You are on page 1of 3

ООУ „Браќа Рибар“ – с.

Табановце

Програма за додатна настава


по англиски јазик
за III одделение
во учебната 2018/2019 година

Наставник:
Станка Радевска Милковски
Цел: додатната настава има за цел преку вежби и различни активности да ја
развие надареноста за учењето на странски јазици, конкретно англискиот, кој
кај некои ученици ја има и која не можат да ја развијат во доволна мера и да ја
искажат на редовните часови по англиски јазик.

Намена: да се мотивираат учениците да ги развиваат своите вештини за


говорење, слушање, читање и пишување и со тоа да се афирмираат самите, но
и училиштето.

Начин на реализација: со различни методи се поттикнуваат учениците да ги


усовршат своите вештини за разбирање, изговор и комуникација на англискиот
јазик преку различни форми на работа, работа во парови, групна работа,
индивудуална и групна изработка на проекти на теми кои учениците сами ги
избираат или теми кои се поврзани со темите кои се изучуваат во редовната
настава. По желба на учениците може да се гледа цртан филм, филм од
англиско говорно подрачје, да се слуша англиска музика и да се посети
Американскоте катче.

Време на активноста: додатната настава ќе се одржува во текот на целата


учебна година

Начини на вреднување: со самооценување ( самопроценка) на знаењето


самите ученици можат да проценат каков успех постигнале во одредени
области пример граматика, читање, разбирање, изговор итн. На тој начин тие
подобар увид во она што не го усвоиле доволно и на она на што треба да
обратат поголемо внимание.
Цели на додатната настава:

 Развивање на јазичните вештини- слушање и говорење за второ


одделение;
 Развивање на јазичните вештини- пишување за трето одделение;
 Развивање на способности и навики за користење речник и други
прирачници за учениците од четврто и петто одделение;
 Запознавање со особеностите на земјите и народите кои го користат
англискиот јазик;
 Проширување на знаењата од англиската граматика;
 Проширување на вокабуларот.

1. Изработка на постер и давање на краток опис на членовите на семејството


2. Изработка на календар со родендените на нивните другарчиња
3. Halloween активности
4. Повторување на броевите од 16-20 и вокабулар за делови од куќа
5. Активности за Божиќ
6. Божиќни активности и песнички
7. Повторување на вокабуларот и глаголот can
8. Читање краток дијалог
9. Правење постер за храна
10. Употреба на I like and I don’t like
11. Активности за 8ми март
12. Велигденски активности
13. Пишување зборови со спелување
14. Пишување на познати зборови – облека
15. Читање дијалози
16. Читање на краток текст
17. Пеење песнички

You might also like