You are on page 1of 2

Смрт или слобода за Македонија.

Илинден е денот кој одбележува дел од Македонската историја кој има огромна
важност и ги претставува корените и темелите на државата која постои денес. Го
одбележува започнувањето на големата борба и храброст на покорениот народ против
Османлинската Империја и нивно ослободување.

Овој ден, останат како празник за нас, претставува два големи настани кои се од
огромна важност. Го претставува Илинденското востание, кое е воспоставено на овој ден,
1903 година, во чест на пророкот Св. Илија-Илинден-според јулијанскиот календар.
Вториот настан кој бил одржан на овој голем ден за Македонскиот народ е првото
заседание на АСНОМ. Заседанието било одржано во манастирот Св. Прохор Пчињски во
1944 година и ја претставувало борбата против фашизмот на кое имало претставници од
САД и Велика Британија.

Самиот избор на луѓето на кои им следуваат заслугите за нашата слобода денес, да


го изберат овој ден за овие големи настани, ни остава на нас да го прославиме и секогаш
да се присетуваме на нивните дела. Оставен на нас како традиција, на овој голем ден се
одвиваат многу обичаи со кои се одбележуваат и прославуваат паднатите херои.

Битката кај Мечкин камен е една од најголемите и најкрвавите борби во текот на


Илинденското востание. Битката се одиграла на 12 август 1903 година кај месноста
Мечкин Камен, во близина на градот Крушево и претставува еден од најважните моменти
од историјата за денот Илинден иако се случила десет дена после стартот на востанието.

На 3 август 1903 година е прогласена Крушевската република. На 12 август повеќе


од десетилјадна армија на Бахтијар паша го опкружува Крушево. На седницата на
војводскиот совет е решено сите чети да се повлечат од градот, но војводата Питу Гули го
напуштил собранието и одлучил да се бори. Така, од 1.200 четници во градот, само
неговите 370 заминале да го бранат.

Четниците на Питу Гули се утврдиле на Мечкин Камен, скалесто плато на Биринска


Планина, која е падина од Баба планина. Питу Гули пред самата борба одржал говор и
заповедал поради ограничените резерви на муниција, да не се пука сè додека Турците не
се доближат блиску. Одредот се поделил на 9 чети, една под команда на Питу Гули, а
другите под команда на осум други војводи кој стоеле на чело на селските милиции.
Турците настапувале од три страни - од селата Бирино, Журче и Острилци. Борбата
започнала во 10 часот наутро, откако четниците го задржале башибозлукот нападнала
редовната армија. Во 19 часот приквечер Мечкин Камен бил опколен и Турците
започнуваат со решителен напад. При нападот загинале најпрво Георги Димев и неговиот
заменик Нове Смугрев. Во жестока борба, Питу Гули станува и почнува да пука и тој паѓа
убиен, борбата продолжила, а војводите Блаже и Грлука со еден дел од четниците успеале
да избегаат во длабоката река и да се сокријат во шумата. Во оваа битка загинале 40
комити.

Денес во чест на оваа борба, во близина на градот Крушево, стои споменик


обележјето на борбата „Мечкин камен“, до кој стои натпис „Смрт или слобода“. Овој
споменик претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува
последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода
Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република.
Споменикот на Мечкин Камен е изработен во 1983 година. Споменикот е авторско дело на
Димо Тодоровски, истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари, кои
го втемелиле современиот скулпторски израз во Македонската ликовна уметност. Оваа
локација се користи како крајна станица на коњаницата која после десет дневно јавање
стигнува до Мечкин Камен и положува цвеќе во чест на изгубените животи во борбата за
слобода.

Иако од голема важност, споменик обележјето Мечкин Камен е изградено после


комплексот Илинден (Македониум) во Крушево. Изграден е на триестгодишнината на
АСНОМ во 1974 година. Јордан и Искра Грабулоски се создавачите на ова обележје кое ги
истакнува непрекинатата борба на Македонскиот народ за слобода, независност.
Обележјето се пртега на 12 хектари каде се истакнуваат отворените пранги на почетокот
кои го симболизираат ослободувањето на Македонскиот народ. Следува објектот во кој се
истакнати, напишани и симболизирани борбите, идеите и големите моменти од настаните
поврзани со 2 Август. Во куполата се исто така сместени гробот на Никола Карев и
бистата на Тоше Проески.

Би сакала да додадам за крај како порака до сите помлади генерации кои се


навикнати на модерен живот да одвојат мал дел од своето време за да оддадат почит на
нашите херои. Неколку денови во годината се доволни да се запаметат напорите и
херојските дела на паднатите борци, бидејќи без нивните напори низ целовкупната наша
историја, немаше да постои македонскиот народ.

You might also like