You are on page 1of 75

1.

ПРВИТЕ ПОЧЕТОЦИ НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија го заземала централното место на Балканскиот Полуостров меѓу реките


Лудија (Мегленица и Аксиј (Вардар). На оваа територија биле поставени и темелите на антич
ката македонската држава.
Границите на античка Македонија на исток допирале до Тракија, на југ до Тесалија, на
запад до Епир и Илирија, а на север до териториите на Трибалите и дел од територијата на
Дарданците. Античките автори територијата на Македонија ја делеле на Горна и Долна. Според
нив Горна Македо ни ја го опфаќала внатрешниот дел на Македонија во кој преовладувале
планински предели, а Долна Македонија или Приморска Македонија го опфаќала централниот
дел на Македонија. Се простирала меѓу реките Халиакмон (Бис трица), Аксиј (Вардар) и долните
текови на Стримон (Струма) и Нест (Места).
Најстарите траги на живот во Маке до ни ја датираат уште пред 40 миле миуми односно
од периодот на палеолитот. Луѓето живееле во пештери. Исхраната им се состоела од месо од
диви животни и др. Во геолошката епоха (холоцен) околу 8200 и 5500 г. пр. н. е. дошло до
промена на климатските услови и животот на палеолитските луѓе. Луѓето ги усовршиле
предметите за секојдневна употреба (секири, чекани, камења за точење, длета, игли од коски и
др.). Се занимавале со лов и припитомување на дивите животни. Во средното камено доба
(мезолит) околу 10.000 и 5.000 г. пр. н. е. луѓето започнале со прoизводство на житни култури и
започна ле да се занимаваат со сточарство. Исто та ка се занимавале со лов и риболов. Во младо
то камено време (неолит) околу 5.300 –3.200 г. пр. н. е. луѓето почнале да живеат на едно место и
дошло до забрзан развиток на земјоделството, сточарството, ловот, риболовот, а исто така и на
занаетчиството. Во употреба влегла и керамиката. Наоѓалишта: во источна Македонија и
Повардарието. Осо бено се значајни наодите од Вршник кај Таринци (Штипско)-Вршничка
група. Се претпоставува дека кон оваа група припаѓа и наоѓалиштето во с. Анзабеговот, Овче
Поле (Штипско) и породинската група на Пелагонија.
Во третиот милениум се прекинува неолитската еволуција и во почетокот на вториот
милениум се преминува во метална епоха-бронзова епоха. Наоѓалишта: Скопско Кале,
Црнобуки, Бакарно Гумно и Арменово во делот на Македонија под Грција. Археолошките наоди
од овој период сведочат дека македонската култура се развивала под силно влијание на
малоазиската, дунавската, како и културите од Северна и Централна Европа и Медитеранот.
Основно занимање на насе ле нието останало земјоделството, сточар ството и ловот.
Околу 1300-1200 г. п. н. е. Македонија и Балканот ги зафатило бран на преселби на
племиња и уништувања кои траеле неколку векови. Овој период претставува премин кон
железното доба кое во Македонија може да се подели на 4 основни фази:
Железната епоха I (1300-1200 г. п. н. е.) Постојат гробни наоди во Прилеп, Демир Капија,
Сарај Брод и Висо кај Битола.
Железната епоха II (околу и по 700 г. п. н. е.) Главни керамички наоѓали шта се: Радање,
Орлови Чуки, Горно Поле на Караорман, Оризари (Кочанско), Пелагонија, Волково и Бразда кај
Скопје.
Железната епоха III (VI-IV в. п. н. е.) Настануваат значителни промени поради
засилувањето на племенската организација и поголемото елинско влијание. Наоѓалишта:
некрополата во Пелагонија и Требеништа (Охридско), Демир Капија и Горно Поле на
Караорман.
Железната епоха IV е период на големо елиниско влијание. Материјални докази од овој
период се гробовите во Охрид, Пелагонија, Прилеп, Битола, Таринци (Штипско) и Дамњан
(Радовишко)
Елементи од келтска култура (III в. п. н. е.) се откриени во околината на Скопје и
Владимирово кај Берово.

Цртежите што ги длабеле луѓето од каменото време, врз карпите и пештерските ѕидови,
до појавата на писмото, во најново време се дефинираат како Карпеста уметност. Остатоци од
таква уметност се забележани во Индија, Јапонија, Австралија, Северна и Јужна Америка. Во
Европа ја има во Шпанија, Португалија, Франција, Германија, Швајцарија, Италија, Русија и др.
Во последните 10-15 години, се извршени бројни откритија за постоењето на Карпеста
уметност во Македонија. Според најновите истражувања, карпестата уметност на тлото на
Македонија е откриена на просторот меѓу Куманово-Кратово и Свети Николе во Република
Македонија и во некои краеви во пиринскиот дел на Македонија, во Република Бугарија.
Согласно новите откритија, Карпестата уметност претставува основа на светското
културно, уметничко, етнолошко и писмено наследство на човековото постоење.

2. НАЈСТАРИ ПЛЕМИЊА КОИ ЈА НАСЕЛУВАЛЕ МАКЕДОНИЈА

Најстарото запишано име на Македонија е Ематија (Ематхиа). Според една легенда


Ематос било име на македонски крал, според друга тој е син на Македон, при што името на
земјата е дадено според физичките особености што се објаснувало со хеленскиот збор за песок.
Најстарите податоци за Македонија се сретнуваат во Илијадата на Хомер каде се спомнати
реката Вардар (Агиос), Пајонците, областите Пиерија, Ематија итн. Од VIII век п.н.е.
географската ознака Ематија постапно почнало да се заменува со името Македонија, земја
наречена според епонимниот предок Македон. Со текот на времето името Македонија добило
политичко-географско значење и ја означувало не само земјата туку македонската држава и
сродните племиња кои со јакнењето на централната власт постепено ќе бидат вклучени во
државата на Аргеадите. Инаку, Македонците како племе се спомнати од Херодот при
набројувањето на пешадијата што ја дале племињата од Европа и од Азија во текот на походот
на Ксеркс во Грчко-персиските војни.
За создавањето на македонската држава има повеќе различни податоци. Според едни,
родоначалник на македонската кралска куќа е Каран. Со оглед на тоа дека конкретни податоци
за владеењето на Каран како и за другите кралеви од родот на Хераклидите не постојат, како
прва историска личност од македонската династија Аргеади се зема кралот Пердика I од крајот
на VIII век п.н.е.
Античката македонска држава се создавала на северната периферија од хеленскиот свет,
југоисточно од Илирите и југозападно од Тракијците. Границата на античка Македонија се
протегала на север од хеленската покраина Тесалија при што етничката и јазичната граница била
реката Пенча (Пенеиос), планините Олимп на југоисток и Пинд на југозапад, односно на
тромеѓата со Епир и Тесалија. Западната граница бил шарпланинскиот масив. Северната граница
започнувала од планината Јакупица по долината на реката Пчиња и Осоговските Планини и се
протегала до планината Рила. На исток границата се протегала по источните падини на Пирин
Планина до устието на реката Места (Нестос). На југоисток територијата на Македонија ја
заплиснувале брановите на Егејското Море. Античките автори, од Херодот наваму, приморската
Македонија ја нарекувале Долна Македонија, додека Горна Македонија бил внатрешниот
планински дел. Ваквото разграничување имало географско, но и политичко значење со оглед на
тоа дека Еордаја, која географски била во горниот дел, рано се вклучила во унитарната држава
на Аргеадите, па политички била вбројувана во Долна Македонија.
На територијата на Македонија, освен Македонците и Бригите, живееле и други
прединдоевропски племиња, кои ја сочинувале групата македонски племиња. Во оваа група на
племиња влегувале и Бригите, Пелагонците. Еордите, Ботиајците, Едонците, Пајонците и др.
Бригите живееле во соседството на Македонците, односно во пошироката област околу
Охридското Езеро, по горниот тек на р. Еригон (Црна), како и на просторот меѓу рекитеАксиј
(Вардар) и Стримон (Струма). Ботиајците живееле по долниот тек на р. Аксиј. На просторот
меѓу долниот тек на реката Аксиј и планината Каракамен живееле Едонците. Пелагонците
живееле во соседство на Македонците и Бригите. Нивни соседи биле Пајонците. Пајонците за
прв пат се среќаваат кај Хомер во „Илијада” и „Одисеја” како сојузници на Тројанците. Според
Хомер, тие живееле на територијата околу Аксиј. Пред доаѓањето на Македонците Аргеади,
Пајонските племиња ја населувале областа западно од Пела па се до морето. Пајонските
племиња Сиропајонци и Пајопли ја населувале територијата во близината на Пангеј, реката
Стримон, Прасијадското езеро, а племето Добери живеело на север од Пангеј . Во горниот тек на
реката Стримон живееле пајонските племиња Лајаи и Агријани, а западно од нив како независни
Пајонците кои ја населувале територијата западно од горниот тек на Стримон и веројатно
појужните области. Племињата Астрои и Иори ја населувале територијата северозападно од
Пангеј.
Во VI век п. н. е Пајонските племиња во војнички поглед биле голема сила во регионот и
вршеле напади на Пропонтида и тракискиот брег. Во периодот на нивната најголема моќ
територијата на Пајонците се простирала: од Стримон на исток до Пелагонија на запад, од
морето на југ до изворите на Стримон на север, по целото течение на Аксиј.
Во времето на владеењето на македонскиот владетел Аминта I (540-498 г. п. н. е.)
Пајонците го загубиле делот западно од Аксиј до морето, а Персијците ги освоиле областите
околу долниот тек на Стримон. По победата Персијците ги преселиле во Мала Азија пајонските
племиња Сиропајонците, Пајоплите и племињата околу Прасијадското езеро.
За време на владеењето на македонскиот владетел Александар I (498-454 г. п. н. е.)
Пајонците ја изгубиле и Амфакситида, Мигдонија и Крестонија како и областите околу Пангеј.
Сето тоа влијаело во почетокот на V век п. н. е. Пајонија да не претставува политички и воен
фактор во регионот. Ги задржале териториите околу средниот и долниот тек на Аксиј и горниот
тек на Струма.
За време на освојувачкиот поход на Одрискиот владетел Ситалк (430-429 год. п. н. е.)
биле освоени градовите Добер, Идомене, Гортинија и Аталанта, а останатите градови му се
предале. Ситалк ги опустошил Мигдонија, Крестонија и Антемус. Освојувањата на Ситарк биле
прекинати поради недостатокот од храна и почетокот на зимата. По неговото повлекување
пајонското племе Агријани стекнало независност.
Во времето на македонскиот владетел Филип II и Александар III Македонски Пајонците
биле македонски сојузници и учествувале во голем број битки кои ги воделе Македонците. Под
македонска власт Пајонија потпаднала во 358 год. п. н. е. и имала вазален однос. На
македонскиот крал морала да му плаќа данок и по потреба да обезбедува војници за походите.
Во времето на Филип II Пајонците ги обезбедувале северните граници на Македонија.
Во времето на македонскиот владетел Антипатар, Пајонија била во состав на
Македонија. Во 315 год. п. н. е. пајонскиот владетел Аудолеон ја ослободил Пајонија од
Македонците и успеал да ја обедини. Во 306 год. п. н. е. бил прогласен за басилеј, а при крајот на
306/305 год. ја зел кралската титула и му објавил на елинистичкиот свет дека е независен. Зел
учество во антимакедонската коалиција на Лисимах, Селеук, Птоломеј, Пир, Етолија и Спарта.
По победата на Деметрие 287/286 год. п. н. е. Пајонија добила некои права и привилегии.
Одржува пријателски односи со Атина. По смртта на Аудолеон во Панонија се водат борби за
престолот. За време на Галската наезда, 279 год. п. н. е., Пајонија била уништена и нејзините
владетели Леон и Дропион не успеале да и ја вратат старата моќ на Пајонија.
Поради отсуството на јака државна организација Агријанците и Пајонците во 276/5 год.
п. н. е. се впуштиле во ограбувачки походи во Мала Азија заедно со ордите на подунавските
Келти.
Во триесетите година на III век п. н. е. пајонската територија меѓу Билазора и Стоби ја
нападнале Дарданците и ја предизвикале Македонија. За да ја нападнат Македонија Дарданците
морале да ја преминат Пајонија која не била во состојба да им се спротивстави. Во судирот со
Македонците Дарданците биле поразени. Македонците им го оставиле северниот дел на
Дарданците кој станал граница меѓу Македонија и Дарданија.
Пајонија престанала да постои во 230 год. п. н. е. По паѓањето на Македонија под римска
власт таа го изгубила својот етнички интегритет и исчезнала од историската сцена.

Формирањето на македонската држава бил долготраен процес кој почнал во VII в п. н. е.


Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните
планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
Процесот на населувањето завршил кон крајот на VI и почетокот на V в. п. н. е. По
населувањето Македонците дошле во допир со староседелците Траки, Илири, Пајонци и др. од
кои дел се иселил, дел загинал, а дел бил асимилиран од Македонците.
Првата престолнина на Македонија била Ајга, а од IV век п.н.е. престолнината е
пренесена во Пела. Градот Ајга се наоѓал во близината на Палатица, во околината на Бер,
односно Вергина (Кутлеш), додека Пела се наоѓа кај селото Постол. По завршувањето на
процесот на етногенезата кон крајот на VIII век п.н.е. започнал процесот на обединување на
македонските племиња во една држава под водство на династијата на Аргеадите. Во првата
половина на В век п.н.е. Долна Македонија е обединета се до реката Струма. Тогаш со
Македонија владеел кралот Александар И кој прв ковал монети. За обединувањето на
македонските племиња и за создавањето на македонската држава пишува и Тукидид кој
наведува дека од македонските кралеви Архелај направил најмногу од сите: изградил патишта,
тврдини, востановил македонски „олимписки“ игри во Дион. Дефинитивното обединување на
сите македонски племиња го извршил Филип ИИ Македонски (359-336 г. п.н.е.), најголемиот
„маж што дотогаш го дала Европа“. На македонската централна власт најдолго се противеле
горномакедонските племиња Линкести и Пајонци, поради што Аргеадите морале да го разурнат
градот Амидон. Потоа Филип II ја наметнал македонската власт врз соседните племиња па дури
под македонската власт го ставил илирското мнозинство, освен оние што живееле на
јадранскиот брег, Трибалите на север, па Хелените на југ и Тракијците на исток.
Формирањето на првата македонска држава му се припишува на кралот Пердика (околу
707-645 г. п. н. е.). Поради потеклото од Арг неговата династија е наречена династија на
Аргеадите. За основно јадро на македонската држава се смета областа помеѓу реките Лудиј
(Могленица) и Аксиј (Вардар) каде се наоѓале и македонските престолнини Ајга и Пела. Од овде
биле преземани сите походи за освојување на нови територии

Појавувањето на Македонците како голема сила започнува во средината на IV в. п. н. е.


во што значајна улога имал Филип II (359-336 г. п. н. е.). Тој го искористил слабеењето на
елинските градови-држави за да ја зацврсти својата власт. Филип II успеал поцврсто да ја
обедини Македонија и таа станала централизирана монархија. Спровел реформи во војската и во
финансиите. Со воената реформа ударна сила во војската станала тешко вооружената пешадија-
македонската фаланга. Вовел нови видови оружје, опсадни справи и ја подобрил воената тактика
со заедничко дејствување на пешадијата и коњаницата. Со финансиската реформа ја вовел
македонската монета “статер”. Откако ја зајакнал својата позиција, основна преокупација на
Филип ИИ во надворешната политика му станала како Македонија да добие излез на море.
Војувајќи успешно против соседните племиња и Илирите успеал да ја прошири македонската
држава до Охридското Езеро. Освојувањата на Филип II на градовите Амфипол (357 г. п. н. е.),
Пидна, Потидеја и Кренида (356 г. п. н. е.) бил прв знак за тревога во Атина. Но зафатена со
“сојузничката војна” (357-355 г. п. н. е.), поради напуштањето на Атинскиот поморски сојуз на
Хиос, Родос, Кос и Византиом, Атина не можела веднаш да му се спротивстави на Филип II.
Безуспешно завршил и обидот на тракискиот крал во сојуз со илирскиот и пајонскиот крал и
Атина да му се спротивстават на Филип II. До директно ангажирање на Филип II во меѓусебните
односи на елиниските градови-држави дошло во време на т. н. свети војни (356-346 и 340-338 г.
п. н. е.). Во текот на војната Тесалијците го повикале на помош Филип по што тој се утврдил во
Тесалија. Внатрешната криза на елинските градови-држави ја искористил Филип II. Со
поткупувања тој успеал да ги подели елинските-градови држави на две партии “македонска” и
“антимакедонска”. Првата сметала дека обединувањето на елинските градови-држави треба да се
изврши под Филип ИИ, а другата била за непомирлива борба против Филип II. Водач на втората
бил Демостен. Кратко затишје настанало со мирот од 346 г. п. н. е. што го искористил Филип II
за да изврши подготовки за конечна пресметка со Атина и елинските градови-држави.
Одлучувачката битка меѓу Атина и нејзините сојузници Теба и некои други градови-држави се
одиграла во 338 г. п. н. е. кај Хајронеја во која Филип II извојувал победа. Во 337 г. п. н. е. на
Конгресот на сите елинските градови-држави (освен Спарта) биле поставени темелите на
македонската хегемонија врз елинските градови-држави; бил формиран сојуз, прокламиран општ
мир, неприкосновеност на приватната сопственост, забрана за распределување на земјата и
ослободување на робовите. Потоа и била објавена војна на Персија. Но за време на подготовките
за поход кон Персија Филип II бил убиен.

Веднаш по доаѓањето на престолот, на 20 годишна возраст, Александар III Македонски


(336-323) прво ја обезбедил македонската управа во Тракија и Илирија и во 335 г. п. н. е. ја
спречил побуната на елинските градови-држави (Теба, Атина и др.). Теба ја разурнал, а
населението го претворил во робови.
По смирувањето на Хелените, Александар во 335-та тргнал на север за да ги смири
Трибалите кои живееле на просторот помеѓу реките Јужна и Западна Морава-Искар и Дунав
(Истеос) на север.
Во 334 г. п. н. е. Александар III Македонски го започнал походот кон Персија. Заминал
со 30.000 пешадија и 5.000 коњаници. По преминот на р. Хелеспонт (мај 334 г. п. н. е.) тој ги
поразил персиските сатрапи од Мала Азија кај р. Граник. Елинските градови-држави, покрај
брегот на Мала Азија како сами му се предавале, а тој спротивно од тезата на Хелените дека тие
кои не се Хелени се варвари, постапувал со освоените народи и градови многу хумано, ги
почитувал нивните обичаи и култура и не дозволувал никакво малтретирање на нивното
население. Власта ја потчинувал, но не ја менувал. Ги менувал само командантите на војската и
управниците на финансиите. За нови команданти и финансиски управници поставувал
Македонци или лојални домородци. Со освоените територии македонските офицери управувале
како сатрпи. Во 333 г. п. н. е. во битката кај Ис Александар Македонски ја победил персиската
војска. Од 332 до 331 г. п. н. е. ја освоил Сирија (по седумесечна опсада го зазел Тир 332 г. п. н.
е.), го освоил Египет (заминал во оазата Сива каде се наоѓал храмот на Амон каде од страна на
свештениците бил пречекан како син на богот Амон), а ја освоил и Месопотамија. Едновремено
со освојувањата на Александар III Македонски на исток, во 331 г. п. н. е., македонскиот
војсководач Антипатер го загушил востанието на Спартанците во битката кај Мегаполис по што
Спарта пристапила кон Коринтскиот сојуз. По поминувањето на р. Еуфрат и Тигар на 1
октомври 331 г. п. н. е. во битката кај Гавгамела персиската војска била поразена по што царот
Дариј III бил принуден да бега. По оваа победа Александар III Македонски бил прогласен за цар
на Азија. Влегол во Вавилон и Суза. Во 330 г. п. н. е. го запалил Персеполис. Потоа ги завзел
Пасаргаде и Егбатана. За тоа време во Македонија се зголемувала опозицијата против
Александар III Македонски. Филота бил егзекутиран, а неговиот татко Парменион бил убиен.
Меѓутоа тоа не го спречило Алескандар III Македонски да го продолжи својот поход при што ги
освоил Ариа, Дрангиана и Арахосиа. Во 329 г. п. н. е. го освоил и источен Иран. Во 328 г. п. н. е.
се оженил со Роксана, ќерка на согдијанскиот принц со цел да го неутрализира востанието во
Согдиана. Напоредно со македонската и елинската церемонија вовел и персиска дворска
церемонија. Во 327 г. п. н. е. го убива исто ричарот Калистен, внук на Аристотел како учесник во
завера против него и во лутина го убива својот пријател од детството Клит. Од 327 до 325 г. п. н.
е. презел поход кон Индија, со цел да стигне до јужните и источните граници на населениот свет
т. е. идејата за светска доминација. Во 326 г. го победува Пор во битката кај Хидасп и Пор станал
негов вазал. Незадоволството на војниците од долготрајните војувања го принудиле во 326 г. п.
н. е. да се врати назад. При враќањето во Суза се одржала свадбена церемонија на 10.000 млади
Македонци со Персијанки т. н. “свадба на Европа и Азија”. Во Вавилон ја реорганизирал
империјата. Персијците и Македонците имале исти права. Трите дела на империјата биле под
персонална унија на Александар: како Персиски цар на Азија, хегемон на Коринтскиот сојуз на
елинските држави-градови и крал на Македонија. Биле формирани 70 нови градови од кои
поголемиот дел го носеле неговото име. Подготвувајќи се за поход кон Картагина и западниот
Медитеран на 13 јуни 323 г. п. н. е. умира во Вавилон.

По смртта на Александар III Македонски, поради неспособноста на неговите законити


наследници, полубратот Филип III Аридеј и неговиот син Александар IV, да ги извршуваат
царските должности започнала борба меѓу неговите војсководители Пердика, Антипатар,
Кратер, Леонат, Лисимах, Антигон, Птоломеј, Евмен, Питон, Асандар, Лаомедон, Селевк за
територии.
При поделбата на власта и територијата: Пердика бил избран за управник на Царството и
командант на царската армија во Азија, Антипатар добил функција стратег на Европа, Кратер
Простат стратег на Македонија, односно на Царството, за управници биле назначени: Лисамах
на Тракија и Понт, Птоломеј на Египет, Антигон на Голема Фригија, Леонат на Хелеспонтска
Фригија, Вавилон му би доделен на Селевк, Питон владеел со Мидија, Евмен со Кападокија и
Пафлагонија, Асандар со Карија и Киликија и Лаомедон со Сирија.
Но и покрај поделбата ниту еден од нив не бил задоволен од она што го добил. Во
ситуација кога секој работел против секого, се отпочнало со формирање на сојузи
спротивставени едни против други. Особено судирите добиле на жестина по смртта на Пердика
и Кратер во 320 г. п. н. е. по што била направена нова територијална поделба на Царството. За
регент на Царството, и покрај двајцата законити наследници, бил избран Антипатар. По неговата
смрт во 319 г. п. н. е. продолжиле меѓусебните борби.
Во 315 г. п. н. е. дошло до повторна распределба на територии меѓу Лисимах, Птоломеј,
Антигон и Селевк. Меѓутоа тоа не довело до смирување и обединување на империјата на
Александар III Македонски. Напротив, и оваа поделба не ги задоволиле нивните апетити и тие
продолжиле со меѓусебните борби. Во 306 односно во 305 г. п. н. е. откако било обелоденето
дека двјцата легални престонаследници се убиени, Антигон и неговиот син Деметри се
прогласиле за цареви, а истото го направиле и Птоломеј во Египет, Лисимах и Касандар во
Тракија и Понт и Селевк во Вавилон. Со Македонија и елинските градови-држави завладеал
синот на Антипатар Касандар кој откако ја освоил престолнината Пела, се оженил со ќерката на
Филип II односно сестрата на Александар III, Тесалоника. Со тоа Касандар го добил
легитимитетот за управување со Македонија и елинските градови-држави.
Но повторно продолжиле борбите за наследник на Македонското царство. Во битката кај
местото Ипс во 301 г. п. н. е. во централна Фригија, сојузот меѓу Касандар, Птоломеј, Лисимах и
Селевк ги победил војските на Антигон и неговиот син Деметри и нивните територии ги
поделиле меѓу себе. Со тоа, повторно, не било ставено крај на меѓусебните борби. По смртта на
Касандар во 297 г. п. н. е. меѓусебните борби продолжиле, по што Македонија била поделена на
три дела со кои владееле три одделни македонски династии:
Со Македонија и поголемиот дел од античките градови-држави, владеела династијата
Антигониди од 277 г. п. н. е. се до 168 г. п. н. е.
Со Египет од 306 до 30 г. п. н. е. владеела династијата Птолемеиди.
Со територијата која се протегала од Мала Азија до границата со Индија владеела
династијата на Селевкидите од 305 г. п. н. е. до 65 г. п. н. е., односно до 4 г. п. н. е. кога е освоен
Вавилон од страна на римската империја. Со тоа дефинитивно престанало да постои
македонското царство од времето на Александар III Македонски.
По конечната поделба на Царството на Александар III Македонски, од 281 до 277 г. п. н.
е. во Македонија се водела борба за престолот. Во таа борба победата ја извојувал Антигон II
Гонат, кој во македонската престолнина Пела бил крунисан за цар во 277 г. п. н. е. Во рамките на
неговото царство влегле територии на Македонија, Епир, Тесалија, Тракија, Понт, елинските
градови-држави и егејските острови. Покрај војните што ги водел со соседите од север, запад и
исток, владеењето на Антигон II Гонат, кое траело се до 239 г. п. н. е., се карактеризирало со
стабилно владеење над елинските градови-држави во кои биле стационирани македонски воени
гарнизони.
По смртта на Антигон II Гонат, од 239 до 229 г. п. н. е., на македонскиот престол се
наоѓал Деметриј ИИ , а по неговата смрт, наместо неговиот малолетен син Филип V, како регент
со Македонското царство владеел Антигон III Досон (229-221 г. п. н. е.). Карактеристично за
неговото владеење е тоа што елинските градови-држави формирале два воено политички сојуза.
Едниот бил Ахајскиот сојуз на чело со Спарта, а вториот Етолскиот сојуз на чело со Атина. Тие
повеле воени дејствија за ослободување од македонското владеење.
Во борбите против Антигон III Досон, Ахајскиот сојуз успеал да го ослободи целиот
Пелопонез, а Етолскиот сојуз Тесалија. Меѓутоа, Ахајскиот сојуз се кренал против доминацијата
на Спарта и во таа борба го повикале македонскиот цар на помош. Тоа го искористил Антигон
III Досон и повторно ја наметнал македонската власт над Пелопонез. По неговата смрт, на
македонскиот престол повторно дошол Филип V, кој владеел со Македонија, Тракија, Понт,
некои делови од Епир, елинските градови-држави од 221 до 179 г. п. н. е.
Додека растела воената моќ на Филип V, во западната хемисфера растела моќта на Рим и
на феникискиот град Картагина. Нивните меѓусебни војни во историјата, познати како Пунски
војни, Филип V сакал да ги искористи за нови освојувања на запад. По големиот пораз што го
претрпел Рим во борбата против Картагина кај Кана во 216 г. п. н. е., Филип V склучил сојуз со
Ханибал, кој предвидувал заедничка воена соработка против Рим. Како одговор на тоа, Рим и
објавил војна на Македонија позната како Прва македонско-римска војна која траела од 215 до
205 г. п. н. е. За време на војната, Филип V извршил напад на илирските владенија на Рим. Во
оваа војна Рим имал големи успеси поради што Филип В бил принуден да склучи мир. Мирот
бил склучен со посредство на Епирците во Фојника во 205 г. п. н. е.
Мирот меѓу Рим и Македонија траел 5 години. За тоа време Филип V ја обновил
македонската флота и освоил неколку важни градови на Хелеспонт и островите Самос и Хиос.
По победата на Рим над Картагина кај Зама во 201 г. п. н. е. Рим ги отпочнал подготовките за
војна против Македонија. Повод за Втората македонско-римска војна која траела од 200 до 197 г.
п. н. е. покрај военото зајакнување на Филип В, претставувало и неговото мешање во
династичките расправии на дворецот на малолетниот египетски цар Птоломеј V Епифан, како и
освојувањата што ги извршил Филип В во Карија, Лидија и на Кикладските острови. И покрај
тоа што за време на оваа војна на страната на Рим биле Илирите, Дарданците, елинските
градови-држави, односно сојузи, првите години Филип V успешно им се спортиставувал на
Римјаните и тие не можеле да навлезат во Македонија. До решавачка битка дошло во Тесалија
кај местото наречено Киноскефалес (Кучешки глави) во 197 г. п. н. е. кога Рим извојувал победа.
Покрај поразот кај Киноскефалес, Филип V истата 197 г. п. н. е. им нанел тежок пораз на
Дарданците, со што успеал да ги зачува границите на Македонија и во 196 г. п. н. е. потпишал
договор за мир со Рим. Со тој договор, Македонија ги изгубила сите територии јужно од
планината Олимп, Егејските Острови, делови од Епир, Дасаретија, градовите Деметријада,
Лихнид, Халкида, Партос и др.
По смртта на Филип V, за цар на Македонија бил прогласен Персеј (179-168 г. п. н. е.).
Царот Персеј до 171 г. п. н. е. успеал да ги зацврсти македонските граници на север и во
централна Тракија, да склучи сојуз со Одринскиот владетел Котис и да создаде армија од 30 000
Македонци и 10 000 платеници Во овој период односите со Рим се одвивале во рамките на
потпишаниот договор за мир од 196 г. п. н. е.
Сакајќи да го искористи незадоволството што се појавило кај елинските градови-држави
против Рим, Персеј со своите активности придонел за заладување на односите меѓу Рим и
Македонија. Користејќи ја неутралноста на сирискиот цар Антиох IV и на египетскиот Птоломеј
ВИ, како и отворените непријателства на Дарданците и на пергамскиот владетел Евмен II против
Македонија, Рим се решил за конечна пресметка со Македонија. Во 171 г. п. н. е., Рим влегол во
војна со Македонија, позната како Трета македонско-римска војна и траела од 171 до 168 г. п. н.
е. Во првите години од војната, одбранбените позиции на македонската војска биле цврсти и го
оневозможувале навлегувањето на Римјаните во Македонија. Во 168 г. п. н. е. Рим презел нова
офанзива против Македонија и таа била нападната од страна на Римјаните од запад преку
Илирија, од југ преку Пиерија и по морски пат. Решавачката битка започнала на 22 јуни 168 г. п.
н. е. во близината на македонската тврдина Пидна. Во жестоката борба македонската војска била
целосно поразена. Царот Персеј успеал да побегне и кратко се засолнил на островот Самотраки.
Подноцна се предал на Римјаните. Крајот на Третата македонско-римска војна го означил и
крајот на постоењето на Македонското царство. Македонската територија била поделена на
четири автономни области (мериди). Административен центар на првата област бил градот
Анфипол, на втората Тесалоника, на третата Пела и на четвртата Пелагонија.

3. МАКЕДОНИЈА ПОД РИМСКА УПРАВА

По освојувањето и поделбата на Македонија Римјаните пристапиле кон уредување на


односите со Македонците. Римјаните настојувале Македонците да раскинат со старото
македонско монархистичко уредување и да ја оневозможат неговата повторна реставрација.
Според новото уредување Македонците можеле да имаат сопствено тело-Совет (Синедрион) со
едногодишен мандат, кој го сочинувале претставници од градските општини. Во нивна
надлежност бил изборот на нови магистрати, како и предвидениот годишен данок за Рим.
Римјаните ја укинале македонската функција епстат (царски претставник во македонските
градови). И покрај поделбата Рим и понатаму ја сметал Македонија за етнополитичка заедница,
дозволувајќи и да формира и заеднички советсинедрион преку кои тие можеле јавно да ги
изразуваат своите политички тенденции, но во согласност со политиката на Рим. Од своја страна
Римјаните ја забраниле трговијата меѓу одделните области и стапувањето во бракови помеѓу
Македонците од различни области. Исто така била забранета експлоатацијата на рудниците кои
произведувале злато и сребро. Единствено била дозволена експлоатацијата на железната и
бакарната руда. Сето тоа било направено со една единствена цел, да не се дозволи повторното
обединување на македонскиот народ и да се оневозможи реставрација на политичката и
економската моќ на Македонија. Најголем удар за Македонците преставувало напуштањето на
Македонија на последниот македонски цар Персеј со целото негово семејство, роднини,
пријатели, копнената војска и флотата, дипломати и други претставници на македонската
аристократија и нивно заминување во Рим. Персеј остатокот од својот живот го поминал во
заточеништво на островот Елба. Умрел меѓу 163 и 161 г. п. н. е.
Воведувањето на римската управа во Македонија од самиот почеток не била прифатена
од македонскиот народ. Пред се тие не можеле толку лесно да се откажат од монархистичката
традиција. Своето незадоволство го иразиле со востанието на Андриск кое траело од 149 до 148
г. п. н. е. Андриск се претставувал како син на Персеј и во него Македонците ја гледале својата
шанса за обновување на царството. Тој преку Антиохија и Милет пристигнал во Тракија каде од
тракискиот владетел Терес бил крунисан за цар. Извојувал две победи над Римјаните на реката
Стримон. По ова во градот Пела од страна на Македонците бил прогласен за македонски цар.
Двата обиди на Римјаните во 149 г. п. н. е. да го угушат востанието завршиле без успех. Тие
претрпеле катастрофални порази. Поради тоа Римјаните морале да се послужат со поткуп на
командантот на македонската коњица, кој извршил предавство. Тоа била и причина за пораз на
Македонците во битката кај градот Пидна во 148 г. п. н. е. Андриск успеал да избега во Тракија,
но бил предаден, одведен во Рим и во 146 г. п. н. е. ликвидиран.
Повторното освојување на Македонија од страна на Римјаните имало катастрофални
последици. Биле укинати сите форми на независност т. е. на внатрешна автономија. Била
воведена директна римска административна управа со постојан римски намесник со седиште во
Тесалоника. Биле поставени и постојани римски гарнизони. Со тоа во 148 г. п. н. е. Македонија
била претворена во обична римска провинција. Кон Македонија биле приклучни и римските
владенија во Илирија и Епир, а по 146 г. п. н. е., по освојувањето на Грција, истата била
приклучена кон провинцијата Македонија. Во новонастанатата ситуација единствено градовите
го задржале своето старо уредување и можеле да донесуваат свои закони и да избираат
сопствени магистрати. Функционирале Собранието и Советот, а била задржана и фунцијата
политарх, оригинална стара македонска институција.
Во надлежност на провинциските управници се наоѓала административната, воената и
судската власт. Востанието од 142 г. п. н. е. завршило без успех. Во истата година Рим
пристапил кон изградба на патот Виа Егнација со цел да ја подобри копнената комуникација и да
го олесни префрлувањето на војските од Италија на Балканскиот Полуостров и Мала Азија. Со
тоа Македонија била претворена во база за римските операции на Балканот и далечните источни
провинции.
Македонија како римска провинција не била поштедена од нападите на
среднобалканските племиња Скордисци, Дарданци, Дентелети, Меди, Беси и др. Овие напади
зачестиле по 119 г. п. н. е. Исто така, политичките превирања кои се случувале во Рим во време
на граѓанските војни (49-42 г. п. н. е.) имале и свој одраз на територијата на Македонија.
Територијата на Македонија станала прибежиште на Помпеј, кој по раскинувањето на сојузот со
Цезар, се повлекол во Македонија. Во неговите воени единици со тек на време влегле и голем
број Македонци кои на тој начин настојувале да добијат подобрување на својата положба.
Одлучувачката битка меѓу Помпеј и Цезар се случила во Тесалија кај местото Фарсала во јуни 48
г. п. н. е. Помпеј бил поразен, а по повлекувањето во Египет и убиен. Исто така, Македонија
станала поприште на борбите меѓу убиецот на Цезар, Марк Јуниј Брут и Гај Касиј Лонгин
против Антониј и Октавијан. Во 42 г. п. н. е. се одиграла решавачката битка кај Филипи во која
Касиј бил поразен и се самоубил, а само неколку дена покасно истата судбина ја споделил и
Брут. Поголемиот дел од Македонците кои учествувале во овие борби го поддржале Антониј и
Октавијан и имале голема заслуга за крајниот исход на борбите. Поради тоа Антониј на градот
Тесалоники му доделил статус на слободен град.
Перидот од 30 г. п. н. е. до крајот на III век се карактеризира со подолг период на мир во
Македонија кој повремено бил нарушуван од упадите на племињата Дентелети, Скордисци,
Костобоки и др. Во 27 г. п. н. е. по извршената поделба на провинциите меѓу Октавијан Август и
Римскиот сенат Македонија била претворена во сенаторска провинција. Во овој мирен период во
повеќето македонски градови функционирала локалната самоуправа. Градовите Филипи,
Касандреја, Дион и Пела ги задржале привилегиите на римски колонии. Стоби бил единствениот
македонски град со статус на муниципиј, додека Тесалоника, Амфипол и Скотуса имале статус
на слободни градови.
Од 253/4 година па се до крајот на владеењето на Константин I во 337 година
територијата на Македонија била напаѓана од страна на Готите, а исто така ги поминала и сите
политички, административни и религиозни реформи преземени од страна на римските
владетели. За времето на Константин И империјата била поделена, што придонела за
разграничување на сферите на влијание и до поделба на надлежностите помеѓу новата и старата
престолнина на Империјата, Константнопол и Рим. Со таа поделба Македонија влегла во
рамките на Источноримската империја.

Христијанството се појавило во И век п. н. е. Неговата иделологија во почетокот ја


прифатиле робовите и најниските општествени слоеви бидејќи тоа ја отфрлало приватната
сопственост и го ширеле верувањето во еднаквоста меѓу сите луѓе. Основите на христијанското
учење ги поставил Исус Христос. Првата христијанска општина била формирана по неговата
смрт. Неговите ученици почнале да формираат цркви и да го шират христијанството.
Македонија била првата земја на Балканот и Европа каде било пренесено христијанското учење
и формирани првите христијански општини. Во 48 г. п. н. е. во Ерусалим се одржало советување
на учениците на Исус Христос. Со донесените одлуки, Ерусалим ја презел водечката улога и
организацијата на регионалната мисионерска дејност. Апостол Петар и првите ученици презеле
мисионерска активност кај Евреите, апостолот Павле и Варнава кај “безбожниците”.
Во 49 година, за време на својата втора мисија, а прва за пренесување на христијанското
учење во Европа, првата земја која ја посетил Павле била Македонија. Кон крајот на 49 година
пристигнал во македонскиот град Филипи, каде надвор од ѕидините на градот ја одржал и првата
христијанска проповед на тлото на Европа. Меѓутоа неговото присуство наскоро било откриено,
поради што тој и неговите придружници биле затворени. По излегувањето од затвор, Павле го
напуштил Филипи и преку Амфипол и Аполонија пристигнал во Тесалоника. И овде одржал
повеќе проповеди пред голема маса народ. Неговата мисија била прекината поради протестите
на Евреите. Поради тоа тајно морал да ја напушти Тесалоника и со своите придружници заминал
за Бероја каде го проповедал христијанството. Но и овде неговата мисионерска дејност била
прекината поради протестите на Евреите по што морал да ја напушти Бероја, а ги оставил своите
придружници Тимотеј и Сила. Со неговата мисионерска дејност биле поставени основите на
христијанството во Македонија. За тоа говорат и посланијата кои Павле им ги упатил на веќе
организираните цркви во Филипи и Тесалоника, како и неговото повторно присуство во
Македонија во 56 и 57 година. Процесот на христијанизација се одвивал едновремено со
почитувањето на паганските божества и траел неколку векови.
Приврзаниците на христијанството биле прогонувани и убивани од римската власт.
Меѓутоа и покрај прогоните на христијанските мисионери и верници од страна на еврејската
заедница и римската државна власт (Нерон, Трајан, Валериј и др.), во 313 година со Миланскиот
едикт за толеранција била гарантирана целосна слобода и еднаквост во вероисповед за
христијаните, враќање на црковната сопственост и елиминирање на култовите на државата. До
целосно раскинување на односите меѓу Рим и Константинопол дошло во 484 година, со што
прекинало римското влијание во Македонија.

По поделбата дошло до криза на државниот систем. Во времето на Диоклецијан била


спроведена нова административна поделба во Римската Империја. Македонија како провинција
влегла во рамките на новоформираната диоцеза Мизија. Од 305 година Тесалоника станала и
императорско седиште. За време на владеењето на Константин I диоцезата Македонија била
поделена на две посебни диоцези – Македонија и Дакија. Главен град на диоцезата Македонија
бил градот Тесалоника. Во негово време биле формирани и најкрупните административни
единиципрефектури. Диоцезите Македонија, Дакија и Панонија влегле во рамките на
централната перфектура која ја сочинувале Илирик, Италија и Африка со главен град Рим.
Покасно во времето на владеењето на Теодосиј I од воено-стратегиски и политички причини
перфектурата Илирик со диоцезите Македонија и Дакија била приклучена кон источниот дел од
Империјата. За седиште бил назначен градот Тесалоника.
До нова административна поделба на територијата на Македонија дошло во 80-те години
на ИВ век, кога Македонија била поделена на две посебни провинции, Македонија Прима и
Македонија Салутарис. Македонија Прима, со главен град Тесалоника и управувана од конзул,
го заземала просторот на Јужна и Централна Македонија со островите Тасос и Самотраки, а
Македонија Салутарис, со главен град Стоби и управувана од презид, го заземала просторот на
северозападна Македонија.
Во 437 година согласно договорот меѓу источниот император Теодосиј II и
западноримскиот император Валентинијан III, територијата на диоцезата Панонија со
префектурата Илирик се нашла во рамките на административно-политичките граници на
Источното Римско Царство.
До повторна поделба на територијата на Македонија дошло кон средината на V век кога
биле формирани две посебни провинции, Македонија Прима и Македонија Секунда. Македонија
Прима ги опфаќала јужните и централните области на територијата на Македонија, со градот
Хераклеја Линкестиска, а Македонија Секунда ги опфаќала областите по средниот тек на р.
Вардар, долниот тек на Црна Река, како и по текот на р. Брегалница. Во средината на VI век
провинцијата Македонија Секунда била укината и повторно дошло до повторно обединување на
целата територија на Македонија.

4. СЛОВЕНСКИТЕ ПЛЕМИЊА
ВО МАКЕДОНИЈА

Под терминот “Голема преселба на народите” се подразбира движење на турско-


монголските, германските и словенските племиња од IV до половината на VII век. Северно од
Црното Море живееле Остроготи (Источни Готи); во Дакија-Визиготи (Западни Готи); во
Панонија-Вандали; во Моравија-Свеви; Аламани во областа на горна Рајна; Саси помеѓу Рајна и
Лаба; Лангобарди во областа на долна Лаба; Фризи на брегот на Северното Море; Сармати
северно од Карпатите и Словените во сливот на р. Одра, средниот тек на р. Дњепар до
Прибалтикот и подножјето на Карпатите, опфаќајќи ги горните текови на Прут, Дњепар и Буг.
Процесот на движење го започнале Хуните, околу 375 год., а го завршиле Лангобардите во 568
год. со населувањето во Италија и Словените со населувањето на Балканот.
По победата над Остроготите, Хуните навлегле кон запад покорувајќи многу германски и
словенски племиња. Обидот на Хуните под водството на Атила (Божји камшик) да ја освојат
Галија бил спречен од римската и германската војска. Хуните навлегле во Италија, го опљачкале
Рим и се вратиле во Панонија. Во 476 год. германскио платеник Одоакар го соборил последниот
римски цар Ромул Августул и со тоа престанало да постои Западното Римско Царство. Во 486
год. во Галија било формирано Кралство на Франките на чело со Клодовик.
Кон крајот на В век во Италија доаѓаат Остроготите, го поразуваат Одоакар и формираат
своја држава. Во втората половина на V век на бреговите на Дунав се доселуваат Словените.
Византискиот цар Јустинијан I (483, цар од 527-565) успеал да го уништи Остроготското
Кралство, ги поразил Визиготите и го освоил југоисточниот дел на Шпанија, а ја ликвидирал и
државата на Вандалите во Африка. По смртта на Јустинија поголемиот дел од Италија паднал во
рацете на Лангобардите (568) кои го формирале Лангобардското Кралство. Лангобардското
Кралство и поголемиот дел од Западна Европа биле освоени од Карло Велики. Последни,
процесот на миграциите го завршуваат Словените и Аварите околу 615 год. Големата преселба
на народите предизвикала големи промени во Европа каде што биле формирани многу
германски и словенски држави. Поради тоа, тоа се смета за почеток на современа Европа.
По уништувањето на сојузот на Источните Готи во Црноморието од страна на Хуните
(375 год.), еден дел од Словените (Антите и Венетите) подпаднале под власта на Хуните. До
средината на И век Словените биле познати под името Венети и живееле на територијата околу
Балтичкото Море, Карпатите и долините на реките Дњестар и Дњепар. Од II век започнале
нивните преселби кон р. Дунав. Во IV век Венетите се поделиле на Склави (Словени) и Анти.
Словените живееле меѓу реките Висла и Дунав, а Антите по Црноморското крајбрежје и реките
Дњестар и Дњепар. Како резултат на словенските преселби, започнати во VI век во Европа со тек
на време се формирале следните современи словенски народи:
Од Западните Словени (Венети)-Полјаците, Чесите, Словаците и Лужичките Срби,
Од Јужните Словени (Склавите, Склавините)-Словенците, Хрватите, Србите,
Црногорците, Македонците и Бугарите
Од Источните Словени (Антите)-Русите, Белорусите и Украинците.
Процесот на словенското раселување започнува во IV век и веќе до VI век Словените се
населиле на левиот брег на Дунав и станале соседи на Византија која владеела со Балканскиот
Полуостров. Во почетокот на VI век започнува навлегувањето на Словените на Балканот. Со цел
да го спречи нивното навлегување Византија изградила повеќе утврдени градови и тврдини на
брегот на р. Дунав.
Во ВИ век во Панонската низина се појавуаваат Аварите кои ги потчиниле словенските
племиња и заедно со нив ја напаѓаат Византија. Веќе кон крајот на VI век Словените со семејства
ја преминуваат р. Дунав, а Византија, ангажирана во војната на исток со Персија, не можела да
се спротивстави на словенско-аварските напади. Византија ги изгубила Сирмиум (Сремска
Митровица), Сингидунум (Белград) по што Словените и Аварите започнале да навлегуваат на
Балканот - што го означило почетокот на словенската колонизација. Дунав повеќе не
преставувал граница меѓу Словените и Византија. Словените ги зазеле Наисус (Ниш), Сердика
(Софија) и др. градови и заедно со Аварите вршеле безуспешни напади на Солун. До средината
на ВИИ век, Балканскиот Полуостров бил целосно населен со Словени. Под византиска управа
останал само Солун и островите и поголемите градови покрај Јадранскиот брег. Романизираните
староседелците (Тракијци, Илири, Македонци, елински племиња и Келти) во добар дел биле
доминирани од Словените, а биле извршени коренити промени и во топонимијата на Балканот.
Голем број градови, реки и планини добиле словенски имиња.
Населувањето на Словените во Македонија се одвивало спонтано. Спуштајќи се по
Моравско-вардарската долина Словените се распространувале по сите нејзини делови. Некои од
племињата се спуштиле најјужно и се населиле дури на Пелопонез (Милинзи и Езерци). До 20-те
години на VII век цела Македонија била населена со словенски племиња. Најјужно, по текот на
р. Бистрица, западно од Солун до Бер, се населиле Драговитите. Веднаш до нив биле сместени
Велегизитите, северно од нив на просторот меѓу Охрид, Битола и Велес се населиле Берзитите
(Брсјаците). Близу до Солун живееле Сагудатите, а источно од него кон р. Струма и
Халкидичкиот Полуостров се населиле Ринхините. По долината на р. Струма и Струмешница се
населиле Струмјаните, а источно од р. Места се населиле Смолјаните. Еден дел од Драговитите
подоцна се населил и во Полог.
Прабугарите спаѓаат во турската етничка група. Во Европа навлегуваат во II век преку
Централна Азија и ги запоседнуваат областите меѓу Каспиското и Црното Море. Племињата
носеле разни називи: Котраги, Сарагури, Оногундури, Кутругури, Утигури и др., а името
“Бугари” бил општ именител за сите племиња. Во втората половина на IV век, дел од
прабугарските племиња биле покорени од Хуните и влегле во хунскиот племенски сојуз. Во
крајот на V век се појавуваат, за прв пат, на Балканскиот Полуостров како сојузници на
Византија. Во VI век Кутругурите и Утигурите навлегле на византиска територија на југ од
Дунав каде заедно со Словените ги пустошеле византиските владеења. По пристигнувањето на
Аварите, во втората половина на VI век, дел се приклучиле кон нив и се населиле во областа на
среден Дунав и Тиса, а други останале околу р. Волга, Дон и северниот брег на Црно Море. Кон
крајот на VI век формирале голем сојуз, наречен од византиските автори “Голема Бугарија” кој
ја зафаќал територијата на север од р. Кубан, Азовско и Црно Море. На чело бил ханот Кубрат.
Околу 660 год. сојузот бил уништен од Хазарите. Во 70-те години на VII век, дел од Бугарите
заминал кон уститето на р. Дунав и се сместил во Јужна Бесарабија. Доаѓајќи во непосреден
контакт со Византиската империја започнале да навлегуваат на нејзина територија. Обидот на
византискиот император Константин IV во 680 год. да го спречи нивното навлегување завршило
со потполн неуспех. По ова Бугарите без било каков отпор навлегле длабоко во денешна
североисточна Бугарија и стигнале до Стара Планина. Овде ги затекнале Словените кои биле
обединети во сојуз на “Седумте племиња” и биле во фаза на формирање на своја држава.
Бугарите ги потчиниле и формирале своја држава.

Напоредно со случувањата во западна Европа и на тлото на Балканот и пошироко, освен


на полето на политичките промени биле преземани и активности во ширењето на
христијанството и писменоста меѓу Словените на Балканот и пошироко. Темелите на таа
активност ја поставиле браќата Методиј и Константин и нивните ученици.
Браќата Методиј и Константин се родени во Солун. Методиј (825-885) по завршувањето
на военото училиште бил испратен од страна на Византија да го управува делот од Македонија
кој ја опфаќал областа меѓу Струмица и р. Брегалница (845). Како управник останал десет
години (845-855). Неговиот брат Константин (827-869) по завршувањето на школувањето бил
поставен за библиотекар на цариградската патријаршија, а потоа заминал во манастир. Од страна
на Византија браќата биле испратени во четири мисии:
1. Брегалничката-преземена во 50-те год. на IX век со цел да се придобијат Словените за
борба против Бугарите. Во 855 год. Константин ја создал словенската азбука-глаголица.
Покрстил 54.000 Словени и ги поставил темелите на словенската писменост и книжнина поради
што Македонија се смета за татковина на словенската писменост. По освојувањето на областа од
Бугарите се повлекува во Мала Азија.
2. Сараценската (арапска) мисија - била преземена со цел да разговара со арапските
учени луѓе во однос на прашања кои се однесувале на христијанското учење (855-856).
3. Хазарската мисија-преземена кај Хазарите кои живееле на брегот на Црното Море
(868-861). Потоа се повлекува на пл. Олимп каде преведува книги на словенски јазик.
4. Моравската мисија-била преземена во 863 год. во Моравија.Браќата Кирил и Методиј
заминуваат со учениците Климент, Наум и др. Во Моравија преземаат активности за
организирање богослужба на словенски јазик. Се спротивставиле на германските свештеници
кои сметале дека богослужбата треба да се изведува само на грчки, латински и еврејски јазик.
Заминуват во Рим каде биле пречекани од папата и одржале богослужба на словенски јазик.
Овде Константин се замонашува и го добива името Кирил. Се разболува и умира во Рим.
Погребан е во црквата Св. Климент. Методија ја продолжува работата во Моравија како епископ
на Панонската епископија. Поради својата активност бил во затвор две години. Умира во
Моравија. Нивната активност ја продолжуват учениците Климент, Наум, Ангелариј и др.
Во 886 година бугарскиот кнез Борис го испраќа Климент во областа Кутмичевица која
се простирала во Југозападна Македонија со двојна цел: да се обучат словенски учители и
свештеници и истиснат од црквите грчките и преку црквата да се дејствува во смирување на
верниците и нивно претварање во послушни поданици на бугарската држава. За седум години
(886-893), тој успеал да обучи околу 3.500 ученици. Во тоа време Охрид прераснал во црковно-
просветен и книжевен центар и се претворил во најразвиен словенски културен центар не само
на Македонија, туку и на целиот словенски свет. Во 893 година од страна на бугарскиот владетел
Симеон Климент би поставен за прв “словенски епископ” во Струмичката епархија. Неговото
учителско место му било доверено на Наум кој исто така дал голем придонес за развојот на
Охридската глаголска книжевна школа.
Климент последните години од својот живот ги поминува во Охрид каде што и умира во
916 година, а пред него во 910 година починал и Наум.
Активноста на Климент и Наум зазема значајно место во црковната и културната
историја на македонскиот народ и се сметаат за основоположници на македонската словенска
црква и култура.
Бугарскиот кнез Симеон (владеел 893-927) е основач на Првото бугарско царство.
Користејќи го слабеењето на Византија ги освоил Тракија и Македонија и стигнал до
Коринтскиот залив. Безуспешно вршел опсада на Цариград. Во 925 год. ја зазел Рашка, а
доживеал пораз во обидот да ја освои Хрватска. Во 925 год. се прогласил за цар на Бугарите и
Грците, а бугарската црква ја издигнал на степен на патријаршија. Го зацврстил феудалниот
поредок во Бугарија. По неговата смрт настапува анархија која ја користи византискиот владетел
Јован Цимиски кој во 971 год. ја покорува Бугарија.

5. МАКЕДОНСКАТА СРЕДНОВЕКОВНА
ДРЖАВА - САМОИЛОВО ЦАРСТВО

Во IX и X век територијата на Македонија паѓа под византиска и бугарска власт.


Поголемиот дел од Македонија се наоѓал под бугарска власт. Во 967 год. во војната меѓу
Бугарија и Византија се замешала Киевска Русија. Тоа го искористиле синовите на брсјачкиот
кнез Никола-Давид, Мојсеј, Арон и Самуил и во 969 год. кренале востание против Бугарија и ја
отфрлиле бугарската власт и ги поставиле темелите на македонската средновековна држава.
Престолнина била Преспа, а потоа Охрид. Нивното владеење е познато како тетрархија. Во 971
год. Бугарија била поразена од Византија, по што Русите се повлекуваат. Во 976 год. браќата се
креваат против византиската власт и ја отфрлаат, по што македонската држава станала
независна. Во истата година биле убиени Арон, Давид и Мојсеј и како единствен владетел
останал Самуил. На војнички план добро ја опремил војската и изградил голем број на тврдини.
По средувањето на внатрешните односи започнал со освојувањето на околните територии. Во
985 год. ја освоил Лариса во Тесалија; во 986 год. и нанел пораз на Византија; ги освоил Дукља и
Далмација и стигнал до Задар, но не го освоил; зазел дел од Албанија со Драч, а се обидел да го
освои и Солун. Направил продор кон Пелопонез, но во 996 год. претпрпел тежок пораз и се
вратил назад. Во рамките на неговата држава биле вклучени делови од Бугарија, Грција,
Албанија, Србија, Босна и др. области. За цар се прогласил при крајот на X век во Преспа во
присуство на папски пратеници од Рим кои му ја донеле круната. Со тоа македонската држава
станала Царство познато како Македонско или Самуилово царство. Претставувала ранофеудална
држава. Државниот апарат и војската биле составени од Македонци. Во внатрешните односи
јазикот бил словенски, а во меѓународната дипломатија грчки. Територијата била поделена на
воено-административни единици (области) на чело со војводи, велможи и др.
Од XI век византискиот владетел Василиј II започнал поход против македонската
држава. По освојувањето на некои подунавски градови во 1004 год. го освоил Скопје по што
започнале византиските напади во внатрешноста на Македонија. До крајот на 1004 год. од
Византија била освоена половината територија на Македонија. Одлучувачката битка се случила
на 29 јули 1014 год. на пл. Беласица кога македонската војска била поразена. Биле заробени
14.000-15.000 македонски војници. По поразот на Беласица на 6 октомври 1014 год. Самуил
умира. Кон крајот на 1018 год. Василиј II влегува во Охрид со што бил ставен крај на
македонската средновековна држава и Македонија потпаднала под византиска власт.

Богомилството за прв пат се појавува во jугозападна Македонија во X век во времето


кога на чело на Цариградскиот патријаршија се наоѓал Теофилакт (933-956). На чело на
богомилското движење во Македонија стоел попот Богомил. Богомилството уште во текот на X
век ги зафатило и другите македонски области. Во дебарско-кичевските и скопските краишта
богомилите биле познати под името “торбеши”, а во Воденско и Солунско како “кудругери”.
Наметнувањето на името “богомили” се одвивало по двоен пат: според името на поп Богомил и
по убеденоста на неговите следбеници, дека му се најблиски на Бога – “мили на Бога”.
Богомилското дуалистичко учење за разлика од официјалната црква учело дека во природата
постоеле и се бореле две начела доброто и злото, при што на крајот секогаш победува доброто.
Според богомилското учење црквите биле излишни, крстот го сметале за омразен предмет
бидејќи на него бил распнат Исус Христос; ги негирале иконите; ги негирале и црковните
празници; работеле и во неделите и се залагале за избегнување на браковите. Во организационен
поглед биле поделени на три групи “совршени”, “верувачи” и “слушатели”. Од Македонија
богомилството се проширило и во другите балкански земји кои биле во составот на Самоиловото
царство како и во Франција, Италија и др. земји.

Во времето на Самуил во 969 год. биле поставени темелите на македонската


православна црква. Римската црква дала согласност за формирање на архиепископија. Од XI век
се нарекува Охридска архиепископија. Седиштето на архиепископијата во почетокот било во
Преспа, а потоа во Охрид. Нејзиното признавање, како и кралската титула на Самуил станало од
страна на Рим. Под јурисдикција на Охридската архиепископија влегувале епископиите кои
влегувале во рамките на Самуиловото царство: Средечката (Софиската), Дрстарската,
Могленската, Велбуждската, Главиничката, Белградската, Скопската, Битолската, Воденската,
Нишката, Призренската, Липлјанската, Рашката, Морозвитската, Драмската, Србичката,
Вериската, Струмичката и Костурската. Свештениците имале повластена положба, а особено
архиепископите и епископите. Охридската архиепископија во времето на македонското царство
била издигната во ранг на Патријаршија.
Во XI век во Македонија се засилила феудалната експлоатација од крупните македонски
и туѓи феудалци кои располагале со големи имоти и утврдени замоци, земале голем данок и за
нив работеле бесплатно (ангарија) многу зависни луѓе, а населението било задолжено и со
обезбедување на храна за војската и нивно сместување. Исто така населението било обременето
и со даноци од Охридската архиепископија. Влошената положба била причина за кревање на
масовни востанија.
Во 1040 год. Византија донела закон со кој даноците наместо во натура требало да се
плаѓаат со пари што претставувало дополнителен товар за населението. Тоа било повод за
востание во Македонија. Востаниците од Македонија заминале кон унгарската граница за да го
пречекаат Петар Делјан, вонбрачен син на Гаврило Радомир, син на Самуил. По
пристигнувањето бил издигнат на штит и прогласен за цар. Преку Ниш востаниците се спуштиле
во Македонија. Кон нив се приклучило и голем дел од населението на Бугарија, Србија,
Албанија и Грција. Востанието покрај ослободителен имало и антифеудален карактер. Во исто
време и во Драчката област во Албанија се кренало востание на чело со војникот Тихомир. Во
близината на Дебар дошло до средба меѓу Петар и Тихомир. Тихомир бил убиен, а Делјан
поради царската крв прогласен за цар. Се упатува кон Солун, но не успеал да го освои. Алусијан,
син на македонскиот цар Иван Владислав, бил поразен кај Солун по што се вратил на Острово,
го ослепил Петар Делјан и му се предал на византискиот цар. Петар Делјан бил заробен и
одведен во Цариград. Востанието завршило во 1041 год.
По загушувањето на востанието Византија повторно ја всспоставила својата власт во
Македонија и го оптоварила населението со нови давачки што било причина во Македонија
повторно да се крене востание во 1072 год. Востанието се кренало во Скопје на чело со Георги
Војтех. На помош од Зета му пристигнал војсководителот Петрило, а и синот на владетелот на
Дукља Константин Бодин. Во Призрен, Бодин бил издигнат на штит и прогласен за
(македонски) цар. Востаниците успеале да ги ослободат Скопје, Охрид, Костур и други градови.
Но по поразот на Петрило кај Костур, тој се вратил во Дукља. По ова, во битката во близината на
Косово Поле, од Византијците биле фатени Константин Бодин и Георги Војтех и испратени во
Цариград. Војтех умрел за време на патувањето, а Бодин бил откупен од затворот од неговиот
татко. Востанието било ликвидирано во 1073 год.

Во почетокот на 80 години на XI век балканските поседи на Византија ги нападнале


Норманите предводени од Роберт Гвискард и неговиот син Боемунд. Византискиот владетел
Алексеј И Комнен не можел да го спречи нивното навлегување. Норманите навлегувале по патот
Виа Егнатија. По победата кај Драч (1082 год) Норманите навлегле длабоко на византиска
територија. Во 1083 год. византиската војска била поразена кај Јанина. И покрај враќањето на
Роберт Гвискард во Италија, неговиот син Боемунд ги продолжил освојувањата на Балканот.
Освоил и поголем дел од Македонија. Охраѓани доброволно му се потчиниле, но неуспеал да ја
заземе тврдината во која се наоѓале византиските војници. Норманскиот војсководител Петар
Алиф ги зазел двата Полога, а грофот Пунтес го зазел Скопје. Од Охрид Боемунд се упатил кон
Бер го освоил, како и Меглен каде го оставил грофот Сарацин. Во т. н. Бели Цркви останал на
логорување три месеци, а потоа ги зазел Пелагонија, Трикала и Костур. Во јануари 1084 год. при
обидот да ја освои Лариса бил нападнат од голема византиска војска и бил поразен. По ова
Византијците преминале во против офанзива. Византија се служела и со поткупување на
норманските војсководачи кои долго време не биле исплатени. Со цел да обезбеди пари Боемунд
заминал за Италија. Во Македонија ги оставил војсководителите: Бриен да го чува Костур и
Петар Алиф Полог. Тоа го искористил византискиот император Алексеј I кој со големи воени
сили го освоил Костур. Дошло до побуна меѓу норманските војсководители кои биле поткупени
од Византија. По смртта на Роберт Гвискард во 1085 год. Боемунд бил принуден да се повлече од
Балканот.
Во периодот од 1081 до 1094 год. Византија успеала со извесни отстапки да ја отстрани
српската опасност од север. Меѓутоа, во 1096/97 год. на територијата на Македонија се појавиле
крстоносците од Првиот крстоносен поход кои се движеле по патот Виа Егнатија. Во 1096 год.
Крстоносците кои ги предводел Боемунд Тарентски преку Драч и Валона навлегле во
Македонија. По преминувањето на р. Вардар непречено го продолжиле патот кон Сер каде
Византијците ги пречекале со големи почести и богати подароци собрани од населението, по
што крстоносците продолжиле кон Мала Азија.
Во 1097 год. низ територијата на Македонија поминале и Крстоносците од Јужна
Франција. Но поради нападите на Македонците, Печенезите, Куманите, и други, Крстоносците
биле принудени да ја напуштат територијата на Македонија. Македонското население за време
на навлегувањето на крстоносците застанало на страната на Византија барајќи заштита од
грабежите и убиствата што ги вршеле крстоносците.
Додека се случувале сите овие настани на Балканот на исток се појавила опасноста од
Турците-Селџуци. Оваа опасност била повод за преземање на Крстоносни походи за
“ослободување” на божјиот гроб.
Четвртата крстоносна војна (1202-1204) ја иницирал папата Инокентие III (1198-1216)
против Египет. Основните мотиви за оваа војна биле настојувањата на Венеција да ги задржи и
зацврсти трговските врски со истокот. Меѓутоа, на повикот за помош од византискиот принц
Алексис, крстоносците се насочиле кон Цариград и го зазеле во 1203 и 1204 год. На територијата
на Византија го формирале Латинското Царство со помали феудални крстоносни држави
(Солунско Кралство, Трапезунтско Царство, Епирско деспотство, Никејско Царство). Во
периодот од 1217 до 1270 биле водени уште четири крстоносни војни.

Уште пред навлегувањето на Турците на Балканот, поточно во Македонија во XII век


забележително било слабеењето на византиската власт и тоа довело до појава на феудален
сепаратизам и отстранување на визнатиската власт во некои балкански држави. Меѓу
феудалците кои настојувале да ја отстранат византиската власт бил и Добромир Хрс во
Македонија. Користејќи го навлегувањето на крстоносците Хрс правел планови за проширување
на својата територија. Во исто време навлегувањето на Крстоносците го искористил и рашкиот
жупан Немања кој навлегол во Македонија и ги разурнал македонските средновековни градови:
Градец во Горни Полог, Лешок во Долни Полог и Скопје. Тоа го искористил Хрс кој ја
проширил својата територија се до Полог. Но по повлекувањето на Крстоносците, Византија
повторно ја воспоставила својата власт во освоените територии. Хрс бил фатен и затворен.
Меѓутоа, изразувајќи лојалност кон Византија набргу бил ослободен и поставен за управник на
Струмица. Но кога од престолот бил симнат византискиот владетел Исак ИИ Ангел и бугарскиот
притисок во областа Струма ослабнал, односот на Хрс се променил. Се осамостоил во
Струмица, а потоа го зазел и Просек кој се наоѓал на патот Солун-Скопје и бил добро утврден,
тешко достапен и опремен со справи за одбрана. На освоената територија Хрс вовел “варварска
власт”, а ја укинал византиската. Одовде напаѓал на серската област. Во 1199 год. византискиот
император Алексеј ИИИ Ангел организирал воен поход со цел да го уништи Хрс. Меѓутоа
претрпел пораз по што бил склучен мир. Со мирот Византија на Д. Хрс му ја признала власта во
градовите Струмица и Просек. Мирот бил зацврстен и со бракот на Д. Хрс со ќерката на
протостраторот Мануил Камица. До влошување на односите дошло поради заробувањето на
Мануил Камица од Бугарите и одбивањето на Византија да плати откуп. Откупот го платил Хрс.
По ова Камица со Хрс го прекршил договорот и ги зазеле Пелагонија и Прилеп, навлегле во
Тесалија, потикнале востание во Елада и придонеле и Пелопонез да ја отфрли власта на
Византија. Но набргу византиската дипломатија успеала да ги оддели Камица и Хрс и една по
една ги повратила заземените треритории. Во 1201 ја зазеле Струмица, а Хрс бил изолиран во
Просек. Оттогаш му се губи секаква трага.
Во 1203 год. во Просек била воспоставена бугарска власт. Разгорувањето на борбата за
власт во Бугарија ја искористил Стрез, кој потекнувал од бугарски царски род и се осамостоил во
Македонија (околу 1207 год). Со добиената помош од Србија успеал да го заземе Просек кој
станал негово седиште. Својата територија и власт ја проширил до Солун и Охрид по што и
околните управници ја признале неговата власт. Прилагодувајќи се кон новонастанатите
политички реалности соработувал со Србија, а исто така воспоставил и добри односи со
Бугарија. Презел воени акции на територијата на Солунското Кралство. Во 1212 год. во судирот
со Латините бил помогнат од Бугарија при што бил поразен. По ова ги прекинал односите со
Србија, а се придружил на коалицијата на балканските сили, Латинското Кралство, Бугарија и
Епирското деспотство. Стрез умрел во 1214 год.

6. МАКЕДОНИЈА ПОД СРПСКО


ВЛАДЕНИЕ

По смртта на бугарскиот цар Симеон, Бугарија била освоена од Византија. Во времето на


Самуиловата држава влегла во рамките на македонската средновековна држава. По 1018 год.
повторно била освоена од Византија.
Првиот српски цар Стефан Душан (крал 1331-1346; цар 1346-1355) по обезбедувањето на
пријателски односи со Бугарија, преку бракот со бугарска принцеза, започнал со освојувања на
византиските области во Македонија. Ги освоил Костур, Прилеп, Струмица, Охрид, а го
опседнал и Солун. Меѓутоа, навлегувањето на Унгарците во Северна Србија го принудиле да
склучи мир со Византија. По отстранувањето на унгарската опасност се посветил на јакнењето
на својата држава. Користејќи ја борбата за престолот во Византија застанал на страната на
Кантакузин. Ги освоил Мелник, Воден и градовите во денешна Албанија Кроја, Берат и Валона.
Поради предавство го раскинал сојузот со Кантакузин кој заминал кај Османлиите. По наговор
на Кантакузин Османлиитесе истовариле на Балканот и кај Стефанија поразиле еден одред на
српската коњаница. Душан и покрај тоа продолжил со освојувањата во Македонија и Албанија.
По освојувањето на Серез Душан ги принудил Османлиите да се повлечат. На 16 април 1346
год. во Скопје бил крунисан за цар. Се титулирал како цар на “Србите и Грците, а во некои
документи се титулира и како “благочестивиот и христољубив македонски, српски, бугарски,
унгарски, далматински, арбанаски и унгарско-влашки цар...“. Царската круна ја примил од
српскиот патријарх Јоаникие, трновскиот патријарх Симеон и охридскиот архиепископ Никола.
По крунисувањето го освоил Епир и Тесалија. Јужните граници на српското царство се
протегале се до Коринтскиот залив. Безуспешно војувал против Босна поради Хум, против
Унгарците кои навлегле во Србија и против Османлиите како сојузници на Византија. Во негово
време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
Феудалниот поредок во негово време го достигнал највисокиот развој. Како цар посебно
внимание обрнал на законодавството (Душанов законик).

Поголемите промени кои го наговестиле распаѓањето на Душановото царство започнале


во 1360 год. Велможот Радослав Хлапен кој владеел со Бер и Воден успеал да се осамостои; во
Сер од 1360 год. почнала да се осамостојува царицата Елена; во Јужна Албанија се осамостоил
господарот на Валона, деспотот Јован Асен; во Зета се осамостоил кнезот Воислав Војиновиќ,
кој со брат му Алтоман ја држеле областа меѓу Дрина и Рудник на север и по должината на
јадранскиот брег од Дубровник до Бока Которска на југ. Кнезот Воислав владеел со областите на
стара Рашка и Травунија. Кесарот Војихна бил господар на Драма и територијата меѓу Струма и
Места. Севастократорот Дејан, подоцна деспот, со синовите Јован Драгаш и Константин го
држеле Жеглигово и Прешево, североисточно од Скопје и областите кон исток околу Горна
Струма и Велбужд (Ќустендил) севастократорот Влатко Паскач, татко на кесарот Углеша, бил
господар на Славиште, а со Волкашин ги освоил Прешево, Врање и Иногоште. Деспотот Оливер
ја држел територијата во средниот тек на р. Брегалница со Злетово, Моровизд и Пијанец.
Севастократорот Влатко управувал со пределот по горниот тек на Крива Река. Гргур, синот на
севастократорот Бранко, се осамостоил во Охридско.
Најмоќни од сите биле браќата Димитрија Волкашин и Јован Углеша. Волкашин уште
во 1350 год. бил жупан во Прилеп, а потоа го зазел и Скопје, а изгледа и Призрен. Углеша успеал
од серската област да ја истисне царицата Елена. Областа на деспотот Углеша ги опфаќала
териториите: на исток долината на р. Места, на југ и запад Халкидичкиот Полуостров и долината
на долниот тек на р. Вардар. Солун останал византиски. На север Мелник и Струмица и се
соединувале со земјите на кралот Волкашин кој ги држел: Прилеп, Скопје и Призрен. Во 1367/8
се осамостоил и Никола Алтомановиќ.

7. ОСМАНЛИИТЕ НА БАЛКАНОТ
И ВО МАКЕДОНИЈА

Синот на основачот на османската држава Орхан (1326-1358) ја освоил скоро цела Мала
Азија, ја пренел престолнината во Бруса (1326), во 1352 ја зазел тврдината Цимпе, а во 1354 без
отпор го зазел Галиполе по што му бил отворен патот кон Балканскиот Полуостров.
Османлиските навлегувања на Балканскиот Полуостров се совпаѓаат со внатрешните судири кои
ги зафатиле балканските држави. Во Византија се воделе борби околу престолот, Бугарија
поделена ги дочекала Османлиите, по смртта на Душан неговото царство било поделено на
повеќе феудални области. Во 1369 год. Мурат И ја пренел престолнината во Едрене. На 26
септември 1371 год. Османлиите ја поразиле војската на деспотот Углеша и кралот Волкашин на
р. Марица. Серез бил освоен во 1383, а околу 1385 год. биле освоени и Штип, Велес, Прилеп и
Битола каде го оставиле да владее крал Марко како нивни вазал. Во 1387 год. Османлиите
привремено го зазеле Солун. По ова на удар се нашла Србија. Во решавачката битка на Косово
Поле на 28 јуни 1389 год. Србите биле поразени. Султанот Бајазит I (1389-1402) на Србија и
наметнал вазални односи. Скопје бил заземен во 1392; Бугарија во 1393; Во 1396 год., по смртта
на крал Марко и Константин Драгаш (1395) , кои биле турски вазали, нивната територија била
освоена од Османлиите. Македонија под власта на Османлиите подпаднала кон крајот на XIV
век. Балканските држави ја губеле самостојноста во очи и за време на големите географски
откритија и економскиот и културниот подем на западна Европа. Османлискиот феудален
систем неповолно делувал на општествениот, економскиот и културниот подем на
христијанските народи кои влегле во рамките на Османлиското царство.

Непосредно по стапувањето на европското копно Османлиите започнале да спроведуваат


смислена и систематска акција за преведување во ислам на месното христијанско население.
Исламот бил државна религија и идеолошка основа на Османлиското Царство. Сите негови
припадници имале поголеми права отколку припадниците на другите религии. Муслиманите
биле сметани за правоверни и полноправни граѓани со големи можности за економски и
социјален напредок. Од друга страна припадниците на христијанската религија и сите други
немуслимани биле сметани за неверници за бесправна маса на даночни обврзници. Тие биле
подложени на поголемо даночно оптоварување, им било забрането учество во државниот апарат
и во војската, носењето на оружје, капењето во јавните бањи (амами) во деновите кога тоа го
правеле муслиманите, живеењето во исти маала со муслиманите, судството и др. Во такви
услови на живот преминувањето во ислам за голем број лица претставувало единствен сигурен
начин да се одбегне дискриминацијата и да се добие статус на полноправен член на
општеството.
Меѓу првите во ислам преминувале припадниците на старата феудална класа во
освоените балкански земји. Со самото тоа тие настојувале да ги зачуваат своите класни позиции
во новонастанатата ситуација. Исламизацијата доста бргу го зафатило и градското христијанско
население. Преминувањето во ислам им гарантирало дека ќе ја одбегнат можноста еден ден да
биде доведена во прашање нивната сопственост над недвижниот имот, како и вршењето на
стопанска дејност во градот. Тоа несомнено било поттик истото да го сторат и голем број
градско и селско население.
Исламизацијата во Македонија започнала уште во времето на османлиското
навлегување, но посигурно може да се следи од средината на XV век. Во однос на
исламизацијата во Македонија од шеесетите до осумдесетите години на XVI век според
статистичките податоци, околу половина од вкупното градско муслиманско население имало
христијанско потекло, што врз основа на сумарни показатели може да се заклучи дека една
четвртина, односно 25% од вкупното градско население на Македонија во тоа време му
припаѓала на исламизираното домородно, пред се македонско население. За разлика од
градското население исламизацијата зафатила просечно околу 3% од селското македонско
население. Се до XVII и XVIII век процесот на исламизација не бил насилен. Насилната
исламизација настапува во периодот кога значително се зголемила нестабилноста на
Османлиската Империја во почетокот на XVIII век.
Во исламот преминувале и припадниците на други етноси и религии: Евреите, Ромите и
др.

Една од најстарите форми на оружен отпор против османлискиот феудален систем било
ајдутството. Во основата на ајдутството се наоѓал општествениот протест против насилството.
Тоа, пред се, бил бунт против експлоатацијата, против војската и народносната дискриминација.
Најстариот податок кој говори за ајдутството во Македонија потекнува од јануари 1502 година.
Ајдутството посебно се засилило од средината на XVI век, кога османлиската моќ започнала да
опаѓа, да се распаѓа тимарско-спахискиот систем, да слабее дисциплината спрема централната
власт и кога положбата на немуслиманското население станувала се потешка. Ајдутските
дружини излегувале напролет. Нивниот број изнесувал од 20 до 30 лица. а можеле да бројот и до
100 лица. Социјалниот состав на ајдутските дружини бил разновиден: селани, сточари, аргати,
чифчии, овчари, разни слуги, а се случувало да има и попови, калуѓери, даскали кои во повеќето
случаи биле духовни водачи на ајдутските дружини. Ајдутите обично ги напаѓале феудалните
имоти на Османлиите: спахиските куќи, амбарите, рудниците и др. Ги напаѓале и
претставниците на власта и феудалците.
Од своја страна Османлиите преземале казнени експедиции и потери со цел да го
ликвидираат ајдутството.
Во 1683 год. Османлиите по втор пат извршиле напад на Виена. По двомесечна опсада
здружената полска и австриска војска ги поразила Турците. Во 1684 год. Австрија, Полска и
Венецијанската Република ја формирале Светата Лига која ја продолжува борбата против
Османлиите. По заземањето на Ниш, во септември 1689 год. генералот Пиколомини се упатил
кон Косово. По освојувањето на Прокупље и Грделичка Клисура влегол во Приштина, а во
октомври се упатил кон Качаник. На 25 октомври австриската војска влегла во Скопје. Но
поради оддалеченоста од главнината решил да се повлече. Во тоа време во градот се појавила
чума што било причина Австријците да го запалат Скопје (26 и 27 октомври 1689 год).
Пиколомини умира во ноември 1689 год. заразен од чума. Во внатрешноста на Македонија
пробив извршил херцогот Холштајн кој од кумановското с. Оризари се упатил кон Штип. На 10
ноември 1689 год. пред Штип во еден жесток судир меѓу австриската и турската војска
Османлиите биле разбиени. Австријците го запалиле градот и се вратиле назад со богат плен.
Исто така, Османлиите биле разбиени и кај с. Леуново од доброволци Албанци-католици кои
биле упатени од Призрен. На 20 декември 1689 год. еден австриски одред од Приштина се
упатил кон Велес и со ненадеен напад влегле во градот, го ограбиле и делумно го запалиле.
За време на австро-османлската војна дошло до влошување на економската и
политичката положба на македонското население. Биле воведени нови даноци и дошло до
поскапување на производите. Се зголемил бројот на воените дезертери и одметници кои го
пљачкосувале населението. Таквата состојба му дала нов замав на ајдутството кое некаде се
претворило во масовно движење на населението (Мариовско, Битолско, Тиквешко, Велешко,
Штипско). Посебен импулс претставувале победите на Светата лига и надеж дека Македонија ќе
се ослободи од османлиската власт. Во окотмври 1689 год. во северо-источниот дел на
Македонија на територијата меѓу Ќустендил и Скопје избило востание на чело со Карпош.
Центар на востанието била Крива Паланка. Во турските документи Карпош се именува како
“крал од Куманово”, титула која веројатно му била дадена од австрискиот цар Леополд I. Но по
воведените мерки од Мустафа паша Ќуприли-Заде, укинување на некои даноци, простување на
оние кои не ги платиле заостанатите даноци од претходната година. и консолидирање на
војската-се подготвил за пресметка со македонските востаници. На помош на Османлиите им
пристигнал Кримскиот хан Селим Гирај. Дознавајќи за надмоќна на непријателските сили
востаниците ја запалиле Крива Паланка и се повлекле кон Куманово. Во битката пред Куманово
востаниците биле поразени, а Карпош бил заробен со голем број востаници. Османлиите се
упатиле кон Скопје кој бил во рацете на ајдутите. Но пред нивното пристигнување тие се
разбегале. Во Скопје Карпош бил убиен. Последниот отпор востаниците го пружиле во
близината на Качаник во јануари 1692 год. Плашејќи се од турските репресалии голема маса од
населението побегнала на север заедно со Србите под водство на патријархот Арсение III
Црнојевиќ.

Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век во Македонија биле создадени услови за
развој на градското стопанство. Тоа придонело за формирање на нов слој меѓу населението -
македонска буржоазија која како приоритетна потреба го истакнала јазикот, потоа писменоста
итн. На тој начин, од 20-тите години на XIX век започнало културно-просветното движење во
Македонија, кое создало услови за национално будење на македонскиот народ. Првите
книжевници, Јоаким Крчовски од Кичевско и Кирил Пејчиновиќ од Тетовско, биле свештеници
и учители. Нивните книги имале религиозен и поучен карактер, биле пишувани со кирилско
писмо и на македонски народен јазик. Овие и другите книги се печателе во странство, бидејќи
во Македонија немало печатница. Меѓутоа, нараснатата потреба од книги, отворањето на
училишта, како и материјалната моќ на македонската буржоазија го навестувале неопходното
отворање на печатница. Дојранчанецот Теодосиј Синаитски, со цел да најде најповолно место за
печатница, ја обиколил цела Македонија и најпосле во 1838 година проработила печатницата во
Солун. Печатените книги во првата македонска печатница го ширеле народниот македонски
јазик и го истиснувале црковно-словенскиот. Меѓу другите била печатена и книгата “Утешение
грешним” од Пејчиновиќ. Печатницата работела кратко, до 1841 год. кога изгорела во пожар, но
имала исклучителна улога во трасирањето на патот за развиток на народното просветување.
Потребата од постојано печатење на книги била основната причина за отворање на ваташката
печатница на Даскал Камче, кој по потекло бил од Демир Капија. Даскал Камче напишал дело
“Опис на светогорските манастири”, а меѓу печатените книги била и “Таблица перваја” -
учебник од Јордан Хаџи Константинов- Џинот. Бидејќи печатницата работела без знаење на
властите, по нејзиното разоткривање од грчкиот владика во Струмица, нејзиното работење било
забрането. Кон половината на XIX век, Константин Држилович од с. Држилово - воденско, во
Солун отворил нова печатница, во која за разлика од претходните, се печателе книги на
македонски јазик, но со грчки букви.
Освен печатарството, македонската буржоазија го форсирала и градежништвото,
сликарството и резбарството. Особен развиток, во 40-тите години на XIX век доживувало
црковното сликарство-зографство. Еден од најдобрите мајстори бил Дичо Зограф од с. Тресонче,
Дебарско.
Посебен интерес и наклоност, македонската буржоазија имала кон отворањето, грижата
за работа и издршка на училиштата кои биле именувани како општински училишта. Првите
општински училишта се појавиле во 30-те и 40-те години на XIX век во Скопје, Велес, Штип и
др. градови. Целта им била да ја шират просветата меѓу народот и да се борат за осамостојување
на црквите и училиштата. Првите учители, кои работеле во таа насока биле Јордан Хаџи
Константинов-Џинот и браќата Димитар и Константин Миладинови. Овие дејци, како и
народните училишта во Македонија, биле во постојана борба со грчката буржоазија и
свештенство. Нивните напори вродиле со плод и во втората половина на XIX век значително
нараснал бројот на училиштата. Биле созадавани неделни училишта, вечерни курсеви за
возрасни, народни читалишта во Прилеп, Велес, Штип, Скопје, а во 1868 година во Штип било
отворено и првото педагошко училиште во Македонија.
Веќе споменатата борба на македонските преродбеници со грчката политика на
господарење со Македонија во 60-те години на XIX век добила масовен карактер. Имено,
фанариотите (грчки владици, попови и учители) отворено биле бркани од народот и на нивно
место биле избирани македонски. Ваквите акции ги предводеле Јордан Хаџи Константинов
Џинот, браќата Миладинови, Прличев, Димитар Беровски и др. личности, но масовни акции
презел и народот во Охрид, Прилеп, Крушево.

По освојувањето на Македонија Османлиите не посегнале по христијанската Охридска


архиепископија. Тие ја почитувале нејзината автокефалност и таа ја зачувала законодавната,
извршната и судско-црковната и граѓанската власт за време на османлиското владеење.
Османлиската власт била толерантна спрема Охридската архиепископија и допуштала таа во
духовен поглед да се самоуправува, а притоа барајќи лојалност од неа и од православното
население под нејзина јурисдикција. Ваквата ситуација Охридската архиепископија настојувала
да ја искористи за враќање на своите поранешни територии бидејќи бројни епархии биле
изгубени за сметка на Пеќската патријаршија. Меѓусебната доверба резултирала со
проширување на јурисдикцијата на архиепископијата. До 1466 година кон Охридската
патријаршија биле припоени: Софиската, Видинската, Влашко и Молдавија, диецезата на
Пеќската патријаршија и православни општини во Италија (Апулија, Калабрија и Сицилија) како
и во Венеција и Далмација. Но во 1557 година великиот везир Мехмедпаша Соколовиќ (1565-
1579) ги одвоил српските епархии од Охридската архиепископија и ја обновил Пеќската
патријаршија, на чело со неговиот роден брат. Во таа прилика српската црква ги приклучила
епархиите Морозвиздска и Ќустендилска, заедно со градот Разлог.
Толеранцијата попуштила во времето на Сулјеман Величествениот (1520-1566) кој
извршил ревизија на законите. Според новите закони на христијаните им биле наложени нови
тешки даноци, а едновремено започнало и ограбувањето на црковните имоти, притисок и
убиства на архиепископите.
Високото свештенство на архиепископијата било од грчко потекло и го воведувало
грчкиот јазик во епископските седишта, но и во градовите и училиштата, исто така и литургијата
се вршела на грчки јазик, а и натписите на црквите се испишувале на грчки јазик. Во времето на
австро-османлиските војни во XVII век, свештенството активно учествувало во движењето
против Османлиите. Тоа било искористено од Цариградската патријаршија за агитација пред
османлиските власти барајќи укинување на Архиепископијата, претставувајќи ја пред Високата
Порта како орудие на Австрија и на Рим, што на крајот резултирало со нејзиното укинување во
јануари 1767 година со специјално султанско ираде. Со тоа Охридската архиепископија била
укината, а нејзините епархии биле присоединети кон Цариградската патријаршија.
За време на османлиската владеење Охридската архиепископија одиграла позитивна
улога во зачувувањето на верскиот, етничкиот и културниот идентитет на македонскиот народ
како и на ширењето на словенската писменост во Македонија и на Балканот, воопшто.
Со создавањето на Егзархијата, во 1870 год., како и по сфаќањето на нејзината улога и
задача, македонскиот народ ја покренал иницијативата за обновување на Охридската
архиепископија како самостојна македонска црква. За ваквата идеја особено се залагал
скопскиот владика Теодосие. Меѓутоа, заедничката желба за владеење со македонскиот народ и
земја ги сполотила интересите на грчката Патријаршија и бугарската Егзархија. Тие со помош на
османлиската власт започнале да ги прогонуваат македонските првенци. Сознанијата за
дејствувањето на обете туѓи христијански цркви сред населението будело уште поголема омраза
и настојување да се омаловажи и задуши нивното постоење и работа. Како резултат на тоа се
појавил голем број на учебникари како на пример владиката Партение Зографски, Ѓорѓија
Пулевски, Кузман Шапкарев и др., а нивните дела биле најсилното оружје против странските
пропаганди во Македонија.
На тој начин, борејќи се за создавање на македонска самостојна црква и македонски
училишта со народен јазик, македонскиот народ настојувал да ја зачува националната
самобитност.

Пред османлиското освојување на Македонија нејзината територија духовно припаѓала


под јурисдикцијата на три автокефални цркви. Под јурисикција на Охридската архиепископија
со седиште во Охрид се наоѓале поголемиот дел од македонските епархии. Под јурисдикција на
Пеќската патријаршија се наоѓал северниот дел од Македонија воглавно Скопската епархија, а
под јурисдикција на Цариградската патријаршија се наоѓале југоисточните делови на
Македонија заедно со градот Солун. По османлиското освојување на Балканот Пеќската
патријаршија била укината и приклучена кон Охридската архиепископија. Цариградската
патријаршија ја задржала својата јурисдикција над југоисточните македонски епархии.
Римокаталичката црква располагала со своја бискупија во Скопје. До 1886 год. околу 20.000
Македонци пристапиле кон католичката црква, а кон неа пристапиле и Албанци и доселеници.
Ограничена активност, по Берлинскиот конгрес, пројавила и протестантската црква која успела
да го наложи своето влијание само во источниот дел на Македонија (Разлок, Неврокоп, Банско).
По освојувањето на Македонија од страна на Османлиите како нова религија била донесен
исламот. Истовремено со потпаѓањето на Македонија под Османлиска власт и на Евреите им
било овозможено слободно да ја исповедаат својата вера.

По Берлинскиот конгрес ситуацијата во Македонија уште повеќе се комплицирала со


засилените пропаганди на Грција, Србија и Бугарија. Пропагандите на сите три држави имале
една единствена цел да го попречи националниот развиток на македонскиот народ и да го
насочи во свој интерес.
Грција во Македонија, до 1886 год., имала отворено 846 грчки школи, вклучувајќи три
учителски школи, една женска и машка гимназија во Битола и др. со вкупно 45.000 ученици.
Целокупниот успех на грчката пропаганда во Македонија по Руско-турската војна и
Кресненското востание зависела, пред се, од контактите и наклонетоста на Османлиската влада.
Меѓутоа, од крајот на XIX век Османлиските власти почнале да ја повлекуваат поддршката на
Грција и се повеќе станувале толерантни кон Егзархијата и другите пропаганди.
За разлика од грчката пропаганда, српската пропаганда датира од 1868 год. која до
Берлинскиот конгрес сеуште не била дефинирана. Но по Конгресот, а особено по
потпишувањето на Тајната конвенција од 1881 год. со Австро-Унгарија, со што на Србија и биле
затворени вратите кон Босна и Херцеговина, таа се свртела кон Македонија. Најзиниот прв чекор
бил направен со отворањето на училишта во Македонија и поставување на владици во Скопје,
Велес, Дебар, Битола и Охрид.
По Српско-бугарската војна (1885 год.) Србија започнала систематска пропаганда во
Македонија. Се отвориле друштва Св. Сава, продолжило отворањето на училишта, се зголемила
дипломатската активност, се отвориле српски конзулати во Солун, Скопје (1887 год.) и Битола
(1888 год.). Во почетокот на XX век во Македонија имало 217 српски училишта со вкупно 9.179
ученици.
До 1878 год. бугарската пропаганда во Македонија имала предност во однос на другите
две пропаганди поради фактот што дотогаш Бугарија и Македонија биле во рамките на
Османлиската империја и заеднички воделе борби за национално ослободување од повеќе
вековното османлиско ропство и духовно ослободување од стегите на грчката патријаршија. Таа
борба бугарската буржоазија ја искористила за да го прошири своето влијание во Македонија.
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 год. таа го презела лидерството во црковната
и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја
смостојна активност на Македонците за независност.
По формирањето на Бугарија како кнежество, во 1878 год., таа ја презела целокупната
иницијатива за ширење на големобугарската пропаганда во Македонија. Во 1890 год. Бугарија
добила дозвола за отворање на Митрополии во Скопската, Велешката и Охридската епархија
како и во Неврокоп, Битола, Дебар и Струмица.
До 1900 год. Бугарија во Македонија имала отворено 1053 училишта со вкупно околу
26.000 ученици.
Во учебната 1899-1900 година Грција, Србија и Бугарија, заедно, имале отворено 2.116
училишта со околу 80.000 ученици. Основната цел на образовните и црковните институции на
овие држави во Македонија била да ги оневозможи националните пројави на македонскиот
народ, а од децата да формира граѓани со туѓа национална свест.
Во овој период активност пројавиле и Македонците кои биле на работа и студирале
надвор од Македонија.
Во Софија своја активност пројавила “Младата македонска литературна дружина”, која
во 1892 год. почнала да го издава списанието “Лоза”. Во него била истакнувана националната
посебност на македонскиот народ, неговиот јазик, како и потребата од здружување на сите сили
за борба против освојувачките интереси на соседните држави. Ваквата ориентација на
списанието била причина за негова забрана од страна на бугарската власт.
Во Швајцарија во 1898 год. бил формиран Македонски таен револуционерен комитет кој
се залагал за целосна независност на Македонија и слобода на македонскиот народ.
Во зимата 1902 год. македонските студенти од Сент Петерсбург во Русија го формирале
Македонското научно-литературно другарство кое се застапувало за целосна посебност и
ослободување на Македонија. Во Меморандумот што бил испратен до руската влада на 12
ноември 1902 год. другарството жестоко се спротивставило на шовинистичката пропаганда која
го оневозможувала независниот развиток на македонскиот народ. Програмските цели на
другарството биле: признавање на македонските Словени од страна на Османлиската империја
како посебен народ со посебен литературен јазик кој напоредно со османскиот би бил
официјален јазик во трите македонски вилаети; признавање на македонска независна црква;
назначување на генерален гувернер со помошници од националните малцинства во трите
вилаети и локално избран народен совет. Со објавувањето на книгата на Крсте Мисирков “За
македонцките работи” биле дополнети програмските цели на МНЛД.

8. ФОРМИРАЊЕТО НА МРО
На политички план национално ослободителанта борба на македонискиот народ кон
крајот на XIX век резултирала со формирање на Македонската револуционерна организација
(ТМОРО), формирана на 23 октомври, стар стил, 1893 год. во Солун. Нејзини основачи биле:
Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Антон Димитров, Иван
Хаџи Николов.
Формирањето на ТМОРО и самостојното делување на македонските револуционери било
неприфатливо за политиката на соседните држави поради што се обидувале на секој начин да го
наметнат своето влијание во македонското движење. За таа цел во Софија во 1895 година бил
создаден Врховен комитет од македонски емигранти и печалбари во Бугарија кои биле под
силно политичко влијание на бугарскиот двор. Нивна единствена задача и цел била да се
инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно
работење во зацртаниот правец. Идентична цел имало и т.н. Горноџумајско востание т.е.
провокација од септември 1902 год. кое било исценирано од бугарската влада.
На Солунскиот конгрес на организацијата во јануари 1903 год. било донесено решение
за кревање на востание. На 29 април 1903 год. биле извршени солунските атентати. Од 2-7 мај
1903 год. во Смилево се одржал конгрес на кој било донесено решение за кревање на востание на
2 август 1903 год. Во деновите додека се одржувал Конгресот, на 4 мај 1903 год. во Баница-
Серско бил убиен еден од најистакнатите раководители на ТМОРО Гоце Делчев.

Неуспехот на востанието било причина за бројни несогласувања меѓу нејзините членови


при што се издиференцирале две гледишта. Првото, дека вината за неуспехот на востанието била
во неговото предвремено кревање и второто, дека ослободувањето на Македонија е можно само
со помош од Бугарија. Во такви услови, старите раководители на Организацијата, како Дамјан
Груев, во текот на 1904 год. започнале да ја обновуваат нејзината мрежа во битолскиот округ. За
таа цел бил одржан т.н. Подвижен конгрес во неколку села од прилепската околија на кој бил
усвоен нов предлог за Устав на Организацијата, кој бил проследен до сите организации на
преиспитување и усогласување до свикувањето на општ конгрес. Во октомври 1905 год. бил
свикан Рилскиот конгрес со цел да се разгледа целокупната активност на Организацијата, да се
донесе нов Устав, да се осуди дејноста на странските пропаганди. На овој конгрес било усвоено
ново име за Организацијата Внатрешна македонска одринска револуционерна организација
(ВМОРО) и било постигнато привидно единство меѓу двете спротивставени страни. Единството
траело кратко време. Потоа дошло до отворен судир меѓу двете страни. Тоа го означило
дефинитивниот расцеп во ВМОРО и почетокот на бројните меѓусебни недоразбирања, судири и
убиства.
Османското владеење кое ја предизвикало тешката положба на населението на Балканот,
било повод за кревање на бројни востанија во почетокот на XIX век. Така, во 1821 година било
кренато Грчкото востание, кое пак било повод за кревање и на други востанија. Една година
подоцна 1822 година било кренато Негушкото востание во кое покрај населението од градот
Негуш масовно учество зело и населението од околните воденски села Држилово, Ошљани,
Пископија, Катраница и Граматиково. Македонците од овие места заедно со Грците и Власите,
под раководство на Атанас Каратасев (Каратасе) и Ангел Гачо во почетокот ги напаѓале
османлиските чифлизи и полските кули. Тие запалиле околу 134 чифлизи и помали села. Првите
успеси во борбите со Турците, а особено заземањето на градот Негуш, предизвикале
одушевување кај народот. Востанието имало големи симпатии и поддршка кај сите села од
утоката на Бистрица во Солунско, па дури и во самиот Солун. Првите обиди на новодојдените
османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над
населението. Меѓутоа, востаниците биле од сите страни опколени од воените сили на Џеладин-
бег од Охрид, Али-паша Јанински и Лобуд-паша од Солун, кои броеле околу 15.000 војници. Со
овие сили тие извршиле општ напад на востаничката територија и во крвавите борби успеале
одново да го вратат градот Негуш. Со страшни репресалии врз населението било целосно
задушено востанието, а водачот Каратасев пребегал во Србија. Негушкото востание и покрај
неуспехот, претставува прв масовен обид за ослободување од Османлиите.
Нов бран на незадоволство кај македонскиот народ се појавил во текот на 70-тите години
на XIX век. Така, во пролетта на 1876 год. започнале востанички акции во с. Разловци,
Малешевско. Подготовките ги раководел Димитар Поп Георгиев Беровски, а учествувал и
неговиот дедо поп Стојан. Според предвиданиот план востанието требало да избувне во село
Разловци и да ги зафати околните места Радовиш, Берово, Петрич и други. По дознавањето за
подготовките османлиската власт презела бројни апсења. Тоа било причина уште недоволно
подготвеното и изолирано од другите востанија на Балканот да избие Разловечкото востание на 7
(19) мај 1876 год. Првите акции на востаниците биле насочени против османските чиновници,
палење на спахиските тефтери и коџабашиските рабуши во кои биле запишани долговите на
селаните. Како одговор на акциите на востаниците османлиската војска презела енергична акција
по што голем број селани и граѓани биле затворени.
Поп Стојан, не сакајќи да падне во рацете на Османлиите се самоубил, селото Разловци
било изгорено, а четата на Беровски била пречекана и разбиена, а тој иако ранет успеал да се
повлече во Осоговските планини во областа Пијанец по што востанието било угушено.
По угушувањето на востанието положбата на населението уште повеќе била влошена.
Тоа особено дошло до израз по Берлинскиот конгрес кога Македонија, од централна османска
провинција, станала погранична. Сето тоа предизвикало нови движења и незадоволства, биле
создавани нови нелегални чети, се засилувале старите чети итн. Нивниот број бил голем во
источна Македонија. Во селото Кресна избувнало ново востание чиј организатор бил бившиот
охридски митрополит Натанаил Кучевишки, а како војводи се истакнале Димитар Поп-Георгиев
Беровски, Стојан Карастоилов, Ѓорѓи Пулевски и др. Востанието избило на 5 (17) октомври 1878
година со цел ослободување на Македонија од повеќе вековното турско ропство. Но, во текот на
востанието се замешал и бугарскиот комитет “Единство” чија намера била, со оружена акција, да
ја предизвика европската дипломатија да го реши македонското прашање во полза на Бугарија.
Спротивставените ставови меѓу раководителите на востанието и бугарскиот комитет “Единство”
за целта на востанието резултирало со осипување и расформирање на востаничките чети. Така
на 6 јуни 1879 година Натанаил Кучевишки издал наредба четите да се растурат, а оружјето да се
складира во с. Бураново.
Следен обид за ослободување од османлиската власт македонскиот народ направил со
Брсјачката буна или уште наречена Демирхисарски заговор. Нејзини организатори биле Диме
Чакре од Прилеп, поп Христо, Ицо Карев и Никола Ковачот од Крушево, како и видни луѓе од
Охрид. Во својата работа заговорниците собирале оружје, муниција, формирале кружоци, а за
својата работа го информирале и рускиот конзул во Битола. Во пролетта 1881 год. османлиската
власт во Битола успеале да го откријат заговорничкиот кружок во Крушево и Охрид, а потоа и
раководителите на прилепскиот кружок. Со тоа заговорниците биле обезглавени, а нивните
акции прекинати.

На 20 јули (2 август) 1903 год. на повик на штабот во Битолскиот револуционерен округ


било кренато Илинденското востание. Борбата започнала со палење на османските анови и
беговските кули, со прекинување на сите комуникации. Во востанието, покрај вооружените,
учествувале и невооружени луѓе така што честопати недостигот на оружје бил заменуван со
бројноста и храброста на востаниците. Во почетокот на борбите востаниците имале успеси. Биле
нападнати и ослободени и костурските гратчиња Клисура и Невеска, во демирхисарско биле
нападнати и изгорени беговските поседи, било целосно ослободено Крушево каде била
прогласена република итн. На тој начин, уште првите денови востанието многу се раширило и
прераснало во општонародна борба за слобода од петвековното османско ропство. Илинденското
востание не ги опфатило подеднакво сите краеви во Македонија. Најмасовно и со најголема
жестина било во битолскиот револуционерен округ. Во солунскиот и скопскиот, поради
недоволна подготвеност, било ограничено на месни акции. На 19 август востание избувнало и во
охридскиот крај, но со далеку помали димензии отколку во битолскиот. На 27 септември
започнале краткотрајни борби под раководство на Јане Сандански во серскиот округ. Но, набрзо
и таму борбата стивнала. На 2 октомври 1903 год. Востаничкиот штаб наредил прекинување на
борбата, собирање на оружјето и негово складирање во планинските засолништа. Но и покрај
тоа, воените судири меѓу македонските чети и Османлиите продолжиле уште еден месец.
Задушувањето на востанието било проследено со репресалии од страна на османските власти врз
македонското население, а градот на Републиката, Крушево бил претворен во пеплишта и
урнатини.

Во XVIII век Османската Империја ја зафатила процес на дезорганизирање на државниот


и општествениот систем и трпела воени порази во војните против Австрија, Венеција и Русија од
1716 до 1792 и ги изгубила Крим, Банат и некои азиски покраини. Ги задржала северните
граници на Сава и Дунав. Но со Првото српско востание (1804) и востанието во Грција (1821)
започнал процесот во кој се оспорува нејзиното владеење во Европа и дошле до израз
ослободителните движења на балканските народи. За кратко нејзиното распаѓање било сопрено
со Кримската војна (1853-1856) кога Англија, Франција и Сардинија ја оспориле руската
превласт во решавањето на источното прашање. Но по победата на Србија, Црна Гора и Русија,
Турција била принудена во Сан-Стефано да потпише мир кој истата година бил ревидиран во
Берлин. Обидите на големите сили со реформи да го спречат распаѓањето на Турција завршиле
со неуспех.
Обидот на Младотурците во 1876 год. да го променат уставниот поредок во Османската
Империја завршил со неуспех. По обединувањето на Малдотурците во нова организација
“Обединување и напредок” на конгресот во Каиро (1908) донеле одлука за вооружена борба. Во
јули истата година во Македонија, Младотурците кренале востание. Под силен притисок на
востаниците султанот Абдул Хамид II бил прнуден да го врати уставот од 1876 год. Обидот на
султанот да ја врати претходната состојба било причина востаниците да преземат енергични
акции и да го симнат од престолот А. Хамид II. Била ограничена власта на султанот и
Младотурците добиле право да бидат членови на османлиската влада. По постигнувањето на
својата цел Младотурците не ги спровеле дадените ветувања за подобрување на положбата на
населението.
Натамошните настани во Македонија биле тесно поврзани со почетокот на Младотурска
револуција од 3 јули 1908 год. Јане Сандански со своите сомисленици и други членови на
ВМОРО активно се вклучиле во Младотурската револуција. Тие верувале дека со нејзиниот
успех и македонскиот народ ќе биде ослободен. По донесувањето на новиот Устав во
Македонија била формирана Народна федеративна партија. Во почетокот, НФП избрала свои
членови за пратеници во Османлискиот Парламент. Македонските пратеници се залагале за
воведување на аграрна реформа во Македонија, за давање на обласна самоуправа и воведување
на мајчин јазик во училиштата. Меѓутоа, откако Младотурците се зацврстиле на власт ги
изневериле надежите и ги заборавиле ветувањата дадени на македонското население и НФП. Тие
состојби, како и разнишаноста на османлиската власт на Балканот нуделе примамлива можност
за територијално проширување на Србија, Грција и Бугарија на сметка на Македонија.

Младата буржоазија на балканските држави предводени од своите династии согледувале


дека остварувањето на нивните национални и освојувачки интереси не било можно да се
остварат самостојно туку во заеднички сојуз против Османлиската Империја. Основната цел им
била да ја истиснат Османлиската Империја како единствена препрека за остварување на
нивните интереси, и да ја поделат нејзината територија на Балканот. При тоа тие сакале да го
избегнат мешањето на големите сили. Замислата за формирање на Балкански сојуз особено ја
подржувала Русија која на тој начин настојувала да го оневозможи германското продирање на
Балканот, мореузите и Блискиот Исток. Поттик за зближување на балканските држави биле
италијанските напади на османлиските поседи во Либија (триполитанска војна 1911 год.) и
турската ангажираност во војната, а посебно поддршката која Австроунгарската дипломатија и
ги давала на големоалбанските барања за формирање на Албанска држава на сметка на
соседните балкански држави. Сето тоа било причина балканските држави да ги забрзаат
преговорите за склучување на сојуз. Први договорот го склучиле Србија и Бугарија во февруари
1912 год., а потоа следувале договорите меѓу Бугарија и Грција, Србија и Црна Гора.

9. КРАЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕТНО-ГЕОГРАФСКИ ПРОСТОР


(БАЛКАНСКИ ВОЈНИ)

Балканските држави преку Русија барале спроведување на реформи од страна на


Османлиската Империја во корист на христијанското население кое сеуште било под османлиска
власт. Меѓутоа, нивните барања биле одбиени. Османлиската Империја тоа го оценувала како
мешање во нејзините внатрешни работи и извршила мобилизација на својата европска војска.
Прва против Османлиската Империја започнала да војува Црна Гора во октомври 1912 год. со
цел да привлече што повеќе османлиски сили кон себе. Обидот на големите европски сили да го
спречат судирот завршил со неуспех, по што зазеле “неутрален став”. Силите на Антантата ги
подржувале балканските сојузници, а централните сили Османлиската Империја. На 17 и 18
октомври во војна стапиле Србија, Бугарија и Грција. Добро подготвени и со висок морал,
војските на балканските сојузници напредувале бргу. Одлучувачките битки биле водени на 23 и
24 октомври 1912 год. кај Куманово и од 16 до 18 ноември 1912 год. кај Битола во кои победи
извојувала српската војска. Со тоа Турците биле истерани од Македонија, а српската војска
преку Албанија излегла на Јадранско Море.
Црногорската војска ослободила некои градови во Санџак и Метохија и го држела под
опсада Скадар.
Бугарската војска ги потиснала Османлиите и стигнала до Цариград, единствено Едрене
останало неосвоено.
Грците успеале да го заземат Епир и дел од Македонија со Солун и островот Крит. На 3
ноември било склучено примирје. Мировните преговори се воделе во Лондон и траеле се до
средината на 1913 год. Османлиската Империја ги оддолговлекувале преговорите, а
младотурскиот кабинет настојувал војната да продолжи. Сојузниците ги прекинале преговорите
и непријателствата биле обновени на 23 јануари 1913 год. Борби се воделе околу опседнатите
градови Скадар и Едрене. На 23 април 1913 год. се предала посадата на Скадар и
непријателствата биле прекинати. На амбасадорската конференција во Лондон било одлучено да
се формира албанска држава и Скадар да и припадне на Албанија. Мирот бил склучен на 30 мај
1913 год. Со него Османлиската Империја се откажала од сите свои територии на Балканот,
западно од линијата Енос-Мидија.
Во Првата балканска војна македонскиот народ зел активно учество во воените операции
на страната на Србија, Бугарија и Грција. Голем број Македонци како добороволци се бореле
против Османлиската Империја во Македонија и Тракија.
Бугарската врховна команда формирала посебен штаб за организирање на македонските
чети. Со штабот раководел Тодор Александров и активниот офицер на бугарската зрмија
Александар Протогеров. Биле формирани 44 чети кои биле испратени во Македонија, кон кои се
придружиле и 34 чети кои дејствувале на територијата на Македонија. Посебна улога одиграла
самостојната чета на Јане Сандански, составена од реонските чети на Александар Бујнов, Тодор
Паница, Таската Серски, Чудомир Кантарџијев и др. војводи со 500 четници. Тој делувал
самостојно од штабот на Александров и Протогеров. Подоцна штабот бил преименува во Штаб
на специјални воени формации (Македонски ополченици), со вкупно 12 бригади од кои 10
македонски бригади со 12.000 македонски доброволци.
Српската врховна команда во составот на “Народната одбрана” имала 30 македонски
доброволечки чети, со вкупно 400 четници, од кои 300 Македонци. Командниот кадар бил
српски. Во доброволечкиот полк биле регрутирани околу 2.400 Македонци, Турци и Албанци.
Во составот на грчката армија дејствувала т. н. “Света чета” составена од андарти
четници доброволци од Македонија.
Четата на Петар Чаулев влегла во Охрид и воспоставила привремена месна управа. Во
јужна Македонија четите учествувале во ослободувањето на Лерин, Костур и др. градови и села.
Градот Банско, во источниот дел на Македонија, бил заземен и во него била воспоставена
привремена месна управа; биле ослободени и села во неврокопскиот крај. Македонските
доброволци во српските чети учествувале во борбите кај Страцин, Азот и Порече, а четите кои
содејствувале со грчката армија учествуваат во борбите за Кожани, Сјатиста, селата Конско и
Царушино.
Најголема активност македонските доброволци покажале во ополченските бригади. Кон
крајот на октомври биле испратени на Тракискиот фронт. Тоа бил смислен потег на бугарската
влада од страв Македонците да не се свртат против Бугарите и ја ослободат Македонија и
формираат независна македонска држава. Македонците активно учествувале во битките кај
Мостанли, Деде Агаџ и др. Штабот на Тодор Александров и Александар Протогеров бил под
бугарска врховна команда.
Самостојниот одред на Јане Сандански на 30 октомври влегол во Мелник и го ослободил.
По пробивот кај Рупел, Ј. Сандански со своите чети и четите на другите војводи заминал спрема
Солун, како претходница на бугарската дивизија. На 8 ноември 1912 год. со 300 четници и во
содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цончев влегол во Солун. На прославите за
влегувањето во Солун бугарските офицери држеле здравици за “ослободувањето” на Македонија
и за нејзиното приклучување кон “татковината Бугарија”. На една таква прослава присуствувал и
Ј. Сандански кој во здравицата во чест на ослободување на Македонија истапил со своја
здравица изјаснувајќи се за слободна и независна Македонија, на што присутните бугарски
офицери реагирале со закани.

Поделбата на “ослободената” македонска територија ја предизвикало Меѓусојузничката


војна. Повикувајќи се на тајниот договор со Србија, Бугарија ја барала цела Македонија, Србија
укажувала на настанатите промени со формирањето на албанската држава и на неисполнувањето
на договореното со тајниот договор меѓу Србија и Бугарија. Обидот на Русија да посредува
завршил без успех. Србија и Грција склучиле договор против Бугарија. Ноќта меѓу 29 и 30 јуни
1913 год. бугарската војска без објавување на војна ја нападнала грчката и српската војска.
Бугарската војска била разбиена на Брегалница од Србите, а и Грците и нанеле тежок пораз на
бугарската војска во Македонија. Оваа ситуација ја искористиле Романците кои ги нападнале
Бугарите и ја зазеле јужна Добруџа и Османлиите кои ги нападнале Бугарите и ја освоиле
источна Тракија и Едрене. По претрпените порази Бугарија била принудена да склучи мир.
Мировните преговори биле водени во Букурешт во август 1913 год. На 10 август 1913 год. мирот
бил склучен. Романија ја добила Добруџа, а Македонија била поделена меѓу Србија, Бугарија и
Грција. Наместо ослободителни, балканските војни станале освојувачки. Ниту една од
војувачките страни не го почитувала правото на македонскиот народ на национално
определување и формирање на сопствена држава. Бил поделен и подложен на асимилација и
денационализација.

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век во Европа биле формирани два воени блока:
Блокот на Централните сили (Германија, Италија и Австро-Унгарија) и Антаната (Англија,
Франција, Русија). Земјите од блокот на Централните сили, како моќни држави, се појавуваат во
времето кога светот веќе бил поделен на интересни сфери. Особено агресивна за нова подела на
светот била Германија. Овој судир се изострил меѓу Германија и Велика Британија кои станале
главни противници за светска доминација. Силите на Антантата поради војничката
неподготвеност настојувале да го одложат почетокот на судирот. Германија настојувала да ја
искористи предноста во наоружувањето.
Балканските војни предизвикале длабока криза во односите меѓу Австро-Унгарија и
Србија. Проширувањето на Србија кон Македонија и формирањето на заедничка граница меѓу
Србија и Црна Гора го спречувале продорот на финансискиот капитал и го оневозможувале
територијалното проширување на Австро-Унгарија во внатрешноста на Балканскио Полуостров.
Исто така и тензијата меѓу Германија и Англија се зголемувала.
Сараевскиот атентат (28 јуни 1914) и одбивањето на условите поставени во австро-
унгарскиот ултиматум (23 јули 1914) биле искористени како повод Австро-Унгарија, со подршка
на Германија, да и објави војна на Србија (28 јули 1914).
На 28 јули 1914 год. Австро-Унгарија, под влијание на Германија, и обајвила војна на
Србија. Србија побарала помош од Русија и Црна Гора. Русија, која била заинтересирана да го
спречи ширењето на Австро-Унгарија на Балканот, веднаш започнала мобилизација. Обидот на
Германија да ја локализира војната само меѓу Србија и Австро-Унгарија, а да ги неутрализира
Франција и Русија, завршил неуспешно. Во почетокот на август Германија и објавила војна на
Русија и Франција. На 12 август започнале воените акции со преминување на австро-унгарските
единици преку Дрина и Сава. Во Церската битка (15-19 август 1914) австро-унгарците биле
поразени. До 24 август австро-унгарската војска била истерана од територијата на Србија. Во
почетокот на септември на руско барање Србите ги форсирале Сава и Дунав и навлегле во Срем.
По контраофанзивата на австру-унгарските единици Србите се повлекле. Жестоки борби се
воделе на фронтот од Шабац до Вишеград. Во почетокот на ноември поради исцрпеност и
недостаток на муниција Србите се повлекле во внатрешноста на Србија. Се стационирале на
Сувобор. На 3 декември 1914 год. српската војска го пробила фронтот на австро-унгарската
војска и се префрлила преку Колубара, а Австро-Унгарците се повлекле од Србија.
Во 1915 год. Германија ја презема иницијативата во свои раце. Извршила опсежни
војнички и политички подготовки. Од големо значење за Балканот било држењето на Грција и
Бугарија. До есента на 1915 год. била водена тајна дипломатска борба меѓу Антантата и
Централните сили за да ги привлечат Грците и Бугарите на своја страна. Силите на Антантата и
нуделе на Бугарија отстапување на најголем дел од делот на Македонија под Србија,
истовремено ветувајќи и на Србија компензација на запад и север. Централните сили на Бугарија
и ветувале отстапување на источна Србија до реката Морава, целиот дел од Македонија под
Србија и 200.000.000 франци заем.
Во Грција постоеле две струи: претседателот на владата Венизелос и грчката буржоазија
ги поддржувале силите на Антантата, а кралот Константин и грчките воени и државни кругови
ги подржувале Централните сили. Кралот ја сменил владата на Венизелос и ја прогласил Грција
за неутрална.
Во 1915 год. Србија ги пополнила своите единици со регрути од Македонија и добила
странска помош. Во септември 1915 год. се извршила концентрација на германски и австро-
унгарски единици на границата кон Србија, а Бугарија спровела мобилизација. На 5 октомври
започнала австроунгарска-германската офанзива со форсирање на Дунав, Сава и Дрина. На 14
октомври 1915 год. без објавување на војна Бугарија ја нападнала Србија и преку Штип навлегла
во Вардарската долина, ја пресекла комуникацијата кон Солун кај Велес. Србите од Македонија
се повлекле кон Косово. На 20 ноември српските единици биле концентрирани на Косово и по
двомесечни борби се нашле во критична ситуација. Била донесена одлука за повлекување преку
Црна Гора и Албанија кон Јадранскиот брег каде требало да бидат прифатени од сојузниците.
Повлекувањето започнало на 28 ноември 1915 год. Во Албанија стигнале 150.000 војници кои
преку Драч и Валона биле префрлени на островот Крф. По австро-унгарската офанзива од
јануари 1916 год. била заземена Црна Гора. Бугарија ја окупирала источна Србија и западниот
дел на Македонија.
Македонците, поделени меѓу Бугарија, Грција и Србија, биле доведени во ситуација да се
борат едни против други во армиите на нивните окупатори. Од територијата на Македонија
српската влада регрутирала вкупно 53.088 регрути (Македонци 44.496; 8.481 Турци и Албанци и
111 Евреи). Без било каква обука биле испраќани во првите борбени редови на фронтовите.
Голем број од нив за да го одбегнат регрутирањето бегале, се криеле, дезертирале и се предавале
на Австро-Унгарија. По 14 октовмри 1915 год. голем дел од оние кои дезертирале под влијание
на бугарската пропаганда биле ослободувани како “Бугари”, преку Романија префрлани во
Бугарија и повторно испраѓани на фронт, но сега борејќи се на бугарска страна.
Македоцните во делот на Македонија под Грција ја доживеале истата судбина. И покрај
прокламираната “неутралност” Грците мобилизирале 20.000 Македонци и друго население.
Бугарија која се спремала за “ослободување” на Македонија извршила најголема
мобилизација во делот на Македонија под Бугарија и од големата македонска емиграција во
Бугарија. Есента 1915 год. била формирана XI македонска дивизија со 33.046 Македонци, а исто
така голем дел се нашле и во диверзантките чети на Тодор Александров. По бугарското
влегување во војната (14 октовмри 1915 год.) Бугарија го зазела делот на Македонија под Србија
и источниот дел од делот на Македонија под Грција. Македонија повторно била поделена и со
фронтофската линија. Фронтофската линија од Охрид до Орфанскиот залив ја делел Македонија
на две зони: јужната ја држеле силите на Антантата, а северната Централните сили т. е. Бугарија.
Од октомври 1915 год. до есента на 1918 год. делот од Македонија, кој бил земен од Србија,
Бугарија го прогласила за единствена воено административно управна област т. н. “Македонска
воено инспекциска област”. Бугарите вршеле реквизиција на стока, храна, изнесуваат
материјални и културни богатства, го испраќале на населението на принудна работа, вршеле
мобилизација и сл.
Во делот од Македонија под Грција, со дозвола на сојузничкиот ген. Сарај, Венизелос
формирал “Влада на национална одбрана”. Оваа влада, се до влегувањето на Грција во војната на
страната на Антантата, формирала и своја војска во која најголемиот дел биле Македонци. Во
овој дел на Македонија особено силна била српската пропаганда со која раководела владата од
Крф, српскиот штаб во Солун и комесарите на владата и полициските службеници на теренот по
градовите и селата. Отворале школи, организирале хорови, театри и др. Истото го правеле и
Грците. Сето тоа било да се уништи македонската материјална и духовна култура и
Македонците да се претстават како Грци и Срби.
Кон крајот на 1915 год. бил формиран нов фронт на Балканот: Македонски (јужен)
фронт. Таму биле стационирани англиски, француски и војници од англиските колонии, а било
одлучено да биде префрлена и српската војска од островот Крф (130.000 војници).
Префрлувањето започнало во април 1916 год. Здружените сојузнички сили под командата на
генерал Сарај го имале следниот распоред: британските сили биле стационирани на Струма;
француските на левиот брег на Вардар, спрема Дојран; Српската I Армија од Вардар до Кожуф,
II армија преку Ветерник и Добро Поле до Кајмакчалан, III армија од Кајмакчалан до патот
Баница-Лерин. Пред нападот бројната состојба на силите на Антантата изнесувала 622.000, а на
Централните сили 600.000.
Офанзивата ја започнале силите на Антатата на 14 септември 1918 год. Најсилен бил
нападот на секторот Сокол-Добро Поле-Ветерник. Главниот товар паднал на II српска армија. На
16 септември фронтот бил пробиен. По настапувањата биле извршени пробиви кај Гевѓелија,
Дојран и Битола. Германските воени единици и Бугарите се повлекувале према Вардар-Градско-
Велес-Штип-Кочани-Горна Џумаја и Велес-Скопје -Качаник. На 23 септември француските и
српските единици влегле во Прилеп, на 27 септември бил заземен и Велес, а на 29 и Скопје. На
26 септември Англичаните ја освоиле Струмица. Силите на Антантата заробиле околу 100.000
војници и голем воен материјал. На 29 септември 1918 год. во Солун, Бугарија потпишала
примирје кое го диктирале победниците. Според условите на примирјето Бугарија требало да ја
напушти Македонија и да ги задржи Струмица и Пиринска Македонија т. е. како демаркациона
линија да се воспостави старата бугарско-српска граница од 1915 год., пред нападот на Бугарија
на Србија. Со тоа македонскиот (јужен) фронт бил ликвидиран. Македонија и понатаму останала
поделене меѓу Србија, Бугарија и Грција.

10. МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ


СВЕТСКИ ВОЈНИ

Со Балканските војни од 1912 и 1913 година, и Првата светска војна од 1914-1918


година, беше ставен крај на заедничкиот општествено-политички живот на македонскиот народ
во рамките на една држава, Османлиското царство.
Со Букурешкиот мир од јули-август 1913 година, Македонија и македонскиот народ беа
поделени на три, односно четири дела, меѓу Бугарија, Грција и Србија. Нешто подоцна еден
нејзин дел и припадна на Албанија.
Со Париските мировни договори од 1919 година, таквата поделба на Македонија беше
потврдена.
Како резултат на таквата поделба на Македонија и на Македонскиот народ,
понатамошниот заеднички развој на стопански, културно-образовен и целокупен општествено
политички живот беше прекинат, а патот кон денационализација и асимилација на македонскиот
народ, широко отворен. Без исклучок, од страна на сите три нови господари, отпочна да се
спроведува политиката за денационализација и асимилација на македонскиот народ. Беше
отпочнат општ прогон, до физичка ликвидација, на секој национално свесен Македонец. Без
разлика на неговата политичка определба или верска припадност. Потпишувањето и насилното
спроведување на меѓусебните договори за “доброволна” размена на населението ја промени
етничката структура на населението во Македонија и дополнително ја влоши и онака тешката
положба на Македонецот. Дури и самата употреба на македонскиот говорен јазик беше
забранувана.
Македонските борци и раководители на македонското националноослободително и
револуционерно движење, беа принудени да бараат и изнаоѓаат нови патишта кои ке водат кон
остварување на националната идеја за национална слобода, обединување и формирање на
самостојна суверена и рамноправна државно правна единица во семејството на балканските
држави. За остварување на таквата идеја, беше потребно да се формира единствено раководно
тело, кое ке биде одговорно за сите делови на поделената Македонија.
И покрај постоењето на бројни организации на Македонците во Македонија и во
емиграцијата, до пролетта 1924 година, не можеше да се створи такво единство. Меѓутоа, идејата
за обединување беше на прагот на своето остварување, откако беа изготвени Декларацијата за
ослободување и обединување од 29 април 1924 година, Протоколот за обединување на
македонското револуционерно движење од 30 април истата година и Манифестот од 6 мај 1924
година.
И покрај тоа што тој обид пропадна, сепак, една година подоцна, 1925 година, во Виена,
врз принципите на Мајскиот манифест, беше формирана Внатрешната македонска
револуционерна организација (Обединета). Истата имаше единствено, централно раководно тело
и три Обласни комитети за Македонија во рамките на Бугарија, Македонија во рамките на
Грција и Македонија во рамките на Србија, односно Кралството на Србите, Хрватите и
Словенците. Таа дејствуваше во сите три дела на Македонија постигнувајки различен успех.

Напоредно со ВМРО (Об.), на македонските револуционери кои ја имаа прифатено


комунистичката идеологија, им беше наметнато да се борат за своите национални права и
слобода, условно до обединување, исклучиво во рамките на комунистичките партии на Бугарија,
Грција и на Југославија.
Освен во македонските емигрантски организации во Бугарија, Македонците во периодот
меѓу двете светски војни, политички активно дејствуваа, со многу мали исклучоци, само преку
ВМРО-автономистичка, ВМРО (Обединета) и комунистичката партија на Бугарија, Грција и
Југославија. Воглавно, таква беше положбата на македонскиот народ.
На прагот и во текот на Втората светска војна, условите за борба беа видоизменети, од
историската сцена ги снема ВМРО-автономистичка и ВМРО (Обединета), но идејата
патеводител за формирање на самостојна, обединета и суверена македонска држава ги водеше
новите генерации.
Во 1936 година лево ориентираните македонски студенти од Загреб, Белград и Скопје
истакнале своја политичка декларација како програмски документ потпишан од 200 лица. На
илегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале
основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и
афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против
великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др. МАНАПО имал обележје на
народен фронт и бил во непосредна врска со македонското комунистичко движење.

По 1918 год. од историската сцена биле симнати три империи: Австро-Унгарската,


Руската и Османлиската и династиите: Хабзбурговската и Романови. Европа која во 1914 год. се
состоела од 17 монархии и 3 република (Швајцарија, Франција и Португалија), во 1914 год.
имала 13 републики и 13 монархии. Причините за наредниот судир лежеле пред се во судирот
меѓу демократијата и тоталитаризмот. Формирањето на СССР го и свртело вниманието на запад
од фашизмот. Доаѓањето на нацистичката партија на власт ставила крај на надежите и заблудите
дека во 1919 год. со Версајскиот мировен договор триумфирала демократијата. Во 1939 год.
имало само 12 демократски уредени држави-6 од нив биле монархии, а 5 републики. Во сите нив
постоеле многу нерешени прашања: политички, економски, социјални, национални, етнички и
др.
Во овој период земјите од Европа на меѓународен план склучувале меѓусебни договори
едни со други и едни против други, едните да се заштитат од агресија, а другите со заеднички
сили да ги остварат своите освојувачки цели. Германија во 1934 год. потпишала пакт за
ненапаѓање со Полска; во јуни 1935 год. британско-германски поморски договор; во март 1936
год. Хитер ја зазел демилитаризаираната Рајнска област со што договорот од Версај бил
поништен; во јули 1936 год. Германија потпишала договор со Австрија; во ноември 1936 год.
Германија го потпишала Анти-коминтерна пактот со Јапонија кон кој во јануари 1937 год се
придружила и Италија. По потпишувањето на германско-италијанскиот договор било јавно
прокламирано формирањето на Оската “Берлин -Рим” (октомври/ноември 1936), а во март 1939
се придружила и Шпанија.
Во периодот од 1936-1939 год. во Шпанија се водела граѓанска војна во која учествувале
и доброволци од сите три дела на поделена Македонија (Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот).
Во ноември 1937 год. на состанокот на највисокиот политички и воен врв на Германија Хитлер
ги изложил плановите дека “обезбедувањето на дополнителен животен простор” може да се
оствари само со употреба на сила. На 13 март 1938 год. Германија извршила аншлус на Австрија;
на 29 септември 1938 год. била одржана конференцијата во Минхен меѓу Хитлер, Чемберлен,
Мусолини и Даладје по кој судетската област и била отстапена на Германија (1-10 октомври
1938 год.). Меѓу Британија и Германија била потпишана декларација за ненапаѓање (30
септември 1938 год.) и меѓу Франција и Германија со која се признавала германско-француската
граница. Со решенијата донесени во Минхен се сметало дека е ставено крај на отстапките кон
Хитлер. Од страна на Германија на 21 октомври била нападната Чехословачка, а на 16 март бил
формиран “Германски протекторат на Бохемија и Моравија”. На 21 март 1939 год. Германија од
Полска го побарале Данциг и премин меѓу источна Прусија и Германија преку Полскиот
коридор; на 26 март полската влада ги одбила тие барања, а по гаранциите на Англија и
Франција за заштита на интегритетот на Полска (31 март 1939 год.) Хитлер на 28 април 1939 год.
го суспендирал пактот за ненапаѓање и англиско-германскиот поморски договор. На 23 август
1939 год. Германија склучила договор за ненапаѓање со СССР. На 1 септември 1939 год.
Германија ја нападнала Полска.
По Првата светска војна на Балканот се поделиле две групи држави: Југославија,
Романија и Грција приврзаници на статус квото и Бугарија и Унгарија за ревизија на договорот
во Версај.
Делот на Македонија под Грција зафаќал територија од 34.356 км со вкупно 1.042.029
жители (329.371 Македонци; 314.354 Турци; 236.775 Грци; 15.108 Албанци и др. според
податоците на Карнигиевата анкетна комисија од 1913), а според грчкиот попис од 1920 год.
1.090.432 жители. Македонија станала посебна губернија со областен губернер т. е. министер за
северна Грција. Била поделена на три генерални дирекции: дирекција за централна Македонија-
седиште во Солун, со окрузите: Солунски, Халкидички, Кукушки, Воденски, Берски; генерална
дирекција за источна Македонија-седиште Кавала, со окрузите: Серски, Драмски и Кавалски и
генерална дирекција за западна Македонија-седиште Кожани, со окрузите Кожански, Лерински и
Костурски.
Со конвенцијата меѓу Бугарија и Грција (27 ноември 1919 год.) за “добороволна” размена
на населението голем број Македонци присилно биле иселени во Бугарија. Со конвенцијата од
Лозана (17 јануари 1923 год.), меѓу Турција и Грција за размена на христијанското население од
Турција и муслиманското од Грција, во делот на Македонија под Грција биле населени околу
640.000 доселеници од негрчко потекло и друго христијанско население со прогрчка национална
ориентација. Според пописот на 1928 год. во делот на Македонија под Грција имало вкупно
1.418.477 жители.
Користејќи го договореното со Нејскиот договор како и договорот во Севр (10 август
1920 год.) за заштита на негрчките народности во Грција на 29 септември 1924 год. во Женева,
Грција и Бугарија го потпишале договор т. н. “Калфов-Политис” со кој Македонците под Грција,
грчката влада ги признавала како бугарско национално малцинство. Овој договор грчкиот
парламент не го усвоил. Исто така реагирало и Кралството СХС. Под притисок на Друштвото на
народите да постапи според договореното во однос на малцинските права Министерството за
просвета на Грција во септември 1925 година отпечатило буквар наречен “Абецедар”. Истиот
бил отпечатен со латинско писмо на македонски јазик (леринско-битолски дијалект), но
никогаш не бил пуштен во продажба, а не се отворило ниту едно училиште на македонски јазик.
Во 1918 год. Фердинант И абдицирал во корист на својот син Борис III (1918-1943). По
Нејскиот мировен договор (1919 год.) од Бугарија била одземен Струмичката област, која и била
отстапена на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, јужна Добруџа и била отстапена на
Романија и дел од Беломорието на Грција.
По Версајската мировна конференција Вардарскиот дел на Македонија останал во
рамките на Србија т. е. во новоформираното Кралство на Словенците, Србите и Хрватите. Во
рамките на Кралството СХС на македонскиот народ му била негирана неговата национална и
културна посебност, била забранета употребата на македонскиот јазик, забрането формирањето
на македонски политички партии, македонските презимиња биле заменети со српски и др. Во
училиштата наставата се одвивала на српски јазик, а учителите биле дојдени од Србија.
Најдобрите земјишни поседи им биле поделени на српските колонисти додека
македонскиот селанец бил исклучен од поделбата. Со посебен закон Македонците не можеле да
добијат земја надвор од местото на живеење. Со колонизацијата српските власти сметале да ја
разбијат компактноста на македонското население и да послужат за што побрза
денационализација и асимилација на македонскиот народ.
Во Македонија делувале српските политички партии. По формирањето и КПЈ (1919) на
општинските избори во 1920 год. комунистичките кандидати победиле во Велес, Куманово,
Кавадарци и некои села. Со Обзнаната (декември 1920 год.) била забранета работата на КПЈ.
По Обзнаната се зголемила активноста на ВМРО чии вооружени чети влегувале во
Македонија од Бугарија. Како идејни предводници на овие чети биле Тодор Александров и
Александар Протогеров. Како реакција на ова во Македонија била формирана од страна на
Србите воено четничка органзација која требало да се спротистави на четите на ВМРО. За
одржување на редот и мирот во Македонија Кралството СХС ангажирало 35.000 војници,
граничари, жандари, четници и т. н., а 12.000 жандарми од вкупно 17.000 биле ангажирани за
пацификација на Македонија.
Во декември 1923 год. биле дефинирани основите на преговорите за обединување на
силите во македонското национално и револуционерно движење и создавање единствен
македонски револуционерен фронт. Водените преговори меѓу автономистичката ВМРО и
федералистичката револуционерна организација под будното око на советските претставници
резултирало со потпишување на 5 мај 1924 год. на Манифест до македонскиот народ, до
организираното револуционерно население во Македонија и до македонските револуционери од
страна на членовите на ЦК ВМРО Александар Протогеров и Петар Чаулев кои, по
овластувањето на Тодор Александров, се потпишале во негово име. Била подготвена и
Декларација за македонската парламентарна група која требало да ја потпишат македонските
пратеници во бугарското народно собрание, избрани на листата на ВМРО. Со тоа
автономистичката ВМРО на Тодор Александров најавила радикални промени на својата
дотогашна програмска ориентација. Се потенцирало дека самостојна и обединета Македонија би
можело да се реализира во рамките на една балканска федерација со политичка и морална
помош на СССР; дека нејзината борба подеднакво ќе биде насочена кон грчката, српската и
бугарската влада и најавила соработка со балканските комунистички партии. Само неколку
месеци по објавувањето на Манифестот под притисок на бугарската влада Тодор Александров и
Александар Протогеров се откажале од потпишаната спогодба.
Врз основа на идеите прокламирани во Манифестот во 1925 год. во Виена била
формирана новата ВМРО (Обединета). Создадена е од Илинденската организација, од бившата
Македонска федеративна организација и од Емигарантскиот комунистички сојуз. Ограноци на
ВМРО биле формирани скоро во сите поголеми места во поделена Македонија. Во однос на
македонското национално прашање таа постепено еволуирала. Прво сметала дека во Македонија
живее шаренило на народи (Бугари, Грци, Срби), за да подоцна го застапува ставот дека
Македонците се посебна нација.
Во овој период активност пројавуаат и македонските студенти-комунисти и
антифашисти на универзитетите во Загреб и Белград во летото 1936 год. го формирале
движењето “Македонски народен покрет” (МАНАПО). Со тек на време се стопила со
комунистичките организации во Македонија.
На 3 октомври 1929 год. Кралството СХС го променило името во Кралство Југославија, а
територијата на Кралството била поделена на 9 бановини.
Територијата на Македонија, која била во рамките на Србија, влегла во составот на
Вардарската бановина која ја опфаќала територијата на делот од Македонија под Србија, дел од
јужна Србија и речиси цела Метохија со околу 36.672 км. Вардарската бановина била поделена
на 44 околии и 453 општини со 3.169 населени места. Територијата на Македонија, во рамките
на Вардарската бановина била поделена на 29 околии со вкупно 949.958 жители.
Делот од Србија опфаќал 8 околии со вкупно 348.040 жители или 22,11% од попишаните
жители на бановината.
Делот од Метохија опфаќал 7 околии со вкупно 276.245 жители или 15,55% од
попишаните жители на бановината. Вардарска бановина вкупно имала околу 1.574,243 жители.

11. НАЦИ-ФАШИСТИЧКИОТ НАПАД


НА КРАЛСТВОТО ЈУГОСЛАВИЈА

Втората светска војна (1939-1945) претставува најголем воен судир во досегашната


историја на светот. Мирот во Версај од 1919 година оставил многу нерешени прашања и создал
нови причини за конфликти. Особено до влошување на ситуацијата дошло по доаѓањето на
Адолф Хитлер на власт во Германија и зацврстувањето на национал-социјализмот и неговата
агресивна политика. Западните држави не биле подготвени за војна и настојувале со отстапки на
Хитлер и нарушување на договореното во Версај да ја избегнат војната. Во август 1939 год.
Германија склучила договор со СССР за ненапаѓање. Меѓутоа, отстапките на Велика Британија и
Франција не ги задоволувале апетитите на Адолф Хитлер. Последниот обид на Запад да го
задоволи Хитлер бил Минхенскиот договор со кој се мислело дека ќе бидат задоволени
претензиите на Германија. Но, тоа не се случило. На 1 септември 1939 година Германија ја
нападнала Полска. Англија и Франција, гаранти на територијалниот интегритет на Полска, на 3
септември и објавиле војна на Германија. Со тоа започнал, во почетокот како европски, а потоа
како светски, еден од најголемите судири во историјата на човештвото.

На 25 март 1941 год. Кралството Југославија пристапило кон Тројниот пакт. Како
реакција на тоа српските граѓански партии на 26 и 27 март организирале демонстрации во
поголемите градови на Кралството Југославија. На 27 март 1941 год. група офицери на
Кралската југословенска армија извршиле државен удар. На престолот бил донесен кралот Петар
ИИ Караѓорѓевиќ. Истиот ден Воениот совет на Третиот Рајх донел одлука за напад на
Југославија.
На 6 април 1941 год. германските, италијанските и унгарските воени сили извршиле
напад на Кралството Југославија со 51 германска и италијанска дивизија. Војската на Кралството
Југославија пружила слаб и незнатен отпор. Капитулацијата уследила на 18 април 1941 година.
Посебно внимание во априлската војна, германската команда му посветила на
македонскиот дел на фронтот против Југославија, сметајќи го за многу важен имајќи го предвид
претстојниот напад кон Грција. На 6 април 1941 год паралелно со бомбардирањето на Скопје,
Велес, Штип и др. места, три ударни колони на германскта војска ја минале граничната линија
спрема Македонија. Отпорот на единиците на Кралската војска бил мал и незнатен. Истиот ден
во германски раце паднале: Крива Паланка, Страцин, Царево Село (Делчево) и Струмица. На 7
април германските воени единици продолжиле кон Куманово, а настапувале и кон Царево Село-
Штип-Велес. Истиот ден биле и окупирани. На Струмичкиот сектор по кратка борба
германските воени единици избиле на југословенско-грчката граница кај Дојранското Езеро.
Скопје бил заземен на 7 април 1941 година.
Единиците на Вардарската дивизија на Кралството Југославија 7 април 1941 год. ги
започнале дејствата на дебарско-струшкиот сектор против Италијанците. И покрај почетниот
успех во борбите против италијанските воени сили единиците на Кралството Југославија биле
немоќни да се спротивстават на германската воена машинерија која незапирливо напредувала.
Под силниот притисок на германските војски на 8 април било окупирано Тетово, Гостивар (9
април), а на 10 и 11 април и градовите: Ресен, Охрид, Струга и Дебар. На 13 април било
окупирано и Кичево како последен град во Македонија кој паднал под германска окупација.
По капитулацијата, Кралството Југославија било поделено според однапред донесените
насоки од 12 април 1941 год. Според таа поделба западна Македонија била окупирана од
Италија, а останатиот дел од Македонија со делови од Јужна Србија го окупирала Бугарија.
Уште пред почетокот на воените дејствија Македонија и била ветена на Бугарија. На 8
април Германија побарала од Бугарија воено-полициски сили за прифаќање на окупираната
територија на Македонија од германските воени единици. За тоа бугарскиот амбасадор во
Германија Дрангов, ќе соопшти дека “по наредба на Хитлер, Рибентроп ме задолжи да ја
соопшти желбата на фирерот, со три дивизии да се влезе во српска Македонија како
окупаторски војски и да ја преземеме администрацијата, за да се ослободат германските единици
од таа грижа, а да бидат употребени за дејство.” На 18 април 1941 год. на бугарскиот Генерал
штаб му било одобрено бугарската војска да навлезе во Македонија, но да ја окупира само
територијата источно од р. Вардар и да не ја поминат линијата: Пирот-Врање-Скопје-течението
на р. Вардар до грчката граница. За неколку дена Бугарија ја завршила окупацијата, а окупирала
и дел од Егејска Македонија (територијата меѓу реките Струма и Места) и добила излез на
Егејското Море. Италија на преговорите за демаркационата линија (21-22 април 1941 год) во
Виена ги добила териториите на Тетовска, Гостиварска, Кичевска, Дебарска и Струшка околија,
и дел од јужниот дел од Охридско и Преспа. Окупацијата ја извршила дивизијата “Фиренца”. На
теритиријата под италијанска окупација која опфаќала простор од 4.314 км со 232.000 жители
била формирана една префектура во Дебар со пет подпрефектури (околии). Нешто подоцна пак,
била формирана уште една префектура со седиште во Тетово.
Бугарската окупација на Македонија била извршена со делови од 1-та коњичка дивизија
и 6-та и 7-та пешадиска дивизија. Од 23 април 1941 година почнала да функционира Скопската,
а потоа и Битолската област. Под бугарска окупација се нашла територија од Македонија со
површина од 21.460 км и 876.000 жители.
По поделбата со демаркациона линија, Македонија била постојан предмет на меѓусебни
спорови меѓу Бугарија и Италија. За надминување на истите била формирана мешовита комисија
која на 29 март 1943 год. во Тирана го потпишале договорот за демаркационата линија. Според
неа Бугарија го добила с. Пештани јужно од Охрид, а по капитулацијата на Италија (септември
1943 год.) им е даден и манастирот Св. Наум и околу дваесетина села од преспанскиот регион до
грчко албанската граница.

По априлската војна, единствена политичка сила која застанала да се бори


против нацифашизмот била Комунистичката партија на Југославија. Во таа борба активно се
вклучи и македонскиот народ кој покрај борбата против окупаторите се бореше и за формирање
на сопствена македонска држава.
Од средината на септември 1941 год. до крајот на декември 1942 год се оживотворила
идејата за вооружено востание во делот на Македонија кој до априлската војна 1941 год. бил во
рамките на Кралството Југославија, изразено со формирање на диверзантски групи и три
партизански одреди: Скопски (август 1941 год.), Прилепски и Кумановски (октомври 1941 год.),
со околу 100 борци.
Кон крајот на 1941 год. дошло до разбивање и расформирање на партизанските одреди,
но тоа не значело и отстапување од генерално прифатената линија за вооружена борба против
окупаторот и колаборационистите.
Во текот на 1941 год. во делот на Македонија кој дотогаш бил под Кралството
Југославија поради отпорот пружен против окупаторот, биле уапсени 1.537 лица. Дел од нив
биле ослободени, поголем дел интернирани во сто и трите логори формирани во Бугарија. На
138 комунисти, членови на СКОЈ и симпатизери, на судските процеси во Скопје, Охрид, Битола
и Куманово им биле изречени 38 смртни пресуди со што бугарскиот окупатор ја започнал
пресметката со антифашистите и комунистите.
Во периодот од април до мај 1942 год. биле организирани јадрата на пет партизански
одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани
уште четири одреди. Постигнатите резултати, во овој период, пред се, биле резултат на работата
на ПК на КП за Македонија и Покраинскиот Воен штаб, кој подоцна прераснал во Главен штаб
на Народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија. За непосредно
раководење со партизанските одреди, пролетта 1942 година бил формиран и Оперативен штаб
(како орган на Главниот штаб). Во почетокот на летото 1942 год. новоформираните одреди
започнале засилена политичка и воена активност изразена во рушење на окупаторската власт,
палење на општинските архиви, вооружени судири со окупаторската војска и полициските сили.
И покрај тоа што кон крајот на 1942 год. била создадена мошне тешка ситуација со разбивањето
на некои партизански одреди и одлевањето на кадрите, како резултат на масовни апсења,
политичкото и военото раководство на Македонија во првите месеци на јануари и февруари 1943
год., а имајќи ја предвид поволната надворешна воено-политичка ситуација, презело низа мерки
кои го трасирале патот кон позасилен разгор на народноослободителната борба.
На 11 март 1943 година бугарските окупаторски војски и полицијата, во раните утрински
часови, ги блокираа гетата каде живееја Евреите. За само неколку часа 7.240 Евреите од Битола,
Скопје и Штип беа качени на вагони и однесени во Скопскиот монопол. Во три конвои, во
средината на март, беа однесени во логорот на смртта Треблинка и веднаш по пристигнувањето
беа ликвидирани. 98% од македонските Евреи завршија во логорот на смртта Треблинка.
Во пролетта на 1943-та на територијата на Македонија се случиле низа настани кои
одиграле значајна улога во разгорот на вооружената борба. Во текот на февруари во Македонија
пристигнал делегатот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Светозар Вукмановиќ-Темпо. Како
резултат на дотогашната организациона воено-политичка работа и активност на македонските
комунисти, тој затекнал состојба на јасна политичка определба на македонскиот народ за
вооружена борба.
Во духот на признавањето на полни национални права на народите на Југославија, а со
цел НОД во Македонија да се раководи од едно авторитетно национално партиско тело, во
Скопје бил формиран ЦК на КП на Македонија кој Едновремено биле формирани и пет
оперативни зони и пет обласни комитети а била донесена одлуката и за префрлање на ЦК на
КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија на територијата на Западна Македонија. Била донесена
одлука и за формирање нови партизански одреди. И покрај тешкотиите при спроведувањето на
набележаните задачи, процесот на вооружена борба не можел да биде прекинат. Борбата земала
се поширок замав, се издигнала на повисок степен и опфатила нови подрачја.
На 18 август 1943 година била формирана првата покрупна воена единица Баталјонот
“Мирче Ацев”.
По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 год.) дел од италијанските единици
концентрирани во Западна Македонија биле разоружани од партизанските одреди на
Македонија. Во времето на капитулацијата на фашистичка Италија на територијата на Западна
Македонија се наоѓал баталјонот “Мирче Ацев”, I и II одред на Првата оперативна зона и
партизанските одреди “Славеј”, “Дримкол” и “Малесија”, а во септември биле формирани нови
партизански чети и одреди, а некои од постојните прераснале во баталјони.
По разоружувањето на италијанските единици се проширила и слободната територија во
Западна Македонија на просторот: Кичево, Дебар, Струга и Маврово вклучувајќи ги тука и
првите ослободени градови: Кичево до 1 октомври 1943, (ослободено на 11 септември 1943) и
Дебар до 16 ноември 1943 година (ослободен на 9 септември 1943).
Во ново настанатата состојба, нацистичка Германија ги вложила сите свои сили за да ги
заштити своите интереси во Западна Македонија. Недостигот на поголеми воени сили ги
принудиле Германците да ја применат познатата тактика на поврзување со реакционерните сили,
носители и организатори на борбата против НОВ и ПО. Во Западна Македонија таа улога ја
презела врз себе балистичката организација која со добиено оружје од германските воени
единици се обидела да ја уништи НОВ и ПО на Македонија. Таа станала основна вооружена сила
која се борела против единиците на НОВ и ПО на Македонија потпомогната со мал број
германски сили.
Разгорот на оруженото востание и приливот на нови борци по капитулацијата на Италија
создале услови за формирање на покрупни воени единици. Како резултат на тоа ГШ на НОВ и
ПО на Македонија и ЦК на КПМ донеле одлука за формирање на Првата македонско-косовска
народноослободителна бригада на 11 ноември 1943 год. во с. Сливово. Во нејзиниот состав
влегле: баталјонот “Мирче Ацев”, Кичевскиот баталјон, Првиот Косовско-Метохиски баталјон
“Рамиз Садик”, Вториот косовско-метохиски баталјон “Борис Вукмировиќ” и една придружна
чета со потешко вооружување. Само неколку дена по формирањето бригадата заминала во
извршување на првите борбени задачи, пред се, во одбрана на слободната територија во
Кичевско и Дебарца. Во тој период пак, непријателот се обидувал да ги ослободи патните правци
Гостивар-Дебар, Кичево-Дебар, Кичево-Струга. Во текот на ноември 1943 год. делови од
бригадата извршиле демонстративен напад на касарните во Кичево како и на германските
утврдувања кај селата: Кленоец, Пополжани и Подвис. Во почетокот на декември 1943 год.,
германските воени единици потпомогнати со големи балистички сили презеле концентрични
офанзивни акции на слободната територија во Дебарца против единиците на НОВ и ПО на
Македонија, насочувајќи го својот удар против Првата Македонско-косовска ударна бригада. Во
таква ситуација ГШ и ЦК на КПМ во почетокот на декември 1943 год. заклучиле дека е
потребно единиците кои се наоѓале на тој терен да се префрлат во делот на Македонија под
Грција во реонот на планината Кожуф. Тоа префрлување траело единаесет дена. По
пристигнувањето на планината Кожуф се поврзале со единиците на III-та Оперативна зона.
При крајот на 1943 год. на слободната територија на Македонија членовите на КПМ и
организациите: Народноослободителниот фронт, Антифашистичкиот фронт на жените и
НОМСМ развиле голема политичка активност. Таквата активност придонела за поголема
мобилизација на населението во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
Во периодот од септември до декември 1943 год. се формирале и делувале: Кичевскиот
теренски баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон, Кичевскиот партизански одред,
Вториот кичевски шиптарски баталјон, пристигнал и Вториот косовско-метохиски баталјон
“Борис Вукмировиќ”, Дебарскиот младински баталјон составен од Македонци и Албанци,
одредите “Дримкол”, “Малесија” и “Славеј” прераснале во истоимени баталјони, на 11 ноември
1943 год. бил формиран и баталјонот “Страшо Пинџур”, II-от баталјон на III-та Оперативна
зона, баталјонот “Христо Ботев” во чиј состав влегле бугарски војници кои преминале на
страната на НОВ и ПОМ, баталјонот “Орце Николов”. На 20 декември 1943 год., во Фуштани во
делот на Македонија под Грција, била формирана и Втората македонска народноослободителна
бригада.
Во почетокот на 1944-та со цел пренесување на воените дејствија на територијата на
централна и источна Македонија, ЦК на КПЈ и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија во
втората половина на јануари 1944 год. го донеле и го разработиле планот за февруарскиот поход.
Основната замисла била да се навлезе со по една бригада во централна и источна Македонија и
да се дејствува во реонот на Повардарието јужно од Велес до Гевгелија. Во февруарскиот поход
учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот
дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да го
разгори востанието во тој крај. Од тој терен се овозможувало и преземање на вооружени акции
кон Полог (Тетово-Гостивар); Втората македонска ударна бригада дејствува во реонот на
Тиквеш и Гевгелија со преземање офанзивни акции во правец на Кавадарци и Демир Капија;
Третата група баталјони, составена од баталјоните “Стив Наумов” и “Христо Ботев” добиле
задача да ја преминат реката Вардар и да се пробијат низ источна Македонија и по
пристигнувањето во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава да се спојат со јужноморавските и
единици на Космет. Успешното изведување на походот (31. I - 22. II 1944) претставувало
пресвртница на војнички план во корист на единиците на НОВ и ПО на Македонија. Окупаторот
бил принуден да ги брани поважните места, објекти и комуникации, т.е. презел мерки за
одржување и осигурување на мошне важните патни и железнички комуникациите за
повлекување на германската армиска група “Е” распоредена во Грција и Албанија.
По завршувањето на операциите во февруарскиот поход уследиле низа значајни акции од
страна на единиците НОВ и ПО на Македонија врз чувствителните точки на окупаторот.
Третата македонска ударна бригада и Косовскиот одред ноќта на 26 спроти 27 март 1944 год
извршиле напад на железничката станица Ристовац, на 3 април истите единици ги нападнале
Злетовските рудници (Добрево и Пробиштип), при што биле онеспособени рудничките
инсталации, 120 рудари стапиле во редовите на единиците на НОВ и ПО, а биле заробени 51
бугарски војник и еден офицер.
Во периодот од 25 април до 19 јуни 1944 год. германските воени единици презеле низа
офанзивни акции во реонот на Поморавјето и во Македонија. Во оваа офанзива (Пролетна
офанзива) особено на удар била изложена Првата македонско-косовска ударна бригада. Од 29
април до 15 јуни 1944 година, таа водела тешки борби на патниот правец Битола-Охрид-Дебарца,
Кичево-Дебар, Лазарополе-Галичник-Гари, на планината Бистра, селата Локов, Збажди, Ржжано
и др. Крајниот резултат од борбите било повторното воспоставуање на слободна територија меѓу
Охрид, Струга, Дебар и Кичево и големиот прилив на нови борци. Како резултат на тоа дошло
до формирање на Првата македонска ударна бригада во Локов (8 јуни 1944) и Првата косовска
бригада (24 јуни 1944). Во истиот период и во Поморавјето и во источна Македонија се воделе
жестоки борби против бугарскиот окупатор. На 25 април било заземено Кратово, се воделе
борби на Лисец, пл. Козјак, Ретки Буки (Герман Планина), Чемерник (Црна Трава), Мачкетица,
Црноок, Станкин Крст, Знеполе и др. Во пролетната офанзива учествувале околу 60.000
германски, бугарски војници и балисти. Од нив 40.000 биле стационирани на територијата на
источна Македонија, а 20.000 на територијата на западна Македонија. По завршувањето на
офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до
зголемување на слободната територија и прилив на нови борци. Тие успеси овозможиле во
најголем дел од градовите и селата да се формираат органи на новата народна власт (народно
ослободителни одбори). Тоа пак, од своја страна придонело да се забрза процесот на
конституирањето на македонската држава.
На 2 август 1944 година, по обемни подготовки направени ширум Македонија, во
манастирот “Св. Прохор Пчински” се одржало Првото Антифашистичко собрание на народното
ослободување на Македонија. На собранието присуствувале делегати од трите дела на
Македонија. Со донесените одлуки АСНОМ се конституирал во Врховно, законодавно и
извршно тело, а Македонија стана државно-правен субјект и рамноправна федерална единица на
Демократска Федеративна Југославија.
На воен план Македонија била поделена на четири оперативни зони. Во првата
оперативна зона влегле: Кумановскиот, Велешкиот и Скопскиот округ; во втората: Битолскиот,
Прилепскиот, Кавадарскиот и Гевгелискиот округ и Ресенската околија; во третата: Штипскиот
и Струмичкиот округ и во четвртата: Тетовскиот, Кичевскиот и Охридскиот округ. Била
формирана и воено-територијална служба со осум команди на подрачја и тоа во Куманово,
Штип, Струмица, Скопје, Велес, Прилеп, Битола и Кичево и 34 команди на места. Од крајот на
август се преминало кон формирање на дивизии, а во средината на октомври биле формирани
три корпуси со корпусни области.
По капитулацијата на Бугарија (9. IX. 1944) и формирањето на поголеми оперативни
единици (дивизии и корпуси) започнале операциите за конечно ослободување на Македонија.
Во тие операции, македонските единици го имале следниот распоред:
Брегалничко-струмичкиот корпус во источна Македонија-50-та НО дивизија во
Малешевијата, а 51-та (Струмичка) НО дивизија во реонот на Струмица и Радовиш.
ЏВИ корпус-во реонот на Крива Паланка, Куманово, Бујановац и Скопска Црна Гора
(Кумановска НО дивизија и две косовски бригади), а 42-та НО дивизија во ренот на Скопје,
Велес и Сува Гора.
XV корпус со 41-та НО дивизија во реонот на Плетвар, Градско, Гевгелија, Кавадарци;
во реонот на Битола и Ресен 49-та НО дивизија и во реонот на западна Македонија 48-та НО
дивизија. Операциите се развивале во две етапи: Во првата, ослободување на источна
Македонија, Повардарието, Пелагонија и областа на езерата (Ресен и Охрид), а во втората
територијата на западна Македонија. Во ослободувањето на поедини делови од Источна
Македонија биле вклучени и I и IV бугарска армија кои се наоѓале во реонот на Крива Паланка,
Делчево и Малешевијата.
Воените дејствија започнуваат во средината на октомври 1944 год. Во реонот на Крива
Паланка бугарската I армија без борба влегла во Крива Паланка, по германското повлекување.
Од 12 до18 октомври 1944 год. се водат борби за позиции на Чифте Хан. Со обезбедувањето на
позициите кај Страцин германските воени единици ја обезбедувале комуникацијата кон
Куманово која овозможувала повлекување на германската група Армии “Е” кон Србија и
Косово. Од 22 до 25 октомври бугарската I армија во содејство со кумановската дивизија и 2
косовски бригади воделе борби кај Страцин. На 25 октомври Страцин бил заземен. Германските
воени единици се повлекле кон Куманово. Во борбите за ослободување на Куманово кои
започнале на 1 ноември била вклучена И-та бугарска армија и кумановската дивизија. На 11
ноември Куманово било ослободено.
Во долината на р. Брегалница В-та бугарска дивизија од 8 до 13 октомври водела борби
за врвот Буковиќ источно од Пехчево, а 50-та НО дивизија од 11 до 13 октомври водела борби за
ослободување на Берово и Пехчево. Од 14 до 19 октомври се воделе борби во регионот на
Тработивиште, Бигла и Калиманско Поле (50 НО дивизија). V бугарска армија на 15 октомври
започнува борба за Царево Село (Делчево). На 19 и 20 октовмри 1944 год, 50 НО дивизија и В
бугарска армија водат борби во реонот на Истибања, Кочани и Теранци. Штип е ослободен на 8
ноември 1941 год. (51 НО дивизија), Струмица на 5 ноември 1944 год. (51 НО дивизија),
Радовиш на 6 ноември 1944 (51 НО дивизија).
Борбите за ослободување на Пелагонија започнуваат на 29 октомври. На 2 ноември е
ослободен Прилеп (41 и 49 НО дивизија), на 4 ноември е ослободена Битола (XV корпус), а на 6
ноември Ресен (XV корпус). На 7 и 8 номеври се водат борби за Охрид. Градот е ослободен е на
8 ноември (48 и 49 НО дивизија). Нападите кон Велес започнуваат на 8 ноември 1944 год (42 НО
дивизија). На 9 ноември во борба влегле и 50 и 41 НО дивизија. Градот е ослободен е на 9
ноември 1944 год.
Нападот на Скопје, започнал на 11 ноември 1944 год. (42 НО дивизија). Во овој период
во Скопје биле стационирани 22-та гренадирска германска дивизија со 47-от и 65-от полк и
делови од 11 воздухопловна дивизија и други единици. По дводневни борби на македонските
единици Скопје било ослободено на 13 ноември 1944 год.
Во западна Македонија основната непријателска сила ја претставувале балистичките
формации засилени со СС дивизијата “Скендербег” (12.000) и мали германски сили од 297
гренадирска дивизија.
За ослободување на западна Македонија ГШ на НОВ и ПОМ ангажирал 5 бригади од
составот на 41 -та, 42-та, 48-та и 50-та дивизија . Од 14 до 16 ноември биле водени тешки борби
во реонот на Кичево кој е ослободен на 15 ноември 1944 година. Во наредните денови биле
водени повеќе борби, а на 18 ноември 1944 е ослободен Гостивар.
По ослободувањето на Скопје, една дивизија (4 бригади) од ЏВИ корпус, била упатена
кон Тетово, друга дивизија (3 бригади) кон Качаник. По успешните борби кај Групчин 50-та
дивизија продолжила кон Тетово и на 19 ноември како последен град во Македонијаб го
ослободила. Операциите за ослободување на западна Македонија беа последните борби на
територијата на Македонија во текот на Втората светска војна.
По ослободувањето на Македонија борбите продолжиле за ослободување на Југославија.
По ослободувањето на Белград (20 октомври 1944 год.) единиците на НОВ и ПО на Југославија
продолжиле со гонењето на германските воени единици. Во периодот од 3 до 14 декември 1944
год. германските воени единици биле отфрлени до линијата Сотин-Оролик-Оток каде
Германците претходно изградиле одбранбен појас. Со цел да ја зголеми длабочината на својата
одбрана, германските воени единици на 3 јануари 1945 год. презеле напад на целиот фронт.
Нападот бил сопрен на 19 јануари 1945 год. на линијата Мохово-Товарник-Илинци-р. Босут-
Батровци. До пробивот на фронтот (11-13 април 1945 год.) се воделе рововски борби без
поголеми промени на позициите.
Во зимата 1944/45 год. во борбите за конечно ослободување на Југославија на Сремскиот
фронт од Македонија бил испратен XV корпус (командант Алексо Демниевски) во состав од две
дивизии (42-ра и 48-ма) со над 20.000 борци. Корпусот бил испратен на Сремскиот фронт и
дејствувал во рамките на И-та армија на Југословенската Народноослободителна војска.
Единиците на 15 корпус во декември 1944 год. се префрлиле во Срем во реонот на Земун,
Батајница, Војка, Стара и Нова Пазова. Македонските единици учествувале во ослободувањето
на Србија, Хрватска и Словенија и дадоа голем број жртви.

Кон крајот на април 1941 год. континенталниот дел на Грција бил окупиран од
фашистичка Германија, Италија и Бугарија. Делот на Македонија под Грција бил поделен на три
окупациски зони.
Источна Македонија, од реката Струма на исток, заедно со западна Тракија и била
доделена на фашистичка Бугарија а еден коридор на границата меѓу Грција и Турција во западна
Тракија по должината на реката Марица, од фашистичка Германија бил прогласен за “неутрална
зона”. Западниот дел од Македонија под Грција, со Костурскиот дел од Кочанскиот (Гребена и
Сјатиста) и дел од Леринскиот округ и биле доделени на Италија.
Фашистичка Германија го окупирала централниот дел од делот на Македонија под
Грција со Солунско, Кукушко, Гуменџиско, Воденско, Берско, Катеринско и дел од Леринско и
Кочанско. Поголемиот дел од територијата каде што живеело македонско население, централна
и западна Македонија со над 200.000 жители - бил ставен под управа на грчката квислиншка
влада на Чолакоглу.
По окупацијата, условите во Грција и посебно во делот на Македонија под Грција биле
поволни за отпор против окупаторот. Но поради недостиг на јаки партиски организации, отпорот
имал само ограничени размери. Во делот на Македонија под Грција отпорот се манифестирал во
Драмскиот округ со Драмското востание, во кое учествувале заедно Македонци и Грци, чиј
организатор бил Окружниот комитет на КПГ за Драмско. Притоа биле ослободени гратчињата
Просочан и Доксат од страна на македонските и грчките борци, (28 и 29 септември 1941 год.). Во
градот Просочан била воспоставена и народна власт, а на одржаниот митинг се зборувало и на
грчки и на македонски јазик. Востанието било загушено. Бугарите на 1 октомври извршиле
масовни стрелања, апсења, прогони и грабежи. Над 3.000 лица биле убиени во Драма и
околијата.
Кон крајот на јуни 1941 год., од страна на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија
и Тракија биле формирани партизанските единици “Одисеас Андруцос” во Нигритско и
“Атанасиос Дјакос” во Кукушко. Во септември, на иницијатива на КПГ бил формиран
Националноослободителниот фронт ЕАМ. Во програмата на ЕАМ ништо не се предвидувало за
идната положба на Македонците. На пленумот на КПГ од септември 1941 год. КПГ ги повикала
Македонците со своето учество да се приклучат кон ослободителната борба на грчкиот,
српскиот и бугарскиот народ како гаранција за нивното национално ослободување. Истиот повик
бил повторен и на пленумот на ЦК КПГ од декември 1942 год. И покрај тоа што повикот на КПГ
бил недоволно јасен, сепак, кај Македонците влеал надеж дека по ослободувањето ќе може да
се здобијат со национална слобода.
КПГ и ЕАМ во текот на 1943 год. успеале да ги опфатат сите населени места во Грција и
да го вклучат населението во ослободителната војна. ЕЛАС ги зајакнал своите позиции и успеал
низ целата територија на Грција и делот на Македонија под Грција да формира партизански
одреди. Како резултат на тоа во повеќе македонски села се формирале партизански одреди кои
вршеле притисок на раководството на КПГ и ЕЛАС да ги вклучи во единиците на ЕЛАС-ЕАМ
Голем политички успех на народноослободителното движење во делот на Македонија
под Грција претставувало формирањето на масовната политичка организација
Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ), кој работел врз македонска
национална платформа. Истиот бил формиран со решение на Македонското биро на КПГ за
Леринско и Костурско, и посебниот партиски актив на Македонците во Воденско. Со тоа им
било дадено правото на Македонците да создаваат и посебни македонски партизански единици
како и посебни партиски организации на Македонците во Воденско. По иницијатива на
раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и
вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
Такви единици во почетокот на 1944 год. биле формирани во Костурско. Појавата на
македонските единици од делот на Македонија во рамките на Југославија во леринско-
преспанскиот сектор во прилична мера придонел за уште повеќе да се подигне националниот дух
на Македонците. На таа територија престојувале: одредите “Јане Сандански”, “Даме Груев” и
Првата македонско-косовска народноослободителна бригада. Од своја страна тој акт позитивно
се одразил врз мобилизацијата на Македонците во Грција во борбата против фашизмот.
Во Грција, во текот на 1944-та продолжила политиката на ЕАМ за спогодување со силите
на емигрантската влада во барањето начини за т.н. политичко единство. Тоа резултирало со
потпишување на договорот во Плака (29 февруари 1944 год.). Со договорот било решено да
престанат непријателствата на ЕЛАС-ЕАМ со силите на ЕДЕС. Само еден месец по
склучувањето на договорот во Плака, а согледувајќи дека се загрозени грчките национални
интереси, во април 1944 год. КПГ донела одлука за расформирање на македонските организации
СНОФ и СОВ. Дел од македонските борци и активисти не сакале да ја прифатат донесената
одлука. Од тие причини на 16 мај 1944 год. група борци и активисти, на чело со Наум Пејов, се
одделиле од ЕЛАС и се префрлиле на територијата на Вардарска Македонија и барале одлуката
на КПГ да се повлече.
Со потпишаниот договор во Либан (20 мај 1944 год.) била запечатена судбината на НОВ
на македонскиот народ во Грција, а била отворена врата за реставрација на предвоениот режим
во Грција. И покрај протестите за откажување на договорот во Либан, во врвот на раководството
на КПГ преовладал ставот тој да се почитува, т.е. да се продолжи со преговорите за склучување
на нови договори со граѓанските партии и со владата во бегство. Британската интервенција на 4
декември 1944 година ставила крај на надежите на Македонците за исвојување на своите
национални права.

По германскиот напад на СССР на 22 јуни 1941 година, Окружниот комитет на


Бугарската работничка партија (БРП) за делот на Македонија под Бугарија на 27 јуни 1941 год.
донел одлука за отпочнување на подготовки за оружена борба.
По таа одлука, при крајот на јуни и почетокот на јули 1941 год., била формирана првата
партизанска чета во Разлошко, под раководството на Никола Парапунов. Првите акции биле
изведени уште во текот на јуни. Првите партизански чети и групи биле формирани исклучиво од
членови на комунистичката партија и младинскиот сојуз. Во овој период организирани групи
пристапиле кон собирање на оружје и медицински материјал во Горна Џумаја, Свети Врач и
Петрич, а едновремено се одвивала широка политичка и пропагандна активност.
Концентрацијата на својата активност на тесно регионално подрачје била една од
причините бугарската војска релативно брзо да ги открива активностите на македонските
партизани од делот на Македонија под Бугарија. Така, со провалите извршени во Свети Врач,
Горна Џумаја и Разлог, во рацете на полицијата паднале и членови на Окружниот комитет на
БРП за делот на Македонија под Бугарија (Гроздан Николов, Владо Чимев, Станке Димитров и
др.)
Како резултат на провалите и фатените членови на КП во првата половина на 1942 год.
преките воени судови во Софија и во Горна Џумаја осудиле припадници на КП, партизанските
чети и групи од делот на Македонија под Бугарија. На овие судења биле изречени 12 смртни
казни. Смртните пресуди и недефинираниот став на ЦК на БРП во однос на прашањето за
вооружена борба имале негативен одраз врз развитокот на партизанското движење во делот на
Македонија под Бугарија. Од тие причини во дотогашниот успешен развој на борбата во 1941
год. и почетните месеци на 1942 год. и во работата на партиската организација во делот на
Македонија под Бугарија настапило затишје.
Воената ситуација кон крајот на 1942 год. и почетокот на 1943 год. на Источниот и
Африканскиот фронт имала свое влијание и за промена на ставот на Отечествениот фронт во
однос на оружената борба против фашизмот во Бугарија. Во оваа фаза Македонците предводени
од Никола Парапунов ги формирале покрупните партизански единици. Според ГШ на
Народноослободителната востаничка армија, територијата на Бугарија била поделена на 12
востанички оперативни зони, при што делот на Македонија под Бугарија влегол во рамките на
ИВ-та востаничка оперативна зона со седиште во Горна Џумаја.
На околиската партиска конференција одржана во април 1943 год. под раководство на
Никола Парапунов, била донесена одлука за формирање на покрупни партизански единици. Врз
основа на таа одлука, од партизанските чети на Разлошко, во мај 1943 год. бил формиран
Разлошкиот партизански одред “Јане Сандански”, кој во 1944 год. бил преименуван во
партизански одред “Никола Парапунов”. Во 1943 год., како резултат на преземените активности
бил формиран и горноџумајскиот партизански одред “Никола Калапчиев”.
Посебно внимание партиските и воените раководители од делот на Македонија
под Бугарија посветувале на прашањето за разјаснување на македонското национално прашање и
за македонското национално ослободително движење во минатото. Се нагласувало дека
партизанското движење во овој дел на Бугарија претставувало продолжение на историските
традиции на македонското национално ослободително движење од времето на Гоце Делчев и
Јане Сандански.
Пролетта и летото 1944 год. во делот на Македонија под Бугарија биле формирани
светиврачкиот ПО „Јане Сандански”, петричкиот ПО „Андон Попов” и неврокопскиот „Анешти
Узунов”. Со својата организираност и активност тие развиле силно партизанско движење во
делот на Македонија под Бугарија, така што непосредно пред 9 септември тие ја држеле целата
област во свои раце со исклучок на градовите. На 8 септември 1944 год. раководството на
Разловечкиот партизански одред „Никола Парапунов” испратило проглас до населението од
делот на Македонија под Бугарија. Во него се повикувало на општонародно востание. Со тоа
одредот бил активно вклучен во подготовките и изведувањето на општонародното востание
уште пред неговото официјализирање од страна на ЦК на БРП. Македонскиот народ од делот на
Македонија под Бугарија низ активното учество во антифашистичката борба го извојувал своето
право на национално самоопределување и се до 1948 година го остваруваше тоа право.

12. ФОРМИРАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА


ВО ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА

По ослободувањето, Македонија како федерална единица со ограничен суверенитет,


влеглла во рамките Федеративна Народна Република Југославија. Со одржувањето на првото
заседани на АСНОМ, се заокружи процесот на конституирањето на македонската држава. Беше
избран Президиум кој имаше функции на влада а за негов прв претседател беше избран
Методија Андонов-Ченто.
Со АСНОМ започна процесот на уставната историја на македонскиот народ. Со
АСНОМ, Народноослободителната војска на Македонија стана регуларна македонска војска со
свој Главен штаб под контрола на македонската држава.
Со Првото заседание на АСНОМ и неговите донесени историски одлуки Македонскиот
јазик за прв пат станува признат и рамноправен јазик со другите јазици. Во младата македонска
држава започна процесот на организирање на бројни државни институции. Беше донесена
декларација за основните права на граѓаните, формирани комисии а беа формирани и
поверенства кои имаа функција на министерства. Беше извршена и првата административно-
територијална поделба на Македонија.
На 3 ноември 1944 година, кога Македонија сеуште не беше ослободена, Президиумот на
АСНОМ донесе решение за отворање на првите гимназии во градовите: Скопје, Битола, Прилеп,
Штип, Куманово, Струмица, Тетово и Охрид., а на 23 ноември истата година е формирана
националната централна библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје.
На 15 декември во Скопје беше одржана конститутивна конференција на АФЖ, а истиот
ден беше издаден и првиот број на на весникот „Македонка”, а потоа под наслов „Просветена
жена” прво женско списание. Во декември ќе излезе и првиот број на весникот на турски јазик
„Бирлик”.
На 28 декември започна емитувањето на радио Скопје со директен пренос од Второто
заседание на АСНОМ. Во наредните месеци ке се формираат и други културни институции
(основан е Македонскиот народен театар (31. И 1945, Драмскиот театар (1946), Театарот на
малцинставата, а театри биле формирани и во другите градови во Македонија.
На 6 јануари 1945 година во Скопје беше одржан Вториот конгрес на НОМСМ на кој
присуствувале преку 1000 делегати. На Конгресот се расправало за учеството на македонската
младина во обновата на земјата и посебно за учеството во конечното ослободување на
Југославија. А само ден потоа, еден дел од силите на НОВ на Македонија стационирани во
Скопје а потоа и во Штип, најотворено се спротиставија на учеството на македонските единици
на Сремскиот фрон исфрлајки ја паролата „За Солун”. Побунетите војници побараа
продолжување на воените дејствија за ослободување на делот на Македонија под Бугарија и
делот на Македонија под Грција. Но тие барања, во тој момент, не беа во прилог на општата
југословенска стратегија и политика за иднината на Југославија.
На 4 и 5 март во Скопје е одржан првиот Македонски црковно-народен одбор на кој
покрај свештенството присуствувале и преставници на Президиумот на АСНОМ и Главниот
штаб и други структури од тогашниот општествен живот. На Собирот било заклучено да се
обнови Охридската архиепископија како самостојна црква, со свои народни епископи, а
врховниот поглавар да го носи името Охридски архепископ, а македонската црква „Св.
Климентова Охридска архиепископија”. На оваа одлука жестоко се спротиставило српското
свештенство во Србија.
На 8 март за прв пат во Скопје се прославува денот на жената.
Од 11 до 25 март беа одржани првите избори на кои за прв пат излегоа и жените и
останатите граѓани кои наполниле 18 години.
На 12 април е извршен пробојот на Сремскиот фронт во кој учествувале и бројни
македонски единици. Во борбите за конечно ослободување на Југославија, животот го дадоа
1674 Македонци со различна национална припадност.
На 14 април во Скопје, започна со работа Третото Заседание на АСНОМ. Заседанието
донесе повеќе акти од джавно-правно и уставно-правно зачење. Беа избрани Президиум на
Народното собрание кој ја именува и Владата на федерална Македонија, кооптира нови членови
во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија. Од тој период
започнува да се воспоставува и изградува за прв пат и уставната историја на младата македонска
држава.
На 3 мај 1945 година е објавена и првата азбука на македонскиот јазик.
Есента 1945 година согласно донесената уредба, започна спроведувањето на
колонизацијата на Војводина. Од Македонија беа колонизирани 1678 семејства со 10.352 лица.
Во март 1946 година е донесен Законот за промена на името од ДФМ во Народна
Република Македонија, а во јули е донесен законот за задругите. Во септември се одржаа
изборите за народни пратеници за Уставотворното собрание на НРМ. Во декември 1946 година
со основањето на Филозовскиот факултет беа поставени темелите на високото образование во
Македонија. Во наредниот период беа формирани и Медицинскиот и земјоделскиот факултет со
што беше основан и универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје.
Во овој период македонското политичко и воено раководство беше инволвирано и во
Граѓанската војна во Грција. Таа се водела меѓу Грчката републиканска армија (ДАГ) и грчките
воени сили. Во оваа војна на страната на ДАГ свое учество земале и Македонците од делот на
Македонија под Грција. Учествувајќи во оваа војна Македонците се надевале дека на крајот од
војната ќе успеат да ги остварат своите национални права. Меѓутоа, крајот на војната беше
катастрофален по Македонците. Поголемиот дел од нив беа принудени да заминат и најдат
прибежиште во земјите од Источна Европа.
На 31 декември 1946 Президиумот на Уставотворното собрание на НРМ го донесе
првиот Устав на Народна Република Македонија. Тој претставуваше акт со кој се изразуваше
националната слобода на македонскиот народ; државноста на македонскиот народ; акт со кој
Македонија се вградува во федеративната заедница на југословенските народи, и на крај, акт
концепиран врз основа на уставните определби зацртани во Уставот на ФНРЈ од 1 јануари 1946
година, кој Југославија ја третираше како сојузна држава од републикански облик и заедница на
рамноправни народи и народности. Иако Македонија за прв пат доби држава, вековниот идеал
на македонскиот народ за негово обединување небеше остварен. Тој на некој начин беше угушен
со силната централизација на новата Југославија цврсто раководена од комунистите кои ја
започнаа антифашистичката борба.
Во наредниот период беше донесен и првиот петогодишен план за стопански развој на на
НРМ.
На 28 јуни 1948 година е објавена резолуцијата на Информбирото, со што ФНРЈ беше
изолирана од СССР и останатите земји од социјалистичкиот блок. Од првите денови на јули 1948
година беа одведени и првите Македонци на Голи Оток. Нивниот број изнесуваше 883.

Но и покрај сите потешкотии, продолжува доизградувањето на државниот систем. На 22


јули 1948 г., со Уредба на Владата на НРМ е формиран Институтот за национална историја, со
задача да ја проучува историјата на македонскиот народ и народностите, а нешто покасно
(1951) беше формиран и Државниот архив на НРМ (ДА на СРМ; ДАРМ). А на политички план
кон крајот на годината (18-22.ЏИИ) ќе се одржи и Првиот конгрес на КПМ на кој присуствувале
541 делегат. По Резолуцијата на Информбирото во делот на Македонија под Бугарија беше
забранета употребата на македонскиот јазик и забранета било каква културно-национална
пројава на Македонците. Официјалната бугарска политика застана на гледиштето дека
македонски народ и нација не постојат.
Од педесеттите години започнува процесот на работничкото самоуправување. Но покрај
тоа, започнува и процесот на борба за мислење, што во крајна мера резултираше и со одредени
апсења. Во 1950 година беше уапсен македонскиот поет Венко Марковски, а потоа беше
донесен законот за забрана на носење на зар и фереџе.
Во 1953 година беше донесе Уставниот закон со кој Македонија се дефинира како
сојузна држава, а наместо Влада на НРМ се воспоставува Извршен совет како орган на
Собранието на НРМ. Во оваа година беше извршен и попис на населението според кој во
Македонија живееле 1.304.514 жители.
Според официјалните документи во Македонија, по завршувањето на Граѓанската војна
во Грција во Македонија во 1955 година имало 25.500 Македонци од делот на Македонија во
рамките на Грција.
Во шеесеттите години се забележува засилено националистичко раздвижување во
Македонија. Основната идеја била во потенцирањето на идејата за обединета Македонија,
притоа критикувајки ја политиката на СФРЈ и нејзиниот индеферентен однос која го имала кон
Македонците во Грција и Бугарија.
Во 1963 година донесен е Сојузниот устав со кој се променува името на државата во
СФРЈ, а со Републичкиот Уставот Македонија се дефинира како Социјалистичка Република.
Ваквото уредување ќе опстојува до уставните промени од 1974 година. На 26 јули 1963 година
Скопје го погоди силен земјотрес во кој животот го загубија 1.070 а беа повредени 3.383 негови
граѓани. Во неговата обнова учествуваше југословенската фердарација и поголем број на земји
во светот.
Во 1964 година започна редовното емитување на телевизиската програма на ТВ Скопје.
Во 1967 година, на 7 август во Охрид, на Третиот македонски црковно-народен собир е
донесена одлука за прогласување на автокефаклноста на Македонската православна црква на
чело со г. г. Доситеј (1967-1981). На 18 август матичната комисија на МАНУ ги избра првите
членови на МАНУ, а на 10 октомври званичо е основана МАНУ, а нејзин прв претседател беше
Блаже Консеки.
Од 3 до 11 јули 1968 започнаа студентските протести во Белград кои полицијата
настојуваше бруталнио да ги угуши. Истите имаа одзив во Македонија. На 4 јули беше усвоена
платформата на скопскиот универзитет, при што беше нагласена потребата за еден посамостоен
и независен универзитет. Кон крајот на годината пак, во Тетово и Гостивар беа одржани
демонстрации на албанската народноаст инспирирани од косовските настани. Од тој период
започнува се поизразено да се појавува национализмот. А во почетокот на седумдесеттите
години ќе настапи периодот на либерализмот, односно на период кога беа изнесувани ставовите
за поголема демократизација на политичкиот систем.
Во 1974 година беше донесен новиот Устав на СФРЈ во кој биле изразени промените во
заемните односи меѓу републиките и федерацијата. Републиките станаа национални држави. Со
Уставот на СРМ, Македонија се дефинира како национална држава на македонскиот народ и
држава на албанскиот и турската народност во неа. Беше избран и нов Извршен совет на
Собраните н СРМ со мандат до 1978 година.
Во 1981 година на Косово започнале демонстрации со паролата „Косово Република”. Од
тој момент започнуваат се помасовни политички потреси во Југославија. Економската криза
стануваше се поголема. Стапката на невработеност беше најголема во Европа. На привремена
работа од тогашна СФРЈ беа повеќе од 750.000 лица.
Во СРМ се евидентирани околу 150.000 невработени лица. Тешката економска криза кон
крајот на осумдесеттите години беше се поизразена но и постојано проследена со
националистички испади од страна на албанското населние. Во 1988 годна беа забележани
испади од албанската народност во Куманово против формирањетро на национално мешани
училишни паралелки во средното образование. Тешката економска и политичка ситуација во
СФРЈ услови да се донесат и некои уставни амандмани со кои се настојуваше да се даде
поголема слобода на Републиките. Тогаш Македонија се дефинирала како национална држава на
македонскиот народ и како заедница на работните луѓе и граѓаните на Македонија и на
равноправните со него припадници на другите народи и народности кои живеат во неа. Оваа
година (1989) Претседателсвото на ЦК на СКМ ќе расправа за се поголемиот појавен албански
национализам на линијата за „Голема Албанија, отцепување на Косово, дел на Црна Гора и
Западна Македонија”.
Крајот на југословенската држава беше видлив. Во ноември 1989 година на 14 конгрес на
ЦК на СКЈ дошла до израз големата подвоеност меѓу републиките односно националните
раководства.
Во 1990 година во Македонија ќе започне бројно формирање на разни политички партии.
Во јануари ќе биде регистрирана Народната дрмократска партија на Албанците, потоа основано
е Движењето за семакедонска акција МААК (4.ИИ), Лигата за Демократија (11. ИИ),
Социјалдемократската партија (18.ИИИ), Народната партија на Македонија (12. ИВ), Партија на
демократски просперитет (15. ИВ), Странката на Југословените (26. В), Демохристијанската
партија (9.ВИ), ВМРО-ДПМНЕ (17. ВИ), Здруение на граѓани Египќани (20.ВИ), Работничката
партија (24.ВИ), Политичкото здружение за чвекови права (3.ВИИ), Сојуз на Комунисти на
Македонија-Партија за демократска преобразба (5.ВИИ), Социјалистичката оартија (13.ВИИ),
Здружение на Власите (17.ВИИ), Демократска партија на Турците (25.ВИИ), Партија за целосна
еманципација на ромите (12.ВИИИ), Светскиот македонски конгрес (15. ИЏ), Партија
реформски сили-Либерална партија (5.Џ) и други.
На 29 август 1990 година, за прв пат во Собранието на Македонија се расправа за
Уставните амандмани и изборниот закон, а на 20 септември Собранието ги усвојува со што
Македонија станува повеќепартиска држава.
Од 11 до 25 ноември 1990 година беа одржани повеќе-партиските парламентарни избори.
На 8 јануари 1991 година, се констутуира повеќепартиското Собрание на Македонија. За
прв пртседател на Собранието е избран Стојан Андов. А на 25 јануари 1991 год. Собранието на
Р. Македонија едногласно ја усвои Декларацијата за сувереност на Р. Македонија.
На 27 јануари 1991 година Собранието на Р. Македонија го избра Киро Глигоров за прв
претседател на Р. Македонија
Првиот повеќе партиски парламент е избран во 1990 год. како единствен законодавен
дом со 120 членови (пратеници). Од 17 партии кои учествувале на изборите, 11 обезбедиле место
во македонскиот парламентот. Најголем број места добила ВМРО-ДПМНЕ (38), Социјал
Демократскиот Сојуз-Партија за демократски промени (31), Партијата за демократски
просперитет (22) Реформската партија на Македонија-Либерална партија (17) Социјалистичката
партија (5) Партијата на Југословените во Македонија (2), Народната демократска партија (1),
Партијата за еманципација на Ромите (1) и 3 независни кандидати.
На 20 март 1991 година Собранието на Р. Македониа ја избра првата влада на Р.
Македонија со претседател Акад. Никола Кљусев.
На 20 април во Скопје е одржан ЏИ конгрес на СКМ- Партија за демократска преобразба
кога и го добива името Социјадемокаратски сојуз на Македонија, со претседател Бранко
Црвенковски.
Започнатиот процес на трансформација со плуралистичкото уредување се заокружуваше.
На 6 август Собранието на Р. Македонија донесе одлука за распишување на референдум за
самостојна и суверена Р. Македонија. На 8 септември 1991 год. мнозинството од населението во
Македонија на референдум се изјаснило за суверена и независна Македонија. Од вкупно
запишаните 1.494.626 гласачи, гласале 71.85% а од нив 95.32% се изјазниле за самостојна Р.
Македонија.
На 17 септември 1991 год. Собранието на Р. Македонија усвои Декларација за
прифаќање на резултатите од референдумот. Истиот ден беше усвоен новиот Устав на Р.
Македонија со кој Р. Македонија се дефинирана како суверена и самостојна демократска и
социјална држава.
Процесот на осамостојување беше незапирлив. На 17 март 1992 год. во Скопје беше
потпишан договор меѓу Словенија и Македонија за воспоставување на дипломатски односи. На
26 март 1992 год. ЈНА конечно ја напушти територијата на Македонија.
На 26 април 1992 год. Собранието на Македонија усвои закон со кој монетарно се
осамостои и југословенскиот динар беше заменет со денар.
На 30 мај 1992 год. ОН воведоа економска блокада кон СРЈ. Р. Македонија и Словенија
на 31 мај 1992 год. изјавија дека се придржуваат кон бојкотот и дека ќе ги прекинат односите со
неа.
На 21 јули 1992 год. во Скопје и во сите европски и прекуморски земји беше одржан
„Семакедонски протест” против Лисабонската декларација со која се оспорува името на Р.
Македонија.
На 9 јануари 1993 год. почнаа да пристигнуваат првите одреди на силите на УНПРОФОР
во Р. Македонија.
На 8 април 1993 год. Р. Македонија едногласно е примена во организацијата на ОН под
привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија како 181 членка заради
енергичното противење на Р. Грција.
На 10 јуни 1993 год. македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да
испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили
во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници. На 12 јули 1993 год. во Скопје
пристигна првата група од 260 американски војници која е придодадена на постојните сили на
УНПРОФОР за Македонија.
На 23 август 1993 год. е воспоставена полна пасошка контрола на границата со СРЈ.
На 16 октомври 1994 год. одржани првите претседателски и вторите парламентарни
избори. Според резултатите (20 октомври 1994) победи Киро Глигоров и стана претседател на Р.
Македонија.
На 24 октомври 1994 год. трите опозициони партии ВМРО-ДПМНЕ, Демократската
партија и МААК издадоа проглас со кој ги повикуваа избирачите да ги бојкотираат изборите.
Според резултатите од вториот круг на изборите најмногу места освои Сојузот на Македонија
(СДС, Либералната и Социјалистичката партија).
На 14 ноември 1994 год. беа соопштени резултатите од пописот. Според него во
Македонија живеат: 1.925.011 жители, од кои 1.288.330 Македонци, 434.033 Албанци, 74.267
Турци, 43.732 Роми, 39.260 Срби, 8.467 Власи и 39.960 припадници на други националности.
На 18 октомври беа организирани третите парламентарни избори на кои учествувале
вкупно 25 политички партии. „Коалицијата за промени” што ја сочинуваа ВМРО -ДПМНЕ и ДА
(Демократска алтернатива) го доби парламентарното мнозинство и правото да управува со
Македонија следните четири години. Својот четиригодишен мандат новиот македонски
парламент го започна на 19 ноември. На 30 ноември 1998 година беше избрана новата
македонска Влада со премиер Љубчо Георгиевски. Како коалиционен пратнер во Владата влезе и
ДПА (Демократска партија на Албанците). Владиниот кабинет го сочинуваа 26 министри.
Во 1999 година настаните во СР Југославија, кризата во Косово и воената агресија на
НАТО силите врз СР Југославија, го предизвикаа најголемиот бран на бегалци, околу 300.000.
Најголемиот товар од бегалската криза го поднесе Македонија. Прифатниот центар во Блаце и
состојбата на бегалците во него ја отежнаа уште повеќе политичката и економската положба во
Р. Македонија.
На претседателските избори од 1999 година Борис Трајковски е избран за претседател на
Р. Македонија (15 декември 1999). Во Охрид за поглавар на Македонската православна црква
беше избран г. г. Стефан.
Во јануари 2000 година, Советот на министрите на европската унија и даде мандат на
Европската комисијата да преговара со Македонија за склучување на Договор за стабилизација и
асоцијација.
Во септември 2000 година беа одржани третите локални избори. На изборите во 123
општини и на 2973 места, својот глас го дадоа 1.634.861 гласач.
Во октомври 2000 година во Скопје, во хотелот „Александар палас” беше одржан самит
на шефови на држави или влади на процесот на соработка на Југоисточна Европа.
Во декември 2000 година беше извршена реконструкција на Владата со членови од
Либералната партија.
На 16 февруари 2001 година група албански екстремисти започнаа престрелка со
армијата на РМ. Таа мала престрелка за само еден месец прерасна во вистинска војна кога во
март во Тетово за време на организирањето на митингот од три невладини организиции под
мотото „Стоп за државниот тероризам против Албанците”, започна воениот судир меѓу
албанските екстремисти од една страна и полицијата и АРМ од друга страна. По ова бран на
бегалци започнаа да го напуштаат градот Тетово. При крајот на месецот по наредба на
Врховниот командант на безбедносните сили Борис Трајковски започна операцијата за чистење
на албанските екстремисти. Но и по акциите на безбедностите сили продолжија акциите на
албанските екстремисти. Во таква воена ситуација меѓу тетовските села Селце и Вејце беа
убиени осум припадници на македонските безбедносни сили од Прилеп.
Во мај 2001 година беше избрана Владата на политичко единство. Во коалицијата влегоа
претставници од СДСМ и СП. Во јуни 2001 година воените акции се доближија и до градот
Скопје. Скопското с. Арачиново на 15 км од Скопје албанските бунтовници го ставија под своја
контрола. На 24 јуни припадниците на македонските безбедносни сили преседоа жестока акција.
Кога се очекуваше конечен пораз на екстремистите по интервенцијата на Хавиер Солана и Џорџ
Робертсон, претставници на Европската унија и НАТО, акцијата беше прекината, а албанските
екстремисти извлечени од селото. Под притисок на Солана и Робертсон на 5 јули беше потпишан
прекин на огнот. Но тоа беше почитувано само од македонска страна бидејќи екстремистите
продолжија со напади особено во Лешок, Непроштено, Глоѓи, Теарце и Жилче.
На 8 август по долготрајни преговори во Охрид беше парафиран Рамковниот договор кој
беше потпишан во Скопје на 13 август. Во септември бројот на раселените лица го достигна
бројот од 120.000. До крајот на годината започна процесот на имплементација на Рамковниот
договор; заврши операцијата „Неопходна жетва” кога за 30 дена беа собрани 3.875 парчиња
лесно оружје; според законот за амнестија беа помилувани 64 од вкупно 88 албански
екстремисти; беше донесен нов изменет Устав. Ценејќи дека работите во однос на ситуацијата во
Македонија се средени со имплементација на Рамковниот договор на 21 ноември СДСМ, ЛП и
СП ја напуштија Владата на политичко единство и преминаа во опозиција.
Во војната од македонска страна загинаа 70 лица.
По ова започнува процесот на имплементација на Рамковниот договор кој се одвиваше
со поголеми потешкотии и интервенции од маѓународната заедница.
На 5 јуни 2002 година беше основана нова албанска политичка партија Демократска
унија за интеграција (ДУИ) на чело со Али Ахмети.
На 15 септември беа одржани парламентарните избори во Македонија. На истите победи
коалицијата „За Македонија заедно” која освои 60 пратенички мандати. Коалицијата предводена
од ВМРО-ДПМНЕ доби 33 места во парламентот, додека политичката партија на Али Ахмети,
ДУИ – 16 пратеници. Светот ги оцени изборите како демократски и како пример за државите за
Југоисточна Европа.
На 4 октомври Собранието на РМ ги верификуваше мандатите на 119 пратеници, а
Никола Поповски стана негов нов претстедател. На 8 септември Бранко Црвенковски стана
мандатор за составување на новата Влада. На 31 октомври пратениците на Собранието го
подржаа предлогот на премиерот Црвенковски за состав на новата влада, во која парти ципираа
СДСМ, ДУИ и ЛДП.
Од 1-15 ноември 2002 година беше спроведена најголемата статистичка опера ција
пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија.
На 18 декември 2003 година нов претседател на Парламентот стана универзи-тетскиот
професор Љупчо Јордановски.
На 26 февруари 2004 во авионска несреќа загина Борис Трајковски , претседател на Р.
Македонија.
На 14 мај 2004 година Хари Костов доби мандате да формира нова Влада на Р.
Македонија. Таа беше конституирана на 2 јуни 2004 година. Новата Влада функционираше до 15
ноември 2004 година, кога Хари Костов поднесе оставка.
На 17 декември 2004 година беше конституирана нова Влада на чело со Владо
Бучковски.
На 9 април 2001 година беше потпишана Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу
ЕУ и Република Македонија, што стапи во снага на 1 април 2004 година. На 22 март 2004 година
беше предадена Аликацијата за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО
структурите. Одговорите на Европрашалникот беа предадени во Брисел на 14 февруари 2005
година. На 13 март 2005 година во Република Македонија се одржаа локални избори (за
градоначалници и совети) во 84 општини. За градоначланик на главниот град на државата беше
избран Трифун Костовски.
На 5 јули 2006 година се одржаа петтите парламентарни избори според
пропорционален модел, во шест изборни единици. На изборите победи коалицијата “За подобра
Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати. Претседателот
на државата мандатот за состав на Влада му го довери на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Никола Груевски. Владата беше формирана на 28 август 2006 година.

ИСЕЛЕНИШТВО

Масовните иселенички движења од територијата на Македонија се појавиле во втората


половина на ЏИЏ век. Како главни елементи на критериумот на мотивите за иселување се
јавувале економските и политичките кои меѓусебно се преплетувале, а на критериумот на
желбите или интенциите им одговарало доброволното, односно принудното иселување. Во
историјата на македонското иселување преовладуваат и двата критериума. Во однос на правецот
на иселувањето преовладувало континенталното и прекуокеанското иселување.
Континенталното се движело во правец на источно-европските земји, а додека прекуокеанското
се движело во правец на Американскиот континент - САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Најмала улога при иселувањето од Македонија имале културните и религиозните мотиви.

Првите иселенички движења се поврзани со печалбарството, кое во 90-те години на ЏИЏ


век станало масовна појава. Во потрага по обезбедување егзистенција за своите семејства
македонските економски печалбари заминувале во соседните балкански земји: Србија, Бугарија,
Грција, Романија, а потоа и во подалечните земји Австро-Унгарија, САД, Канада и др.
Карактеристично за печалбарството од овој период било тоа што сите оние кои
заминувале како печалбари привремено го напуштале домот со цел да заработат пари и по
одредено време да се вратат во Македонија.
Првиот бран помасовни иселенички движења од територијата на Македонија настапиле
по Карпошовото востание (1689 год.) и по Илинденското востание (1903 год.). Причините пред
се биле социјално-економски, а исто така и стравот од репресии и терор од османско-турскиот
режим. Основната карактеристика на македонската емиграција во овој период била појавата на
првите организирани социјално-спомагателни братства т. е. друштва по принципот на селската
или регионалната припадност. Основната цел на овие дру-штва била да ги помагаат морално и
материјално своите членови. Друга карактеристика е што македонските иселеници територијата
на Македонија ја напуштале како етничка и географска целина.
Вториот бран помасовни иселувања настапил во периодот по Балканските и Првата
светска војна и поделбата на Македонија со Букурешиот ми-ровен договор (август 1913 год.)
Карактеристично за овој период е што македонските иселеници кои ја напуштале територијата
на Македонија од Бугарија, Грција и Србија. Според тоа од која држава биле нивните патни
исправи, така им била определувана и нивната национална припадност. По при-стигнувањето
тие со себе ја пренеле националната, политичката и револуционерната разединетост од старата
татковина што од самиот почеток ќе биде една од основните причини за постојните несогла-
сувања меѓу македонските иселеници. Од овој период датираат и првите поделби на македон-
ските иселеници по принципот на припадност на државата од која се иселиле. Од своја страна
тоа допринело за разбивање на единството на македон-ското иселеништво. Овој т.н. ”менталитет
на раз-делување” значи недостиг на единство што се појавува кај македонските иселеници псо
Букуре-шкиот мировен договор (август 1913 год).
Третиот период започнува по Втората светска војна и трае се до шеесетите години на ЏЏ
век. Воведувањето на комунистичкиот систем, во источноевропските земји и во СФРЈ, како
неприфатлив за многу луѓе бил една од причините за иселување, а другата била Граѓанската
војна во Грција, по која голем број Македонци ги напуштиле своите огништа и заминале во
источните, а потоа и во прекуокенските земји.
Четвртиот период започнал од шеесетите години и трае се до денес. Причините за
иселување-то пред се се од социјален карактер и е најголемо од Република Македонија. На
црковен план започнал процесот на формирање на првите македонски црковни општини и
изградба на македонски православни цркви и манастири. Започнал процес на широка образовна,
културна и научна дејност на македонските иселеници.

Литература:

Историја на македонскиот народ, Институт за национална историја, Скопје 1998.


Историја на македонскиот народ, т, 1 – 5, Институт за национална историја, Скопје.

You might also like