You are on page 1of 6

Истражување

Како едно надополнување на мојата проектна задача решив да спроведам истражување


кое беше спроведено на територијата на Р.М во период од 17.01.2021 до 30.01.2021 врз
38 испитаници. Со разгледување на податоците од прашалникот кој им беше даден на
испитаниците да го пополнат, се добија следните резултати :

1. Пол?
Во однос на полот на испитаниците, според добиените резултати од спроведеното
истражување поголем број од испитаниците односно 53% се од машки пол ,а
останатите 47% од испитаниците се женски пол.

2. Возраст?
Врз основа на добиените резултати од истражувањето, испитаниците од 18 до 28
години се најзастапени со 38%, понатаму следуваат испитаниците на возраст од 29
до 38 години со 27%, испитаниците од 39 до 48 години со 23%, испитаниците од 49
до 58 години со 8% ,а останатите 4% од испитаниците се на возраст над 59 години.
3. Место на живеење?
Според добиените резултати од направеното истражување,беа анкетирани
испитаници од следните места: Крушево,Прилеп, Битола, Скопје, и околината на
овие градови.
При што се добиени следните резултати: 43% испитаници се од Крушево и
околината на Крушево, 35% од испитаниците се од Прилеп и околината на Прилеп,
13% од испитаниците се од Битола и околината на Битола, а останатите 9% од
испитаниците се од Скопје.

4. Највисок завршен степен на образование?


Во однос на образованието на испитаниците од направеното истражување, 48% од
испитаниците се со средно образование, 32% од испитаниците се со факултетско
образование, а останатите 20% од испитаниците се со вишо образование.

5. Работен статус?
Во однос на работниот статус на испитаниците од направеното истражување дојдов
до заклучок дека 36% од испитаниците се вработени, 19% од испитаниците се
невработени, 39% од испитаниците се студенти или ученици , додека пак
останатите 6% од испитаниците се пензионери .
6. Дали имате слушнато за SARS-CoV-2(Ковид 19)?
На прашањето,,Дали имате слушнато за SARS-CoV-2(Ковид 19)” сите испитаници
одговориле со да.

7. Дали сте или сте биле заразени со коронавирус? 


На прашањето ,,Дали сте или сте биле заразени со коронавирус” 36% од
испитаниците одговориле со да,потврдено, 19% одговориле со да,уште не е
потврдено, 39% од испитаниците одговориле со не, додека останатите 6% од
испитаниците одговориле со не знам.
8. Дали знаете луѓе во вашето непосредно социјално опкружување кои се или биле
заразени со коронавирус?
На прашањето ,, Дали знаете луѓе во вашето непосредно социјално опкружување
кои се или биле заразени со коронавирус” поголемиот број од испитаниците
односно 48% одговориле со да, 38% одговориле со не, а останатите 14% од
испитаниците одговориле со не сум сигурен.

9. Дали ги следите мерките на властите за спречување на ширењето на корона


вирусот?
На прашањето,, Дали ги следите мерките на властите за спречување на ширењето
на корона вирусот” 45% од испитаниците ги следат мерките, 27% не ги следат
мерките, а останатите 28% од испитаниците делумно ги следат мерките.

10. Дали општеството успешно се справува со корона вирусот?


На прашањето ,,Дали општеството успешно се справува со корона вирусот”
поголемиот дел од испитаниците односно 56% сметаат дека општеството успешно
се справува со корона вирусот, додека останатите 44% од испитаниците сметаат
дека општеството не се справува успешно со корона вирусот.
11. Дали сметате дека мерките превземени досега за справување со корона вирусот се
доволни?
На прашањето ,,Дали сметате дека мерките превземени досега за справување со
корона вирусот се доволни” најголемиот дел од испитаниците односно 57% да
додека останатите 43% од испитаниците одговориле со не.

12. Дали ќе се вакцинирате против корона вирусот ?


На прашањето ,, Дали ќе се вакцинирате против корона вирусот” поголемиот број
од испитаниците односно 42% одговориле со да, 35% одговориле со не,додека
останатите 23% одговориле дека сеуште не знаат.
13. Дали имате нешто да додадете,а што не беше опфатено во прашалникот?
На последното прашање не одговори ниту еден од испитаниците.

You might also like