You are on page 1of 117

Доц.

д-р Зоран Темелков

БАНКАРСКО РАБОТЕЊЕ
скрипта

Штип, 2019
Доц. д-р Зоран Темелков

БАНКАРСКО РАБОТЕЊЕ
скрипта
Автор: доц. д-р Зоран Темелков

БАНКАРСКО РАБОТЕЊЕ - скрипта

Рецензенти:
Проф. д-р. Оливера Ѓоргиева Трајковска
Проф. д-р. Весна Георгиева Свртинов

Лектор:
Вангелија Цавкова

Уредник:
доц. д-р Зоран Темелков

Техничко уредување:
доц. д-р Зоран Темелков

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Објавено во е-библиотека:
https://e-lib.ugd.edu.mk

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",
Скопје

336.717(035)

ТЕМЕЛКОВ, Зоран
Банкарско работење [Електронски извор] : скрипта / Зоран
Темелков. - Штип : Универзитет "Гоце Делчев"-Штип, Факултет за
туризам и бизнис логистика, 2019

Начин на пристап (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/832. - Текст во PDF


формат, содржи 117 стр. - Наслов преземен од екранот. - Опис на
изворот на ден 29.05.2019. - Библиографија: стр. 114-117

ISBN 978-608-244-632-5

а) Банкарско работење - Прирачници


COBISS.MK-ID 110451722
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

Доц. д-р Зоран Темелков

БАНКАРСКО РАБОТЕЊЕ

- Скрипта -

Штип, 2019
ПРЕДГОВОР

Целта на скирптата е да овозможи запознавање со основните концепти кои


постојат во банкарското работење. Исто така, преку материјалот се добива
можноста за запознавање со улогата и функциите на банките во економијата. Во
рамките на овој труд се прикажани и видовите на банкарски модели кои можат да
постојат во еден банкарски систем како и различните видови банки, согласно
активностите кои ги извршуваат. Тематски, овој труд е поделен во пет поглавја.
Најпрво се нуди можност за запознавање со поимот банки како и основните
функции кои што ги извршуваат банките во економијата. Имено, банките се
финансиски посредници кои реализираат рочна трансформација, обезбедуваат
ликвидност и го трансформираат ризикот во една економија. Банките како
финансиски посредници имаат улога во прибирањето на слободните средства во
економијата и нивна ефикасна алокација. Поради потребата за различни видови
финансиски производи и услуги, низ годините се развиле и различни банкарски
модели. Исто така, зависно од производите и услугите кои што се нудат,
дефинирани се и неколку основни видови банки кои можат да се сретнат во
банкарската индустрија. Со самото дефинирање на банките како финансиски
институции, потребно е да се разбере и нивната важност за економијата од аспект
на придобивките кои ги има економијата.
Поради важноста на банкарската индустрија, предвид е земена и
централната банка која реализира голем број функции во економијата.
Централната банка е институција која е одговорна за дефинирање и
имплементирање на монетарната политика. Централната банка, како банка над
банките, треба да обезбеди непречено функционирање на финансискиот систем и
да ја намали или елиминира можноста за пропаѓање на банките. За таа цел,
централната банка има право да врши надзор во работењето на банкарските
институции.
Во своето работење, банките се соочуваат со голем број ризици: покрај тоа
што централната банка треба да го контролира нивното работење, самите банки
треба да воспостават адекватен систем за управување со ризици. Овој систем
треба да биде дизајниран на тој начин што би овозможил навремено
идентификување на можна појава на некој ризик како и процедури и правила за
соодветно мерење и контрола.
Предмет на трудот е и важноста на банкарската супервизија и регулација која
има за цел да обезбеди одредени правила и процедури кои треба да ги исполнуваат
банките во своето работење. Потребата од супервизија и регулација на
банкарската индустрија посебно доаѓа до израз со појавата на последната
финансиска криза. Последната криза покажа одредени слабости во процесот на
супервизија и регулација на банкарската индустрија и како резултат на овие
слабости се креираа Базел III стандардите. Поради важноста на Базелските
стандарди, потребно е да се разбере нивниот развој и нивната улога во
регулирањето на банкарската индустрија.
Последниот дел од трудот е посветен на различните видови производи и
услуги кои што ги нудат банките во своето работење. Прикажани се основните
карактеристики на производите за штедење и кредитните производи.
Содржина

1. Поим и дефиниција за банки .............................................................................. 9


1.1. Цели на изучување .......................................................................................... 9
1.2. Поим и дефиниција за банки ......................................................................... 10
1.3. Видови банкарски модели ............................................................................. 13
1.4. Видови банки .................................................................................................. 16
1.5. Функции на банките ........................................................................................ 19
1.6. Принципи на банкарското работење............................................................. 21
1.7. Активни и пасивни банкарски работи............................................................ 22
1.8. Извори на средства и извори на приходи во банкарското работење ......... 24
1.8.1. Извор на средства во банкарското работење ....................................... 24
1.8.2. Извор на приходи во банкарското работење ......................................... 26
1.9. Улогата на банките во економијата .............................................................. 26
1.10. Банкарство во сенка ....................................................................................... 28
1.11. Прашања за дискусија ................................................................................... 30
2. Улога и функции на централната банка .......................................................... 31
2.1. Цели на изучување ........................................................................................ 31
2.2. Поим и дефиниција за централна банка ...................................................... 32
2.3. Функции на централната банка ..................................................................... 33
2.4. Централната банка и монетарната политика ............................................... 35
2.5. Инструменти на централната банка ............................................................. 36
2.5.1. Основна каматна стапка .......................................................................... 38
2.5.2. Стапка на задолжителна резерва (reserve requirement) ....................... 39
2.5.3. Операции на отворен пазар .................................................................... 40
2.5.4. Инструментот на квантитативно олеснување (quantitative easing) ...... 42
2.6. Независност на централната банка .............................................................. 42
2.6.1. Аргументи за независност на централната банка ................................. 43
2.6.2. Аргументи против независност на централната банка ......................... 44
2.7. Прашања за дискусија ................................................................................... 46
3. Ризици во банкарското работење.................................................................... 47
3.1. Цели на изучување ........................................................................................ 47
3.2. Управување со ризици во банкарското работење ....................................... 48
3.3. Видови ризици ................................................................................................ 49
3.3.1. Кредитен ризик......................................................................................... 50
3.3.2. Ликвидносен ризик ................................................................................... 56
3.3.3. Ризик на каматни стапки ......................................................................... 58
3.3.4. Валутен ризик .......................................................................................... 61
3.3.5. Пазарен ризик .......................................................................................... 61
3.3.6. Други поважни ризици во банкарското работење ................................. 62
3.4. Прашања за дискусија ................................................................................... 65
4. Банкарска супервизија и регулација ............................................................... 66
4.1. Цели на изучување ........................................................................................ 66
4.2. Потребата и важноста на супервизијата и регулацијата во банкарското
работење .................................................................................................................. 67
4.3. Целите на банкарската супервизија и регулација........................................ 68
4.4. Пристапи за супервизија на финансиската индустрија ............................... 71
4.5. Базелски стандарди ....................................................................................... 72
4.6. Важноста и функционирањето на фонд за осигурување на депозити ....... 76
4.7. CAMELS системот за контрола на работењето на банките ........................ 80
4.8. Прашања за дискусија ................................................................................... 82
5. Банкарски производи и услуги ........................................................................ 83
5.1. Цели на изучување ........................................................................................ 83
5.2. Видови на производи и услуги кои ги нудат банките ................................... 84
5.3. Каматни стапки во банкарското работење ................................................... 84
5.4. Производи за штедење .................................................................................. 87
5.5. Кредитни производи ....................................................................................... 88
5.5.1. Основни елементи на кредитните производи ........................................ 89
5.5.2. Амортизација на кредит и амортизационен план .................................. 90
5.5.3. Инструменти за обезбедување прифатливи за банката....................... 91
5.5.4. Класификација на кредитните производи .............................................. 93
5.5.5. Кредитни картички ................................................................................... 96
5.6. Видови станбени кредити .............................................................................. 99
5.7. Процесот на одобрување на кредити ......................................................... 105
5.8. Прашања за дискусија ................................................................................. 110
Речник на поважни термини .................................................................................. 111
Користена литература ............................................................................................ 114
1. Поим и дефиниција за банки

1.1. Цели на изучување

Функционирањето на една економија ја наметнува потребата за постоење на


финансиски посредници преку кои би се правело ефикасно алокација на
средствата. Потребата за финансиските посредници може да се согледа во
потребата за прибирање на слободните парични средства од економските субјекти
кои имаат вишок на средства и истите да се дистрибуираат до субјекти кои имаат
потреба од финансиски средства. Вака дефинираната улога на финансиски
посредници во економијата ја имаат банките, односно банкарскиот систем. За таа
цел, потребно е да се разбере што всушност претставуваат банките и која е нивната
улога во економијата. Целите на изучување во ова поглавје се:

• Да се разберат и дефинираат банките како финансиски посредници;

• Да се идентификуваат основните банкарски модели според кои банките


можат да ги реализираат своите активности;

• Да се разберат основните видови на банки кои можат да се сретнат во


банкарскиот систем;

• Да се разберат примарните и секундарните функции кои што ги


извршуваат банките во економијата;

• Да се разберат принципите кои се дефинирани во банкарското работење;

• Да се разберат активните и пасивните банкарски работи;

• Да се разберат различните извори на средства кои што се достапни за


банките;

• Да се разберат изворите на приходи во банкарското работење;

• Да се разбере улогата и важноста на банките во економијата;

• Да се разбере концептот на банкарство во сенка кој станува популарен со


појавата на последна финансиска криза.

9
1.2. Поим и дефиниција за банки

Банките заземаат важен дел од секојдневниот живот на домаќинствата и


приватниот сектор. Исто така, банките имаат важна улога во економијата од аспект
на поддршка на економскиот раст и развој и справувањето со опасноста од појава
на инфлација. За таа цел, потребно е да се разберат банките, односно да се
разбере што всушност претставуваат банките и улогата на банките во економијата.
Најпрво, банките можат да се дефинираат како институции кои прибираат депозити
и одобруваат кредити (Kurt Mettenheim, 2013). Во продолжение, банката
претставува место (институција) која ги чува (штити) паричните средства на
штедачите и ги користи овие депозити за да позајмува пари на дефицитарните
учесници на финансиските пазари (ABA, 2014). Исто така, банката може да се
дефинира како институција која има за цел да ги поврзе штедачите со
кредитобарателите, со што би се обезбедило непречено функционирање на
економијата (Jeanne Gobat, 2012). Банките претставуваат депозитни финансиски
институции. Гледано до аспект на функциите кои што ги извршува банката, може да
се каже дека банката е финансиски посредник во економијата. Имено, банката има
за цел да ги собере слободните парични средства во економијата на едно место и
истите да ги насочи кон субјектите кои имаат потреба од дополнителни парични
средства.
За да се разбере целосно работењето на банките, потребно е да се разберат
основните функции кои ги извршуваат банките во економијата, тие се (Pierluigi
Bologna, 2018):

• рочна трансформација;
• создавање на ликвидност во економијата;
• трансформирање на ризикот во економијата.

Банките прават рочна трансформација на средствата во економијата со тоа


што прибираат слободни средства на краток и среден рок, а пласираат кредити на
долг рок (Anatoli Segura and Javier Suarez, 2016). Со други зборови, банките ги
транформираат краткорочните средства на инвеститорите (штедачите) во
долгорочни кредити или инвестиции во економијата. Ваквата функција на банката
доведува до појава на ризици во банкарското работење. Исто така, разликата во
рочноста на слободните средства и потребата за инвестирање дава можност
банките да генерираат приходи.
Активностите кои ги извршуваат банките во своето работење овозможуваат
да се создава ликвидност во економијата. Со други зборови, ликвидноста во
економијата се креира преку финансирање на неликвиден имот (долгорочни
кредити и инвестиции) со ликвидни краткорочни средства (Christa H. S. Bouwman,
2013).
Со реализирање на своите активности, банките исто така имаат и функција
за трансформација на ризикот во економијата. Трансформација на ризикот значи
дека банките го намалуваат ризикот на депонираните средства и парите кои се
позајмени на кредитокорисниците (кредитен ризик). Банките прават
трансформацијата на ризикот преку диверзификација на своите инвестициите,

10
оценка и надгледување на кредитокорисниците и чување на капитал и други
резерви за справување со можни загуби (Fungacova, Zuzana et al., 2012).
Како резултат на основните функции кои ги извршува банката во економијата
и активностите кои ги реализираат во своето работење, банкарската индустрија има
своја специфичност со која се разликува од останатите индустрии.
Со цел да се разбере банкарското работење и банкарската индустрија,
потребно е да се разбере нејзината специфичност, споредено со другите
индустрии. Во другите индустрии, пропаѓањето на некоја компанија би дало
придобивки за останатите компании во индустријата преку намалување на
конкуренцијата. Ова не е случај со банкарската индустрија. Зависноста на
банкарскиот систем од довербата на штедачите како и меѓусебната поврзаност на
различните банки може да предизвика различен ефект. Имено, пропаѓањето на
една банка би можело да предизвика паника помеѓу штедачите и нарушена доверба
во банкарскиот систем и со тоа да се доведат во опасност и останатите банки.
Причините поради кои пропаѓањето на една банка може да предизвика системски
последици се:

• Банките може да имаат висок степен на изложеност кон други банки, што
би значело дека пропаѓање на една банка би можело да предизвика
загуба за друга банка поради неможноста да ги наплати своите
побарувања од банката која пропаднала;
• Високиот степен на поврзаност на банките со финансиските пазари може
да значи дека пропаѓањето на некоја банка (посебно голема банка) може
да има негативен ефект врз финансискиот пазар поради присилна
продажба на средствата и хартиите од вредност;
• Штедачите можат да се сомневаат во постоење на системски ризик
поради пропаѓањето на некоја банка, со што би започнале со
повлекување на средствата од другите банки.

Друга карактеристика на банкарскиот систем е тоа што денешното


банкарство уште се нарекува и фракционо банкарство. Фракционо банкарство
претставува банкарски систем каде што банката не ги пласира сите средства од
депозити во форма на кредит, со цел зачувување на одредена резерва. Меѓутоа,
според овој систем, банките, исто така, немаат ниту обврска да имаат резерви во
висина од 100 % од депозитната база. Банките задржуваат одреден дел од
депозитите во форма на резерви, и со другиот дел имаат можност да располагаат
и да остваруваат профит. Поради ваквиот начин на функционирање, банките се во
можност да вршат кредитирање. Ваквиот систем на банкарско работење
претпоставува дека банката никогаш нема да има потреба да ги исплати сите
штедачи во ист момент. Со други зборови, се оди со претпоставката дека сите
штедачи нема да ги подигнат своите средства (депозити) во исто време.
Фракционото банкарство овозможува појава на феноменот на
мултипликација. Мултипликацијата е ефектот на проширување на количината на
пари кога банката прима депозит и задржува еден дел од средствата, а другиот дел
го нуди во форма на кредити (Katalin Botos, 2016).

11
Врз основа на начинот на функционирање на фракционото банкарство, може
да се каже дека банките во своето работење континуирано се соочуваат со ризик
од несолвентност. Ваквиот ризик се појавува бидејќи банките не се во можност да
се справат со големо ниво на повлекување на депозити, односно намалување на
депозитната база во краток временски период. Појавата на зголемено повлекување
на депозити може да дојде поради таканаречена банкарска паника. Со цел
намалување на ризикот, системот на фракционото банкарство има кредитор во
крајна инстанца. Целта на кредиторот во крајна инстанца е да ја зголеми
ликвидноста на банките, со цел избегнување и спречување на појавата на
банкарска паника.
Развојот на банкарскиот систем низ годините не ги променил главните
функции на банките во економијата, меѓутоа, евидентни се промените кои
настанале во банкарското работење. Имено, развојот е проследен со промени во
однос на производите и услугите кои што ги нудат банките како и начинот на кој што
се нудат финансиските производи. Дерегулацијата, развојот на технологијата и
глобализацијата се некои од поважните фактори кои придонеле за развој на
банкарскиот систем и промени во банкарското работење. Па, така, врз основа на
активностите и производите кои ги нуделе банките можеме да разликуваме
традиционално банкарство и модерно банкарство. Табела 1 има за цел да ги
прикаже разликите помеѓу традиционалното и модерното банкарство.

Табела 1: Споредба на традиционалното и модерното банкарство


Традиционално банкарство Модерно банкарство
Ограничен број на производи и услуги: Универзални производи и услуги:
• Кредити • Кредити
• Депозити • Депозити
• Осигурување
• Инвестициско банкарство
• Пензии
• Други финансиски услуги
Извори на приходи: Извори на приходи:
• Каматни приходи • Каматни приходи
• Некаматни приходи
(надоместоци и провизии)
Конкуренција: Конкуренција:
• Ограничена • Висок степен на конкуренција
Стратешки фокус (strategic focus): Стратешки фокус (strategic focus):
• Големина на средства (актива) и • Принос на акционери
раст • Создавање на вредност за
акционери (ROE принос на
сопственички капитал повисок
од трошокот на капиталот)
Фокус кон клиентите (customer focus) Фокус кон клиентите (customer focus)
• Понуда (supply led) • Побарувачка (demand led)

12
• Создавање на вредност за
клиентите
Извор: Barbara Casu et al. (2006), Introduction to banking, Prentice Hall, Financial Times, pp.
50 – 57.

Од Табела 1 може да се заклучи дека банките имаат поширока палета на


производи и услуги кои што се нудат во рамките на модерното банкарство. Исто
така, низ годините банките ги имаат проширено активностите со кои генерираат
приходи. Во денешно време банките не се целосно зависни од каматните приходи,
проширувањето на понудата на производи, туку овозможува и заработка на
некаматни приходи, кои не постоеле во минатото. Може да се види дека разлики
постојат и од аспект на степенот на конкуренција како и од аспект на стратешкиот
фокус кој што го има банката. Интересно е да се напомене дека во минатото
производите и услугите зависеле само од понудата, додека во денешно време,
формирањето на производи и услуги се реализира врз основа на побарувачката.
Ова би значело дека банките прават напори да ги прилагодуваат своите производи
и услуги со цел континуирано задоволување на потребите на клиентите.
Банките се финансиски институции кои извршуваат функции на финансиски
посредници во економијата. Па, така, важноста на банките може да се претстави од
аспект на нивната улога во мобилизирање на слободните средства во економијата
и нивна алокација до дефицитарните субјекти. Покрај улогата на финансиски
посредник, банките реализираат и други основни функции во економијата. Со
извршување на овие функции, банките превземаат одредени ризици во своето
работење кои можат да доведат до пропаѓање на банката. Поради специфичноста
на банкарската индустрија, пропаѓање на една банка може да предизвика негативни
ефекти врз повеќе банки или врз целата банкарска индустрија.
За да се прилагодат на промените и потребите на клиентите, се развиле
различни банкарски модели и се формирале различни видови банки. Различните
модели и банки се разликуваат од аспект на производите и услугите кои што ги
нудат како и клиентите кои што ги опслужуваат.

1.3. Видови банкарски модели

Моделите на работење на банките како и различните видови на банки се


разликуваат од неколку аспекти. Тие се разликуваат врз основа на клиентите кои ги
услужуваат како и видовите на производи и услуги кои што ги нудат во своето
работење (Matthias Kohler, 2014). Различните банкарски модели се развиле со цел
да ги задоволат потребите на различните видови клиенти, преку понуда на
различни видови финансиски производи и услуги. Од аспект на клиентите кои ги
опслужуваат, банките можат да ги нудат своите услуги на пошироката јавност,
односно на домаќинствата и физичките лица или да бидат насочени кон
исполнување на потребите на бизнис секторот. Исто така, банките можат да ги
нудат своите производи и услуги на други банки или големи корпорации. Од аспект
на производите и услугите, банките можат да нудат трансакциски услуги, производи
за штедење, станбени кредити и други видови кредити за домаќинства. Исто така,
банките кои се насочени кон задоволување на потребите на компаниите нудат

13
големи кредити, советодавни услуги, услуги при спојување, и фондови за
управување со средства. Банкарските модели, и самите банки, може да се
разликуваат и од аспект на бројот и видовите на производи и услуги кои што ги
нудат. Врз основа на активностите, производите и клиентите во денешно време,
банките со своето работење можат да бидат категоризирани во повеќе модели, и
тоа:
• Приватно банкарство;
• Банкарство на големо;
• Банкарство на мало;
• Комерцијално банкарство;
• Корпоративно банкарство;
• Инвестициско банкарство.
Ова е основна категоризација на моделите кои што можат да се сретнат во
банкарското работење. Меѓутоа, после дерегулацијата, и проширување на
палетата на производи и услуги кои што е дозволено да ги нудат банките, се
надминува строгата категоризација на моделите на банките. Ова би значело дека,
една банка, во своето работење, може да инкорпорира различни модели.
Основната поделба на моделите во банкарското работење е претставена во
продолжение.
Приватно банкарство е модел на банкарско работење кој нуди
професионално управување со средствата на клиентите. Со цел управување со
средствата на клиентите, приватното банкарство извршува активности за
инвестирање, управување со богатството, финансиско планирање, планирање на
даночните обврски за богати индивидуи и фамилии. Приватното банкарство е
првенствено насочено кон финансиско советување и управување со средствата
(имотот) на клиентите. Како резултат на начинот на функционирање на овој модел
на банкарско работење, приватното банкарство нуди висок степен на
персонализација на услугите кои што се нудат на клиентите. Главните
карактеристики на приватното банкарство се:

• Финансиско планирање и планирање на даночните аспекти;


• Меѓугенерациски фокус (Intergenerational orientation);
• Управување со средствата на поединци;
• Понуда на најдобри и комплетни производи и услуги;
• Воспоставување на личен однос со клиентите.

Клиентите на банките кои работат согласно моделот на приватно банкарство


уживаат најголеми поволности од аспект на понуди на финансиски производи и
услуги.
Банкарство на големо (wholesale banking) се однесува на активностите на
кредитирање и позајмување помеѓу банките и големи институции. Банките кои
работат согласно овој модел, ги извршуваат своите активности со големи клиенти
како што се други банки или небанкарски финансиски институции (на пример,
брокери и дилери). Банкарство на големо нуди услуги на девизниот пазар,

14
финансирање на тековниот капитал, големи трговски трансакции и други видови
услуги. Овој вид на банкарски модел овозможува финансирање на големи износи.
Банкарство на мало (retail banking) се однесува на понуда на банкарски
производи и услуги за индивидуалните клиенти и домаќинства. Банкарството на
мало обезбедува пристап до основните банкарски производи и услуги. Банките кои
работат согласно моделот на банкарство на мало, се фокусирани да бидат блиску
до своите клиенти и да ги задоволат нивните потреби преку понуда на широк
спектар финансиски производи и услуги. Производите и услугите кои што ги нуди
банкарството на мало се: тековни сметки, трансакциски сметки, сметки за штедење,
картички, банкомати, кредити, хипотекарни кредити и други видови потрошувачки
кредити, итн.
Моделот на комерцијално банкарство најчесто се идентификува со
корпоративното банкарство бидејќи нуди производи и услуги за малите и средните
претпријатија. Меѓутоа, може да се каже дека овој модел на банкарско работење ги
нуди своите услуги не само на претпријатија, туку и на домаќинствата и физичките
лица.
Корпоративно банкарство (понекогаш се нарекува и деловно банкарство)
е во основа слично на моделот на банкарство на мало. Главната разлика е што
моделот на корпоративното банкарство најчесто ги нуди истите производи и услуги
на големи клиенти (деловни субјекти). Производите и услугите кои се нудат преку
корпоративното банкарство се однесуваат на управување со средствата,
управување со кредити, кредитирање на деловни активности, финансирање на
извоз, управување и финансирање на комерцијален недвижен имот, итн. Поради
големината на клиентите, и со тоа висината на трансакциите, корпоративното
банкарство најчесто генерира повисоко ниво на приходи споредено со моделот на
банкарство на мало.
Инвестициско банкарство е модел на банкарско работење каде што
банките се специјализирани за помагање на компаниите и владите во процесот на
прибирање на капитал. Инвестициското банкарство учествува во процесот на
емисија и/или продавање на хартиите од вредност издадени од страна на
компаниите или државата. Инвестициското банкарство има функција на посредник
помеѓу издавачите на хартии од вредност (кои имаат потреба од капитал) и
инвеститорите (кои имаат вишок на капитал). Инвестициското банкарство ги нуди
своите производи и услуги на корпоративни клиенти или институции. Некоја
компанија, институција или држава може да има потреба да собера доволно
средства преку задолжување (издавање на обврзници) или продажба на
сопственост (издавање на акции од страна на корпорации или приватни
институции). Во вакви ситуации, инвестициското банкарство може да го води
целиот процес на собирање доволно средства или да се појави во советодавна
улога.
Монобанкарски систем претставува модел на организирање на банкарскиот
систем каде што постои само едно ниво. Со други зборови, во монобанкарскиот
систем функционира само една банка (монобанка) која истовремено извршува
функција на централна банка и комерцијална банка (Maja Dimić and Lidija
Barjaktarović, 2017).

15
Традицонално, банките извршувале активности кои вклучувале прибирање
средства и пласирање кредити во економијата. Меѓутоа, со развојот на
економијата, глобализацијата и технолошкиот развој, банките имале можност и
потреба да ги прошират своите активности. Можностите за понуда на нови
производи и услуги од страна на банката и промена во барањата и потребите на
клиентите, довело до развој на различните видови на банкарски модели кои
постојат. Треба да се напомене дека во денешно време постои испреплетеност на
банкарските модели. Во модерниот банкарски систем, во своето работење, една
банка може да инкорпорира карактеристики од различните модели.

1.4. Видови банки

Постојат различни критериуми според кои можат да се категоризираат


банките. Покрај погоре наведените критериуми, банките може да се разликуваат и
врз основа на производите и услугите кои што ги нудат, изворите на финансирање
на нивните активности, рочноста на кредитните производи (краткорочни,
среднорочни и долгорочни), сопственичката структура и клиентите кои ги
опслужуваат. Во поново време, банките можеме да ги разликуваме и врз основа на
каналите преку кои ги нудат своите производи и услуги. Во денешно време се прави
разлика помеѓу традиционалните банки (brick and mortar) и онлајн банките Врз
основа на своето работење, банките кои ги извршуваат своите активности во
економијата можат да се категоризираат во следните основни видови.
Традиционалната класификација на банките согласно овие критериуми е:
Банките може да бидат во приватна сопственост и во сопственост на
државата – јавните банки се банки кои што се во сопственост на државата, а
приватните банки се целосно во сопственост на приватни физички и правни лица.
Исто така, може да постојат и банки кои имаат мешана сопственичка структура,
односно банката е во сопственост и на приватни субјекти и на државата.
Централна банка или емисиона банка – е банка која е од посебна важност за
финансискиот систем и националната економија поради нејзината улога и функции.
Централната банка преку своите инструменти ја спроведува монетарната
политика. При дефинирањето и имплементирањето на монетарната политика,
централната банка треба да обезбеди економска и финансиска стабилност,
економски раст и развој, одржување на стабилно ниво на цените, стабилност на
домашната валута, итн. Централната банка е одговорна за регулирање на
количеството на пари во оптек и нивото на кредити во економијата. Исто така,
централната банка има улога и како банка над банките, поради различните функции
кои ги извршува.
Специјализирани или грански банки – се банки кои се насочени кон одредена
економска гранка или сектор. Со други зборови, овој вид на банки вршат
кредитирање и соработуваат со одредени сектори или индустрии.
Универзална банка – е банка која во своето работење ги опфаќа трите главни
активности на банките. Може да се каже дека универзалните банки претставуваат
финансиски супермаркети, бидејќи една банка нуди најразлични производи и услуги
на своите клиенти. Имено, универзалната банка реализира активности поврзани со
банкарство на големо, банкарство на мало и инвестициско банкарство. Овој вид

16
банки нудат широка палета производи на своите клиенти и на тој начин можат да
постигнат синергетски ефект. Предности кои произлегуваат од универзалното
банкарство се:

• Зголемен степен на диверзификација и профитабилност;


• Подобра искористеност на ресурсите;
• Искористување на брендот на банката;
• Зголемување на придобивките од постоечките клиенти (customer
leverage);
• Понудата на широка палета производи ги намалува трансакциските
трошоци;
• Диверзификација на профитот преку зголемување на изворите кои
генерираат профит за банката;
• Олеснување на стратегијата за маркетинг.

Недостатоци на универзалните банки се:

• Поради понудата на различни видови финансиски производи и услуги


банките мора да исполнуваат различна правила и различна законска
регулатива. Поради постоењето на различната законска регулатива за
различни видови финансиски производи (кредити, инвестициски
фондови, осигурување, итн.) банките се соочуваат со тешкотии;
• Ефектите кои произлегуваат од пропаѓање на банкарскиот систем како
последица од големината на универзалните банки. Имено, универзалното
банкарство се реализира од страна на банки кои можат да бидат
значително големи. Пропаѓањето на некоја од големите банки може да
има негативен ефект врз целокупниот банкарски систем како и самата
економија и да доведе до губење на довербата во банкарскиот систем;
• Поради својата големина, некои универзални банки може да добијат
монополска позиција на пазарот. Монополската позиција која што може
да ја има некоја голема банка може да создаде негативни ефекти за
другите банки и јавноста, како и за економскиот раст.

Развојна банка – преставува банка која е насочена кон исполнување на


различни цели со кои би се стимулирал локалниот, регионалниот или националниот
развој. Развојните банки се финансиски институции кои нудат различни форми на
финансиска поддршка на среден и долг рок. Финансиската поддршка е наменета за
деловни субјекти во форма на заеми, гаранции, инвестиции и промотивни
активности за економски и индустриски развој. Поважни карактеристики на
развојните банки се:

• Не се финансираат преку привлекување на депозити од пошироката


јавност, како што е случајот со комерцијалните банки;
• Специјализирани финансиски институции кои нудат кредитни
производи на среден и долг рок;

17
• Овозможуваат финансиска поддршка за приватниот и државниот
сектор;
• Реализираат среднорочно и долгорочно финансирање на деловните
субјекти;
• Имаат улога во пополнување на јазот за финансиски средства;
• Примарна цел им е да го помогнат економскиот раст преку
промовирање на инвестициска активност и поддршка на
претприемачка активност;
• Развојните банки се насочени кон служење на јавните интереси, а не
кон остварување профит;
• Традиционалните канали за финансирање не се директни конкуренти
на развојните банки.

Во своето работење развојните банки треба да исполнат различни цели.


Една од тие цели е креирањето на работни места, односно намалување на
невработеноста. Исто така, развојните банки може да бидат насочени кон
зголемување на извозниот потенцијал на една економија. Други цели на овој вид
банки можат да бидат промовирање на индустрискиот раст како и поддршка за
употреба, модернизирање и унапредување на технологијата во економијата.
Развојните банки преку своите активности може да бидат насочени и кон
овозможување поддршка за самовработување. Намалување или елиминирање на
нееднаквост во регионалниот развој може да биде уште една цел која што
развојните банки треба да ја исполнат.
Инвестициски банки – им помагаат на деловните субјекти со активности
поврзани со финансиските пазари. Кога некоја компанија сака да издаде хартии од
вредност на берза, инвестициските банки реализираат активности поврзани со
јавната котација, односно, продавање на хартиите од вредност (акции, обврзници,
итн.) на компанијата. Исто така, инвестициските банки можат да го водат процесот
на емисија и продажба на државните хартии од вредност. Основните приходи на
инвестициските банки потекнуваат од провизии кои ги наплаќаат за своите услуги.
Може да се каже дека инвестициските банки претставуваат врска помеѓу
компаниите и потенцијалните инвеститори.
Онлајн банки – се банки кои ги нудат своите производи и услуги целосно
онлајн. Овој вид на банки нема развиена мрежа на филијали и експозитури поради
што клиентите ги користат производи и услугите преку употреба на Интернетот.
Поради немањето физички филијали и експозитури, онлајн банките имаат подобра
ефикасност во управувањето со трошоците (на пример, фиксни трошоци). Поради
пониското ниво на трошоци, онлајн банките можат да понудат повисок надоместок
на штедачите, или да наплаќаат пониски провизии споредено со традиционалните
банки кои имаат физички локации.
Покрај банките како составен дел од финансиските пазари, постојат и други
финансиски институции кои се дел од финансиските пазари. Овие небанкарски
финансиски институции претставуваат конкуренција на банкарската индустрија во
понудата на финансиски производи и услуги. Поважни небанкарски финансиски
институции се:

18
Кредитни унии – имаат слични карактеристики како и банките, односно,
прибираат депозити и издаваат кредити. Меѓутоа разликата помеѓу банките и
кредитните унии е во тоа што кредитните унии се непрофитни организации. За
разлика од банките, кредитните унии се во сопственост на клиентите, односно
корисниците на нивните производи и услуги. Бидејќи кредитните здруженија се во
сопственост на корисниците, тие можат да понудат пониски каматни стапки на
кредити како и подобри каматни стапки за депозитите.
Здруженија за заштеди и кредити (savings and loans) – се финансиски
институции кои нудат исти или слични финансиски производи како и банките.
Здруженијата за заштеди и кредити нудат услуги за штедење (депозити), кредити,
хипотекарни кредити, чекови и дебитни картички. Меѓутоа, даваат посебна важност
при понуда на станбени кредити. Овие здруженија можат да бидат во сопственост
на самите штедачи и кредитокорисници.
Штедилници – се депозитни финансиски институции кои вршат кредитирање
и прибираат депозити. Своите финансиски услуги и производи штедилниците ги
нудат на населението, бидејќи во најголем степен работат со население.
Наведените модели во банкарското работење како и видовите на банки се
основните поделби според кои може да се класифицираат банките. Меѓутоа, во
денешните банкарски системи, многу често може да се сретнат отстапувања од
традиционалната поделба на банките. Па, така, доколку се разгледуваат банките
од аспект на производи, клиенти и извори на финансирање, може да се сретне
испреплетување на активностите кои ги извршуваат банките. Поточно кажано, во
денешниот банкарски систем, една банка, во своето работење, може да ги
опслужува домаќинствата и корпоративниот сектор, и истовремено да реализира
активности во рамките на инвестициското банкарство.

1.5. Функции на банките

Покрај основните функции, кои беа наведени, банкарската индустрија зазема


посебно место во секоја економија и поради останатите функции кои ги извршува.
Банките со своето работење имаат задача да реализираат различни функции кои
помагаат за развојот на економијата, како и функции со кои се зголемува
достапноста на финансиски средства. Исто така, банките овозможуваат лесно и
брзо движење на капиталот во домашната економија и надвор од економијата.
Покрај основните функции, функциите кои ги извршуваат банките можат да
се поделат во две основни категории, односно, примарни и секундарни функции.
Примарните функции се поврзани со главните активности кои ги реализираат
банките во своето работење. Примарни функции кои ги извршуваат банките како
финансиски посредници во економијата се:

• Прибирање на депозити и средства и


• Одобрување кредити.

Прибирање на депозити е една од основните функции на банките во


економијата. Банките ги мобилизираат слободните средства од пошироката
јавност. Исто така, банките плаќаат одреден надомест на штедачите за одредени

19
видови депозити. Со плаќањето на камата, банката дополнително го стимулира
штедењето во економијата и привлекувањето на слободните средства.
Пласирањето на кредити e уште една основна функција која ја извршуваат
банките. Пласирањето на кредити на економските субјекти се врши со повисока
каматна стапка (споредено со камата која банката ја плаќа на депозитите).
Висината на каматната стапка на кредити која ја наплаќа банката зависи од повеќе
фактори. Разликата помеѓу каматната стапка која банката ја плаќа на штедачите
(пасивна каматна стапка) и каматната стапка која ја наплаќа на кредитите (активна
каматна стапка) е главниот извор на приходи за банката. Банките ја реализираат
функцијата на кредитирање преку издавање на кредити со различна рочност.

Секундарни функции на банките се:

• Издавање на гаранции – банкарска гаранција е инструмент (производ) на


банките и со овој инструмент банката дава сигурност (гарантира) дека
нејзиниот клиент ќе ги исполни своите обврски согласно договорените услови
со трети страни. Со други зборови, банката преку издавање на гаранција
потврдува дека ќе ја исплати обврската (долгот) на својот клиент во случај
кога клиентот нема да ја плати својата обврска кон трето лице;
• Издавање на акредитиви – акредитивот претставува обврска за банката
издавач кон корисникот на акредитивот. Акредитивот, односно обврската, се
реализира врз основа на барање и инструкции дадени од страна на клиентот
(налогодавачот) на банката. Врз основа на акредитивот, банката има обврска
да плати по видување договорена сума на пари или плаќањето да го изврши
на иден датум, согласно условите на акредитивот;
• Функција на агент – е функција каде што банките се агенти за своите клиенти
и соодветно извршуваат бројни активности за нивните клиенти. Во рамките
на функцијата на агент за своите клиенти банките можат да: реализираат
трансфер на пари, да прават наплата на чекови, периодична исплата,
управување со портфолио, наплата на сметки, итн.;
• Останати функции – во своето работење банките можат да извршуваат и
бројни други функции. Така, на пример, банките можат да извршуваат општи
функции за издавање на сефови, оценка на бонитет, издавање на хартии од
вредност, извршување на работи на девизниот пазар, итн.;
• Лизинг – каде што банките можат да финансираат одреден движен или
недвижен имот преку издавање на имотот (кој е во сопственост на банката)
на некоја компанија.

Од горенаведените функции можат да се дефинираат и целите на секоја


банка. Имено, банките имаат за цел да го максимизираат профитот преку
спроведување на своите функции како финансиски посредник. Исто така, целта на
банките е да го прибираат вишокот на слободни средства во економијата и за овие
средства плаќаат пониска каматна стапка споредено со цената која ја наплаќаат на
кредити кои ги пласираат. Банките ја стимулираат желбата за штедење во
економијата, со што слободните парични средства не се чуваат „под перница“.
Банките имаат цел да го помогнат процесот на креирање на пари во економијата и

20
со тоа да влијаат на понудата и побарувачката на средства. Друга цел на банките
е да ја одржуваат економската стабилност преку контрола на пазарот на пари.
Со развојот на банкарската индустрија и банкарските модели, банките
започнуваат со реализирање и на други функции. Останатите функции кои ги
реализираат банките имаат позитивно влијание за економијата како и за самите
клиенти. На пример, банките може да се јават во улога на агент каде што би можеле
да наплаќаат пари за своите клиенти или пак да исплаќаат пари. Проширувањето
на функциите кои ги извршуваат банките, соодветно придонело и за проширување
на палетата на производи и услуги кои ги нудат банките. Со зголемување на бројот
на производи и услуги банките имаат можности да ги прошират и изворите на
приходи кои постојат во работењето.

1.6. Принципи на банкарското работење

Активностите кои ги извршуваат банките во своето работење се проследени


со одредени ризици поради карактеристиките на банкарските производи и услуги.
Па, така, со цел успешно да се справат со ризиците и да бидат конкурентни на
пазарот, банките имаат воспоставено неколку принципи. Почитувањето на овие
принципи од страна на банките може да доведе до ефикасно работење на банките
и раст и развој на самите банки. Притоа, под почитување на принципите се
подразбира дека банките ќе ги почитуваат сите принципи поединечно и заедно
поради нивната меѓусебна поврзаност. Принципите кои треба да ги исполнат
банките во своето работење се прикажани во продолжение.

Принцип на ликвидност
Принципот на ликвидност е од посебна важност за банките, поради начинот
на кој тие прибираат средства за финансирање на нивното работење. Принципот
на ликвидност се однесува на способноста на банката да го конвертира својот имот
во готовина во краток временски период, без при тоа да настане загуба.

Принцип на сигурност
Според Принципот на сигурност банката треба да обезбеди пласирање на
средствата на клиентите кои можат навремено да ги отплаќаат своите обврски по
основа на главница и камата. Банката треба да има воспоставено техники и методи
со кои би биле во можност да идентификуваат клиенти кои во иднина може да
претставуваат проблем за работењето на банката, односно отплаќање на кредитот.

Принцип на профитабилност
Принципот на профитабилност е принципот поради кој банките ги пласираат
своите средства во форма на кредити и инвестиции во економијата. Имено, во
своето работење банките треба да бидат во можност да остварат соодветно ниво
на профит. Со цел остварување на профит, банките треба да ги пласираат своите
средства во форма на кредити и да ги инвестираат во различни инструменти кои
би обезбедиле сигурен принос за вложените средства.

Принцип на транспарентност

21
Банките имаат важна улога во економијата, развојот на банкарскиот систем
може да придонесе за развој на економијата и подобрување на стандардите.
Меѓутоа, важноста на банките може да се согледа и од аспект на негативните
последици кои би произлегле во случај на пропаѓање на една или повеќе банки.
Како резултат на нивната улога во економијата, банките треба да се придржуваат
кон Принципот на транспарентност. Принципот на транспарентност подразбира
дека банките се во можност да обезбедат соодветно ниво на информации и
податоци за нивното работење на јавноста. Преку различни извештаи, банките
треба да ја информираат јавноста за: акционерите на банката, составот на
одборите на банката, активностите кои ги реализира банката и начинот на кои се
пласираат средствата (Simone Dettling et al., 2018).

Принципот на солвентност
Принципот на солвентност се однесува на финансиската способност на
банката да ги покрие долгорочните обврски. За да може да се справи со
конкуренцијата, секоја банка треба да одржува одредено ниво на капитал.
Принципот на солвентност до одреден степен го претставува долгорочниот аспект
на Принципот на ликвидност. Банката станува несолвентна кога обврските ќе го
надминат нивото на активата.

Принцип на ажурност во работењето


Според Принципот на ажурност во работењето, банката треба навремено да
врши евиденција и ажурирање на економските промените во работењето. Ова
подразбира дека банката треба да ги заведува своите активности кога ќе се случи
промената (на пример, во сметководство да се заведат промените истиот ден кога
настанале).
Секоја банка треба да се придржува кон принципите на банкарското
работење, и истите да ги имплементира како составен дел во секојдневните
активности. Принципите имаат за цел да го подобрат работењето на банките и да
ја намалат можноста за појава на проблеми во работењето на некоја банка.

1.7. Активни и пасивни банкарски работи

Со цел да се разбере функционирањето на банките како финансиски


институции, потребно е да се разбере начинот на кој се поделени банкарските
работи. Поделбата на банкарските работи е важна бидејќи истата дава увид во
поделбата на активностите кои постојат во банкарското работење. Така, на пример,
активностите кои ги реализира банката можат да се претстават преку тоа каде се
заведуваат во Билансот на состојба. Со други зборови, може да постојат банкарски
работи кои се дел од активата или банкарски работи кои се дел од пасивата.
Активните банкарски работи ги земаат предвид активностите кои ги
реализира банката со средствата кои ги има мобилизирано. Под активни банкарски
работи се подразбираат активностите на кредитирање на домаќинствата и
правните лица како и инвестициските активности. Преку активните банкарски
работи банката се јавува во улога на доверител. Со реализирање на своите активни
банкарски работи, банката заработува одреден приход. Приходот кој го заработува

22
банката е всушност разликата во висината на каматните стапки. Со други зборови,
приходот на банката е разликата помеѓу пасивна каматна стапка која банката ја
плаќа за прибраните средства и активната камата која банката ја наплаќа од
кредитокорисниците. Приходите генерирани преку активните банкарски работи се
најважниот извор на приходи во банкарското работење. Активните банкарски
работи, како и останатите видови на банкарски работи, можат да се класифицираат
врз основа на нивното времетраење. Па, така, можат да се разликуваат активни
краткорочни банкарски работи и активни долгорочни банкарски работи. Активните
краткорочни банкарски работи се карактеризираат со пласирање на краткорочни
кредити. Поважни активни краткорочни работи кои ги извршува банката се
однесуваат на некои видови краткорочни кредити како што се: ломбардни кредити,
рамбурсни кредити, контокорентни кредити, авални кредити, винкулациони
кредити, итн.
Активните долгорочни работи во банкарското работење ги земаат предвид
активностите за пласирање на кредити со подолг рок на доспевање. Некои од
основните производи кои ги нудат банките во рамките на своите активни
долгорочни работи се: хипотекарни кредити, станбени кредити, кредити за
изградба, кредити за инвестирање, итн.
Пасивните банкарски работи ги земаат предвид активностите кои ги
реализираат банките со цел прибирање на парични средства. Преку пасивните
банкарски работи банките го формираат својот капитал, кој се користи за
реализирање на активните банкарски работи. Зависно од изворот на средствата,
кај пасивните банкарски работи можеме да разликуваме депозитни или
недепозитни активности за прибирање на средства. Основните активности во
рамките на пасивните банкарски работи кои ги реализира банката за прибирање на
парични средства се:
- Депозитни активности;
- Емисија на хартии од вредност;
- Задржана добивка и резерви;
- Кредити од други финансиски институции и правни субјекти и централна
банка.
Со реализирањето на пасивните банкарски работи банките ја имаат улогата
на должник. Целта на пасивните банкарски работи е да се мобилизира соодветно
ниво на капитал со кој банката би била способна да ги спроведува своите активни
банкарски работи. Овие средства воедно претставуваат долг за банката, бидејќи
банката има обврски да ги отплати акумулираните средства. Исто како и кај
активните банкарски работи, и кај пасивните банкарска работи постојат две основни
категории. Двете категории се пасивни краткорочни банкарски работи и пасивни
долгорочни банкарски работи. Пасивните краткорочни банкарски работи ги земаат
предвид активностите за привлекување на средства на краток временски период.
Некои од поважните пасивни краткорочни банкарски работи се: работење со
краткорочни депозити, подигнувањето на кредит на краток рок, кредити од други
банки, итн. Долгорочните пасивни банкарски работи ги земаат предвид
активностите преку кои банката привлекува долгорочен капитал. Некои од

23
основните пасивни долгорочни банкарски работи се: орочените депозити, емисија
на долгорочни обврзници, средства од фондови, емисија на акции, итн.
Неутралните банкарски работи се однесуваат на активности кои ги
реализира банката каде што банката не се јавува ниту како доверител ниту како
должник. Во рамките на неутралните банкарски работи банката нуди услуги на
своите клиенти за одреден надоместок, односно провизија. Со понуда на услуги кои
припаѓаат на категоријата на неутрални банкарски работи, банките се јавуваат во
улога на посредник. Банките ги извршуваат активностите во свое име, но за туѓа
сметка. Некои од поважните неутрални банкарски работи се: издавање на кредитни
гаранции, акредитиви, купување и продавање на хартии од вредност, управување
со средствата на клиентите, лизинг, итн.
Работите кои што ги извршуваат банките можат да се поделат во неколку
категории, врз основа на промените кои би настанале во Билансот на состојба на
банките. Така, на пример, процесот на кредитирање на банките се заведува во
делот на активата, додека процесот во кој банките се задолжуваат и прибираат
средства се заведува на страната на пасивата во Билансот на состојба. Покрај овие
работи, банките исто така реализираат и работи за кои банката наплаќа провизии
и надоместоци.

1.8. Извори на средства и извори на приходи во банкарското работење

Со цел подобро разбирање на начинот на функционирање на банките и


нивото работење, потребно е да се претстават различните извори кои ги имаат
банките на располагање за финансирање на нивните активности. Покрај изворите
за финансирање, исто така, од посебна важност е да се разберат и изворите на
приходи во банкарското работење.
Како и во секоја друга индустрија, така и во банкарската индустрија постои
производ кој го набавуваат банките и за кој што плаќаат одредена цена (имаат
трошок) и производ кој го продаваат банките и наплаќаат соодветна цена. Во
банкарското работење производот кој го набавуваат и нудат банките се паричните
средства. Како и во секоја друга индустрија, и во банкарската индустрија се
заработува на разликата помеѓу набавната цена и продажната цена на производот
кој се нуди. Кај банките трошокот за набавка е претставен преку пасивните каматни
стапки, додека продажната цена е претставена преку активните каматни стапки.
За да можат да се извршуваат банкарските работи, банките најпрво треба да
бидат во можност да приберат доволно средства кои понатаму би ги продавале,
односно ќе ги пласираат во форма на кредити до своите клиенти. За таа цел, се
наметнува потребата за идентификување на основните извори преку кои банките
можат да дојдат до слободни парични средства.
1.8.1. Извор на средства во банкарското работење

Со цел реализирање на своите активности, банките имаат потреба од


прибирање на соодветно ниво на средства. Банката може да ги задоволи своите
потреби за капитал преку користење на сопствени средства, преку задолжување
или преку емисија на акции.

24
Во своето работење банката генерира одредено ниво на профит кој, доколку
не се распредели помеѓу сопствениците (акционерите) останува во форма на
задржана добивка во банката. Банката понатаму може да ја користи задржаната
добивка за финансирање на своите активности, односно за кредитирање и
инвестирање.
Друг извор на прибирање на капитал кој го имаат на располагање банките е
емисија на хартии од вредност. Притоа, со емисија на хартии од вредност банката
може да прибере капитал или преку продажба на сопственост во банката или преку
задолжување.
Сопственички капитал е вид на извор на финансирање каде што банката
прибира средства преку продажба на хартии од вредност, или поточно преку
продажба на акции. Со продажба на акции, банката продава дел од сопственоста,
и од таа причина овој извор на финансирање не е помеѓу посакуваните извори за
финансирање. Меѓутоа, од финансиски аспект, овој извор може да има помал
трошок за финансирање на активностите на банката споредено со емисијата на
обврзници.
Банката, исто така, како извор на финансирање ја има на располагање и
можноста за задолжување. Притоа, банката може да прибере средства во форма
на депозити од домаќинствата и корпоративниот сектор, може да се задолжи преку
емисија на обврзници или да позајми средства од централната банка.
Депозитите претставуваат најважен извор за средства на банките. Ова се
пари кои што клиентите ги чуваат кај банките. Банката плаќа одредена каматна
стапка на клиентите кои чуваат депозити во самата банка. Треба да се напомене
дека депозитите кои што ги има банката може да бидат со различна рочност. Исто
така, треба да се има предвид дека кај овој извор на финансирање банката има
трошок, и овој трошок е повисок доколку рочноста на депозитите е подолга. Ова би
значело дека банките може да плаќаат повисоки каматни стапки на депозити кои
имаат подолга рочност.
Емисија на обврзници е уште еден извор за финансирање, преку
задолжување, кој е на располагање на банките и вклучува продажба на хартии од
вредност. Разликата помеѓу овој извор и продажбата на акции е во тоа што со
издавање на обврзници банката не продава дел од сопственоста, туку позајмува
пари од финансиските пазари, односно од инвеститори. Бидејќи обврзницата е
должнички инструмент, банката има обврска да ги врати овие средства на
инвеститорите. Банката плаќа одреден принос на инвеститорите кои одлучиле да
купат обврзници. Висината на приносот кој го плаќа банката зависи од повеќе
фактори, меѓу кои и рејтингот и ризичноста на самата банка.
Поради својата улога на кредитор во крајна инстанца, централната банка е
уште еден извор за финансирање кој го имаат на располагање банките. Имено, кога
банката се соочува со краткорочни ликвидносни проблеми, може да позајми
средства од централната банка.
Изборот на извор на финансирање е од посебна важност за банката бидејќи
различни извори се проследени со различно ниво на трошоци. Секако, депозитите
се еден од најважните извори со кои банките ги финансираат активностите за
пласирање на кредити во економијата. Покрај различните извори на финансирање,
банката исто така има и различни извори преку кои остварува профит.

25
1.8.2. Извор на приходи во банкарското работење

Во минатото, извор на приходи во банкарското работење била каматната


разлика, односно разликата помеѓу активната и пасивната каматна стапка. Меѓутоа,
развојот на банкарската индустрија и проширување на функциите на банките,
понудило можност за проширување на изворите на приходи за банките. Во време
на модерно банкарство, приходите кои ги генерираат банките во своето работење
можат да бидат поделени во две основни категории, и тоа: каматни приходи и
некаматни приходи (Robert De Young and Tara Rice, 2004). Каматните приходи се
основните приходи кои традиционално ги генерира банката во своето работење.
Меѓутоа, во поново време, со проширување на спектарот на банкарските работи,
банките имаат можност да генерираат некаматни приходи. Овие приходи банката
ги заработува, пред сè, во форма на различни провизии кои се наплаќаат за
различни видови на услуги.
Каматните приходи банката ги генерира преку издавањето кредити на своите
клиенти. Кредитокорисникот треба да ѝ плати на банката одредена камата како
компензација за користење на средствата на банката. Каматната стапка која што ја
плаќа кредитокорисникот е всушност приход за банката. Разликата помеѓу
активната каматна стапка и пасивната каматна стапка ни го претставува каматниот
распон на банката. Па, така, каматниот распон е всушност каматниот приход на
банката.
Дерегулацијата и проширувањето на производите и услугите кои што ги нуди
банката, создале можности за банкарската индустрија да ги диверзифицира
изворите на приходи. Во модерното банкарство, банките не се целосно зависни од
каматните приходи. Важноста на некаматните приходи како составен дел од
вкупните приходи во банкарското работење значително е зголемена.

1.9. Улогата на банките во економијата

Банките го преставуваат крвотокот на економијата, посебно во банкарски


ориентираните пазари. Банките имаат важна улога во финансиските аспекти
на деловните субјекти поради функциите кои што ги извршуваат во
економијата. Банкарските активности го помагаат процесот на производство,
размена на добра и услуги и одржување на ликвидноста во економијата.
Банките претставуваат важен дел од економијата бидејќи имаат значителен
придонес во нејзиниот развој преку креирањето и поддршката на деловните
активности. До сега е евидентно дека банките ги поддржуваат инвестициските
активности на претпријатијата и потрошувачката во една економија преку своето
работење на неколку начини, и тоа:
Обезбедува кредити – Општо познато е дека пристапот до слободни
финансиски средства е потребен во секоја економија. Со извршување на своите
функции, банките обезбедуваат кредитирање на економските субјекти и на
домаќинствата. Преку достапноста на кредити, компаниите се во состојба да
инвестираат во сопствениот развој далеку повеќе средства од тие што ги имаат во

26
готовина. Исто така, благодарение на кредитите, домаќинствата имаат можност да
купуваат недвижен и движен имот, без притоа да имаат потреба од штедење на
целата сума однапред. Исто така, државата, има можност да позајми средства од
банкарскиот сектор за да ги финансира своите активности;
Обезбедување на ликвидност – Субјектите во економијата може да се соочат
со потребата за парични средства. Од таа причина, може да се каже дека банките,
со понудата на своите прозиводи за штедење и кредитирање овозможуваат
зголемување на степенот на ликвидност во економијата;
Ефикасно искористување на средства во економијата – Се овозможува
бидејќи економските субјекти, наместо да ги чуваат парите „под перница“, тие ги
чуваат истите во банкарскиот сектор во форма на депозити по видување или
орочени депозити. Чувањето пари „под перница“влијае негативно врз нивото на
слободни парични средства и со тоа може да го ограничи развојот на економијата.
Треба да се има предвид дека чувањето пари под перница не обезбедува
соодветна заработка за сопствениците на паричните средства. Ова би
претставувало загубена заработка за субјекти кои имаат вишок на пари. Од таа
причина, бидејќи парите (заштедите) се чуваат и акумулираат во банкарскиот
сектор, банките можат да ги финансираат активностите на деловните субјекти во
економијата, и притоа штедачите да остварат соодветна заработка;
Трансфер на пари – Преку можноста за трансфер на пари се зајакнуваат
активностите поврзани со тргување во економијата и тргување надвор од
границите на домашната економија. Со други зборови, банките овозможуваат
извршување на деловни трансакции (уплати и исплати) со користење на чекови, и
други неготовински инструменти за плаќање.
Важноста на банките за една економија може да се гледа и од аспект на
улогите кои ги извршуваат банките, односно улогата која ја има банкарскиот
систем. Банките го помагаат процесот на формирање на капитал преку примање
на депозити од домаќинствата и деловните субјекти. Овие депозити банката
понатаму ги пласира во форма на кредити кои се достапни за деловните субјекти,
Деловните субјекти ги користат кредитите за продуктивни цели. Така, може да се
каже дека банките нудат финансиски ресурси кои се од посебна важност за
постигнување на економски раст и развој.
Банките го олеснуваат пристапот до капитал за компаниите. Компаниите,
односно нивните сопственици и менаџери, можеби сакаат да избегнат инвестирање
на сопствените средства во ризични инвестиции. Па, така, потребата или желбата
за инвестирање во нови производствени капацитети или нови бизниси се
задоволува со долгорочни кредити кои ги нудат банките. Исто така, развојот на
банкарските производи овозможува зајакнување на внатрешната и надворешната
трговија.
Важноста на банкарскиот систем може да се гледа и од аспект на можноста
која ја нудат банките за балансиран развој на различни региони. Банките
овозможуваат трансфер на средствата од региони кои имаат суфицит на слободни
парични средства кон региони кои имаат дефицит на слободни средства. На овој
начин, деловните субјекти кои работат во дефицитарните региони имаат пристап
до потребниот капитал за финансирање на деловните активности. Ваквата улога на

27
банките во економијата дава можности за зголемување на инвестициите, трговијата
и производството и еднаков развој на различните региони во една економија;
Влијание на економската активност – Банките имаат големо влијание врз
економските активности преку достапноста на кредити и цената на кредитните
прозиводи. Имено, банките можат да ја зголемат количината на пари во пари во
оптек преку зголемувањето на кредити или преку намалување на каматната стапка.
Ваквите активности на банките имаат директно влијание врз економскиот развој.
Ниската каматна стапка може да стимулира инвестициски активности, додека
зголеменото кредитирање ја зголемува агрегатната побарувачка, кое што
зголемување води до зголемено производство. Во рамките на претходното треба
да се каже и дека банките имаат улога во одржувањето на стабилно ниво на
инфлација. Банките во економијата се сметаат за продолжена рака на
централната банка за остварување на целите на монетарната политика.
Централната банка има можност да ја имплементира својата монетарна
кредитна политика преку комерцијалните банките во економијата и да влијае
на паричната маса, односно парите во оптек.
Преку понуда на прозиводи за штедење банките го стимулираат
прибирањето на слободни парични средства кои понатаму се насочени кон
продуктивни цели. На овој начин банките го чуваат и алоцираат ликвидниот
капитал во еконоијата.
Може да се заклучи дека банкарската индустрија има посебна важност за
растот и развојот на економијата. Банките овозможуваат ефикасно прибирање на
средствата во економијата и нивно насочување на собраните средства кон субјекти
и области кои имаат ограничени финансиски ресуриси. На овој начин се
овозможува пристап до парични средства потребни за реализирање на
потршувачка или реализирање на инвестициски активности. Банките, исто така,
имаа и бројни други улоги преку кои може да се согледа нивната важност за една
економија.

1.10. Банкарство во сенка

Терминот Банкарство во сенка станува популарен после финансиската криза


која настана во 2007/08 година. Со терминот „банкарство во сенка“ се
претставуваат финансиските активности кои се реализираат надвор од
официјалниот банкарски систем, односно надвор од формалниот финансиски
систем. Со други зборови, системот на банкарство во сенка е составен од сите
субјекти и активности кои нудат финансиски производи и услуги слични на
производите и услугите кои ги нудат банките во формалниот банкарски сектор
(Zoltan Pozsar et al., 2013). Според Одборот за финансиска стабилност (Financial
Stability Board – FSB) банкарството во сенка може да се дефинира како систем каде
што се реализира посредување за финансиски производи и услуги од страна на
субјекти кои своите активности не ги извршуваат во рамките на официјалниот
банкарски систем.
Во поширока смисла, Одборот за финансиска стабилност (2013) го дефинира
банкарството во сенка како систем каде што финансиските институции кои
извршуваат активности на финансиско посредување, односно прибирање на

28
средства од штедачите и пласирање на истите во форма на кредити. Аспектите на
финансиско посредува кои се земаат предвид се:

• Рочна трансформација – односно прибирање на краткорочни финансиски


средства и нивно пласирање во долгорочни кредити (побарувања);
• Трансформација на ликвидноста – каде што со неликвиден имот се
конвертира во ликвидни средства;
• Левериџ (leverage) – со кое се подразбира процес на позајмување средства
за купување на имот со цел зголемување на потенцијалната добивка (или
загуба) на некоја инвестиција;
• Трансфер на кредитниот ризик – ризикот од неподмирување на кредитните
обврски се пренесува од издавачот на кредитот на трети страни.

Постојат неколку основни разлики помеѓу системот на банкарство во сенка и


формалниот банкарски систем. Формалниот банкарски систем подлежи на строги
правила и процедури како и строга законска регулатива. Исто така, банките кои
работат во рамките на формалниот банкарски сектор имаат обврска да одржуваат
одредени нивоа на резерви како заштита од можни загуби кои би настанале во
нивното работење. Како последица на ова, формалниот сектор се соочува со
повисок трошок кој влијае на профитабилноста на банките.
Од друга страна, институциите кои реализираат активности во рамките на
системот на банкарство во сенка не треба да ги исполнуваат правилата и
процедурите бидејќи функционираат надвор од формалниот банкарски сектор.
Поради непостоење на обврска за исполнување на законската регулатива,
институциите кои работат во системот на банкарство во сенка не се соочени со
трошоци за исполнување на законската регулатива.
Од друга страна, формалниот банкарски систем има директна заштита од
Централната банка која има улога на кредитор во крајна инстанца. Ова значи дека
во ситуации кога некоја банка се соочува со ликвидносни проблеми, истата може
да позајми средства од централната банка. Финансиските институции кои се дел од
банкарството во сенка немаат институција која би ја имала улогата за кредитор во
крајна инстанца. Друга поважна разлика помеѓу двата системи се однесува на
заштитата на штедачите. Имено, во формалниот банкарски систем постои
одредено ниво за заштита на сигурноста на депозитите на штедачите преку
воспоставување на различни методи за заштита на депозити. За разлика од
традиционалното банкарство, банкарството во сенка не нуди заштита на
депозитите на штедачите.

29
1.11. Прашања за дискусија:

1. Доколку не постојат банки во една економија, од каде би позајмиле средства


за финансирање на вашите активности?
2. Што би правеле со вашите заштеди доколку не постојат банките?
3. Зошто банките се јавуваат како финансиски посредници во економијата?
4. Објаснете ги основните функции кои ги извршуваат банките во економија;
5. Објаснете ги причините поради кои пропаѓањето на една банка може да
предизвика системски последици;
6. Кои се разликите помеѓу традиционалното банкарство и модерното
банкарство?
7. Објаснете ги основните банкарски модели;
8. Кои видови на банки постојат од аспект на видовите на производи и услуги
кои што ги нудат?
9. Објаснете ги предностите и недостатоците кои произлегуваат од
универзалното банкарство;
10. Кои се примарните функции кои што ги извршуваат банките во економијата?
11. Кои се секундарните функции кои што ги извршуваат банките во
економијата?
12. Објаснете ги принципите на банкарско работење;
13. Објаснете ги активните банкарски работи;
14. Објаснете ги пасивните банкарски работи;
15. Кои се изворите на средства во банкарското работење?
16. Кои се изворите на приходи во банкарското работење?
17. Дали мислите дека треба да постојат банки во една економија?
18. Која е улогата на банките во економијата?
19. Објаснете што се подразбира под банкарство во сенка;
20. Како банките придонесуваат за развој на економијата?
21. Зошто пропаѓање на некоја банка може да предизвика проблеми во една
економија?

30
2. Улога и функции на централната банка

2.1. Цели на изучување

Банкарската индустрија има своја специфичност и, секако, ризикот е


составен дел во работењето на банките. Поради ова, несоодветното работење на
банките може да има негативни последици во економијата. За да се ограничат
последиците кои може да произлезат од несоодветно работење на банкарските
институции и потребата од институција која би ја водела монетарната политика,
формирана е централната банка. Централната банка има задача да го поддржи
економскиот раст и развој и да врши надзор во работењето на банките.
Централната банка реализира бројни функции кои се во насока на одржување на
стабилен финансиски систем и стабилност во економијата.

Целите на изучување во ова поглавје се:

• Да се разбере улогата и важноста на централната банка;

• Да се разберат целите на централната банка;

• Да се разберат различните функции кои ги извршува централната банка


во економијата;

• Да се разбере улогата на централната банка при спроведување на


монетарната политика;

• Да се разберат различните инструменти кои што ги има на располагање


централната банка за остварување на своите цели и имплементирање на
монетарната политика;

• Да се разберат формите на независност на централната банка;

• Да се разберат аргументите за постоење на независна централна банка;

• Да се разберат причините поради кои централната банка не треба да биде


независна од државата.

31
2.2. Поим и дефиниција за централна банка

Централната банка претставува институција која има големо влијание во


една економија поради улогите и функциите кои ги извршува. За таа цел, се
наметнува потребата за дефинирање на централната банка и разбирање на
нејзините улоги и функции. Централната банка може да се дефинира како
независна институција која е одговорна за креирање и спроведување на
монетарната политика, регулирање на банкарскиот сектор и институција која има
влијание врз економскиот раст и развој (Merter Akıncı et al., 2015). Исто така,
централната банка може да се дефинира и како институција која има контрола врз
дистрибуцијата на пари и кредити во економијата (Michael D. Bordo, 2007).
Централната банка може да се гледа и како институција за спроведување на
политика чии примарни цели се одржување на монетарна стабилност и финансиска
стабилност (CBGG, 2009). Исто така, Централната банка е најважната институција
која е составен дел од платниот систем во една економија (Summers, B. J. (1991).
Централната банка е банка која треба да создаде опкружување во кое
комерцијалните банки и останатите финансиски институции би можеле непречено
да ги извршуваат своите активности (Petrik, A. (1996).
Во своето работење централната банка има неколку основни цели кои треба
да ги исполнува преку своите бројни функции и инструменти. Општите цели кои
треба да ги исполни централната банка се Summers, B. J. (1991):
• Монетарна стабилност;
• Финансиска стабилност;
• Ефикасно функционирање на платните системи.
Секоја од основните цели има големо влијание врз економската активност
како и врз ефикасноста на финансискиот систем. Во продолжение треба да се
потенцира дека централната банка има важна улога во одржувањето на стабилно
ниво на цените како и во развојот на финансискиот систем во една економија C.A.E.
Goodhart, 2010). Ова би значело дека, преку реализирањето на својата улога и
функции во економијата и остварувањето на своите цели, централната банка треба
да ги исполни и целите на економската политика. Со други зборови, централната
банка треба да го поддржи економскиот раст и развој преку обезбедување на
стабилно ниво на цените, стабилен девизен курс, стабилно ниво на каматни стапки
и намалување на невработеноста (Haubrich, J. G., & Thomson, J. B., 2008; Plosser,
C. I., 2014).
Методите и начинот на кој што централната банка ги остварува своите цели
зависи од структурата на економијата во која функционира. Имено, и покрај тоа што
централните банки имаат исти основни функции, цели и инструменти за
реализирање на своите активности, секоја централна банка е прилагодена
согласно состојбата на економијата и степенот на развој на самата економија.
Разлики помеѓу централните банки може да постојат не само во методите и
инструментите за исполнување на целите, туку разлики се евидентни и од аспект
на институционалната поставеност, односно управувањето на централната банка.
Кога се зборува за управувањето на централната банка, може да се издвојат
три модели. Начинот на управување и примената на моделот зависи од земја до

32
земја. Притоа, трите основни модели за управување со централната банка се:
Моделот на компанија, Моделот на супервизија и Моделот – in-house. Главните
карактеристики на секој од овие модели се (Fernando de Abreu Faria and Rosalvo
Ermes Streit (2016):
• Моделот на компанија – Одборот на централната банка е составен од
еден или повеќе внатрешни директори и голем број надворешни
директори кои не се постојано вработени. Одговорноста за банката е
преку Одборот;
• Моделот на супервизија – е модел каде што централната банка има
два одбора, и тоа Оперативен одбор и Одбор за одговорност (отчет).
Оперативниот одбор е управуван од гувернер кој е внатрешен
вработен во централната банка. Одборот за одговорност е одбор кој
го следи работењето на централната банка;
• Моделот во куќа (in-house) – е модел според кој постои еден одбор
каде што се назначени (full-time) лица од човечките ресурси на
централната банка. Назначените во Одборот имаат одговорност за
управување со различни сектори на институцијата.
Треба да се има предвид дека во своето работење централната банка не
реализира активности директно со пошироката јавност, односно со домаќинствата
и приватниот сектор. Централната банка ги реализира своите активности со
комерцијалните банки и други финансиски институции кои се составен дел од
финансискиот систем како и со државата.
Централната банка има посебно место во економијата поради нејзината
улога во спроведувањето на монетарната политика. Своите активности
централната банка треба да ги насочи кон постигнување на зацртаните цели за
монетарна стабилност, стабилност на финансискиот систем и ефикасност на
платниот систем. Преку остварување на овие цели, централната банка може да
има влијание на стабилноста на цените, ликвидноста во економијата, стапката на
невработеност, и со тоа да влијае на растот и развојот на економијата.

2.3. Функции на централната банка

Централната банка е институција која е од посебна важност за банкарската


индустрија и општо за една економија. Нејзината важност произлегува од нејзината
улога во економијата како и од целите кои треба да ги исполни со своето работење.
Во процесот на исполнување на своите цели, централната банка извршува
бројни функции во рамките на финансискиот систем и во економијата во целост.
Функциите кои централната банка ги извршува во економијата се:
Печатење на пари – Централната банка има ексклузивно право, односно
монопол, да печати книжни и ковани пари. Одлуката за пуштање во оптек и
повлекување од оптек на книжните и кованите пари се носи од страна на централна
банка;
Реализира активности за потребите на државата – Централната банка
има функција да реализира активности за државата исто како што комерцијалните
банки реализираат активности за пошироката јавност. Со други зборови,
33
централната банка ги прибира приходите на државата, ги чува средствата на
различните државни органи и реализира плаќања во име на државата;
Чувар на резерви на банкарскиот сектор – Секоја банка има обврска да чува
дел од својот капитал во форма на резерви во централната банка. Па, така,
централната банка извршува и функција на чувар на резерви на комерцијалните
банки;
Одржување на нивото на девизни резерви – Со девизните резерви на една
економија, централната банка има можност да ја регулира нерамнотежата која
може да настане во платниот биланс. Исто така, со девизните резерви централната
банка може да влијае на стабилноста на домашната валута и да влијае на
нерамнотежа која може да постои на девизниот пазар. Девизните резерви имаат за
цел да обезбедат и ликвидност на глобалните пазари;
Порамнување на меѓубанкарските трансакции – Во платниот систем на
една економија централната банка ја извршува функцијата за порамнување на
трансакциите помеѓу банките;
Контрола на финансиските пазари и понудата на пари во економијата –
Преку промена на висината на пари во економијата (зависно од насоката на
монетарната политика), централната банка може да влијае на висината на
каматните стапки во економијата;
Супервизија и надзор над работењето на банките – За да се обезбеди
стабилност во финансискиот систем, како и да се осигура адекватното работење на
банките, централната банка врши супервизија на работењето на банките. Во
ситуации кога се идентификувани одредени неправилности или пропусти во
работењето на некоја банка, централната банка има овластување да преземе
соодветни дејствија за надминување на проблемите на банката или за нејзино
санкционирање;
Одржување на стабилен девизен курс – За да се постигне економска
стабилност и стабилност на финансискиот систем потребно е да постои стабилен
девизен курс. Во таа насока, централната банка има за задача да ја одржува
вредноста на домашната валута на стабилно ниво;
Кредитор во крајна инстанца – Можноста на банките да позајмуваат
средства од централната банка се јавува поради улогата на централната банка како
кредитор во крајна инстанца. Банките кои се соочуваат со недостатокот на
финансиски средства може да позајмат средства од други комерцијални банки.
Меѓутоа, доколку од различни причини некоја банка се соочува со ограничувања за
прибирање на средства, тогаш таа би подигнала кредит од централната банка. Исто
така, улогата на кредитор во крајна инстанца ја има централната банка во периоди
кога нивото на ликвидност во економијата е намалено или ограничено. При ваква
економска ситуација, централната банка може да го кредитира банкарскиот сектор.
Може да се каже дека централната банка преку нејзината улога на кредитор во
економијата, претставува сигурносна мрежа за економијата или банките во случај
на ограничена ликвидност. Треба да се напомене дека во ситуации кога некоја
банка позајмува средства од централната банка тоа остава негативен сигнал за
работењето на банката. Имено, се претпоставува дека банката ги искористила сите
други можности за да привлече капитал или не е во состојба да дојде до потребните
средства преку другите извори за финансирање и тоа може да биде индикатор за

34
потенцијални проблеми во работењето на банката (Stephen G. Cecchetti and Piti
Disyatat, 2010).
Во улога на кредитор во крајна инстанца, централната банка може да се
појави во три форми, а тие се: кредитирање за ликвидност на поединечни банки,
кредитирање на ликвидност во пазарот и внесување на капитал во банки кои се
соочуваат со проблеми. Во формата на кредитор за ликвидност на поединечни
банки, централната банка може да дава краткорочни кредити кои се гарантирани со
државни хартии од вредност. Во рамките на втората форма како кредитор во крајна
инстанца, централната банка може да врши кредитирање за ликвидност на пазарот,
со што би се намалил недостатокот на средства во финансискиот систем во услови
на некој економски шок. Третата форма на кредитор во крајна инстанца се однесува
на ситуации кога некоја банка нема да биде во можност да продолжи со непречено
извршување на своите активности и откако ќе ги покрие краткорочните обврски
(банката се соочува со влошена солвентност). Ова би значело дека банката се
соочува со проблеми во своето работење и поради тоа може да се појави потреба
централната банка да внесе свеж капитал во банката. Со внесување на капиталот,
централната банка го презема управувањето на банката која е соочена со
проблеми во своето работење.
Централната банка реализира бројни функции кои се во насока на непречено
функционирање на банкарската индустрија и финансискиот пазар. Централната
банка е задолжена за одржување на стабилноста на банкарскиот систем преку
супервизија на работењето на банките. Исто така, централната банка, треба да ја
одржува ликвидноста во економијата. Функциите кои ги извршува централната
банка се во насока на подобрување на ефикасноста на финансиските пазари и
исполнување на целите на економската политика. Притоа, централната банка е
институција која има за задача да управува со монетарната политика во една
држава.

2.4. Централната банка и монетарната политика

Поради своите функции, централната банка има посебна важност за


економскиот раст и развој. Имено, Централната банка е задолжена за креирање и
имплементирање на монетарна политика која има импликации за целата економија.
Во рамките на својата монетарна политика, централната банка го регулира
количеството на пари во економијата и на тој начин влијае врз понудата и
побарувачката за парични средства. Во процесот на регулирање на количеството
на пари во економијата централната банка има за цел да одржува стабилно ниво
на цените. Со други зборови, се контролира нивото на инфлација во економијата,
што воедно претставува и една од целите на централната банка.
Насоката на монетарната политика која ја дефинира централната банка
зависи од состојбата во која се наоѓа економијата. Па, така, зависно од состојбата
на економијата, централната банка може да води експанзивна или рестриктивна
монетарната политика. Експанзивната монетарна политика се спроведува кога
економијата е соочена со ограничен раст и развој, односно кога економијата е во
криза или рецесија. Експанзивната монетарна политика има за цел да спречи
негативно движење на економскиот раст или да го намали времетраењето на

35
економската рецесија. Со спроведување на експанзивна монетарна политика
централната банка има за цел да ја зголеми понудата на парични средства во
економијата преку намалување на каматните стапки, купување на државни хартии
од вредност или намалување на стапката на задолжителни резерви за банкарскиот
сектор. Преку водењето на експанзивна монетарна политика се намалува стапката
на невработеност, се стимулира деловната активност и се зголемува
потрошувачката.
Рестриктивната монетарна политика се имплементира во ситуации кога
постои опасност од прегревање на економијата и/или зголемен раст на општото
ниво на цените. Преку водење на рестриктивна монетарна политика централната
банка има за цел да ја намали понудата на парични средства во економијата.
Намалувањето на понудата на слободните паричните средства може да се
постигне со зголемување на каматните стапки, продавање на државни хартии од
вредност и зголемување на стапката на задолжителни резерви. Со водење на
рестриктивна монетарна политика и намалување на понудата на парични средства
централната банка има за цел да спречи појава на зголемена стапка на инфлација.
Треба да се има предвид дека управувањето со монетарната политика е
сложен процес поради временскиот јаз кој што се појавува. Имено, ефектите во
економијата кои се појавуваат како резултат на спроведувањето на монетарната
политика може да се почувствуваат после шест месеци до две години. Со други
зборови, ефектите од спроведување на монетарната политика не се чувствуваат во
истиот момент кога централната банка ќе ја реализира својата политика.
Успешноста на политиката може да се оцени по завршувањето на временскиот јаз
и идентификување на ефектите кои би произлегле.
Во основа, централната банка преку спроведување на монетарната политика
влијае на вкупната ликвидност во економијата, односно на количината на средства
за кредитирање и инвестирање. Во услови на рецесија, централата банка прави
напори да ја зголеми ликвидноста, додека во услови на експанзија централата
банка се стреми кон ограничување на висината на ликвидни средства во
економијата.

2.5. Инструменти на централната банка

Спроведувањето на монетарната политика и исполнување на целите на


централната банка, наметнува потреба од постоење на одредени инструменти.
Централната банка користи различни видови инструменти преку кои го регулира
количеството на пари во економијата, ја регулира стапката на инфлација и ја
спроведува дефинираната монетарна политика. Инструментите кои ги има на
располагање и кои ги користи централната банка во една држава можат да се
поделат во две категории, а тие се:
• Квантитативни инструменти и
• Квалитативни инструменти.
Квантитативните инструменти се нарекуваат и општи алатки на монетарната
политика. Квантитативните инструменти се поврзани со количината или волуменот
на парите. Овие инструменти имаат за цел да го регулираат количеството на

36
банкарски кредити во економијата. Преку овие инструменти централната банка
влијае на кредитниот потенцијал на банките. Некои од поважните квантитативни
инструменти на монетарната политика се: основна каматна стапка, операции на
отворен пазар, стапка на задолжителна резерва, итн.
Квалитативните инструменти, или селективни методи за контрола на
кредитите, може да покажат дискриминаторни карактеристики за различни
употреби на кредитот. Со квалитативните инструменти може да се фаворизира
одредена индустрија или активност во економијата, на пример, фаворизирање на
извозот наспроти увозот. Преку квалитативните инструменти, централната банка
има можност да го регулира приливот на кредити во одредени области во
економијата. Додека со квантитативните инструменти се влијае на количината на
кредитите во економијата, квалитативните инструменти влијаат на видовите на
кредити кои се пласираат во економијата. Со други зборови, квалитативните
инструменти го земаат предвид портфолиото на кредити во економијата, а не
нивниот волумен. Некои од поважните квалитативни инструменти кои може да ги
користи централната банка се: маргинални барања, регулирање на потрошувачките
кредити, контрола преку директиви, рационализирање на кредитите, морално
убедување и публицитет и јавни активности. Во Табела 2 е направена споредба
помеѓу квантитативните и квалитативните инструменти кои ги има на располагање
централната банка при спроведување на своите функции.

Табела 2: Споредба на квантитативните и квалитативните инструменти


Квантитативни инструменти Квалитативни инструменти
Инструменти со кои се регулира Инструменти со кои се регулира насоката на
количината на кредити во економијата кредити во одредени селективни делови од
економијата.
Нема дискриминаторска Постои дискриминаторска
карактеристика карактеристика
Видови на квантитативни инструменти: Видови на квалитативни инструменти:
• Политика на каматна стапка, • Маргинални барања (marginal
• Операции на отворен пазар, requirements),
• Стапка на задолжителна • Регулирање на потрошувачките
резерва. кредити (regulation of consumer
credit),
• Контрола преку директиви
(control through directives,
• Рационализирање на кредитите
(credit rationing),
• Морално убедување (moral
suasion) and
• Публицитет и директни
активности (publicity and direct
action).

37
Влијае на целата економија Влијае на одредени области/индустрии
во економијата
Се нарекуваат и општи инструменти за Се нарекуваат селективни инструменти
контрола на кредитите за контрола на кредитите

Преку карактеристиките на квантитативните и квалитативните инструменти


на централната банка има можност да влијае врз целата економија истовремено
или да се насочи кон одредени сегменти од економијата. Исто така, централната
банка, преку своите инструменти може да влијае не само врз големината на
кредитите во економијата, туку може и да ги насочува кредитите кон некоја
индустрија или област за која смета дека е приоритетна или има потреба.
Со цел спроведување на својата монетарна политика, централната банка
користи неколку квантитативни инструменти. Преку овие инструменти централната
банка влијае врз нивото на понуда на слободни парични средства како и врз
кредитниот потенцијал на банките. При имплементирањето на монетарната
политика централната банка може да користи комбинација од повеќе инструменти.
Притоа, степенот на употреба на различните инструменти зависи од степенот на
развој на економијата. Исто така, употребата на инструментите зависи и од
степенот на развој на финансискиот пазар, односно степенот на развој на пазарот
за обврзници и акции. Недоволно развиен финансиски пазар го отежнува
спроведувањето на некој од инструментите на централната банка. Основните
инструменти кои ги има централната банка на располагање за спроведување на
монетарната политика се:
• Каматна стапка,
• Политика (операции) на отворен пазар и
• Стапка на задолжителни резерви.
Секој од основните инструменти има одредена улога при имплементирањето
на монетарната политика. Инструментите можат да се разликуваат врз основа на
областа на која можат да влијаат.
2.5.1. Основна каматна стапка
Каматна стапка на централна банка претставува стапка која централната
банка ја наплаќа кога позајмува средства на комерцијалните банките. Банките може
да позајмуваат средства од централната банка за да се справат со ликвидност на
краток рок или во ситуации кога имаат тешкотии да позајмат средства од
финансиските пазари. Исто така, постои мислењето дека банка која што позајмува
пари од централната банка е соочена со сериозни тешкотии во своето работење
бидејќи не успеала да собере парични средства од финансиските пазари. Преку
зголемување или намалување на каматната стапка, централната банка дава
информација за насоката на монетарната политика која би се спроведувала.
Промената во висината на основната каматна стапка може да се користи како
инструмент за спроведување на монетарната политика бидејќи:

38
• Промената во висината на каматната стапка влијае врз обемот на
позајмување во економијата, со што се менува понудата на пари од страна
на централната банка;
• Промени во каматната стапка дава сигнали на приватниот сектор за насоката
на монетарната политика;
• Преку контрола на каматната стапка, централната банка има висок степен на
влијание врз каматните стапки во економијата.

Табела 3 ја претставува насоката на реагирање на банките во случај на


зголемување или намалување на каматната стапка според која централната банка
дава кредити на банките.

Табела 3: Каматна стапка и желбата на банките да позајмат средства од


централната банка
• Колку е повисока основната
каматната стапка толку е понизок
Инструмент на монетарната политика износот на средства кој што
банките би одлучиле да го
позајмат од централната банка.
Основна каматната стапка • Колку е пониска основната
каматната стапка толку е повисок
износот на средства кој што
банките би одлучиле да го
позајмат од централната банка.
Извор: Barbara Casu et al. (2006), Introduction to banking, Prentice Hall, Financial Times, pp.
50 – 57.

Во случаи кога централната банка сака да го намали количеството на пари


во економијата и да го намали обемот на одобрени кредити, тогаш се зголемува
каматната стапка. На овој начин, средствата стануваат поскапи и банките може да
го намалат кредитирањето. Кога централната банка планира да го зголеми нивото
на расположливи средства во економијата, тогаш се намалува каматната стапка, со
што кредитите од централна банка стануваат поевтини.

2.5.2. Стапка на задолжителна резерва (reserve requirement)

Инструментот стапка на задолжителна резерва ја покажува висината на


резерва која што банките треба да ја чуваат кај централната банка за депозитите
кои што ги имаат. Бидејќи банките вршат кредитирање со средствата од
депозитната база, овој инструмент на централната банка ѝ дава можност да влијае
на кредитниот потенцијал на банките. Стапката на задолжителна резерва е
изразена како процент од висината на депозитите кои што ги има банката. Стапка
на задолжителна резерва е еден од поважните инструменти за спроведување на
монетарната политика на централната банка. Преку овој инструмент централната
банка може да влијае врз понудата на парични средства во економијата. Па, така,
во услови на експанзивна монетарна политика, централната банка ја намалува

39
стапката на задолжителна резерва со што се зголемува кредитниот потенцијал на
банките. Доколку централата банка води рестриктивна монетарна политика,
стапката на задолжителни резерви се зголемува и со тоа се намалуваат средствата
кои банките ги имаат на располагање за кредитирање.
Промената во висината на стапката на задолжителна резерва има влијание
и врз висината на каматните стапки. Зголемувањето на висината на стапката на
задолжителни резерви би предизвикало зголемување на висината на каматните
стапки. Причината за ваквиот ефект е тоа што со зголемување на стапката на
задолжителни резерви банките имаат помал кредитен потенцијал. Помал кредитен
потенцијал би значело дека банките имаат помалку пари кои што би можеле да ги
пласираат во економијата во форма на кредити. Притоа банките имаат каматен
трошок за средствата кои ги користат, односно депозитите. Со намалување на
понудата на паричните средства во економијата се зголемува нивната цена,
односно се зголемува каматната стапка. Табела 4 го прикажува односот помеѓу
стапката на задолжителни резерви и кредитниот потенцијал на банката.

Табела 4: Стапка на задолжителни резерви и кредитниот потенцијал на банките


• Повисока стапка на
задолжителни резерви значи
дека банките имаат помалку
средства на располагање за да
Инструмент на монетарната политика издаваат кредити (помал
кредитен потенцијал).
• Пониска стапка на задолжителни
Стапка на задолжителни резерви резерви значи дека банките
имаат повеќе средства на
располагање за да издаваат
кредити (поголем кредитен
потенцијал).
Извор: Barbara Casu et al. (2006), Introduction to banking, Prentice Hall, Financial
Times, pp. 50 – 57.

Во услови кога централната банка води експанзивна монетарна политика,


односно сака да го зголеми нивото на кредити во економијата, тогаш стапката на
задолжителни резерви ќе се намали. На овој начин, се зголемува кредитниот
потенцијал на банките и се очекува намалување на цената на кредитите. Од друга
страна, при водење на рестриктивна монетарна политика, централната банка би ја
зголемила стапката на задолжителна резерва, со што би се намалил кредитниот
потенцијал на банките.

2.5.3. Операции на отворен пазар

Политиката на отворен пазар како инструмент на централната банка ги зема


предвид активностите за купопродажба на хартии од вредност. Во рамките на овој
инструмент централната банка купува или продава државни хартии од вредност.
Трансакциите за купување и продавање на државните хартии од вредност се

40
прават со банките или со нефинансискиот сектор. Преку купување и продавање на
хартии од вредност централната банка има можност да влијае на понудата на
парични средства во економијата. Доколку централната банка купува хартии од
вредност, тогаш го зголемува количеството на пари во оптек преку зголемување на
средствата кои ги имаат банките на располагање. Во случај кога централната банка
купува хартии од вредност, тогаш се вели дека се води експанзивна монетарна
политика. Од друга страна, при рестриктивна монетарна политика, централната
банка продава хартии од вредност. Со продавањето на хартиите од вредност се
извлекуваат парите од економијата, односно се намалува понудата на парични
средства и банките може да имаат помалку средства нa располагање.
Користењето на инструментот политика на отворен пазар, наметнува
потреба за постоење на развиен финансиски пазар и исполнување на одредени
услови. Некои од поважните услови кои треба да бидат задоволени за да може да
се користи инструментот се:

• Добро развиени финансиски пазари каде што најголемиот дел од


кредитирањето и позајмувањето се реализира преку организирани
финансиски пазари;
• Постоење на голем број хартии од вредност кои што би биле соодветни за
централната банка, односно хартии од вредност кои што би ги купувала
централната банка. Најчесто прифатливи хартии од вредност за централната
банка се државните хартии од вредност;
• Финансискиот систем и финансиските пазари на економијата треба да имаат
одреден степен на независност од финансиските системи и пазари на други
земји.

Табела 5 го прикажува односот помеѓу насоката на трансакцијата на


централната банка преку инструментот операции на отворен пазар и понудата на
парични средства во економијата.

Табела 5: Операции на отворен пазар и понудата на парични средства


• Кога централната банка продава
државни хартии од вредност се
намалува понудата на пари во
економијата.
Инструмент на монетарната политика
• Кога централната банка купува
државни хартии од вредност се
Операции на отворен пазар зголемува понудата на пари во
економијата.

Извор: Barbara Casu et al. (2006), Introduction to banking, Prentice Hall, Financial
Times, pp. 50 – 57.

Преку инструментот операции на отворен пазар централната банка има


можност да влијае врз кредитниот потенцијал на банките како и врз достапноста на
41
кредитите во економијата. Имено, централната банка може да одлучи да го намали
или зголеми количеството на пари кое го имаат банките на располагање преку
продавање или купување на хартии од вредност од банките.
2.5.4. Инструментот на квантитативно олеснување

Инструментот на квантитативно олеснување го зема предвид создавањето


на (електронски) пари со цел купување на државни хартии од вредност, односно
државни обврзници. Целта при употребата на инструментот на квантитативно
олеснување е да се намалат каматните стапки преку зголемување на понудата на
пари (Fratzscher, M., et al., 2018). Целта на овој инструмент е преку намалувањето
на каматните стапки да се поттикне економскиот раст и развој (Caldentey, E. P.,
2017).
Дефинирањето и имплементирањето на монетарната политика е сложен
процес кој што треба да го спроведува централната банка. Притоа, централната
банка има на располагање различни инструменти преку кои може да ја
имплементира зацртаната монетарна политика. Степенот на употреба на некој од
инструментите кои ги има на располагање централната банка зависи од степенот
на развој на економијата како и на самиот финансиски пазар. При изборот на
инструментот, централната банка исто така треба да го земе предвид и начинот на
кој што некој инструмент влијае врз финансиските пазари или врз банките. Со други
зборови, треба да се земе предвид дали инструментот има директно или
индиректно влијание во економијата или врз банкарската индустрија. Еден од
најважните предуслови при изборот на инструментот на монетарната политика е
точно да се идентификува економската состојба и да се дефинира насоката на
самата монетарна политика.

2.6. Независност на централната банка

Одржувањето на стабилно ниво на цените, како една од главните цели на


централната банка, го покренува прашањето за нејзината независност. Со други
зборови, инфлаторните шокови кои настанале во минатото посочиле на потребата
за постоење и функционирање на независна централна банка. Се појавила
потребата централна банка да ги исполнува своите функции без притоа да биде
предмет на политичко влијание или мешање од страна на државата. Потребата за
независност на централната банка е тема која наидува на голема поддршка како и
голем број на критики. За таа цел потребно е да се претстават аргументите кои го
поддржуваат постоењето на независна централна банка како и аргументи според
кои централната банка не треба да биде независна. Пред да се премине кон
аргументите, најпрво треба да се објасни што точно е независна централна банка
и формите во кои централната банка може да биде независна.
Индикатор за степенот на независност на централната банка е слободата во
донесување одлуки поврзани со монетарната политика и девизната политика.
Согласно овој критериум, може да се разликуваат централни банки кои имаат низок
степен (или немаат воопшто) на независност и централни банки со висок степен на
независност во своето работење. Централни банки со низок степен на независност
се банки каде што донесувањето на одлуките е под големо (или целосно) влијание

42
на државата, односно владата. Централна банка која не е независна има за задача
да ги реализира веќе донесените одлуки за монетарната политика. Независноста
на централната банка може да се јави во два облика, и тоа (--):

• Независност во целите и
• Независност на инструментите.
Централна банка која има независност во своите цели може да ги дефинира
целите на монетарната политика без да постојат директни надворешни влијанија.
Меѓутоа, треба да се напомене дека, целите на монетарната политика треба да
бидат во насока на остварување на целите на економската политика, без разлика
дали централната банка има независност или не. Независноста во инструментите
значи дека централната банка има независност во донесување одлуки за избирање
на соодветниот инструмент за имплементирање на креираната монетарна
политика. Во продолжение треба да се потенцира дека идентификување на
степенот на независност на централната банка може да се направи и преку неколку
аспекти. Со други зборови, аспекти кои се индикатор за степенот на независност на
централна банка се (European Central Bank, 2017):
• Функционална независност – независноста при изборот на целите на
монетарната политика;
• Институционална независност – независноста при избор на
инструментите на монетарно кредитната политика;
• Лична независност – која ги зема предвид улогата, статусот и составот
на органите на централната банка;
• Финансиска независност – се однесува на буџетска независност на
централната банка. Согласно финансиската независност, централната
банка треба да има доволно финансиски средства за да ги реализира
активностите. Буџетот на централната банка не треба да биде
одобруван или зависен од политичките влијанија.
Треба да се има предвид дека кога се зборува за независноста на
централната банка, евидентно е дека таа може да дојде во неколку облици или да
се разгледува од неколку различни аспекти. Исто така, централната банка може да
има различен степен на независност зависно од слободата што ја има при
дефинирање и имплементирање на монетарната политика. Слободата во
креирањето се однесува на влијанието што го има државата, односно владата. Во
продолжение се претставени аргументи кои ја поддржуваат независноста на
централната банка и аргументи според кои централната банка не треба да биде
независна од владата.

2.6.1. Аргументи за независност на централната банка

Одговорноста за управувањето со монетарната политика е дадена на


централната банка поради можноста истата да има висок степен на независност од
политичкото влијание. Како резултат на независноста, централната банка би

43
управувала со инфлацијата и во ситуации кога постојат политички притисоци
поради зголемувањето на висината на каматните стапки.
Кога државата е одговорна за раководење на монетарната политика,
дефинирањето на висината на каматните стапки се под влијание на политичкиот
деловен циклус. Со други зборови, со цел задоволување на гласачкото тело,
државата (политичката партија која е на власт) би влијаела на економскиот циклус
со цел поклопување со изборниот период. Пред изборите, владата би ги намалила
каматните стапки за да се зголеми понудата на парични средства во економијата.
На овој начин се овозможува зголемување на потрошувачката, зголемување на
економскиот раст и намалување на невработеноста. Меѓутоа, ваквиот начин на
управување со монетарната политика може да предизвика зголемување на
стапката на инфлација. При завршување на изборниот циклус, владата повторно ќе
ги зголеми каматните стапки, со цел намалување на стапката на инфлација. Може
да се каже дека владата има тенденција да реализира несоодветна монетарна
политика како резултат на желбата за исполнување на краткорочните политички
цели во периодот пред избори.
Доколку владата во минатото покажала степен на толерирање за
зголемување на стапката на инфлација, тогаш очекувањата за зголемена
инфлација можат дополнително да ја зголемат стапката на инфлација.
Исто така, во случаи кога монетарната политика е управувана од владата,
тогаш владејачката партија би имала на располагање евтин извор на средства. Со
можноста за намалување на висината на каматните стапки, владата би можела да
издава државни обврзници и да позајмува средства со низок каматен трошок (ниска
каматна стапка).
Независната централна банка може да има повисок степен на кредибилитет
со што се зајакнува довербата во управувањето со монетарната политика.
Довербата за управување со монетарната политика може да ја намали или
елиминира несигурноста во однос на висината на стапката на инфлација, со што би
се олеснило одржувањето на ниска стапка на инфлација.

2.6.2. Аргументи против независност на централната банка

Покрај аргументите кои ја поддржуваат независноста на централната банка,


постојат и солидни аргументи против независноста. Имено, централната банка
може да воспостави ригидна политика за одржување на ниско ниво на инфлација.
И покрај тоа што одржувањето на ниско ниво на инфлација е позитивно, сепак, во
одредени ситуации ваквата цел може да го ограничи потребниот економски раст и
развој. Имено, во услови на ниска стапка на економски раст и висока стапка на
невработеност, одржувањето на ниска стапка на инфлација не треба да биде
единствената цел (Ireland, Peter N., 2008). Исто така, централната банка не би
требало да биде независна бидејќи во тој случај управувањето со монетарната
политика е во надлежност на лица кои не се избрани од народот (Jakob de Haan and
Sylvester Eijffinger, 2016).
Најважниот аргумент против независноста на централната банка е дека
најдобри ефекти за економијата би се постигнале кога управувањето на
фискалната политика и монетарната политика е координирано. Меѓутоа, кога

44
централната банка е независна можат да се појават тешкотии за ефективно
координирање на овие две политики поради конзервативното водење на
монетарната политика. Проблемите можат да се појават како резултат на
различните цели (Jakob de Haan and Sylvester Eijffinger, 2016).
Доколку контролата на инфлацијата е цел на независна централна банка,
тогаш владата може да превзема активности кои би имале негативно влијание на
инфлацијата. Имено, владата би имплементирала експанзивна фискална политика
која би можела да влијае на инфлацијата, без стравување дека фискалната
политика би била обвинета за предизвикување на порастот на стапката на
инфлација.
Преку согледувањето на улогата и функциите на централната банка во
економијата се согледува и тежината и влијанието кое што го има банката во една
економија. Поради самата важност и некои од функциите кои ги извршува банката
се наметнува прашањето дали треба да постои независност во работењето на
централната банка, или пак централната банка треба да биде управувана од лица
избрани од народот. Постојат најразлични аргументи кои ја поддржуваат
независноста како и различни аргументи кои се против независноста на
централната банка. Притоа, во голем број на економии целта е да се постигне висок
степен на независност на централната банка, со што истата би можла да ја
спроведува монетарната политика без постоење на политички влијанија при
нејзиното дефинирање и имплементирање.

45
2.7. Прашања за дискусија:

1. Како би ја дефинирале централната банка?


2. Кои се општите цели кои треба да ги исполни централната банка?
3. Објаснете ги трите модели за управување со централната банка;
4. Дали централната банка реализира активности со пошироката
јавност?
5. Објаснете ги функциите на централната банка;
6. Зошто централната банка е кредитор во крајна инстанца?
7. Објаснете ги формите во кои централната банка може да се јави како
кредитор во крајна инстанца;
8. Објаснете ги насоките на монетарната политика;
9. Објаснете ги квантитативните инструменти на монетарната политика;
10. Објаснете го инструментот на монетарната политика – основна
каматна стапка;
11. Објаснете го инструментот на монетарната политика – стапка на
задолжителна резерва;
12. Објаснете го инструментот на монетарната политика – операции на
отворен пазар;
13. Кои се облиците во кои што може да постои независност на централна
банка?
14. Наведете аргументи кои ја поддржуваат независноста на централната
банка;
15. Наведете аргументи кои се против независноста на централната
банка.

46
3. Ризици во банкарското работење

3.1. Цели на изучување

Видовите на производи и услуги кои што ги нудат банките, нивните


функциите и улогата на посредници во економијата се проследени со појава на
одредени ризици во банкарското работење. Ризиците со кои се соочуваат банките
може да имаат значително влијание врз различните активности на банките и со тоа
и влијание врз финансиската состојба и профитабилноста. Со други зборови,
банките се соочуваат со ризици и при реализирање на активностите за прибирање
на средства и при реализирање на активностите за кредитирање. Ризиците можат
да се појават поради интерни фактори или надворешни фактори. Банките треба да
воспостават соодветни системи за управување со различните ризици.
Целите на изучување во ова поглавје се:

• Да се разбере важноста и потребата за управување со ризици во


банкарското работење;

• Да се дефинираат основните видови на ризици кои постојат во


банкарското работење;

• Да се разберат причините кои можат да доведат до појава на ризиците;

• Да се разберат методите и техниките за мерење и идентификување на


ризиците.

47
3.2. Управување со ризици во банкарското работење

Специфичноста на банкарската индустрија се состои во реакцијата на


конкуренцијата при пропаѓање на една банка. Имено, компаниите во други
индустрии со задоволство го исчекуваат пропаѓањето на нивните конкуренти,
бидејќи ќе имаат повеќе клиенти и зголемена продажба. Ваквиот начин на
размислување не е карактеристичен за банкарскиот сектор, бидејќи пропаѓањето
на една банка може да предизвика домино ефект. Поради самите производи на
банкарскиот сектор, пропаѓањето на една банка може да предизвика паника помеѓу
штедачите на другите банки и на тој начин да започне домино ефектот. Овој ефект
подразбира дека штедачите би ги повлекле своите депозити од банката
доведувајќи ги банките во ситуација на неликвидност. Претходното, како и самите
функции кои ги извршува банката, предизвикуваат појава на одредени ризици во
работењето на банките.
Управување со ризици е процесот при кој се идентификува и оценува
можната загуба која би настанала од изложеноста на банката и имплементација на
соодветни методи за справување со изложеноста.
Функциите кои што ги извршуваат банките се проследени со одредено ниво
на ризик. Имено, банките како финансиски посредници преземаат ризик во нивното
работење со цел да остварат заработка. Настанувањето на некои од банкарските
ризици може да предизвика намалување на заработката, загуба или, во краен
случај, и пропаѓање на самата банка. За да се заштитат од можните загуби при
настанување на некој ризик како и настанувањето на самиот ризик, банките треба
да имаат воспоставено добар систем за управување со ризици. Креирањето и
имплементирањето на ефективен систем за управување со ризици, не само што би
ја намалило можноста од загуби, туку и би влијаело позитивно на приносот
(профитот) на банката.
Бидејќи ризиците се составен дел од банкарското работење, потребно е да
се разбере што всушност претставува управување со ризиците, што се подразбира
под ефективно управување со ризици и кои се принципите за ефективно
управување со ризици.
Управувањето со ризици може да се дефинира како процес за
идентификување, анализирање, оценка, следење и контрола на ризиците кои се
составен дел од банкарското работење. Целта на процесот на управување со
ризици е да се избегнат или минимизираат можните загуби и да се максимизираат
придобивките. Процесот на управување со ризици се однесува на сите ризици со
кои се соочуваат банките. Притоа, процесот на управување на ризиците треба да
ги инкорпорира активностите кои ги реализирала банката во минатото, во моментот
и активностите кои ќе бидат преземени во иднина.
При дефинирање на процесот за управување со ризици банката треба да
воспостави соодветни системи за идентификување на ризиците, нивна проценка,
анализа, контрола и воспоставување на соодветен систем за известување. За да
се мери нивото на ризик, банката користи индикатори за ризик, односно
коефициенти за мерење на ризикот. Резултатите кои ќе се добија покажуваат дали
степенот на ризик е во рамките на дефинираните нивоа прифатливи за банката.
Исто така, преку воспоставување на соодветни системи, банката има можност да

48
идентификува можни слабости во системот за управување. Системите за
управување со ризици наметнуваат потреба за правење на стрес тестови, преку кои
се прави проценка на нивото на ризик и донесување на одлуки за управување со
ризици при промена на некои од пазарните параметри (различни фази на
економскиот циклус, промени во висината на каматните стапки, промени во
девизниот курс, итн.).
Може да се каже дека управувањето со ризиците во банкарското работење
овозможува создавање на проактивен пристап за справување со ризиците. Со
други зборови, се креира стратегија за планирање, водење, организирање и
контрола на бројните ризици. Некои од основните параметри кои треба да се земат
предвид при исполнување на функцијата за управување со ризици во банкарското
работење се (Arben Mullai, 2006):

• Организациската структура на финансиската институција;


• Дефинирање на пристап за мерење на ризиците;
• Дефинирање на политики за управување со ризици кои се одобрени
од Одборот на директори и кои се во согласност со деловните
стратегии, искуството на менаџментот, нивото на капитал, и ризичниот
профил на институцијата (колкав ризик е подготвена да преземе);
• Воспоставување на соодветни насоки за управување со ризикот
вклучувајќи ги и прудицијалните барања;
• Соодветно дефинирани и имплементирани интерни правила и
процедури за ефективна контрола и рамка за известување;
• Адекватен систем за контрола, надзор и контрола на ризиците;
• Одвојување на рамката за управување со ризици од останатите
оддели на институцијата.
Управување со актива и пасива е глобална и динамична рамка за мерење,
следење и управување со ризиците со кои се соочува банката во своето работење.
Тоа претставува управување со активата и пасивата на банката на начини со кои
што би се максимизирал профитот на банката со ниво на ризик прифатливо за
банката. Управувањето со актива и пасива се однесува на процесот на управување
со различни ризици, односно управување со ликвидносен ризик, управување со
пазарен ризик, управување со ризик на каматни стапки и управување со девизниот
ризик (Suresh, G., & Krishnan, P. A., 2018; Bardaeva, P., 2014). Од таа причина,
управувањето со активата и пасивата е една од поважните методи за управување
и мерење на различни ризици на банките. Треба да се има предвид дека процесот
на управување со актива и пасива може да се разликува помеѓу банките. Меѓутоа,
секоја банка се стреми да развие соодветен систем со цел да може успешно да ги
предвиди и управува со ризиците со кои се соочуваат (Vij, M., 2001).

3.3. Видови ризици

Во своето работење банките се соочуваат со најразлични видови ризици кои


може да имаат негативно влијание врз финансиската состојба на банката.

49
Различните видови на ризици кои постојат, може да се наведат во две основни
категории, тоа се: финансиски и нефинансиски ризици.
Како последица на бизнис моделот на банките, тие ги превземаат
финансиските ризици во своето работење и генерираат приходи поради
преземањето на овие ризици. Меѓутоа, преземањето на нефинансиските ризици
кои можат да се појават поради неисполнување на регулативата, несоодветно
работење, несоодветна технологија и оперативни активности влијаат врз
профитабилноста. Видови ризици со кои се сретнуваат банките во своето
работење се:
• Кредитен ризик,
• Ликвидносен ризик,
• Ризик на каматни стапки,
• Валутен ризик и
• Пазарен ризик.

Секој вид на ризик кој постои во банкарското работење е поврзан со


одредени активности кои се сретнуваат во банкарското работење. За таа цел,
потребно е да се разберат причините кои можат да доведат до појава на ризикот и
начинот на кој што некој ризик може да влијае врз профитабилноста на банката.
Треба да се напомене дека постои меѓусебна поврзаност на ризиците, што би
значело дека појавата на еден ризик може да предизвика настанување на друг
ризик. Во продолжени се претставени основните ризици кои постојат во
банкарското работење.

3.3.1. Кредитен ризик

Кредитен ризик претставува можноста од неплаќање на кредитот од страна


на корисникот на кредитот. И покрај тоа што кредитниот ризик се дефинира како
ризик од неплаќање на кредитот, во оваа категорија на ризик исто така е вклучен и
ризикот од задоцнети уплати на ратите. Треба да се напомене дека, кога се зборува
за настанување на кредитниот ризик, истиот може да се појави во две основни
форми. Двете форми во кои може да настане кредитен ризик се: ризик од
ненаплаќање на главницата и ризик од ненаплаќање на каматата.
Важноста на појавата на кредитниот ризик за банките може да се согледа во
неговата улога врз профитабилноста на самата банка. Профитабилноста на
банката е чувствителна на степенот на кредит ризик со кој се соочува. Ова би
значело дека мала негативна промена во степенот на кредитен ризик може да има
значително влијание врз нивото на профитабилност.
Настанувањето на кредитниот ризик може да биде последица од
несоодветно дефинирани интерни правила и процедури за процесот на
одобрување на кредити. Исто така, кредитниот ризик може да се појави и поради
несоодветно работење на вработените или несоодветно обучени вработени.
Други причини поради кои може да се појави кредитниот ризик во
банкарското работење се:

50
• Несоодветно ниво на приходи на корисниците на кредит (негативна
промена во нивото на приход);
• Пропаѓање на деловните активности на кредитокорисникот;
• Кога корисникот на кредитот не ги подмирува своите обврски по основа
на главница и камата;
• Промена во висина на каматната стапка со што би се променила
висината на месечната рата која корисникот на кредитот не е во
состојба да ја подмири;
• Промена во висината на девизниот курс, со што би се зголемила
висината на ратата кај кредити со девизна клаузула и поради тоа
корисникот на кредит не е во состојба да ја подмири зголемената рата;
Факторите кои што имаат влијание на појавата на кредитниот ризик може да
бидат интерни фактори или екстерни фактори. Екстерните фактори се однесуваат
на макроекономските влијанија, додека интерните фактори го земаат предвид
микроекономското влијание. Покрај овие фактори, постојат и фактори кои се
специфични за самата банка.
Некои макроекономските фактори кои може да имаат позитивно или
негативни влијание врз нивото на кредитниот ризик се: висината на каматните
стапки, стапката на инфлација, владиното задолжување, стапката на
невработеност и бруто домашниот производ. На пример, во услови на економски
раст и развој, т.е. експанзија, нивото на приходи во економијата се зголемува и со
тоа кредитниот ризик е на релативно ниско ниво. Од друга страна, во услови на
рецесија, нивото на приходи се ограничени и може да се движат во надолна линија,
со што се намалува економската моќ на корисниците на кредитите. Поради
ограниченото ниво на приходи, се зголемува нивото на кредитен ризик како
последица на тоа што кредитокорисниците можат да се соочат со проблеми при
подмирување на своите кредитни обврски спрема банката.
Други фактори кои имаат влијание врз нивото на кредитниот ризик кај банките
се: ограничени институционални капацитети, несоодветни кредитни политики,
волатилност во каматните стапки, лошо управување, несоодветна законска
регулатива, ниско ниво на капитал и низок степен на ликвидност, несоодветна
супервизија од страна на централната банка, голем број на банки, лош систем за
оценка на кредитобарателите и влијание од страна на државата.
Фактори кои имаат влијание на кредитниот ризик, а се специфични за
банката, се: сопственичката структура, оперативните трошоци, ефикасноста на
менаџментот, составот и квалитетот на депозитната база, квалитетот на
средствата и висината на стапката на задолжителна резерва.
Управувањето со кредитниот ризик опфаќа повеќе аспекти кои треба да
бидат земени предвид при дефинирање на системот за управување со овој вид
ризик. Системот за управување со ризици треба да има јасно дефинирани
внатрешни контроли и процедури, јасно дефинирани и целосни кредитни политики,
прецизно дефинирани критериуми и процеси за одобрување на кредити како и
методи за анализа на кредитобарателите. Треба да се воспостават соодветни

51
правила и процедури и за различните видови на клиентите, односно постоење на
соодветни критериуми за домаќинствата, физичките лица и корпоративниот сектор.
Своите кредитни политики банката ги креира врз основа на степенот на ризик
кој е подготвен да го прифати. Можат да се користат различни модели за оценка на
кредитобарателот. Различните модели за евалуација на кредитобарателите се
прикажани во продолжение.
ЛАПП методот (LAPP)
Овој метод е претежно наменет за анализа на кредитни апликации за
корпоративни кредити. Името ЛАПП (LAPP) на овој метод се однесува на
критериумите кои ги зема предвид при евалуација на кредитните апликации и тоа
(Benz, G.V. 1979):
• Ликвидност – преку која се мери способноста на компанијата да ги исплати
своите краткорочни обврски. Банките користат неколку основни коефициенти
за оценка на ликвидноста на компаниите, односно брзиот коефициент (quick
ratio) или коефициентот на ликвидност (liquidity ratio);
• Активности – каде што се зема предвид големината на компанијата и
нејзините оперативни активности. За оценка на активноста на компанијата
банките користат неколку коефициенти, и тоа: коефициентот на обрт на
средства, просечниот период на наплата, коефициент на обрт на залихите,
просечен период на плаќање;
• Профитабилност – е критериум преку кој се мери степенот на
профитабилност на компанијата. Коефициенти кои се користат за мерење на
профитабилноста се: принос од средства (ROA), принос на сопственички
капитал (ROE) и бруто профитна маржа;
• Потенцијал – е критериум преку кој се прави оценка на ресурсите и силината
на компанијата од аспект на финансиски ресурси, човечки ресурси, нивото на
менаџментот и други силни страни кои може да ги има компанијата.
Од самите критериуми кои се земаат предвид во рамките на овој метод може
да се заклучи дека преку овој метод, банката има за цел да направи кредитна
анализа на целокупното работење на претпријатието. На овој начин, банката може
да се осигура дека кредитот би бил одобрен на кредитобарател кој би бил во
можност да го врати кредитот.
КАМПАРИ методот (CAMPARI)
Овој метод е составен од седум критериуми кои се користат од страна на
банката за оценка на кредитните апликации. Критериумите кои се користат
согласно овој метод се:
• Карактер – Се проверува минатото на кредитобарателот, односно се
проверува дали имал кредити во минатото и какво било неговото
однесување;
• Способност – Се однесува на способноста за управување со претпријатието.
Банката би се интересирала за способноста на кредитобарателот успешно
да управува со деловните активности;

52
• Маргини – Ја претставува висината на учеството кое што го уплаќа
корисникот. Имено, за финансирање на некој имот, корисникот на кредитот
може да биде обврзан да плати одредено учество, односно дел од вредноста
на имотот кој се финансира со кредит. Некои банки може да одобрат целосно
(100 %) финансирање на имотот преку кредит, без учество. Исто така, во
рамките на овој фактор се гледа ризичноста на кредитот и соодветно
каматната стапка која би ја наплатила банката;
• Цел – Се однесува на целта, односно намената за која се подигнува кредит.
Намената на кредитот може да даде сигнал за степенот на ризичност на
кредитот;
• Висина на кредитот – Ова е критериум преку кој се проверува дали бараниот
износ за кредит е во со согласност со економската моќ, односно економските
можности на кредитобарателот;
• Отплаќање на кредитот – Се однесува на условите според кои кредитот ќе се
отплаќа;
• Осигурување – Да се види дали кредитобарателот има животно осигурување.
Овој критериум најчесто се користи кај долгорочните кредити, како што се
станбени кредити.
Употребата на овој метод при оценката на кредитбарателите дава можност
банката да ја утврди нивната способност за исполнување на условите според кои
би бил одобрен кредитот. Со други зборови, методот дава слика за кредитната
способност на клиентот како и за адекватноста на кредитот, согласно потребата на
клиентот.
ФАПИ методот (FAPE)
ФАПИ (FAPE) или Метод на финансиски анализи и претходно искуство е уште
еден метод кој што може да се користи за оценка на кредитобарателите. Согласно
овој метод, се врши анализа на финансиските извештаи и извештаите за
кредитната историја на кредитобарателите. Финансиската анализа вклучува
анализа на Билансот на успех, Билансот на состојба, готовинскиот тек и врз основа
на податоците во овие извештаи се прави пресметка на коефициентите. Некои од
коефициентите кои се пресметуваат врз основа на финансиските извештаи се
коефициентите за ликвидност, коефициентите за профитабилност и оперативните
коефициенти.
Оценката на компанијата се прави преку овие коефициенти и банката
одлучува дали ќе го одобри бараниот кредит. Треба да се напомене дека овој метод
најчесто се користи во комбинација со други методи за анализа на
кредитобарателите.
Пет К моделот (5 C’s Model)
Овој метод се користи за оценка на кредитната способност на
кредитобарателот, преку користењето на различни фактори кои се групирани во пет
категории. Категориите преку кои се извршува анализа на кредитната способност
се (Peavler Rosmary, 2013):

53
• Капацитет (capacity) – односно способноста на корисникот на кредитот
навремено да ги подмирува обврските по основа на главница и камата;
• Капитал (capital) – се однесува на висината на пари кои се инвестирани во
бизнисот (компанијата), и истото е индикатор за големината на ризикот во
случај на пропаѓање;
• Залог (collateral) – е обезбедување за банката во случај да не може да го
наплати своето побарување. Имено, банките бараат од корисникот на
кредитот да обезбеди залог. Целта на залогот е да служи како осигурување
во случај корисникот на кредитот да не го плаќа кредитот или да не може да
го плаќа;
• Услови (conditions) – се однесува на економските и политичките услови во
една земја;
• Карактер (character) – го зема предвид однесувањето на корисникот на
кредитот. Со други зборови, оваа категорија има за цел да го процени
кредибилитетот на корисникот на кредитот.
Како што е случајот и кај некој од другите методи за оценка на кредитната
способност на клиентите, така и овој метод предвид зема повеќе фактори.
Кредитната способност на кредитобарателите се оценува преку фактори кои се
директно поврзани со клиентот како и надворешни фактори, односно политички и
економски фактори. На овој начин, банката има можност да донесе одлука врз
основа на поширока анализа која не ги зема предвид само карактеристиките и
способноста на клиентот.
Пет П модел (FIVE P model)
Пет П методот претставува уште еден метод за евалуација на кредитните
апликации. Овој метод е развиен од страна на Федералниот центар (FED 2004) и
предвид ги зема следните фактори, односно категории (FED, 2004):
• Луѓе (People) – Се зема предвид историјата на кредитобарателот, односно
дали во минатото покажува историја на почитување на финансиските
обврски и условите на ваквите обврски;
• Цел (purpose) – Се однесува на намената на средствата од кредитот.
Кредитобарателот треба да даде детално објаснување за начинот на кој што
би ги искористил/а средствата од кредитот;
• Плаќање (payment) – Кога банката е запознаена со намената за која се
подигнува кредитот, може да ги идентификува можните извори за негово
отплаќање. Исто така, намената на кредитот може да овозможи адекватно
дефиниран план и услови за негово отплаќање;
• Заштита (protection) – Се однесува на залогот (колатералот) и останатите
извори за исплаќање на кредитот кои би служеле како осигурување во случај
корисникот на кредитот да не ги подмирува своите обврски;
• План (prospective – plan) – Се однесува на идните планови на банката за
различни ситуации. Имено, се дефинира начинот на контрола на кредитот, и
постапките на банката во случај на пропаѓање на корисникот на кредитот.
Исто така, во планот треба да се дефинира финансиското известување од

54
страна на корисникот на кредитот и периодични контроли на активностите на
клиентот.
Овој метод за оценка на кредитната способност зема предвид слични
фактори како и претходните методи. Притоа, во рамките на овој метод се издвојува
и начинот на кој што банката ќе врши контрола при отплатата на кредитот.
Банките имаат на располагање различни методи и модели за оценка на
кредитната способност на клиентите. Притоа, методот кој би се користел зависи од
самата банка, односно нејзината структура, големина, интерни правила и
процедури и од законската регулатива. Сумиран преглед на методите и факторите
кои се земаат предвид со секој метод е прикажан во Табела 6.

Табела 6: Преглед на методите за евалуација на кредитниот ризик


Бр. Пет К Пет П ЛАПП методот КАМПАРИ ФАПИ методот
1 Капацитет Луѓе Ликвидност Карактер Коефициенти на
(capacity) (People) ликвидност
2 Капитал Цел Активност Способност Коефициенти на
(capital) (purpose) за плаќање профитабилност
3 Залог Плаќање Профитабилност Маргина на Operational
(collateral) (payment) финансирање ratios
4 Услови Заштита Потенцијал Цел Debt ratios
(conditions) (protection)
5 Карактер План Висина на Character
(character) (prospective кредитот
– plan)
6 Отплаќање Credit record
на кредитот
7 Осигурување

Независно од бројот на фактори кои се дефинирани со самиот метод за


оценка на кредитобарателот, може да се заклучи дека примарната цел на секој
метод е да ја намали можноста за појава на кредитниот ризик. Од таа причина, секој
од методите ја оценува способноста на клиентот да ги подмирува своите обврски,
способноста да понуди соодветно ниво на обезбедување за кредитот, и намената
на средствата од кредитот. Изборот и дефинирањето на методот за оценка на
кредитната способност на клиентот е составен дел од процесот на управување со
кредитниот ризик.
Управувањето со кредитниот ризик вклучува употреба на различни
инструменти и методи. При управувањето со кредитниот ризик може да се
дефинира максималната изложеност на банката кон некој клиент. Имено, може да
се дефинира прудицијално барање во однос на максималната изложеност која што
банката може да ја има при кредитирање на индивидуа или компанија. Изложеноста
е од аспект на висината на средствата одобрени на еден клиент како однос од
капиталот на банката. Исто така, управувањето со кредитниот ризик подразбира
дека банката има воспоставено соодветен систем за одобрување на кредити како
и соодветен систем за категоризирање на клиентите според нивната ризичност. Со
други зборови, банката има дефинирано и имплементирано систем кој ја оценува

55
кредитната способност и степенот на ризичност на самите клиенти. Во развиените
земји, со цел да добијат компензација за ризикот кој го превземаат со различни
категории на клиенти, банките соодветно наплаќаат и различна висина на каматни
стапки. Клиенти кои би биле оценети како помалку ризични кредитокорисници би
плаќале пониска каматна стапка. Од друга страна, клиенти кои се категоризирани
како ризични кредитокорисници би плаќале повисока каматна стапка. На овој начин,
банката е во можност да компензира за ризикот кој го превзема. Исто така, банката
треба да има адекватно управување со кредитното портфолио. Потребата за
управување со кредитно портфолио е да се создаде диверзифицирано портфолио
каде што ризикот од концентрација би бил минимизиран. Со евалуација на степенот
на изложеноста на банката кон поединечни клиенти или индустрии, се осигурува
дека концентрацијата на пласманите не е висока. Со други зборови, банката не
треба да има висок степен на изложеност кон една индустрија, односно да насочува
голем дел од своите пласмани кон субјекти во иста индустрија. Негативно движење
во индустријата може да предизвика загуба за банката.

3.3.2. Ликвидносен ризик

Ликвидносен ризик е уште еден ризик кој е неминовен во банкарското


работење. Овој ризик посочува на неспособноста на банката да ги покрие (подмири)
своите обврски. Ликвидносниот ризик претставува можноста дека банката нема да
може навремено, ефективно и ефикасно да ги подмири своите обврски. Со други
зборови, една банка се соочува со ликвидносен ризик кога нема доволно ликвидни
средства да ги исплати обврските спрема своите штедачи или настанати обврските
спрема трети страни.
Треба да се разбере дека оваа категорија на ризик се појавува поради
начинот на кој што функционира системот на фракционото банкарство. Имено,
согласно фракционото банкарство, банките најголем дел од собраните депозити ги
пласираат во форма на кредит во економијата. Притоа, одреден дел од депозитите
се чуваат во форма на резерва. Поради ваквиот начин на функционирање постои и
можноста за појава на домино ефект во банкарскиот систем. Ваквиот начин на
управување со депозитната база и финансирање на кредити би значело дека
банката не е во состојба да ги исплати сите штедачи доколку сите штедачи одлучат
да ги подигнат своите депозити во исто време. Опасноста од загуба на штедните
влогови на штедачите се елиминира преку воспоставување и постоење на
соодветни институции кои имаат за цел да ја гарантираат сигурноста на депозитите,
односно нивната исплата. Исплата на штедачите кои чувале средства во банка која
пропаднала се реализира согласно предвидените услови за осигурување на
депозитите. Меѓутоа, банката треба да воспостави адекватен систем за
управување со ликвидноста, со цел да избегне ситуации каде што нема доволно
ликвидни и да ја ограничи можноста за појава на ликвидносен ризик.
За да може успешно да се управува со ликвидносниот ризик, треба да се
претстават составните компоненти на овој ризик. Имено, овој ризик може да се
појави како резултат на проблеми во различни области. Ликвидносниот ризик во
банкарското работење може да се манифестира преку ризик на финансирање и
временски ризик (Committee of the International Organization of Securities

56
Commissions, 2012). Ризик на финансирање – кој што ја претставува потребата за
замена на нето одливите кои настанале како резултат на непредвидени
повлекувања на средства или необновување на доспеаните депозити. Временски
ризик – е потребата да се компензира за ненаплаќање на очекуваните приливи,
односно ризик кога побарувањата преминуваат во лоши пласмани.
Кога се зборува за ликвидносниот ризик, неминовно е да се напомене и
потребата за создавање соодветни капацитети за привлекување на парични
средства. Покрај тоа, не треба да се посвети внимание само на способноста за
привлекување на потребни парични средства, истовремено банката треба да има
пристап до средствата со најнизок можен трошок кој е прифатлив.
Одржувањето на соодветно ниво на ликвидност е од посебна важност за
банките поради активностите кои што ги извршуваат. Ликвидноста кај банките може
да се гледа од аспект на успешно и ефикасно прилагодување на промени во нивото
на депозитната база или други обврски, финансирање на растот на кредитното
портфолио како и финансирање на вонбилансни активности. Може да се потенцира
дека една банка има соодветна ликвидност кога истата е во можност да акумулира
доволно финансиски средства или преку зголемување на обврските (на пример,
зголемување на депозитна база) или преку конвертирање на неликвидниот имот во
ликвидни средства. Притоа треба да се напомене, во рамките на одржување на
ликвидноста, пристапот до финансиски средства треба да може да се реализира во
краток временски период и со прифатливи трошоци. Пристапот до слободни
финансиски средства може да биде во форма на продажба на сопствен имот,
задолжување на финансиските пазари, зголемување на депозитната база, итн.
Поради улогата и важноста на стабилно ниво на ликвидност, банките треба
да воспостават систем за правилно управување со ликвидносниот ризик. Важноста
за управување со ликвидноста на банката може да се согледа во фактот дека
ликвидносниот ризик може да има негативно влијание врз средствата и/или врз
обврските на банката. Како последица од ликвидносниот ризик, банката може да се
соочи со проблеми при финансирање на кредитни барања (недоволно средства)
или проблеми при плаќање на своите обврски. Управувањето на ликвидносниот
ризик подразбира постоење на соодветни начини за мерење на степенот на
ликвидносен ризик со кој се соочува банката.
Мерењето на ликвидноста на банката е комплексна активност, при што
мерењето може да се реализира преку залихите или пристапот на готовински тек.
Па, така, важни методи за мерење на ликвидносниот ризик во банките се (BCBS,
2009):
• За управување со ликвидносниот ризик, банките треба да ја
одржуваат рочноста на обврските компатибилна (еднаква) со таа на
средствата;
• Континуирано анализирање на рочноста на различните ставки во
Билансот на состојба и вонбилансните активности, како и
анализирање на отстапувањата во рочните структури;
• Следење на влијанието на предвремено исплаќање на кредитите од
страна на корисниците или предвремено повлекување на депозитите
врз готовинскиот тек на банката.

57
Причините за појава на ликидносниот ризик можат да се идентификуваат
преку главните функции на банките, односно прибирање на депозити и пласирање
на кредити во економијата. Меѓутоа, овие функции сами по себе се проследени со
дополнителни активности. Имено, банките најчесто прибираат краткорочни
депозити и ги пласираат во долгорочни кредити. Вака поставените финансиски
обврски и побарувања можат да предизвикаат ситуација во која банката не би
имала доволно ликвидни средства. Од таа причина, банките имаат задача
континуирано да ги балансираат приливите и одливите кои што ги има во
секојдневното работење. На овој начин, тие треба да обезбедат доволно средства
за да можат да ги покријат очекуваните и неочекуваните одливи на финансиски
средства.
Друга причина која може да доведе до појавата на ликвидносниот ризик е
чувствителноста на банката на промени во висината на каматната стапка. Промени
во висината на каматната стапка како причина за појава на ликвидносниот ризик
може да се разгледува од два аспекти: од аспект на депозитната база и од аспект
на профитабилноста на банката. Од аспект на депозитната база, надолна промена
во висината на каматната стапка која се плаќа на депозитите може да предизвика
повлекување на депозитите од страна на штедачите. Повлекувањето се должи
поради тоа што штедачите би биле во потрага по други инвестиции со кои би
заработиле повисок принос споредено со каматната стапка која што ја нудат
банките.
Од аспект на профитабилност, промената на каматната стапка може да
влијае преку намалување на бројот на кредитобарателите или намалување на
очекуваните приливи по основа на камата. Зголемување на каматната стапка, може
да дестимулира побарувачка за нови кредити, со што банката би се соочила со
намален обем на работа и намалени приходи. Од друга страна, намалувањето на
висината на каматните стапки може да ги намали планираните приходи на банката,
посебно кога станува збор за кредити со променлива каматна стапка.
Намалувањето на очекуваните приходи (приливи) може да доведе до влошување
на ликвидноста на банката. Исто така, намалувањето на каматната стапка може да
има влијание и на цената на инструментите на финансиските пазари. Доколку
банката има потреба да продаде дел од инструментите за да обезбеди доволно
ниво на ликвидни средства, продажбата би се реализирала со зголемени трошоци
(загуба) за капитал.
Лошите кредитни пласмани се уште една причина за појава на
ликвидносниот ризик. Имено, неотплаќањето на кредитите од страна на
корисниците може негативно да влијае на нивото на ликвидност на банката.
Програмата за управување со ликвидносен ризик треба да го намали
трошокот на ликвидност на банката. Управувањето со ликвидносен ризик треба да
обезбеди достапност на соодветно ниво на ликвидни средства по најнизок можен
трошок.

3.3.3. Ризик на каматни стапки

Каматниот ризик настанува како последица на промени во висината на


каматните стапки. Овој ризик ја претставува промената на висината на цените на

58
депозитите и кредитите. Промените во висината на каматните стапки може да има
негативен ефект врз нето каматните приходи на банката. Промената на каматната
стапка, покрај заработката, може да влијае и на вредноста на средствата на
банката, обврските, вонбилансните ставки и готовинскиот тек.
Со цел да се воспостави адекватен систем за управување со ризикот од
каматните стапки, се наметнува потребата за идентификување на различните
извори, односно, форми на ризикот на каматните стапки. Па, така, различните
извори на каматниот ризик за банката се (De Masi, J., 2006):
Ризик на рочна неусогласеност (repricing risk, maturity risk) – е ризик кој може
да се појави при повторното утврдување на висината на каматните стапки.
Висината на каматните стапки кај инструментите со променлива каматна стапка се
прилагодуваат согласно пазарните услови. Од друга страна, инструментите со
фиксна каматна стапка може да бидат предмет на промена (прилагодување) од
страна на менаџментот на банката. Ризик од рочна неусогласеност може да се
појави бидејќи прилагодувањето на каматната стапка за различните побарувања и
обврски може да настане во различен период. На пример, долгорочните кредити со
фиксна каматна стапка може да бидат финансирани со краткорочни депозити.
Ризик од кривата на принос (yield curve risk) – е ризик кој се јавува при
нееднакви промени во кривата на принос. Овој ризик може да се појави при
настанување на нееднакви промени во висината на каматната стапка за различни
периоди на доспевање (рочност). Со други зборови, ризикот се појавува при
промена на односот помеѓу каматните стапки на различни рочности во една
економија (Comptroller of the Currency Administrator of National Banks, 2012).
Базен ризик (basis risk) – кога се зборува за базниот ризик треба да се има
предвид дека побарувањата и обврските со променлива каматна стапка се
поврзани со краткорочните пазарни индекси како што е ЛИБОР. Токму поради ова
и се појавува базниот ризик, имено, времето на промени и големината на промена
во овие индекси не се во совршена корелација. Ова би значело дека може да дојде
до промена во едниот индекс со што би настанала и промена во соодветната ставка
на банката (побарување или обврска) без притоа да дојде до промена во висината
на индексот за друга ставка на банката. Со други зборови, прилагодувањето на
каматните стапки кои претставуваат приход за банката и каматни стапки кои
претставуваат трошок за банката може да не се совршено корелирани (BCBS,
1997).
Опциски ризик – е ризик кој се појавува во работењето на банката со
различните видови на опции (финансиски инструмент). Имено, преку опциите
банката може да има право да купува или продава одредена актива по претходно
договорена, реализациска, цена. Овој ризик може да настане при промена на
нивото и времето на приливите и одливите
Ценовен ризик (price risk) – овој ризик предизвикува промени во цените на
средствата и обврските на банката. Овој ризик може да настане во банкарското
работење при активностите за тргување. Ценовниот ризик ја претставува
изложеноста на заработката и капиталот на банката на промени кои може да се
појават како последица на пазарните фактори (Comptroller of the Currency
Administrator of National Banks, 2012).

59
Со цел ефективно управување на ризикот од каматните стапки, банката
треба да има воспоставено соодветни процеси за негово мерење и
идентификување. Основни методи за мерење на ризикот на каматни стапки се: Гап
анализата, Дурационата анализа и Методот на симулација. Употребата на методот
за мерење на ризикот на каматни стапки зависи од големината на банката,
комплексноста на организацијата и висината на ризикот на каматни стапки.

ГАП анализа на чувствителноста на банката на каматниот ризик

Гап моделот за анализа на чувствителноста на каматниот ризик е еден од


основните модели кој го имаат на располагање банките. Согласно овој модел,
банката изготвува извештај за повторно утврдување на каматните стапки (repricing
gap) кој што има за цел да ги дистрибуира побарувањата, обврските и
вонбилансните позиции, кои се чувствителни на промена на каматните стапки, во
различни временски категории согласно рокот на достасување (Vij, M., 2005).
Ризикот на каматни стапки се мери преку пресметување на јазот (несовпаѓањето)
помеѓу различните временски категории. Гап анализата може да се дефинира како
разликата помеѓу побарувања кои се чувствителни на промени на каматните стапки
и обврски кои се чувствителни на промени на каматните стапки за секоја временска
категорија.

Дурациски метод на мерење на каматниот ризик (DURATION model)

Овој метод за мерење на ризикот на каматни стапки ги зема предвид времето


и пазарната вредност на готовинските текови. Преку примената на овој метод,
банката врши проценка на влијанието на промените во висината на каматните
стапки врз пазарната вредност на средствата и обврските на банката (Vij, M., 2001).
Исто така, овој модел, во своите проценки го зема предвид фактот дека некои
средства и обврски имаат повисок степен на чувствителност на промените во
висината на каматните стапки. Со употребата на овој метод се дефинира
поврзаноста помеѓу промените во висината на каматните стапки и промените во
висината на цената на обврзниците односно на финансиските инструменти
(Bierwag, G. O., & Fooladi, I. J., 2006).

Компјутерски симулации

Претходните два метода за мерење на ризикот на каматни стапки се


класифицираат како едноставни методи бидејќи се реализираат преку земање
предвид на рочноста или чувствителноста на промените во висината на цената на
инструментите. Меѓутоа, со проширување на активностите на банката и употребата
на сложени финансиски инструменти, одредени банки имплементираат напредни
методи за мерење на ризикот на каматни стапки. Напредните метод ја зема
предвид употребата на напредни техники за симулации преку кои се овозможува
прецизно оценување на можните ефекти кои би произлегле при промена на
висината на каматните стапки (BCBS, 1997). Техниките за симулации овозможуваат

60
симулирање на движењето на каматните стапки во иднина и потенцијалниот ефект
кој би настанал во готовинскиот тек.
Постојат различни причини кои што може да доведат до појава на ризикот на
каматни стапки во банкарското работење. Меѓутоа, банките имаат на располагање
различни методи и техники за мерење на овој ризик со цел навремено да ги
идентификуваат потенцијалните ефекти кои би можеле да произлезат од појавата
на овој ризик. Со цел ограничување на негативните ефекти, банките треба да имаат
дефинирано соодветни процеси за управување со ризикот на каматни стапки, што
би овозможило навремено откривање на потенцијални слабости во работењето. Во
таа насока, активностите кои треба да се реализираат при управувањето со ризикот
на каматни стапки се:

• Проценка на висината на загубата која што може да настане во случај


на промена на висината на каматните стапки;
• Организирање на структурата на банкарските активности за брзо
реагирање и прилагодување на промените на каматните стапки;
• Балансирање на механизмот за контрола на ризикот на банката со цел
управување со ризикот и задржување на очекуваното ниво на принос;
• Управување со ризикот преку антиципирање на промените во
висината на каматните стапки.

Целите на управувањето со ризикот на каматни стапки е да се максимизира


профитот на банката преку создавање на можности кои произлегуваат од промени
во висината на каматните стапки, минимизирање на ризикот и заштита на
средствата на банката и намалување на загубите кои произлегуваат од каматните
обврски на банката. За да ги постигне целите на управувањето со ризикот на
каматни стапки, банката треба да избере соодветен метод или техника за мерење.

3.3.4. Валутен ризик

Валутниот ризик е ризик кој ја зема предвид изложеноста на банката на


потенцијално влијание на промени во девизниот курс. Валутниот ризик настанува
кога промените во девизниот курс имаат негативно влијание врз финансиското
работење на банката. Со други зборови, валутен ризик е ризик од промени во
вредноста на активата или пасивата на банката како последица од промени во
девизниот курс и валутната изложеност на банката (CPA Australia, 2009).

3.3.5. Пазарен ризик

Пазарниот ризик ја претставува можноста за појава на загуби кои настанале


како последица на фактори кои имаат влијание врз финансиските пазари каде што
банката се јавува како учесник. Пазарниот ризик може да се нарече и системски
ризик. Настанувањето на пазарниот ризик предизвикува негативни промени во
пазарната вредност на средствата и обврските на банката. Промените во пазарната
вредност може да настанат поради промени во висината на каматната стапка,
промени во девизниот курс или промени во монетарната политика (Al-Abadi, M. I., &

61
Al- Sabbagh, O. W., 2006). Исто така, пазарниот ризик може да настане и како
резултат на промени во вредноста на финансиските инструменти (акции,
обврзници, итн.) (Ab-Hamid, M. F., et al., 2017).

3.3.6. Други поважни ризици во банкарското работење

Покрај претходно наведените ризици, во банкарското работење се


сретнуваат и други видови ризици. Другите видови ризици имаат важна улога во
работењето на банките и како такви треба да се земат предвид при дефинирање
на процесите за управување со ризици. Други видови на ризици со кои се соочуваат
банките при реализирање на своите активности се: оперативен ризик, репутациски
ризик, стратегиски ризик, ризик од несолвентност и правен ризик.
Оперативен ризик
Оперативниот ризик настанува како резултат на проблеми кои се јавуваат во
деловните процеси на дневните активности на банката. Со други зборови,
оперативен ризик настанува поради несоодветни информациони системи,
несоодветни системи за известување и несоодветни механизми за контрола во
работењето. Исто така, овој ризик може да се разгледува и од технички и
организациски аспект. Имено, гледано од технички аспект, оперативниот ризик
може да настане поради употреба на несоодветна технологија или проблеми во
функционирањето на технолошките решенија. Од организациски аспект,
оперативниот ризик може да настане како последица на несоодветни интерни
правила и процедури или недостаток на истите.
Банките секојдневно се соочуваат со оперативниот ризик во нивното
работење бидејќи овој ризик може да се појави како резултат на повеќе причини.
Имено, оперативниот ризик може да се појави поради:

• Човечки фактор и грешки;


• Проблеми со ИТ или внатрешните софтверски решенија и системи;
• Проблеми со внатрешните процеси и политики;
• Несоодветни процеси за трансфер на податоци и информации.

Пример од настанување на оперативен ризик е пропаѓањето на Барингс


(Barings Banks) банка во 1995 година. Оперативниот ризик настанал поради
несоодветно воспоставени интерни процеси и процедури за мониторинг и контрола
на овластувањата на вработените. Вработен кој имал овластување за тргување на
берзата успешно ги прикривал своите загуби на посебни сметки. Вработениот
можел да ги прикрива загубите поради тоа што банката имала лошо дефинирани
процеси и политики за интерна контрола. Самиот вработен имал можност да ги
авторизира сопствените тргувања и трансакции без претходно одобрување од
други вработени или претпоставени. Проблемите од тргувањата биле воочени кога
загубите станале превисоки за да можат да бидат прикривани.

62
Репутациски ризик
Репутацискиот ризик ја претставува можната штета која што банката би ја
претрпела преку загуба на нејзината репутација. Влошена репутација може да
резултира со губење на довербата во банката и нејзиното работење од страна на
клиентите. Појавата на репутацискиот ризик создава негативни последици за
задоволството на клиентите како и за вредноста на акционерите. Репутацискиот
ризик може да се дефинира и како ризик каде што може да се појави економска
загуба како последица на влошен имиџ за банката од страна на клиентите,
супервизорите, регулаторите и пошироката јавност. Постојат бројни причини кои
би можеле да доведат до појава на репутациски ризик во банкарското работење.
Неможноста на банката да ги исполни регулаторните барања би можело да остави
негативна слика кај клиентите и со тоа да се соочи со влошување на репутацијата.
Исто така, репутацискиот ризик може да се појави во случаи кога банката не ги
почитува принципите за корпоративно управување. Репутацијата на банката може
да биде нарушена и поради нелегална активности или злоупотреба на податоците
на клиентите како и несоодветни услуги за клиентите. Може да се каже дека постои
одредена поврзаност помеѓу репутацискиот ризик и оперативниот ризик. Додека
оперативниот ризик дава слика за финансиската загуба, репутацискиот ризик ја
зема предвид нефинансиската загуба за банката, односно загубените клиенти.
Репутацискиот ризик може да постои на различни нивоа поради што се
отежнува неговото квантифицирање, односно мерење. Појавата на репутациски
ризик во работењето на една банка може да предизвика (Ewa Miklaszewska and
Krzysztof Kil (2016):

• Загуба на постоечки и идни клиенти;


• Загуба на вработени или менаџери од банката;
• Загуба на сегашни и идни деловни соработници;
• Зголемување на трошокот за финансирање на активностите на банката.

Карактеристиките на модерното банкарство создаваат потреба банките да


посветат внимание и на репутацискиот ризик при управувањето со ризиците на
банката. Во услови на зголемена конкуренција и појава на нови конкуренти,
влошување на репутацијата може да има негативни последици на работењето на
банката на долг рок. Последиците кои произлегуваат од овој ризик може да имаат
влијание врз нивото на профитабилност на банката и врз бројот на клиенти.

Стратегиски ризик

Стратегискиот ризик се однесува на влијанието од лоши деловни одлуки,


несоодветна имплементација на одлуките или промени во технологијата и
индустријата врз сегашните и идните приходи, капитал, и репутација на банката.
Овој ризик ја претставува компатибилноста на стратешките цели на банката,
нејзините деловни стратегии за постигнување на целите и ресурсите кои ги има
банката на располагање за постигнување на целите.

63
Ризик од несолвентност

Ризикот од несолвентност е ризик дека банката нема да биде во состојба да


ги подмири сите обврски кои што ги има спрема штедачите и други доверители. Ова
би значело дека банката нема доволно расположив капитал кој би бил доволен за
да ги покрие загубите кои се појавиле како резултат на сите видови на ризици.

Правен ризик
Правниот ризик е ризик кој влијае врз приходите и средствата на банката како
последица од неисполнување на законската регулатива, договори, дефинирани
практики, несоодветно имплементирање на прописите, итн. Општо земено, овој
ризик е ризик кој настанува кога банката не ги почитува законските прописи и не ги
исполнува регулаторните барања. Правниот ризик во банкарското работење може
да настане во сите деловни активности на банката.
Самиот начин на работење на банките како и функциите кои ги извршуваат
во економијата посочува на постоењето на одредени ризици во банкарското
работење. Ризиците со кои се соочуваат банките може негативно да влијаат на
различни процеси и активности на банките и врз профитабилноста на банките. За
таа цел, потребно е банките да креираат и имплементираат соодветни системи за
управување со различните видови на ризици кои што стојат во банкарската
индустрија. При дефинирање на процесите за управување со ризиците, банките
треба да изберат соодветни методи за анализа и оценка на степенот на ризикот
како и методи за идентификување на можноста за настанување на некој од
ризиците.

64
3.4. Прашања за дискусија:

1. Што претставува управувањето со ризици?


2. Зошто е важно управувањето со ризици во банкарското работење?
3. Кои параметри треба да се земат предвид при исполнување на
функцијата за управување со ризици во банкарското работење?
4. Што претставува управувањето со актива и пасива?
5. Кои се основните видови ризици кои се сретнуваат во банкарското
работење?
6. Дефинирајте го кредитниот ризик;
7. Објаснете ги причините кои може да доведат до појава на кредитниот
ризик.
8. Објаснете ги различните модели и методи за евалуација на
кредитобарателите;
9. Дефинирајте го ликвидносниот ризик;
10. Во кои области може да се манифестира ликвидносниот ризик во
банкарското работење?
11. Кои се методите за мерење на ликвидносниот ризик кај банките?
12. Кои причини доведуваат до појава на ликвидносниот ризик во
банкарското работење?
13. Дефинирајте го ризикот на каматни стапки;
14. Кои се изворите на ризикот на каматни стапки во банкарското работење?
15. Кои се основните методи за мерење на ризикот на каматни стапки?
16. Кои активности треба да се реализираат при управување со ризикот на
каматни стапки?
17. Дефинирајте го оперативниот ризик;
18. Кои причини доведуваат до појава на оперативниот ризик?
19. Дефинирајте го репутацискиот ризик?
20. Што може да предизвика појавата на репутацискиот ризик во банкарското
работење?

65
4. Банкарска супервизија и регулација

4.1. Цели на изучување

Постојат голем број случаи на пропаѓање на банки во минатото. Дел од


банките пропаднале бидејќи се соочиле со тешкотии во своето работење и поради
несовесно работење. Меѓутоа, независно од причините, пропаѓањето на банките
има негативно влијае на економскиот раст и развој и придонесува кон намалување
на довербата во банкарската индустрија. Со цел да се намали опасноста од
пропаѓање на банките, и да се ограничи преземање на ризични активности со цел
заработување на повисоки приходи, се појавила потребата за контрола и надзор на
работењето на банките. Во модерниот банкарски систем постојат јасно дефинирана
регулатива и стандардни за контрола и супервизија во банкарското работење.
Регулативата и супервизијата треба да придонесат кон креирање на стабилен и
сигурен банкарски систем и истовремено да ги заштитат средствата на штедачите.
Целите на изучување во ова поглавје се:

• Да се разбере важноста и потребата за супервизија и регулација во


банкарското работење;

• Да се разберат целите на банкарската супервизија и регулација;

• Да се разберат основните пристапи за супервизија на финансиската


индустрија;

• Да се разбере основата на Базелските стандарди;

• Да се разбере потребата и важноста на фондот за осигурување на


депозити;

• Да се разбере CAMELS системот за контрола на работењето на


банките, односно системот според кој банките се оценуваат.

66
4.2. Потребата и важноста на супервизијата и регулацијата во
банкарското работење

Важноста на банките како финансиски институции и со тоа важноста на


банкарскиот систем за една економија произлегува од нивната улога и функциите
кои ги извршуваат. Меѓутоа, треба да се разбере дека нивната важност може да се
согледа не само од аспект на придобивките кои ги има економијата, туку и од
можните негативни ефекти кои може да ги имаат банките врз економијата.
Негативните ефекти може да се појават доколку банката несовесно се стреми да ја
оствари својата цел. Банките, како и секоја друга организација, се насочени кон
зголемување на профитот и придобивките за акционерите. Па, така, во минатото,
остварувањето на ваквата цел довела до ситуации кога банките преземаат ризични
инвестиции со цел остварување на повисоки приходи. При насочување на
капиталот во ризични инвестиции и кредити, банките всушност ги ризикуваат
парите на штедачите, за да остварат профит за акционерите. Ваквото однесување
предизвикало загуба на заштедите на голем број домаќинства. Исто така, поради
меѓусебната поврзаност на банките и специфичноста на банкарскиот систем,
несоодветното однесување на една банка може да има негативни ефекти и врз
други банки и во некои ситуации и врз целокупниот банкарски систем.
Со цел ограничување на несоодветно однесување на банките и заштита на
средствата на штедачите, како заштита на економијата од можни финансиски кризи
се наметнала потребата за дефинирање и имплементирање на соодветна
регулатива и контрола. Ова би значело дека се воспоставени соодветни закони и
правила кои треба да ги почитува банката, заедно со методи за контрола и
супервизија на банките и нивното работење.
Кога се зборува за регулација и супервизија на банкарската индустрија, пред
сè, потребно е да се разбере што всушност претставуваат регулацијата и
супервизијата. Банкарската регулација се однесува на пишаните правила со кои се
дефинираат активностите и однесувањето кои се прифатливи да ги извршува
банката (The Federal Reserve System, 2016). Од друга страна, банкарската
супервизија се однесува на имплементирањето, односно исполнувањето на
воспоставените правила и регулатива.
Со воспоставување на регулатива за банкарскиот сектор се осигурува дека
постои адекватно управување со банките и нејзините активности. Имено,
регулацијата ги дефинира активностите кои може да ги извршува банката, и со тоа
се ограничува преземањето на ризични активности кои би довеле до пропаѓање на
банката и загуба на средствата на штедачите.
За да се идентификуваат и намалат ризиците, регулаторите на банкарскиот
сектор имаат право да го надгледуваат работењето на банките, и доколку е
потребно, да дадат насоки за промени во работењето на некоја банка.
Супервизијата на банкарскиот сектор овозможува одредени придобивки, како што
се намалување на бројот на пропаднати банки и поголема системска стабилност.
Меѓутоа, треба да се напомене дека супервизијата и регулацијата на банкарскиот
сектор исто така создава дополнителни трошоци за банките, на пример, трошоци
за исполнување на законската регулатива, намалување на достапноста на

67
кредитите, итн. Притоа, треба да се има предвид, дека несоодветни однесување на
банките може да доведе до зголемување на расходите на државата.
Поради фактот што многу често државата може да овозможува одредена
заштита за банкарскиот систем, се наметнува потребата за ограничување на
негативното однесување кое може да настане заради државната заштита. Во
случаи кога не би постоеле ограничувања и надзор врз работењето, банките може
да преземаат ризични активности со цел остварување на поголеми профити.
Банките би преземале ризични активности бидејќи при појава на проблеми во
работењето, државата може да ги заштити, преку инјектирање на средства или
целосно спасување со купување. Па, така, оправданоста за прудицијалните барања
и прудицијалната супервизија е да не постои злоупотреба на заштитата од
државата, и самата заштита да не стимулира несоодветно и ризично однесување
во банкарската индустрија. Со прудицијалната супервизија, се воспоставува
соодветна регулатива со која се ограничуваат ризичните активности на банката, и
со која супервизорските тела вршат надгледување и контрола врз работењето на
банките. Прудицијалната супервизија на банките може да има неколку форми, и тоа
(Frederic S. Mishkin, 2001):
• Ограничувања на средствата кои ги држи банката (средствата во
активата) и активностите кои ги извршува банката;
• Одвојување на банкарските финансиски производи и услуги и останатите
финансиските производи и услуги;
• Ограничување на конкуренцијата;
• Капитални барања;
• Осигурителна премија која се базира на ризик;
• Барања за објавување на податоци и информации;
• Испитување и оценка на банките.
Пруденцијална супервизија претставува процес со кој се регулира и
надгледува исполнувањето на прудицијалните стандарди и барања од страна на
соодветните институции (Frederic S. Mishkin, 2001). Прудицијалните стандарди и
прудицијалните барања се дефинирани од страна на соодветното тело или орган.
Регулацијата и супервизијата која е дефинирана за банкарската индустрија е
често критикувана поради висината на трошоците кои произлегуваат за банките при
нивно исполнување. Ваквата критика посебно доаѓа до израз после финансиската
криза која започна 2008 година. Меѓутоа, истата криза даде увид во недостатоците
на постоечката регулатива и пропустите во супервизијата на банките, и уште еднаш
покажа дека е потребно зајакнување и промена на регулатива и супервизија која
постои за банките. Притоа, причината за модификување на регулативата и
супервизијата произлегува од негативните ефекти кои се појавиле не само за
домашните економии, туку и на глобално ниво.
4.3. Целите на банкарската супервизија и регулација

Постојат неколку основни причини кои ја објаснуваат потребата за


имплементирање на строга регулатива за банкарската индустрија. Главните
причини кои ја наметнуваат потребата за банкарската регулатива се (Daniel K.
Tarullo, 2014):

68
• Заштита на банкарскиот систем поради неговата кревкост
(фрагилност);
• Заштита од можноста за појава на системски ризик;
• Заштита на штедачите.
Може да постои преклопување помеѓу основните цели на банкарската
супервизија и регулација, меѓутоа, поради важноста на секоја цел, се наметнува
потреба за нивно поединечно претставување.
Заштита на банкарскиот систем

Банкарската индустрија е индустрија која собира средства преку


привлекување на депозити и пласирање на овие средства во економијата во форма
на кредити и инвестиции. Ова значи дека депозитите претставуваат обврска за
банките и истите се заведени во пасивата на Билансот на состојба на банките. Од
друга страна, кредитите претставуваат побарување за банките и се заведуваат во
активата на банката. Ова би значело дека во најголем дел Билансот на состојба на
банката се состои од ликвидни обврски и ликвидни средства. Доколку јавноста
(штедачите) изгубат доверба во некоја банка или во банкарскиот систем, може да
настане пропаѓање на банката или појава на домино ефектот. Банката може да
пропадне во случаи кога поголем број на штедачи, поради изгубена доверба во
банката, во краток временски период сакаат да ги подигнат своите депозити.
Бидејќи банката ги пласира средствата од депозитите во долгорочни кредити,
истата не е во состојба да ги исплати сите штедачи во краток временски период.
Исто така, масовното повлекување на депозитите од различни банки, може да
доведе до ограничување на понудата на пари во економијата. Ограничената понуда
на средства може да ги намали инвестициите и економскиот раст и да го зголеми
трошок за капитал, односно цената на кредитите.

Заштита од појава на системскиот ризик


Големите банки и финансиски институции со висок степен на меѓусебна
поврзаност може да претставуваат опасност за целокупниот банкарски систем.
Имено, пропаѓањето на една банка може да предизвика пропаѓање на други банки
кои се јавуваат како кредитори во банката која пропаднала. Поради меѓусебната
поврзаност на банките, пропаѓањето на една банка може да доведе до пропаѓање
на бројни други банки. Поради тоа што некои банки се карактеризирани како
„преголеми за да пропаднат“ потребно е да се воспостави систем за контрола и
супервизија на работењето на овие банки. Причината е тоа што банките или
финансиски институции кои се категоризирани како „преголеми за да пропаднат“ би
биле спасени од страна на државата со парите на даночните обврзници (Macey, J.
R., & Holdcroft, J. J. P., 201; Dorn, N., 2012). Овие банки би биле спасени од страна
на државата поради тоа што нивното пропаѓање може да има значителни негативни
ефекти за финансискиот систем и целата економија. Овие банки и финансиски
институции се целосно интегрирани во функционирањето на економијата и од таа
причина нивното пропаѓање би можело да предизвика и финансиска и економска
криза (Ennis, H. M., & Malek, H. S., 2005). Целта на регулацијата и супервизија е да
69
ја намали можноста за појава на проблеми во работењето на сите банки, посебно
на големите банки кои би можеле да предизвикаат системски проблеми во
економијата.

Заштита на штедачите

Штедачите се едни од главните кредитори на банките и нивните активности.


Со други зборови, штедачите ги депонираат своите средства кај банките, и банката
ги користи овие средства за пласирање кредити и реализирање други финансиски
активности, односно инвестиции. Меѓутоа, може да дојде до појава на морален
хазард, односно ситуации кога банките превземаат ризични инвестиции за повисока
заработка користејќи ги средствата на штедачите. Преземањето на ризични
инвестиции од страна на банката може да предизвика загуба на средствата на
штедачите.
Поради тоа, се наметнува потребата за контрола и супервизија на
инвестициските активности на банките и начинот на кој ги користат средствата на
штедачите.
Банкарската индустрија е индустрија каде постои најстрога законска
регулатива споредено со другите индустрии во економијата. Банкарската
регулатива се однесува на правилата и процедурите кои имаат за цел да го
раководат однесувањето на банките, додека супервизијата е воспоставена со цел
да се врши надзор на работењето на банките и да се осигура дека банките работат
во согласност со воспоставената банкарска регулатива. Треба да се напомене дека
постоењето на строга банкарска регулатива е предмет на критика. Причината за
критикување на банкарската регулатива е тоа што исполнувања на регулаторните
барања претставува висок трошок за банките. Во продолжение треба да се
напомене дека постоењето на строга регулатива за банкарската индустрија може
да создаде дисторзии помеѓу банките и институции кои немаат обврска за
исполнување на строга законска регулатива. Со други зборови, може да се појават
дисторизии во економијата преку постоење на регулирани и нерегулирани
институции кои нудат финансиски производи и услуги. Со други зборови, строгата
регулација на банкарската индустрија може да предизвика развој на банкарство во
сенка, односно развој на институции кои нудат финансиски производи и услуги,
меѓутоа не се обврзани да ги исполнат барања на банкарската регулатива.
Покрај критиките за постоењето на строга банкарска регулатива, потребата
за истата произлегува од улогата која што ја има банкарската индустрија во
економијата. Банките треба да бидат предмет на строга регулатива и супервизија
не само поради потребата за заштита на инвеститорите и потрошувачите, туки и за
обезбедување на системска стабилност во економијата (елиминирање или
намалување на можноста за домино ефект).
Банкарската регулатива е воспоставена со цел да се заштити индустријата
од системскиот ризик, заштита на потрошувачите од високи цени или
опортунистичко однесување на банките како и постигнување на стабилност на
финансискиот систем и економска стабилност. Исто така, регулативата е важна за
ефикасноста на банкарската индустрија. За да се реализира процесот на
супервизија на банкарските институции, креирани се неколку основни пристапи.

70
Изборот на пристапот за супервизија зависи од степенот на развој на самата
економија како и од нејзиното внатрешно уредување. Исто така, покрај различни
пристапи за супервизија, дефинирани се и одредени супервизорски стандарди кои
државите и соодветните супервизорски тела можат да ги инкорпорираат како
составен дел од нивната регулатива за банкарската индустрија. Во продолжение се
преставени основните пристапи за супервизија на банкарската индустрија, односно
финансиската индустрија.

4.4. Пристапи за супервизија на финансиската индустрија

Пред да се претстават различните пристапи за супервизија треба да се


разбере дека постојат бројни разлики помеѓу економиите и финансиските сектори
во различни држави. Разлики може да постојат во степенот на развој на
економијата, степенот на развој на финансискиот систем, нивната големина,
разноликоста на финансиските инструменти и финансиски институции,
ориентираноста на финансискиот систем (на пример: банкарски ориентиран
систем), итн. Поради овие разлики, секоја економија се стреми да воспостави
регулатива и начин на супервизија која би била адекватна за самата економија и
структурата на финансискиот систем. Од таа причина, создадени се неколку
основни модели и пристапи за супервизија на банкарскиот сектор. Модели на
супервизија и регулација на финансиски институции (Bojana Olgić Draženović, 2015):
• Корпоративно управување – претставува модел каде што регулирањето и
надзорот на финансиска институција го спроведува самото претпријатие
(институција). Корпоративното управување треба да ги заштити правата на
акционерите и доверителите. Со други зборови, со овој модел на регулација
и надзор се осигурува постоење на соодветни стандарди за известување на
квалитетни информации со што треба да се постигне квалитетно управување
на институцијата;
• Саморегулација – претставува модел на регулирање и надзор на работењето
на финансиските институции кој е дефиниран и раководен од страна на
некоја поединечна институција или асоцијација. Институцијата која има улога
на регулатор треба да биде во состојба да ги идентификува и соодветно да
ги санкционира финансиските институции кои во своето работење преземаат
несоодветни активности;
• Директна државна регулација – е регулација и надзор на финансиските
институции кој е воспоставен од страна на државната законска регулатива
која ја спроведува јавен орган или тело.

Покрај горенаведените пристапи, дефинирани се уште неколку пристапи за


супервизија на финансиските институции. Тие се: институционалниот пристап,
функционалниот пристап, интегрираниот пристап, и твин пикс (twin peaks)
пристапот.
Според институционалниот пристап за супервизија, регулаторното тело
кое е задолжено за надзор на финансиската институција се одредува врз основа на
статусот (формата) на компанијата (банка, брокер, осигурителна компанија).
71
Соодветното регулаторно тело има за задача да врши надзор над работењето на
финансиската институција (Group of Thirty, 2008).
Примената на функционалниот пристап би значело дека супервизијата на
институциите би се воспоставила врз основа на деловната активност со која се
занимаваат, наместо според видот на компанијата (институцијата) (Group of Thirty,
2008). Со други зборови, во рамките на овој пристап различни деловни активности
кои ги извршува една компанија може да има различно регулаторно тело (Andrew
D Schmulow, 2015). Ова би значело дека една банка, зависно од видовите на
производи и услуги кои што ги нуди, може да биде предмет на супервизија од
различни регулаторни тела. Секое регулаторно тело е одговорно за сигурноста и
стабилноста на банката, како и за деловното однесување на банката.
Интегрираниот пристап е пристап според кој што постои едно универзално
регулаторно тело кои има за задача да врши надзор за стабилност и сигурност како
и спроведување на регулативата за деловно работење за активности во сектори на
финансиско работење (Group of Thirty, 2008).
Твин пикс (twin peaks) пристапот претставува вид на регулација според
супервизорските цели, односно прудицијална супервизија и супервизија на
деловното однесување (Dirk Schoenmaker and Nicolas Véron, 2017). Во рамките на
овој пристап постои поделба на функциите на регулацијата помеѓу две регулаторни
тела. Едното тело извршува функција на супервизија за сигурност и стабилност
додека другото регулаторно тело е насочено кон регулативата за извршување на
деловните активности (conduct-of-business regulation) (Group of Thirty, 2008).
Пристапите за регулација и супервизија на банките како финансиски
институции можат да се разликуваат според степенот на одговорности кој што го
има државата како и начинот на кој што е распределена надлежноста за нивна
супервизија. Пристапите исто така можат да се разликуваат и од аспект на начинот
на супервизија на банките. Имено, супервизијата може да се спроведува од аспект
на формата и дејноста на финансиската институција или да постои супервизија за
различните деловни активност кои може да ги реализира една институција или
банка. За да постои унифицираност во спроведувањето на супервизијата на
банкарската индустрија се наметна потребата за дефинирање на соодветни
стандарди. Од таа причина се креирани и воспоставени супервизорски стандардни
кои се познати како Базелски стандарди. Овие стандарди даваат насока и
препораки за начинот на супервизија и контрола на работењето на банките.

4.5. Базелски стандарди

Со дерегулацијата се наметна и потребата за развивање и воспоставување


на пристап за регулирање на банкарската индустрија согласно принципите на
пазарната економија. За да се дефинираат соодветни правила и процедури за
работењето на банкарскиот систем, формиран е Базелскиот Комитет за банкарска
супервизија (Basel Committee on Banking Supervision) во 1974. Целта на овој комитет
е да креира и имплементира меѓународни супервизорски стандарди за регулирање
на банкарската индустрија.
Базелскиот Комитет за банкарска супервизија има креирано низа од
стандарди и политики кои се познати како Базелски стандарди или Базелска

72
спогодба. Имплементацијата на Базелските спогодби не е задолжителна, меѓутоа
истите се широко прифатени од креаторите на националните политики со што се
појавува можноста за одреден степен на унифицираност во супервизијата на
банкарските индустрии на меѓународно ниво. Овие спогодби ја креирале основата
за капиталните барања на банките, односно капиталната адекватност во
банкарското работење.
Во 1988 година е дефинирана Базелската спогодба. Според Базелската
спогодба, големите меѓународни банки требало да имаат резерва од 8 % од
почетокот на 1992 година (Mallya, P. D., 2013). Првата Базелска спогодба се
фокусирала на кредитниот ризик за чија цел се дефинирале капитални барања и
структура на ризични пондери за банките. Со Базел I спогодбата се креира
методологијата за проценка на кредитниот ризик која се заснова на ризично
пондерирана актива. Со развојот на методологијата биле дадени и предлози за
минималните капитални барања со кои банките би се одржувале на солвентно ниво
во периоди на финансиски стресови. Исто така, со Базел I се дефинира капиталот
на банката и коефициентот на банкарскиот капитал. Всушност, Базел I е
коефициент на капитал со ризично пондерираните средства (актива). Капиталот е
поделен во два дела, односно Капитал од 1 ниво (Tier 1 capital) и Капитал од 2 ниво
(Tier 2 capital). Капиталот од 1 ниво е составен од основниот капитал плус
објавените резерви минус гудвил. Капиталот од 2 ниво е составен од
ревалоризациските резерви (asset revaluation reserves), необјавените резерви,
гаранции (резерви) за покривање на загуби, хибридни инструменти и
субординираниот долг (subordinated debt).
Пресметка на капиталните барање според Базел I стандардот го претставува
збирот на активата пондерирана според ризикот плус вонбилансните ставки кои се
соодветно прилагодени согласно степенот на ризик. Базел I стандардите за
супервизија се креирани во периодот после дерегулацијата на финансиската
индустрија. Потребата за вакви стандарди се состои во тоа што банките започнале
да ги прошируваат своите активности надвор од домашната економија. Исто така,
намалувањето на коефициентите на капитални резерви на банките го зголемиле
степенот на ризичност на банките. Зголемената ризичност на банките
претставувала опасност за целокупниот систем и самата економија. Со
воспоставување на Базелските стандарди се постигнува одредено ниво на
стабилност во банкарската индустрија и економијата.
Зголемувањето на степенот на глобализација и поврзувањето на пазарите
заедно со новите финансиски инструменти ја наметнало потребата за
модификување и прилагодување на Базелските стандарди на новите услови. За таа
цел е креирана втората, односно, Базел II спогодбата.
Базел II спогодбата е воведена во 2004 година и имала за цел да даде насоки
во однос на капиталната адекватност, управувањето со ризици и барањата за
објавување на податоци. Исто така, во рамките на втората спогодба е направено
појаснување на некои аспекти, односно нивно попрецизно дефинирање. Базел II
спогодбата предвидува употреба на надворешни рејтинг агенции кои би го
дефинирале ризичниот пондер за корпоративни побарувања и побарувања од
банки или држави. Новитет во оваа спогодба е и дефинирањето на оперативниот

73
ризик и методологијата за пресметка на кредитниот ризик. Структурата на Базел II
спогодбата е составена од три столба (BCBS, 2006):

• Прв столб: Минимални капитални барања;


• Втор столб: Надзор над адекватноста на капиталот (supervisory review
process);
• Трет столб: Пазарна дисциплина.
Треба да се напомене дека Базел II спогодбата нема за цел да го зголеми
или намали нивото на капитал кој го чуваат банките, наместо тоа, има за цел да го
зголеми степенот на чувствителност на ризикот. Базел II спогодбата воведува
промени во начинот на пресметка на капиталната адекватност за различни степени
на ризичност на средствата на банката.
Во рамките на првиот столб, спогодбата предлага три пристапи за
пресметка и распределба на капиталот кој е потребен за покривање на кредитниот
ризик. Трите пристапи се (BCBS, 2001):

• Стандардизиран пристап (Standardized approach);


• Основен пристап заснован врз внатрешен рејтинг (Foundation internal
rating based approach);
• Напреден пристап заснован врз внатрешен рејтинг (Advanced internal
rating based approach).

Покрај дефинираните пристапи за пресметка и распределба на капитал за


кредитниот ризик, дефинирани се и пристапи за пазарниот ризик и оперативниот
ризик (BCBS, 2001).
Вториот столб кој што е составен дел од втората Базелска спогодба се
однесува на потребата на банките покрај обезбедување на соодветни нивоа на
капитал, исто така да развијат и соодветни правила и процедури за управување со
ризиците. Банките треба да дефинираат и имплементираат соодветни техники за
справување со ризиците од аспект на нивно надгледување и управување (------). Во
вториот столб се издвојува важност на банката (нејзините менаџери) за развој на
внатрешни системи за оценка на капиталот и дефинирање на капитални цели во
согласност со ризичниот профил на банката и нејзиното опкружување. Согласно
Базел два стандардот, менаџерите на банката продолжуваат да ја имаат
одговорноста за осигурување дека банката има соодветно ниво на капитал кој би
бил доволен за справување со ризиците.
Третиот столб има за цел да го зајакне процесот на контрола на банкарската
индустрија. Со третиот столб треба да се постигне зајакнување на прудицијалното
управување со ризиците. Во рамките на третиот столб се зголемува
транспарентноста на банките при финансиското известување. Поголемиот степен
на транспарентност овозможува учесниците на финансиските пазари да го оценат
работењето на банките и да одлучат со која банка би работеле. Со зголемување на
потребата за објавување на соодветни информации, учесниците на пазарот може
да добијат слика за работењето на банката, односно за степенот на ризичност кој
произлегува од работењето на банките. Може да се каже дека третиот столб го

74
зајакнува процесот на известување на банките. Базел II стандардите претставуваат
добра основа за унапредување на првите Базелски стандарди, меѓутоа овие
стандарди покажаа одредена слабост.
Со настанување на финансиската криза во 2008 година, Базел II спогодбата
беше критикувана дека не успеала да идентификува потенцијални опасности кои
довеле до настанувањето на кризата (Moosa, I. A., 2010). Според втората спогодба,
не биле воспоставени правила и регулатива во однос на висината на задолжување
(долг) кое што можело да го направи банката. Наместо тоа, втората спогодба била
фокусирана на поединечни финансиски институции со што се игнорирал
системскиот ризик. За да се осигура дека банките нема да продолжат со преземање
на високо ниво на долг, односно нема да имаат висок степен на задолженост, во
2010 година е направен предлог за креирање на Базел III спогодбата. Насоките кои
се дадени со новата (третата) спогодба имаат за цел да создадат флексибилен
банкарски систем, при што главниот фокус бил на неколку основни аспекти во
банкарското работење, односно: капитал, левериџ (степен на задолженост),
финансирање и ликвидност (Gleta, J., & Teplý, P., 2012). Формирањето на Базел III
има две главни цели, и тоа (BCBS, 2011):

• Зајакнување на глобалната регулатива за капитална адекватност и


ликвидност преку промовирање на повисок степен на отпорност на
банкарската индустрија;
• Подобрување на способноста на банкарската индустрија за
апсорбирање на шокови кои може да произлезат од финансиски или
економски стресови (кризи).

Базел III стандардите треба да обезбедат поголема сигурност и стабилност


на финансискиот систем, меѓутоа овие стандарди се соочиле со критика.
Стандардите се критикувани од страна на банкарската индустрија поради
трошоците кои ги наметнуваат при нивно исполнување. Се создаваат високи
трошоци од аспект на нивото на капитал кое што треба да ги имаат банките и
трошоците за надградување на технологијата и постоечките модели за пресметка
на кредитниот рејтинг (Boora, K. K., & Kavita., 2018). Во продолжение, во Табела 7,
се претставени предностите и недостатоците кои произлегуваат од Базелските
стандарди.

Табела 7: Предности и недостатоци на Базелските стандарди


Предности Слабости
Базел I • Без влијание врз
ризичниот апетит на
• Едноставност банките
• Мали разлики помеѓу
• Униформност добрите и лошите
изложености
• Силен раст на
производите за

75
избегнување на
регулаторниот капитал
Базел II • Поголема • Цикличност на
чувствителност на капиталните барања
ризичноста на одделните • Преголема „доверба“ во
изложености интерните модели на
• Поттикнување на банките
воспоставувањето добри • Преголема зависност
системи за управување од кредитните рејтинг
со ризиците агенции
• Погрешно пондерирање
на дел од изложеностите
(пр., секјуритизацијата)
Базел III • Зајакнување на
квалитетот на капиталот
• Намалување на
процикличноста
• Вклучување на
системскиот ризик
Извор: Фросина Целеска (2016), Новите капитални барања во Базел 3 и
предизвиците за примена во Република Македонија, Континуирано професионално
усовршување, Институт на овластени ревизори на РМ Охрид, јуни.

Може да се забележи дека низ годините Базелските стандарди континуирано


се надградувале и прилагодувале на новонастанатите околности кои се појавуваат
во економијата или поточно во финансиските пазари. Притоа, Базелските
стандарди се развиваат во насока на подобрување на капиталната адекватност на
банките и зголемување на чувствителноста на банките и ризичноста на нивната
изложеност. Може да се заклучи дека новите Базелски спогодби ја следеле и
појават на нови ризици во банкарското работење и соодветно ја посочиле
потребата за подобрување на квалитетот на капиталот и капиталната адекватност.

4.6. Важноста и функционирањето на фонд за осигурување на


депозити

Фрагилноста на банкарскиот систем и потенцијалната опасност од губење на


доверба во банките наметнало потреба за идентификување на инструмент за
задржување на довербата кај штедачите. Во минатото оваа потреба посебно доаѓа
до израз во економии каде што постоело пропаѓање на банките. Исто така,
случувањата во економијата и финансиските пазари, како и пропаѓањето на банки
и штедилници во земјите во транзиција посочило на потребата за инструмент за
заштита на штедачите. Потребата за инструмент кој би имал улога за заштита на
штедачите и враќање на довербата во банкарскиот систем е инструментот за
осигурување или гарантирање на депозитите. Дефинираниот инструмент за
заштита на депозитите, покрај целта за враќање на довербата во банкарскиот
систем, има улога и во одржување на стабилност на финансиските пазари (Deniz
Anginer and Asli Demirguc-Kunt, 2018). Бидејќи овој инструмент овозможува
76
сигурност на средствата на штедачите, банките се помалку подлежни на опасноста
од повлекување на депозитите поради шпекулативни причини.
Рамката за осигурување на депозити претставува систем за заштита на
штедачите од можни загуби кои може да настанат со пропаѓање на некоја банка. Со
други зборови, осигурување на депозитите, има функција да ги заштити депозитите
во ситуации кога банката не може да ги исплати депозитите. Со системот за
осигурување на депозити се дефинира максималниот износ на депозитите кој што
е осигуран како и процентот на покриеност на депозититe.
Фондот за осигурување на депозити има важна улога во финансиската
стабилност и со тоа ја подобрува стабилноста на банкарскиот систем. За време на
финансиската криза, со цел задржување на довербата во банкарскиот систем,
одредени земји ја зголемија висината на депозитите кои се осигурени од страна на
Фoндот за осигурување на депозити. Општите цели кои се очекува да се постигнат
со креирање на Фонд за осигурување на депозити се (John Chikura (2013):
• Заштита на штедачите од последиците кои настануваат со пропаѓање
на банка;
• Одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем;
• Заштита на локалната и националната економија од последици кои
може да настанат како резултат на ширење на банкарска паника;
• Заштита од можни загуби.
Покрај целите на фондот за осигурување на депозити, исто така, треба да се
претстават и основните причини за воспоставување на фонд за осигурување на
депозити (Mikhail Frolov, 2004):
• Избегнување на кризи;
• Справување со постоечки кризи;
• Заштита на малите штедачи – кои не се во состојбата да направат
проценка за стабилноста на банката во која ги штедат своите средства
поради асиметрични информации;
• Потребата за воспоставување на правила и регулатива според која
банките реализираат активности, и според која банките кои не ги
почитуваат правилата и регулативата би биле затворени (би им била
одземена лиценцата);
• Помош за стабилизирање на финансискиот систем со воспоставување
на процес кој би промовирал придржување кон принципите на
банкарското работење;
• Засилување на конкуренцијата преку елиминирање на некои од
бариерите за влез во индустријата. Со други зборови, се
претпоставува дека големите банки може да имаат висок степен на
стабилност поради нивната големина со тоа можат лесно да
привлечат нови клиенти. Од друга страна, штедачите би можеле да ги
гледаат малите банки како несигурни институции поради што би ги
избегнувале. Со воспоставување на Фондот за осигурување на
депозити, депозитите вложени и во малите и во големите банки се
подеднакво заштитени.

77
Фондот за осигурување на депозити има важна улога во економијата и во
финансискиот систем. Неговата важноста посебно доаѓа до израз при пропаѓањето
на банките или опасноста од пропаѓањето на банкарскиот систем. Важноста на
фондот за осигурување на депозити исто така беше воочена и во периодот на
последната финансиски криза, кога голем број на држави го искористија овој фонд
како една од мерките за задржување на довербата и стабилноста на финансискиот
систем. Меѓутоа, и покрај тоа што инструментот за заштита на депозити се користи
во голем број економии, сепак постојат одредени разлики во самиот начин на
функционирање на овој инструмент. Системите за осигурување на депозити може
да се разликуваат од неколку аспекти. Пред да се разгледаат аспектите според кои
се разликуваат овие системите, треба да се претстават основните видови на
системи за осигурување на депозити. Системот за осигурување на депозити во една
земја може да биде (Mikhail Frolov, 2004):
• Имплицитен систем за осигурување на депозити и
• Експлицитен систем за осигурување на депозити.
Имплицитниот систем за осигурување на депозити е систем каде што
заштитата на штедачите се реализира од страна на државата и одлуките за
пoкриеноста и начинот на заштита имаат тенденција да бидат дефинирани
согласно потребата. Ова би значело дека кај ваквиот систем за заштита на
депозитите не постојат однапред дефинирани правила и процедури. Па, така,
имплицитниот систем за осигурување на депозити може да има неколку форми:
• Државата, и покрај тоа што не е обврзана со законската регулатива,
може да финансира систем за осигурување на депозити од
моменталниот државен буџет или преку централната банка;
• Во случај на пропаѓање на некоја банка, државата може директно да
ги обесштети штедачите или да овозможи депозитите од пропаднатата
банка да бидат преземени од друга банка;
• Државата може да овозможи финансиска поддршка за спојување на
банка која се соочува со тешкотии во своето работење. Со спојувањето
на банката која покажува проблеми во своето работење би се
спречило нејзино пропаѓање и со тоа би се заштитиле штедачите;
• Државата може да внесе свеж капитал во банката која се соочува со
проблеми во своето работење;
• Државата може да преземе дел од лошите пласмани или целосно да
ги преземе лошите пласмани на банката која се соочува со проблеми
во работењето.
За разлика од имплицитниот систем за осигурување на депозити,
експлицитниот систем подразбира воспоставување на прецизно дефинирани
правила, процедури и регулатива поврзана со различните аспекти за осигурување
на депозити. Со други зборови, согласно овој систем, однапред се дефинирани
висината на покриеност на депозитите, членството во фондот за осигурување,
придонесот кој го уплаќаат банките членки, процесот на финансирање, начинот на
обесштетување, итн. Следната табела ги прикажува основните разлики помеѓу
имплицитниот и експлицитниот систем за осигурување на депозити.

78
Табела 8: Основни разлики помеѓу имплицитниот и експлицитниот систем за
осигурување на депозити
Карактеристика Имплицитен систем Експлицитен систем
Постоење на правила и Не Да
процедури за
спроведување на
заштитата на депозитите
Обврска за заштита на Нема законска обврска; Постои законска обврска за
депонентите Државата арбитрарно заштита на депонентите до
одлучува за заштитата осигурениот лимит;
Осигурувачот арбитрарно
одлучува за заштита на
неосигурените депоненти
Степен на заштита Варира од незаштитеност Варира од ограничена
до целосна заштита заштита до целосна
заштита
Ex ante финансирање Нема Обично банките преку
плаќање на премии;
Државата може да
обезбеди иницијална
финансиска инјекција и по
можност редовни уплати
Финансирање во случај на Државата Од Фонд; кусоците може да
пропаѓање на банките бидат дополнети со
посебни уплати од банки
или преку кредити или
дополнителни средства од
државата или ЦБ
Извор: www.nbrm.mk

Основните разлики помеѓу системите за осигурување на депозити може да


се согледаат од аспект на постоењето на јасно дефинирани правила и процедури
за заштита на депозитите. Исто така, разлика се јавува и во делот на изворите за
финансирање на депозитите доколку се јави потреба. Од една страна, системот
може да биде финансиран од страна на банките преку плаќање на премија и
акумулирање на капитал во фондот. Од друга страна, финансирањето на
депозитите може да биде на товар на државата, односно на буџетот. Независно од
разликите кои постојат помеѓу системите за осигурување на депозити, сепак тие се
насочени кон исполнување на исти цели.
Банкарската индустрија е подлежна на таканаречени „панични повлекувања“
на депозитите од страна на штедачите. Ваквото повлекување на депозити може да
ја доведе банката до пропаѓање и покрај тоа што банката можеби не се соочувала
со проблеми во своето работење. Паничното повлекување може да настане од
шпекулативни причини во случаи кога пропаѓање на некоја банка може да
предизвика страв кај штедачите дека и други банки би пропаднале. Поради овој
страв, голем број на штедачи започнуваат да ги повлекуваат своите депозити од
банките и со тоа создаваат ликвидносни проблеми кај банките и во финансискиот

79
пазар. Еден од инструментите за надминување на ваквите проблеми е
имплементирање на систем за заштита на депозитите. Со постоење на ваков
систем, исплатата на депозитите на штедачите е загарантирана во случај на
пропаѓање на банките. Со гарантирањето за исплата на штедните влогови, се
постигнува враќање и одржување на довербата и стабилноста на банкарската
индустрија.

4.7. CAMELS системот за контрола на работењето на банките

Системот е развиен во Соединетите Американски Држави и се користи од


страна на супервизорските тела за оценување на банки и други финансиски
институции. Овој систем се користи за банки во САД како и за банки надвор од САД.
КАМЕЛ системот е предложен од страна на Базелскиот Комитет за банкарска
супервизија при Банката за меѓународни порамнувања (Bank for International
Settlement) како основна рамка за евалуација (оценување) на банките и останати
финансиски институции.
Овој систем има за цел да го контролира работењето на банките и да
идентификува потенцијални проблеми во банките или банки кои би можеле да се
соочат со проблеми во своето работење. Преку овој систем може да се добие
претстава за безбедноста и сигурноста на секоја банка.
КАМЕЛС (CAMELS) системот е прифатен како меѓународен рејтинг систем
кој се користи за супервизија на банките. Целта на овој систем е да се оценат
банките врз основа на пет, односно шест критериуми (CAMEL / CAMELS).
Институциите за супервизија ја оценуваат секоја банка на скала од 1 до 5 за секој
критериум поединечно. Притоа треба да се напомене дека оценка еден се смета за
најдобра оценка додека оценка 5 е најлошата оценка која може да ја добијат
банките за секој фактор поединечно (Julie Stackhouse, 2018).
Името на системот за оцена на банките претставува кратенка од почетната
буква на секој фактор кој се зема предвид при оценувањето на банките. Па, така,
факторите врз основа на кои се добива рејтингот за секоја банка се (Julie
Stackhouse, 2018):
• Капитал (Capital adequacy) – Се оценува капиталната адекватност на
институцијата преку анализа на трендовите на капиталот. Исто така, се
проверува дали институцијата ги исполнува законските барања за вредноста
поврзана со ризикот;
• Квалитет на средства (Asset quality) – Квалитетот на средствата го зема
предвид квалитетот на кредитите што ги пласира институцијата, бидејќи
истите влијаат на заработката на институцијата. Оценувањето вклучува
категоризирање на ризичните фактори со кои може да се соочи
институцијата. Ова дава сигнал за стабилноста на институцијата во ситуации
кога е соочена со конкретни ризици;
• Менаџмент (Management) – Преку оценка на менаџментот се утврдува
реакцијата на институцијата во услови на финансиски шок. Оценката во
рамките на овој фактор се однесува на способноста на менаџментот да ги
идентификува, мери, контролира ризиците со кои се соочува институцијата
во секојдневните активности;

80
• Заработка ( earnings) – Способноста на институцијата да заработи соодветни
приноси, да ја задржи својата конкурентност и да го зголемува капиталот е
еден од клучните фактори при оценка на самата институција. Оценувањето
се врши преку оценка на растот на институцијата, нејзината стабилност, нето
каматната маргина, нивото на нето вредност, квалитетот на средствата, итн.;
• Ликвидност (liquidity) – За да се оцени ликвидноста на институцијата, предвид
се зема нејзината чувствителност на ризикот на каматни стапки, достапноста
на средства (имот) кој лесно може да се конвертира во готовина, зависноста
на нестабилни краткорочни финансиски ресурси и адекватноста на
управувањето со актива и пасива;
• Чувствителност на пазарен ризик (Sensitivity to market risk) – Чувствителноста
го зема предвид начинот на кој што одредена ризична изложеност може да
влијае на институцијата.
Со користењето на системот за оценка на банките се добива можност да се
направи евалуација на различни области на работењето на банките. Со системот
се овозможува оценка на финансиските, менаџерските и оперативните аспекти на
работењето на секоја банка.
Системот се користи при супервизијата на финансиските институции,
односно за оценка на нивното работење и нивната стабилност. Исто така, преку
овој систем супервизијата има можност да ја мери ефикасноста во работењето на
банките врз основа на различните фактори, односно критериуми кои се дел од
CAMELS системот. Супервизорите имаат можност да спроведат теренска и вон-
теренска супервизија на банките за да ја оценат финансиската стабилност на
банката. Овој систем, исто така овозможува да се идентификуваат јаките страни на
една банка и да ги покаже областите каде банката би можела да се соочи со
проблеми. Способноста за навремено идентификување на области каде што може
да се појават проблеми (или постојат проблеми) во работењето на банките може
да спречи влошување на финансиската стабилност на банката.

81
4.8. Прашања за дискусија:

1. Која е разликата помеѓу регулација и супервизија на банкарската


индустрија?
2. Што претставува пруденцијална супервизија?
3. Кои се формите на пруденцијална супервизија на банките?
4. Објаснете некои од причините кои ја наметнуваат потребата за постоење
на банкарска регулатива;
5. Што се подразбира под поимот „преголеми за да пропаднат“?
6. Објаснете ги моделите на супервизија и регулација на финансиските
институции;
7. Кои пристапи се дефинирани за супервизија на финансиските
институции?
8. Што претставуваат Базелските стандарди?
9. Зошто се направени Базел II и Базел III спогодбата?
10. Направете споредба помеѓу трите Базелски спогодби?
11. Зошто е важно постоењето на фондот за осигурување на депозити?
12. Кои цели треба да се постигнат со создавање на фонд за осигурување на
депозити?
13. Кои е основните причини за создавање на фонд за осигурување на
депозити?
14. Објаснете го имплицитниот систем за осигурување на депозити;
15. Објаснете го експлицитниот систем за осигурување на депозити;
16. За што се употребува CAMELS системот?
17. Објаснете ги факторите преку кои се оценуваат банките согласно
CAMELS системот.

82
5. Банкарски производи и услуги

5.1. Цели на изучување

Различни фактори придонеле во развојот на бројот и карактеристиките на


производите и услугите кои што ги нудат банките. Во денешните економии, банките
се насочени кон привлекување на клиенти преку задоволување на нивните потреби
за финансиски производи и услуги. Па, така, за да се разбере работењето на
банките, потребно е да се претстават различните видови на производи кои што ги
нудат банките. Овие производи и услуги може да бидат основни, како што е
банкарска сметка, или да бидат комплексни производи како што се некои видови на
кредити. Целите на изучување во ова поглавје се:

• Да се разберат основните видови на банкарски сметки;

• Да се разберат различните видови на каматни стапки кои може да се


сретнат при работење со банкарските производи и услуги;

• Да се разберат основните видови на производи за штедење;

• Да се разберат основните категории на кредитни производи;

• Да се разберат основните елементи кои се составен дел на секој


кредит;

• Да се разбере амортизацијата и амортизациониот план;

• Да се разбере потребата за инструменти за обезбедување и видовите


на инструменти кои се прифатливи за банката;

• Да се разбере што претставуваат кредитните картички и кои се


нивните карактеристики;

• Да се разберат различните видови на станбени кредити;

• Да се разбере општиот процес за одобрување на кредити.

83
5.2. Видови на производи и услуги кои ги нудат банките

Развојот на банкарската индустрија овозможило развој на нови производи и


услуги кои ги нудат банките во своето работење, притоа производите и услугите
може да имаат финансиски или нефинансиски карактер. Развојот на широк спектар
на производи и услуги овозможува задржување на конкурентноста на банките
наспроти други небанкарски финансиски институции и привлекување на клиенти.
Исто така, понудата на бројни производи и услуги придонела во развојот на
универзалниот вид на банкарство каде што една банкарска институција нуди
целосни финансиски услуги. Зборувајќи за различните производи и услуги на
банката треба најпрво да се објаснат основните производи. Па, така, во своето
работење банките нудат услуги за отворање и затворање на различни видови
сметки. Основните сметки кои може да се отворат кај банките се:
• Тековна сметка – претставува банкарска сметка на која се заведуваат
сите уплати и исплати во работењето на комитентот со банката. Во
некои земји постои можност сопствениците на тековни сметки да се
задолжат до висината на кредит кој е одобрен од банката. Банките
може да плаќаат одредена камата (најчесто многу ниска камата) за
средствата кои комитентот ги држи на тековната сметка;
• Девизна сметка – е слична на тековната сметка со таа разлика што на
девизната сметка трансакциите се реализираат во некоја странска
валута. Уплатите и исплатите на девизната сметка не може да бидат
во домашната валута;
• Транскациска сметка – е сметка каде што се евидентираат сите
транскации во домашната валута кои се реализираат преку банката.
Покрај банкарските сметки, банките исто така нудат широка палета на други
прозиводи и услуги. Во реализирањето на секојдневните активности, банките, на
своите клиетни им нудат различни производи за штедење, кредитни производи како
и услуги во платниот систем. Исто така, банките нудат и производи и услуги
поврзани со картичното работење. Основните производи за штедење, кредитните
производи и производи поврзани со картично работење се претставени во
продолжение. Меѓутоа, пред да се разберат производите кои ги нудат банките,
потребно е да се разберат различните видови на каматни стапки кои постојат во
банкарското работење.
5.3. Каматни стапки во банкарското работење

Како и секоја друга индустрија, така и банкарската индустрија има свои


трошоци во работењето како и приходи кои ги генерира во процесот на понуда на
финансиски производи и услуги. Еден од трошоците кој што го плаќа банката е
каматата на штедните влогови, додека главен извор на приходи е цената која ја
наплаќа на кредитите, односно каматната стапка. Согледувајќи ја важноста на
каматните стапки во работењето на банките, потребно е да се дефинира што
всушност претставува каматна стапка и какви видови каматни стапки може да се
сретнат во банкарското работење.

84
Каматната стапка може да се дефинира како цената што ја плаќа
позајмувачот на средствата на кредиторот, односно сопственикот на средствата.
Каматната стапка го претставува трошокот за користење на средствата за
должникот или, од аспект на кредиторот, каматната стапка е приходот кој се
генерира при давање на средства на позајмувачот. Каматната стапка може да се
дефинира и како надоместок кој што се плаќа за користење на туѓи средства, кој
што е изразен во проценти и се пресметува согласно висината на средствата кои
се позајмени. Доколку должникот е категоризиран како должник со низок ризик,
тогаш цената на средствата е поевтина, односно кредиторот наплаќа пониска
каматна стапка. Постојат различни видови каматни стапки во банкарското
работење. На пример, поради тоа што банките во своето работење може да се
јават во улога на должник и во улога на доверител постојат пасивни и активни
каматни стапки. Постојат и други видови на каматни стапки согласно видовите на
кредитните производи што ги нуди банката и начинот на пресметка, односно
наплаќање на каматните стапки.

Активни каматни стапки


Активни каматни стапки се стапките кои банката ги наплаќа на кредитите.
Овие камати ги плаќаат кредитокорисниците за користење на средствата од
кредитот. Се нарекуваат активни каматни стапки бидејќи кредитите кои ги издава
банката се заведени како ставка побарување во Билансот на успехот (во делот на
активата).
Пасивни каматни стапки
Пасивните каматни стапки се стапките кои банката ги плаќа за користење на
средствата на штедачите и останатите средства кои што ги позајмува од
финансиските пазари. Пасивните каматни стапки претставуваат каматен трошок за
банката и како ставка се заведени во пасивата во Билансот на состојба на банката.
Разликата помеѓу активните каматни стапки и пасивните каматни стапки го
претставува каматниот распон што е всушност и каматен приход за банката.
Номинална каматна стапка
Номиналната каматна стапка е наједноставната форма на каматна стапка.
Терминот номинална каматна стапка може да се дефинира од аспект на инфлација
или цена на кредитите. Од аспект на инфлација, номиналната каматна стапка се
однесува на каматната стапка каде што не е земено предвид влијанието на
инфлацијата (Reschreiter, A., 2011).
Исто така, со терминот номинална каматна стапка може да се претстави и
цената која ја плаќаат корисниците на кредитите. Треба да се напомене дека
номиналната каматна стапка на кредитите не ги зема предвид дополнителните
провизии и надоместоци кои ги наплаќа банката за одобрување на кредит.
Реална каматна стапка
Реална каматна стапка е стапка која што е прилагодена со цел елиминирање
на ефектите од инфлацијата. Реалната каматна стапка ја прикажува висината на

85
приносот кој што го остварила банката. Наједноставниот начин за пресметка на
реалната каматна стапка е (Brockway, G. P., 1999):
Реална каматна стапка = Номинална каматна стапка – стапка на инфлација
На пример, да претпоставиме дека стапката на инфлација изнесува 3 %. Ова
би значело дека просечната вредност на потрошувачката кошница оваа година е за
3 % поскапа од претходната година. Доколку банката наплаќа 3 % каматна стапка
на кредитите кои ги пласира, тогаш нема да оствари приход гледано од аспект на
вредноста на парите, бидејќи инфлацијата ја намалува нивната вредност. Доколку
каматната стапка на кредитите изнесува 7 %, тогаш реалната каматна стапка би
била 4 %. Како последицата од инфлацијата, со истиот износ на пари оваа година
може да се купат помалку добра и услуги споредено со количината која можела да
се купи претходната година. Доколку инфлацијата изнесува 0 % тогаш реалната
каматна стапка и номиналната каматна стапка се исти.
Ефективна каматна стапка (годишна процентуална стапка)
Ефективната камата стапка ја претставува вистинската цена на позајмените
средства. За разлика од номиналната каматна стапка на кредитите, ефективната
каматна стапка ги зема предвид сите дополнителни трошоци (провизии) кои ги
наплаќа банката. Од таа причина, со споредба на висината на ефективната каматна
стапка може да се направи подобра споредба на трошокот за користење на
кредитите. Со други зборови, кредитокорисникот е во состојба да ги спореди
кредитите врз основа на целосната цена на чинење за користење на средства од
банка.
Фиксна каматна стапка
Фиксна каматна стапка е стапка која останува непроменета во рамките на
дефинираниот период.
Променлива каматна стапка
Променлива каматна стапка е стапка која може да се зголемува или
намалува за времетраење на кредитот. Висината на каматата која ја плаќа
кредитокорисникот или ја добива штедачот може да варира од еден период до друг.
Кај кредитите кои се одобрени со променлива каматна стапка висината на
месечната рата може да се менува зависно од промените во висината на каматната
стапка.
Интеркаларна каматна стапка
Интеркаларна камата е камата која се пресметува и наплаќа за периодот од
моментот на одобрување на кредитот (и негова исплата) до започнувањето на
отплата на кредитот, односно до плаќањето на првата рата. Поточно кажано, оваа
камата се плаќа за периодот до започнување на периодот за пресметка и за
плаќање на првата рата. На пример, банката ја наплаќа ратата секој 15-ти во
месецот, меѓутоа кредитот е одобрен на 5 ден од месец, тогаш за периодот од 5-ти
до 15-ти банката ќе пресмета и наплати интеркаларна камата. За периодот од 15-

86
ти овој месец до 15-ти наредниот месец кредитокорисникот е должен да ја плаќа
пресметаната рата согласно амортизациониот план.
Казнена каматна стапка
Казнена (затезната) каматна стапка е камата која се плаќа од страна на
клиентот (на пример, кредитокорисникот) во случај кога главницата, односно ратата
на кредитот не е платена на договорениот датум.
Референтна каматна стапка
Лондонска меѓубанкарска понудена каматна стапка (ЛИБОР) – е референтна
каматна стапка според која големите банките ги нудат своите средства на други
банки на Лондонскиот пазар на пари, односно пазар за краткорочни средства.
ЛИБОР ја претставува стапката според која големите банки би позајмувале
необезбедени средства помеѓу себе (Duffie, D., & Stein, J. C., 2015). Оваа каматна
стапка ја претставува просечната вредност на каматна стапка која се пресметува
секој ден на основа на проценката на групи на банки за стапката според која можат
да позајмат средства (Duffie, D., & Stein, J. C., 2015). Може да се каже дека ЛИБОР
го преставува трошокот за добивање на пари и се пресметува за 15 различни
периоди (рочности) (Foster, S. E., 2013).
Европска меѓубанкарска стапка (ЕУРИБОР) – претставува референтна
каматна стапка која се базира на просечните каматни стапки според кои банките во
Еврозоната меѓусебно позајмуваат необезбедени средства (Serge Gwynne et al.,
2018). Еурибор се пресметува преку котирање на каматните стапки од страна на
репрезентативна група, односно панел, составена од главните банки во
меѓубанкарскиот пазар (Serge Gwynne et al., 2018). ЕУРИБОР е изразена за повеќе
рочности, односно се пресметува и објавува на дневна основа за 8 рочности (EMMI,
2018).
Може да се заклучи дека преку различните активности банките се соочуваат
со различни видови на каматни стапки. Секоја од овие каматни стапки е важен
составен дел од банкарското работење бидејќи истите или претставуваат трошок
за банката или може да бидат приход за банката. Од таа причина, потребно е да се
разбере влијанието на различните видови на каматните стапки врз работењето на
банката, како и нивните карактеристики. Каматните стапки може да се разликуваат
од аспект на тоа дали се трошок за банката или пак приход. Исто така, тие може да
се разликуваат од аспект на нивната намена, нивната структура како и можноста за
промена на висината на каматна стапка.

5.4. Производи за штедење

Една од основните функции на банките е да ги прибираат слободните


парични средства кои се наоѓаат во економијата. За да ја реализираат оваа своја
функција банките треба да понудат производи за штедење за да ги привлечат
штедачите да ги депонираат своите средства. Од таа причина, банките имаат
создадено различни видови на штедни производи кои ќе ги задоволат барањата и
потребите на штедачите.

87
Секое лице (физичко и правно) има потреба да ја одржува својата ликвидност
во даден период. Па, така, производите за штедење кои ги нудат банките се
формирани со цел задоволување на различните потреби на своите клиенти. Како
резултат на претходното, банките нудат најразлични производи за штедење кои
може да се поделат врз основа на нивното времетраење, достапноста на
средствата, валутата, начинот на исплаќање на каматата и можност за вложување
на дополнителни средства.
Од аспект на достапноста на средствата, банките нудат депозити по
видување и орочени депозити. Кај депозитите по видување клиентите може да
располагаат со своите средства во секое време и банката не наплаќа казнени
провизии. Штедачите имаат можност да уплатат и да повлекуваат средства од
депозитите по видување во секое време. Депозитите по видување претставуваат
производ за штедење со најниска каматна стапка или прозиводи за кои банката не
плаќа камата. Исто така, депозитите по видување им овозможуваат на штедачите
да ја задржат својата ликвидност бидејќи овие депозити овозможуваат користење
на средствата по потреба.
Орочениот депозит е вид на депозит каде што постои ограничување за
повлекување на средствата. Со орочениот депозит клиентите се обврзуваат дека
нема да ги користат средствата за времетраење на депозитот, односно дека нема
да го разрочат депозитот. Во случај кога клиентот ги повлекува средствата од
орочен депозит пред договорениот датум (предвремено разрочување на депозитот)
банката може да наплати надомест. Висината на надоместокот за предвремено
разрочување на депозитот зависи од интерните правила и процедури на банката.
Надоместокот може да биде во форма на фиксен износ кој треба да го плати
клиентот или пак банката да исплати камата по видување на средствата. Зависно
од земја до земја, клиентите може да ги вложат своите средства во орочени
депозити со времетраење од неколку месеци до неколку години. Висината на
каматната стапка кај овој вид на депозит зависи од времетраењето на депозитите.
Со други зборови, за подолг период на орочување на средствата банките плаќаат
повисока каматна стапка.
Каматата која ја добиваат штедачите на своите орочени депозити може да
биде антиципативна, декурзивна и месечна камата. Антиципативната камата се
исплаќа во моментот на орочување на средствата. Декурзивната камата банките ја
исплаќаат по истекот на периодот на орочување на депозитот. Месечната камата
се исплаќа секој месец на сметка на штедачот. Изборот за видот на камата која би
се плаќала на депозитите е целосно на штедачот.
Производите за штедење имаат посебна важност во банкарското работење
бидејќи овие производи се едни од основните извори за средства на банките. Целта
за привлекувањето на поголем број штедачи и со тоа зголемување на депозитната
база создало потреба за понуда на различни видови производи за штедење.
Банките креирале различни видови производи за штедење кои би ги задоволиле
различните потреби на самите штедачи.

5.5. Кредитни производи

88
Развојот на банкарската индустрија и зголеменото ниво на конкуренција
создало поволна средина за развој на бројни кредитни производи. Од таа причина,
денес банките нудат широка палета на кредитни производи кои се наменети за
задоволување на потребите на клиентите. Кредитните производи исто така се
развиле и со цел да се прилагодат на кредитобаратели со различни
карактеристики. Најосновната категоризација на кредитните производи кои ги нудат
банките се кредити кои се наменети за домаќинствата и кредити кои се наменети
за корпоративниот сектор. Во својата понуда банките исто така имаат и кредитни
прозиводи кои ја земаат предвид ситуацијата во која се наоѓаат кредитобарателите.
Пред да се премине кон разгледување на некои од основните видови на кредитните
производи кои може да се сретнат во банкарското работење, потребно е да се
претстават основните елементи на кредитите.

5.5.1. Основни елементи на кредитните производи

Како и секој друг производ, така и кредитните прозиводи имаат неколку


основни и заеднички елементи. Овие елементи се составен дел од
карактеристиките на кредитните производи.
Кредитна апликација – е документ кој го пополнува секој клиент кој сака да
подигне кредит од некоја банка. Формата и структурата на кредитната апликација
може да се разликува од една до друга банка, меѓутоа е составен дел од кредитната
документација.
Каматна стапка – е цената која што банките ја наплаќаат од клиентите за
користење на средствата на банката.
Трошоци за одобрување на кредит – при разгледување на кредитните
барања и одобрување на кредитите банките имаат одредени трошоци. Па, така,
банките може да наплаќаат и надоместоци и провизии при разгледување и/или
одобрување на кредитната апликација.
Амортизација – амортизацијата го претставува процесот на отплаќање на
кредитот.
Датум на доспевање – или период на отплата го претставува времето за кое
треба да биде кредитот отплатен во целост од страна на клиентот.
Главница – износот на кредитот кој е одобрен.
Грејс период – е периодот во кој кредитот е на располагање на клиентот,
меѓутоа обврската за отплаќање на кредитот не е започната. За време на грејс
периодот корисникот на кредитот има обврска да ја плаќа каматата која се
пресметува на целиот кредит, меѓутоа не ја отплаќа главницата. Со завршување на
грејс периодот, корисникот на кредитот започнува со плаќање на обврска која е
составена од камата и главница и воедно започнува со отплата на главницата на
кредитот.
Кредити со девизна клаузула – се кредити кои се исплаќаат во домашната
валута, а се одобруваат во некоја странска валута. Кај овие кредити обврската за
нивно отплаќање е изразено во странската валута и ратата се пресметува согласно
средниот курс на централната банка на денот на уплата на ратата.
Во своето работење банките развиле најразлични видови на кредитни
производи кои ги нудат на своите клиенти. Секој од кредитните производи има свои

89
карактеристики и е насочен кон задоволување на потребите на различни категории
на клиенти. Меѓутоа, и покрај разликите помеѓу кредитните производи, сепак
постојат и некои основни елементи кои се заеднични за различните видови кредити.

5.5.2. Амортизација на кредит и амортизационен план

Амортизација на кредитот е процес на отплаќање на главницата на кредити


во согласност со условите утврдени во договорот за кредитот. Амортизацијата на
кредитот, или отплаќањето, се извршува според дефинираниот амортизационен
план.
Амортизационен план претставува план кој овозможува преглед на процесот
на отплаќање на кредитот. Амортизациониот план го прикажува отплаќањето на
кредитот во форма на табела, која е составена од различни елементи. Елементите
кои се прикажани во амортизациониот план се:
Вкупниот трошок на кредитот – Корисникот на кредитот може да го види
вкупниот трошок на кредитот бидејќи во амортизациониот план е наведена
вкупната камата која ќе биде платена како и стапката на вкупниот трошок;
Камата – Амортизациониот план исто така ја прикажува како посебен
елемент висината на камата, како и износот на камата кој се плаќа со секоја рата.
Исто така е прикажан и износот на каматата за целото времетраење на кредитот,
односно до негова целосна отплата.
Ануитет (рата) – Ова е составен елемент од секој амортизационен план на
кредитот и најчесто е на месечно ниво. Покрај тоа што е прикажана месечната рата,
амортизациониот план исто така ја прикажува распределбата на средствата од
ратата. Со други зборови, од амортизациониот план може да се види колкав дел од
ратата е наменет за плаќање на камата, а колкав дел е наменет за отплата на
главницата на кредитот. Исто така, од амортизациониот план може да се види и
датумот на достасување на секоја рата, односно до кога треба да биде платена
ратата од страна на кредитокорисникот;
Периодот на отплата на кредитот – Се однесува на временскиот период во
кој кредитот треба да биде отплатен од страна на корисникот на кредитот, односно
рокот на достасување на кредитот.
Останата главница – Амортизациониот план ја покажува висината на
главницата која треба да се отплати откако ќе се плати ратата за кредитот.
Корисникот на кредити и банката во секој момент знаат колку изнесува висината на
преостаната главница која треба да се отплати. Овој елемент од амортизациониот
план е корисен кога корисникот на кредитот сака предвреме да го отплати кредитот;
Грејс период – Доколку условите за одобрување на кредитот вклучуваат и
грејс период за неговата отплата, истото е наведено во амортизациониот план. Во
амортизациониот план може да се види времетраењето на грејс периодот, и
финансиските обврски на корисникот на кредитот за време на грејс периодот и по
истекот на овој период.
Треба да се напомене дека формата на амортизациониот план може да се
разликува од банка до банка. Меѓутоа, амортизационите планови издадени од
различни банки ги содржат истите основни елементи поврзани со кредитот и
неговото користење.

90
Потенцијалните кредитобаратели како и постоечките корисници на кредити
можат да го користат амортизациониот план на неколку начини. Потенцијалните
кредитобаратели можат да направат споредба на различните елементи на
кредитот од различни банки врз основа на амортизациониот план. Преку споредба
на опфатените елементи може да се види која банка нуди подобри услови од аспект
на висина на каматна стапка, висина на платена камата, итн. Од друга страна,
постоечките корисници на кредити можат да добијат информација за висината на
преостаната главница доколку се одлучат за предвремена отплата на кредитот.
Разлики во амортизационите планови може да постојат помеѓу различни
видови на кредити. На пример, за кредити кои се одобрени со фиксна каматна
стапка, висината на месечната рата би била еднаква за цело времетраење на
кредитот. Од друга страна, ратата за кредити кои се одобрени со променлива
камата стапка може да се разликува од еден пресметковен период до друг
пресметковен период. Колкава ќе биде разликата и дали ќе постои разлика зависи
од движењето на висината на каматните стапки во економијата и интерната
политика на банката.
Амортизацијата ни го претставува процесот на отплаќање на кредитот
согласно дефинираните услови. Меѓутоа, покрај амортизацијата, во банкарското
работење може да се појави и негативна амортизација на кредитот. Негативната
амортизација всушност претставува процес преку кој се зголемува висината на
главницата на кредитот, бидејќи месечните ануитет (рати) не се доволно големи за
да ја покријат целата камата за пресметковниот период. Разликата помеѓу каматата
која треба да се плати и камата која е платена со месечната рата се додава на
преостанатата главницата која треба да се отплати. Како резултат на негативната
амортизација, може да се појави ситуација каде што корисникот на кредит должи
повеќе средства и покрај тоа што редовно го сервисирал кредитот.
Негативната амортизација може да се појави кај станбените кредити кои
имаат променлива каматна стапка, меѓутоа имаат воспоставено ограничување за
максималната висина на ратата која што може да ја наплаќа банката од корисникот
на кредитот согласно договорот кога се прави прилагодувањето.
Амортизацијата и амортизациониот план се составен дел од работењето на
банките. Амортизациониот план дава увид во процесот на отплата на кредитот како
и висината и структурата на ратата. Придобивки од амортизациониот план постојат
и за банката и за штедачите. Една од придобивките е олеснување на процесот на
водење евиденција и следење на отплатата на кредитот. Придобивката за
кредитокорисниците е во тоа што се води евиденција за процесот на отплата на
кредитот. Исто така, кредитобарателите имаат можност да направат целосна
споредба на кредитите од различни банки пред да ја донесат крајната одлука во
која банка да аплицираат за кредит.

5.5.3. Инструменти за обезбедување прифатливи за банката

Еден од условите за одобрување на обезбеден кредит е потребата за


постоење на некој вид инструмент за обезбедување кој е прифатлив за банката.

91
Колатералот или инструментот за обезбедување е имот или средства кои се
користат од страна на кредитобарателот како обезбедување, односно гаранција
дека кредитот ќе биде отплатен согласно условите предвидени во договорот. Во
случај кога кредитокорисникот не го отплаќа кредитот редовно, тогаш инструментот
за обезбедување се активира и/или преминува во сопственост на банката.
Понатаму, банката, со средствата добиени од ликвидација (продажба) на
конфискуваниот (запленетиот) инструмент (недвижен и движен имот) треба да го
наплати преостанатиот дел од главницата и каматата, доколку се соберат доволно
средства.
Целта на потребата на некоја форма на гаранција за кредитите може да се
разгледува од аспект на банката и од аспект на клиентот. Од аспект на банката,
целта на залогот е:
• Одобрување на кредити на клиенти кои имаат лош кредитен рејтинг,
меѓутоа имаат одреден имот во нивна сопственост;
• Осигурување на делумна или целосна исплата на кредитот и
каматата, во случај корисникот да не го отплати кредитот;
• Заштита од непредвидени околности кои може да настанат во иднина;
• Намалување на можноста за појава на кредитен ризик.
Залогот исто така може да биде понуден и од страна на клиентот. Причините
поради кои клиентот би сакал да понуди некоја форма на обезбедување за кредитот
се:
• Можност за преговарање за висината на каматната стапка на кредитот.
Клиентот е во можност да издејствува пониската камата стапка за
кредитот бидејќи истиот е обезбеден со некој инструмент, и со тоа
ризикот за банката е помал;
• Можност за аплицирање за поголем износ на кредит е уште една
причина поради која клиентот би понудил залог. Имено, висината на
приходот, кредитната историја, степенот на задолженост, лош
кредитен рејтинг се само некои од факторите поради кои банката може
да одлучи да одобри помал износ на кредит. Во тој случај, клиентот
може да понуди некој имот како залог за одобрување на поголем износ
на кредит;
• Поедноставен процес за одобрување на кредитот, бидејќи кредитот е
обезбеден со залог, анализите и процесот на одобрување може да
бидат поедноставни.
Категоријата и вредноста на инструментот за обезбедување се дефинирани
од страна на банката. Постојат најразлични категории на инструменти за
обезбедување кои се прифатливи за банката. Заедничкото за сите инструменти е
дека за да бидат прифатливи како инструменти за обезбедување за банката тие
треба да бидат ликвидни. Со други зборови, залогот треба да има висок степен на
ликвидност, со што банката би можела да го претвори во готовина со најниски
можни трошоци, доколку се појави потребата за запленување (активирање) на
залогот. Поради потребата за ликвидност, банката не го прифаќа секој движен или
недвижен имот како залог. За пример да се земат две идентични куќи кои се наоѓаат

92
на различни локации. Куќата која се наоѓа во област за која што има зголемена
побарувачка ќе биде прифатена како залог, додека куќата која се наоѓа на локација
за која што нема никаква заинтересираност, нема да биде прифатена како залог од
страна на банката.
Како резултат на претходното, во банкарското работење се појавуваат
различни категории на инструменти за обезбедување. Овие инструменти може да
се разликуваат меѓу себе од аспект на: степенот на ликвидност, пазарната
вредност, побарувачката за конкретниот имот, идни очекувања за вредноста на
имотот, итн. Најосновната категоризација подразбира дека залогот може да биде
во форма на движен имот или недвижен имот. Општи средства кои може да бидат
прифатени од страна на банката како инструмент за обезбедување може да бидат
различни видови возила, личен имот, меница, жирант, административна забрана,
побарувања, залихи, и полиси за осигурување. Прифатлив залог за банката се и
депозитите на клиентите, односно, орочени депозити, депозитни сертификати и
средства на сметките за штедење. Овој вид на инструмент има највисок степен на
ликвидност и како такви се најприфатливи за банката. Исто така, банката може да
прифати и недвижен имот (стан, куќа, зграда, земјиште, фабрика, итн.) како
гаранција за издавање на кредит. Други инструменти за колатерал кои што се
прифатливи за банката се: хартии од вредност (акции, обврзници), полиси за
осигурување и колекционерски предмети.
Различните инструменти имаат различна вредност и различни фактори може
да имаат влијание врз нивната вредност. Инструментот кој ќе биде понуден како
гаранција ќе биде проценет од страна на банката или од страна на овластен
проценител. Преку проценката, се добива можност за анализа на факторите како
што се: степенот на побарувачка за инструментот, вредноста на инструментот,
степенот на ликвидност, идната вредност на инструментот, итн.
Треба да се има предвид дека најчесто максималната висина на кредит која
што би ја одобриле банките е пониска од проценетата вредност на залогот. На овој
начин банките се штитат од неочекувани негативни движења во вредноста на
инструментот за обезбедување.
Во своето работење банките се соочуваат со најразлични ризици, еден од
тие ризици е и кредитниот ризик. Управувањето на кредитниот ризик подразбира
дефинирање на соодветни правила и процедури за одобрување и надгледување на
кредитите. Еден од факторите кои треба да се земат предвид при управување со
кредитниот ризик е можноста за негово намалување. За таа цел, при одобрување
на кредити банките може да побараат одреден инструмент на гаранција од
клиентот. Клиентите може да понудат различни видови на инструменти и имоти
како колатерал со кој ќе гарантираат дека ќе ги исполнат своите кредитни обврски
согласно договорот за кредит.

5.5.4. Класификација на кредитните производи

Банките кои работат во денешно време, нудат широк спектар на кредити кои
се разликуваат според карактеристиките кои што ги имаат и според намената за
користење. Кредитите во денешно време може да се класифицираат и групираат
според различни основни. Треба да се има предвид дека може да постои разлика

93
во однос на палетата на кредити кои ги нудат банките во развиените земји и банките
кои работат во земјите во развој. Во својата најосновна форма, согласно клиентите
за кои се наменети кредитите, може да се сретнат две основни групи на кредити,
односно кредити за домаќинства и кредити за корпоративниот сектор.
Со цел задоволување на различните потреби на своите клиенти, низ
годините банките развиле најразлични видови кредити. Кредитите кои ги нудат
банките може да се разликуваат според начинот на одобрување, времето на
доспевање, потребата за колатерал, намената на кредитот, видот на каматната
стапка, итн. Па, така, различните видови на кредити кои може да ги нудат банките
во нивното работење може да се групираат во неколку категории врз основа на
карактеристиките на кредитите. Табела 9 ги прикажува основните категории на
кредити како и некои од видовите на кредити кои припаѓаат во соодветната
категорија.

Табела 9: Различни видови на кредити кои ги нудат банките


Категорија на кредити Видови на кредити
Од аспект на потребата за колатерал Кредит со обезбедување
Кредит без обезбедување
Од аспект на условите за отплаќање и Отворена кредитна линија
повторно користење на средствата Затворен кредит

Од аспект на рокот на доспевање Краткорочни кредити


Среднорочни кредити
Долгорочни кредити
Од аспект на намена на кредитот Ненаменски кредити
Наменски кредити
Кредит за купување
недвижен имот
Кредит за купување
автомобил
Потрошувачки кредит (за
купување во продавници)

Од аспект на каматната стапка Кредити со променлива каматна стапки

Кредити со фиксна каматна стапка


Кредити со фиксна и променлива
каматна стапка

Врз основа на потребата за колатерал можеме да разликува два вида на


кредити, односно кредити со обезбедување и кредити за кои не е потребно
обезбедување.

Кредити со обезбедување – се кредити кои се поврзани со некоја форма на


инструмент за обезбедување. Кај овие кредити банката бара залог кој би служел

94
како гаранција во случај кога постои можност кредитокорисникот да не го отплати
кредитот.
Кредит без обезбедување – не наметнува потреба од постоење на
инструмент за обезбедување. Кај оваа форма на кредит банките не бараат
гаранција за негова отплата. Овие кредити се одобруваат врз основа на кредитната
историја, кредитниот рејтинг и нивото на приходи на кредитобарателот. Кредити
без обезбедување најчесто имаат повисоки каматни стапки поради повисокиот
степен на ризик, споредено со кредитите со обезбедување.

Кога станува збор за начинот и условите на отплаќање на кредитот и


користење на средствата постојат отворени кредити и затворени кредити.
Отворените кредити се кредити кои уште се нарекуваат и револвинг кредити.
Средствата кои се одобрени од страна на банката може да се користат
континуирано. Со други зборови, и кај овие кредити постои обврска за плаќање на
одреден износ (или минимален износ), или целосна отплата на искористените
средства), меѓутоа уплатените средства повторно се на располагање за користење
на клиентот. Затворениот кредит е кредитен производ кој се отплаќа во ануитети
и уплатените средства не може повторно да бидат искористени. Корисниците на
овој вид кредит добиваат амортизационен план според кој се врши отплаќањето на
средствата.
Според времетраењето на кредитот, односно според периодот на
достасување на кредитот разликуваме три основни категории. Краткорочни кредити
се кредити кои досстасуваат до една година. Среднорочните кредити најчесто се
издаваат на период од една до пет години, додека долгорочните кредити се кредити
со рок на достасување поголем од пет години.
Намената на кредитот е уште еден фактор според кој што можат да се
категоризираат кредитите. Според намената, кредитите може да се категоризираат
во наменски и ненаменски кредити. За ненаменските (потрошувачки) кредити
банките во процесот на одобрување не бараат клиентот да даде опис на начинот
на користење на средствата. Клиентот кој аплицира за наменски кредит има јасно
дефинирана потреба за што би биле искористени средствата. Наменските кредити
се делат во повеќе категории во зависност од целта за која ќе бидат искористени.
Примери за наменските кредити кои ги нудат банките: автомобилски кредити,
станбени кредити, кредити за обртни средства, кредити за школување, кредити за
реновирање и изградба, кредити за инвестирање, итн.
Кредитите исто така можат да се класифицираат врз основа на видот на
каматната стапка која ја пресметува банката. Постојат три основни класификации
на кредити од аспект на банките, и тоа: кредит со фиксна каматна стапка, кредит со
променлива каматна стапка и кредит кој се издава со фиксна каматна стапка за
одреден период, и подоцна каматната стапка е променлива. Кај кредити со
променлива каматна стапка, каматната стапка може да се менува согласно
промената на каматните стапки во економијата и да се прави периодично
прилагодување. Со други зборови, банките можат да прават прилагодување на
каматната стапка кај овие кредити за да го следат трендот на промените на
пазарните каматни стапки. Од друга страна, за кредит кој има фиксна каматна
стапка, каматната стапка останува непроменета (фиксна) за целиот период на

95
отплата на кредитот. Покрај овие два вида на кредити, постои и кредит каде за
времетраење на периодот за отплата на кредитот каматната стапка се променува
од фиксна во варијабилна. Имено, за одреден период (најчесто првите години од
отплата на кредитот) каматната стапка е фиксна. После истекот на периодот со
фиксна каматна стапка, каматната стапка е променлива до крајот на периодот на
доспевање на кредитот. Поради променливиот карактер на каматата стапка, истата
може да остане иста или да биде повисока или пониска од првичната (фиксната
каматна стапка).
Кредитните производи можат да се класифицираат врз основа на неколку
различни фактори. Притоа треба да се напомене дека еден кредит може да припаѓа
во повеќе класи на кредити, на пример, некој кредит може да биде долгорочен,
наменски кредит со фиксна каматна стапка. Разликата, односно категоризирањето
на кредитните прозиводи се прави согласно нивните карактеристики. Покрај
претставената класификација на кредитните производи како и различните
категории на кредити, постојат и други категории и видови на кредити.

5.5.5. Кредитни картички

Кредитна картичка е производ понуден од страна на банките и други


финансиски институции. Кредитната картичка во основа претставува форма на
кредит, односно кредитна линија (револвинг кредит) или краткорочен кредит. Со
користење на кредитната картичка, сопственикот позајмува средства и со тоа
создава обврски спрема банката за нивно враќање.
Одобрениот кредитен лимит го претставува максималниот износ на средства
што се на располагање за користење на кредитната картичка. Кредитните картички
обезбедуваат лесен начин за позајмување пари за краток временски период. Во
својата физичка форма, кредитна картичка е пластична картичка. Средствата кои
се на располагање на кредитната картичка може да се користат преку подигнување
на готовина од банкомат (може да има високи провизии) или преку плаќање за стоки
и услуги во трговските мрежи.
И покрај физичката сличност помеѓу кредитните и дебитните картички, сепак
постојат разлики во нивното користење и обврските спрема банката. Со
одобрување на кредитните картички сопственикот има на располагање одреден
краткорочен кредит. Издавањето на дебитна картичка од страна на банката не
овозможува користење на средства на банката. Со други зборови, сопственикот на
дебитната картичка може да ги користи средствата кои ги уплатил на дебитната
картичка. Може да се каже дека дебитната картичка во основа претставува припејд
картичка, односно колку средства се уплатат, толку средства може да се
искористат. За разлика од дебитната, кредитната картичка овозможува користење
на средства одобрени од страна на банката. При користење на кредитната картичка
настанува обврската за отплаќање на долг согласно условите со кои што е
одобрена картичката. Од друга страна, користењето на дебитната картичка не
создава обврска за плаќање на рати за користените средства бидејќи не постои
задолжување.
Основните карактеристики на кредитните картички е дека тие се: вид на
кредит, издавачот на картичката наплаќа соодветни провизии и каматна стапка на

96
искористениот износ согласно договорот за користење. Користењето на кредитната
картичка, односно средства од дозволениот лимит, наметнува обврска за редовно
плаќање на минималниот износ. Во случаи на нередовно плаќање на обврските
настанати по основа на кредитна картичка, банките наплаќаат казнена камата која
е една од највисоките каматни стапки. Кредитните картички се сметаат за еден од
најскапите финансиски производи кои што ги нуди банката, односно еден од
најскапите форми на кредит.
Во модерните финансиски системи се нудат различни видови на кредитни
картички. Некои од основните видови на кредитни картички се прикажани во
продолжени.
Кредитни картички со обезбедување – е вид на кредитна картичка која се
издава врз основ на некое обезбедување. Имено, за да се добие овој вид на
кредитна картичка корисникот треба да остави депозит. Во овој случај депозитот
има улога на гаранција за издавачот на картичката, и во случај кога сопственикот
не ги подмирува достасаните обврски, издавачот ја наплаќа настаната обврска од
депозитот. Висината на кредитниот лимит кој ќе биде на располагање зависи од
висината на депозитот кој е оставен како гаранција. Кредитни картички со
обезбедување се најчесто наменети за луѓе кои немаат кредитна историја или од
најразлични причини не можат да добијат друг вид на кредитна картичка.
Кредитни картички без обезбедување – се кредитни картички чие што
одобрување и издавање не е условено од обезбедување. Имено, издавањето на
овој вид кредитна картичка и одобрувањето на лимитот зависат од кредитната
историја и способноста на отплаќање на искористените средства.
Кредитни картички за трансфер на билансот – е вид на кредитна картичка
која што нуди ниска каматна стапка за време на промотивниот период при
префрлање на билансите од старите кредитни картички. Со овој вид на кредитна
картичка, сопственикот има можност да ги затвори обврските на другите кредитни
картички, и да го префрли долгот на оваа картичка. Притоа, сопственикот може да
искористи промотивни понуди со ниски каматни стапки во рамките на промотивниот
период. Промотивната каматна стапка зависи од издавач до издавач, меѓутоа може
да изнесува и 0 %. Треба да се напомене дека по истекот на промотивниот период
каматната стапка на овој вид кредитна картичка може да биде повисока.
Кредитни картички со наградување – се вид на кредитни картички кои
овозможуваат стекнување на одредена награда со користење на картичката за
купување или активности дефинирани од страна на издавачот. Согласно видот на
награда може да се разликуваат: кредитни картички за враќање на пари (cashback),
награда во поени за патување, награда во поени за купување, итн.
Студентска кредитна картичка – е кредитна картичка која е создадена
согласно потребите на студентите. Имено, оваа категорија на корисници најчесто
немаат кредитна историја, меѓутоа имаат потреба од кредитна картичка. Овој вид
на картичка исто така може да овозможи одредени награди за сопствениците.
Charged credit cards – е форма на кредитна картичка каде што не постои
минимална месечна отплата која треба да се плати за искористениот дел од
кредитниот лимит. Користењето на овој вид кредитна картичка наметнува потреба
за целосна отплата на искористениот износ секој месец. Доколку искористениот
износ не се подмири во целост секој месец, банката ќе наплаќа провизии за

97
задоцнета отплата. Исто така, оваа кредитна картичка може да има повисока
годишна членарина, споредено со другите кредитни картички.
Субпрајм кредитни картички (Subprime credit cards) – се кредитни картички
кои се поврзуваат со корисници со лоша кредитна историја. Поради оваа причина,
овој вид кредитна картичка има многу високи каматни стапки и провизии.
Припејд кредитни картички – се до одреден степен слични на кредитните
картички со обезбедување. Сопственикот на картичката треба да депонира
средства на кредитната картички пред да може да ја користи. При купување на стоки
и услуги, износот на сметката се повлекува од расположливиот биланс на
кредитната картичка. Доколку сопственикот не депонира нови средства,
расположливиот лимит не се обновува. Претходното е во основа и разликата
помеѓу овој вид на кредитна картичка и картичка со обезбедување. Друга разлика е
дека банката (издавачот) не наплаќа каматната стапка на припејд кредитните
картички и истите не наметнуваат месечна обврска за отплата. Може да се каже
дека овој вид на картички има поголема сличност со дебитните картички.
Деловни кредитни картички – се кредитни картички кои се издаваат на
компаниите. Тие се создадени да се користат за деловни цели. Овој вид на
кредитна картичка е погоден за сопственици на бизниси, за да бидат во можност да
ги одвојат личните трансакции и деловните (бизнис) трансакциите.
Премиум кредитни картички – се картички кои што можат да овозможат
повисок степен на поволности и награди. Меѓутоа, добивањето на ваков вид
кредитна картичка наметнува потреба од поседување на одлична кредитна
историја и високо ниво на приходи (прифатливото ниво на приход зависи од
издавачот на кредитната картичка). Исто така, премиум кредитните картички имаат
и повисоки кредитни лимити и може да имаат пониска каматна стапка (APR).
Ко-брендирани кредитни картички – се картички кои се издаваат врз основа
на ко-спозонорства од две компании. Ко-брендираната кредитна картичка
овозможува различни поволности и награди за клиентите на компаниите кои ја
издаваат.
Користењето на кредитните картички има своја цена која што треба да ја
платат клиентите. Покрај провизиите и останатите надоместоци, главната цена на
кредитната картичка е нејзината годишната процентуална стапка (APR).
Годишната процентуална стапка (ГПС) го претставува вкупниот трошок за
користење на одобрениот кредитен лимит. Тоа е годишната стапка која се плаќа на
искористениот дел од кредитниот лимит. И покрај тоа што е изразена на годишно
ниво, банките (издавачите) ја користат годишната процентуална стапка за
пресметка на обврските на месечно ниво.
Зависно од видот и начинот на користење на кредитната картичка, постојат
неколку различни видови на годишна процентуална стапка. Годишната
процентуална стапка за трансфер на билансот ја преставува стапката која што се
плаќа кога се пренесува билансот од старата кредитна картичка на нова кредитна
картичка. Овој вид на годишна процентуална стапка може да изнесува и 0 % во
промотивниот период. Друга годишна процентуална стапка која може да ја
наплаќаат банките е ГПС за повлекување на готовина од банкомат. Треба да се
напомене дека оваа ГПС е една од највисоките годишни процентуални стапки, со
исклучок на казнената ГПС. Поради тоа што банките ја наплаќаат оваа ГПС,

98
повлекувањето на готовина од банкомат може да има релативно висок трошок.
Банките исто така може да наплаќаат и годишна процентуална стапка за средства
кои се искористени за купување на стоки и услуги. Казнената годишна процентуална
стапка се пресметува кога сопственикот на кредитната картичка не го платил
минималниот износ за искористениот дел од одобрениот кредитен лимит.
Ефикасно користење на кредитните картички наметнува потреба не само да
се разбере трошокот за корисниците, туку и да се разберат факторите кои што
можат да влијаат на висината на годишната процентуална стапка. Треба да се
напомене дека банките во развиените земји може да наплаќаат различна годишна
процентуална стапка за различни клиенти. Притоа, разлика во висината на ГПС
помеѓу различни клиенти може да биде значителна. Од таа причина треба да се
разгледаат некои од основните факторите кои што имаат влијание врз висината на
ГПС, а тие се:
• Кредитниот рејтинг на клиентот (Во САД FICO score) – или кредитната
способност на клиентите имаат важна улога во одредување на ГПС која што
би ја наплаќала банката за издавање на кредитна картичка. Клиенти кои
имаат висок кредитен рејтинг ќе плаќаат драстично пониска ГПС споредено
со клиентите кои имаа лош кредитен рејтинг;
• Референтната стапка – која се користи како основна каматна стапка, е друг
фактор кој има влијание врз висината на ГПС. Некои банки ја формираат ГПС
како референтната каматна стапка плус стапка која е одредена од страна на
банката. Референтната каматна стапка е поврзана со економските движења
и насоката на монетарната политика. Од таа причина, промена во оваа
каматна стапка би влијаело врз висината на ГПС;
• Промотивни понуди – е уште еден фактор кој влијае врз висината на ГПС
бидејќи банките може да понудат промотивна годишна процентуална стапка
за постоечките клиенти или за привлекување на нови клиенти.

Кредитната картичка е можеби најчесто употребуван финансиски инструмент


кој го нудат банките. Широката распространетост на овој производ е поради
неговите карактеристики. Во основа, кредитните картички претставуваат револвинг
кредит, што значи дека со отплата на искористениот износ, сопственикот на
картичката може повторно да ги користи средствата. Како и со другите видови
кредити, и овој вид кредити, односно финансиски производ, има своја цена која ја
плаќаат клиентите на банката. Треба да се напомене дека, најчесто, банките во
развиените земји наплаќаат различна висина на каматна стапка согласно
кредитниот рејтинг на корисникот на картичката. Исто така, треба да се има предвид
дека кредитните картички се еден од најскапите видови на кредити кои ги нудат
банките.
5.6. Видови на станбени кредити

Купувањето на недвижен имот е една од најчестата причина поради која


клиентите на банките би земале кредити. Притоа, за да ја задоволат потребата за
купување недвижен имот банките креирале различни видови на кредити. Банките,
во својата палета на кредитни прозиводи нудат и станбени кредити чии што

99
карактеристики се дефинирани согласно целта на клиентот за купување на
недвижен имот.
Во развиените економии, банките нудат најразлични видови на станбени
кредити. Целта поради која банките нудат широка палета на различни видови
станбени кредити, е да ги задоволат различните потреби на постоечките и
потенцијалните клиенти. Па, така, додека во земјите во развој понудата на станбени
кредити може да биде релативно ограничена, некои од почесто користените
станбени кредити кои ги нудат банките во развиените економии се следните:
• Станбен кредит со прилагодлива каматна стапка;
• Станбен кредит со фиксна каматна стапка;
• Станбен кредит (хипотекарен кредит) од втор ред;
• Станбен кредит со опција за преземање;
• Станбен кредит со растечка месечна рата;
• Обратен (реверзибилен) станбен кредит.
Станбениот кредит со прилагодлива каматна стапка и станбениот кредит со
фиксна каматна стапка се видови на станбени кредити кои најчесто се нудат и од
страна на банките во развиените земји и земјите во развој. Од друга страна, може
да постои ограничена понуда на реверзибилните станбени кредити и станбениот
кредит од втор ред од страна на банките во земјите во развој.
Станбени кредити со фиксна каматна стапка
Станбен кредит со фиксна каматна стапка е кредит чија што каматна стапка
останува непроменета за целото времетраење на кредитот. Ова би значело дека
кај овој вид на кредити, поради фиксната каматна стапка, месечната рата исто така
не се менува до целосната отплата на кредитот. Станбениот кредит со фиксна
каматна стапка овозможува полесно управување бидејќи потребата за
прилагодување на висината на месечните рати согласно промените во пазарните
каматни стапки не постои.
Станбени кредити со променлива каматна стапка
За разлика од станбениот кредит со фиксна каматна стапка, станбениот
кредит со променлива каматна стапка е кредит каде што постои можност за
промена на висината на каматната стапка за времетраење на кредитот. Ова би
значело дека месечната рата може да се менува во согласност со промените кои
настануваат кај висината на каматната стапка. Нагорно движење на каматните
стапки може да предизвика зголемување на месечната рата, додека намалување
на пазарните каматни стапки може да биде проследено со намалување на висината
на месечната рата.
Може да постојат и станбени кредити кои имаат комбинирана каматна стапка.
Имено, кај некои станбените кредити со променлива каматна стапки може да се
разликуваат два дела во текот на периодот до целосно отплаќањето на кредитот.
Имено, првиот дел е период во кој банката може да наплаќа фиксна каматна стапка,
додека вториот дел (по истекот на периодот со фиксна каматна стапка) го
претставува периодот во кој банката врши прилагодување на висината на

100
каматната стапка. Прилагодувањето на висината на каматната стапка, банката го
реализира во согласност со промените во висината на референтната каматната
стапка. Пример за референтна камата стапка врз основа на која што банките вршат
прилагодување на каматната стапка се ЕУРИБОР и ЛИБОР.
Некои од основните елементи на станбениот кредит со прилагодлива
каматна стапка кои треба да се земат предвид се:
• Иницијална каматна стапка – ја претставува каматната стапка која ќе ја
наплаќа банката во почетниот период на отплаќање на кредитот. Оваа
каматна стапка може да биде фиксна за одреден период кој е дефиниран
во договорот за кредит;
• Иницијален период на фиксна каматна стапка – го претставува периодот
во кој каматната стапка нема да се менува, односно период во кој се
пресметува фиксна каматна стапка. После истекот на овој период, може
да се врши прилагодување на висината на каматната стапка;
• Период на прилагодување – е периодот кој започнува после истекот на
периодот со фиксна каматна стапка. Имено, во овој период започнува
можноста за промени на каматната стапка согласно промените во
висината на референтната каматна стапка.
Станбените кредити со променлива каматна стапка се кредити каде што
каматната стапка може да се прилагодува за целото времетраење на кредитот.
Меѓутоа, банките во својата понуда на станбени кредити имаат воведено одредени
промени во станбените кредити со променлива каматна стапка. Промените се во
однос на инкорпорирање на период со фиксна каматна стапка и периоди со
променлива каматна стапка. Вака дефинираниот станбен кредит има за цел да
привлече поголем број клиенти.
Станбен или хипотекарен кредит од втор ред
Исто како и стандардниот станбен кредит, и овој вид на кредит е обезбеден
со некој вид на залог, односно недвижен имот. Меѓутоа, главната разлика помеѓу
стандардниот (оригиналниот) станбен кредит и станбен кредит од втор ред се
состои во тоа што станбениот кредит од втор ред се издава на основа на
акумулираната вредност (сопственост) во имотот што го поседува сопственикот на
станбениот кредит од прв ред (стандардниот станбен кредит). Сопственикот може
да акумулира вредност во недвижниот имот на два начини. Едниот начин на
акумулирање е преку отплаќање на постоечката хипотека. Со плаќање на
месечните рати се намалува вредноста на станбениот кредит од прв ред и се
зголемува дел од имотот кој го поседува сопственикот. Вториот начин за
акумулирање на вредност во имотот е преку апрецијација на вредноста на имотот.
Со други зборови, со зголемување на пазарната вредноста на имотот, вредноста
на делот кој го поседува сопственикот исто така се зголемува.
Станбениот кредит од втор ред се издава на основа на акумулираната
вредност која што ја има сопственикот, и овој дел од имотот се става како залог.
Одобрениот кредит се исплаќа на сметка на кредитокорисникот.

101
Станбен кредит со опција за преземање
Покрај традиционалниот станбен кредит, купувачите на недвижен имот во
некои земји имаат на располагање уште еден вид на станбен кредит. Имено,
купувачот може да го купи имотот преку преземање на станбениот кредит на
продавачот. Ова е можно доколку продавачот на недвижниот имот има подигнато
станбен кредит со можност за преземање при купување на имотот. Треба да се
напомене дека сите видови на станбени кредити ја немаат клаузулата за
преземање. Ова би значело дека купувачот и продавачот треба да проверат со
банката за можноста за преземање на станбениот кредит или да го прочитаат
договорот за кредитот.
Станбениот кредит со клаузула за преземање е кредит каде што се префрла
сопственоста на долгот, односно се презема долгот. Преземањето, односно
префрлањето на обврската за кредитот се реализира од моменталниот сопственик
на имотот кој се продава (продавачот) кон новиот сопственик на имотот (купувачот).
Купувачот на имотот, односно преземачот на долгот, треба да ја помине
процедурата за одобрување на станбен кредит. Ова би значело дека купувачот
треба да ги исполни условите за аплицирање и одобрување на станбен кредит кои
ги дефинирала банката. Со одлуката за одобрување на станбен кредит, обврската
за исплаќање на кредитот се префрла на купувачот на недвижниот имот. Новиот
сопственик ја презема обврската за отплаќање на преостанатата главница под исти
услови според кои бил одобрен кредитот на продавачот на имотот. Имено, условите
според кои е првично одобрен кредитот се префрлаат на новиот кредитокорисник.
Купувачите на недвижен имот можеби би сакале да купат недвижен имот со
станбен кредит со клаузула за преземање во услови кога постојат очекувања за
зголемување на висината на каматните стапки. Бидејќи новиот сопственик го
презема станбениот кредит со условите според кои е одобрен кредитот на
продавачот, купувачот може да се стекне со кредит со пониска каматна стапка.

Станбен кредит со растечка месечна рата


При купување на недвижен имот во почетните години од вработувањето,
купувачите можат да се соочат со несоодветни нивоа на приходи со кои би ги
покриле месечните рати за станбен кредит. Па, така, тие се одлучуваат да купат
имот во период кога нивните приходи би се зголемиле. Со цел да се надмине
ваквиот проблем за потенцијалните клиенти, некои банки нудат станбен кредит со
кои би го олесниле процесот на одобрување и сервисирање на долгот во период
кога купувачот има пониско ниво на приходи. Кредитниот производ кој го нудат
банките за да ги задоволат потребите на клиентите е станбен кредит со растечка
месечна рата. Од самото име на овој кредитен производ може да се заклучи дека
кај овој кредитен производ има постепено зголемување на месечната рата. Со тоа
што месечната рата е пониска во почетните години од отплаќањето на кредитот,
купувачот има можност полесно да добие одобрување за кредит.
Кредитокорисникот на овој вид кредит има можност да отплаќа повисока месечна
рата во периоди кога приходите исто така се зголемуваат. Со други зборови, на
почетокот од работниот век, односно во период на пониски приходи клиентот плаќа

102
пониска месечна рата. Со напредување во кариерата и зголемување на приходите
исто така се зголемува и месечната рата.
Како што беше напомнато, отплаќањето на станбениот кредит започнува со
пониска месечна рата, и месечната рата постепено се зголемува за одреден
временски период кој е утврден со договорот за одобрување на кредитот. Треба да
се има предвид дека месечната рата нема да се зголемува постојано за време
траењето на периодот на отплата на кредитот. Имено, зголемувањето се реализира
во одреден период кој е претходно дефиниран, со завршување на периодот за
зголемување на месечната рата, истата се фиксира до целосното отплаќање на
станбениот кредит.
На пример, може да се одобри кредит со рок на доспевање од 25 години, со
распоред за зголемување на месечната рата во првите пет години. Ова би значело
дека месечната рата би растела (зголемувала) во првите пет години од
отплаќањето на кредити, после што месечната рата би останала непроменета до
целосното исплаќање на кредитот. Месечната рата на крајот на петтата година би
била повисока од месечната рата која се плаќала во првите години од отплаќањето
на кредитот.
Во Табела 10 е прикажан основен пример за функционирањето на станбен
кредит со растечка месечна рата. Да претпоставиме дека рокот на доспевање на
кредитот е 30 години и кредитот кој е одобрен изнесува 200.000,00 долари.
Каматната стапка која ја наплаќа банката изнесува 6,5 % со периодот на растечка
месечна рата од пет години. Месечната рата се зголемува за 7,5 %.
Табела 10: Станбен кредит со растечка месечна рата
Висина на кредитот 200.000,00 долари
Каматна стапка 6,5 %
Рок на доспевање на кредитот (години) 30 години
Висина на почетна месечна рата 940,84 долари
Перидот на зголемување на месечната 5 години
рата пред нејзино фиксирање
Процент на зголемување на месечната 7,5 %.
рата

Во продолжение, во Табела 11 е прикажана основна пресметка за отплата на


станбен кредит со растечка месечна рата земајќи ги предвид карактеристиките на
кредитите дадени во Табела 10.

Табела 11: Поедноставен приказ на начинот на отплаќање на станбен


кредит со растечка месечна рата
Година 6 до
целосно
Година Година 1 Година 2 Година 3 Година 4 Година 5 отплаќање
на кредитот

103
Висина на
месечна $940.84 $1,011.40 $1,087.26 $1,168.80 $1,256.46 $1,350.69
рата

Од примерот може да се види дека месечната рата се зголемува во првите


пет години, при што месечната рата после петтата година останува иста (односно
зависи од променливата каматна стапка). Овој станбен кредит овозможува полесен
пристап до кредит за клиенти кои имаат пониски приходи, меѓутоа очекуваат
зголемување на нивните приходи во иднина.
Обратен (реверзибилен) станбен кредит
Со цел задоволување на потребите на лица со ниско ниво на приходи,
банките развиле соодветен кредитен инструмент за задоволување на овие
потреби. Имено, постојат лица кои се соочуваат со ограничено ниво на приходи,
меѓутоа овие лица може да имаат акумулирано соодветно ниво на капитал, односно
да се сопственици на некој недвижен имот. Ова најчесто е случај кај постарите
генерации и лица во пензија. Кај овие лица приходите или пензиите не се доволни
да ги задоволат нивните месечни потребени. Со цел овие лица да имаат можност
да ги надополнат своите приходи, банките нудат реверзибилен станбен кредит.
Начинот на функционирање кај овој вид на станбен кредит може да биде
малку збунувачки од аспект на исплаќањето и отплаќањето на кредитот. Другите
видови на станбени кредити функционираат така што банката одобрува и исплаќа
одреден износ на кредит на кредитокорисникот, при што кредитокорисникот има
обврска да го отплаќа кредитот согласно договорените услови. Кај реверзибилните
станбени кредити банките им исплаќаат на кредитокорисниците одреден износ
секој месец. Со други зборови, кредитокорисниците наместо да имаат обврска да
плаќаат месечна рата, тие може да добиваат пари секој месец од банката.
Поради начинот на кој што функционира реверзибилниот станбен кредит,
сопствениците на имот имаат можност да конвертираат дел од својот имот (или
целиот имот) во готовина. Сопственикот на недвижен имот може да позајми
средства од банката благодарејќи на вредноста на недвижниот имот. Отплаќањето
на реверзибилниот станбен кредит не се реализира преку редовни (месечни) рати
како што се случува кај другите видови на станбени кредити. Имено, кредитот се
отплаќа во целост кога кредитокорисникот ќе почине, во случај кога
кредитокорисникот ќе го продаде недвижниот имот или кога кредитокорисникот ќе
го напушти недвижниот имот (пр., преселба во старечки дом). Кредитокорисникот
на реверзибилниот станбен кредит нема обврска за плаќање на месечна рата.
Покрај исплаќање на месечна рата, банките нудат и други можности за
исплаќање на средствата од реверзибилниот станбен кредит. Сопствениците на
имот може да изберат да добиваат пари секој месец, да го добијат целиот износ
или дел од вкупно одобрениот износ, или комбинација од претходните можности.
Треба да се напомене дека при одобрувањето на овој вид станбен кредит
банките не ги земаат предвид некои од факторите кои се земаат предвид при
оценка на кредитната способност на клиенти кои аплицираат за некој од другите
видови на станбени кредити. Поради тоа што кај реверзибилните станбени кредити
клиентот нема обврска да плаќа месечна рата, висината на приходите или
104
кредитниот рејтинг немаат влијание при одлуката на банките за одобрување на овој
вид на кредит.
Развојот на банкарската индустрија, зголемувањето на конкуренцијата и
задоволување на потребите на клиентите придонеле кон развојот на нови кредитни
производи. Посебно до израз доаѓа понудата на станбените кредити, каде што
банките развиле кредити со различни карактеристики преку кои имаат можност да
привлечат различни категории на клиенти. Меѓутоа, треба да се има предвид дека
најширока палета на станбени производи се нуди од страна на банките кои работат
во развиените економии. Во економиите во развој банките сè уште имаат
ограничена понуда на станбени кредити, и одредени кредити кои се нудат во
развиените економии, не се нудат од страна на банките во земјите во развој. Видот
на станбен кредит за кој ќе аплицира клиентот зависи од неговата потреба и
неговите карактеристики како кредитобарател. Притоа, клиентот има можност да
побара совет од банката во однос на тоа кој кредит би бил најадекватен.
5.7. Процесот на одобрување на кредити

Управувањето со кредитниот ризик подразбира постоење на соодветно


дефинирани интерни процедури и правила. Кредитната политика има важна улога
во дефинирање на различните аспекти при одобрување на кредитите и управување
со одобрените кредити. Преку својата кредитна политика банките ги дефинираат
условите според кои се одобруваат кредитите како и клиентите кои се подобни за
аплицирање и подигнување на кредит. Исто така, кредитната политика има за цел
да ги дефинира чекорите за одобрување на кредит, започнувајќи од кредитната
апликација до контрола и надгледување на кредитокорисниците после одобрување
на кредитот. И покрај тоа што може да постојат одредени разлики во процесот на
одобрување на кредити помеѓу банките зависно од нивните интерни процедури и
правила, сепак, општата рамка се состои од неколку чекори. Општите чекори од
кои се состои процесот за одобрување на кредити се:
Предквалификација – Ова е првиот чекор во процесот на одобрување на
кредити. Целта во овој чекор е банката (вработениот во банката) да ги добие
потребните информации од страна на кредитобарателот. Со добиените
информации се спроведува првична анализа во однос на тоа дали
кредитобарателот ги исполнува условите за аплицирање за бараниот вид на
кредит. Доколку клиентот не ги исполнува условите за бараниот кредит,
вработениот може да предложи друг вид на кредит кој би бил посоодветен врз
основа на информациите кои се добиени. Со предлагање на друг вид кредит,
банката ја избегнува можноста за загуба на потенцијален клиент;
Кредитна апликација – Во овој чекор од процесот на одобрување на кредити
клиентот ја пополнува апликацијата за кредитот за кој сака да аплицира.
Кредитната апликација може да биде во физичка форма или во електронска форма.
Формата на апликацијата може да зависи од видот на кредитот за кој се аплицира
или од степенот на употреба на дигиталната технологија од страна на банката;
Процесирање на апликацијата – Секторот за кредитирање ја добива
кредитната апликација и проверува дали апликацијата е целосно пополнета.
Доколку апликацијата е нецелосна, истата се враќа до клиентот или кредитниот
105
референт за нејзино комплетирање. Исто така, Секторот за кредитирање врши и
проверка на точноста на податоците;
Анализа на кредитната апликација – Со комплетирање на кредитната
апликација се преминува кон анализа на кредитното барање и анализа на
подобноста на кредитобарателот. Анализата на кредитното барање и
кредитобарателот се реализира преку низа фактори/критериуми кои се земаат
предвид (односно методи за кредитна анализа, на пример 5К методот, КАМПАРИ
методот, итн.);
Кредитна одлука – Зависно од резултатите кои се добиени со анализата на
кредитното барање и кредитобарателот, банката може да ги донесе следните
одлуки: одобрување на кредитното барање; кредитното барање е одбиено, односно
кредитот не се одобрува или може да побара дополнителни информации.
Одбиеното кредитно барање може да се поднесе за повторна анализа доколку се
променат некои од параметрите во апликацијата (намалување на висината на
кредитот, зголемување на нивото на залог, итн.);
Проверка на квалитетот – Банкарската индустрија е една од индустриите
која подлежи на строга законска регулатива. Со цел банката да се осигура дека се
запазени законските прописи и барањата на регулативата, имплементира
процедура за контрола на квалитетот. Контролата на квалитетот се спроведува за
да се проверат различни аспекти од кредитната апликација и одобрувањето на
кредитот во однос на воспоставените интерни правила и екстерната регулатива;
Исплаќање на кредитот – исплаќањето на кредитот се реализира после
потпишување на договорите за кредит и останатите документи поврзани со
кредитот;
Сервисирање на кредитот – Ова е составен дел од процесот за одобрување
на кредитот. Овој чекор од процесот се реализира после одобрувањето и
исплаќањето на кредитот на кредитокорисникот до целосна отплата на кредитот.
Во рамките на овој дел од процесот, банката воспоставува рамка за следење на
редовноста во плаќањето (сервисирањето) на кредитот на кредитокорисникот. Со
други зборови, преку овој чекор банката воспоставува систем за информармирање
и идентификување на кредитокорисници кои не ги исполнуваат обврските кои се
дефинирани во кредитниот договор. Навремено идентификување на клиенти кои не
го отплаќаат својот кредит редовно може да ги намали загубите и да го намали
кредитниот ризик.
Процесот на одобрување на кредити може да се подели во три основни фази.
Првата фаза ги зема предвид постапките за предквалификација на клиентот и
неговата подобност за добивање на кредит. Втората фаза ги зема предвид
активностите кои се однесуваат на процесот на апликација и одобрување на
кредитната апликација. Погрешно дефинирани правила и процедури во оваа фаза
може да доведе до проблеми во работењето и одобрување на кредити на
несоодветни клиенти. За таа цел, банките имаат дефинирано и употребуваат некои
од методите за оценка на кредитната способност на кредитобарателите.
Последната фаза од процесот на одобрување на кредити е следењето и контролата
на одобрените кредити. Оваа фаза има за цел да обезбеди информации за
редовноста во наплатата на кредитите согласно договорените услови. Исто така,

106
преку оваа фаза банките имаат можност за навремено идентификување на клиенти
кои не ги исполнуваат договорените услови и со тоа банката може да преземе
соодветни мерки (на пример, активирање на хипотека).
За потребите на извршување на чекорот за предквалификација и чекорот за
пополнување на кредитната апликација, кредитниот референт треба да добие
одредени податоци и информации од страна на клиентот и од страна на соодветни
институции (пр., Кредитно биро). Податоците и информациите кои се потребни за
овие два чекори се:
• Лични податоци – Клиентот треба да достави точни податоци за неговото
име и презиме, адреса на живеење, единствениот матичен број, како и
информации за работодавецот;
• Приходи – Кредитобарателот треба да даде информација за висината
на неговите приходи како и изворите на приходите, доколку има приходи
и по друга основа освен приходи од плата;
• Имот – Кредитобарателот треба да даде информација за неговата имотна
состојба. Со други зборови, треба да се наведе движен и недвижен имот
кој што е во сопственост на кредитобарателот. Може да се напомене дека
за одредени видови на кредити, банките може да не бараат детална
информација за целосниот имот кој го поседува кредитобарателот;
• Долгови и обврски – Покрај приходите и имотот, банката бара
информација и за задолженоста на кредитобарателот. Имено, клиентот
треба да ги наведе постоечките кредити кои ги има (доколку има) како и
останатите финансиски обврски. Информација за кредити од други банки
и одредени финансиски обврски, банката, исто така, може да добие и од
соодветното Кредитно биро;
• Исплатени кредити – Банката исто така може да побара информација за
кредити кои ги имал клиентот во минатото и кои биле отплатени. Ваквата
информација може да се добие и преку Кредитното биро;
• Намена на кредит – Банката може да побара од клиентот да ја наведе
намената за која подигнува кредит. Потребата за овој вид информација
може да не постои во случај кога се аплицира за ненаменски кредит.
Фазата на предквалификација има за цел да го подобри и направи ефикасен
процесот на одобрување на кредити. Информациите кои се потребни во оваа фаза
даваат преглед врз подобноста на кредитобарателите за добивање на кредит за кој
што сакаат да аплицираат. Исто така, во овој чекор банката може да понуди и
соодветно решение и да даде совет за видот на кредитот кој би бил соодветен за
потребите на клиентот. Клиентите треба да дадат вистински податоци за да може
да се добие реална слика за нивната кредитна способност.
Во наредната фаза од процесот на одобрување на кредити се реализира
анализа на кредитната апликација. За целите на анализирање на кредитната
апликација и подобноста на клиентот за одобрување на кредит, банките земаат
предвид неколку основни критериуми (аспекти). Целта на овие критериуми е да
овозможат подетална анализа на способноста на клиентот да го сервисира
кредитот за кој аплицирал. Преку анализата, банката ја оценува кредитната

107
способност на клиентот како и влијанието на клиентот врз кредитното портфолио
на банката. Исто така, врз основа на резултатите од анализата банката ја одредува
висината на каматната стапка која ќе се наплаќа на кредитот. Последното е
најчесто случај во развиените земји, каде ризичноста на клиентот има влијание врз
висината на каматната стапка. Па, така, банката наплаќа пониски камати на кредити
одобрени на клиенти со понизок степен на ризик, односно клиент со подобар
кредитен рејтинг. Факторите кои се земаат предвид при анализа на кредитната
апликација се:
• Висината на месечната рата – Се прави анализа на максималната висина
на рата (ануитет) која што може да ја плаќа клиентот врз основа на
неговите приходи и неговите долгови и финансиски обврски. Земајќи го
предвид овој фактор, банките се во состојба да видат дали клиентот би
можел редовно да го сервисира кредитот за кој аплицирал;
• Вработувањето (работодавец) – Банката ја зема предвид и стабилноста
на работното место, односно стабилноста на работодавецот. Во рамките
на овој критериум банката добива информација за начинот на
вработувањето на клиентот, односно дали е вработен на определено или
неопределно време. Исто така, клиентот треба да наведе и колкав период
е вработен кај моменталниот работодавец (може да се побара и потврда
од работодавецот);
• Кредитното однесување – Овој фактор го земаат банките при анализата
со цел да го анализираат однесувањето на клиентот во минатото во однос
на претходните кредити кои ги подигнал. Преку извештајот за кредитна
активност издаден од Кредитното биро, банката може да го види
однесувањето на клиентите во минатото. Имено, се добива информација
за тоа дали клиентот редовно ги подмирувал своите кредитни обврски или
не. Ваквата информација ѝ помага на банката да го види степенот на
ризичност на клиентот и да креира профил на клиентот.
Покрај потребата да се разберат основните фактори кои се земаат предвид
при процесот на одобрување на кредити, исто така, потребно е да се разберат и
причините поради кои кредитната апликација може да биде одбиена. Некои од
причините поради кои банката може да донесе одлука за одбивање на кредтитно
барање, односно да не одобри кредит на клиентот се:
• Несоодветно ниво на приходи за отплаќање на бараниот износ на кредит;
• Несоодветно вработување – Може да биде од аспект на начинот на
вработување на клиентот (на определено или неопределено време), од
аспект на периодот на вработување кај моменталниот работодавец или
доколку клиентот има нередовно вработување;
• Историја на нередовно сервисирање на долгот, односно нередовно
плаќање на ратите, несоодветно кредитно однесување во минатото.
Процесот за одобрување на кредити претставува еден од најважните
процеси во банкарското работење. Неговата важност може да се гледа од аспект
на влијанието и улогата која што ја имаат кредитите во банкарското работење.
Кредитите претставуваат еден од основните прозиводи кои ги продаваат банките и

108
како такви заземаат важен дел од банкарските работи. Кредитите можат да имаат
значително влијание врз стабилноста на банката и нејзините приходи. Поради
високиот степен на влијание кое што го имаат кредитите врз стабилноста и
работењето на банките, постои потреба од имплементирање на соодветни процеси
поврзани со кредитите. Овие процеси треба да бидат насочени кон
идентификување на потенцијални проблеми кај кредитокорисниците и
елиминирање или намалување на можноста за појава на кредитен ризик.
Исполнувањето на овие цели би значело дека банката има воспоставено процес за
одобрување на кредити кој опфаќа повеќе фази. Имено, банката треба да има
адекватен процес не само за одобрување, туку и за следење на одобрените кредити
и соодветните кредитокорисници. Сите овие правила и процедури како и процеси
треба да бидат составен дел од интерната кредитна политика на банката како и
составен дел од политиката за управување со ризици. Треба да се напомене дека,
при дефинирање на соодветните правила и процедури, банката не смее да стане
ригидна во односот со клиентите бидејќи може да се појави опасност од
намалување на базата на клиентите и степенот на конкурентност на банката.

109
5.8. Прашања за дискусија:

1. Кои се основните банкарски сметки?


2. Објаснете што претставува каматната стапка и каматата;
3. Кои видови каматни стапки постојат во банкарското работење?
4. Објаснете ги депозитите по видување;
5. Објаснете ги орочените депозити;
6. Што претставуваат антиципативната, декурзивната и месечната каматна
стапка кои може да се исплаќаат на орочени депозити?
7. Кои се основните елементи на кредитните производи?
8. Што претставува амортизација на кредит?
9. Што преставува амортизационен план на кредит?
10. Кои елементи ги содржи амортизациониот план?
11. Што претставува негативната амортизација?
12. Што преставува колатерал (залог) кај кредитните производи?
13. Објаснете ја потребата за колатерал кај кредитните производи;
14. Наведете кои инструменти се прифатливи како обезбедување
(колатерал) за банката при одобрување на кредити;
15. Кои се различните видови на кредити кои ги нудат банките?
16. Врз основа на каматната стапка, како може да се класифицираат
кредитите?
17. Објаснете ги кредитните картички како финансиски производ;
18. Која е разликата помеѓу кредитните картички и дебитни картички?
19. Објаснете ги основните видови на кредити картички;
20. Објаснете ја важноста на годишната процентуална стапка кај кредитните
картички;
21. Објаснете го станбениот кредит со прилагодлива каматна стапка;
22. Објаснете го станбениот кредит со фиксна каматна стапка;
23. Објаснете го станбениот кредит од втор ред;
24. Објаснете го станбениот кредит со опција за преземање;
25. Објаснете го станбениот кредит со растечка месечната рата;
26. Објаснете го реверзибилниот станбениот кредит;
27. Кои се општите чекори во процесот за одобрува на кредити?
28. Кои податоци и информации се потребни во кредитниот процес?
29. Кои фактори се земаат предвид при анализа на кредитната апликација?
30. Поради кои причини банката може да одлучи да одбие кредитно барање,
односно да не одобри кредит?

110
Речник на поважни термини

А
• Активни банкарски работи – active bank operations
• Активни каматни стапки – active interest rates
• Амортизација на кредитот – loan amortization
• Амортизационен план – loan amortization schedule

Б
• Банкарство на мало – retail banking
• Банкарство во сенка – shadow banking

В
• Валутен ризик – currency risk (foreign exchange risk)

Г
• Главница на кредит – loan principal (amount)
• Годишната процентуална стапка – annual percentage rate
• Грејс период – grace period

Д
• Девизна сметка - foreign currency account
• Депозит по видување – demand deposits

Е
• Европска меѓубанкарска стапка (ЕУРИБОР) - Euro Interbank Offered Rate
(EURIBOR)
• Експанзивна монетарна политика – Expansionary monetary policy
• Експлицитен систем за осигурување на депозити – explicit deposit insurance
system
• Ефективна каматна стапка (годишна процентуална стапка) – effective
interest rate – annual percentage rate

Ж
• Жирант – co-signer

З
• Казнена (затезна) каматна стапка – penalty interest rate

И
• Имплицитен систем за осигурување на депозити – implicit deposit insurance
system
• Инвестициско банкарство – investment banking
• Интеркаларна камата – intercalary interest rate

111
• Инструментот за осигурување или гарантирање на депозитите – Deposit
insurance scheme / deposit guarantee scheme

К
• Казнена каматна стапка – penalty interest rate
• Каматен распон – interest rate spread
• Каматен ризик – interest rate risk
• Коефициент на обрт на средства – asset turnover ratio
• Коефициент на обрт на залихите – inventory turnover ratio
• Комерцијално банкарство – commercial banking
• Корпоративно банкарство – corporate banking
• Кредитен ризик – credit risk
• Кредитни картички со обезбедување – secured credit cards
• Кредитни картички за трансфер на билансот – balance transfer credit cards
• Кредитни картички со наградување – rewards credit cards
• Кредитор во крајна инстанца – lender of last resort

Л
• Ликвидносен ризик – liquidity risk
• Лондонска меѓубанкарска понудена каматна стапка (ЛИБОР) - London
Interbank Offered Rate - LIBOR

М
• Месечна рата – monthly payment

Н
• Негативна амортизација – negative amortization
• Номиналната каматна стапка – nominal interest rate

О
• Обезбедување (за кредити) – collateral
• Оперативен ризик – operational risk
• Операции на отворен пазар – open market operations

П
• Пазарен ризик – market risk
• Пасивни банкарски работи – рassive banking
• Пасивни каматни стапки – рassive interest rates
• Период на отплата на кредитот – loan repayment period ( loan maturity)
• Приватно банкарство – private banking
• Просечниот период на наплата – accounts receivable turnover ratio
• Просечен период на плаќање – average payment period ratio
• Принос од средства – return on assets
• Принос на сопственички капитал – return on equity
• Променлива каматна стапка – adjustable interest rate

112
Р
• Реална каматна стапка – real interest rate
• Репутацискиот ризик – reputational risk
• Рестриктивна монетарна политика – contractionary monetary policy
• Референтна каматна стапка – benchmark rate

С
• Системскиот ризик – systemic risk
• Стапка на задолжителна резерва – bank reserve ratio
• Станбен кредит со прилагодлива каматна стапка – adjustable rate mortgage
loan
• Станбен кредит со фиксна каматна стапка - fixed rate mortgage loan
• Станбен кредит (хипотекарен кредит) од втор ред – second mortgage loan
• Станбен кредит со опција за преземање – assumable mortgage loan
• Станбен кредит со растечка месечна рата – graduated payment mortgage loan
• Обратен (реверзибилен) станбен кредит – reverse mortgage loan

Т
• Тековна сметка – current account, checking account
• Транскациска сметка - transaction account; checking account

• Управување со ризици – risk management

• Фиксна каматна стапка – fixed interest rate


• Фракционо банкарство – fractional reserve banking

113
Користена литература:

ABA (2014), The Business of Banking: What Every Policy Maker Needs to Know,
American Bankers Association, pp. 7;
Anatoli Segura and Javier Suarez (2016), How excessive is banks’ maturity
transformation?, Working Paper Series No 3, European System of Financial
Supervision, European Systemic Risk Board, pp. 1-4;
Andrew D. Schmulow (2015), The four methods of financial system regulation: An
international comparative survey, JBFLP, Vol. 26, No. 3, pp. 151 – 172.
Ab-Hamid, M. F., et al. (2017). BankMarket Risk and Efficiency of Commercial Banks in
Malaysia. Jurnal Pengurusan, (51), 1–17;
Al-Abadi, M. I., & Al- Sabbagh, O. W. (2006), Interest Rate Sensitivity, Market Risk,
Inflation and
Bank Stock Returns. Journal of Accounting, Business & Management, 13, 25–38;
Arben Mullai (2006), Risk Management System – Risk Assessment Frameworks and
Techniques, DaGoB publication series, Но. 5, ISBN 951-564-393-7, pp. 69 – 140;
Barbara Casu et al. (2006), Introduction to banking, Prentice Hall, Financial Times, pp.
50 – 57;
Bardaeva, P. (2014), The Right Place for Alm and Ftp in a Bank. Journal of Performance
Management, 26(2), 22–27;
BCBS (1997), Principles for the Management of Interest Rate Risk, Basle Committee on
Banking Supervision, Basel Committee Publications, pp. 6 – 9;
BCBS (2001), The New Basel Capital Accord: an explanatory note, Secretariat of the
Basel Committee on Banking Supervision, Bank For International Settlements, pp.
1 – 16;
BCBS (2006), International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards,
Bank for International Settlements, pp. 1 – 347;
BCBS (2009), International framework for liquidity risk measurement, standards and
monitoring, Consultative Document, Bank for International Settlement, pp. 25 – 31;
BCBS (2011), Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and
banking systems, Bank for International Settlements, pp. 1 – 7;
BCBS (2016), Standards: Interest rate risk in the banking book, Bank for International
Settlement, pp. 3 – 22;
Benz, G.V. (1979), “International trade credit management”. Grower Press Limited, Great
Britain;
Bierwag, G. O., & Fooladi, I. J. (2006), Duration Analysis: An Historical Perspective.
Journal of Applied Finance, 16(2), 144–160;
Brett W. Fawley and Christopher J. Neely (2013), Four Stories of Quantitative Easing,
Federal Reserve Bank of St. Louis REVIEW, 95(1), pp. 51-88;
Bojana Olgić Draženović (2015), Modeli financijske supervizije i regulacije u zemljama
EU-a, Zbornik Veleučilišta u Rijeci, Vol. 3, No. 1, pp. 69-82;
Boora, K. K., & Kavita (2018), The Impact of Basel III Norms on Profitability: An Empirical
Study of Indian Public Sector Banks. IUP Journal of Financial Risk Management,
15(3), 44–58;

114
Brockway, G. P. (1999), The `real interest’ fallacy and the Fed’s COLA. Journal of Post
Keynesian Economics, 22(1), 149
https://doi.org/10.1080/01603477.1999.11490232
C.A.E. Goodhart (2010), The changing role of central banks, BIS Working Papers No 326,
pp. 1 – 33;
Caldentey, E. P. (2017), Quantitative Easing (QE), Changes in Global Liquidity, and
Financial Instability. International Journal of Political Economy, 46(2/3), 91–112;
CBGG (2009), Issues in the Governance of Central Banks, A report from the Central Bank
Governance Group, Bank For International Settlements;
Christa H.S. Bouwman (2013), Liquidity: How Banks Create It and How It Should Be
Regulated, The Oxford Handbook of Banking 2nd edition;
Comptroller of the Currency Administrator of National Banks (2012), Interest Rate Risk,
Comptroller’s Handbook, Liquidity and Funds Management;
Committee of the International Organization of Securities Commissions (2012), Sound
Practices for the Management of Liquidity Risk at Securities Firms, Report of the
Technical Committee of the International Organization of Securities Commissions;
CPA Australia (2009), A guide to managing foreign exchange risk, CPA Australia, ISBN
978-1-876874-47-6;
Daniel K. Tarullo (2014), Rethinking the Aims of Prudential Regulation, Federal Reserve
Bank of Chicago, Bank Structure Conference, pp. 1 – 17;
DeMasi, J. (2006), Understanding Your Bank’s Exposure to Market Risk. Community
Banker, 15(6), 54–55;
Deniz Anginer and Asli Demirguc-Kunt (2018), Bank Runs and Moral Hazard: A Review
of Deposit Insurance, Policy Research Working Paper 8589, World Bank Group, pp.
1 – 29;
Dirk Schoenmaker and Nicolas Véron (2017), A ‘twin peaks’ vision for Europe, Policy
Contribution, Bruegel, Issue No, 30, pp. 2 – 3;
Duffie, D., & Stein, J. C. (2015), Reforming LIBOR and Other Financial Market
Benchmarks. Journal of Economic Perspectives, 29(2), 191–212.
https://doi.org/10.1257/jep.29.2.191
Dorn, N. (2012), Lehman - lemon: “too connected to fail” as a policy construct. Law &
Financial Markets Review, 6(4), 271–283;
EMMI (2018), Cessation of EURIBOR tenors, European Money Markets Institute,
D0237B-2018;
Ennis, H. M., and Malek, H. S. (2005), Bank Risk of Failure and the Too-Big-to-Fail Policy.
Economic Quarterly (10697225), 91(2), 21–44;
Ewa Miklaszewska and Krzysztof Kil (2016), Reputational risk: problems with
understanding the concept and managing its impact, Bezpieczny Bank, 4(65), pp.
104;
Federal Reserve Bank of Kansas City and Federal Reserve Bank of St. Louis (2004),
“Federal Reserve Center Publications for on Line Learning”, U.S.A;
Federal Reserve System (2016), Purposes and Functions, Federal Reserve System
Publication, Tenth Edition, pp. 72 - 100. DOI: 10.17016/0199-9729.10;
Fernando de Abreu Faria and Rosalvo Ermes Streit (2016), Governance in central banks:
a comparative study of the governance practices used by the central banks of Brazil,
Canada and England, Rev. Adm. Pública — Rio de Janeiro 50(5), pp. 765-793;

115
Foster, S. E. (2013), LIBOR Manipulation and Antitrust Allegations. DePaul Business &
Commercial Law Journal, 11(3), 291–330;
Fratzscher, M., et al. (2018), On the International Spillovers of US Quantitative Easing.
Economic Journal, 128(608), 330–377;
Frederic S. Mishkin (2001), Prudential Supervision: What Works and What Doesn't,
University of Chicago Press, pp. 1 – 30;
Frederic S. Mishkin (2001), Prudential Supervision: Why Is It Important and What Are the
Issues?, National Bureau of Economic Research, University of Chicago Press, pp.
1 – 30;
FSB (2013), Strengthening Oversight and Regulation of Shadow Banking. Policy
Framework for Strengthening Oversight and Regulation of Shadow Banking Entities,
29 August;
Fungacova, Zuzana et al. (2012), Bank Capital, Liquidity Creation and Deposit Insurance,
29th International Conference of the French Finance Association (AFFI) 2012;
Gleta, J., & Teplý, P. (2012), An Institutional Analysis of Bank Regulation. Scientific
Papers of the University of Pardubice. Series D, Faculty of Economics &
Administration, 18(24), 64–76;
Group of Thirty (2008), The structure of Financial Supervision Approaches and
Challenges in a Global Marketplace, Group of Thirty, Group Report, pp. 12 – 16;
Haubrich, J. G., & Thomson, J. B. (2008), Umbrella supervision and the role of the central
bank. Journal of Banking Regulation, 10(1), 17–27;
Ireland, Peter N. (2008), Monetary Transmission Mechanism, The New Palgrave
Dictionary of Economics, 2nd ed., ed. by Steven N. Durlauf and Lawrence E. Blume
(Houndmills, United Kingdom: Palgrave MacMillan);
Jakob de Haan and Sylvester Eijffinger (2016), The politics of central bank independence,
De Nederlandsche Bank, Working Paper No. 539, pp. 5 – 15;
Jeanne Gobat (2012), Back to basics: What Is a Bank?, Finance & Development, pp. 38;
John Chikura (2013), Objectives of Deposit Protection, Deposit Protection Corporation;
Julie Stackhouse (2018), The ABC’s of CAMELS, Federal Reserve bank of St. Louis,
July 24;
Katalin Botos (2016), Money Creation in the Modern Economy, Public Finance Quarterly,
4, pp. 442 – 457;
Kurt Mettenheim (2013), Back to Basics in Banking Theory and Varieties of Finance
Capitalism, De Gruyter, 3(3), pp. 357–405. doi 10.1515/ael-2013-0008;
Macey, J. R., and Holdcroft, J. J. P. (2011), Failure Is an Option: An Ersatz-Antitrust
Approach to Financial Regulation. Yale Law Journal, 120(6), 1368–1418;
Maja Dimić and Lidija Barjaktarović (2017), Vlasnička transformacija bankarskog sektora
u zemljama jugoistočne Evrope, Bankarstvo, vol. 46, br. 1, pp. 84;
Mallya, P. D. (2013), The Journey from Basel I to Basel III and Implications for Indian
Banks. Journal of Commerce & Management Thought, 4(1), 97–109;
Matthias Kohler (2014), Business models in banking – how did they evolve and how do
they need to be changed in the post-crisis period?, EY Global Financial Services
Institute, The Journal of Financial Perspectives, Volume 2, Issue 1, pp. 4;
Merter Akıncı et al. (2015), The relationship between central bank independence,
financial freedom, and economic growth: a panel ARDL bounds testing approach,
Central Bank Review Vol. 15, pp.1-14;

116
Michael D. Bordo (2007), A Brief History of Central Banks, Federal Reserve Bank of
Cleveland, ISSN 0428-1276;
Mikhail Frolov (2004), Deposit Insurance and Its Design: A Literature Review, KUMQRP
DISCUSSION PAPER SERIES, DP2004-004, pp. 1 – 30;
Moosa, I. A. (2010), Basel II as a casualty of the global financial crisis. Journal of Banking
Regulation, 11(2), 95–114. https://doi.org/10.1057/jbr.2010.2;
Peavlere Rosmary, (2013),“The 5 C's to Qualify for a Business Loan Demonstrating the
Creditworthiness of your Business to a Bank”;
Petrik, A. (1996), The Role and Functions of the Central Bank. Instruments of Credit-
Monetary Policy. Problems of Economic Transition, 38(11), 16;
Pierluigi Bologna (2018), Banks’ maturity transformation: risk, reward, and policy,
Working Paper Series No 63, European System of Financial Supervision, European
Systemic Risk Board, pp. 5 - 6;
Plosser, C. I. (2014), A Limited Central Bank. CATO Journal, 34(2), 201–211;
Reschreiter, A. (2011), Real and nominal UK interest rates, ERM membership, and
inflation targeting. Empirical Economics, 40(3), 559–579;
Robert DeYoung and Tara Rice (2004), How do banks make money? The fallacies of fee
income, Federal Reserve Bank of Chicago, Economic Perspectives, pp. 34 – 51;
Serge Gwynne et al. (2018), A tale of two benchmarks: the future of euro interest rates,
Oliver Wyman, pp. 2 – 3;
Simone Dettling et al., (2018), Principles for responsible banking: Shaping our future
UNEP Finance Initiative, pp. 3 – 42;
Stephen G. Cecchetti and Piti Disyatat (2010), Central Bank Tools and Liquidity
Shortages, FRBNY Economic Policy Review, pp. 29 – 42,
Summers, B. J. (1991), Clearing and payment systems: The role of the central bank.
Federal Reserve Bulletin, 77(2), 81;
Suresh, G., & Krishnan, P. A. (2018), Asset-Liability Management as a Risk Management
Tool in Commercial Banks in India. IUP Journal of Bank Management, 17(1), 21–
49;
Vij, M. (2005). Managing Gap: A Case Study Approach to Asset-Liability Management of
Banks. Vision (09722629), 9(1), 49–58
https://doi.org/10.1177/097226290500900106
Vij, M. (2001), Asset Liability Management in Banks and Financial Institutions. Journal of
Management Research (09725814), 1(2), 111;
Zoltan Pozsar et al. (2013), Shadow Banking, Federal Reserve Bank of New York,
Economic Policy Review, pp. 1 – 16;
Фросина Целеска (2016), Новите капитални барања во Базел 3 и предизвиците за
примена во Република Македонија, Континуирано професионално
усовршување, Институт на овластени ревизори на РМ, Охрид.

117

You might also like