................................................................8
6.3. ДНК РЕПЛИКАЦИЈА...................................................................................................................9
6.4. МОРФОГЕНЕЗА...........................................................................................................................9
7. ПАТОГЕНЕЗА....................................................................................................................................10
7.1. МАЛИ СИПАНИЦИ (SMALLPOX)...........................................................................................10
7.2. MАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ (MONKEYPOX)..........................................................................11
7.3. МOUSEPOX................................................................................................................................11
7.4. СAMELPOX.................................................................................................................................11
7.5. SHEEPPOX.................................................................................................................................11
8. 14 МАЈ 1796 ГОДИНА - EDWARD JENNER ЈА ОТКРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ МАЛИ
СИПАНИЦИ............................................................................................................................................12
9. ОДБРАНА НА ДОМАЌИНОТ..........................................................................................................13
10. ДИЈАГНОСТИКА.............................................................................................................................13
11. ИМУНИТЕТ......................................................................................................................................13
12. ЕПИДЕМИОЛОГИЈА......................................................................................................................14
13. КОНТРОЛА......................................................................................................................................15
14. ЗАКЛУЧОК........................................................................................................................................15
15. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.........................................................................................................16

2
1. ВОВЕД
Вирус (од лат. virus - „токсин“ или „отров“) е микроскопска честичка која не е
способна да расте и да се размножува надвор од клетката домаќин. Вирусите можат да ги
инфицираат сите животни форми, од животни и растенија до микроорганизми, вклучувајќи
ги бактериите и археите.

Додека не инфицираат одредена клетка, вирусите постојат во форма на независни


честички. Овие вирални честички, познати и како вириони, се состојат од два или три
дела: (1) генетски материјал составен од ДНК или РНК; (2) протеинска обвивка наречена
капсид, која го опкружува и заштитува генетскиот материјал; (3) обвивка од липиди која го
опкружува протеинскиот слој. Формите на вирусните честички варираат од едноставни,
спирални или икосаедрични форми, до мошне комплексни структури. Повеќето вирусни
видови имаат вириони кои се премногу мали за да можат да се видат со оптички
микроскоп. Просечната големина на еден вирион е околу стоти дел од големината на
просечната бактерија. Постојат различни фамилии на вируси: Adenoviridae, Coronaviridae,
Retroviridae, Parvoviridae, Poxviridae, и сл.

Рох вирусите се изолирани од птици, инсекти, влекачи и цицачи. Најпознат е


Variola вирусот (VARV), кој е причинител за smallpox, болест која однесе милиони жртви и
влијаеше врз човечката популација. Сите Рох вируси содржат комплексни, обвиткани
вириони кои се видливи на светлосен микроскоп и геноми со двојно верижна ДНК (dsDNA)
чии терминални шноли ги поврзуваат двете ДНК вериги во единечен полинуклеотиден
синџир. Гените се транскрибираат со помош на вирусна РНК полимераза и
транскриптивни ензими, кои се спакувани во вирионот.

Големиот геном им овозможува на Рох вирусите да кодираат многу вирулентни


фактори кои не се важни за репликација на вируси во клеточна култура, туку влијаат врз
исходот од инфекцијата in vivo. Болестите кои се предизвикани од Рох вирусите се
рангираат од благи инфекции се до катасрофални чуми, како што се малите сипаници
(smallpox) кај човекот, mousepox кај лабораторискиот глушец и миксоматоза кај
европскиот зајак.

Последниот ендемичен случај на smallpox се случил во 1977 година, a целосно


искоренување е потврдено во 1980 година. Важни се затоа што помогнале во
обликувањето на историјата со тоа што таа беше првата болест која може да се
контролира со имунизација и исто така прва искоренета болест (Слика 1).
Карактеристиките што ги направиле малите сипаници идеалени за искоренување се
прикажани подолу:

Примарни карактеристики:

1. Eфикасна вакцина;
2. Еден стабилен серотип;
3. Нема животнски извор;
4. Нема постојана инфекција.

3
Дополнителни карактеристики:

1. Тешка болест со висок морбидитет и морталитет;


2. Елиминација кај развиените земји;
3. Потенцијални заштеди во развиени земји кои не се ендемични и за кои веќе не е
потребно да се вакцинираат;
4. Нема културни и социјални бариери за истражување на заболени и контрола;
5. Лесно се дијагностицира;
6. Долг период на инкубација;
7. Долгорочен имунитет после инфекцијата;
8. Ниска комуникативност.

Болеста беше контролирана, а потоа елиминирана со непрекинат надзор и ограничување,


поткрепено со вакцинација.

Слика 1 Вакцинирано дете наспроти заразено дете со smallpox

4
2. КЛАСИФИКАЦИЈА
Фамилијата Poxviridae се состои од две подфамилии, Entomopoxvirinae (Табела 1)
и Chordopoxvirinae (Табела 2), кои ги инфицираат инсектите и хордатите. Подфамилијата
Entomopoxvirinae е поделено на три родови: Alphaentomopoxvirus, Betaentomopoxvirus, и
Gammaentomopoxvirus кои се типизирани според видовите Melolontha melolontha
entomopoxvirus (MMEV) (овој вид беше отстранет од оваа подфамилија), Amsacta moorei
entomopoxvirus ‘L’ (AMEV) и Chironomus luridus entomopoxvirus (CLEV), соодветно
(Табела1). Alphaentomopoxviruses инфицираат бубачки (Coleoptera),
Betaentomopoxviruses инфицираат пеперутки и молци (Lepidoptera), а
Gammaentomopoxviruses инфицираат комарци и муви (Diptera). Споредено со
Chordopoxvirinae, релативно малку податоци се достапни за Entomoxpoviruses и само два
генома се секвенционирани. Многу карактеристики на репликација кај Еntomopoxviruses,
најверојатно, ќе бидат слични на оние на Сhordopoxviruses, како што е случајот со
Vaccinia virus (VACV). Сепак, морфологијата на Еntomopoxviruses се разликува од онаа на
Сhordopoxviruses и исто така има разлики помеѓу трите родови на Еntomopoxviruses.

Подфамилијата Chordopoxvirinae е поделено на осум родови: Avipoxvirus,


Capripoxvirus, Leporipoxvirus, Orthopoxvirus, Parapoxvirus, Suipoxvirus, Tanapoxvirus и
Yatapoxvirus (Табела 2). Исто така, постојат неколку некласифицирани Рох вруси кои
можат да формираат дополнителни родови откако ќе ги воспостават нивните
филогенетски врски. Како на пример вкрстени геномски секвенци на вируси изолирани од
Crocodylus niloticus и Odocoileushemionus укажува на тоа дека ќе се формираат
дополнителни родови.

Табела 1 Фамилија Poxviridae, подфамилија Entomopoxvirinae

Род Вид

Alphaentomopoxvirus Anomala cuprea entomopoxvirus (ACEV)

Aphodius tasmaniae entomopoxvirus (ATEV)

Demodema boranensis entomopoxvirus (DBEV)


Dermolepida albohirtum entomopoxvirus (DAEV)
Figulus subleavis entomopoxvirus (FSEV)
Geotrupes sylvaticus entomopoxvirus (GSEV)
Melolontha melolontha entomopoxvirus (MMEV)
Gammaentomopoxvirus Aedes aegypti entomopoxvirus (AAEV)
Camptochironomus tentans entomopoxvirus (CTEV)
Chironomus attenuatus entomopoxvirus (CAEV)
Chironomus luridus entomopoxvirus (CLEV)
Chironomus plumosus entomopoxvirus (CPEV)
Goeldichironomus haloprasimus entomopoxvirus (GHEV)

5
Табела 2 Фамилија Poxviridae, подфамилија Chordopoxvirinae

Род Вид

Avipoxvirus Canarypox virus (CNPV)

Fowlpox virus (FWPV)


Juncopox virus (JNPV)
Mynahpox virus (MYPV)
Pigeonpox virus (PGPV)
Leporipoxvirus Hare fibroma virus (FIBV)
Myxoma virus (MYXV)
Rabbit fibroma virus (RFV)
Squirrel fibroma virus (SQFV)
Molluscipoxvirus Molluscum contagiosum virus (MOCV)
Orthopoxvirus Camelpox virus (CMLV)
Cowpox virus (CPXV)
Vaccinia virus (VACV)
Variola virus (VARV)
Horsepox virus (HSPV)

Parapoxvirus Bovine papular stomatitis virus (BPSV)


Orf virus (ORFV)
Pseudocowpox virus (PCPV)
Sealpox virus
Suipoxvirus Swinepox virus (SWPV)
Yatapoxvirus Tanapox virus (TANV)
Yaba-like disease virus (YLDV)
Yaba monkey tumor virus (YMTV)

3. СТРУКТУРА НА ВИРИОН
Рох вирусите имаат големи вириони со овална морфологија. Најдобро проучен е
VACV, кој има димензии од приближно 250 nm х 350 nm. Секоја заразена клетка
произведува две различни форми на инфективен вирион, наречен интрацелуларен зрел
вирус (IMV) и екстрацелуларен вирус со обвивка (EEV). Овие две форми се разликуваат
по тоа што ЕЕВ е опкружен со дополнителна мембрана што содржи неколку вирусни
протеини (Слика 2).
На површината од IMV се наоѓаат тубули кои имаат или неправилен изглед
(Оrthopoxviruses и Аvipoxviruses) или брановидна симетрија (Оrf virus (ORFV),
Рarapoxvirus). За структурата на IMV кај VACV имало различни ставови. Некои
истражувачи објавиле дека вирусот е опкружен со двојна липидна мембрана, додека
други предлагаат дека надворешниот слој содржи единечна мембрана опкружена со
протеински слој. Денешните доказите силно го фаворизираат моделот со една мембрана.

6
Јадрото на вирусот има форма на тег (dumbbell shape) и содржи странични тела
лоцирани во јадрените вдлабнатинки кои се со непозната функција. Јадрото на вирусот е
опкружено со палисаден слој (18 nm), а јадрената мембрана содржи пори преку кои може
да екструдира вирусната mRNA за време на раната транскрипција.
Структурите на вирионите на Entomopoxvirus се разликува од оние на
Сhordopoxviruses. Вирионите на Аlphaentomopoxviruses имаат димензии од приближно
350 nm х 450 nm и имаат конкавно јадро со едно странично тело. Вироните на
Вetaentomopoxvirus се малку помали, околу 250 nm х 350 nm и имаат цилиндричко јадро
со странично тело кое има изглед на ракав. Вирионите на Gammaentomopoxvirus се со
димензии од 320 nm х 230 nm и се повеќе слични на Сhordopoxviruses заради биконкавно
јадро и две странични тела.

Слика 2 Структура на
различни форми вириони (IMV
и EEV)

4. СТУКТУРА НА ГЕНОМ
Нуклеопротеинот се состои од цврсто спакуванa двоверижна ДНК (dsDNA)
опкружена со најмалку 4 различни видови на протеини, кои го одржуваат суперхеликсот
на ДНК. ДНК зависната РНК-полимераза е исто така присутна во нуклеопротеинот или
јадрото. Оваа структура се наоѓа во спиралениот дел од вирусот и сугерира дека Рох
вирусите можеби еволуирале од спиралните вируси со додавање на некои дополнителни
структури. Геномот на Рох вирусите е голем, од 150 до 300 kbp, не содржи интрони и има
повеќе од 150 отворени рамки за читање кои не се преклопуваат. На краевите на геномот
се наоѓа палиндромски повторувачки тандем (што значи дека тие се состојат од кратки
секвенци на бази кои се повторуваат неколку пати и се читаат исто и од напред и од
назад, на пр. ... АТАТА ...).

5. СОСТАВ НА ГЕНИТЕ
Кај Сhordopoxviruses утврдени се 90 гени кои се присутни кај секој вирус. Овие гени
кодираат протеини кои се неопходни за репликација на вирусите, како што се капсидни
протеини и ензими за транскрипција и ДНК репликација. Сите овие гени се наоѓаат во
централниот регион на геномот и веројатно го претставуваат јадрениот геном на предокот
од кој се развиле модерните Рох вируси. Како што Рох вирусите се развивале и се
прилагодиле на одредени домаќини, се чини дека тие се здобиле со дополнителни гени
кои се наоѓаат претежно на терминалните региони од геномот и на секој вирус му даваат
посебен опсег на домаќин и вирулентност. На пример, многу од имуномодулаторните
протеини екпресирани со ортопоксвирусите се отсутни кај птици и влекачи.

7
6. ЦИКЛУС НА РЕПЛИКАЦИЈА
6.1. ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУС ВО КЛЕТКИ
За испитувањата на начинот на кој Рох вирусите влегуваат во клетката домаќин за
извршување на репликацијата се користел Vaccinia virus. VACV формира два различни
вида на вириони (IMV и EEV), кои се опкружени со различен број мембрани. IMV во
клетката влегува или со фузија на мембраната со плазма мембраната или со
интрацелуларна везикула следејќи го патот на ендоцитоза. Влегувањето на EEV е
комплицирано заради дополнителната мембрана која што е во контакт со клетката со
помош на лиганд-зависен nonfusogenic процес. Со ова EEV го сместува IMV од
внатрешната страна на обвивката, во однос на плазма мембраната и потоа
навлегувањето се одвива слободно како и кај IMV. Фузијата кај вирусите обично се
случува во присуство на само еден протеин, но за разлика од тоа кај VACV најдени се 9
протеини кои учествуваат во процесот на фузија но не се поврзуваат со клетката. Откако
јадрото на вирусот ќе влезе во клетката, се транспортира до микротубулите (Слика 2 (d)).

6.2. ГЕНСКА ЕКПРЕСИЈА


За неколку минути од инфекцијата, вирусните гените се транскрибираат во јадрото
од вирусната ДНК зависна РНК полимераза. Добиените mRNAѕ се обвиткани,
полиаденилизирани и споени. Тие се отфрлени од јадрото и транслатирани од
рибозомите на домаќинот. Раните гени кодираат протеини кои иницираат ДНК
репликација или се борат против одговорот на домаќинот. Откако ќе започне со ДНК
репликација, се транскрибира интермедиерната класа на гените и по изразувањето на
интермедиерните протеини, започнува касна транскрипција. Касните протеини кодираат
структурни протеини и се изразуваат на повисоко ниво од раните протеини кои се
вклучени во репликацијата.
6.3. ДНК РЕПЛИКАЦИЈА
ДНК репликацијата кај вирусите се одвива во цитоплазмата и е катализирана од
вирусната ДНК полимераза. За овој процес се неопходни теерминалните шноли и
соседната concatemeric resolution sequence. Репликацијата започнува со воведување на
исечок во близина на терминалната шнола, проследено со одмотување на шнолата за да
се овозможи self-priming од слободните 30-хидроксилни групи. По проширувањето на
терминалните краеви на геномот, започнува раздвојувањето на ќеркината од
родителската низа, и продолжува ДНК репликацијата со поместување на низата за да се
формираат concatemeric molecules. Потоа мономерите со единица должина се пакуваат
во вириони.

6.4. МОРФОГЕНЕЗА
Вирусите завземаат место во модифицираните области на цитоплазмата наречени
вириозоми (Слика 3). Првата структура добиена со електронска микрографија била
составена од липиди на домаќинот и вирусен протеин, со форма на полумесечина. Оваа
структура прераснува во незрел вирус (IV- immature virus) во кој вирусниот геном е
спакуван заедно со транскрипциските ензими. Откако ќе се затвори вирусната мембрана,
јадрото се кондензира, некои капсидни протеини протеолитички се расцепуваат и се
формира IMV. IMV може да се ослободи од клетките со помош на лизирање или како
слободен вирион или во склоп со протеински тела. За овие протеински тела се смета
дека им даваат дополнителна стабилност на вирионите надвор од клетката домаќин, сè
додека не најдат нов потенцијален домаќин. Протеинските тела на Еntomopoxviruses се
разградува со висока pH вредност (таква е pH во цревата на инсектите), додека
протеинските тела на CPXV се разградени со ниска pH вредност.

8
Не секогаш IMVѕ завршуваат со процесот на лиза, понекогаш излегуваат од
клетката преку два патишта кои што завршуваат со формирањен на EEV. Првиот пат,
илустриран од VACV, започнува со транспорт на IMV дo микротубулите и негово
обвиткување со двослојна мембрана, добиена од домаќинот од страна на trans–Golgi
системот или од раните ендозоми кои беа изменети со вметнување на вирусните
протеини (Слика 3 (b)). Со процесот на обвиткување се создава intracellular enveloped
virus (IEV), кој содржи три мембрани и се транспортира до клеточната површина на
микротубулите. На површината на клетката, надворешната мембрана се спојува со
плазма мембраната со цел да се ослободи вирион со помош на егзоцитоза. Доколку
вирионот остане на клеточната површина се нарекува cell-associated enveloped virus
(CEV) (Слика 3 (c)), а ЕЕV доколку е ослободен. Втората патека e илустрирана со
вирусот fowlpox (FWPV) каде IMV преку процесот на пупење, преку плазма мембраната го
ослободува EEV.
Покрај тоа што е ослободен како EEV, CEV може да предизвика и формирање на
долги клеточни проекции, создадени со полимеризација на актин (Слика 3 (c)). Овие
проекции се важни за ефикасното ширење на вирусот од клетка до клетка, затоа што
вирусните мутанти кои не се во состојба да предизвикаат формирање на опашки
составени од актин, формираат мали плаки.

9
Слика 3 Електорнска микрографија VACV. (a) Различни фази на
VACV моргофенеза. (b) Обвиткување на IMV за да формира IEV.
Вирионот на врвот е деломно обвиткан додека во центарот е
целосно. (c) CEV на површината на актинската опашка што се протега
од површината на клетката. (d) Вирусно јадро во цитосолот веднаш
по инфекцијата.

7. ПАТОГЕНЕЗА
Болестите предизвикани од Pox вирусите варираат во голема мера и може да
бидат поврзани со голема смртност или да предизвикаат мали, локални или
асимптоматски инфекции. Пример за системски заболувања предизвикани од
Сhordopoxviruses се мали сипаници (smallpox), мајмунски сипаници (monkeypox),
mousepox, camelpox, овчи сипаници (sheeppox) и миксоматоза.

7.1. МАЛИ СИПАНИЦИ (SMALLPOX)


Малите сипаници се пренесуваат врз домаќинот преку инфекција со VARV.
Најчесто вирусот навлегува преку респираторната мукоза, иако може да навлезе преку
кожата. По инфекцијата, вирусот брзо напредува во блиските лимфни јазли. После 3-ти
или 4-ти ден од инфекцијата вирусот влегува во крвта и се шири во коскената срцевина.
После 8-ти до 12-ти ден, се јавува треска и токсемија. Во овој момент, вирусот е
локализиран во крвните садови на дермисот, како и оралната мукоза, што доведува до
почетна енантема и егзантема. До 14-от ден домаќинот е заразен и големи концентрации
на вирусот се наоѓаат во бубрезите, црниот дроб, слезината, лимфните јазли и коскената
срцевина. Првично се појавуваат лезии на кожата предизвикани од дилатација на
капиларите, како и оток на крвните садови. Овие лезии се шират до епидермисот каде
клетките стануваат отечени и се зголемуваат во големина до точката на прскање на
мембраните. По везикуларните лезии, гнојот се акумулира како резултат на акумулација
на полиморфоннуклеарни клетки во везикулата и на крајот се распаѓа. До смрт обично
доаѓа од преголема токсимија, најверојатно, поради циркулирачки имуни комплекси.
Секундарните инфекции исто така можат да предизвикаат долгорочен ефект како што се
енцефалитис, слепило и артритис.
Variola major е попозната како голема или црна сипаница, таа е поопасен вид и
предизвикува смрт кај 20-40% од заразените, а кај преживеаните често остава трајни
лузни или слепило. Variola minor, представува поблаг облик и предизвикува смрт само кај
1% од заразените.

7.2. MАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ (MONKEYPOX)


Мonkeypox е системска инфекција слична на малите сипаници, но, за разлика од
нив, инфекцијата се шири многу бавно од човек на човек. Вируленцијата на MPXV зависи
од соевите на вирусот. Вирусите изолирани од централна Африка предизвикале смртност
до 10%, додека оние од Западна Африка се помалку вирулентни. Геномите на MPXV и
VARV се значително различни, така што веројатно MPXV би мутирал во вирус налик на
VARV со ефикасен пренос од човек на човек.

7.3. МOUSEPOX
ECTV предизвикува mousepox kaj inbred колонии на глувци и може да предизвика
многу високи стапки на смртност. На пример, кај подложните соеви на глувци, леталната

10
доза 50 (LD50) на ECTV е помала од една plaque-forming unit (PFU). Mousepox имаат
сличности со малите сипаници и, следствено, тоа се користи од страна на некои
иследници како модел за мали сипаници. Природниот домаќин на ECTV најверојатно ќе
биде див глодар.

7.4. СAMELPOX
Вирусот сamelpox (CMLV) предизвикува сериозна системска болест кај камилите
што исто така има некои карактеристики слични на малите сипаници. Секвенците на
геномот CMLV покажа дека VARV и CMLV се тесно поврзани, иако постојат многу разлики,
особено во терминалните региони на геномот на вирусот, така што мутацијата од CMLV
во вирус сличен на VARV не е можна.

7.5. SHEEPPOX
SPPV и goatpox virus (GTPV) се заразни вирусни заболувања кои припаѓаат на
родот Capripoxvirus. Вирусите се ендемични во делови од Африка, Азија и Среден исток
со склоност да се шират во соседните области, како Виетнам, Монголија и Грција.
Вирусите се пренесуваат преку директен контакт, загадена животната средина или преку
убод од инсекти и најтешко вирусот го поднесуваат млади животни каде смртноста може
да достигне 100%. Периодот на инкубација е од четири до 21 ден. Кај заболените
животни, се јавува треска обично проследена со карактеристичните лезии на кожата, кои
се развиваат во тврди папули со гној. Лезиите можат да се појават на мукозните
мембрани и внатрешните органи, како белите дробови и предизвикувајќи дијареја и
понекогаш абортус.

8. 14 МАЈ 1796 ГОДИНА - EDWARD JENNER ЈА ОТКРИ ВАКЦИНАТА


ПРОТИВ МАЛИ СИПАНИЦИ
Jenner бил англиски лекар кој придонесол за развој на вакцината против мали
сипаници, со тоа што и дал живот на имунологијата. Тој забележал дека млекарите, кои
честопати се здобивале со cowpox, изгледање поимуни на малите сипаници. Така тој го
заразил James Phipps, осумгодишниот син на неговиот градинар, со кравји сипаници
користејќи гној собран од плускавците на Sarah Nelmes (млекарка), која била заразена од
кравата по име Blossom.
Потоа Jenner го изложил момчето на мали сипаници и открил дека момчето не
може да се зарази. Иако бил првиот што применувал научни принципи на оваа тема,
идејата за инокулација не била ништо ново. Во 1774 година, земјоделецот Dorset
Benjamin Jesty го заразил семејството со крајви сипаници со цел да ги заштити за време
на епидемија од мали сипаници. Но сепак Jenner се нарекува ,,татко на имунологијата,,
бидејќи спасил многу животи од било кој друг човек во историјата. Во негово времето,
болеста убила околу 10% од населението, искачувајќи се на 20% во градовите каде
инфекцијата се ширела многу полесно.
Пред Jenner, имало обид за да се победи болеста, наречен „вариолација“, добиена
од научното име на малите сипаници Variola. Овој обид вклучувал намерно инфицирање
на луѓе во контролирани околности за да се создаде имунитет. Идејата била донесена од
Турција во Британија во 1721 година од Lady Mary Wortley Montagu. Но, сепак имало
смртни случаи. Во тоа време и самиот Jenner бил варонизиран на училиште и бил
затворен со други заразени момчиња сè додека болеста не го одвивала својот тек.

11
Малите сипаница го промениле кралското наследство на Британија убивајќи го
наследникот на кралицата Anne, принцот William, на единаесет годишна возраст. Додека
историските личности како Elizabeth I, Mozart, George Washington и Abraham Lincoln ја
преживеаја инфекцијата.
Улогата на Blossom во медицинската историја е исто така почестена. Нејзината
скривка сега виси на ѕидот на библиотеката на St George’s Medical School во југозападен
Лондон.

Слика 3 Скрива на кравата Blossom која придонесе за


добивање на вакцина против мали сипаници.

9. ОДБРАНА
НА ДОМАЌИНОТ
Со исклучок на monkeypox, кој обично се стекнува преку респираторен пат, другите
инфекции од Рох вирусите се стекнуваат со инокулација во кожата или контакт со
повредена кожа. Како резултат на тоа, здравата кожа ја претставува првата линија на
одбрана. Интерфероните, неспецифично воспаление и веројатно пирексија играат улога
во одбраната од инфекцијата во раните фази.
Инфекцијата предизвикува хуморален и клеточен имунолошки одговор врз
природно ослободените вириони и врз вирусни антигени кои се наоѓаат на површината на
клетките заразени со вирусот.
Во принцип, имунолошкиот одговор е поврзан со степенот на инфекцијата;
имунитетот што е предизвикан од блага инфекција може да биде недоволен за да се
спречи реинфекцијата, како што е честопати во случајот со Parapox вирусот.

10. ДИЈАГНОСТИКА
Pox вирусите продуцираат карактеристични цитоплазматски инклузии, од кои
најпознати се Guarnieri body, каде и се одвива репликацијата. Овие тела се точно
идентификувани кај кожните биопсии обоени со хематоксилин и еозин кои формираат
розови меурчиња.

12
Електронска микроскопија е ефикасно средство за брзо дијагностицирање на
материјал од везикула или краста. Cowpox била дијагностицирана на овој начин во 23/24
случаи. Имунофлуоресценцијата на инфицирани клеточни култури ќе ги разликува
морфолошки сличничности на Рох вирусите од различни родови (пр. Orthopoxvirus и
Yatapoxvirus).
Иако molluscum вирусот треба допрва да се култивира, другите Рох вируси лесно
се изолираат во културата на ткивата и/или пилешките ембриони. Култивирањерто потоа
овозможува идентификација на биолошки и серумски тестови за неутрализација.
Прецизната идентификација со детекција на антитела е компромитирана со блиски
антигенски врски помеѓу родовите, но познавањето на домаќинот и географскиот опсег ќе
помогнат да се потврди претпоставуваната дијагноза.

11. ИМУНИТЕТ
Pox вирусите кодираат многу протеини кои блокираат или го уништуваат одговорот
на домаќинот од инфекција. Гените што ги кодираат овие протеини се претежно лоцирани
во терминалните региони на геномот и не се неопходни за репликација на вирусите. Тие
претежно се насочени против вродениот имунитет, но таргетираат широк спектар на
молекули внатре и надвор од клетката.
Интрацелуларните протеини на Pox вирусите може да ги блокираат сигналните
патеки што произлегуваат од Toll-like рецепторите или рецепторите за цитокини или
интерферони. Дополнително, интрацелуларните протеини може да ја инхибираат
антивирусната активност на интерфероните (IFN) или да ги инхибораат патиштата што
водат индукција на апоптоза.
Екстрацелуларните протеини можат да го инхибираат дејството на комплементот,
цитокините, хемокините или IFNѕ со врзување на овие протеини во растворот и
спречувајќи ги да ги достигнат своите рецептори на клетките. Некои Pox вируси ги
субвертираат цитокините или хемокините со тоа што енкодираат мимикрии на цитокини
или хемокини (пр. IL-10 се трансформира во β-факрот за раст), или експресираат
хемокински рецептори на површината на заразените клетки. Општо, отстранувањето на
индивидуалните имуномодулаторни протеини предизвика атенуација (слабеење) на
вируленцијата кај еден или друг модел, но исходот е неизвесен и во некои случаи беше
забележано и зголемување на вируленцијата.
Многу често, атенуацијата што произлегува од губење на имуномодулаторниот
протеин е ограничена во споредба со бришењето на гените вклучени во вирусиот
интрацелуларен транспорт, но има некои случаи кога губењето на имуномодулаторот
предизвикало неколку кратно зголемување на вирусот LD50.
Широката разновидност на имуномодулатори изразена од Pox вирусите ги прави
овие вируси одлични модели за проучување на интеракциите помеѓу вирусот и домаќинот
и обезбедува логично средство со кое може да се подобри имуногеноста на
рекомбинантни Pox вируси кои се сметаат за vaccine vectors.

12. ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
Со исклучок на molluscum, што е специфичен за човекот, инфекциите на хуманите
Рох вируси се стекнати од животните (Табела 3). Во некои случаи изворот е познат и
дистрибуиран ширум светот, како што е случајот со parapoxviruses на овци и говеда. Ова
претставува голема опасност за луѓето кои што работат со инфицираните животни.
Monkeypox е карактеристична само во Западна Африка и се смета дека
вервериците се поважен извори на домаќини отколку мајмуните. Вирусот сowpox е

13
ограничен само во Европа и западните делови на поранешниот СССР. Говедскиот
cowpox е редок и се смета дека домашната мачка е потенцијалниот домаќин. Конретни
информации за изворот на домаќинот од вирусот cowpox нема, но се смет дека тоа се
мали диви глодари. Инфекциите се случуваат без познат директен контакт со мачки или
говеда и можно е индиректно ширење преку бодликава жица.
Мonkeypox може да се шири од човек на човек, но ова ширење е лимитирани и не
подолго од четири до пет генерации. Инфекциите со рarapox и cowpox се ретки и ако се
случат се шират од човек на човек. Ширењето на molluscum од човек на човек
традиционално се поврзува со физички контакт од некој спорт (на пр., борење) и
користење на иста крпа. Сепак, има зголемени докази дека се појавува при сексуален
однос.
Vaccinа virus општо се смета за лабораториски вирус без природен извор. Сепак,
buffalopox virus, се смета за варијанта на vaccinia virus, и се чини дека се основал во
Индија иако нема информации за неговиот извор на домаќин. Поради потенцијалната
употреба на рекомбинантната vaccina virus вакцина, важно е да се запамети дека ваквите
видови можат да се воспостават кај животните и/или интеракцијата со генетски
поврзаните вируси кои циркулираат во нив.

Табела 3 Poxviruses патогени за луѓето

Вирус (извор) Болест Коментар

Molluscum contagiosum virus Нодули на кожата,честопати Често сексуално преносливи


(луѓе) повеќекратни, честопати
долготрајни
Milker’s nodes virus (cattle) Лезиии на кожата слични на Опасности кај оние кои се во
Orf virus (овци, кози) cowpox; обично безболна контакт со заразени животни
Cowpox virus Локализиран хеморагичен чир Европа; ретка говедска
(веројатно диви глодари) со пирексија; болно инфекција; како домаќин
најчесто се домашните мачки
Monkeypox virus (верверици?) Потсетува на хумана > 400 случаeви од 1970
сипаница (15% смртност) година во Западна Африка;
ограничено ширење од човек
на човек.
Tanapox virus (мајмуни) Локализирани нодули на Пријавени се случаeви кај
кожата со пирексија луѓе од Западна Африка
Vaccina virus (нема природен Ретка компликација од Рутинската вакцинација сега е
домаќин) вакцинацијата прекината
Smallpox virus (луѓе) Инфекција на пустуларен Целосно искоренување е
осип потврдено во 1980 година

13. КОНТРОЛА
Контролата на вообичаените инфекции од Pox вирусите кај луѓето зависи од
познавање на нивната епидемиологија. Особено, лицата кои се грижат за болен добиток
треба да преземат мерки на претпазливост, но степенот на професионална изложеност е
таков што инфекцијата и реинфекцијата се неизбежни. Контролата на инфекциите, како
што е cowpox, која има непознат извор, е практично невозможна. Пренесувањето од човек
на човек се намалува со подобрување на хигиената. Monkeypox е посебен случај.
Светската здравствена организација смета дека придобивките од вакцинацијата не ги
надминуваат ризиците и трошоците. Контролата на оваа болест зависи од здравственото
образование и од нарушената врската со изворот на животни.

14
Како заклучок, значајно е дека стратегиите што се користат за искоренување на
малите сипаници се проценуваат за контрола и искоренување на други болести.

14. ЗАКЛУЧОК
Најголема потреба за долгорочно задржување на variola virus во живо е за развојот
на антивирусните агенси или за нови вакцини со цел да се заштити светот од повторна
појава на сипаници како резултат на случајно или намерно ослободување на variola virus.
Покрај тоа, многу научни информации, особено во врска со човечкиот имунолошки
систем, може да се научат преку експериментирање со жив variola virus.
Научното мислење сугерира дека постојаното испитување на variola virus може да
доведе до нови и важни откритија со реален потенцијал за подобрување на здравјето на
луѓето. Во исто време, комитетот признава дека ограничената истражувачка
инфраструктура и ресурсите ја ограничуваат реализацијата на овој потенцијал. За среќа,
рекомбинантната ДНК технологија напредуваше така што сега е можно да се направи
variola virus кој е неспособен да се реплицира или да предизвува болест. Ваквиот
генетски модифициран вирус може да се користи во некои чекори при тестирање на
антивирусни агенси и за некои научни студии.
Иако smallpox се сметаат за болест од минатото, постои зголемена меѓународна
загриженост во врска со потенцијалната употреба на овој вирус како агент за
биотероризам. Smallpox потешко се поднесува кај бремените жени отколку жените кои не
се бремени или пак мажите и тоа без оглед на статусот на вакцинација. Често се
проследени со инциденти на често фатални типови на заболувања. Покрај тоа, се
зголемува стапката на абортус, мртвороденчиња и предвремено породувања. Бидејќи
smallpox можат да резултираат со сериозни компликации во бременоста, од витална
важност е да здравствените работници знаат за оваа болест.
Акушерите мора да ги заштитат пациентите и семејството од биотероризмот и да
ги едуцираат за различните агенси што можат да се користат како биолошко оружје, како
што е smallpox вирусот. Асистентите треба да бидат подготвени да одговорат на
прашања во врска со вакцината против smallpox и правилно да ги следат пациентите и
нивните семејства за контраиндикации за вакцинација, како и да донесат одлуки дали да
ја примат вакцината за себе или за членовите на семејството.

15. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА


 (Brian W. J. Mahy; Marc H. V. van Regenmortel Eds.) (2009) Desk Encyclopedia of
Human and Medical Virology.
 https://www.slideshare.net/ArunViswanathan3/poxvirus-135848456
 https://www.slideshare.net/lathajithin/poxviruses
 https://cronodon.com/BioTech/Poxvirus.html
 http://www.biologydiscussion.com/viruses/animal-viruses/pox-viruses-structure-and-its-
replication-microbiology/65852
 http://www.fortunejournals.com/articles/methodical-review-on-poxvirus-replication-
genes-responsible-for-the-development-of-infection-and-host-immune-response-against-
the-.html
 https://microbewiki.kenyon.edu/index.php/Smallpox_Virus#Pathogenesis
 https://www.galvmed.org/livestock-and-diseases/livestock-diseases/sheep-and-goat-pox/

15
 https://www.telegraph.co.uk/only-in-britain/edward-jenner-discovers-the-smallpox-
vaccine/
 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK8364/
 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK230906/
 https://www.medscape.com/viewarticle/458968_9

16

You might also like