You are on page 1of 1

PRIMA BAND 4 Подготовка за час бр.

Училиште: СУГС Панче Арсовски


Наставен предмет: Германски јазик
Клас: 1. година
Датум на реализација:
Наставник: Валентина Варелова

Информации за часот БР. 3


Наставна тема: Fitness und Sport
Наставна единица: Aktiv sein
Тип на часот: Вежбање
Цел: Совладување ортографија и составување на краток текст.
Образовни задачи: Правилно пишување и составување текстови со употреба на временски прилози.
Функционални задачи: Препознавање тематски слики и допишување на соодветни зборови, разговор на тема
спорт.
Воспитни задачи: Развивање на социјални интеракции и говорни колтури низ говорни вежби во пар.
Клучни поими: die Sportarten
Образовни исходи: Ученикот знае да наброи и опише повеќе видови спорт, знае да каже колку често се
бави со спорт, кој спорт му е омилен и шта не сака да прави.
Облици на работа: Комбинирани
Наставни методи: TE / D / M
Наставни средства: Учебник, табла, креда
Место: Училница
Корелација: Англиски, мајчин јазик
Литература и додатни
PRIMA Deutsch für Jugendliche/ Band 5, Friederike Jin, Мagdalena Michalak, Lutz
материјали за
Rohrmann.
наставниците:
Напомени:

Тек на часот:
Воведен дел: Наставникот ги поздравува учениците, го запишува часот и ги прозива учениците да ја
(5 минути) прочитаат домашната задача. Неколку ученици ја читаат домашната задача, а потоа
наставникот ги повикува учениците да го отворат учебникот на стр. 6 и да ја погодат
денешната наставна единица. Потоа на таблата ги запишува клучните зборови „die
Sportarten”.

Главен дел: -Наставникот ги воведува учениците во темата: „Schaut euch die Bilder in Übung 2-а)
(38 минути) an. Welche Sportarten sind das? Wie heißen sie? Потоа запушува еден вид на спортм а
учениците погодуваат кој спорт е тоа: „Für diese Sportart brauche ich keinen Ball und
keine Skier. Diesen Sport macht man meistens drinnen in einer großen Halle, aber man
kann auch draußen üben. Das ist ein Wintersport. Wer weiß, welche Sportart das ist?“
2-б) Учениците потоа одговараат на прашањата кои спортови се играат внатре, а кои
надвор.
2-ц) Учениците ја довршуваат вежбата со временските прилози.
2-д) Вежба која се изведува во пар. Учениците треба да ја пополнат табелата и да
пронајдат што повеќе зборови во врска со темата.
2-е) Игра на погодување. Учениците може да се натпреваруваат во групи или по ред
на седење. Еден ученик изабира од табелата вид на спорт, и го опишува со помош на
останатите зборови од табелата. Кој ќе погоди прв, има право да го постави следното
прашање.
2-ф) Учениците поставувата прашања едни на други и даваат одгово на тема спорт.
Завршен дел: Домашна задача: учебник стр.7/2ф. Ученици треба да состават краток текст за спортот
(2 минути) со кој се бават.

You might also like