You are on page 1of 1

7/12/2020 Необичен колач со вишни и палента - Moirecepti

Необичен колач со вишни и палента


Објавено на 11 Јули, 2020 од teofanija

Подготовка
Експериментирав со состојки па го создадов овој сладок колач со палента и
вишни...

Подготовка
1. Ги одмеруваме сувите состојки и ги соединуваме во садот во кој ќе ги
мешаме со останатите.
2. Ги додаваме мокрите состојки и мешаме со лажица да се соединат.
3. Смесата ја истураме во мала ростер тава која сме ја намрсиле и
набрашниле.
4. Колачот го печеме во загреана рерна на 180 степени.
5. Поради ровкоста на колачот чекаме да се излади па да го сечеме.
6. Го посипуваме со шеќер во прав и сервираме.

Состојки
1 чаша палента
1 чаша бело брашно
2 чајни лажички пециво
1 чајна лажичка сода бикарбона
1/2 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
1/2 чаша кисела вода
1/3 чаша масло
1 чаша вишни без семки

Лиценца: Сите права се задржани


Линк до рецептот: https://moirecepti.mk/post/необичен-колач-со-вишни-и-палента
Moirecepti (www.moirecepti.mk) © 2020

https://moirecepti.mk/print.php?id=49359 1/1

You might also like