You are on page 1of 6

Праисториско наколно живеалиште - Музеј на вода

“Тие околу Пангејските планини и од Прасијадското Езеро воопшто не му паднале


враце на Мегабаз. Тој, додуша, се обидел да ги покори и оние кои живееле на езерото и
тоа вака: на средина од езерото се наоѓаат дрвени скели на високи колци, а пристап од
копното е овозможен со помош на еден тесен мост. Колците под скелите некогаш во
старо време ги носеле сите жители од населбата, а подоцна создале ваков обичај. Кога
било кој од нив земал жена, носел од планина, која се викала Орбел, по три колци и ги
ставал под скелата; Кај нив секој човек се женел повеќе пати. Секој имал на скелата по
една колиба во која живеел и од која низ скелата водел еден отвор долу во езерото.
Малите деца ги врзувале со јаже за нога плашејќи се да не паднат во езерото. Коњите и
говедата ги хранеле со риба, а риби имало толку многу што, кога низ отворот се
спуштела со јаже кошница во езерото и по кратко време се извлечела, била преполна со
риби.”
(Herodot, V, 16)

Во последната деценија во соработка со археологот Паско Кузман вршени се


археолошки подводни истражувања на Охридското крајбрежје при што се пронајдени
остатоци од неколку праисториски наколни живеалишта. Единственото живеалиште
кое се реконстуира го носи називот Плоча Миќов Град по името на инструкторот за
подводни дејности, Милутин Секуловски-Миќа, кој во 1997 го открил овој локалитет.

Плоча Миќов Град се наоѓа на 20 км од Охрид, на Охридското крајбрежје, после


населбата Пештани, веднаш до автокампот Градиште и претставува дел од Музејот на
вода.
 

Овој музеј содржи реконструиран дел од праисториска наколна населба од XII-VII век
пред н.е која се наоѓа во вода поставена над платформа која ја држат дрвени колци,
музејски објект во кој се поставени пронајдените остатоци во водата од живеалиштето,
нуркачка база и реконструирани тврдини од римски логор од II век.

На овој локалитет на длабочина од 3 до 5 метри пронајдени се остатоци од 6000 дрвени


колци кои најаверојатно потпирале заедничка платформа на која имало 20 тина дрвени
куќарки. Според истражувањата површината на населбата се простирала на 8500 м2.
Бидејќи живеалиштата биле изградени од дрва, трски и кал биле подложни на пожари
и биле често обновувавани, на што се должи големата густина на колците (најдени се
остатаоци од изгорени драва и јаглен). Платформата со копнотот била поврзана со
подвижен мост кој во текот на ноќта се подигал заради заштита од животни и
непријатели.
Според анализата на пронајдените остатоци, оваа населба датира од 1200-700 година
п.н.е, т.е од доцно бронзено и почетоци на железно време. Во тој период живееле
Бригите, најстарото племе познато на Балканот.

Моментално е реконструрирана дел од населбата која брои 7 куќарки изградени на


платформа која е поставена над 1200 колци кои се обработени за да бидат поотпорни и
поиздржливи.

Во нуркачката база љубителите на нуркањето ќе имаат можност со водич да нуракаат и


да ги испитуваат остатоците под вода. Во блиска иднина планирано е и да се изгради и
ресторан со поглед кон минатото и езерото и кој ќе нуди традиционална македонска
кујна.

Во музејскиот објект се изложени пронајдените керамички предмети и аквариум од


колците под водата. Заливот и плажата, која беше дел од автокампот Градиште, на која
е реконструирано ова наколно живеалиште го доби името Заливот на коските, бидејќи
при истражувањата се најдени многу животински коски, карактеристично за овој
период од кој датира живеалиштето.

Музејот на вода со пешачка патека од камени плочи т.н ‘римска патека’ е поврзан со
уште една знаменитост, а тоа е римскиот каструм, т.е воено утврдување чии тврдини се
исто така реставрирани и кој датира од 2 век п.н.е.

Со подводните истражувања во последнава деценија се откриени уште неколку


наколни населби и тоа кај с. Трпејца на локалитетот На Дол во Заливот на Прчот и во
с.Пештани на северното крајбрежје наречен Заливот на Бомбите, бидејќи во овој дел се
пронајдни остатоци на бомби од Прва светска војна.

На атрактивна локација, во прекрасен амбиент, благодарение првенствено на Паско


Кузман, Клубот за подводни дејности - Охрид и Министерството за Култура на РМ кое
вложи 2 милиони евра во овој проект, Охрид, неговите жители и посетителите добија
единствена можност на Балканот преку ваков вид на презентација (освен на
Костурското езеро на мочурлив терен) да се вратат назад во времето од праисторијата
до римското владеење и назад во сегашноста на овој прекрасно осмислен и изведен
Музеј на Охридското езеро.

___________________________________________________________________________

Музејот на вода претставува реконструкција на живеалиште од железното и


бронзеното време, туристичка атракција како за нас во Македонија така и за
посетителите од соседните семји.
На јужното крајбрежје од полуостровот “Градиште“ во Заливот на Коските, се издига
праисториска наколна (палафитна) населба која според истражувањата се простирала
на површина од околу 8500 метри квадратни.

Направена е реконструкција на дел од наколната населба, идентична врз остатоците од


подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град, со хронолошка припадност од
крајот на бронзеното и почетокот на железното време, меѓу 1200 и 700 година пр.н.е.

„Со археолошките подводни истражувања, први во Македонија констатиравме една


населба која мораше само вака да се реконструира, не може поинаку. Констатиравме
10.000 остатоци од дрвени колци, евидентиравме 6.000, а поставивме 3.346 колци, врз
кои направивме платформа, каде успеавме да ги поставиме сите куќички кои тука
функционирале во разни периоди, кога егзистрирале 24 вакви куќички и ние тоа го
направивме сега“, вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на
културното наследство.

Музејот на вода-возбудливо патување низ минатото

Праисториската наколна населба над водите од Охридско езеро и Римскиот


кастел на зарамнетото плато од ридот „Градиште“ меѓусебно комуницираат и му
овозможуваат на посетителот прошетка низ времето, ѕиркање во животот на
предците

Музејскиот комплекс “Музеј на вода” на Охридско езеро со целосна


реконструкција на наколна населба од праисторијата над водите на Езерото и на кастел
од римско време на ридот “Градиште”, ќе биде свечено отворен на 19 ноември. Пред
јавноста ќе бидат презентирани новите објекти што се доградија во рамки на
комплексот, заокружубајќи ја оваа музејска целина, која во изминативе години стана
вистинска атракција за домашните и странските посетители. Станува збор за 16 нови
праисториски куќички во рамки на Праисториската наколна населба, две обновени
плажи, нов театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови
бунгалови на парковно уредените простори, пристаниште и други работи.

“Музеј на вода” е еден од ретките музеи од ваков вид во Европа, па поради тоа
е впечатлива туристичка дестинација која раскажува за животот во Македонија и
Охридско во дамнешни времиња. Комплексот содржи три просторни целини:
Праисториска наколна населба над водите од езерото, Римски кастел на зарамнетото
плато од ридот „Градиште“ и Копнен пристапен и музејски простор со
инфраструктурна архитектура. Првите две целини, иако припаѓаат на различни
временски периоди, меѓусебно комуницираат и му овозможуваат на посетителот
драгоцено патување низ минатото, ѕиркање во живот на нашите предци.

Временското патување почнува со Праисториската езерска наколна наслеба


„Миќов град“ во Заливот на коските. Се работи за реконструкција на праисториска
палафитна-наколна населба од бакарното, бронзеното и железното време со процут во
крајот на бронзеното и во раното железно време, односно од 1200 - 600 година пред
Хр. ера. Остатоците од населбата се наоѓаат на дното од езерото, на длабочина од 2,40
до 5,00 м. Претпоставената реконструкција на оваа праисториска населба е изведена
врз основа на распоредот на зачуваните колци на дното од езерото. Во 2008 година беа
поставени 1060 дрвени колци во езерото и на платформата над нив беа изградени 8
куќи, додека во 2010 година беа закачени 2286 колци во дното, а над доградената
платформа беа подигнати уште 16 праисториски куќи. Вкупно се закачени 3346 дрвени
колци во езерото, а вкупно 24 праисториски куќи се изградени над езерото. Меѓу
овие 21 куќа се со правоаголни основи, додека 3 се со кружна основа, а за култни и
ритуални потреби на жителите од населбата.

На дното од езерото се откриени многубројни цели и фрагментирани керамички


садови, дискоидни керамички плочки за рибарски мрежи и за ткаење, камени секирки,
кремени ножиња, рачни мелници за жито и многубројни фрагменти од животински
коски. Досегашните искустава покажаа дека посетителите уживаат во разгледувањето
на оваа наколна наслеба, најмногу поради нејзината впечатлива реконструкција,
автентично уредена до детаљ.

Од Праисториската езерска наслебапатот води во едно друго време, во


Римскиот кастел, лоциран на зарамнетото плато од ридот „Градиште“.
Во античкиот римски период, а за потребите на римскиоте воени трупи, постоеле
повеќе видови на утврдени војни логори: Каструми - утврдени правоаголни површини
со големина до 20 хектари за потребите на римските легии; Кастели-вексилијации -
помали воени логори со големина од 1,4 до 5,2 хектари за потребите на помошните
римски војски и Кастели-нумери - утврдени градби за помали воени единици со
големина од 0,6 до 0,8 хектати.

Локалитетот „Градиште“ претставува всушност помал римски воен логор за


помошна војска, поточно за помала воена единица за контрола на претстажи (Кастел -
нумера) од времето на Римското царство. Има издолжена триаголна форма со заоблени
агли и ориентација североисток-југозапад. Вкупната површина изнесува околу 8 000
м2. Со систематските археолошки истражувања кои се изведоа во пролетта 2007-2008
година, беа откриени остатоци од бедеми од источната страна со ширина од 1,80 м и
две правоаголни кули со проширување на тие бедеми кон надворешната страна. Со
конзерваторско-реставраторските работи во 2008 година беа реставрирани и делумно
реконструирани уште две кули на југоисточната страна, како и главната капија на
југозападниот дел формирана од две поврзани кули. Од нив кон северозапад бедемот
бил изграден само во должина од сса 45 м. На северозападната страна бедеми не биле
изградени, најверојатно поради непристапниот терен кој стрмно се спушта кон
езерскиот брег. По површината на теренот беа откриени мал број на фрагменти од
римска керамика што укажува на тоа дека кастелот бил во функција во мал временски
период.

Историски, овој кастел би можел да се поврзе со една од вексилациите


(помошните трупи) на легиите II Parthica i III Augusta кои пак биле стационирани
едната во близината на Рим, а другата во Африка (Lambaesis) во III век. Се
претпоставува дека тие помошни трупи се донесени во врска со одметнувањето на
Ингенуус и Регалијан и дека учествувале во битката на Скупи каде што цар Галиен
(253-268) го победил Регалијан. Според оваа претпоставка тие во Лихнид биле само на
поминување, бидејќи се движеле преку најкусиот пат Виа Егнатиа. После ова,
најверојатно, извесно време кастелот функционирал како кастел-нумера со
стационирана помала воена единица во служба на потребите на римската управа, а
заради одбрана на Царството од варварските напади.

Посетителите имаат шанса да ги прошират сознанија за секојдневното живеење


на дамнешниот човек со прошетката низ Музејската зграда, која беше изградена на
брегот на Охридско езеро во 2008 година. Таму се изложени движни археолошки
предмети извлечени и ископани од дното на езерото во времето на изведувањето на
подводните археолошки истражувања од 1997-2005 година. На западниот дел од
заливскиот копнен простор, пак, се наоѓа уште една зграда: База за подводни
активности и подводен туризам.
Бригите: Најстарото етничко јадро во етногенезата на античките Македонци

Најстарата етничка група која ја населувала територијата


на Македонија биле Бригите. Тие претставуваат најстарото
етничко јадро во етногенезата на Античките Македонци.
Врз основа на археолошките, епиграфските, но и
наративните извори, односно делата на Херодот, Страбон
и Плутарх, со голема веројатност може да се претпостави
дека Бригите ги населувале областите околу устието на р.
Еригон (денешна Црна Река), и од Термајскиот залив се до
р. Струма. Тие како најстара етничка група која ја
населувала територијата на Македонија морале да
учествуваат во етногенезата на Античките Македонци
заради што и Стефан Бизантиецот ќе рече дека Бригите се
македонско племе соопштувајќи го податокот на Хесикиј
за постоењето на градот Бригиас во Македонија.

Веќе во XII - XI в. пр. Ис. Хр., за време на Втората дорска миграција, дел од Бригите се
населуваат во Мала Азија каде се нарекле Фриги. Ваквите тврдења дополнително
добиваат на тежина ако се знае дека голем дел од античките македонските имиња
посведочени во класичниот и доцноантичкиот период имаат лингвистичка аналогија со
имињата и јазикот на Фригите од Мала Азија, а чиј број со новите епиграфски наоди се
повеќе се зголемува.

Аргумент повеќе е и фактот што бригиските имиња, уште во III век пред Ис.Хр., се
посведочени во срцето на Македонија, а не само во нејзините зафрлени краеви како
што сметаат некои грчки историчари. Дури и името Македонија најверојатно има
бригиско потекло и на старобригиски, односно фригиски јазик, значело ,,земја”.

You might also like