You are on page 1of 1

Изработи: Кире Илиески 108/17

ДИЈАЛОГ МЕЃУ МЕНЕ И 40-ГОДИШНИОТ ЈАС

Здраво 40-годишен јас


Од моментов кога го пишувам ова писмо до онај момент кога ќе го читаш односно читам
ова писмо поминати се приближно 17 години.17 години поминати во незнаење што се
крие зад аголот на утрешниот ден.

И еве сега конечно кога имам можност да дознам што ме очекува не знам од каде да
почнам.Има голем број на прашања на кој би сакал да добијам одговори.

Најпрвин ме интересира дали се сеќаваш на сите работи што ги правевме на моја возраст и
дали ти недостигаат истите?

 Додека го пишувам ова писмо, јас односно ти сум четврта година на факултет со големи
планови за иднината,па затоа ме интересира кое е првото работно место на кое ќе се
вработиме,дали ни се исполни желбата да отвориме своја маркетинг агенција и дали сме
успешни ?

Сигурен сум дека веќе имаш основано свое семејство па затоа поздрави ги од мене.

Се разбира дека имам уште многу прашања но истите би сакал да ги дознаам со текот на
времето.

Поздрав

23-годишниот ти

П.с Ако можеш да ми одговориш кажи ми кој се добитните броеви за 7-то коло од играта
лото 7.

You might also like