You are on page 1of 4

ООУ „Браќа Рибар“

с.Табановце

Програма за дополнителна настава


по англиски јазик
за IV одделение
во учебната 2018/2019 година

Наставници:
Станка Радевска Милковски
Цел: дополнителната настава има за цел да им се помогне на оние
ученици кои потешко го совладуваат материјалот по англиски јазик
или пак сакаат дополнително објаснување. Односно на
дополнителната настава на учениците им се овозможува да ги
совладаат основните знаења кои се потребни за комуникација и
разбирање на материјалот кој се работи во редовната настава.

Намена: да се овозможи помош на оние учениците кои имаат


потешкотии во совладувањето на материјалот од англиски јазик и им
е потребна помош при учењето во текот на учебната година. Исто
така и да се охрабрат, да се подигне нивната самодоверба дека и тие
со континуирана работа можат да го совладаат материјалот.

Начин на реализација: на дополнителната настава учениците ќе ги


работат и повторуваат оние теми и наставни содржини од англискиот
јазик кои им се потешки за разбирање , а тоа ќе се прави преку
разговор, усна комуникација, граматички вежби, слушање со
разбирање, читање на различни текстови и пишување.

Време на активноста: дополнителната настава ќе се одржува во


текот на целата учебна година ,со по два часа неделно.

Начин на вреднување: преку заедничка и индивидуална работа,


преку усна и пишана повратна информација.

2
Цели на дополнителната настава:
 да се оспособи слухово и визуелно да ги препознава новите
зборови, кои учениците не ги препознаваат
 да може да репродуцира зборови и едноставни јазични искази; кои
учениците тешко ги репродуцираат и ги немаат доволно
совладано
 да можат да водат едноставна комуникација на ниво на усвоениот
вокабулар со примена на јазичните функции блиски на возраста на
учениците; со помош на наставникот
 да може слухово да ги разликува фонемите на англискиот јазик;
 да препознава нови зборови кои не ги препознава при
реализацијата на редовната настава и да го разбере нивното
значење;
 да почне да ја препознава графијата на претходно усно усвоени
зборови;
 да се оспособи со помош да пишува познати зборови и едноставни
реченици по спелување;
 да стекне информација за други култури
 да се оспособи да пишува едноставни јазични искази;
 да се здобие со знаења за други култури
 да може да чита со разбирање куси и едноставни искази и
текстови за идентификување на конкретни информации; кои во
редоната настава ги нема доволно совладано
 да се оспособи да пишува зборови по спелување и едноставни
јазични искази со правилна употреба на интерпукцијата;

3
1. Повторување на англиската азбука 4 одд
2. Вежби со личните заменки и присвојните придавки 4 одд
3. Повторување на вокабуларот- моето семејство читање и пишување 4
одд
4. Вежби- множина на именките 4 одд
5. Сегашно време од глаголот be 4 одд
6. зборување за способности- can/can’t 4 одд
7. Опис на чудовиште- пишување 4 одд
8. Читање на краток текст за Денот на вљубените 4 одд
9. Зборување за времето 4 одд
10. Граматички вежби со употреба на Present Continious Tense 4 одд
11. Граматички вежби со предлозите за време 4 одд
12. Повторување на изучениот вокабулар- рутини и денови од
седмицата преку читање и пишување 4 одд
13. Употреба на заповеден начин преку пишување на правила во
училницата 4 одд
14. Повторување на вокабуларот- месеци и годишни времиња преку
читање и пишување 4 одд
15. Вежби со пишување на познат вокабулар 4 одд
16. Опишување на животни со употреба на описните придавки 4 одд
17. Повторување на изучениот вокабулар храна преку пишување и
читање 4 одд
18. Поставување пашања со помош на Wh- questions –4 одд
19. Повторување на вокабуларот- храна 4 одд
20. Вежби со Present Continuous Tense 4 одд
21. Повторување на вокабуларот- спорт 4 одд
22. Читање на текстови 4 одд

You might also like