You are on page 1of 11

 СИСТЕМ ЗА ПРЕНОС

Модел за пренос на сигналите во комуникациите според Шенон

Предавателот - е блок во кој пораките се претставуваат во електрични сигнали


(аналогни или дигитални) и се подготвени за далечински пренос. Според тоа,
сигналот претставува електричен еквивалент на пораката. Во најпрост случај,
предавателот може да биде обичен микрофон, микрофон со засилувач, или
комплетен радиофонски предавател, мобилен телефон, компјутер и слично.

Систем за пренос – претставува медиум во кој сигналот се пренесува од


предавателот до приемникот. Тоа може да биде електричен вод, простор по кој се
пренесуваат радио-брановите, оптички кабел и т.н.

Приемник – е дел од системот во кој се извршува операција спротивна од онаа во


предавателот. Во него електричниот сигнал, кој стигнува преку системот за
пренос, се претвора во порака. Во наједноставен случај, приемник може да биде
телефонска слушалка, засилувач со слушалка, но може да биде и комплетен
радиофонски приемник, ТВ приемник, мобилен телефон – кога врши прием и
слично.

Извор на шум – е блок кој симболично ги претставува сите електрични и


електронски уреди, како и природните извори на пречки, кои создаваат
електрични сигнали кои во системот за пренос се мешаат си пораката, а во
приемникот се манифестираат како шум.

9
Извор на порака – може да биде било кој предмет, машина или човек, кој има
(содржи) порака која треба да биде пренесена. Под порака подразбираме: говор,
музика, пишан текст, броеви, слика, видео и т.н.

Корисник – е лице, уред или предмет за кој е наменета пораката.

 СИГНАЛИ

За да го избегнеме честото набројување што се се пренесува низ


телекомуникациските системи, се воведува поимот порака или информација.

По својата природа, сите пораки (информации) кои ги испраќа некој извор


на информација, можат да се поделат во две групи: континуални (непрекинати,
без скоковити промени и прекини) и дискретни (испрекинати, дисконтинуални, со
скоковити промени).

Континуални информации се информации кои се непрекинати за целиот


временски период, а можат да ги имаат сите вредности од даден опсег. Такви
пораки се говор, музика и слично.

Дискретни информации се информациите кои имаат облик на низа


одделни (дискретни) елементи кои имаат конечен број различни вредности. Тие
елементи се викаат симболи. Симболи се: букви, бројки, музички ноти и др.
Дискретните инфорамции обично се состојат од низа прости дискретни
информации. Пример за дискретни пораки се Морзеовите знаци и комјутерските
податоци – кои се состојат само од комбинација на логички нули и логички
единици.

Континуални и дискретни сигнали

Електричните сигнали кои се добиваат со претварање на информацијата се


делат на континуални и дискретни. Во современите телекомуникации
континуалните сигнали се повеќе се пренесуваат во дигитализиран обил, а еден
од чекорите во дигитализацијата е претварање на континуалните во дискретни
сигнали. Сигналите можат да се поделат во четири групи: амплитудно и
временско континуални; амплитудно континуални а временски дискретни;
амплитудно дискретни а временски континуални; амплитудно и временско
дискретни.

9
Аналогни и дигитални сигнали

Современите телекомуникации, во зависност од видот на сигнали кои се


користат во нив, се делат на аналогни и дигитални.

Аналогните сигнали спаѓаат во групата на класични континуални сигнали –


постојат во секој временски момент, а неговата моментална големина може да ја
има било која вредност од даден опсег.

Дигиталните сигнали спаѓаат во категоријата класични дискретни сигнали:


постојат само во одредени временски интервали, а нивната моментална големина
може да има само некоја од вредностите од даден конечен збир вредности.
Најважни дигитални сигнали се бинарните дигитални сигнали, кои можат да имаат
само една од две вредности. Бинарните сигнали настануваат на два начина: со
кодирање на дискретни сигнали и со обработка на аналогни сигнали.

Случајни и детерминистички сигнали

Сите сигнали во зависност од нивната природа може да се класифицираат


во две групи: случајни и детерминистички сигнали.

Случајни се оние сигнали кај кои промената на вредноста на некој


параметар не може однапред прецизно да се одреди. Сигналите кои се
пренесуваат во телекомуникационите системи (говор, музика, слика, компјутерски
податоци и слично) се случајни сигнали, што е многу логично – бидејќи
настануваат со трансформација на пораката, а се пренесуваат до корисникот
затоа што не се познати однапред.

Детерминистички се сигнали кои се однапред познати, т.е. тоа се сигнали


чија вредност во било кој момент во иднина може да се пресмета.
Детерминистичките сигнали можат да бидат: синусоидални, правоаголни,
триаголни, пилести. Сите тие се создаваат со помош на соодветен електронски
осцилатор, генератор на функција.

Детерминистичките сигнали се многу значајни затоа што со нивна помош се


проучуваат и испитуваат случајните сигнали. Нивна најголема предност е тоа што
можат да се претстават со помош на математички изрази.

9
Претставување на сигналите

Сигналите се претставуваат на два начина: во временски и во


фреквенциски домен. Кога се претставуваат во временски домен, сигналот има
препознатлив облик – онака како што изгледа неговата слика на осцилоскоп, при
што, даден во координатен систем на неговата апсциса е време, а на ординатата
е напон (или струја).

Доколку на апсцисата се наоѓа фреквенција, а на ординатата максималната


вредност на сигналот, тогаш станува збор за сигнал претставен во фреквенциски
домен.

ВИДОВИ НА ПРЕНОС
Електричниот сигнал кој се добива на електричните приклучоци на
микрофонот на чија мембрана делува звук кој го ствара човек додека зборува се
нарекува говорен сигнал. Претставува електричен еквивалент на говорната
порака и е еден од најзначајните сигнали во телекомуникациите. Денес
телефонијата сеуште претставува еден од најважните телекомуникациски сервиси
кој го користат огромен број корисници.

Според општата шема на телекомуникациски систем, дадена од Шенон,


комуникацијата се врши во една насока: од точката А, во која се наоѓа изворот н а
порака, до точката В – во која е корисникот. Меѓутоа, во пракса е
потребнопреносот да се извршува и во спротивна насока, од точка В во точка А,
но и истовремено преносот да се врши во двете насоки. Според тоа, во зависност
од насоката на пренесување на пораки во телекомуникацискиот систем, се
разликуваат три типа на вркса: симплекс, полудуплекс и дуплекс.

 Симплекс – или еднонасочна врска, е врска во која сигналите меѓу две


точки се пренесуваат само во една насока, што значи дека едниот уред е
секогаш предавател, а другиот приемник, и не можат да ги заменат улогите.
Примери за симплекс: телевизија и радио-дифузија.

 Полудуплекс – или реверзибилна врска, е врска во која помеѓу две точки


сигналите се пренесуваат во две насоки, но не истовремено. Во еден
вреемнски интервал едниот уред работи како предавател, а во другиот како
приемник. Примери за полудуплекс: преносни радио-станици кои ги користи
полицијата и слични служби.

 Дуплекс - или двонасочна врска, е врска во која помеѓу две точки пораките
истовремено се пренесуваат и во двете насоки. Најпознат пример на

9
дуплекс врска е телефонската врска, која овозможува истовремено
предавање и примање на пораки.

Во зависнот од положбата на спектарот на сигналот на фреквенциската


оска, во телекомуникациите разликуваме два вида на пренос: нискофреквентен
(NF) пренос и високофреквентен (VF) пренос.

NF ПРЕНОС НА СИГНАЛОТ НИЗ ФИЗИЧКИ ВОДОВИ


NF пренос, познат и како пренос во основен фреквенциски опсег, е пренос
при кој спектарот на сигналот во сите точки на преносниот систем ја завзема
својата природна положба на фреквенциската оска. Во класичната телефонија,
овој сигнал, односно неговиот спектар, без никакви интервенции на
фреквенциската компонента се пренесува до местото на прием.

Нискофреквентниот пренос може да се реализира на два начина:


четирижична и двожична NF врска.

Четиржична дуплекс врска е систем за пренос во кој според Шеноновата


шема, врската помеѓу точките А и В се оставрува тала што за пренос во насоката
А  B се користи еден физички вод, а за пренос во насоката B  A другиот
физички вод. Заради едноставност, обично физичкиот вод се претставува со една
линија, иако реално се состои од два електрични проводника. Дуплексната врска
помеѓу точките А и В е остварена со четири проводници, од кои еден пар се
користи за пренос во една насока, а другиот – за пренос во другата насока.

Улогата на NF засилувачот е да се засили нискофреквентниот сигнал и со


тоа да се компензира слабеењето кое го внесуваат деловите од водот помеѓу два
засилувачи. Најчесто земаме дека сите делници во една врска имаат еднакви
должини, а засилувањето на засилувачот е еднакво на слабеењето на делниците.

9
Четиржична дуплекс врска за NF пренос

Поради шумот (кој претставува проблем во сите телекомуникациски врски,


па и овде), кај оваа врска имаме проблем и од преслушувањето. Двата вода
секогаш физички се наоѓаат многу близу еден до друг, па дел од сигналот од
едниот вод “преминува” во другиот вод. Оваа појава се вика преслушување.
Доколку врската се користи за пренос на говор, се манифестира така што
корисникот додека зборува на микрофонот, го слуша својот глас во слушалката.

Двожичната дуплекс врска, за разлика од четирижичната, се остварува


реку само еден физички вод, односно преку еден пар проводници. Основен
проблем при остварувањето на оваа врска се засилувачите кои се несиметрични
четириполи, кај кои преносот е можен само во една насока. Проблемот се решава
така што на местата каде што треба да се постигне засилен сигнал, од двожична
се поминва на четирижична врска, па така раздвоен сообраќајот се засилува
поеднично за секоја насока. За ваков премин се користат посебни склопови кои се
нарекуваат раздвојни степени.

Двожична дуплекс врска за NF пренос

9
Двожичната NF врска е поефтина од четирижичната, но е со значително
послаб квалитет и со пократок домет. Во професионалните телекомуникации NF
преносот се реализира по физички водови и тоа за пренос на еден сигнал (за
остварување на една врска), или за истовремен пренос на повеќе сигнали со
користење на временски мултиплекс.

БЕЗЖИЧЕН ПРЕНОС НА СИГНАЛОТ

Верувањата на луѓето се дека во иднина ќе има само два вида


комуникации: жичени со оптички кабли и безжични. Сите фиксни (не мобилни)
компјутери, телефони факсови и слично ќе употребуваат оптички кабли, додека
сите мобилни ќе употребуваат безжични комуникации.

Безжичните комуникации се решение на голем број проблеми од типот:


Мобилните корисници кои одат на подолг пат, со себе мора да носат податоци на
дискети и CD-иња за своите laptop, palmtop и сл.

Безжичниот пренос има многу предности за било кој фиксен апарат од било
кој тип. Доколку спроведувањето на оптички кабли во зградите е потешко отколку
во планините и џунглите, тогаш пподобра би била жичената комуникација.

Безжичната дигитална комуникација започна во Хавајските острови, каде


комуникацијата помеѓу корисниците е отежната и каде телефонскиот систем
непотполно функционира.

Кај ненаведуваните медиуми, емитирањето и приемот се изведуваат со


помош на антена. За емитирање, антената зрачи електромагнетни бранови низ
воздухот, а кај приемникот антената ги регистрира овие бранови. Постојат два
вида на безжичен пренос: насочен и ненасочен.

Кај насочениот пренос, антената емитира фокусиран електромагнетен


сигнал поради што двете антени кои комуницираат мора да се добро насочени, а
сигналот треба да има повисока фреквенција за подобар прием.

Кај ненасочениот случај, емитираниот сигнал се шири во сите правци и


може да биде примен од повеќе антени.

9
Три опсези на фрекфенции се значајни за ваквиот пренос:

2 GHz – 40 GHz (микробранови фрекфенции). Овозможуваат


-
насочен пренос и се користат за сателитска комуникација.
- 30 MHz – 1 GHz. Згодни се за ненасочен пренос.
- 3x1011 - 2x1014 (инфрацрвени фрекфенции). Се користат за пренос
во затворени простории.
Во следната табела се дадени карактеристиките на ненасочениот пренос
при различни фреквенции.

Аналогни податоци Дигитални податоци


Фрекфентен
Име Модула- Пропусен Модула- Рата на Примена
опсег
ција опсег ција пренос

ASK,
LF (low
30-300 kHz Не се практични FSK, 0.1 до 100 bps Навигација
frequency)
MSK

ASK,
MF (medium 10 до 1000 Комерцијално AM
300-3000 kHz AM До 4 kHz FSK,
frequency) bps радио
MSK

ASK,
HF (high 10 до 3000 Радио (кратки
3-30 MHz AM, SSB До 4 kHz FSK,
frequency) bps бранови)
MSK

VHF (very high AM, 5 kHz До 5 VHF телевизија,


30-300 MHz FSK, PSK до 100 kbps
frequency) SSB, FM MHz FM радио

VHF телевизија,
UHF (ultra high
300-3000 MHz FM, SSB До 20 MHz PSK до 10 Mbps земјени
frequency)
микробранови

земјени
SHF (super high До 500 микробранови,
3-30 GHz FM PSK до 100 Mbps
frequency) MHz сателитски
микробранови

EHF (extremely
30-300 GHz FM До 1 GHz PSK до 750 Mbps Експериментално
high frequency)

Табела: Карактеристики на ненасочениот пренос

9
МОДУЛАЦИЈА И ДЕМОДУЛАЦИЈА
Модулацијата и демодулацијата се две постапки на обработка на
електричните сигнали, чија важност е толку голема, да може слободно да кажеме
дека без нив современите телекомуникации не би биле возможни.

Првиот чекор во телекомуникацискиот пренос е претворање на


информацијата во електричен сигнал. Тоа се прави со помош на микрофон, на чиј
излез се добива аналоген електричен напон, кој е со ист облик како променливиот
звучен притисок кој делува на мембраната на микрофонот. Тој сигнал е
нискофреквентен. Електричниот сигнал во својот изворен облик (т.е. обликот во
кој се јавува на излез од микрофонот) треба да се пренесе до местото на прием,
каде со помош на слушалка се претвора во звук, односно се враќа во својот
почетен облик. Овој процес може да се изврши преку електричен вод, на NF ниво.
Основен недостаток на ваквиот пренос е неможноста низ водот истовремено да
се пренесуваат повеќе NF сигнали.

Преносот може да се изврши и на VF ниво, со користење на транслиран


спектар на сигналот. Тој транслиран сигнал се добива со модулација, а неговото
транслирање во спротивна насока, односно враќање во неговото природно
фреквенциско подрачје се извршува со демодулација.

ВИДОВИ МОДУЛАЦИЈА

Сите видови модулација, во зависност од обликот на носителот можат да се


поделат во две групи. Во првата група се постапките во кои носител е
простопериодичен сигнал (сигнал во облик на синусоида), а во другата носителот
е во облик на поворка импулси кои периодично се повторуваат.

Носителот во облик на синусоида во потполност е дефиниран со три


параметри: амплитуда, фреквенција и фаза. Модулацијата е постапка со која се
остварува еден од наведените параметри на носителот да се менува во зависност
од моменталната вредност на модулираниот сигнал. Доколку при модулацијата се
менува амплитудата на носителот, тоа е амплитудна модулација (АМ), ако се
менува фреквенцијата, тоа е фреквенциска модулација (FM), а доколку се менува
фазата, станува збор за фазна модулација (ФМ).

9
Споредба на континуираните модулации

Поворката импулси која периодично се повторува исто така има три


параметри: амплитуда, траење и положба на импулсите. Во зависност од тоа кој
од овие параметри се менува, разликуваме три вида модулација: импулсна
амплитудска модулација (IAM), импулсна модулација по траење (ITM) и импулсна
положбена модулација (IPM). Посебен вид импулсна модулација претставува
импулсната кодна модулација (IKM или PCM – Pulse Code Modulation).

КОНТИНУИРАНИ МОДУЛАЦИИ

 АМПЛИТУДНА МОДУЛАЦИЈА

Амплитудната модулација спаѓа во групата на континуирани модулации,


каде што како носител се користи постопериодичен синусоиден сигнал. Тој може
да се напише во облик:

u0(t) = U0cosω0t,

каде u0(t) е моментална вредност на сигналот, U0 е амплитуда, а ω0 – кружна


фреквенција.

Модулациониот сигнал, кој претставува некоја порака е опишан со


временска функција um(t). Амплитудно модулираниот сигнал се дефинира со
изразот:

u(t) = kuum(t)cosω0t

каде ku е константа на пропорционалност. kuum(t) може да се сфати како


променлива амплитуда на синусоидалната осцилација со фреквенција ω0.

9
9

You might also like