You are on page 1of 210

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

СКОПЈЕ

УСВОЈУВАЊЕ НА МИНАТОТО ОПРЕДЕЛЕНО И НА МИНАТОТО НЕОПРЕДЕЛЕНО


ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ

-магистерски труд-

Изработил: Ментор:

Андријана Павлова проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска-Јанеска

Скопје, 2015

i
ПРЕДГОВОР

Овој труд им го посветувам на сите мои досегашни и идни ученици, изучувачи на


македонскиот јазик како странски. Особено ќе ме радува ако истражувањето ја
постигне својата цел и придонесе за полесно увојување, односно појасно согледување и
разграничување на сличностите и на разликите помеѓу минатото определено и
минатото неопределено време.
Списокот на лица кои ја поттикнаа кај мене идејата за едно вакво истражување и
списокот на лица без чија помош немаше да ги остварам постигнатите резултати е
огромен.
Најнапред благодарност ѝ изразувам на мојата менторка, проф. д-р Станислава
Сташа Тофоска-Јанеска, која ме водеше и ми помагаше во текот на целата работа.
Благодарение на нејзината стручност и перфекционизам, можев да ги согледам
недостатоците во трудот и да ги увидам своите грешки и превиди. Токму тоа беше
клучно за постигнување поголема прегледност и концизност при претставувањето на
основните тези и поставки, како и за оформување и усогласување на термините.
Особено сум ѝ благодарна што, и покрај нашата неусогласеност во однос на одредени
термини и тврдења, ми дозволи да го задржам делот во кој ги изнесувам своите лични
ставови.
Ѝ благодарам и на проф. д-р Елена Петроска, чие предавање за евиденцијалноста
ме поттикна да истражувам на оваа тема. Благодарение на соработката со неа како мој
ментор при првичниот избор на тема, добив добра основа за понатамошните
истражувања.
Особена благодарност ѝ изразувам и на проф. д-р Елени Бужаровска, која
најсрдечно и несебично ми помагаше со материјали, стручни совети и сугестии. Таа ми
помогна и при преводот на делови од трудот на Макарцев (2014), со што ми овозможи
подетално да навлезам во сферата на евиденцијалноста и истражувањата поврзани со
неа. Особено благодарна сум ѝ што ми посочи неколку веб-страници кои нудат
бесплатен пристап до стручна литература, каде што најдов непреценливо богатство на
литература од областа на лингвистиката, и што ми ја подари книгата Корпусни
истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: усвојување и

i
меѓујазично влијание, која ми послужи како модел при организацијата на трудот и
анализата на резултатите од спроведеното истражување.
Благодарност изразувам и до проф. д-р Славица Велева, проф. д-р Елена
Верижникова, проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Искра Пановска-Димкова, проф.
д-р Татјана Гочкова и на многу други кои на одреден начин имаат свој придонес кон
овој труд.
Им благодарам и на членовите на Комисијата, проф. д-р Славица Велева, проф. д-р
Елена Петроска и заменик-членот, проф. д-р Анета Дучевска за нивното стручно
мислење, сугестии и забелешки за содржината на магистерскиот труд. Дел од
забелешките што ми беа укажани на одбраната, а со кои се согласувам се применети во
ова електронско издание.
Им благодарам и на учесниците на Меѓународниот семинар по македонски јазик,
литература и култура што се одржа во Охрид 2014 година за нивната согласност да
учествуваат како испитаници во истражувањето. За оформувањето на конечниот
прашалник особено ми помогнаа претходно направените истражувања и консултации
со: Мирела Урсу, Грит Јанс, Наталија Прасолова, Јулија Мареева, Анке Клајн, Јелена
Стојковиќ, Аманда Ремпел, Макс Валстром, Ерик Кампо, Пјотар Кондрак, Алина
Муренкова Костриченко, Софија Заболотнаја, Мојца Мојч, Дејв Вилсон, Спас Рангелов
и многу други.
Благодарност му изразувам и на поранешниот директор на Меѓународниот семинар
за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Максим Каранфиловски за
можноста да учествувам на Семинарот за време на неговиот мандат и за искуството и
контактите што ги стекнав таму. Ѝ благодарам и на сегашната директорка на
Семинарот, проф. д-р Славица Велева, која ми овозможи да учествувам на Семинарот
во последните две години. Благодарение на тоа имав можност да го спроведам
конечното истражување, чии резултати се објавени во овој труд.
На крај, им благодарам на моите најблиски, на пријателите и на колегите од работа
за нивното разбирање, за поддршката и за огромната толеранција.

ii
СОДРЖИНА
Апстракт ...................................................................................................................................................................... vi
Abstract......................................................................................................................................................................... vi
Листа на скратеници .................................................................................................................................................vii
Список на СЛИКИ ...................................................................................................................................................viii
Список на ТАБЕЛИ .................................................................................................................................................viii
Список на ГРАФИКОНИ ........................................................................................................................................... x
Список на ПРИЛОЗИ ...............................................................................................................................................xii

1. ВОВЕД ВО ПРОБЛЕМОT ................................................................................................................. 1


1.1.Предмет, цели и оправданост на трудот ....................................................................................................... 1
1.2. Структура на трудот ...................................................................................................................................... 4

2. УСВОЈУВАЊЕ ВТОР/СТРАНСКИ ЈАЗИК ................................................................................... 6


2.1 Втор наспрема странски јазик .................................................................................................................. 6
2.2 Процесот на усвојување втор/странски јазик и (меѓу)јазикот на изучувачите ............................... 8
2.2.1 Јазикот на изучувачите (меѓујазик) ................................................................................................... 8
2.2.2 Стратегии на изучувачите ................................................................................................................ 13
2.2.2.1 Јазичен пренос (трансфер) ...................................................................................................... 13
2.2.2.2 Хипергенерализација (обопштување) на правилата од Ј2 .................................................. 14
2.2.2.3 Пренос (трансфер) од инструкцијата ..................................................................................... 15
2.2.2.4 Стратегии на учење .................................................................................................................. 16
2.2.2.5 Фосилизација ........................................................................................................................... 19
2.3 Компетенции на изучувачите ................................................................................................................... 20
2.4 Концептуализацијата на светот и нејзиниот одраз во процесот на усвојување јазик ................... 22
2.5 Грешките во меѓујазикот на изучувачите и нивна класификација .................................................. 25
2.6 Референтни рамништа на степенот на владеење на јазикот .............................................................. 29

3. ОСОБЕНОСТИ НА МОДАЛНО-ТЕМПОРАЛНИОТ СИСТЕМ НА МЈ РЕЛЕВАНТНИ ЗА


МОВ И МНВ ........................................................................................................................................................ 30
3.1 Краток осврт кон спецификите на минатите времиња во македонскиот јазик ............................ 30
3.2 Категорија ВРЕМЕ .................................................................................................................................... 32
3.3 Категорија ВИД ......................................................................................................................................... 40
3.3.1 Опозиција свршени/ несвршени глаголи ......................................................................................... 40
3.3.2 Опозиција свршено/несвршено време ............................................................................................. 43
3.4 Категорија МОДАЛНОСТ ....................................................................................................................... 45
3.4.1 Категорија ФАКТИВНОСТ .............................................................................................................. 48

iii
3.4.2 ПРЕКАЖАНОСТ ............................................................................................................................... 49
3.5 Категорија ЕВИДЕНЦИЈАЛНОСТ ......................................................................................................... 51
3.5.1 Видови евиденцијални значења ....................................................................................................... 53
3.6 Категорија ДИСТАНЦА .......................................................................................................................... 58

4. МИНАТОТО ОПРЕДЕЛЕНО И МИНАТОТО НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО


МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ФОРМА И ФУНКЦИЈА. .......................................................................... 61
4.1 Приказ на парадигмите на МОВ и на МНВ ........................................................................................... 61
4.1.1 Приказ на парадигмите на МОВ ............................................................................................................ 62
4.1.1.1 Образување на минато определено свршено време ................................................................. 63
4.1.1.2 Образување на минато определено несвршено време ............................................................. 68
4.1.2 Приказ на парадигмите на МНВ ............................................................................................................ 70
4.2 ЗНАЧЕЊАТА И ФУНКЦИИТЕ НА МИНАТОТО ОПРЕДЕЛЕНО И МИНАТОТО
НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ..................................................................... 72
4.2.1 Опис на значењата и функциите на МОВ и на МНВ во актуелните проучувања на
македонскиот јазик ................................................................................................................................. 72
4.3 Наши согледувања за значењата и функциите на МОВ и на МНВ ................................................... 85
4.3.1 МОВ и МНВ низ призмата на говорните ситуации ...................................................................... 96
4.4 Претставување на МОВ и МНВ во учебниците по македонски јазик како странски ................ 109

5. ПРИКАЗ И АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ................................ 114


5.1 Методолошки пристап на истражувањето ........................................................................................... 114
5.2 Приказ и анализа на податоците ............................................................................................................ 119
5.2.1 Анализа на корпусот на податоци за А2-Б1 рамниште (преодно рамниште) .................... 120
5.2.1.1 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МОВ (А2-Б1) ...... 122
5.2.1.2 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МНВ (А2-Б1) ...... 124
5.2.1.3 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МОВ (А2-Б1) ..... 125
5.2.1.4 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МНВ (А2-Б1) ...... 131
5.2.2 Анализа на корпусот на податоци за Б1-Б2 рамниште (самостојно рамниште) ............... 135
5.2.2.1 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МОВ (Б1-Б2) ...... 137
5.2.2.2 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МНВ (Б1-Б2) ...... 138
5.2.2.3 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МОВ (Б1-Б2)..... 139
5.2.2.4 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МНВ (Б1-Б2)..... 144
5.2.3 Анализа на корпусот на податоци за Б2-Ц1 рамниште (напредно рамниште) .................. 148
5.2.3.1 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МОВ (Б2-Ц1) ..... 150
5.2.3.2 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МНВ (Б2-Ц1) ..... 150
5.2.3.3 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МОВ (Б2-Ц1) .... 151

iv
5.2.3.4 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МНВ (Б2-Ц1) .... 156
5.3 СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТРИТЕ РАМНИШТА .............................. 160

6. ЗАКЛУЧОК ............................................................................................................................ 164


6.1 Заклучни забелешки .................................................................................................................................. 164
6.2 Импликации за наставата .......................................................................................................................... 169
7. КОРИСТЕНА И КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА ............................................................... 170
8. ПРИЛОЗИ ........................................................................................................................................ 180
9. СПИСОК НА КОРИСТЕНИ ТЕРМИНИ ..................................................................................... 194

v
АПСТРАКТ

Предмет на овој труд е проблемот во однос на усвојувањето на минатото определено


и на минатото неопределено време кај изучувачите на македонскиот јазик како странски.
Фокусот на истражувањето, од една страна е свртен кон дефинирање на сличностите и
разликите меѓу минатото определено и минатото неопределено време, а од друга страна
кон грешките што се јавуваат во меѓујазикот на изучувачите на македонскиот јазик како
странски. Целта на истражувањето е да покаже кои се причините за ваквите проблеми и
каков пристап треба да се примени во наставата по македонски јазик како странски за
полесно усвојување на наведените времиња.

Клучни зборови: усвојување втор/странски јазик, меѓујазик, грешки, минато


определено време, минато неопределено време, категории, време, вид, модалност,
евиденцијалност,дистанца, теорија на говорни чинови

Abstract

This dissertation examines the acquisition of the definite and indefinite past tense
acquisition in the Macedonian language by L2 learners. The objectives of this study are twofold:
the first is to determine the similarities and differences between the two tenses and the second is
to describe the type of errors made by L2 learners and to analyze the reasons for their
occurrence. The study highlights the difficulties faced by L2 learners

Keywords: second language acquisition, interlanguage, mistakes/errors, Macedonian


definite past, Macedonian indefinite past, verbal categories, tense, aspect, modal,
evidentiality, speech act theory

vi
ЛИСТА НА СКРАТЕНИЦИ
J1 – прв јазик
Ј2 – втор јазик
ЈП – јазик посредник
МЈ – меѓујазик (јазик на изучувачот)
МОВ – минато определено време
МОСВ - минато определено свршено време
МОНС - минато определено несвршено време
МНВ - минато неопределено време
МНСВ - минато неопределено свршено време
МННВ - минато неопределено несвршено време
impf – имперфективни (несвршени) глаголи
pf – перфективни (свршени) глаголи
Е – време на одвивање на настанот
S – време кое го означува моментот на зборување
R – референтно време
ГМЈ – Граматика на македонскиот јазик
ДМЈ – Добре дојдовте на македонски јазик
ЗМ – Зборувате ли македонски?
ЗЕР- Заедничка европска референтна рамка за јазици: учење, настава и оценување

vii
СЛИКИ
Слика 1 Екологија на јазичното усвојување (сп. Браун, 1994: 296) ....................................... 8
Слика 2. Шематски приказ на процесот на усвојување јазик ................................................ 10
Слика 3. Меѓујазикот и процесите на усвојување на јазик .................................................... 10
Слика 4. Ситуации наспрема реченици: концептуалното наспрема јазичното ................... 23
Слика 5. Референтни рамништа на степенот на владеење на јазикот .................................. 29
Слика 6. Приказ на деиктичките сфери ................................................................................... 34
Слика 7. Определување на дадени настани во време ............................................................. 36
Слика 8 Модел на стварносната димензија ............................................................................ 45
Слика 9. Настани во и надвор од деиктичката сфера на говорителот .................................. 46
Слика 10. Извадоци од учебниците Божилак и Macedonian: A course for beginning and
intermediate students (соодветни инструкции и примери за употребата на МНВ) ............. 111
Слика 11. Извадоци од учебниците ЗМЈ и ДМЈ (содржини преку кои се воведува МНВ; со
значење актуелна релевантност на минат настан) ................................................................ 112

ТАБЕЛИ
Табела 1. Фази на процесот на усвојување втор јазик ........................................................... 11
Табела 2. Класификација и опис на видовите грешки ........................................................... 26
Табела 3. Видови евиденцијални значења во балканските јазици ........................................ 54
Табела 4. Приказ на значењата на формите за дистанцираност според Макарцев ............ 56
Табела 5. Морфолошки показатели на МОСВ и на МОНВ (паралела) ................................ 62
Табела 6. Менување на глагол од а-група во МОСВ .............................................................. 63
Табела 7. Менување на глагол од и-група: и-раздел во МОСВ............................................. 63
Табела 8. Менување на глагол од и-група, е-раздел во МОСВ ............................................. 64
Табела 9. Менување на глагол од и-група, а-раздел во МОСВ ............................................. 64
Табела 10. Менување на глагол од и-група, о-раздел во МОСВ ........................................... 64
Табела 11. Менување на глагол од е-група, а-раздел во МОСВ ........................................... 65
Табела 12. Менување на глагол од е-група, а-раздел во МОСВ ........................................... 65
Табела 13. Менување на глагол од е-група, Ø--раздел во МОСВ .......................................... 66
Табела 14. Менување на глаголот СУМ во МОНВ ................................................................ 66
Табела 15. Менување на глаголи од трите групи во МОНВ .................................................. 68

viii
Табела 16. Менување на глаголи во МНСВ и МННВ ........................................................... 68
Табела 17. Шематски приказ на употребите на МОВ и на МНВ во однос на прекажаноста
....................................................................................................................................................... 79
Табела 18. Паралела на главните карактеристики на МОВ и на МНВ................................. 95
Табела 19. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МОВ при изрази на тврдење
..................................................................................................................................................... 102
Табела 20. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МНВ при изрази на тврдење
..................................................................................................................................................... 103
Табела 21. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МОВ при изрази на
прашување ................................................................................................................................ 104
Табела 22. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МНВ при изрази на
прашување ................................................................................................................................ 104
Табела 23. Опис на говорните ситуации во кои се употребуваат МОВ и МНВ при изрази
на негирање .............................................................................................................................. 105
Табла 24. Преглед на основните функции на МОВ и на МНВ............................................. 107
Табла 25. Преглед на изделените функции на МОВ и на МНВ за целите на истражувањето
..................................................................................................................................................... 116
Табела 26. Профил на испитаниците од преодно рамниште (А2-Б1) ................................. 120
Табела 27. Предвидени наспрема регистрирани форми на МОВ и на МНВ (А2-Б1)
.................................................................................................................................................... 121
Табела 28. Правилна и неправилна употреба на МОВ (А2-Б1 рамниште) ........................ 125
Табела 29. Правилна и неправилна употреба на МНВ (А2-Б1 рамниште) ........................ 132
Табела 30. Профил на испитаниците од средно рамниште (Б1-Б2) .................................... 135
Табела 31. Предвидени наспрема регистрирани форми на МОВ и на МНВ (Б1-Б2)
..................................................................................................................................................... 136
Табела 32. Правилна и неправилна употреба на МОВ (Б1-Б2) ........................................... 140
Табела 33. Правилна и неправилна употреба на МНВ (Б1-Б2 рамниште) ......................... 145
Табела 34. Профил на испитаниците од напредно рамниште (Б2-Ц1) ............................... 148
Табела 35. Предвидени наспрема регистрирани форми на МОВ и на МНВ (Б2-Ц1)
..................................................................................................................................................... 149
Табела 36. Правилна и неправилна употреба на МОВ (Б2-Ц1) .......................................... 152
Табела 37. Правилна и неправилна употреба на МНВ (Б2-Ц1) ......................................... 157

ix
ГРАФИКОНИ

Графикон 1. Приказ на состојбата на А2-Б1 рамниште во однос на предвидената употреба


на МОВ ..................................................................................................................................... 126
Графикон 2. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ (А2-
Б1) .............................................................................................................................................. 128
Графикон 3. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МОВ
(А2-Б1) ...................................................................................................................................... 130
Графикон 4. Приказ на состојбата на А2-Б1 рамниште во однос на предвидената употреба
на МНВ ..................................................................................................................................... 131
Графикон 5. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МНВ (А2-
Б1) .............................................................................................................................................. 133
Графикон 6. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МНВ
(А2-Б1) ...................................................................................................................................... 134

Графикон 7. Приказ на состојбата на Б1-Б2 рамниште во однос на предвидената употреба


на МОВ .................................................................................................................................... 139

Графикон 8. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ (Б1-


Б2) .............................................................................................................................................. 141

Графикон 9. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МОВ


(Б1-Б2) ....................................................................................................................................... 142

Графикон 10. Приказ на состојбата на Б1-Б2 рамниште во однос на предвидената


употреба на МНВ ..................................................................................................................... 144

Графикон 11. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МНВ


(Б1-Б2) ....................................................................................................................................... 146

Графикон 12. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МНВ


(Б1-Б2) ....................................................................................................................................... 147

Графикон 13. Приказ на состојбата на Б2-Ц1 рамниште во однос на предвидената


употреба на МОВ ..................................................................................................................... 151

x
Графикон 14. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ
(Б2-Ц1) ..................................................................................................................................... 153

Графикон 15. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МОВ


(Б2-Ц1) ...................................................................................................................................... 154

Графикон 16. Приказ на состојбата на Б2-Ц1 рамниште во однос на предвидената


употреба на МНВ ..................................................................................................................... 156

Графикон 17. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МНВ


(Б2-Ц1) ...................................................................................................................................... 157

Графикон 18. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МНВ


(Б2-Ц1) ...................................................................................................................................... 158

Графикон 19. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ


.................................................................................................................................................... 160
Графикон 20. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МОВ
..................................................................................................................................................... 161
Графикон 21. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МНВ
..................................................................................................................................................... 162
Графикон 22. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на МНВ
..................................................................................................................................................... 163

xi
ПРИЛОЗИ

Прилог 1: Преглед на јазичните компетенции на изучувачите (преземено од ЗЕР, 2012:


108-109) ..................................................................................................................................... 180

Прилог 2: Скала за граматичка точност (преземено од ЗЕР, 2012: 112) ............................ 181

Прилог 3: Инвентар на глаголските форми (Lunt 1952: 80) ............................................... 182

Прилог 4: Споредба на формите на МОСВ (аорист) И МОНС (имперфект) ..................... 183

Прилог 5: Образување на л-формите (преземено од Kramer&Mitkovska) ......................... 186

Прилог 6: Прашалник .............................................................................................................. 187

xii
Јазикот е во нас и ние сме во јазикот.
Ние го менуваме него и тој нè менува нас.1

1.ВОВЕД ВО ПРОБЛЕМОТ

1.1 Предмет, цели и оправданост на трудот

Овој труд има цел да ја долови специфичноста на системот на минатото определено


(МОВ) и на минатото неопределено време (МНВ) во македонскиот јазик и да ги прикаже
начинот и процесите на нивно усвојување од страна на изучувачите на македонскиот јазик
како странски. Фокусот ќе биде насочен пред сè на проблемите и на тешкотиите со кои се
соочуваат изучувачите и причините за тоа.

Идејата за едно вакво истражување се наметна како резултат на согледувањето на


грешките во (меѓу)јазикот на изучувачите на македонскиот јазик како странски во однос
на употребата на наведените времиња, кои се провлекуваат дури и кај оние што имаат
достигнато висок степен на познавање на јазикот.

Употребата на МОВ и на МНВ во македонскиот јазик, во суштина е прагматички


мотивирана, односно е тесно врзана со деиктичката сфера на говорителот, како и со
референцијалната карактеристика на настаните. Имено, македонскиот јазик е меѓу ретките
јазици каде што постои можност за граматичко изразување на основата врз која
говорителот го базира својот исказ (Конески, Б.; Минова-Ѓуркова, Л.; Марковиќ, М.;
Петроска, Е.; Тофоска, С.; Тополињска, З.; Бужаровска, Е., Митковска; Фридман, В.;
Шанова, З. и др.). Во повеќето јазици ова се изразува само лексички.

Со оглед на тоа што оваа проблематика досега не е разработена, се одлучивме токму


тоа да биде предмет на интерес на овој труд.

Целта на истражувањето е да покаже кои се причините за ваквите проблеми и каков


пристап треба да се примени во наставата по македонски јазик како странски за полесно
усвојување на наведените времиња.

1
http://librev.com/index.php/discussion-culture-publisher/2788-2015-08-29-23-21-46

1
Основната претпоставка од која поаѓаме е дека причина за ваквиот проблем е
недоволно прецизираното разграничување на значењата и функциите на овие времиња и
начинот на кој овие содржини се претставени во учебниците по македонски јазик како
странски и низ другите наставни материјали.

Оваа тема покрива повеќе области од науката за јазикот, но е тесно поврзана со


научната дисциплина која се занимава со процесот на усвојување втор/странски јазик, или
поконкретно со усвојувањето на македонскиот јазик како странски.

Поаѓајќи од тоа, најнапред ќе ги прикажеме основните поставки на научната


дисциплина усвојување втор/странски јазик, ќе ги дефинираме основните поими
релевантни за овој труд и ќе зборуваме за процесите и за механизмите на усвојување друг
јазик и за факторите коишто влијаат врз самиот процес, притоа осврнувајќи се на
македонскиот јазик како странски.

Со цел да ја доловиме специфичноста на глаголскиот систем на македонскиот јазик,


поточно на времињата што се предмет на истражување, ќе се осврнеме на категориите
тесно поврзани со нив, а потоа фокусот ќе го свртиме кон минатото определено и
минатото неопределено време. Во рамките на тоа, ќе ги изделиме функциите на овие
времиња и основните разлики меѓу нив.

За потребите на трудот беше изготвен прашалник (в. Прилог 6), кој се состоеше од
повеќе задачи, односно кратки текстови во кои беа изоставени глаголските форми на МОВ
и на МНВ. Истражувањето беше спроведено во рамките на XLVII летна школа на
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и во него учество
зедоа вкупно 21 испитаник, изучувачи на македонскиот јазик како странски. Степенот на
познавање на македонскиот јазик на овие испитаници варираше од А2 до Ц1 рамниште.

Целта на спроведеното истражување беше преку анализа на добиените податоци


(одговори) да добиеме претстава за развојниот тек на овие структури во меѓујазикот на
изучувачите. Со оглед на тоа што немавме можност да вклучиме повеќе испитаници во
истражувањето, ќе бидеме делумно ограничени во однос на испитувањето дали и колку
првиот јазик (или некој друг усвоен јазик) влијае врз усвојувањето на овие структури.
Поради тоа и поради низа други објективни ограничувања, и покрај нашите заложби,

2
резултатите од истражувањето треба да бидат земени со извесна доза на резерва. Сепак, се
обидовме врз основа на материјалот што го имаме да дојдеме до одредени сознанија и
претпоставки, кои ќе ни овозможат да добиеме појасна претстава за тешкотиите со кои се
соочуваат изучувачите и да ги откриеме проблемите и можните причини за тоа, што е и
цел на нашиот труд.

По претставувањето на резултатите од истражувањето, ќе ги синтетизираме сознанијата


и, врз основа на тоа, ќе изведеме заклучоци. Се надеваме дека ова истражување ќе даде
скромен придонес во областа на македонскиот јазик како странски и дека ќе поттикне
понатамошни истражувања и позитивни промени во методолошкиот пристап при
предавањето на овие структури.

3
1.2 Структура на трудот

Трудот се состои од 9 глави, од кои првата е Воведот. Во основа е конципиран во два


дела. Во едниот дел се разработуваат основните теориски поставки на усвојувањето
втор/странски јазик (УВЈ), а другиот се однесува на минатото определено и на минатото
неопределено време и нивното усвојување во македонскиот јазик како странски.

По Воведот следува второто поглавје во кое даваме приказ на основните поими и


теориски пристапи во рамките на дисциплината усвојување втор/странски јазик, а потоа ги
опишуваме процесите, стратегиите и факторите кои имаат централна улога во развојот на
меѓујазикот на изучувачите.

Следното поглавје, трето по ред, е посветено на категориите кои се тесно поврзани со


минатото определено и минатото неопределено време во македонскиот јазик. Како
централни категории се земаат времето, видот и евиденцијалоста, но опфатени се и други
категории и поими кои се поврзуваат со МОВ и МНВ.

По приказот на категориите, следува четвртото поглавје, во кое се осврнуваме на


формите и на функциите на минатото определено и на минатото неопределено време.
Најнапред го претставуваме начинот на образување на парадигмите на МОВ и на МНВ и
даваме преглед на традиционалните и актуелните описи на нивните значења и функции, а
потоа се осврнуваме на нашите согледувања во однос на разграничувањето на дел од
функциите кои им се припишуваат на овие времиња и даваме наш предлог за поинаков
пристап во однос на предавањето на овие содржини. На крајот на ова поглавје ги
изнесуваме нашите видувања и забелешки во однос на претставувањето на овие јазични
содржини во учебниците по македонски јазик како странски.

Во петтото поглавје правиме анализа на резултатите од истражувањето спроведено на


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во кое учество зедоа
21 испитаник. Најнапред го опишуваме методолошкиот пристап применет во
истражувањето, односно се осврнуваме на начинот на кој е подготвено и изведено
истражувањето, а потоа даваме преглед и анализа на резултатите од собраните податоци
за секое рамниште посебно (А2-Б1, Б1-Б2 и Б2-Ц1).

4
Во рамките на тоа ги прикажуваме сите видови грешки што се среќаваат кај формите на
МОВ и на МНВ, а потоа се задржуваме на правилните и на неправилните употреби на
МОВ и на МНВ. На крајот правиме споредба на добиените резултати од трите рамништа.

Во шестото поглавје ги изнесуваме нашите заклучни забелешки. Се осврнуваме на


дистинктивните признаци на МОВ и на МНВ и изнесуваме заклучоци за развојните текови
на процесот на усвојување на МОВ и на МНВ. Врз основа на нашите согледувања даваме
сугестии во однос на методолошкиот пристап на предавање на овие содржини, со цел да
се постигнат подобри резултати.

По овој дел следуваат: список на користена и консултирана литература, прилози и


список на користени термини.

5
2. УСВОЈУВАЊЕ ВТОР/СТРАНСКИ ЈАЗИК

2.1 Втор наспрема странски јазик

Во науката за јазикот постои посебна научна област која се занимава со проучување и


опишување на процесот на усвојување втор/странски јазик.

Усвојувањето втор/странски јазик е комплексна дисциплина, која го проучува


процесот на усвојување друг јазик од повеќе аспекти. Основната задача е да се открие на
кој начин изучувачите усвојуваат друг јазик, различен од мајчиниот и да одговори на
следните прашања: Кои процеси се активираат при учењето друг јазик?; Какви
стратегии користат изучувачите за полесно усвојување на тој јазик?; Какви
способности треба да имаат развиено за да можат, и покрај ограничените познавања
на јазикот, да постигнат успех во комуникацијата?; Какви отстапки, односно грешки се
јавуваат во јазикот на изучувачите и кои се причините за таквите грешки? На кој начин
можат да се надминат тешкотиите и проблемите што се јавуваат при усвојувањето
на одредени јазични структури, или воопшто на јазикот?; и сл.

Во литературата често се прави разлика помеѓу термините ‘усвојување втор јазик’ и


‘усвојување странски јазик’ (Gass & Selinker 2008: 7 кај Новакоска 2014).

Терминот втор јазик, во поширока смисла, се однесува на секој јазик кој е усвоен по
првиот (мајчиниот) јазик, независно од тоа на која возраст се усвојува ниту пак, дали е тоа
трети, четврти, петти или десетти јазик што се усвојува (Saville-Troike 2006: 2), односно се
користи „како назив кој ги покрива сите јазици освен мајчиниот (првиот); со него се
опфаќаат и јазикот на средината и странскиот јазик“ (Тофоска 2009: 57).

Во потесна смисла, со терминот втор јазик се означува „јазикот на поединецот или на


заедницата што не е стекнат од раѓање, туку е подреден на првиот (или родениот) јазик“
(Црвенковска, Петроска 2013: 13-14). „Овој термин се однесува на јазик кој е достапен
како медиум за комуникација (македонскиот e втор јазик за говорителите за другите
говорни заедници во Македонија). Втор јазик е јазикот што во иста држава го учат
жителите што се во неа родени, а кои имаат друг мајчин јазик, различен од оној што е
државен и службен во таа држава“ (ibid).

6
Наспрема овој термин го имаме терминот странски јазик. Терминот странски јазик се
однесува на „јазикот на некоја странска земја“ (Тофоска 2009: 57), кој може но и не мора
да се изучува во средината каде што се зборува. Односно тоа е јазик за кој најчесто „нема
можност да се изучува на ‘природен’, интерактивен начин, туку мора свесно преку
специјална настава“ (Црвенковска, Петроска 2013: 14).

Разликата помеѓу овие два термина е тоа што терминот странски јазик најчесто се
однесува на „јазик кој не се користи пошироко во непосредната околина на изучувачот,
кој може да му послужи при некое идно патување во земјата или во други меѓукултурни
комуникациски ситуации, или, тоа е јазик кој се изучува во училиште/ школо како дел од
наставната програма или изборно/ факултативно, но без директна или обврзувачка
практична примена“ (Saville-Troike, 2006: 4), додека пак, втор јазик е јазикот на
општествената средина кој за припадниците на малцинството (на другите етнички
заедници) не е мајчин јазик, а претставува јазик на образованието или „работен“ јазик во
таа земја.

Постоењето на овие два термина произлегува од потребата да се нагласи


„специфичноста на различните форми на усвојување на јазикот“ (Црвенковска, Петроска
2013: 14).

Во рамките на овој труд ќе бидат застапени и двата термина, „втор“ и „странски“, со


тоа што терминот „втор јазик“ ќе го употребуваме како поопшт и посеопфатен термин, со
значење јазик различен од првиот (мајчиниот), а терминот „странски“ ќе биде споменуван
во контекст на нашето истражување, кое беше спроведено на Меѓународниот семинар за
македонски јазик, литература и култура, а во кое учествуваа група испитаници - странски
државјани, кои факултативно го изучуваат македонскиот јазик.

Покрај овие термини во литературата се среќаваат и други термини, како што се:
мајчин/ немајчин јазик; семеен/ домашен/ роднокраен/ наследен јазик; изворен/ неизворен;
преводен јазик/ јазик-цел и сл.2 Но, со оглед на тоа што нивната поделба не е предмет на
интерес на нашиот труд, нема да се задржуваме на нив.

2
в. Црвенковска, Петроска 2013: 9-20; Jelaska 2005

7
2.2 Процесот на усвојување втор/странски јазик и (меѓу)јазикот на изучувачите

2.2.1 Јазикот на изучувачите (меѓујазик)

Универзалниот процес на усвојување втор јазик претставува комплексен феномен кој


зависи од повеќе фактори: од возраста и менталните способности на изучувачот, од
неговата мотивација, од мајчиниот јазик (Ј1), односно од јазикот-посредник (ЈП), од
граматичкиот систем на тие јазици, од средината и начинот на кој се изучува јазикот и сл.
Сложеноста на процесот на метафоричен начин ја има претставено Браун како Екологија
на јазичното усвојување (в. слика 3)3.

Слика 3. Екологија на јазичното усвојување (Brown, 1994: 296)4

Пристапите и теориските рамки во дисциплината усвојување втор јазик, главно се


делат на лингвистички, психолошки и социолошки. Сепак, комплексноста на самиот

3
Објавена во Литературен збор (2013), А. Павлова
4
L2 and Second Language Acquisition: The Study of Interlanguage
http://www4.ujaen.es/~gluque/L2%20and%20Foreign%20Language%20Acquisition07.pdf заб. превод А.П.

8
проблем ја наметнала потребата од интердисциплинарни проучувања. Проучувањата од
оваа дисциплина се тесно поврзани и со проучувањата од областа усвојување прв јазик.

Во 50-тите години на XX век преовладувало бихевиористичкото мислење дека


учењето јазик претставува процес на создавање навика, кој се темели на принципот
стимулус (ситуација) - реакција (одговор). Бихевиористите го земале предвид само она
што е директно видливо: инпутот (јазичниот внес/ информациите што ги прима
изучувачот) и аутпутот (говорот/ продуцираниот јазичен израз/ пораката што ја
„пренесува“ изучувачот), игнорирајќи ги во целост внатрешните (когнитивни) процеси.

Како реакција на бихевиоризмот, во 60-тите години на XX век вниманието се свртува


кон „природата“ на процесот на усвојување (втор) јазик, односно кон внатрешните
механизми на човековиот ум кои играат клучна улога во усвојувањето (втор) јазик. Во тој
период, во теоријата за усвојување прв јазик Чомски „ја воведува идејата за способноста
за јазик (language faculty) и за внатрешниот механизам за учење јазик (Language
Acquisition Device – LAD)“ (Митковска, Кусевска, Бужаровска 2013: 23), која
приврзаниците на ментализмот ја прифаќаат како релевантна и за усвојувањето втор јазик,
односно сметаат дека истиот тој механизам се активира и при усвојувањето на други
јазици (ibid). Основната теза од која поаѓаат тие е дека процесот на учење втор е
„креативен процес во кој изучувачите имаат активна улога“ (Бужаровска 2013: 22).

При учењето, односно усвојувањето на друг јазик изучувачот минува низ „различни
транзициски јазични системи на тој јазик сè додека не постигне јазична компетенција,
односно сè додека не го совлада јазичниот систем на Ј2“ (Бужаровска 2013: 22). Јазичните
системи низ кои поминува изучувачот во дисциплината усвојување втор јазик се познати
како interlanguage, а како пандан на овој термин во македонистиката се користи терминот
‘меѓујазик’5 (Бужаровска 2013: 22). Концептот за меѓујазикот може да се сфати како
метафора за целокупниот процес на усвојување втор јазик.

5
Терминот interlanguage во научната дисциплина усвојување втор јазик се смета дека е воведен од страна
на американскиот лингвист Л. Селинкер (Larry Selinker) за да го означи системот којшто го формираат
изучувачите на некој втор/странски јазик, а кој се разликува од системите на првиот и вториот јазик. Според
други извори пак, У. Вејнрих ги има формулирано основите на овој поим уште пред да биде објавен трудот
на Селинкер од 1972 г.
5
сп. Ellis 1993: 354; в. и Ellis 1997: 33-34

9
Слика 4. Шематски приказ на процесот на усвојување јазик6

Анализата и проучувањето на меѓујазикот имаат цел да проникнат во комплексниот


процес на учење нов јазик. Структурите што се појавуваат во разните етапи на јазикот на
изучувачите ни овозможуваат да создадеме слика за секоја фаза од процесот на
усвојување на тој јазик како втор/странски и да ги откриеме карактеристиките на секое
рамниште, соодветно, земајќи ги предвид внатрешнојазичните и надворешнојазичните
фактори.

Лингвистичкиот систем што го користи изучувачот на Ј2 е упростен во однос на


лингвистичкиот систем на Ј2. За да се надмине овој јаз, се активираат одредени
психолингвистички процеси чија цел е олеснување на комуникацијата. На површинско
ниво ова се манифестира преку правење грешки (отстапки) или преку избегнување на
одредени структури.

Според Селинкер, централна улога во усвојувањето на Ј2 имаат следниве


психолингвистички процеси: 1) јазичниот трансфер (пренос од Ј1 во Ј2); 2) трансферот од
инструкцијата (пренос од наставниот процес); 3) обопштувањето, односно проширувањето
на правилата од Ј2 познато како (хипер)генерализација; 4) стратегиите на учење; 5)
комуникациските стратегии (Selinker, 1972: 216-221; Pavón, 2009: 132). Овие пет процеси
Жан де Суза (Jean D’Souza) ги сведува на три, со тоа што во процесот на
хипергенерализација ги вклучува стратегиите на учење и комуникациските стратегии.

Слика 3. Меѓујазикот и процесите на усвојување на јазик7

6
Адаптирано од http://tanvirdhaka.blogspot.mk/2011/12/interlanguage.html
7
Адаптирано од http://tanvirdhaka.blogspot.mk/2011/12/interlanguage.html

10
Изучувачите, врз основа на информациите што ги добиваат и знаењето и вештините
што веќе ги поседуваат (првиот јазик и општото знаење за светот) создаваат свои
претпоставки, односно хипотези за јазикот што го изучуваат и, користејќи ги
когнитивните средства и способности што им се на располагање, полека градат своја
претстава за системот на јазикот што го изучуваат, што всушност претставува систем на
меѓујазикот. Изучувачот постојано ги ревидира и ги испробува своите хипотези, и со тоа
системот на меѓујазикот постојано еволуира, сѐ повеќе наликувајќи на системот на јазикот
цел (Ellis 1997, Митковска, Кусевска, Бужаровска 2013 и др.) .

И покрај тоа што систематичноста на меѓујазикот е неоспорна, тој се одликува со


динамичност и варијабилност; правилата кај изучувачите брзо се менуваат и се
нестабилни (Митковска, Кусевска, Бужаровска 2013: 25-26).

Митковска, Кусевска и Бужаровска (ibid), базирајќи се на Браун (Brown 2000: 227-229),


ги опишуваат четирите фази на процесот на усвојување втор јазик. Врз основа на нивниот
опис, ќе дадеме табеларен приказ на етапниот развој на процесот на усвојување втор јазик.

I фаза II фаза III фаза IV фаза


претсистематска непредвидлива фаза фаза на фаза на стабилизација на
фаза систематизација на системот
правилата
Изучувачите не ги Изучувачите ги имаат Изучувачите веќе Во оваа фаза веќе се
познаваат правилата и воочено правилата и се имаат создадено некој свој забележува стабилизација на
прават случајни и обидуваат да ги систем на правила, кој е системот. Изучувачите прават
необјасниви грешки применуваат, но сѐ уште близок до системот на мал број грешки и во принцип
(random errors). прават непредвидливи правила на ј2, но сепак се ги владеат правилата на ј2.
грешки разликува од него. Се Способни се самите да ги
забележува одредена воочат грешките и да ги
систематизација на коригираат.
структурите и правилата.

Табела 1. Фази на процесот на усвојување втор јазик8


Кога изучувачите за изразување на една функција употребуваат истовремено неколку
граматички форми станува збор за фаза на слободна варијабилност. Со текот на времето,
тие ги воочуваат граматичките форми и ги воведуваат во својот меѓујазик, но потребно е
уште време за да ги поврзат формите со функциите. Тоа е фаза на систематска
варијабилност. Со усвојувањето на формите и нивните функции постепено се елиминира

8
сп. Митковска, Кусевска, Бужаровска 2013: 26

11
варијабилноста и се стабилизира формата која одговара на јазикот цел (Митковска,
Кусевска, Бужаровска 2013: 25-26).

Како резултат на процесот на постојано надградување и преструктурирање на


меѓујазичниот систем, честопати доаѓа до нарушување на некои структури (кои првично
точно се употребувале) и по извесен период се постигнува нивна повторна стабилизација.
Оваа фаза е позната како U-shapped behavior (Ortega, 2009:118), односно можеме да
кажеме дека станува збор за еден вид параболичен тренд во развојот на меѓујазикот.

12
2.2.2 Стратегии на изучувачите

2.2.2.1 Јазичен пренос (трансфер)

Претходното јазично знаење, односно мајчиниот јазик (Ј1) и другите усвоени јазици
(ЈП), играат важна улога во усвојувањето на Ј2, а откако ќе започне процесот на
усвојување на Ј2, врз неговиот натамошен развој влијание ќе имаат и веќе усвоените
правила од тој јазик (Ј2).

„Од еден јазик, Ј2, најлесно се усвојува основната граматичка структура, која иако се
разликува од Ј1, лесно може да се прекодира во елементи кои во Ј1 имаат иста функција;
потешко се учат елементи од граматичката структура кои имаат слични форми и значења,
но сепак се разликуваат; а најтешко се учат и најтешко се автоматизираат во активна
употреба оние елементи кои сведочат за друга концептуализација на светот, базирана врз
друга традиција и култура“ (Тофоска 2011).

Преносот од Ј1/ЈП преставува средство со кое изучувачот си ја олеснува


комуникацијата. Поради недоволното познавање на јазичниот систем на Ј2, изучувачот е
принуден да се потпре на системот од Ј1/ЈП.

Тоа се рефлектира и на рецептивните и на продуктивните процеси, одразувајќи се


позитивно или негативно врз самиот процес на усвојување на Ј2. Негативниот трансфер
може да се манифестира на сите јазични рамништа (фонетско, фонолошко, морфолошко,
синтаксичко, семантичко, функционално, прагматичко и културолошко) преку правење
отстапки, односно грешки или преку користење модели карактеристични за Ј1/ЈП.

Како што споменавме во воведот, поради одредени објективни ограничувања не сме


во можност да го испитаме подетално влијанието на Ј1/ЈП врз усвојувањето на
структурите и функциите на МОВ и на МНВ, но сепак резултатите и податоците од
испитаниците ќе ни овозможат да наѕреме во овој проблем и да видиме како тоа влијание
се одразува врз системот на меѓујазикот на изучувачите.

13
2.2.2.2 Хипергенерализација (обопштување) на правилата од Ј2

Изучувачот, во недостиг на познавање на сите правила, се служи со веќе усвоените


правила, употребувајќи ги во слични ситуации. Тоа се одразува на неговиот јазик. Овој
процес е познат како обопштување/ проширување (хипергенерализација) на правилата, и
за сметка на хиперекстензија на едни правила и структури, се јавува хипоекстензија на
други правила и структури. Најмногу се забележува на морфолошко рамниште, но се
среќава и на другите јазични рамништа.

Така, на пример, при изучувањето на множинските форми на именките од


македонскиот јазик, изучувачите честопати ја генерализираат употребата на множинската
наставка –и применувајќи ја врз сите именки, независно од родот или од бројот на слогови
(Знам колку ги сакаш нашите филми; Посетив многу гради; Нема многу езери; и сл.).

Друг пример е примената на правилото за третосложно акцентирање и кај зборови кои


се акцентираат поинаку; или, на пример, користењето на суфиксот –не за образување на
свршени глаголи и во ситуации во кои изворните говорители на македонскиот јазик не го
употребуваат или формирањето на секундарно несвршени глаголи со помош на суфиксот -
ува; пр. Ќе ти ги краднам децата; Два пати во година би патнувала во Германија со
децата.

Резултатите од истражувањето ќе ни покажат како се одразува оваа стратегија од


аспект на усвојувањето на МОВ и на МНВ, односно кои структури се застапени пошироко
во однос на стандардната употреба.

14
2.2.2.3 Пренос (трансфер) од инструкцијата

Во процесот на усвојување втор јазик значајна улога има и инструкцијата, односно


начинот на кој на изучувачите им се презентираат јазичните структури низ содржините на
материјалите што се користат во наставата и, секако, од страна на наставникот.
Понекогаш наставниците и авторите на учебници, свесно или несвесно, форсираат
одредени структури за сметка на други. Ова може да се одрази негативно врз процесот на
усвојување јазик, и да се јават отстапки кои се резултат на трансфер од инструкцијата.

Како пример за ова Селинкер ја посочува честата употреба на заменката he (тој) од


страна на српско-хрватските изучувачи на англискиот јазик, кои ја употребуваат и во
случај кога треба да се употреби she (таа), но не и обратно. Овој проблем, како што
нагласува тој, не може да биде резултат на јазичен трансфер, зашто и во српскиот и во
хрватскиот јазик, како и во англискиот, постојат посебни лични заменки за 3л. еднина за
машки и за женски род. Селинкер смета дека ваквите отстапки се резултат на трансфер од
инструкцијата. Проблемот произлегува оттаму што низ содржините во учебниците повеќе
е застапена заменката he отколку she, а веројатно и наставниците, преку вежбите и
примерите повеќе ја форсираат заменката he (сп. Selinker, 1972: 218-219).

Во однос на македонскиот јазик како странски, можеме да кажеме дека ваков сличен
проблем има со претставувањето на содржините за минато определено и минато
неопределено време, иако отстапките во однос на употребата на овие времиња се должат
на повеќе фактори.

15
2.2.2.4 Стратегии на учење

За асимилирање и за зачувување на внесените информации (инпутот) во меморијата,


изучувачот се служи со разни стратегии на учење (Pavón, 2009: 146-147).

Стратегиите на учење овозможуваат процесот на усвојување јазик да биде


поедноставен, побрз и контролиран. Тие можат да бидат директни и индиректни.

Директни стратегии се оние стратегии кои изучувачот на Ј2 ги користи свесно. Такви


се мемориските и когнитивните. Мемориските стратегии се користат за складирање/
меморирање нови информации, додека пак, когнитивните стратегии го овозможуваат
разбирањето и продуцирањето на јазични пораки.

Индиректните стратегии (метакогнитивни, афекциски и социјални), исто така, влијаат


врз процесот на учење. Метакогнитивните стратегии индиректно му помагаат на
изучувачот во разбирањето и изразувањето. Со помош на овие стратегии изучувачот го
совладува постепено јазичниот систем на Ј2, ги увидува своите грешки и се обидува да ги
надмине тешкотиите. Афекциските стратегии овозможуваат контрола на емоциите, на
мотивациите и на однесувањето на изучувачот, со што се олеснува учењето, додека пак
социјалните стратегии овозможуваат поттикнување на процесот на учење при интеракција
со други.

Комуникациските стратегии му помагаат на изучувачот да се снајде во


комуникацијата и покрај ограничувањата на меѓујазикот. Понекогаш се активираат
несвесно во ситуација кога изучувачот не е способен соодветно да ја пренесе пораката.
Според Fearch и Kasper (в. Pavón, 2009: 146-147) проблемот со кој се соочува изучувачот
ја определува комуникациската стратегија што ќе биде применета во таа ситуација.
Комуникациските стратегии може да се поделат на два типа: комуникациски стратегии на
упростување и комуникациски стратегии за успешна комуникација.

Упростувањето е стратегија со која се служат изучувачите кога недоволно го


познаваат јазичниот систем на Ј2. Оваа стратегија е карактеристична пред сè за раните
фази од процесот на усвојување јазик. Во подоцнежниот развој, упростување може да се
забележи при соочување со нови јазични структури од Ј2, при што изучувачите на

16
почетокот најчесто усвојуваат само едно значење на формата (едно значење од една
форма; принцип еден на еден; сп. Andersen, в. Ortega, 2009: 116). Постојат стратегии на
формално и на функционално упростување.

Стратегии на формално упростување се оние стратегии со кои се служи изучувачот


кога сака да избегне да ги користи оние јазични структури и лексика коишто не му се
доволно усвоени, односно кои сè уште не се автоматизирани. Со оваа стратегија
изучувачот постигнува течност и јасност во изразувањето. Пример за упростување може
да се смета користењето само на една од формите за определеност, наспрема богатиот
систем на такви форми во македонскиот јазик или, на пример, претпочитањето да се
употребуваат формите со ‘дали’ за да/не прашања, наспрема другите опции - формирање
на да/не прашања со партикулата ‘ли’ или само со прашална интонација (пр. Дали ќе
имаме час?/ Ќе имаме ли час?/ Ќе имаме час?).

Со стратегии на функционално упростување изучувачот се служи кога сака да избегне


да зборува на теми за кои знае дека не располага со доволно јазични средства за да го
изрази својот став. Може да ја прекине конверзацијата или да ја промени темата.

Стратегиите за успешна комуникација се делат на стратегии за заменување и


стратегии за обновување.

Стратегиите за заменување (компензација) се користат во оној комуникациски


момент кога е потребно да се надминат ограничените можности за изразување со
меѓујазикот. На пример, може да се примени промена на кодот или јазичен трансфер, или
да се применат стратегии засновани на меѓујазичното знаење, како што се:

- генерализирање: проширување на употребата на одредена лексика или на


јазични форми од меѓујазикот;
- парафразирање: во неможност да се сети на точниот збор изучувачот се
изразува описно;
- формирање кованици: создавање нови зборови од страна на изучувачот;
- преструктурирање: процес на реорганизација на јазичното знаење од страна
на изучувачот.

17
Стратегиите за обновување (рекуперација) се стратегии што најчесто се користат за
обновување на лексичкиот фонд.

Комуникациските стратегии се од големо значење за процесот на усвојување јазик и


му овозможуваат на изучувачот да ги надмине проблемите со комуникациската
компетенција за време на комуникацијата.

18
2.2.2.5 Фосилизација

Како резултат на сите овие процеси, изучувачите на Ј2, особено оние коишто почнале
да го изучуваат јазикот како адолесценти, ретко успеваат да го усвојат јазикот до тој
степен како да се изворни говорители, односно како да им е мајчин јазик.

Изучувачите, па дури и оние во најнапреднатите стадиуми, секогаш задржуваат по


некоја структура од меѓујазикот. Овој феномен во науката за јазик е познат како
фосилизација. Постојат повеќе причини за тоа: возраста, влијанието на Ј1, различната
концептуализација на светот, усвојувањето и автоматизацијата на неточни правила,
тенденцијата да се користи упростен систем, неможноста да се согледаат сопствените
грешки и др.

Процесот на фосилизација кај изучувачите на македонскиот јазик како странски


особено доаѓа до израз при усвојувањето на МОВ и на МНВ.

19
2.3 Компетенции на изучувачите

„За да можат да ги извршуваат задачите и активностите потребни за успешно


спроведување на комуникацијата, говорителите и изучувачите се потпираат на
компетенциите коишто ги стекнале во нивното претходно искуство“ (Council of Europe,
2001: 101 кај Кусевска СПК), а тоа се општите и комуникациските компетенции. Општите
компетенции се однесуваат на стекнатите знаења за светот околу нас, за општеството и
културата и сл., а комуникациските компетенции на јазичното знаење и неговата
соодветна примена. Комуникациските компетенции се делат на јазични (лингвистички),
социолингвистички и прагматични компетенции.

Јазичните компетенции ги опфаќаат фонолошките, лексичките, граматичките,


семантичките, ортографските и ортоепските компетенции. Тие се важен дел од процесот
на усвојување јазик, но доколку изучувачот нема стекнато социолингвистички и
прагматички компетенции ќе се соочи со неуспех во комуникацијата.

Социолингвистичките компетенции се однесуваат на познавањето на


социолингвистичките конвенции и правила прифатени од дадено општество, на пример,
умешноста да се направи правилен избор на јазични средства во зависност од тоа дали
станува збор за формална или за неформална ситуација, да се изрази учтивост,
благодарност, во соодветна ситуација да се употребат изрази на народна мудрост и сл.

Прагматичките компетенции се однесуваат на владеењето на принципите врз основа на


кои говорителите на дадениот јазик:

а) постигнуваат кохерентност при градењето на дискурсот, т.е. тематска и логична


организација на исказот, употреба на соодветен стил, и сл. (дискурсни компетенции);

б) постигнуваат соодветен комуникациски ефект, користејќи ги соодветните јазични


средства, на пример, како се изразува замолување, извинување, приговарање, и сл.
(функционални компетенции);

в) го организираат својот јазик „во интеракциски и трансакциски шеми, на пример,


подреденост на конверзацијата во прашања: одговори, замолување: прифаќање/ одбивање,

20
и сл., или пак, соодветна организација на текстот при купување во продавница,
нарачување во ресторан, и сл.“(ibid).

Овие компетенции се важен сегмент од процесот на усвојување втор јазик и му


овозможуваат на изучувачот, од една страна „да може да навлезе подлабоко од буквалното
значење на она што е кажано или напишано за да разбере што сака говорителот да каже,
да ги разбере неговите претпоставки или намери, како и неговото однесување“ (Кусевска
2013), а од друга страна да го направи вистинскиот избор на јазични средства и со тоа да
ја пренесе саканата порака и да го постигне вистинскиот ефект кај неговиот соговорник.
За успешно и непречено одвивање на комуникацијата, изучувачите треба да знаат во кој
контекст кои јазични структури и каков вокабулар треба да употребат, односно да го
познаваат нивното „конвенционално индиректно значење“ (ibid).

Ова особено е релевантно за нашата проблематика, затоа што соодветната употреба


на МОВ, односно на МНВ зависи од ефектот што сакаме да го постигнеме кај нашиот
соговорник.

21
2.4 Концептуализацијата на светот и нејзиниот одраз во процесот на усвојување
јазик

Богатиот инвентар на лексика и големиот број граматички средства и конструкции во


еден јазик му отвораат бројни опции на говорителот со кои може, на еден или на друг
начин, да ги изрази и да ги сподели своите мисли. Доколку станува збор за некој кој е
роден говорител на тој јазик, неговиот избор на јазични средства ќе зависи од пораката
што сака да ја пренесе и од ефектот што сака да го постигне кај соговорникот. Кај
изучувачите на тој јазик како странски, изборот на јазични средства ќе зависи од степенот
на познавање на тој јазик и од степенот на усвоеност на неговите функции и правила.

Начинот на кој го концептуализираме светот се одразува врз јазикот и обратно. Во


различни култури, различен е начинот на кој се концептуализира стварноста во мислата,
како и начинот на кој таа мисла се изразува преку средствата на јазикот. Токму тоа
претставува една од причините поради која се јавуваат проблеми при усвојувањето на
друг јазик, различен од мајчиниот.

Од примарна важност за успешноста на чинот на јазичната комуникација е


соговорниците да можат коректно да ги идентификуваат настаните за кои станува збор и
протагонистите, пред сѐ луѓето-протагонисти на тие настани (Тополињска 2009: 45).

Концептуалното јадро на еден настан9 го формираат протагонистите - учесници на тој


настан и врската (релацијата) помеѓу нив, a рамката на околности, стварносната димензија
и односот помеѓу протагонистите, настанот и околината (надворешнојазичната референца)
дополнително го одредуваат и го определуваат настанот за кој станува збор.

На јазично рамниште, идентификацијата на настанот се остварува со посредство на


реченицата и нејзините елементи.

9
Терминот настан го користиме како поопшт терми со кој се опфаќаат дејства, состојби или процеси.

22
Слика 4. Ситуации наспрема реченици: концептуалното наспрема јазичното
сп. Radden G., Dirven R. 2007: 51

Говорното лице, го актуализира настанот преку реченицата, поаѓајќи притоа од


својата позиција во тој момент (моментот на зборување) и потпирајќи се на своето лично
искуство и знаењето за светот. Од тој аспект, за идентификација на настанот од клучно
значење се поимите јас-сега-овде (сп. Бенвенист кај Минова-Ѓуркова 2000: 152).

Субјектот, предметот и предикатот, го идентификуваат основното јадро на настанот,


додека граматичките и лексичките показатели служат како средство со кое се лоцира
настанот во време и место и со кое се изразуваат односите меѓу соопштениот настан,
протагонистите од тој настан и нивното окружување.

Секој настан има своја појдовна точка, свој тек и крај. Јазикот располага со посебни
лексички и/или граматички структури (показатели) кои му овозможуваат на говорителот:
1) да го претстави настанот во целост или да го претстави почетокот, крајот или текот на
настанот; 2) да го лоцира тој настан во време во однос на неговата моментна (сегашна)
позиција или во однос на некој друг момент; и 3) да го изрази својот став за односот меѓу
соопштеното и светот околу него (Radden&Driven 2007). Овие односи се изразуваат преку

23
граматичките и лексичките показатели на категориите вид (аспект), време и модалност,
соодветно.

Во македонскиот јазик овие категории се преплетуваат и во одредени случаи тешко е


да се направи разграничување меѓу нив. Тоа се одразува и врз третманот на времињата,
кои се предмет на нашиот интерес – минатото определено и минатото неопределено
време.

24
2.5 Грешките во меѓујазикот на изучувачите и нивната класификација

Како што веќе споменавме, изучувачите поради недоволното владеење на јазикот


често се соочуваат со тешкотии при изразувањето и се обидуваат да го надминат тој „јаз“,
служејќи се со разни стратегии (упростување, заменување, избегнување и сл.). Како
резултат на тоа се јавуваат грешки, односно „отстапувања од нормата на Ј2“ (Митковска,
Кусевска, Бужаровска 2013:43, Ellis, 1994:51).

Грешките во јазикот на изучувачите се основен показател за степенот на усвоеност на


еден јазик, односно показател за совладаноста на одредена јазична структура. Токму затоа
анализата на грешки има централно место во проучувањата на процесот на усвојување
друг јазик. Таа претставува непроценлив извор на информации за процесот на усвојување
јазик воопшто и е средство со чија помош доаѓаме до јасна претстава за тешкотиите со кои
се соочуваат изучувачите и причините за тоа.

Во литературата постојат повеќе рамки за систематско проучување на грешките.


Најчесто се користи моделот на Кордер (Corder 1984:25 кај Митковска, Кусевска,
Бужаровска 2013:42), според кој проучувањето се одвива во 5 фази, и тоа: 1) собирање
податоци; 2) изделување/ определување на грешките; 3) класификација и опис на
грешките; 4) објаснување на грешките; и 5) евалуација на грешките.

При собирањето на податоци се поаѓа од целта на истражувањето. Собирањето на


податоците најчесто се одвива според претходно подготвен план и прашалник, но може да
биде и инцидентно. Постојат лонгитудинални истражувања, кога податоците се собираат
во текот на подолг временски период. Ваквите истражувања можат да се изведат на еден
или на повеќе субјекти. Постојат и истражувања во пресек, кога податоците се собираат
во определен временски период и се собираат податоци од повеќе испитаници.

Откако ќе се соберат податоците, се изделуваат и се определуваат грешките. Дали


некој елемент ќе се смета за грешка или не, зависи од предметот на истражувањето.
Доколку фокусот е свртен кон формите, нема да се земе предвид правилната употреба на
формата во однос на дадениот контекст, а доколку се испитува употребата на формата,
нема да се земат предвид грешките во самата форма. Некои грешки се јасно видливи, но
постојат и грешки кои на прв поглед не се очигледни, тоа се т.н. скриени грешки.

25
Очигледните грешки (overt) се однесуваат на точноста на формата, а скриените грешки
(covert) се поврзани со соодветната употреба на формата.

Во литературата се прави разлика и помеѓу случајни и системски грешки. Случајните


грешки (пропусти/ лапсуси)10 се грешки настанати како резултат на тешкотии во
процесирањето, а системските грешки се резултат на недоволната совладаност на
јазичната/ граматичката материја (правилата и структурите). Понекогаш е тешко да се
одреди дали станува збор за случајна или за системска грешка.

Според типот на отстапување од нормата на Ј2 се разликуваат следните видови


грешки: испуштање елементи (omission); додавање непотребни/ погрешни елементи
(addition); погрешен избор на елементи/структури (selection of an incorrect element/
misinformation) и погрешен редослед на елементи/структури (misordering). Тука се
вклучува и категоријата помешани форми (blends). Ваквиот пристап претставува
површински опис и е предложен од страна на Дјулеј, Берт и Крашен (Митковска,
Кусевска, Бужаровска 2013:46, Ellis, 1994:55-56).

Сепак, ваквата класификација не е доволна за да се опишат грешките. За целосен опис


потребно е да се направи анализа на грешките и од лингвистички аспект. Лингвистичкиот
опис на грешките се врши според категориите дефинирани во граматиките (Митковска,
Кусевска, Бужаровска 2013:46). Во зависност од целта на истражувањето, се прави
анализа на грешките од аспект на категориите и поткатегориите од соодветното јазично
рамниште (фонетско, морфолошко, синтаксичко или прагматичко).

КАТЕГОРИЈА ОПИС ПРИМЕР


Во исказот на изучувачот отсуствува некој
ИСПУШТАЊЕ За чудо ПОБЕДИЛА јас.
елемент во однос на нормата на Ј2
Во исказот на изучувачот има вишок елемент
ДОДАВАЊЕ Ја Е НАПРАВИЛА тортата.
кој родените говорители не би го употребиле
Штета што НЕ ДОЈДЕШЕ.
Во исказот на изучувачот има погрешна
ПОГРЕШЕН ИЗБОР Со години НЕ СУМ ГО
форма или структура
ГЛЕДАЛА овој човек.
Во исказот на изучувачот има погрешен
ПОГРЕШЕН
редослед на формите во однос на нормата на Ај СУМ ИСЕЧЕЛА СЕ!
РЕДОСЛЕД
Ј2
ПОМЕШАНИ Во исказот на изучувачот има комбинација
Не СУМ ТИ ЈАВИВ.
ФОРМИ од две или повеќе форми
Табела 2. Класификација и опис на видовите грешки (според Дјулеј, Берт и Каршен)

10
на англ. mistakes

26
Покрај дескриптивната/ квалитативната анализа, потребно е да се направи и
квантитативна анализа од која ќе можат да се извлечат важни заклучоци за проблемите
при усвојувањето и за фреквентноста на отстапувањата.

Следната етапа е објаснување на изворите и причините за појавата на грешки во


јазикот на изучувачите. Секоја грешка е резултат на непознавање на системот на Ј2, а тој
недостаток се надоместува со определени стратегии (Митковска, Кусевска, Бужаровска
2013:47). Изучувачите, потпирајќи се на своето претходно јазично знаење, се обидуваат да
го разберат и усвојат системот на Ј2. Како резултат на тоа доаѓа до трансфер од Ј111, што
понекогаш „се манифестира со погрешна употреба поради аналогија со соодветна
структура во Ј1 или во пренесување на некоја особина или конструкција (фонетска,
граматичка, лексичка или прагматичка) од Ј1 во Ј2 (на пример преголемата употреба на
некоја структура)“ (Митковска, Кусевска, Бужаровска 2013:47).

Вакви отстапувања настанати под влијание на негативен трансфер од Ј1, можат да


се забележат на сите јазични рамништа (фонетско, морфолошко, синтаксичко, семантичко
итн.). За да се истражи дали грешките се настанати под влијание на трансфер од Ј1,
потребно е да се познава системот на Ј1. Со буквален превод на исказот на изучувачот на
неговиот мајчин јазик може да се увиди дали има настанато трансфер од Ј1 на Ј2.

Покрај грешките настанати како резултат на меѓујазично влијание, има и грешки од


развоен и внатрешнојазичен карактер. Некои автори прават разлика помеѓу развојните и
внатрешнојазичните грешки, а други сметаат дека внатрешнојазичните грешки се грешки
од развоен карактер. Во врска со тоа, Митковска, Кусевска, Бужаровска (2013:48) го
изделуваат ставот на Ричардс, кој смета дека внатрешнојазичните грешки настануваат
поради генерализација, нецелосна усвоеност на правилото и недоволно разграничување на
условите под кои се применува правилото, а развојните грешки покажуваат дека
изучувачот се обидува да создаде хипотези за Ј2 потпирајќи се на своето ограничено
искуство со Ј2 (ibid).

Кај Новакоска (2014) се наведува ставот на Ѓорѓевиќ (2004: 46-47), која изделува
три вида на грешки во зависност од факторите кои влијаеле за нивно настанување, и тоа:

11
Ј1 има и позитивно влијание врз процесот на усвојување на Ј2, но во случајов предмет на интерес е
негативниот трансфер.

27
интерлингвални (меѓујазични) кои се резултат на интерференција или интрузија12,
интралингвални (внатрешнојазични) кои настануваат поради аналогија13 и
екстралингвални (надворешнојазични) грешки кои настануваат поради лошо планирање на
материјалот и наставата, лоша настава, лоши односи помеѓу наставникот и изучувачот
итн. Исто така, во одредени случаи грешките можат да настанат како резултат и на
некаква индивидуална асоцијација. Тешко е да се определи изворот/потеклото на
грешката бидејќи истата може да биде настаната како резултат на влијанието на повеќе
фактори. Од тие причини, објаснувањата за грешките најчесто се земаат како
претпоставки, а не како факти.

Во однос на вреднувањето (евалуацијата) на грешките, главно се прави класификација


на локални и глобални грешки. Локални грешки се оние грешки што не го нарушуваат
значењето, а глобални грешки се грешките што доведуваат до недоразбирање и ја
попречуваат комуникацијата.

12
Според Ѓорѓевиќ (2004), интрузија настанува кога некој претходно научен странски јазик влијае на
усвојувањето на целниот јазик (Новакоска 2014)
13
Под аналогија се подразбира влијание на едни елементи од Ј2 врз усвојувањето на други елементи од Ј2
(Ѓорѓевиќ 2004 кај Новакоска 2014).

28
2.6 Референтни рамништа на степенот на владеење на јазикот

На курсевите по странски јазик најчесто се изделуваат три рамништа: почетно, средно и


напреднато рамниште. Сепак, во одредени случаи, особено кога треба да се испита
степенот на познавање на еден јазик, се јавува потреба од попрецизна класификација.

Според Заедничката европска референтна рамка се изделуваат шест јазични рамништа:


подготвително рамниште, основно рамниште, преодно рамниште, самостојно рамниште,
напредно рамниште и врвно рамниште14. Сепак, за поголема усогласеност во однос на
именувањето на рамништата, поделбата се сведува на три пошироки рамништа: А, Б и Ц,
кои понатаму се разгрануваат на A1, A2; Б1, Б2 и Ц1, Ц2, соодветно.

Слика 5. Референтни рамништа на степенот на владеење на јазикот

Подетално за референтните рамништа и за степенот на познавање на јазикот упатуваме


на Заедничка европска рамка за јазиците: учење, настава и оценување (2012). Во делот
Прилози даваме преглед на рамките за општ јазичен опсег и граматичка точност (в.
Прилог 1 и Прилог 2).

14
Заедничка европска рамка за јазиците: учење, настава и оценување. 2012: 24-25

29
3. ОСОБЕНОСТИ НА МОДАЛНО-ТЕМПОРАЛНИОТ СИСТЕМ НА
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК РЕЛЕВАНТНИ ЗА МОВ И МНВ

3.1 Краток осврт кон спецификите на минатите времиња во македонскиот јазик

Глаголот и глаголскиот систем на македонскиот јазик се вистински предизвик не само


за оние што го изучуваат македонскиот јазик како странски, туку и за домашните и за
странските лингвисти што го проучуваат и го истражуваат македонскиот јазик.

Историски гледано, како резултат на контактот на македонскиот јазик со други


(несловенски) јазици дошло до значајни промени и иновации, што од една страна го
оддалечило од словенските јазици, а од друга страна го доближило до јазиците од т.н.
балкански јазичен сојуз. Од тој аспект, внимание привлекува развојот на перфектот
наследен од старословенскиот јазик, односно минатото неопределено време. Покрај тоа
што се зачувало перфектното значење од старословенскиот јазик, под влијание на
балканските јазици, ова време развило нови модални значења и употреби, меѓу кои и
значењето на прекажаност.

Друга специфичност е и чувањето на аористот (минатото определено свршено) и


имперфектот (минатото определено несвршено), за разлика од другите словенски јазици
(освен бугарскиот и лужичките јазици), каде што овие времиња се речиси целосно
потиснати од перфектот и воопшто не се употребуваат, или се маргинално застапени (М.
Ф. Вацлав 1989: 11-29).

Јазичната интерференција со балканските јазици одиграла клучна улога и за развојот


на нови конструкции образувани од глаголот ‘има’ + -н/-т-партиципот, кои се познати
како има-перфект (habere-перфект), како и за развојот на т.н. сум-конструкции.

Сите тие промени и иновации довеле до усложнување на глаголскиот систем. Така,


македонскиот јазик денес располага со богат инвентар на глаголски парадигми. Во врска
со тоа, можеме да се повикаме на Фридман (Фридман, 1974: 205), кој вели дека „системот
на македонскиот глагол е еден од најсложените системи во словенскиот лингвистички
свет“.

30
Во однос на богатиот инвентар, овде би сакале да предочиме дека традиционалните
дескриптивни граматики по македонски јазик не нудат целосен опис ниту приказ на сите
глаголски парадигми (временски и модални). Таканаречените има-конструкции најчесто
се сведуваат под еден опис, а истото се однесува и за сум-конструкциите.

Друг проблем претставува и именувањето, како и третманот на одделни форми. Во


однос на именувањето, за некои парадигми постојат повеќе називи. На пример,
конструкцијата сум + л-форма, која во традиционалната терминологија е позната како
минатото неопределено време се нарекува уште перфект I, сум-перфект (esse-перфект), л-
перфект и слично. Дискутабилно е и прашањето дали со оваа конструкција се опфаќа една
парадигма или неколку хомонимни парадигми. Разлики се јавуваат и во однос на
третманот на одделни форми, меѓу кои и на МНВ, кое според некои истражувања се смета
за време во вистинска смисла на зборот и треба да биде вклучено во индикативниот начин,
а според други претставува модална конструкција. Причина за тоа е преплетувањето меѓу
повеќе категории и нивната меѓусебна поврзаност.

Категориите време, вид, модалност, евиденцијалност и дистанца играат важна улога за


дефинирање на значенските карактеристики на минатото определено и на минатото
неопределено време. Нивниот израз и меѓусебната интеракција ги дефинира сличностите
и разликите меѓу овие две времиња, чија заедничка функција е изразувањето минатост.

Во продолжение ќе ги претставиме карактеристиките на наведените категории во


македонскиот јазик. Целта е да ја прикажеме комплексноста на глаголскиот систем на
македонскиот јазик и сложената семантичка структура на МОВ и на МНВ, поради што
странските изучувачи се соочуваат со тешкотии.

31
3.2 Категорија ВРЕМЕ

Повеќето јазици, вклучувајќи го и македонскиот јазик, располагаат со посебни


средства (граматички и лексички показатели) кои му овозможуваат на говорителот
настанот што го соопштува да го лоцира во време во однос на одредена референтна
точка (најчесто моментот на зборување). Овие средства се дел од една граматичка
категорија наречена време, која се одликува со прагматичко-семантички карактер.

Поради својата деиктичко-референцијална функција – лоцирање на настанот на


временската оска во однос на одредена точка, категоријата време претставува едно од
главните средства за идентификација на настанот за кој станува збор (Тополињска
2007:75).

Темпоралната информација може да биде пренесувана како со граматички, така и со


лексички средства. Двата типа средства тесно соработуваат, при што обично основната
информација ја пренесуваат граматичките средства, т.е. граматичката категорија ‘време’,
додека лексичките средства ја доуточнуваат таа информација (ibid).

Со категоријата време, најчесто се изразува „односот на вршењето на глаголското


дејство по време – спрема моментот на соопштувањето“ (Конески, 2004: 378).

Во македонскиот јазик, времињата најчесто се делат на прости и на сложени


времиња. Простите времиња се образуваат со придавање наставки на основниот глаголски
дел (пр. чита-в-ме), а сложените времиња претставуваат состав од помошна форма и
форма на глаголот што се менува, односно од помошен глагол и нелична глаголска форма.
Со наставките обично се посочуваат лицето, бројот и времето, а одредени наставки
упатуваат и на видско значење. Сложените времиња, покрај темпоралното, изразуваат и
дополнително модално значење.

Покрај ваквата класификација, која се базира на формалните карактеристики на


времињата, во литературата се прави и класификација на времињата според „изборот на
точката на референција, т.е. точката на временската оска во однос на којашто ги
определуваме темпоралните параметри на настанот “ (Тополињска, 2007: 75). Според овој
критериум времињата се делат на апсолутни и на релативни времиња. Ако точката на

32
референција се поклопува со моментот на зборување, станува збор за апсолутно време, а
во обратниот случај – за релативно време (ibid).

Со апсолутните времиња се изразува „конкретна временска референција“, односно


„директна корелација со временската оска“ (Тополињска 2009: 48). Основната
референцијална парадигма на овие времиња е претставена преку следните параметри:

МИНАТОСТ < СЕГАШНОСТ > ИДНИНА


(сп. Тополињска 2007: 76)

Релативните времиња пак, се карактеризираат со отсуство на „деиктичка


компонента“15, т.е. неможност за изразување „директна корелација со временската оска“16.
Основната парадигма на овие времиња се изразува преку параметрите:

АНТЕРИОРНОСТ < ИСТОВРЕМЕНОСТ > ПОСТЕРИОРНОСТ17

Тополињска (2007), во групата апсолутни времиња го сместува и МОВ, а за МНВ


вели:

„Денеска во системот на апсолутните времиња постои единица насловена ‘минато


неопределено време’ која претставува една од функционалните варијанти на esse-
перфектот, а која на определените минати времиња им се спротивставува по отсуство
на еднозначна локација на временската оска. Така употребени, формите на esse-
перфектот обично се појавуваат без дополнувачки лексички определби за време“
(Тополињска 2007: 82).

Во литературата најчесто преовладува мислењето дека на темпорален план минатото


неопределено време (сум-перфект) се диференцира од минатото определено време (аорист
и имперфект) во однос на неможноста/можноста да се утврди јасна локализација на
минатиот настан на временската оска (Гајдова 2011: 19), односно се разликуваат по
признакот локализиранот/ нелокализираност (Гајдова 2011; Асенова 198918). Кај Конески

15
Тополињска 2009: 48
16
ibid
17
Тополињска 2007: 76
18
кај Спасовска 2015

33
(2004) како „ознака за чисто временска однесеност на минатите времиња“ се користи
терминот определеност/ неопределеност.

Надоврзувајќи се на ова, во продолжение ќе го претставиме основниот концепт за


поимањето на времето во когнитивната лингвистика, кој е релевантен и за македонскиот
јазик. Како основа ќе го земеме моделот на Рajхенбах (Reichenbach 1947) и адаптациите на
овој модел од Раден и Дирвен (Radden&Dirven 2007), Лангакер (Langacker 2008), Филдер
(Fielder 1993) и др.

Според западниот традиционален модел, времето се замислува како една


хоризонтална линија (оска) по која се движат настаните. Сместувањето, односно
лоцирањето на настаните на временската оска е во директна зависност од позицијата на
говорителот, која всушност го претставува моментот ‘јас, сега и овде’, односно моментот
на зборување. Настаните сместени на оската на позиција зад говорителот се однесуваат на
минатото, а настаните сместени на оската на позиција пред говорителот се однесуваат на
иднината, односно го означуваат идното време.

Слика 6. Приказ на деиктичките сфери19

19
Адаптирано од http://www.grammar-quizzes.com/clause4.html

34
Говорната ситуација заедно со протагонистите на тој настан (говорителот и
соговорникот), местото, времето (т.е. моментот на зборување) и другите контекстуални
околности ја сочинуваат основата, која служи како појдовна точка за понатамошното
одвивање на интеракцијата, односно комуникацијата меѓу учесниците во овој настан.

Моментот на зборување (speech time - S) претставува основен деиктички центар, кој


е заеднички за говорителот и за неговиот соговорник, и кој, по некое непишано правило,
го означува моментот „сега“. Овој момент се зема како „фиксна“ точка за ориентација во
времето и просторот, односно како моментна одредница за трите временски зони:
сегашното, минатото и идното време. Според оваа „фиксна“ точка настанот што се
соопштува се лоцира во време.

Зоната со која се опфаќа настанот што се соопштува се нарекува зона на настанот.


Дел од оваа зона е времето на одвивање на тој настан (event time - E). Фокусот обично е
свртен кон настанот кој се соопштува, но може да биде свртен и кон точката од која
говорителот ја претставува ситуацијата. Вообичаено, како појдовна точка според која се
одредува позицијата на настаните во време се зема моментот на зборување, но
говорителот може да претстави одреден настан во време ориентирајќи се и според друг
настан (минат или иден), и во тој случај тој друг настан игра улога на референтна точка.
Конкретниот момент од минатото, сегашното или иднината кој се зема како референтна
точка се нарекува референтно време (reference time – R).

Вo когнитивната лингвистика, времињата што се ориентираат според моментот на


зборување (S) се познати како деиктички времиња (deictic tenses), додека времињата кои
му овозможуваат на говорителот временски да го одреди настанот и според друга
(референтна) точка се нарекуваат комплексни времиња (complex tenses).

Кај таканаречените деиктички времиња се прави поделба на сегашно, минато и идно


време. Сегашното време се однесува на настани што го опфаќаат моментот на зборување
(E се поклопува со S)20, минатото време определува настани што се случиле пред
моментот на зборување (E пред S)21 а идното време настани се однесува на настани што ќе

20
[ES]
21
[E S]

35
се случат по моментот на зборување (E следи по S)22. Фокусот на т.н. деиктички времиња
е свртен кон времето на настанот за кој се зборува (Е).

Со таканаречените комплексни времиња23 паралелно се изразуваат две временски


релации, и тоа: релација помеѓу моментот на зборување (S) и референтното време (R) и
релација помеѓу тоа референтно време (R) и времето на одвивање на настанот кој се
соопштува (E). Настанот кој се соопштува може да му претходи на референтното време,
во тој случај се изразува претходење (антериорност), да се поклопува со него –
истовременост или да следува по него - постериорност.

Со цел да ја доловиме разликата помеѓу деиктичките и комплексните времиња,


наведуваме неколку искази за кои даваме шематски приказ на темпоралните информации
изразени со предикатите од тие искази (чекам, стигнав, беше почнат, ќе одам):

Слика 7. Определување на дадени настани во време


- со првиот предикат (чекам (E1)) се изразува дејство коешто се одвива паралелно со
моментот на зборување: ((E1) се поклопува со (S));
- со вториот предикат (стигнав (Е2)) се изразува дејство што се случило пред моментот
на зборување и кое веќе се наоѓа во зоната на минатото, фокусот е свртен кон минатото
дејство: ((E2) пред (S));
- со третиот предикат (беше почнат (E3)) изразуваме дејство кое пред одреден момент
од минатото а кое е релевантно за говорната ситуација (моментот на зборување (S)) - во
овој случај тоа е дејството изразено со вториот предикат ((Е2) во улога на референтно
време (стигнав (R)): ((E3) пред (R); (R) = (E2) му претходи на (S))
- со последниот предикат (ќе одам на кафе – (Е4)) се изразува дејство коешто ќе следи
по моментот на зборување (S): ((Е4) по (S))

22
[S E]
23
според терминологијата на когнитивната лингвистика

36
Парадигмите кои се двојно ориентирани и кои во себе содржат информација дека,
покрај минатото дејство што се соопштува, релевантно за говорната ситуација (моментот
на зборување) е и состојбата којашто произлегла како резултат на тоа минато дејство, во
лингвистиката се познати под името tempus perfectum, односно перфект. Перфектот се
развил со проширување на функцијата на категоријата резултативност, со која се
потенцира важноста на резултатот од тоа минато дејство.

Во лингвистиката постои неусогласеност во однос на третманот на перфектот. Според


некои лингвисти (Comrie 200124 и др.) перфектот се смета за аспектуална категорија, а
според други се смета за темпорална категорија.

Во македонскиот јазик во основа постојат два вида перфектни конструкции: esse и


habere-перфект, односно сум и има-перфект. Постојат повеќе проучувања на оваа тема,
меѓу кои би го истакнале зборникот Морфосинтаксички студии 2, во издание на МАНУ.
Статиите вклучени во овој Зборник се посветени токму на перифрастичните конструкции
со esse и habere во македонскиот јазик и во словенските и балканските јазици. Овде ќе се
задржиме на дел од статијата на Митковска и Бужаровска (2011:58), поконкретно на
класификацијата на перфектот. Митковска и Бужаровска (ibid), тргнувајќи од ставовите на
Маслов (1988), изделуваат два основни вида на перфект: статален и акционен перфект,
односно состојбен и акциски перфект. Состојбениот перфект се поклопува со
резултативноста, односно изразува состојба што е резултат на некое претходно дејство,
обично телично и завршено, додека пак акцискиот перфект изразува релевантност на
извршеното дејство.

Состојбениот перфект има една функција: резултативот, додека кај акцискиот


перфект се изделуваат три функции: перфект на актуелната релевантност; искуствен
перфект и посесивно-егзистенцијален перфект.

Перфектот на актуелната релевантност се развил со проширувањето на употребата на


резултативот од телични на ателични глаголи, при што фокусот се поместил од
„актуелниот резултат“ на „актуелната релевантност“ (Митковска, Бужаровска 2011:

24
Иако Comrie (2001) го вклучува перфектот во категоријата аспект, самиот наведува дека се разликува од
другите аспектуални категории

37
58, сп. Lindestedt). Со поместувањето на фокусот од сегашната состојба кон минатото
дејство, дошло до израз минатото искуство на субјектот, и со тоа дошло до развој на
искуствениот перфект. Во тесна врска со тоа е и развојот на посесивно-егзитенцијалниот
перфект, кој е пред сѐ е карактеристичен за има-конструкциите.

За искуствениот перфект се смета дека има субјективен карактер, бидејќи кај него
значењето на резултативноста се префрла од реалната ситуација врз субјектот. Тоа довело
до пресекување на семантичките парадигми на категоријата време со семантичките
парадигми на категоријата модалност. Како резултат на тоа се развиле дополнителни
модални значења кои влегуваат под категоријата евиденцијалност25, која може да изразува
инференцијалност (inferrential) или прекажување (reportive) (Митковска, Бужаровска
2011: 58).

Во однос на современиот македонски јазик, разликуваме два вида перфектни


конструкции кај esse-перфектот и една кај habere-перфектот, и тоа: 1) стариот словенски
перфект, односно л-перфектот, кој се прави со помошниот глагол сум и минатиот
активен партицип или т.н. л-форма која се согласува по род и број со субјектот (исклучок
е третото лице, каде што се испушта помошниот глагол); 2) перфектна конструкција која
се образува со помошниот глагол сум и минатиот н/т-партицип, кој се согласува по род
и број со субјектот; и 3) има-перфектот кој се образува со помошниот глагол има и
минатиот н/т-партицип во среден род еднина (Митковска, Бужаровска 2011: 57). Сите
три перфектни конструкции се опишани во нормативните граматики на стандардниот
македонски јазик, но нивната функционална разграниченост не е јасно дефинирана
(Graves 2000: 483 кај Митковска, Бужаровска 2011: 57).

Минатото неопределено време (МНВ), кое е предмет на нашиот интерес, влегува во


првата група перфектни конструкции, т.н. л-перфект или esse-перфект. Во однос на
перфектната функција на оваа конструкција, Митковска и Бужаровска (ibid) забележуваат
преклопување со функцијата за изразување на незасведочени дејства (прекажаност,
инференција, адмиратив и дубитатив), како посебна категорија што често се нарекува
„евиденцијалност“. Како што нагласуваат авторките, разграничувањето на двете функции

25
Lindstedt (2000: 375) за именување на оваа категорија го користи терминот индиректив (indirective)

38
е особено тешко во третото лице. Подолу ќе видиме дека лицето, односно субјектот
според Конески и други игра значајна улога при изборот на соодветното време.

Перфектот и перфектните значења се обработувани од повеќе аспекти, како од


домашни така и од странски проучувачи (Гајдова, Јачева, Лаброска, Марковиќ, Петроска,
Тополињска, Тофоска, Фридман, Гравес, Маслов и др.). Во тој контекст би ги споменале и
магистерскиот труд на Новакоска (2014) која го разгледува усвојувањето на перфектните
функции во англискиот јазик од страна на македонските изучувачи и докторскиот труд на
Спасовска (2015), која ги претставува механизмите, односно средствата за изразување
минатост во македонскиот и во албанскиот јазик.

39
3.3 Категорија ВИД

Видот е категорија релевантна за сите глаголски форми, која во македонскиот јазик е


во голема мера граматикализирана (Тополињска 2007: 17, Fielder 1993: 14).

Показателите на видот „изразуваат релација меѓу предикатот и временскиот


интервал во кој се одвива дејството изразено со тој предикат“ (Fielder 1993:15, Chung &
Timberlake26 1985: 213), односно ни даваат информација за внатрешната темпорална
структура (временската димензија) на настанот (Тополињска 2007: 17, Comrie 1976: 3,
Fielder 1993: 14, Radden & Dirven 2007: 175).

Семантиката на видот е многу блиска и е тесно поврзана со семантиката на


категоријата време (Тополињска 2007: 17-18, Конески 2004: 371). Со видските показатели
се означува дејство во неговото одвивање или во неговото распределување низ време,
независно од моментот на зборување, или од моментот на одвивање на некое друго
дејство за кое станува збор (Maslov 1988: 63). Или, како што вели Конески, „чистото“
значење на видот се определува како начин на претставување на дејството: како процес во
одвивање, или во периодично вршење, или пак како извршеност (Конески, 2004: 372).

Во македонскиот јазик основна видска дихотомија е опозицијата свршено/ несвршено.


Покрај глаголскиот вид, односно поделбата на глаголите на свршени (перфективни) и
несвршени (имперфективни), разликуваме и поделба на времињата на свршено и
несвршено време. Во продолжение ќе ги прикажеме карактеристиките и разликите на
овие видски дихотомии.

3.3.1 Опозиција свршени/ несвршени глаголи

Видските разлики се вградени во самите прости глаголски форми (Конески 2004: 371).
Со додавање на зборообразувачки афикси – суфикси и префикси и со промена на
кореновиот вокал, се создаваат (секундарни, терцијарни итн.) видски деривати, кои
обично се со спротивна маркираност (Тополињска 2007: 18). Во таа смисла граматичкиот

26
Chung & Timberlake (1985) изделуваат 4 јазични рамништа за кои ВИДОТ е од релевантно значење, и тоа:
вербално (на ниво на глагол), предикатско, пропозициско и наративно. Вербалното и предикатското
рамниште во одредени случаи се тесно поврзани и тешко е да се изделат како посебни, и во тој случај може
да се разгледуваат како едно - лексичко рамниште. За повеќе в. Fielder 1993, Тофоска 2015

40
вид е зборообразувачка, а не флексивна категорија (ibid). Таканаречените видски парници
со развојниот тек се изделиле како самостојни, независни лексеми, и со тоа се зацврстил
зборообразувачкиот карактер на категоријата ВИД (ibid).

По видот глаголите во македонскиот јазик се делат на несвршени (имперфективни) и


свршени (перфективни). Несвршените глаголи можат да бидат трајни (носи, оди) и
повторливи (чукнува, запалува). Со нив се означува:

 дејството во неговото одвивање;


 дејство што се повторува, односно дејство чие извршување се претставува како
редица од моменти, во периодично повторување;
 дејство дадено како општопознат факт.
Со свршените глаголи:
 се изразува заокружено дејство, односно целосно извршено дејство во еден
момент; или
 се опфаќа извесно време од извршувањето на дејството (поноси, пооди); или
пак
 се означува почеток, крај или полно разгрнување (заноси, заоди, доноси, дооди,
износи, изоди)27.

Поради ваквото значење, свршените глаголи во вистинска смисла не можат да се


употребуваат во сегашно време, а исто така блокирани се и формите на имперфектот од
свршени глаголи. Ваквата асиметрија меѓу несвршените и свршените глаголи се должи на
преплетувањето на категориите вид и време.

Изведувањето на нови видски парници, односно изведувањето на свршени од


несвршени глаголи и обратно се прави со додавање на:

- суфикси (купи pf – купува mpf, излезе pf – излегува impf);


- префикси (гледа impf – изгледа pf , догледа pf , согледа pf , прегледа pf...);
- суфикси и префикси (гледа impf – догледа pf – догледува impf);

27
(примерите и дефинициите се преземени и адаптирани од Конески 2004: 370, Kramer & Mitkovska 2011 и
Кусевска, Митковска 1995)

41
- или со вокални или консонантски промени во коренот на глаголот (пр. земе –
зема; врати – враќа).

Најчесто, за образување несвршени глаголи се употребува суфиксот –ува (легне –


легнува, лечи – лекува), а за свршени глаголи суфиксот –не (дига – дигне, слуша – слушне).
Така, обично глаголите што завршуваат на –ува се несвршени (имперфективни), а
глаголите што завршуваат на –не се свршени (перфективни). Префиксите (по-, с-, на-, про-
и др.) најчесто сигнализираат дека станува збор за свршен глагол (посака, прочита,
напише и сл.), но не секогаш. Во одредени ситуации можат да се употребуваат и префикси
и суфикси, со што повторно се менува видот (пр. трча – дотрча – дотрчува).

Со цел полесно усвојување на видските разлики, во учебниците по македонски јазик


како странски најчесто паралелно се даваат видските парници и се препорачува така и да
се усвојуваат (Kramer & Mitkovska 2011: 97).

Со оглед на тоа што фокусот на овој труд не е насочен кон видот, нема да се
задржуваме подетално на видските показатели, односно на образувањата на видските
деривати, ниту пак на одделните видски значења или категории. За подетални описи и
согледувања на оваа тема од аспект на македонскиот јазик упатуваме на Конески (2004),
Тополињска (2007), Тофоска (1997, 1998, 2005, 2007), Пановска-Димкова (2010), Петроска
(1997, 2008), Фридман (1977, 2011), а за истражувања на видот од типолошки и од
когнитивен аспект упатуваме на Филдер (Fielder 1993), Лант (1952), Комри (Comrie 1976),
Маслов (Maslov 1988), Раден и Дирвен (Radden & Dirven 2007) и многу др.

Како релевантно за овој труд, би ги посочиле значенските карактеристики на видските


класи, според Тополињска (2007):

1) отворена класа несвршени глаголи:


- способни да изразуваат актуелна сегашност;
- способни да изразуваат траење во минатото;
- ограничени во однос на можноста да изразуваат прекинато
минато дејство;
- способни да создаваат инфинитни (прилошки) трансформи
за изразување истовременост на споредното дејство;

42
- способни редовно да создаваат номинализации од типот
nomen actionis.

2) отворена класа свршени глаголи:


- неспособни да изразуваат актуелна сегашност;
- неспособни да изразуваат траење во минатото;
- способни да изразуваат измена (т.е. момент на започнување,
прекинување, завршување на дејството);
- неспособни да создаваат трансформи за изразување
истовременост на споредното дејство;
- неспособни редовно да создаваат номинализации од типот
nomen actionis

3) бројно ограничена отворена класа глаголи, главно заемки,


неутрални во однос на видската разлика.

3.3.2 Опозиција свршено/ несвршено време

Според некои лингвисти и опозицијата свршено/несвршено време влегува во рамките


на категоријата вид, односно се смета дека постојат две видски опозиции: 1) опозицијата
свршени/несвршени глаголи или т.н. опозиција перфективен /имперфективен, и 2)
опозицијата свршено/ несвршено време, т.е. аорист/ имперфект28.

Фридман (2011: 110), базирајќи се на Аронсон (1981), аспектот (видот) во


македонскиот јазик го дели на: подреден и надреден. Притоа, опозицијата перфективен/
имперфективен ја смета како одделна, надредена граматичка опозиција, чие значење е
инхерентно во глаголската основа (ibid), додека пак за подредениот вид вели дека доаѓа до
израз преку опозицијата аорист/имперфект sensu lato, која е ограничена на формите за
минатите времиња. Овие две опозиции се блиски по значење и во одредени случаи се
поклопуваат. Аористот (sensu lato) е обично перфективен, а имперфектот (sensu lato)

28
Фридман ги користи термините аорист/имперфект како пандан на термините свршено/несвршено време.

43
имперфективен. Сепак, како што нагласува и Фридман, постоењето на перфективен
имперфект и на имперфективен аорист е знак дека овие опозиции треба да се разгледуваат
како „независни, аспектски опозиции со заемно дејство“ (2011: 110). Свршеното време
(аористот sensu lato) е маркирано по завршеност или целосност, а несвршеното време
(имперфектот sensu lato) општо се карактеризира како „привативно маркирано или со
значење што се однесува на трајност или со значење што се однесува на координирана
акција“ (ibid).

Преплетувањето на категориите време и вид, како и постоењето на голем број видски


деривати и показатели, го усложнуваат процесот на усвојување на оваа материја за тие
што го изучуваат македонскиот јазик како странски и во нивниот меѓујазик се
забележуваат чести отстапки. Иако фокусот на овој труд е насочен кон отстапките во
однос на усвојувањето на минатите времиња (МОВ и МНВ) од аспект на временското и на
модалното значење, сепак, во анализата на податоците од истражувањето ќе дадеме краток
приказ и на отстапките во однос на категоријата вид, забележани кај изучувачите на
македонскиот јазик како странски.

44
3.4 Категорија МОДАЛНОСТ

Категориите време и модалност се надополнуваат една со друга. Модалноста е во тесна


врска со стварносната димензија на настанот и со ставот на говорителот во однос на таа
димензија.

Во когнитивната лингвистика, стварноста се конципира како растечки цилиндер, кој со


текот на настаните се издолжува, придвижувајќи се напред (Langacker 2008: 301-302).
Базирајќи се на моделите на Лангакер (2008: 301-302) и Раден и Дирвен (2007: 171-172), во
продолжение ќе го објасниме концептот на стварноста.

Слика 8. Модел на стварносната димензија29

Водечкиот дел на тој цилиндер ја означува моментната стварност. Во овој простор,


односно во оваа сфера нештата сѐ уште се во процес на одвивање. Настаните кои веќе се
случиле влегуваат во сферата на објективната (т.е. фактичката) стварност (factual
reality), која го дефинира минатото. За разлика од моментната стварност (immediate
reality), зоната на минатото е фиксна. Текот на настаните е еднонасочен и неповратен
(иреверзибилен) – не можеме да се вратиме во време, односно ако нешто веќе се случило
не можеме да направиме да не биде случено (да се „отслучи“). Настаните што ги
проектираме или за кои постои веројатност да се случат влегуваат во зоната на идното
време, која се одликува со слободна варијабилност и неизвесност. Наспрема овие зони е
зоната на иреалноста.

Во однос на зоната на минатото, секој од нас создава своја претстава за фактичката


стварност, засновајќи се на случувањата од нашето видно поле (од светот околу нас) и врз
29
Адаптирано од Раден и Дирвен (2007: 171)

45
база на податоците кои стигнуваат до нас. И покрај тоа што тоа знаење е парцијално, и во
голема мера субјективно, го прифаќаме како етаблирано, односно како утврдено.
Случувањата на настаните и дотокот на информации во просторот на деиктичката сфера
на единката, која се јавува во улога на концептуализатор, ја формираат зоната на
стварноста позната за говорителот- осознаена стварност (known reality/ conceived reality),
зона која е дел од објективната стварност, но не се поклопува во целост со неа.

Слика 9. Настани во и надвор од деиктичката сфера на говорителот

Зоната на моментната стварност е местото каде што живееме епистемолошки,


искусувајќи ги и определувајќи ги настаните од момент до момент. Оттаму, времето и
епистемолошкиот суд се тесно поврзани30. Сегашното време обично ја означува
моментната стварност, минатото време се однесува на стварностa позната за
говорителот (осознаената стварност ), а идното време на проектираната стварност.

Во тесна врска со категоријата време со која се изразува „односот на вршењето на


глаголското дејство по време во однос моментот на соопштувањето“ (Конески, 2004:
378), т.е. во однос на моментната стварност, е и категоријата модалност.

Под модалност подразбираме информација за статусот на пренесуваната порака во


однос на стварноста: (а) дали е таа вистинита или нејзината вистинитост побудува
сомнежи кај испраќачот (епистемолошка модалност), односно (б) дали таа само

30
сп. Langacker 2008: 301

46
пренесува информација или содржи и прагматичка компонента – желба на испраќачот
да изврши влијание врз постојната состојба / врз однесувањето на адресатот
(деонтичка модалност) (Тополињска 2009: 45).

Според Минова-Ѓуркова (2000), која тргнува од поделбата на Л. Бијурлин и Корди,


постојат шест типови на модално значење, и тоа: 1) оцена на зборувачот во поглед на
реалноста/ нереалноста на содржината на реченицата; 2) оцена на зборувачот за можноста,
за неопходноста или за пожелноста на ситуацијата изразена во реченицата; 3) оцена на
зборувачот за веродостојноста на она што го соопштува, т.н. епистемична или персуазивна
модалност; 4) модалност изразена преку комуникативната функција на реченицата; 5)
модалност заснована на потврдување и одрекување; 6) емоционална и квалитативна оцена
на реченицата.

Оваа категорија е непосредно поврзана со глаголот, со неговите времиња и начини, но


и со одделни групи глаголи, како што се модалните (Минова-Ѓуркова 2000).

Во македонскиот јазик одредени глаголски парадигми, покрај темпоралните развиле и


модални значења. Според Тополињска, македонскиот јазик располага со транспарентни
сигнали кои овозможуваат дистинкција помеѓу „настани-факти со конкретна временска
референција и претпоставени и/или постулирани настани“ (Тополињска 2009: 45). Тоа се
експонентите на временската референција, односно експонентите на категориите кои во
лингвистичката терминологија се познати како модалност и фактивност (ibid).

За македонскиот јазик е особено важно да се познаваат средствата за изразување на


оваа категорија. Непознавањето на функциите и погрешната употреба на показателите на
модално-временските парадигми може да доведе до пренесување на „погрешна“ порака,
односно до недоразбирање меѓу соговорниците.

47
3.4.1 ФАКТИВНОСТ

Од клучно значење за организација на модалната информација е опозицијата +/-


ФАКТИВНОСТ. Преку пораката може да се пренесува информација за факти, односно за
„реални“ актуелни или минати настани, или за замислите, плановите, желбите на авторот
на пораката (Тополињска 2007: 41).

Тополињска смета дека треба да се напушти традицијата за примарно класифицирање


на глаголските парадигми по категоријата време и да ѝ се даде предност на категоријата
фактивност, односно најпрво да се одделат нефактивните од фактивните глаголски
парадигми.

Според оваа категорија, исказите можат да се делат на фактивни и нефактивни.


Фактивните искази се искази кои не се модално маркирани, односно не се маркирани по
епистемичката и/или деонтичката модалност, а нефактивните се модално маркирани
искази (Тополињска 2009: 52).

Во тесна врска со фактивноста е и категоријата прекажаност, чија основна


карактеристика е суспендираната фактивност. Според Тополињска, преку исказите со
суспендирана фактивност, говорителот се дистанцира од вистинитоста на пренесената
порака, односно не нуди гаранција за вистинитоста на пренесената порака.

48
3.4.2 ПРЕКАЖАНОСТ

Категоријата прекажаност, односно прекажување за првпат се споменува кај Конески,


како една од најважните особености која го дели минатото определено од минатото
неопределено време31. Општиот услов за да се развие категоријата на прекажаноста е
зачувувањето на аористот и на имперфектот наспрема перфектот (Конески, 1986:176;
Тополињска 2009: 48).

Самиот Конески нагласува дека оваа особина не се ограничува на односот меѓу МОВ и
МНВ, туку е присутна „подлабоко во целоста на системот“. Основна опозиција во оваа
категорија е опозицијата директно кажување/ прекажување. Под директно кажување се
подразбира пренесување на дејството како да сме очевидци, односно предавање на
дејството од „прва рака“. Директното кажување претполага одвивање на дејството во наше
присуство и при лично восприемање или пак такво претставување на дејството – како
сами да сме го восприемале“ (2004:463).

Прекажувањето на дејството претполага дејство кое лично не е восприемано, а ни е


соопштено од друг. За директното кажување, Конески вели дека е врзано со првото лице,
затоа што тоа само по себе подразбира учество во дејството што си го припишува
(2004:465), додека пак, прекажувањето најмалку се среќава со ова лице, иако има и случаи
кога станува збор за прекажување на она што други го рекле за нас.

Во однос на МОВ и МНВ, Конески истакнува дека формите на минатото определено


време се употребуваат исклучиво за директно кажување, а формите на минатото
неопределено време, иако пред сѐ се врзуваат со прекажувањето, можат да се
употребуваат и за директно кажување. На ова подетално ќе се задржиме во делот посветен
на МОВ и МНВ.

Друга опозиција која се врзува со категоријата прекажаност е опозицијата


засведоченост/ незасведоченост. Токму ова значење се провлекува низ описите на МОВ и
на МНВ во учебниците по македонски јазик како странски.

31
Конески не ја изделува како посебна категорија туку како важна особеност на МНВ (Конески, 2004:463)

49
За минатото определено време се смета дека е „маркирано како + засведочено“32, а за
минатото неопределено време се вели дека е „маркирано како +/- засведочен“33, и дека ова
34
„само по себе наметнува“ „минати незасведочени настани“ да се раскажуваат со
формите на МНВ.

Во поглед на ова, би рекле дека претставувањето на опозицијата засведоченост/


незасведоченост како дистинктивен признак за МОВ и МНВ може да доведе до забуна кај
изучувачите.

Во ГМЈ (Конески 2004) ваквата опозиција никаде не е експлицитно наведена како


дистинктивен признак помеѓу МОВ и МНВ, што според нас Конески оправдано ја
избегнува, претпочитајќи ја опозицијата директно кажување/ прекажување.

При описот на МОВ Конески (в. погоре) имплицитно наведува дека со тие форми
можат да се предаваат и незасведочени настани кои се навлезени во „кругот на нашето
знаење и опит“ и кои говорителот поради одредени причини сака да ги претстави како
факти, односно директно да ги пренесе. Исто така, и за формите на МНВ вели дека може
да се однесуваат на засведочени и на незасведочени настани.

Од тие причини Конески ги претпочита опозициите определеност/ неопределеност и


директно кажување/ прекажување, како порелевантни и посоодветни.

Врз основа на описот на Конески, иако тоа не е експлицитно наведено кај него, можеме
да констатираме дека прекажаноста како категорија е тесно сврзана со модалноста,
поконкретно со односот кон настанот што се соопштува, деиктичката сфера на
говорителот и изворот на информацијата.

Категориите модалност, фактивност и прекажаност во современите типолошки


проучувања се поврзуваат со уште една категорија, а тоа е категоријата евиденцијалност,

32
Гајдова 2011: 19
33
ibid
34
ibid

50
3.5 Категорија ЕВИДЕНЦИЈАЛНОСТ

Во литературата се забележува неусогласеност во однос на третманот на


евиденцијалноста. Едни ја сметаат како поткатегорија на модалноста (Тополињска 2007),
други ја сметаат како посебна категорија (Aikhenvald, Wiemer, Plungjan и др.), а трети пак
сметаат дека е „домен на рамковни значења“, односно „рамка, а не категорија“
(Козинцева, Макарцев и др.)

Евиденцијалноста се однесува на изворот на знаење (сознание), врз основа на кој


зборувачот (X) создава исказ (P) со кој соопштува за некоја ситуација (Plungjan 2001, De
Haan 2003, Aikhenvald 2004, Wiemer 2006, Тофоска 2011).

Во македонскиот јазик, евиденцијалноста се поврзува со упатување кон изворот на


информацијата, но е во тесна врска и со епистемичкиот став на зборувачот. Во
евиденцијално маркираните искази, честопати не е можно да се направи разграничување
на евиденцијалноста од епистемичката модалност (Петроска, Тофоска, 2012: 111).

Интересот за проучување на оваа граматичка категорија во одредени јазици се


пројавил многу одамна. Постојат истражувања на оваа тема кои датираат уште од 11 век,
но терминот евиденцијалност за првпат се воведува од страна на Ф. Боас (1911), во
неговите истражувања за индијанските јазици. Со актуелното значење што го има денес
терминот за првпат се среќава кај Јакобсон (1957). Јакобсон проучувајќи го овој
лингвистички феномен во балканските и во други јазици, вели:

Со терминот евиденцијалност се означува глаголската категорија која ги зема


предвид следните три настани:
- настанот што се соопштува,
- говорниот настан (говорниот чин, т.е. моментот на зборување); и
- изворот на информацијата, односно говорната ситуација која е наводен извор
за настанот што се соопштува.
Говорителот дава информација за: 1) настан врз основа на информација добиена од
некој друг (квотатив, информација од втора рака); 2) за сон (толкување на

51
информација); 3) претпоставка (информација врз база на пресумпција); или пак 4) за
некое свое лично искуство од минатото (информација врз основа на сеќавање). 35

Поаѓајќи од ставот дека развојот на прекажаното/ евиденцијалното значење не е толку


поврзан со изворот на информацијата за настанот колку што е поврзан со односот на
говорителот кон изворот на информацијата или кон самата информација, Аронсон
(1977) го редефинира значењето на Јакобсоновиот термин статус36, означувајќи го со
него односот на говорителот кон настанот што го соопштува37. Според Арносон и
Фридман, статусот е генеричката категорија која го означува ставот/односот на
говорителот кон соопштениот настан, а евиденцијалноста е значење, контекстуално или
инваријантно38.

Покрај категориите прекажаност и статус, во литературата се среќаваат и други


термини/ категории кои се поврзуваат со евиденцијалноста: медијатив,
имперцептивност, дистанца и др. Постоењето на повеќе називи за оваа категорија се
должи на фактот дека во различни јазици и во различни ситуации се пројавува со
различни семантички нијанси со заеднички именител: дистанцирање на говорителот од
пренесуваната порака, резерва во однос на вистинитоста на пораката39. Сепак, во
актуелните проучувања најзастапен е терминот евиденцијалост.

35
Jakobson, Shifters and verbal categories 1957:387-392 http://varenne.tc.columbia.edu/texts/jakbsromn90shifverb.pdf
(заб. преводот е мој).
*** заб. кај Минова-Ѓуркова (2000) се користат термините: настан за кој се зборува (narrated event),говорен
настан (speech event) и извор на информацијата за настанот за кој се зборува (narrated speech event).
36
Jakobson 1957
37
STATUS as the relationship of the participant of in the speech event to the narrated event (Friedman 2001:204)
38
сп. Friedman 1986:169
39
Хорас Лант (1952) во првата граматика на македонскиот јазик напишана на англиски го воведува терминот
дистанца, со кој се опфаќа значењето што денес го има терминот евиденцијалност. Сепак, за разлика од
денешното категоризирање на евиденцијалноста, Лант ја смета категоријата дистанца за аспектуална.

52
3.5.1 ВИДОВИ ЕВИДЕНЦИЈАЛНИ ЗНАЧЕЊА

Еден исказ се смета за маркиран по евиденцијалност, ако со него на некаков начин се


упатува кон изворот на сознанието за настанот што се соопштува (Петроска, Тофоска,
2012: 111, сп. De Haan 1999, Plungian 2001, Wiemer 2006). Во постојната литература
најчесто се изделуваат два вида евиденцијалност: директна и индиректна.

Според Тофоска (2011), доколку со исказот се укажува дека настанот што се соопштува
се одвивал во рамките на деиктичката сфера на зборувачот, односно доколку извор на
сознанието е личното, директно искусување и/или перципирање на ситуацијата, исказот се
смета за маркиран по директна евиденцијалност. Доколку пак, со исказот се сигнализира
дека изворот на сознанието не е директната перцепција на говорителот туку станува збор
за настан што се случил надвор од деиктичката сфера на говорителот, а за кого
говорителот дознал преку друг извор, исказот се смета за маркиран по индиректна
евиденцијалност (Тофоска 2011:41, Петроска, Тофоска, 2012: 111).

Индиректната евиденцијалност најчесто се дели на прекажана и инференциска. Во


исказите со прекажана евиденцијалност, зборувачот сигнализира дека информацијата
која ја соопштува, не е резултат на негово лично искуство, туку за неа дознал од друго
лице. Во тој случај извор на информацијата не е зборувачот, туку е исказот преку кој
зборувачот се информирал за таа ситуација (Plungian 2001, Тофоска 2008, Петроска,
Тофоска 2011, 2011, 2013). Во исказите со инференциска евиденцијалност изворот е
референтната ситуација според која се определува настанот.

Изворот на прекажаната информација може да биде: определен, конкретно именуван


и директен извор; определен но не конкретно именуван, т.е. непознат извор или
општоприфатено мислење (Тофоска 2013).

Евиденцијалноста на еден исказ може да се изрази преку лексички и граматички


показатели. Според актуелните проучувања, граматичките показатели на
евиденцијалноста се поделени на такви кои покажуваат потврденост (конфирмативност)
на настанот за кој се соопштува и на такви кои покажуваат непотврденост
(неконфирмативност) (Тофоска 2011: 42).

53
Со изборот на едните или на другите, зборувачот (метазборувачот) ја квалификува
валидноста на настанот што го соопштува (Friedman 1998, 2004; Петроска 2008; Тофоска
2011,). Според Аронсон и Фридман, основна опозиција за евиденцијалните значења е
токму опозицијата конфирмативност/ неконфирмативност, т.е. потврдителност/
непотврдителност (Фридман 1974, 2005, 2011). Тие сметаат дека опозициите
засведоченост/ незасведоченост и директно кажување/ прекажување, треба да бидат
заменети со опозицијата конфирмативност/ неконфирмативност (потврдителност/
непотврдителност), како посоодветна и посеопфатна (Friedman 1999, 1988, 2001).

Разните употреби на „евиденцијалите“ во балканските јазици, Фридман ги групира на


следниов начин:

А. КОНФИРМАТИВНО (ПОТВРДИТЕЛНО)
ЗАСВЕДОЧЕНО НЕЗАСВЕДОЧЕНО
 Потврдено од говорителот
 Потврдено од говорителот или од
адресантот (гномичнко, општо знаење,
безвременско значење и сл.)
Б. НЕКОНФИРМАТИВНО (НЕПОТВРДИТЕЛНО)
Felicitous (необележано) Infelicitous (обележано/ емоц. обоено)
 Неутрално, резултативно  Дубитативно (иронија, сарказам)
 Прекажано  Адмиративно (изненадување)
 Дедуктивно, инференцијално

Табела 3. Видови евиденцијални значења во балканските јазици40

Значењата прикажани во овој табеларен приказ не се подеднакво, односно целосно


застапени во сите балкански јазици. Систем што ги содржи сите значења од Табелата 2 е
А-систем. Фридман истакнува дека секој јазичен систем во кој е присутно маркирано
конфирмативно значење (т.е. кој ги содржи значењата наведени под точка А), се одликува
со присуство и на маркирано неконфирмативно значење (ги содржи и значењата наведени
под точка Б), но не и обратно. Кај системите коишто имаат маркирано неконфирмативно
не мора да постои маркирано конфирмативно значење. Системи коишто ги содржат само
значењата наведени под точка Б се Б-систем. Според ова, македонскиот јазик е А-систем
(Friedman 2004).
40
Friedman 2004:104 (Table 1. Types of meaning assumed under “evidential” for the Balkan languages)

54
Евиденцијалноста може да биде изразена преку лексички и граматички показатели
(Фридман, Тофоска, Петроска, Тополињска, Макарцев и др.). Во актуелните проучувања
на македонскиот јазик, како показатели на директната евиденцијалност се сметаат
парадигмите на минатото определено време, а како показатели на индиректна
евиденцијалност парадигмите на минатото неопределено време.

Во литературата показателите на евиденцијалноста се познати уште како


евиденцијали. Овој термин се користи кај Макарцев, кој за македонскиот41 јазик вели дека
е тринарен систем, бидејќи покрај директните и индиректните eвиденцијали разликува и
форми неутрални во поглед на тој признак. Според него, во македонскиот јазик личните
форми на глаголот може да укажуваат на: дистанцирање на говорителот во однос на
информацијата што ја соопштува; отсуство на дистанца во однос на информацијата што
се соопштува, т.е. информацијата е вклучена во личниот фонд на знаење на говорителот
или да бидат неутрални во поглед на тој признак42.

Во поглед на ова, нашиот став е дека во македонскиот јазик експонентот –л од


таканаречената л-форма може да се смета како граматички (морфолошки) показател на
евиденцијалноста во вистинска смисла на зборот. За парадигмите на МОВ и на МНВ
сметаме дека само поседуваат евиденцијална вредност, односно изразуваат евиденцијално
значење, но тоа не е нивната основна функција. Сепак, подетално на тоа ќе се задржиме
понатаму.

Во однос на македонските л-форми, Макарцев (2014) изделува седум основни


значења, и тоа: перфект, адмиратив, дубитатив, конклузив, констатација за
состојбата, оптатив и репортатив. Во врска со тоа, Макарцев (2014) истакнува дека во
науката за јазикот не постои единствен став. Некои лингвисти ги разгледуваат одделно,
други ги делат на групи, трети се обидуваат да најдат едно инваријатно значење, кое би ги
обединило сите форми. Така, Левин-Штајнман (кај Макарцев 2014) предлага сите значења
(од перфектот до репортативот) да се сведат под едно инваријантно значење
„констатација на состојбата“. З. Генчева (ibid) во однос на бугарскиот јазик го предлага
терминот „медијатив“, односно посредителност, термин што во француската граматика

41
Ова се однесува и на бугарскиот јазик
42
Макарцев 2014: 102

55
го воведува Ж. Лазар (ibid). Филдер (ibid), исто така, во однос на бугарскиот јазик,
предлага посебна прототипска категорија дистанцираност, чии носители се индиректните
и директните евиденцијали. Ставот на Филдер го споделува и Макарцев (2014), кој
истакнува дека оваа категорија за првпат се споменува во работата на Х. Лант во врска со
македонскиот јазик. За разлика од Лант, кој во однос на дистанцираните форми (л-
формите) во македонскиот јазик изделува две значења – перфектно и прекажано (в.
подолу), Макарцев смета дека сите останати значења би можеле да се вклопат во таа
шема, односно овде покрај перфектното и прекажаното (репортативно) значење би можеле
да се вклучат адмиративот, дубитативот, конклузивот. Сличен став има и Тополињска
(2007). Во прилог следува табела во која се прикажани значењата што ги изделува
Макарцев.

(Нова) информација која се разликува од информацијата што ја


AD(MIR) Адмиратив има говорителот (т.е. станува збор за нова информација, која е
неочекувана од страна на говорителот), и од тие причини,
говорителот се дистанцира од информацијата.
DUB Дубитатив Говорителот епистемички ја оценува информацијата како
неверодостојна (невистинита/лажна), и се дистанцира од неа.
Говорителот укажува дека до информацијата дошол
CONCL Конклузив индиректно, по пат на дедукција, и од тие причини се дистанцира
од неа.
Говорителот укажува дека помеѓу моментот на зборување и
PERF Перфект
настанот постои временска дистанца.
Говорителот укажува дека до информацијата дошол
REP Репортатив индиректно, некој друг му кажал, и од тие причини се дистанцира
од одговорноста за нејзината вистинитост.

Табела 4. Приказ на значењата на формите за дистанцираност според Макарцев43

Според Макарцев, со репортативноста се маркира дека информацијата што ја


соопштува говорителот е добиена од друг извор. Формите на репортативот имаат
одредена нијанса на дистанцирање, со нивно користење говорителот сака на еден начин да
се оттргне од каква и да е одговорност за точноста/ веродостојноста на кажаната
информација. Во семантиката на овие форми освен евиденцијалната компонента присутна
е и епистемичката. Како посебен вид на репортативот, Макарцев го изделува дубитативот
(познат како „засилен“ репортатив во буг. терминологија). Дубитативот се користи за да
се покаже дека говорителот пренесува информација, во која тој не верува, а која

43
2014:98

56
предизвикува кај него силна емоционална реакција. Во семантиката на оваа форма се
пресекуваат истовремено три категории: евиденцијалност, епистемичка модалност и
адмиративност. Конклузивот пренесува информации дека говорителот стигнал до
информацијата по пат на логично размислување врз основа на достапните факти
(Макарцев 2014:64). Во поглед на ова, сличен е ставот на Петроска и Фридман.

Категоријата евиденцијалност е актуелна тема во типолошките проучувања, а интересот


за неа зема сѐ поголем замав и во македонистиката. Актуелни се и проучувањата на
евиденцијалноста од аспект на нејзината манифестација на дискурсно рамниште, а покрај
граматичките показатели, за истражувачите предизвик претставуваат и лексичките
показатели, како и тесната поврзаност на евиденцијалноста со глаголите на зборување, т.н.
verba dicendi. На таа тема имаат пишувано Тополињска, Тофоска, Петроска, Фридман,
Макарцев, Филдер, Гајдова, Лаброска и многу др.

57
3.6 Категорија ДИСТАНЦА.

Поимот дистанца, како што споменавме погоре, го воведува Хорас Лант (1952) во
неговата граматика за македонскиот јазик - Grammar of the Macedonian Language, која
претставува прва граматика на современиот македонски јазик напишана на англиски.
Лант, во однос на глаголскиот систем на македонскиот јазик, изделува три вида
категории: категории кои го карактеризираат самиот настан/процес (аспект и време),
категории што се однесуваат на учесниците во настанот (род, број и лице) и категории кои
изразуваат одредена релација меѓу учесниците и настанот (залог и начин). Дистанцата ја
вбројува во првата категорија, или поконкретно во категоријата аспект. Лант разликува
два вида аспект. Според него, првиот аспект се манифестира преку опозицијата
терминативен/ нетерминативен (односно свршен/несвршен), и ги опфаќа сите глаголи, а
вториот аспект се однесува на самата глаголска форма и се изразува преку внатрешната
опозиција дистанцираност/ недистанцираност.

Со дистанцираниот аспект се укажува дека настанот на некој начин е дистанциран


или во време или во реалност, односно со него може да се означува дејство, кое почнало
во минатото (кое му претходи на моментот на зборување или на друг референтен момент,
дефиниран во контекстот), а кое на некој начин е релевантно за сегашноста, или кое
претставува резултат од некое минато дејство, или пак може да означува дека говорителот
сака да биде изземен од одговорноста за вистинитоста на исказот. Директниот аспект
пак, упатува на засведочено дејство или дејство прикажано реално (живо/сликовито).
Лант, при класификацијата на глаголскиот систем, поаѓа токму од оваа опозиција, вршејќи
поделба на глаголските форми на директни и дистанцирани форми (в. Прилог 3). Во
директни форми ги вбројува формите на сегашното, имперфектот и аористот, а за
дистанцирани форми ги смета л-формите44.

За дистанцираните форми вели дека историски потекнуваат од партиципот, кој


означувал „состојба настаната како резултат на претходно дејство“. Ова значење го
задржале, но само како контекстуално зависно во однос на основното значење

44
Во секоја од наведените форми, се вклучени и формите образувани со честиците да , ако, нека и ќе (пр.
да+презент; да+имперфект и сл). Лант не смета дека конструкцијата„ќе+сегашно време“ е посебно време,
т.е. не го издвојува идното време како време со посебна парадигма .

58
„дистанцираност“. Функцијата на помошниот глагол „сум“ во овие форми е да ја
идентификува личноста, со тоа што само првото и второто лице се идентификуваат, а
третото се подразбира без посебно маркирање, помошниот глагол не се користи. Во однос
на формите образувани со –н/-т партицип и има-конструкциите забележува дека
разликуваат и директни и дистанцирани форми. Лант, исто така, предочува дека
категоријата дистанцираност честопати се користи од страна на писателите како средство
за постигнување одреден ефект, на пример во народните приказни најчесто се среќаваат
дистанцираните форми, но одвреме-навреме се користат и директни форми со цел да се
претстави дејството поживо. За повеќе информации за евиденцијалните стратегии што се
користат во народните приказни и раскажувања упатуваме на Фридман (2004) и Петроска
(2006, 2011).

Во современите проучувања се актуализира значењето на поимот/категоријата


дистанца, но не како аспектуална категорија туку како модална. Дистанцирањето на
авторот на исказот од содржината на исказот кој го пренесува (Тополињска 2009) може да
се должи на различни причини, но секако го изразува субјективниот став или потреба на
метазборувачот да го покаже тоа (Тофоска 2011: 43).

Тополињска, базирајќи се на Фридман и на Лант, ја реактуализира категоријата


дистанца под името нонконфирматив, која, како што вели таа, се состои од две основни
семантички варијанти - евиденцијална и адмиративна - кои се изразуваат со исти
формални показатели.

Основното значење на евиденцијалната варијанта е суспензија на фактивноста, и ова


значење доаѓа до израз кога говорителот пренесува информација од „втора рака“ и не сака
да земе одговорност за нејзината вистинитост. Со адмиративната варијанта се изразува
недоверба во однос на штотуку здобиената фактивна информација (Тополињска 2007: 59).
За оваа варијанта, Тополињска вели дека е субјективно мотивирана, „говорителот според
своите лични субјективни искуства оценува нешто како малку веројатно.

Конструкциите опфатени со оваа категорија се обележани како [-] евиденцијални и/или


[+] адмиративни, границата меѓу нив не е секогаш остра и нивни заеднички именител е
авторското дистанцирање од содржината на пренесуваната порака (ibid).

59
Тоа дистанцирање, како што подвлекува Тополињска, може да биде временско
дистанцирање и/или сомнеж околу вистинитоста на пораката, или чисто емоционална
потреба да се изрази недоверба во инаку потврдената фактичка состојба.

Тополињска, покрај терминот нон-конфирматив го користи и Лантовиот термин


дистанца/дистанцираност, проширувајќи го неговото значење со адмиративна компонента.

За основен показател на нон-конфирмативот, Тополињска го смета esse-перфектот


(т.е. конструкциите сум+л-форма, во кои таа го вклучува и минатото неопределено време
sensu stricto45).

Во овој дел дадовме преглед на повеќето категории релевантни за МОВ и МНВ. Во


следниот дел ќе се задржиме на формите и на функциите на МОВ и на МНВ.

45
Тополињска не се согласува со традиционалната терминологија и минатото неопределено време го смета
како една од функционалните варијанти на esse-перфектот.

60
4. МИНАТОТО ОПРЕДЕЛЕНО И МИНАТОТО НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ФОРМА И ФУНКЦИЈА.

Минатото определено и минатото неопределено време македонскиот јазик ги


наследил од старословенскиот јазик.

За разлика од повеќето словенски јазици, каде што минатото неопределено време


речиси целосно ја потиснало употребата на минатото определено време, со што добило
статус на „универзално минато време (претерит)“46, во македонскиот јазик се зачувале и
двете времиња, дополнително развивајќи нови модално-темпорални значења.

Во македонистиката сѐ уште се актуелни расправите во однос на значењата и


употребата на овие времиња и разликата меѓу нив.

Овој дел ќе го посветиме на наведените времиња, анализирајќи ги од формален и од


функционален аспект.

Со оглед на тоа што фокусот ни е свртен кон разликата помеѓу МОВ и МНВ, а
разликата помеѓу минатото определено свршено (МОСВ/ аорист) и минатото определено
несвршено време (МОНВ/имперфект) ја сметаме само како аспектуална47, МОВ ќе го
третираме како една категорија. Единствено при описот на формите ќе се осврнеме на
парадигмите на свршеното и на несвршеното време на МОВ и на МНВ.

46
Тофоска 2011
47
Фридман 1974: 205

61
4.1 ПРИКАЗ НА ПАРАДИГМИТЕ НА МОВ И НА МНВ

Парадигмите на минатото определено и минатото неопределено време се разликуваат


на формален план во однос на начинот на образување. МОВ е просто, синтетско време,
кое се образува со додавање/ прилепување наставки на основниот дел на глаголот, додека
пак, МНВ е сложено, аналитичко време кое се состои од две компоненти: помошниот
глагол СУМ во сегашно време и минатиот активен партицип, или т.н. л-форма.

4.1.1 Приказ на парадигмите на МОВ

Формите на МОВ се лични глаголски форми кои во себе содржат информација за


настан48, односно за дејството, неговото лоцирање на временската оска и за неговиот
вршител, односно трпител (пр. НАПРАВИ-В-МЕ). Двете парадигми на минатото
определено време (минатото определено свршено, т.н. аорист и минатото определено
несвршено, т.н. имперфект), на формален план се разликуваат во однос на наставките за
второ и трето лице еднина и во однос на основниот вокал.

Минато определено свршено време (МОСВ) во второ и трето лице еднина завршува на
нулта морфема, односно по основниот вокал не се додава наставка, додека минатото
определено несвршено време (МОНВ) во второ и трето лице еднина добива наставка –
ше.

еднина множина
МОСВ МОНВ МОСВ МОНВ
аорист имперфект аорист имперфект
1 л. -в 1 л. –в 1 л. -вме 1 л. -вме
2 л. -Ø 2 л. –ше 2 л. -вте 2 л. -вте
3 л. -Ø 3 л. –ше 3 л. -а/-ја 3 л. -а/-ја

Табела 5. Морфолошки показатели на МОСВ и на МОНВ (паралела)

48
sensu lato

62
4.1.1.1 Образување на минато определено свршено време (МОСВ)
Во однос на учебниците по македонски јазик како странски, наjисцрпен преглед на
граматичките содржини, воопшто, се дава во учебникот Macedonian – a course for
beginning and intermediate students (Kramer, Mitkovska 2011). Овде детално се опфатени
сите правила и исклучоци во однос на образувањето на парадигмите и нивните функции и
употреба. Како што забележуваат и авторките на овој учебник, образувањето на минатото
определено свршено време - аористот не е сложено, но проблематични за изучувачите се
гласовните промени во коренот на глаголот (промената на основниот вокал и некои други
консонантски алтернации). Кај ова време се јавуваат најмногу основни вокали: а, е, и, и о,
освен тоа кај одредени глаголи се испушта основниот вокал и наставките се придаваат
директно на општиот дел (Ø-морфема) (Конески 2004: 420).

Покрај основната поделба на глаголите во три групи (а-група, и-група и е-група), се


врши и дополнителна поделба во раздели. Кај глаголите од а-група, основниот вокал се
запазува и нема понатамошна поделба на раздели.

а-група
ПРОЧИТА
еднина множина
1л. прочит-а-в 1л. прочит-а-в-ме
2л. прочит-а 2л. прочит-а-в-те
3л. прочит-а 3л. прочит-а-а

Табела 6. Менување на глагол од а-група во МОСВ

Кај глаголите од и-група има три раздела: и-раздел, е-раздел и а-раздел, а глаголите
види и (по)седи се исклучок и се однесуваат исто како глаголите од е-група о-раздел.
Најголем број глаголи од и-група спаѓаат во и-раздел, односно не го менуваат основниот
вокал (пр. направи, износи, скрши и др.).

и-група: и-раздел
НАПРАВИ
еднина множина
1л. направ-и-в 1л. направ-и-в-ме
2л. направ-и 2л. направ-и-в-те
3л. направ-и 3л. направ-и-а

Табела 7. Менување на глагол од и-група, и-раздел во МОСВ

63
Дел од глаголите коишто имаат значење „стане некаков“ (пр. остари, оглуви, оздрави),
се од е-раздел. Овие глаголи се сврзуваат по значење со глаголите изведени со наставката
–ее (остари – остарее), кои употребени со ова значење се непреодни (Конески 2004: 405).

и-група: е-раздел
ОСТАРИ
еднина множина
1л. остар-е-в 1л. остар-е-в-ме
2л. остар-е 2л. остар-е-в-те
3л. остар-е 3л. остар е-а

Табела 8. Менување на глагол од и-група, е-раздел во МОСВ

Од а-раздел (и-група) се глаголите што имаат завршок на –ои или кои имаат палатален
консонант ж пред основниот вокал и (пр. забележи, издржи). Кај глаголите коишто
завршуваат на –ои, во формите за аорист помеѓу -о и основниот вокал –а се пишува ј. Кај
некои глаголи што завршуваат на –ои се јавува колебање во однос на разделот (пр.
обележи – обележав/ обележив), а некои спаѓаат само во –и раздел (пр. усвои – усвоив).
и-група: а-раздел
ИЗБРОИ ИЗДРЖИ
еднина множина еднина множина
1л. избро-ј-а-в 1л. избро-ј-а-в-ме 1л. издрж-а-в 1л. издрж-а-в-ме

2л. избро-ј-а 2л. избро-ј-а-в-те 2л. издрж-а 2л. издрж-а-в-те

3л. избро-ј-а 3л. избро-ј-а-а 3л. издрж-а 3л. издрж-а-а

Табела 9. Менување на глагол од и-група, а-раздел во МОСВ

Глаголите види и (по)седи се однесуваат како глаголите од е-група, о-раздел. За


разлика од глаголите од е-група, коишто во 2 л. и 3 л. се истоветни со презентската форма
за 3 л. едн., во овој случај вокалот –и се менува во –е. Со оглед на тоа што во оваа група
влегуваат само два глагола, се сметаат само како посебен случај (исклучок).
и-група: о-раздел**
ВИДИ
еднина множина
1л. вид-о-в 1л. вид-о-в-ме
2л. виде 2л. вид-о-в-те
3л. виде 3л. вид-о-а

Табела 10. Менување на глагол од и-група, о-раздел во МОСВ

64
Најкомплексно е образувањето на глаголите од е-група. Кај овие глаголи разликуваме
4 подгрупи (раздели), и тоа: а-раздел, е-раздел, о-раздел и Ø-раздел (нулти раздел, односно
без раздел). Најголем број глаголи од оваа група се од а-раздел. Овде влегуваат глаголите
коишто завршуваат на –не (седне, стане, почне), глаголите што завршуваат на –ере, и
неколку глаголи што завршуваат на –ие, како на пример глаголот заспие. Кај глаголите
што завршуваат на –не, само се испушта основниот вокал –е, се заменува со –а (во сите
лица) и се додаваат наставките за минато определено свршено време. Кај глаголите на –
ере, како што се разбере, избере и др., покрај промената на основниот вокал, се испушта и
коренскиот вокал –е (разбере – разбрав). Слична е и ситуацијата со глаголот заспие, каде
што се испушта коренскиот вокал –и (заспие – заспав).

е-група: а-раздел
СЕДНЕ РАЗБЕРЕ ЗАСПИЕ
еднина множина еднина множина еднина множина
1л. седн-а-в 1л. седн-а-в-ме 1л. разбр-а-в 1л. разбр-а-в-ме 1л. засп-а-в 1л. засп -а-в-ме
2л. седн-а 2л. седн-а-в-те 2л. разбр-а 2л. разбр-а-в-те 2л. засп -а 2л. засп -а-в-те
3л. седн-а 3л. седн-а-а 3л. разбр-а 3л. разбр- а-а 3л. засп -а 3л. засп - а-а

Табела 11. Менување на глагол од е-група, а-раздел во МОСВ

Мал број глаголи од оваа група се од е-раздел. Тука влегуваат глаголите што
завршуваат на –ре (пр. допре, умре, навре, наѕре и др.).

е-група: е-раздел
ДОПРЕ
еднина множина
1л. допр-е-в 1л. допр-е-в-ме
2л. допр-е 2л. допр-е-в-те
3л. допр-е 3л. допр-е-а

Табела 11. Менување на глагол од е-група, е-раздел во МОСВ

65
Глаголите од е-група што имаат општ дел на –т-, -д-, на –ч-, -ж-, -з-, или на -(н)есе, го
менуваат основниот вокал –е во –о, освен во 2 л. и 3 л. еднина. Покрај промената на
основниот вокал, во општиот дел од глаголите на -ч, -ж, -з, -ч преминува во –к, а -ж и –з
во –г. Во 2 л и 3 л. еднина формата си останува иста како презентската основа. Не
настанува промена ниту на основниот вокал, ниту на крајните консонанти од општиот дел.

е-група: о-раздел
ОТИДЕ РЕЧЕ (Ч -> К) ВЛЕЗЕ (З -> Г)
еднина множина еднина множина еднина множина

1л. отид-о-в 1л. отид-о-в-ме 1л. рек-о-в 1л. рек-о-в-ме 1л. влег-о-в 1л. влег-о-в-ме
2л. отид-е 2л. отид-о-в-те 2л. реч-е 2л. рек-о-вте 2л. влег-е 2л. влег-о-в-те
3л. отид-е 3л. отид-о-а 3л. реч-е 3л. рек-о-а 3л. влег-е 3л. влег- о-а

Табела 12. Менување на глагол од е-група, о-раздел во МОСВ

Во нултиот раздел, односно разделот без вокал, влегуваат глаголите што завршуваат
на –ие, -уе (пр. испие, добие, чуе и др.). Во овој случај се испушта основниот вокал и
наставките за минато определено свршено време се додаваат директно на основата.

е-група: Ø-раздел

ИСПИЕ ЧУЕ

еднина множина еднина множина


1л. испи-в 1л. испи-в-ме 1л. чу-в 1л. чу-в-ме
2л. испи 2л. испи-в-те 2л. чу 2л. чу-вте
3л. испи 3л. испи-ј-а 3л. чу 3л. чу-а

Табела 13. Менување на глагол од е-група, Ø--раздел во МОСВ

Одречните форми се образуваат со честичката за негација не, која се наоѓа пред


глаголската форма (не заспав) и се пишува одвоено.

Помеѓу негацијата и глаголот можат да стојат само кратките заменски форми, кои
секогаш се наоѓаат пред глаголската форма, и тоа прво се употребува кратката заменска
форма за индиректен предмет, па кратката заменска форма за директен предмет (му го
покажа патот; не ми го кажа тоа).

66
За подетални информации за образувањето на аористот и на видските форми, покрај
учебиците и граматиките, како корисно помагало би го навеле и прирачникот Преглед на
видските форми на почестите глаголи во македонскиот јазик49, во издание на
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

49
Велјановска, К. и др. (2007): Преглед на видските форми на почестите глаголи во македонскиот јазик –
монографско издание (во коавторство со А. Дучевска, С. Тофоска и Л. Танушевска), Универзитет „Св. Кирил
и Методиј”, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје 2007

67
4.1.1.2 Образување на минато определено несвршено време (МОНВ)

Наставките за минатото определено несвршено време (МОНВ- имперфект), како што


кажавме, се слични со наставките за минатото определено свршено време, со тоа што за
разлика од МОСВ каде што отсуствуваат наставки во 2 л. и 3 л. еднина, во минатото
определено несвршено време се користи наставката –ше и за 2л и за 3л. еднина.

За разлика од другите времиња, каде што често има исклучоци, како што видовме кај
МОСВ, кај ова време единствен исклучок се формите на глаголот сум.

СУМ
еднина множина
1 л. бев 1 л. бевме
2 л. беше 2 л. бевте
3 л. беше 3 л. беа

Табела 14. Менување на глаголот СУМ во МОНВ

Во сите други случаи, наставките се додаваат директно на основниот вокал, со тоа


што кај глаголите од и-група основниот вокал –и се менува во –е (во сите лица).

а-група е-група и-група


ЧИТА ЈАДЕ ОДИ
еднина множина еднина множина еднина множина
1л. чита-в 1л. чита-вме 1л. јаде-в 1л. јаде-вме 1л. оде-в 1л. оде-вме

2л. чита-ше 2л. чита-вте 2л. јаде-ше 2л. јаде-вте 2л. оде-ше 2л. оде-вте

3л. чита-ше 3л. чита-а 3л. јадеше 3л. јаде-а 3л. оде-ше 3л. оде-а

Табела 15. Менување на глаголи од трите групи во МОНВ

68
За разлика од МОСВ (аорист), кое во денешно време речиси исклучиво се образува од
свршени глаголи50, како што споменавме погоре, форми на МОНВ (имперфект) освен од
несвршени глаголи се образуваат и од свршени глаголи, тоа се т.н. форми на перфективен
имперфект. Формите на перфективниот имперфект претставуваат несамостојни форми и
можат да се употребуваат само во комбинација со честиците ако, да и ќе.

Поклопувањето на наставките на аористот и имперфектот, освен во 2 л. и 3 л. еднина,


и големиот број промени во однос на основниот вокал, како и појавата на консонантски
алтернации во одредени случаи го отежнува усвојувањето на овие форми кај изучувачите
на македонскиот јазик како странски. Во Прилог 4, направена е паралела помеѓу форми од
свршени глаголи во МОСВ (аорист) и МОНВ (имперфект), која ја покажува
комплексноста на парадигмите и нивното делумно или целосно поклопување.

50
Барем во стандардниот јазик, во дијалектите сепак се среќава и имперфективен аорист (аорист од
несвршени глаголи), но тоа не е предмет на интерес на овој труд

69
4.1.2 Приказ на парадигмите на МНВ

За разлика од формите на МОВ, формите на МНВ се перифрастични форми составени


од помошен глагол – глаголот ‘сум’ и од нелична глаголска форма - глаголската л-форма
(минат партицип), чиј род и број зависи од субјектот. Помошниот глагол ‘сум’, во однос
на л-формата, е секогаш во проклиза, нивната врска е неразделна, постојана (Спасовска,
2015). Ваквата цврста конструкција може да се разбие единствено со кратките заменски
форми – прво за индиректен, па за директен објект (сум ја видел, си го прочитал, сум му ја
зел) (ibid). Негацијата се прави со посредство на честичката не, која е во позиција пред
помошниот глагол ‘сум’.

Во стандардниот македонски јазик, во трето лице еднина и множина не се употребува


помошниот глагол ‘сум’ (пр. гледал телевизија/ вежбале математика). Во тој случај
помеѓу негацијата и л-формата, можат да стојат само кратките заменски форми - прво за
индиректен, па за директен објект (пр. не му ја дал книгата).

Л-формите можат да се образуваат од свршени и од несвршени глаголи, или поточно


се образуваат од формите за 1л. еднина на минатото определено свршено и несвршено
време, со отфрлање на наставката –в и додавање на наставките: -л (за машки род), -ла (за
женски род), -ло (за среден род) и –ле (за множина). Л-формите образувани од
перфективен имперфект, односно од форми на минато определено несвршено време
образувани од свршени глаголи, се несамостојни форми и можат да се употребуваат само
со партикулите да, ако и ќе.

Во Прилог 5 се дадени табели, преземени од учебникот Macedonian – a course for


beginning and intermediate students (Kramer, Mitkovska 2011), каде што е прикажан начинот
на образување на л-формите.

Во зависност од тоа дали е образувано од свршена или од несвршена л-форма, МНВ се


дели на минато неопределено свршено (МНСВ) и минато неопределено несвршено време
(МННВ). Формите на минатото неопределено време образувани од глаголи свршени по
вид не се употребуваат самостојно, туку само со честиците ако, да, ќе кои внесуваат
дополнително модално значење (пр. ќе паднел; ако паднел; да паднел).

70
МНСВ МННВ
ПАДНЕPF ПАЃАIMPF ПАДНЕPF
еднина множина еднина множина еднина множина
1л. сум паднал сме паднале сум паѓал сме паѓале (да) сум паднел (да) сме паднеле

2л. си паднал сте паднале си паѓал сте паѓале (да) си паднел (да) сте паднеле

3л. паднал паднале паѓал паѓале (да) паднел (да) паднеле

Табела 16. Менување на глаголи во МНСВ и МННВ

Резултатите од истражувањето ќе ни покажат какви грешки се јавуваат кај изучувачите


на македонскиот како странски во однос на формата на МНВ.

71
4.2 ЗНАЧЕЊАТА И ФУНКЦИИТЕ НА МИНАТОТО ОПРЕДЕЛЕНО И
МИНАТОТО НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

4.2.1 Опис на значењата и функциите на МОВ и на МНВ во актуелните проучувања


на македонскиот јазик

Значењата и употребата на овие времиња посебно, најдетално се разработени во


Граматиката на македонскиот јазик (ГМЈ) од Конески (1952, 1967, 1982, 2004), и токму
овој опис претставува и основа за сите други современи лингвистички проучувања. Во
овој дел ќе претставиме неколку гледишта во однос на функционалната употреба на МОВ
и на МНВ, а потоа ќе дадеме и свое видување. Најнапред ќе почнеме со описот на
Конески.

Според Конески, минатото определено и минатото неопределено време главно се


разликуваат во однос на две карактеристики, и тоа: 1) создавањето претстава за
временска однесеност на дејството51 (опозиција: определено/ неопределено); и 2)
начинот на соопштување на дејството (опозиција: директно соопштување/
прекажување).

За минатото определено време (МОВ), Конески вели дека, за разлика од минатото


неопределено време (МНВ), побудува претстава за временската однесеност на тоа дејство,
„самата форма (...) просто нагони, подбудува да го замислуваме моментот на
извршувањето, просто претполага и некакво странично временско дополнение“52, додека
пак, минатото неопределено време го поврзува со „дејство извршено во минатото, и за
кое во моментов соопштуваме како за факт, без да се содржи во глаголската форма
само по себе некаква претстава за сооднесување со еден момент или временски отсек во
минатото“53.

Опозицијата определеност/неопределеност, како што забележува Конески,


понекогаш се користи и како обележје на дејството директно посматрано и како такво
предадено наспрема дејството предадено како прекажано. Сепак, според него,

51
присуството/отсуството на темпорална референца
52
Конески, ГМЈ 2004:462
53
Ibid

72
определеноста и неопределеноста треба да се земат како ознаки за временската однесеност
на времињата, а не за начинот на предавање на дејството.

Самиот тој забележува дека, од аспект на оваа опозиција, границата меѓу овие две
времиња во одредени случаи е нејасна/ замаглена, односно во јазичната реализација
формите на МНВ можат да се сретнат и со временска определба (пр. Сум ти кажал
еднаш, се сеќаваш, кога бевме заедно на вечера, и сега пак ќе ти кажам vs. Tи кажав
еднаш, се сеќаваш, кога бевме заедно на вечера, и сега пак ќе ти кажам; Сум станал
ноќеска во еден, сум зел лепче, сум му дал да јаде, да така одвај да се заплати vs. Станав
ноќеска во еден, зедов лепче, му дадов да јаде, да така одвај да се заплати54). Според
Конески, во овој случај станува збор само за стилска разлика. Сепак, останува отворено
прашањето дали во наведените случаи покрај стилската има и значенска разлика.

Според нашите размислувања, и во случај кога МНВ се употребува со временски


определби, постои семантичка, а не само стилска разлика. Формите на МНВ сами по себе,
поради двојната ориентираност на временски план, се неопределени. Како што
споменавме погоре, со нив паралелно се изразуваат две временски релации, и тоа:
релација помеѓу моментот на зборување (S) и референтното време (R) и релација
помеѓу тоа референтно време (R) и времето на одвивање на настанот за кој се
соопштува (E). Овие релации се присутни и во случај кога формите на МНВ ќе се најдат
во исказ со временски определби. Временските определби го лоцираат настанот (E) на
временската оска во однос на референтното време кое се поклопува со моментот на
зборување55, но самите форми на МНВ остануваат условно речено „неопределени“ поради
нивната двојна ориентираност.

Другата особеност која Конески ја наведува како дистинктивна за минатото


определено и минатото неопределено време е прекажаноста. Конески разликува
директно кажување од прекажување. Директното кажување за Конески претставува
директно пренесување на настанот (или на информација за тој настан), при што
говорителот се става во улога на извор на таа информација, независно дали до неа дошол
по пат на сведоштво или не или пак дошол по пат на дедукција. Прекажувањето

54
Примерите се земени од Граматиката на македонскиот јазик, Конески (2004:462)
55
Според нас, помошниот глагол СУМ ја сигнализира истовременоста на R и S

73
претставува пренесување на информација кажана од друго лице (информација од друг
извор). Всушност од описот би можеле да заклучиме дека Конески го поврзува
прекажувањето со предавањето на туѓи зборови. Oд аспект на генеративната семантика, на
длабинско рамниште директното кажување според ова би можело да се претстави како
Јас, говорителот, кажувам дека (P), а во длабинската структура на прекажувањето би ја
имале синтагмата (X) кажува дека( P)56, односно (јас кажувам дека) (X) кажува дека (P).

Во однос на ова, Конески вели дека МОВ се користи исклучиво за директно


пренесување на дејството, или, како што потенцира тој, формите на МОВ „секогаш
претполагаат одвивање на дејството во наше присуство или при лично восприемање“, но
се користат и „при претставување на дејството како сами да сме го восприемале“. Од
ова впрочем би можеле да изделиме три употреби на МОВ: за директно пренесување на
засведочени настани; на лично искусени (восприемани) настани и на настани што не сме
ги засведочиле лично (незасведочени настани), но сме ги прифатиле како факти и како
такви сакаме да ги пренесеме.

Во однос на МНВ, како што вели Конески, најчесто му се припишува функцијата за


прекажување на дејството. Сепак, самиот тој подвлекува дека во одредени случаи МНВ
се користи и за директно кажување на дејството (за предавање на дејството од „прва
рака“).

Во ГМЈ детално се опишани ситуациите во кои се употребува МНВ за директно


кажување и за прекажување, при што секоја употреба е проследена со примери57.

Употребата на МНВ за директно кажување на дејството Конески ја поврзува со


првото лице, што е, како што и самиот тој вели, логично, затоа што од самата говорна
ситуација се подразбира дека станува збор за дејство што говорителот си го припишува
себеси. Кај другите две лица, ваквата употреба се јавува поретко и во случај кога дејството
на некој начин е поврзано со првото лице; спаѓа во кругот на неговото знаење и опит, па
како такво се предава како лично засведочено (пр. Не си бил одамна кај мене.). Во ваквите

56
Фридман (1974) според структурата на длабинското рамниште ги разграничува употребите на МОВ и на
МНВ, со тоа што кај МОВ во длабинската структура стои конфирмативниот исказ „Јас потврдувам дека P“,
а во длабинската структура на МНВ „Јас тврдам дека...“
57
(2004:459-481)

74
случаи, односно при употребата на МНВ за директно кажување до израз доаѓа и
временската неопределеност на дејството, т.е. дистанцирањето (изолирањето) на
дејството од временската рамка.

Во однос на употребата на МНВ за директно кажување, Конески во ГМЈ издвојува


следните случаи:

 изразување дејства од кругот на знаењето и опитот на говорителот, и тоа:


а. лично восприемано дејство, т.е. дејство кое говорителот си го припишува
себеси (Ти сам знаеш дека јас сум ја работел земјата.)
б. дејството коешто на некој начин говорителот „засведочил“, или кое сака да го
предаде директно, како да е засведочено (Не си бил одамна кај нив (јас лично знам) /
Ми рекол и друг пат и знае што му одговорив.)
в. дејство коешто говорителот самиот го извршил, но го претставува како да е
извршено од некој друг, односно зборува за себе во второ или во трето лице (Ех, будало
моја, си трпела, си трпела и уште ќе трпиш. / Нека сте вие само здрави и живи и
работава ваша побрзо да се расчисти, да можете да се приберете заедно, та за тоа,
баба Анча кај поминала досега и отсега. (баба Анча за себе)).58
Во однос на ова, Конески (2004: 466) вели дека примерите од овој тип без некаква
особена смисловна разлика можат да се заменат со формите на соодветното минато
определено време, но има и случаи каде што таа замена би се почувствувала или
необична, или поосетно би ја изменила значенската страна. Во тој случај, Конески вели
дека доаѓа до израз даденоста на дејството, а не неговата временска сврзаност.

 констатација на некоја состојба од страна на првото лице:

а. кога првото лице е логички сведок на дејството или кога само по себе е
очигледно дека некое дејство се случило, па говорителот го соопштува како очевидец,
на пример Многу си се научил да заповедуваш / Ни кога била малечка не се радувала
толку... / Ти си го скршил тоа – и некој друг!;

58
Конески (2004:469)

75
б. врз основа на резултат кој е видлив и во сегашноста, говорителот директно
изнесува заклучок за дејство што претходно станало. Ваквата констатација обично е
проследена со посилен или послаб степен на изненадување, па и чудење, од резултатот
на дејството (А, аџијата не сум го видел година комај. Колку се изменил! / А ти не си
дома! Си излегла без прашање!; Ти си бил маж! / Тој многу пиел, бре! (силно изразен
елемент на чудење; емоционална боја на реченицата));

в. кога некое дејство кое самиот говорител го извршил или бил засегнат од него
се случило надвор од неговото внимание, а говорителот станува свесен за него за
неговите последици дури во моментот на соопштување (Така, така сум заспал. / Сме ја
оставиле вратата отворена.);

г. претпоставка за минато дејство: говорителот претпоставува дека некое


дејство (веќе) се случило (Иди, види, можеби се вратил./ Им дошло сигурно до носот...).

Во однос на употребата на МНВ за констатации, Конески (2004: 470) вели дека


директно кажување имаме кога „констатацијата произлегува од првото лице“, а „ако се
констатира нешто од второто или од третото лице – со самото тоа се носи белегот на
прекажаноста“. Границата помеѓу кажувањето и прекажувањето е „танка“.

Други значења на формите на МНВ се: вонвременска употреба, безразличност, нијанса на


заповед, значење на идност и сл.

Во однос на горенаведените ситуации, можеме да заклучиме дека директното


кажување Конески не го поврзува толку со засведоченоста, туку со говорителот кој сака
да ја пренесе информацијата од „прва рака“, односно како директен извор на
информацијата.

Во однос на употребата на формите на МНВ за „дејство што ни е кажано од други“,


Конески истакнува дека „овој случај најретко се среќава во врска со првото лице, бидејќи
тоа најчесто соопштува за дејството што самото го вршело“, додека пак најчесто се
среќава со формите во трето лице (Знаеш ли што сториле Битола? Лебец нема, некакви
купони давале, но лебец слабо. / Седела, лежела, велат негде по солунските меки
постели, јала слатко и благо...).

76
Значење на прекажаност кај првото лице се среќава во случај кога изнесуваме што
рекле други за нас. Притоа се јавуваат два случаја. Во првиот случај го пренесуваме
дејството онака како што ни е кажано, без притоа да изразуваме некаков став во однос на
кажаното.

пр. Ми кажувала мајка ми – кога сум бил мал, сум паднал еднаш од чардак.

Вториот случај е кога она што некој го кажал за нас, го одбиваме, односно заземаме
ироничен или цинечен став кон кажаното (пр. Јас сум ги зел парите! – Ние сме трчале по
него, како не!)

Ваков однос кон нечие туѓо искажување говорителот може да заземе и кон одредена
информација кажана за друго лице, односно за соговорникот или за некој друг (Ти не си
му споможил! (Како може да тврди такво нешто?!)).

Конески, исто така, предочува дека „формите за МНВ ја распространуваат својата


служба за прекажување и на сегашното, па преку него во извесни случаи и на идното
време59“, односно дека „формите за МНВ во употреба за прекажување не им се
противставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат
и за прекажување на дејства што во директно кажување идат во сегашно време. За ваквото
прекажување тој вели дека е сосема обичен случај кога изнесуваме некое општо верување
(вонвременско значење), на пример, ако кажеме На коњ да јаваш на сон, покажувало
добив и исто така наведува дека во ваква општа употреба на формите за прекажување,
може да се сети и претстава за идност, на пример: чунки си му го земал сонот.

Конески ја разгледува и употребата на формите за МНВ во прашални реченици. Во


овој случај, најчесто станува збор за прекажаност, со помош на формите на МНВ на некој
начин го изнесуваме туѓото прашање или кога изненадени од информацијата која што ја
дознаваме, го повторуваме кажаното во вид на прашање: Девојката веќе ни стасала...
Како стасала?.

59
Овде нагласува дека постојат и посебни форми за прекажување на идното време, но во случајов не се
предмет на интерес

77
Во прашањата исклучена е можноста за употреба на МНВ за директно кажување, но
постојат ситуации во кои не можеме да кажеме ниту дека станува збор за прекажување: А
Панда дали си ја видел? Оди ли уште оној мрсникот?... Кажуј нешто, што си занемел?.

Во однос на овие примери, Конески вели дека впрочем има два аспекта на прашањата.
„Од една страна, со составите ‘дали си ја видел, оди ли’ – прашаме за дејства за кои допрва
треба да узнаеме дали станале; од друга страна, во составот ‘што си занемел’ – прашаме
само за причината (во други случаи и за друго нешто) на едно дејство што ние самите го
констатираме, имаме значи засведоченост на дејството“ (2004: 476). Во одредени случаи
пак, имаме случај на констатација обрната во прашање Ти си видел ли лошо од мене?

Кога станува збор за одговорите на прашањата со МНВ, Конески вели дека „обично,
како по созвучје, привлекува(ат) и одговор“ во тоа време: Ама си дошла ли ти овде да се
караш, да речам? – Ти кажав јас зошто сум дошла: имам да зборувам со Ленче.

Како изрази без значење на прекажаност, Конески ги наведува и изразите што значат
пожелба и уште почесто клетва: Дал ти Господ добро! – Вошки те изеле! – Ветрот те
завеал! – А?... Акнал та пукнал! – Што? ... Штокнал па пукнал! – Бабо!... Бапка те
набабрила! – Си отидоа, оган ги изгорел!

Во продолжение следи приказ во кој се изделени значењата и признаците за МОВ и


МНВ според описот на Конески. Од приказот можеме да видиме дека постои поклопување
на одредени признаци на МОВ и на МНВ.

78
ДИРЕКТНО КАЖУВАЊЕ ПРЕКАЖУВАЊЕ
(ЈАС) КАЖУВАМ ДЕКА P (КАЖУВАМ ДЕКА)
X КАЖУВА P
МОВ МНВ МНВ
ДЕЈСТВО ОД КРУГОТ НА ЗНАЕЊЕ И ОПИТ НА ДЕЈСТВО ОД КРУГОТ НА ЗНАЕЊЕ И ОПИТ НА ДЕЈСТВО
ГОВОРИТЕЛОТ ГОВОРИТЕЛОТ КАЖАНО ОД ДРУГИ

ВРЕМЕНСКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ ВРЕМЕНСКА НЕОПРЕДЕЛЕНОСТ /


ЛИЧНО ЗАСВЕДОЧЕНО НЕЗАСВЕДОЧЕНО ЛИЧНО ЗАСВЕДОЧЕНО НЕЗАСВЕДОЧЕНО
ВОСПРИЕМАНО но прифатено како ВОСПРИЕМАНО но прифатено како НЕЗАСВЕДОЧЕНО;
факт факт; ПРЕТПОЛАГАНО или
ПРЕТПОЛАГАНО КОНСТАТИРАНО
или од страна на друг
КОНСТАТИРАНО
од страна на
говорителот

ПРЕДАВАЊЕ НА
ПРЕДАВАЊЕ НА ДЕЈСТВОТО ОД „ПРВА РАКА“ ПРЕДАВАЊЕ НА ДЕЈСТВОТО ОД „ПРВА РАКА“ ДЕЈСТВОТО ОД
(ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИЈАТА Е ГОВОРИТЕЛОТ) (ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИЈАТА Е ГОВОРИТЕЛОТ) „ВТОРА РАКА“
(ИЗВОР НА
ИНФОРМАЦИЈАТА Е
НЕКОЈ ДРУГ)

Табела 17. Шематски приказ на употребите на МОВ и на МНВ во однос на прекажаноста (сп. описот на Конески)

79
За разлика од Конески, Фридман вели дека суштинската разлика во значењето на
МОВ и на МНВ е ставот на говорителот во однос на информацијата, кој доаѓа до израз
преку т.н. категорија статус и евиденцијалните значења.

Според него, МОВ се употребува секогаш кога говорителот сака лично да потврди
дека тоа дејство се случило, за разлика од МНВ кое, како што вели тој, се употребува
кога говорникот тврди дека тоа дејство се случило, независно од потврдувањето
(Фридман 1974: 205-206). Односно МОВ е „маркирано за потврдување“ и не може да се
употребува во реченици кои им се потчинети на глаголи од типот се сомневам, не верувам
итн., додека МНВ „не е така маркирано, може да изразува потврдување или не“ (ibid). Од
поглед на структуралната лингвистика, Фридман вели дека во длабинската структура на
МОВ се крие исказот „ПОТВРДУВАМ ДЕКА P“, а во длабинската структура на МНВ
„ТВРДАМ ДЕКА P“.

Во однос на МНВ, Фридман вели дека е немаркирано време. Според него, не постои
ниту едно основно инваријантно значење60 коешто може да му се припише на МНВ. Ниту
неопределеноста, ниту прекажаноста не можеме да ги дефинираме како основни
значења на ова време. Како потврда за првото, Фридман го наведува фактот дека МНВ
може да се употребува со временски определби кои го означуваат точното време на
дејството, како што забележува и Конески (Конески 2004:462, Фридман, 2011:13).

Токму од оваа причина Фридман смета дека традиционалното именување на овие


времиња како определено и неопределено не е баш соодветно и затоа претпочита да ги
именува како синтетичко/синтетско минато време (според нашата терминологија МОВ) и
аналитичко минато време (според нашата терминологија МОН). И кај синтетичкото и кај
аналитичкото минато време постои опозицијата свршено/несвршено61.

Според Фридман, аналитичките минати времиња се одликуваат со отсуство на


маркираност во однос на конфирмативноста (потврденоста/потврдителноста), а
синтетичките минати се маркирани исклучиво како конфирмативни (потврдителни)62. За

60
Invariant meaning (GESEAMTBEDEUTUNG); Friedman 1986:169
61
aorist/imperfect (кај Фридман)
62
Во однос на другите минати времиња, предминатото време (бев+л-форма) Ф. го смета за неутрално,
додека пак имал-перфектот го смета за маркиран по неконфирмативност

80
конфирмативноста вели дека е значење кое е присутно во секоја употреба на синтетичките
минати времиња, додека за аналитичките минати времиња вели дека се немаркирани во
однос на оваа карактеристика, и можат да се јават и во конфирмативни и во
неконфирмативни контексти. Како основно, односно инваријатно значење на
синтетичките минати времиња (т.е. на МОВ) Фридман ја изделува конфирмативноста
(потврдителноста).

Независно дали станува збор за информација од прва рака (засведочено дејство) или
за дејство коешто не сме го засведочиле, синтетичките минати времиња (т.е. МОВ) се
користат секогаш кога сакаме да потврдиме дека нешто станало, тоа е значење што се
провлекува при секоја употреба на МОВ, независно од контекстот. Кај аналитичките
минати времиња (т.е. МНВ) не постои такво основно (инваријантно) значење. Значењето
се менува во зависност од контекстот, односно станува збор за контекстуално варијантни
значења63. Сепак, кога немаме специфичен контекст, најчесто ова време го поврзуваме со
прекажаноста (репортативноста), која е всушност негово главно контекстуално значење64.
Во однос на тоа, Фридман вели:

„Прекажаноста, иако често пати минатото неопределено време се употребува со вакво


значење, не е основното значење на тоа време, како што се гледа од фактот дека минатото
неопределено време може слободно да се употребува во прво лице, а исто така потчинето
на глаголи како се колнам, знам, итн. Дури може минатото неопределено време да се
потчини на глаголи како видов, на пр. Знам дека тој го направил тоа, Видов дека тој го
направил тоа, итн. За употребата на минатото неопределено време за прекажување може
да се рече дека има некакво согласување на времето меѓу глаголот во реченицата и еден
испуштен глагол на зборување што го има во таканаречената длабинска структура на
реченицата“ (Фридман 2011:14).

Тоа што аналитичкото минато време – МНВ - не може да се сведе на едно основно
инваријатно значење, според Фридман се должи на фактот дека МНВ ги има зачувано и
старите перфектни употреби (пр. Доста сме работеле), а во исто време развило и значење

63
Contextual variant meaning (HAUPTBEDEUTUNG), Friedman 1986
64
Chief contextual variant meaning

81
на немаркирано време, односно може да функционира и како „обично минато време“ 65,
особено ако дејството на некој начин е поврзано со првото лице (како и во др. словенски
јазици, ова доаѓа до израз преку употребата на наведеното време со прилошки определби
за време и во ситуации коишто не се фокусираат на резултатот видлив во сегашноста; пр.
Сум станал ноќеска во еден)66. Според Фридман за единствено инваријантно значење на
МНВ може да се смета само минатоста.

Во однос на тоа, Фридман забележува дека постојат три употреби коишто на некој
начин упатуваат на сегашно значење, но и во тие употреби имплицитно се крие упатување
кон минатото. Тоа се таканаречените адмиратив, дубитатив и прекажано сегашно.
Прекажаното сегашно се однесува на ситуации кога доаѓаме до некоја констатација во
сегашното, а во врска со некое претходно дејство или нешто претходно кажано (Човеков
бил од Америка). Адмиративните и дубитативните употреби изразуваат неконфирмативно
значење. Адмиративот се користи во случај кога изразуваме изненадување (Ти си бил Ром!
Не сум знаел), а дубитативот изразува иронија (-Тој повеќе знае од тебе. – Тој повеќе
знаел!). И двете употреби имаат некаква референца кон минатото (Friedman 1988:127).
Адмиративноста кај Конески не е експлицитно спомената, но значењето коешто се
покрива со овој термин соодветствува со значењето директна констатација, коешто
Конески го определува како директно кажување, додека пак дубитативот кај Конески се
среќава како значење на иронија и заедно со сегашното прекажано ги смета за индиректно
кажување (прекажување).

Фридман исто така ја разгледува непотврдителноста (неконфирмативноста) од аспект


на дискурсот. Во однос на тоа вели дека постои разлика во однос на употребата на
глаголската категорија непотврдителност на ниво на реченица и на ниво на раскажување
(врзан текст). Оваа разлика произлегува од начинот на остварувањето на опозицијата
фактивност/нефактивност. Во случај кога имаме застапеност на непотврдителноста во
врзан текст, станува збор за класична прекажаност. Во овој случај непотврдителната
форма покрај прекажаност може да изразува и претпоставка, изненада или недоверба,

65
Фридман не наведува дали значењето на перфект или значењето на обично минато време ги смета за
конфирмативни, или пак за неутрални во однос на евиденцијалноста
66
Friedman 1986:174;
*Ова се всушност употребите кои Конески ги класифицира како директно кажување.

82
коишто произлегуваат од некое претходно искажување, но во никој случај не може да се
употреби со значење на вистинска сегашност. Другиот тип (непотврдителност на ниво на
реченици) не е застапен во подолги сврзани искажувања и може да се употребува со
значење на вистинска сегашност, особено во извици и прашања. Кога во еден врзан текст
подолго се употребуваат непотврдителни форми, може да се сретне и варијација и
менување на глаголските категории со цел да се постигне поместување на перспективата,
изразување драматична тензија и сл. (Фридман 2004).

Лант (1952) пак, како што споменавме во делот посветен на категоријата дистанца,
МОВ го карактеризира како директно време, време со кое се упатува на засведочено
дејство или дејство прикажано реално, а МНВ, како и другите конструкции образувани со
л-форма ги става во групата дистанцирани времиња (форми), со кои се укажува дека
настанот на некој начин е дистанциран или во време или во реалност, односно со МОВ
може да се означува дејство, кое почнало во минатото (кое му претходи на моментот на
зборување или на друг референтен момент, дефиниран во контекстот), а кое на некој
начин е релевантно во сегашноста, или кое претставува резултат од некое минато дејство,
или пак може да означува дека говорителот сака да биде изземен од одговорноста за
вистинитоста на исказот.

Тополињска (2007), парадигмите на МОВ (аористот и имперфектот) ги смета за


индикативни (конфирмативни). Минатото неопределено време, како термин го користи
само за означување на една од функционалните варијанти на esse-перфектот, која „им се
спротивставува на определените минати времиња по отсуство на еднозначна локација на
временската оска“. За парадигмите на esse-перфектот (или во нашата терминологија МНВ,
sensu lato) вели дека покрај отсуството на деиктичка компонента, ја презеле функцијата на
нон-конфирмативот, кој како што споменавме претходно, се јавува во две семантички
варијанти: евиденцијална и адмиративна.

За разлика од Фридман, Конески и др., кои сметаат дека МНВ е една форма со повеќе
функции (употреби), постојат и размислувања кои одат во насока дека всушност постојат
две (или повеќе) хомонимни форми, односно парадигми: неевиденцијално неопределено
време и маркирано евиденцијално (или прекажано).

83
Според Шанова (1989) перфектот, односно МНВ во современиот македонски јазик не
само што ги зачувал значењата на стариот перфект туку развил и нови значења и
употреби, а паралелно се формирале и форми (х)омонимни на него. Како видско-
временски значења таа ги изделува следните: статичко резултативно, акционално
(обопштувачко значење и значење на многукратност) и значење на нелокализирано
минато дејство, кое му претходи на друго дејство и дејство актуелно на подоцнежен
временски план, коешто го смета како основно.

Покрај видско-временските, Шанова забележува дека перфектот (МНВ) има развиено и


модални значења, и тоа: значење на претпоставување, значење на нереално дејство,
значење на пожелно дејство, гномичко значење и значење на незасведоченост, дејство
нелокализирано во минатото дејство, дејство кое му претходи на друго дејство и дејство
актуелно за подоцнежен временски план. Во однос на наведените употреби на перфектот
(МНВ), Шанова истакнува дека во тие ситуации не се исклучува можноста да се употребат
аорист или имперфект наместо перфектот. Единствено перфектот употребен со статичко
значење не може да се замени со форми од други минати времиња. Задржува внимание
нејзиниот став во однос на формите што служат за прекажување на туѓите зборови, а за
кои вели дека се посебни форми, т.н. аудитивни, кои се (х)омонимични со перфектните.
Според Шанова, исто така постои основа за изделување и на адмиративните форми.

Овој став го дели и Усикова (1985), а со сличен ваков став е и Макарцев.

84
4.3 Наши согледувања за значењето и функциите на МОВ и на МНВ

Иако со сите горенаведени концепти се опфаќаат одредени аспекти од семантичката


мрежа на времињата за кои станува збор, ваквите описи не се сосем применливи во
наставата по македонски јазик како странски. Обидот да се објаснат и да се разграничат
значењата и употребите на МОВ и на МНВ во наставата по македонски јазик како
странски, преку кој и да е од овие концепти, се покажува како недоволно успешен и по
малку конфузен. Причината е тоа што, во суштина, наведените признаци не се сосема
дистинктивни за времињата. Како што видовме, во однос на опозицијата
определеност/неопределеност, најчесто МОВ се смета за определено, а МНВ за
неопределено, но факт е дека настаните изразени и со МОВ и со МНВ временски може да
бидат и определени и неопределени, иако во повеќето контексти добиваме чувство дека
настаните изразени со МНВ се временски неопределени, а со МОВ определени.

Слична е и ситуацијата со директното кажување и прекажувањето. За формите на


МОВ се смета дека се користат исклучиво за директно кажување, за предавање на дејство
кое говорителот на некој начин го „засведочил“ или го искусил, или кое сака да го предаде
директно, како да е засведочено, а формите на МНВ пред сè се врзуваат со
прекажувањето, но се употребуваат и за директно кажување. Ваквата дефиниција отвора
повеќе прашања: Во кои ситуации едно дејство кое говорителот не го има засведочено,
ќе се предаде како да е засведочено, а кога како прекажано?; Каков ефект ќе се постигне
кај соговорникот ако едно дејство кое е засведочено, искусено или утврдено, говорителот
го предаде со МОВ, а каков ќе биде ефектот ако се предаде со МНВ? и сл.

За еден изучувач на македонскиот јазик како странски од примарна важност е да


стекне прагматичка компетенција, односно да знае во која ситуација кое време да го
употреби и со тоа да го постигне саканиот ефект кај соговорникот, како и да знае
соодветно да го толкува значењето на пораката што ја „праќа“ соговорникот.

Од тие причини сметаме дека за да се разграничат употребите и функциите на МОВ и


на МНВ при описот треба да се земат предвид, пред сѐ, говорните ситуации.

Сличностите и разликите помеѓу МОВ и МНВ, како што веќе видовме, се тесно
поврзани со категориите време, модалност (фактивност), евиденцијалност и дистанца.

85
Во овој дел ќе се надоврземе на досегашните проучувања и толкувања на овие
категории од еден поинаков аспект. Најнапред ќе започнеме со евиденцијалноста.

Како рамка и инспирација за нашите поставки за евиденцијалноста и за нејзините


показатели во македонскиот јазик ни послужи трудот на Фолер (Faller 2002), во кој се
разгледува евиденцијалноста од аспект на теоријата на говорните чинови. Целта ни е
пред сè да разграничиме во кои говорни ситуации кое од наведените времиња е соодветно
да се употреби и зошто. Пред да преминеме на говорните ситуации, ќе се осврнеме на
евиденцијалноста и на нејзините показатели.

Кај Фолер (2002) евиденцијалноста се дефинира како граматичко енкодирање на


основата67 врз која говорителот го заснова својот исказ во говорниот чин. Основата врз
која говорителот го базира својот исказ претставува извор на информацијата за тој исказ.
Граматичките маркери, односно морфолошките показатели (експоненти) на
евиденцијалноста со кои се врши тоа енкодирање се нарекуваат уште евиденцијални
показатели68, а значењата кои упатуваат кон изворот на информацијата во литературата се
познати како evidential types, а како македонски соодветник (еквивалент) на овој термин го
користиме терминот евиденцијални значења.

Во прегледот на категоријата евиденцијалност веќе беа споменати сите овие поими.


Како што видовме, во однос на македонскиот јазик според актуелните истражувања се
изделуваат два вида евиденцијалност: директна и индиректна евиденцијалност, односно
се изделуваат две основни евиденцијални значења: конфирмативно и неконфирмативно,
со тоа што кај неконфирмативните се прави поделба на репортативно и инференциско
значење (кај Фридман, Тофоска, Петроска и др.). Кај Лант (1952), Тополињска (2007) и
Макарцев времињата се разгледуваат од аспект на дистанцираноста, односно од аспект
на фактивноста69, а кај Макарцев (2014) за првпат се споменуваат глаголските времиња
како маркери за евиденцијалноста, односно евиденцијали70 (директни, неутрални и
индиректни).

67
Speaker’s type of grounds
68
Evidentials (евиденцијали)
69
Тополињска и Макарцев (в. Евиденцијалност)
70
Наместо овој термин ние го користиме терминот евиденцијални показатели

86
Во литературата (Faller 2002: 5, сп. Anderson), како основни критериуми за
дефинирање на вистинските (архетипски) показатели на евиденцијалност се наведуваат
следните особини:

 eвиденцијалните показатели содржат информација за оправданоста на еден


фактички исказ, односно упатуваат на основата врз која говорителот го базира
својот исказ;
 не се јавуваат во својство на предикат на реченицата, туку се еден вид
дополнителна спецификација на фактичкиот исказ во врска со нешто друго;
 нивното основно значење е посочувањето на изворот, но во вистинска смисла, а
не како прагматичка инференција, односно импликација;
 од морфолошки аспект, евиденцијалните показатели се наставки, клитики или
други слободни синтаксички елементи (а не состави или деривациски форми).

Поаѓајќи од тоа, би го изделиле експонентот –л- од таканаречената л-форма како


евиденцијален показател во вистинска смисла на зборот, или поточно како граматички,
односно морфолошки показател71 на евиденцијалноста во македонскиот јазик.

Во однос на морфолошките показатели за време, аспект и епистемичка


модалност, Фолер (2002) истакнува дека можат да поседуваат евиденцијална вредност, но
нивното основно значење не е евиденцијалното, па затоа е проблематично да се одреди
дали и овие показатели треба да се сметаат како евиденцијални показатели72 или не. Во
литературата, како што наведува таа, постои поделено мислење за ова прашање.

Во однос на македонскиот јазик, ние го делиме ставот на Андерсон (кај Faller 2002:
8), кој смета дека морфолошките показатели за време, аспект и епистемичка модалност
не се евиденцијални показатели во вистинска смисла на зборот бидејќи нивната примарна
функција не е евиденцијалноста. Од тој аспект, морфолошките показатели (наставките)
за време во македонскиот јазик би ги сметале само како елементи кои можат да
поседуваат евиденцијална вредност, односно како елементи кои можат да изразуваат

71
Терминот морфолошки показател го позајмуваме од Марковиќ (2011)
72
Показатели/ експоненти на евиденцијалноста

87
евиденцијално значење, но не и за евиденцијални показатели во вистинска смисла на
зборот73.

Во однос на –л-, како евиденцијален показател, сметаме дека негово основно значење е
инференцијалното, односно би го именувале како показател на индиректна
евиденцијалност, или накратко инференцијал74.

Експонентот –л- внесува ново дополнително значење во исказот, менувајќи ја


вредноста на „предикатот“ од „неутрална“ во инференцијална. Инференцијалноста значи
дека говорителот го заснова својот исказ врз некаков вид инференција75, односно, според
нас, врз база на некоја инферирана состојба, а не врз самиот настанот, и тоа:

- состојба инферирана од утврден минат настан во вид на сублимирано искуство


или состојба на емоционална возбуденост (инференција од минатиот настан);

- состојба инферирана врз база на некоја моментна состојба или врз база на говорен
чин во вид на констатација или претпоставка за минат настан кој не ни е утврден
(инференција од дадени факти: состојба, контекст, односно конситуација и сл.);

- состојба инферирана врз база на информации од друг извор, која е проследена со


сомнеж околу вистинитоста на пораката76 или несигурност во информацијата од
неутврден минат настан, односно неможност за потврдување на настанот
(инференција од исказ).

Потпирајќи се на досегашните сознанија за евиденцијалноста во македонскиот јазик,


преку теориската рамка што се користи кај Фолер (2002), ќе се обидеме да ги претставиме
значењата на овој инференцијален показател во македонскиот јазик во даден исказ.

Еден обичен исказ со пропозициска содржина p (пр. ‘Марко пишува домашно’) и


илокуциска сила ‘тврдење’, има вистиносна вредност ‘s верува во p’ и илокуциска јачина
еднаква на нула. Евиденцијалот –л- како илокуциски модификатор внесува дополнителна

73
Кај Макарцев глаголските парадигми се разгледуваат како евиденцијали (евиденцијални показатели)
74
Со овој маркер се пренесува и репортативно значење, но според нас тоа е изведено од инференцијалното и
затоа –л- го сметаме како показател на инференцијалноста, а не за репортативен евиденцијал
75
Инференција со значење ментално осознавање, односно поимање на нештата
76
Ова значење се споменува кај Тополињска, како карактеристика на нон-конфирмативноста

88
промена во основната пропозициска содржина, менувајќи го вистиносниот статус. Кога
говорителот сака да пренесе информација дека своето тврдење не го базира директно на
настанот тука врз друга основа, ќе го употреби маркерот –л-, односно ќе употреби некоја
конструкција со л-формата (пр. Марко пишува-л домашно). На тој начин говорителот
праќа порака дека неговото тврдење не се однесува директно на p, туку се однесува на
искуството или на емоционалната состојба предизвикана од p; на некоја претпоставка за p,
или пак пренесува информација дека тој се јавува само во улога на медијатор на таа
пропозициска содржина, односно пренесува информација за која дознал од друг или која е
дел од колективното знаење, а за која самиот тој не е во можност или не сака да ја потврди
како факт.

Во постојната литература како основно значење на л-формата77 ѝ се припишува


значењето „констатација на состојбата78“, односно „состојба настаната како
резултат на претходно дејство“79. Со терминот „констатација на состојбата“ во
суштина би можеле да се опфатат трите инференцијални значења, меѓутоа со цел да
избегнеме негово поистоветување со второто инференцијално значење, наместо овој
термин ќе го користиме терминот информација за состојба инферирана од настан, или
накратко „информација за инферирана состојба“.

Л-формата (минатиот активен партицип), како што наведовме во претходниот дел, се


образува од аористна или од имперфектна основа. Врз основа на тоа, можеме да кажеме
дека вака означениот „предикат“80, покрај информацијата за дејството, во себе ја содржи и
компонентата минатост, поточно антериорност: напиш-а-л/ напиш-е-л.

Функцијата на експонентот –л- во л-формата е дистанцирање од самиот настан,


вниманието се насочува кон искуството, импресиите или кон резултатот од тој настан или
пак кон психолошката и емоционалната состојба на говорителот (емоционална
возбуденост, изненадување, неверување, сомневање и сл.).

77
минатиот активен партицип
78
Термин што го користи Левин- Штајнман (Макарцев 2014), в. стр. 53
79
в. Лант, стр. 56
80
Не е предикат во вистинска смисла на зборот, но за целите на трудот одлучивме да го користиме овој
термин

89
Времињата и начините во чиј состав влегува л-формата, покрај нивното основно
темпорално/ модално значење, содржат инференцијална компонента, и се карактеризираат
со дистанцираност во однос на самиот настан, односно со суспендирана фактивност.

Кај времињата и начините кај кои не се јавуваат посебни евиденцијални показатели,


отсуството на евиденцијални показатели претставува знак дека говорителот има
најдиректен пристап до опишаниот настан (Faller 2002). Тоа значи дека времињата во
македонскиот јазик кои Лант ги класифицира како директни форми81, а кои можеме да ги
именуваме и како фактивни времиња82, поседуваат директна евиденцијална вредност,
што укажува дека говорителот има цврста основа (најдобар можен извор на
информација) врз која го базира своето директно кажување.

Пр. Марко пишува писма. / Марко пишуваше писма.

Фолер (2002) подвлекува дека директната евиденцијална вредност не треба да


поистоветува со директното сведоштво. Директната евиденцијална вредност, како што
вели таа, е поширок концепт од сведоштвото. Со директната евиденцијалност се опфатени
информации од деиктичката сфера на говорителот, и тоа: информации од личното
искуство на говорителот, информации за директно перципирани настани преку сетилата
за вид, слух и сл. (т.н. засведочени настани), но и информации за настани кои се случиле
надвор од вниманието на говорителот или надвор од неговата деиктичка сфера
(незасведочени настани). Во случај кога станува збор за директно пренесување на
незасведочени настани, исказот на говорителот се базира на веќе утврдена информација
за настанот, претходно добиена од учесникот во тој настан или од некој друг, или пак се
базира на некоја претходно утврдена констатација за тој настан. За да може говорителот
директно да упатува на настаните, овие информации треба да бидат веќе добро утврдени,
односно да постои вистинска основа за говорителот да ги прифати како факти. Ние би
додале дека за да може еден настан да се прифати како утврден, покрај ова, потребно е да
мине време од моментот на неговото осознавање. Само во тој случај говорителот може да

81
Во овие форми ние би ги вклучиле: сегашното, минатото определено време, идното време, минато-идно
време, сум и има-конструкциите образувани со помошните глаголи сум/има во наведените времиња,
конструкциите образувани од партикулите да/ако/нека + сегашно/минато определено време и
императивниот начин
82
Овој термин го среќаваме кај Тополињска

90
го пренесе директно. Покрај наведеното, директната евиденцијалност е во тесна врска и со
т.н. енциклопедиски информации, кои обично се стекнуваат преку образованието или
медиумите. Овие информации, исто како незасведочените, можат да се предаваат
директно само кога говорителот ги има прифатено како факти.

Со директните форми, во кои влегува и МОВ, настаните се пренесуваат поживо,


односно како факти. Говорителот преку употреба на овие времиња, постигнува ефект на
„реално“, односно „живо“ пренесување на настаните83. Кога станува збор за
незасведочени, но утврдени настани или пак за енциклопедиски информации, треба да
нагласиме дека од аспект на дискурсот можат да се предаваат директно само на ниво на
исказ (реченица), но не и на ниво на раскажување (врзан текст). Кога раскажуваме
детално, односно кога изнесуваме последователно настани што не сме ги засведочиле, ќе
употребиме МНВ.

Како што споменавме погоре, сложените времиња во чиј состав влегува л-формата,
покрај темпоралното значење, содржат и компонента на инференцијално значење. Овде
конкретно ќе се задржиме на МНВ. За да претставиме во кои говорни ситуации се
употребува МНВ, ќе се повикаме на претходно дефинираните значења на експонентот –л-,
земен како илокуциски модификатор, чија задача е да направи промена вистиносниот
статус на исказот (в. Faller 2012).

МНВ се образува со помошниот глагол СУМ во сегашно време и л-формата, која го


менува родот според субјектот. Ова време, на еден начин е двојно ориентирано, кон
сегашниот момент (‘субјектот’, ‘сега’) и кон состојбата инферирана од настан кој му
претходи на сегашниот момент (антериорност). Така во исказот се внесува значење на
временска неопределеност, иако самиот минат настан е, односно може да биде временски
определен, како што е случајот во примерот наведен кај Конески (2004), Сум станал
ноќеска во еден. Всушност, значењето на временска неопределеност е резултат на двојната
ориентираност, а не се однесува на определеноста на минатиот настан.

83
в. категории фактивност (Тополињска) и директен аспект (Лант)

91
Двојната ориентираност нè упатува на перфектно значење. Имено, една од функциите
на МНВ е да изразува актуелна релевантност на минат настан, или, поконкретно, актуелна
релевантност на искуство од минат настан.

Според нас, основна карактеристика на МНВ е суспендираната фактивност. За


разлика од МОВ, кое е фактивно време и служи за „реално“ (живо) пренесување на
настани што се случиле во минатото, со МНВ се дистанцираме од самиот настан, при што
вниманието го насочуваме кон одредена состојба инферирана од тој настан. Поимот
суспендирана фактивност или суспензија на фактивноста веќе го споменавме во делот
посветен на категоријата фактивност. Кај Тополињска (2009), овој поим се поврзува само
со исказите со кои се изразува неконфирмативност, односно дистанцирање на
говорителот од вистинитоста на пренесената порака. Ние го употребуваме истиот поим, но
со пошироко значење. Имено, суспендираната фактивност ја сфаќаме како дистанцирање
на говорителот од самиот настан, а не од вистинитоста на пренесената порака. Сметаме
дека токму суспендираната фактивност и дистанцираноста се основните
карактеристики на МНВ, бидејќи со употребата на МНВ, независно во кој и да е контекст,
фокусот од фактичката реализација на настанот се свртува кон некоја дополнителна
информација во врска со тој настан (сублимирано искуство, емоционална реакција:
верување/неверување, чудење, воодушевување, асоцијација, дистанцираност поради
неутврденост на факти и сл.).

Формите на МОВ ги сметаме како недистанцирани, т.е. директни, а формите на МНВ


(и формите на другите времиња образувани со л-формата) како дистанцирани.

Во однос на темпоралното значење на МОВ и на МНВ, сметаме дека со МОВ се


изразува исклучиво минатост, додека кај МНВ покрај минатоста, до израз доаѓаат
антериорноста и истовременоста. Односно, со МОВ настанот се лоцира на временската
оска зад моментот на зборување, во минатото, а кај МНВ, ситуацијата е малку посложена.
Во исказите во кои се употребува МНВ вниманието не е свртено кон самиот настан туку е
насочено кон некоја состојба инферирана од тој настан, а истовремено (имплицитно) се
упатува и на друг референтен настан, кој се поклопува со сегашниот момент, односно со
друг минат момент, во случај на прекажување. Оттаму, МОВ го сметаме како определено,
а МНВ како неопределено.

92
Во врска со признаците засведоченост/ незасведоченост и директното кажување/
прекажување, веќе укажавме дека не можеме да ги сметаме како дистинктивни признаци
за МОВ и МНВ. Имено, во исказите со МОВ настаните се прикажуваат како да се дел од
деиктичката сфера на говорителот, а, како што веќе наведовме, со ова време можат да се
пренесуваат и незасведочени настани, но кои се утврдени како факти. Во исказите со
МНВ се пренесуваат настани кои се дел од деиктичката сфера на говорителот, но и
настани кои не се навлезени во деиктичката сфера на говорителот, односно кои не се
прифатени како факти.

Во однос на конфирмативноста (потврдителноста), исто така, сметаме дека


опозицијата конфирмативно/неконфирмативно не претставува дистинктивен признак за
МОВ и за МНВ per se, туку е релевантен како таков само за одредени нивни функции.
Впрочем, и со МОВ и со МНВ можат да се изразува конфирмативно значење, а
неконфирмативноста е одлика на две од значењата на МНВ. Според нас, МОВ не е
маркирано како конфирмативно во сите случаи, бидејќи може да биде се однесува и
неутрално во однос на овој признак, ако се земат предвид говорните чинови на прашување
и негирање.

Земајќи ги предвид сите релевантни признаци споменати во овој труд, направивме


табеларен приказ на сличностите и разликите на МОВ и на МНВ.

93
ПРИЗНАЦИ* МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
ОБРАЗУВАЊЕ СИНТЕТИЧКО ВРЕМЕ АНАЛИТИКО ВРЕМЕ

ОБРАЗУВАЊЕ: [ОСНОВЕН ДЕЛ НА ОБРАЗУВАЊЕ: СЕГАШНО ВРЕМЕ ОД ПОМ. ГЛАГОЛ СУМ + Л- ФОРМА
ГЛАГОЛОТ←НАСТАВКА]
ВИД СВРШЕНО НЕСВРШЕНО СВРШЕНО НЕСВРШЕНО
ГЛАГОЛСКИ [+] PF [+*]IMPF [+] [+]PF [+] PF Л-ФОРМА [+] IMPF [+]IMPFpf
ВИД ГЛАГОЛ ГЛАГОЛ IMPF ГЛАГОЛ Л-ФОРМА Л-ФОРМА
ГЛАГО
Л
УПОТРЕБА САМОС МАРГИН САМО само во темп- САМОСТОЈНA УПОТРЕБА САМОСТОЈН само со
НА ФОРМИТЕ ТОЈНA АЛНО СТОЈН модално A УПОТРЕБА модално
УПОТРЕ ЗАСТАП A конст. (со значење (со
БА ЕНИ УПОТР партикулите партикулите
ЕБА АКО/ДА/ЌЕ) АКО/ДА/ЌЕ)
ФОРМАЛНИ промена на основниот промена на основниот
ОТСУСТВО НА ПОМОШНИОТ ГЛАГОЛ СУМ ВО 3л. ЕДНИНА И
КАРАКТЕРИС вокал кај гл. од е и и- вокал(и во e); наставка[–
МНОЖИНА
ТИКИ И група; отсуство на ше] во 3л.
промена на основниот вокал и во коренот на глаголот од кој е образувана л-
СПЕЦИФИЧН наставка [–ø] во 3л.; формата
ОСТИ
ОСНОВНО
ТЕМП. МИНАТОСТ на настанот (Е) + АНТЕРИОРНОСТ на состојбата од настанот
РЕФЕРЕНЦИЈ МИНАТОСТ на настанот (Е) (sЕ) во однос на референтната ситуација (R) + ИСТОВРЕМЕНОСТ на (R) со
АЛНО моментот на зборување (S)
ЗНАЧЕЊЕ
ДИСТАНЦИР [-] ДИСТАНЦИРАНОСТ [+] ДИСТАНЦИРАНОСТ
АНОСТ (директна форма) (дистанцирана форма)
(од Е)
ЛОКАЛИЗИР [ОПР.] ВРЕМЕНСКА ЛОКАЛИЗИРАНОСТ на [НЕОПР.] ВРЕМ. ЛОКАЛИЗИРАНОСТ на состојбата (sЕ) инферирана од
АНОСТ во настанот (Е) настанот (Е)
рамките на (поради двојната ориентираност)
деиктичката ВО ДЕИКТИЧКАТА СФЕРА ВО ДЕИКТИЧКАТА СФЕРА НАДВОР ОД ДЕИКТИЧКАТА СФЕРА
сфера на
говорителот
УПАТУВАЊЕ ДИРЕКТНО УПАТУВАЊЕ КОН НАСТАНОТ УПАТУВАЊЕ КОН НАСТАНОТ, односно КОН СОСТОЈБАТА
КОН (еднонас. ориент) ИНФЕРИРАНА ОД ТОЈ НАСТАН, и кон РЕФЕРЕНТНИОТ МОМЕМЕНТ
НАСТАНОСТ (двој. ориент.)

ФОКУС НА ФОКУСОТ Е СВРТЕН КОН МИНАТИОТ ФОКУСОТ Е СВРТЕН КОН СОСТОЈБАТА (sЕ) ИНФЕРИРАНА ОД
ВНИМАНИЕ НАСТАН ШТО СЕ СООПШТУВА (Е) НАСТАНОТ (Е) И/ИЛИ КОН РЕФЕРЕНТНИОТ МОМЕНТ (R)

ДЕИКТИЧКИ
ЦЕНТАР
МОМЕНТ
според (S) се определува временската поставеност на
ОТ НА
според (S) се на настанот (E) референтниот момент (R), а со тоа и на
ЗБОРУВА
определува настанот (E)
МОМЕНТОТ НА ЊЕ (S)
временската
ЗБОРУВАЊЕ (S)
поставеност на
настанот (E) РЕФЕРЕН
ТНИОТ според (R)се определува временската поставеност на
МОМЕНТ настанот (E)
(R)
УЛОГА НА ВРШИТЕЛ/ТРПИТЕЛ НА МИНАТИОТ НАСТАН ТРПИТЕЛ НА СОСТОЈБАТА ИНФЕРИРАНА ОД ТОЈ МИНАТ НАСТАН и
граматичкиот (СУБЈЕКТОТ ‘ТОГАШ’) ПРЕДМЕТ НА ИНТЕРЕС (лице/ предмет за кое/кој се зборува)
СУБЈЕКТ (СУБЈЕКТОТ ‘СЕГА’)
ФОРМУЛА (Е) пред (S) (sЕ) му претходи на (R), (R) се  (E) му претходи на S0( iE), кој се
(ОПИС/ поклопува со (S)84 зема како (R), (R) му претходи на (S)
ДЕФИНИЦИЈ
А) (R) се поклопува со (S),

од (R) извлекуваме ( iE)
(информација за настанот E)
ФАКТИВНОС [+] ФАКТИВНОСТ СУСПЕНДИРАНА ФАКТИВНОСТ
Т (на Е)

84
S- момент на зборување (говорната ситуација во која се соопштува настанот)

94
ПРИЗНАЦИ* МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
ВИД НА ЛИЧНО ЗАСВЕДОЧ НЕИСКУСЕНО/ ЛИ ЗАСВЕД НЕИСКУСЕ ИНФОРМАЦИЈА ЗА НАСТАН
ДЕЈСТВОТО ИСКУСЕНО ЕНО НЕЗАСВЕДОЧЕН ЧН ОЧЕНО НО/ ОД ДРУГ ИЗВОР
ШТО СЕ И ЗАСВ. ДЕЈСТВО О ДЕЈСТВО О ДЕЈСТВО НЕЗАСВЕД (СТАНУВА ЗБОР ЗА НЕЗАСВЕДОЧЕН
СООПШТУВА ДЕЈСТВО (УТВРДЕНО ОЧЕНО НЕСТАН ОД СТР. НА ГОВОРИТЕЛОТ
КАКО ФАКТ) ИС ДЕЈСТВО КОЈ СЕ ПРЕДАВА САМО КАКО
КУ (УТВРДЕНО ПОДАТОК/ ИНФОРМАЦИЈА)
СЕ КАКО ИЗВОР: ИЗВОР:
НО ФАКТ) СООПШТУВАЧ РЕФЕРЕНТНА
НА СОСТОЈБА ОД
ДЕ ИНФОРМАЦИЈА КОЈА СЕ
ЈС ТА (ЧОВЕК) ИЗВЕДУВА
ТВ ЛОГИЧКИ
О ЗАКЛУЧОК
ЗНАЧЕЊЕ „РЕАЛНО“ ПРЕНЕСУВАЊЕ НА НАСТАНОТ АКТУЕЛНА РЕЛЕВАНТНОСТ [+] [+]
НА ИСКУСТВО ОД МИНАТ РЕПОРТАТИВНО ИНФЕРЕНЦИЈАЛ
НАСТАН: ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СТ НОСТ ВО ВИД
ИСКУСТВО ИЛИ (ПРЕКАЖАНОСТ НА
ЕМОЦИОНАЛНА РЕАКЦИЈА ) КОНСТАТАЦИЈА
ОД НАСТАНОТ (ПЕРФЕКТНО /ПРЕТПОСТАВК
ЗНАЧЕЊЕ) А
ПРЕК ДУБИТ КОН АДМИР
АЖАН АТИВ СТАТ АТИВ
ОСТ АЦИЈ
А
СТАТУС [+] КОНФИРМАТИВНОСТ / [NEUT] [NEUT] / [+] [+] НЕКОНФИРМАТИВНОСТ
(ОДНОС НА КОНФИРМАТИВНОСТ
ГОВОР. КОН
НАСТАНОТ)
НАРАТИВНО [+]НАРАТИВНОСТ [-]НАРАТИВНОСТ [+]НАРАТИВНОСТ
СТ
ЕВИДЕНЦИЈА ДИРЕКТНА ЕВИДЕНЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ ИНДИРЕКТНА ЕВИДЕНЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ
ЛНА
ВРЕДНОСТ

Табела 18. Паралела на главните карактеристики на МОВ и на МНВ

95
4.3.1 МОВ и МНВ низ призмата на говорните ситуации

Како што веќе кажавме, основната функција на МОВ е фактивноста, односно


„реалното“ пренесување на настани. Тоа можат да бидат настани од личното искуство на
говорителот (пр. Вчера бев на театар. Го гледав филмот „Мајки“.); настани директно
перципирани од говорителот преку сетилата за вид, слух и сл. (пр. Никола дојде пред два
часа и си замина пред малку.), но и настани кои се случиле надвор од вниманието на
говорителот или надвор од неговата деиктичка сфера, а кои говорителот ги има
утврдено, односно ги има прифатено како факти, на пр. Марко го напиша домашното
(не видов како го пишува, но пред извесно време го видов домашното и ја имам утврдено
информацијата). Како што кажавме погоре, информациите од незасведочени настани и
енциклопедиските иформации од аспект на дискурсот, во принцип се предаваат директно
само на ниво на исказ (реченица), но не и на ниво на раскажување (врзан текст). Тоа значи
дека кога раскажуваме последователно настани што не сме ги засведочиле, ќе употребиме
МНВ.

МНВ се употребува кога сакаме фокусот да го свртиме кон некое наше или туѓо
искуство од некој минат настан, како релевантно за сегашниот момент односно за
говорната ситуација. Тоа може да биде во ситуација кога сакаме да споделиме некоја
информација важна за нас, а за која сметаме дека не му е позната на говорителот. Во тој
случај не е важен самиот настан туку искуството од него како дел од нашето минато,
односно како дел од минатото на субјектот за кого зборуваме.

Да направиме споредба на следите искази: „Вчера чистев цел ден“ и „Вчера сум
чистела цел ден“. Граматички и двата исказа се точни, но пораката која се пренесува со
нив е различна. Ако во дадена говорна ситуација сакаме само да го информираме
соговорникот за настаните од вчерашниот ден, ќе го употребиме првиот исказ. Доколку
сакаме да ја изразиме нашата емоционална состојба настаната како резултат на таа
активност, ќе го употребиме вториот исказ. Во овој случај доаѓа до израз и желбата на
говорителот да ја истакне важноста на таа активност пред својот соговорник, односно
имаме присуство и на модална компонента.

96
Модалната информација (верувањето, желбата, неверувањето и сл.) се пренесува
преку интонацијата. Ваквата употреба на МНВ е пред сѐ поврзана со првото лице, но се
среќава и со другите лица, иако поретко. Сепак, доколку не се употреби соодветна
интонација, а станува збор за дејство што му го припишуваме на друг, до израз ќе дојдат
другите инференцијални значења (констатацијата или прекажаноста).

Пример да ја земеме пропозицијата p: ‘Брат ми чистеше вчера цел ден’, која


говорителот може да ја соопшти употребувајќи МОВ (Брат ми чистеше вчера цел ден)
или МНВ (Брат ми чистел цел ден вчера). Двата исказа пренесуваат различна порака во
зависност од говорната ситуација.

Ситуација 1 (МОВ). Говорителот би го употребил исказот Брат ми чистеше вчера


цел ден кога целта му е да го информира соговорникот за активностите што ги правел
неговиот брат во текот на вчерашниот ден. Говорителот може да го има засведочено тоа
дејство (пр. Брат ми чистеше вчера цел ден, а јас ги средував алиштата), но може и да го
нема засведочено, а да го има прифатено/утврдено како факт (пр. Брат ми чистеше вчера
цел ден. Не најде време за да се видиме.). Овој исказ најчесто доаѓа како одговор на
прашањето (Што прави Х?/ Што правеше Х?).

Ситуација 2 (МНВ). Говорителот би го употребил исказот Брат ми чистел цел ден


вчера во случај кога не му е целта само да го информира соговорникот за активностите
што ги правел неговиот брат во текот на вчерашниот ден, туку сака да изрази и
изненаденост од таа негова постапка. Тој сѐ уште под импресии, односно зачуден од
постапката на братот, сака да ја сподели и таа информација со соговорникот, изразувајќи
ја својата зачуденост преку употребата на МНВ. Во ваков случај говорителот ја воведува
темата за настан што се случил неодамна, а кој оставил импресии кај него85.

Ситуација 3 (МНВ). Говорителот би го употребил исказот Брат ми чистел цел ден


вчера во случај кога покрај тоа што сака да го информира соговорникот за активностите
што ги правел неговиот брат сака да му соопшти и дека таа информација му е кажана од
братот или од некој друг. Во овој случај имаме дистанцирање на говорителот во однос на

85
сп. Новаковска

97
вистинитоста на информацијата. Говорителот ја нема утврдено информацијата и сака да се
дистанцира од неа, односно не сака да ја потврди како факт.

Ситуација 4 (МНВ). Говорителот би го употребил исказот Брат ми чистел во случај


кога сака да го информира соговорникот за својата моментна констатација/
претпоставка за активностите што ги правел неговиот брат. Говорителот го нема
засведочено тој настан (чистењето), ниту пак го има утврдено, но врз база на некоја
моментна состојба доаѓа до констатација за тој настан. МНВ му овозможува на
говорителот да пренесе информација дека соопштеното го констатира во самиот момент.

Кога сѐ уште сме под импресии од настан што се случил неодамна, односно настан од
нашето непосредно минато, МНВ ни овозможува да го изразиме тоа, односно да ја
споделиме таа емоција со нашиот соговорник (пр. Вчера сум бил во новиот кинески
ресторан86. Преубаво е.). Во ваква ситуација може да се употреби и МОВ (пр. Вчера бев
во новиот кинески ресторан. Преубаво е.), но во тој случај вниманието би било насочено
кон самиот настан, а не кон емоционалната состојба. Со соодветна интонација можеме да
внесеме и емоционална нота кај исказот со МОВ, но сепак исказот Вчера сум бил во
новиот кинески ресторан е поекспресивен од исказот Вчера бев во новиот кинески
ресторан. Со самата форма на МНВ дејството го доближуваме до говорната ситуација.

Доколку станува збор за неактуелен настан од нашето (условно речено) подалечно


минато, ќе употребиме МОВ (пр. Минатата година бевме на одмор во Шпанија). За
родените говорители на македонскиот јазик необична би била употребата на МНВ во
таков неутрален контекст (пр. Минатата година сме биле на одмор во Шпанија).

Исто така, МНВ со ваква функција не може да се сретне во врзан текст, од причина
што необично би било на сите настани да им даваме емоционална нота. Можеме да
започнеме со исказ со кој ќе го изразиме нашето воодушевување/ неверување и сл., но
раскажувањето на понатамошниот тек на настаните го продолжуваме без таа нота,
односно само информираме што и како се случило (пр. Вчера конечно сум си ги средила
книгите. Фатив една по една и ги прередив сите.)

86
Би можело да се каже и Вчера бев во кинескиот ресторан, но во тој случај дејството, односно настанот го
пренесуваме без емоција.

98
Необична би била употребата на МНВ при последователно и детално раскажување на
настани што сме ги искусиле или засведочиле. Во продолжение наведуваме пример,
ексципиран од презентацијата на Тофоска (2011), во кој странски изучувачи го имаат
употребено МНВ во ситуации во кои за македонските говорители, ваквата употреба на
МНВ би била чудна, односно необична:

• Минатото лето сум била на море. Сме биле со една пријателка во нејзина куќа на
Хвар. Сме имале големо друштво и секоја вечер сме излегле во некој ресторан или
кафич...(преземено од Тофоска 2011)

Правилно и вообичаено би било во наведената ситуација да се употреби МОВ:

• Минатото лето бев на море со една пријателка во нејзина куќа на Хвар. Имавме /
Се собравме големо друштво и секоја вечер излегувавме во ресторан или ‘кафич’...

Да ги разгледаме сега исказите „Не верувам дека ти го направи тоа“ и „Не верувам
дека ти си го направил тоа“. Овие два исказа се состојат од истите пропозиции ‘не
верувам’ и ‘ти го направи тоа’. Во првиот исказ пораката би била ‘знам дека некој го
направи тоа, но не верувам дека ти си вршителот на тоа дејство’, односно говорителот
го потврдува случувањето на настанот ‘некој го направи тоа’, но не верува дека тој ‘некој’
е неговиот соговорник. Преку вториот исказ говорителот изразува неможност да го
потврди случувањето на настанот изразен преку пропозициите ‘некој го направи тоа’ и
‘тој некој е соговорникот’, односно пренесува информација дека настанот кој го
соопштува го знае од друг извор.

Кога самата ситуација ќе биде поттик (стимул) за говорителот да се надоврзе со


информација за некое минато дејство (настан), кое тој го искусил или го засведочил,
изборот на МОВ или МНВ ќе зависи од временската дистанца на настанот во однос на
моментот на зборување. Доколку настанот се случил непосредно пред ситуацијата,
говорителот ќе употреби МОВ. Доколку настанот/настаните се случил/-е поодамна,
говорителот ќе употреби МНВ, кое на еден начин ќе му овозможи да го доближи дејството
до ситуацијата. Пример ако соговорникот го вклучува телевизорот и на првиот канал
емитуваат филм, кој говорителот го препознава, пр. тоа е филмот што го гледал вчера,
тогаш тој на дадената ситуација ќе реагира со исказот „Вчера го гледав овој филм“. Во

99
случај да не употреби временска определба „Го гледав овој филм“, неговиот соговорник ќе
толкува дека настанот (гледањето на филмот) се случил неодамна. Доколку говорителот
го гледал филмот поодамна, но сака сега да го изнесе тоа искуство како релевантно за оваа
ситуација ќе каже „Сум го гледал овој филм“. Во овој случај со исказот се пренесува
информација дека настанот се случил поодамна, а говорителот сака сега да го
актуализира, а исто така може да се пренесе и дополнителна порака (пр. ‘Не сакам пак да
го гледам овој филм. Смени го каналот’).

Да споредиме сега две други говорни ситуации во кои се употребени исти


пропозициски содржини. Станува збор за еден ист говорител.

Ситуација 1. Ситуација 2.

Говорителот (кон соговорникот): Говорителот (кон соговорникот):

Никола е во болница. Си ја повредил ногата Минатата недела Никола падна од мотор и си


пред некој ден. Се возел на мотор и паднал. ја повреди ногата, па заврши во болница. Сам
си е крив. Возел многу брзо и се удрил во дрво.
Среќа не се повредил многу.

Во првиот случај на ситуацијата ѝ претходи друга говорна ситуација преку која


говорителот е информиран за состојбата на Никола и настаните што му се случиле. Првата
реченица пренесува порака дека говорителот со сигурност знае дека Никола е во болница
(пр. бил на посета или се слушнал со него). Доколку стануваше збор за штотуку добиена
информација говорителот наместо со исказот „Никола е во болница“, би се одлучил да ја
пренесе информацијата со исказот „Никола бил во болница“. Со другите два исказа
говорителот укажува дека информацијата што ја соопштува му е кажана од друг.

Во втората ситуација, говорителот за првиот исказ се одлучува да го употреби МОВ,


иако самиот лично ги нема засведочено тие настани, но сепак веќе ги има утврдено како
факти (пр. зборувал со Никола/ бил на посета/ му ја видел ногата во гипс и сл.). Сепак,
деталите од тој настан (возел/ се удрил), говорителот, колку и да му верува на изворот на
информацијата, не може да ги пренесе како факти зашто не бил таму и нема основа за што

100
да ги поврзе. Доколку овој исказ говорителот би го заменил со исказот Возеше многу брзо
и се удри во дрво, би испратил до соговорникот погрешна, односно невистинита порака,
како и самиот тој да бил присутен кога се случил настанот.

Да анализираме уште неколку примери, во кои една иста пропозициска содржина (‘А
ги заборави парите’) различно се соопштува во зависност од говорната ситуација:

Ситуација 1. А и Б стојат пред Универзална сала. А гледа во паричникот. Празен е. А


изјавува.

A: Леле, сум ги заборавила парите.


(А го употребува МНВ за да пренесе дека во самиот момент го констатира настанот;
моментна констатација + неверување)

Ситуација 2 а. А оди со трчање кон дома. По пат се среќава со В. В прашува кај брза.
А одговара.
A: Брзам до дома. Сум си ги заборавила парите.
(А веќе го има утврдено тој факт, но во случајов, употребувајќи го МНВ, сака да ја
пренесе својата изненаденост од тој настан)

Ситуација 2 б. А го среќава В. В прашува кај брза. А одговара:

A: Трчам до дома. Си ги заборавив парите.


(А го употребува МОВ за да пренесе факт)

Ситуација 3 а. Следниот ден А му раскажува на Г за настанот:

A: Тргнавме вчера порано за да купиме навреме билети. Арно ама само што
стигнавме, видов дека сум ги заборавила парите.
(Со МОВ, А пренесува факти, односно раскажува за настаните - тргнавме/
стигнавме/ видов; со МНВ А пренесува што констатирала/ видела во тој момент – сум ги
заборавила)

Ситуација 3 б. Следниот ден А му раскажува на Г за настанот:

A: Вчера си ги заборавив парите, па трчав до дома.

101
ТВРДЕЊА (МОВ)
СИТУАЦИИ ПРИМЕР ЗНАЧЕЊЕ НАРАТИВНА
Говорителот S: УПОТРЕБА

(рас)кажува за лично искусени Со Марко се запознав пред „реално“ (живо) [+] наративност
и засведочен/-и настан/-и две години. Тогаш бев на пренесување на лично на ниво на дискурс
семинар. искусени настани (се среќава и во
врзан текст,
односно може да
се употребува
последователно во
повеќе
реченици/искази)

(рас)кажува засведочен/-и Вчера останавме цел ден „реално“ (живо) [+] наративност
настан/-и дома. Марко работеше на пренесување на на ниво на дискурс
проектот. засведочени настани (се среќава и во
врзан текст,
односно може да се
употребува
последователно во
повеќе
реченици/искази)
пренесува информација за На ТВ даваат филм што му „реално“ (живо) [+] наративност
искусен/ засведочен настан е познат на говорителот од пренесување на лично на ниво на дискурс
што се случил непосредно неодамна: искусени/ (се среќава и во
пред дадена ситуација Го гледав овој филм вчера. засведочени настани врзан текст,
(дадена ситуација => настан) што се случиле односно може да се
непосредно пред употребува
говорната ситуација последователно во
повеќе
реченици/искази)

пренесува информација за Ивана го положи испитот. „реално“ (живо) [-] наративност


незасведочен настан, која Полагала кај некоја строга пренесување на на ниво на
поодамна ја има дознаено од професорка. утврдени настани реченица (не се
други и ја има утврдено како среќава
факт последователно во
врзан текст)

Табела 19. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МОВ при изрази на тврдење

102
ТВРДЕЊА (МНВ)
СИТУАЦИИ ПРИМЕР ЗНАЧЕЊЕ НАРАТИВНА
Говорителот S: УПОТРЕБА
импресиониран од некое Вчера сум се возел со актуелната [-] наративност
(свое) скорашно искуство хеликоптер. Заедно со еден мој релевантност на на ниво на
пренесува информација за пријател отидовме.... искуство од минат реченица (не се
својата емоционална настан (т.е. среќава
состојба (воодушевување/ адмиративно последователно во
неверување), која настанала значење) врзан текст)
како резултат на тој настан

поттикнат од дадена - На ТВ даваат филм што му актуелната [-] наративност


ситуација пренесува е познат на говорителот од релевантност на на ниво на
информација за засведочен поодамна и се надоврзува на искуство од минат реченица (не се
настан што се случил тоа: настан (т.е. среќава
поодамна Сум го гледал овој филм. перфектно последователно во
(дадена ситуација => - Тема на разговор е некое значење) врзан текст)
информација за засведочен училиште.
настан) Говорителот се надоврзува со
информација:
И брат ми учел овде.
поттикнат од дадена Говорителот гледа дека вратата претпоставка/ [-] наративност
ситуација пренесува која претходно била затворена, констатација (т.е. на ниво на
претпоставка/ констатација за сега е отворена и констатира: конклузивно реченица (не се
настан Некој ја отворил вратата. значење) среќава
(дадена ситуација => последователно во
претпоставка за незасведочен Говорителот го среќава Б, кого врзан текст)
настан) го знае како мал, а сега го гледа
пораснат и констатира: Многу
си пораснал.
пренесува информација за Се слушнав со брат ми пред информација за [+] наративност
незасведочен настан, која малку. Само што тргнал настан узнаена од на ниво на
штотуку ја дознал/ пренесува наваму. / Никола е во болница. друг извор за која дискурс (се
(детална) информација за Си ја повредил ногата пред говорителот нема среќава и во врзан
незасведочен/-и настан/и некој ден. Се возел на мотор и цврсти докази текст, односно
паднал./ (репортативно/ може да се
Минатата недела Никола падна прекажано употребува
од мотор и си ја повреди значење) последователно во
ногата, па заврши во болница. повеќе
Сам си е крив. Возел многу брзо реченици/искази)
и се удрил во дрво. Среќа не се
повредил многу.
пренесува информација А: Рече дека е од Америка. информација за [-] наративност
кажана од друг со ироничен Б: Од Америка бил. Како да не. настан узнаена од на ниво на
став друг извор во која реченица (не се
говорителот не среќава
верува последователно во
(дубитативно врзан текст)
значење)

Табела 19. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МНВ при изрази на
тврдења

103
Во однос на прашањата, минатото определено време (МОВ) се употребува
вообичаено кога поставуваме прашања, односно бараме информација од соговорникот во
врска со фактичката реализација на некој настан:

ПРАШАЊА (МОВ)
СИТУАЦИЈА Пример ЗНАЧЕЊЕ
Говорителот S:
поставува општи прашања до Што правеше вчера? Барање информација за
соговорникот за нечии претходни Каде беше Марија вчера? фактичката реализација
активности на настани што се
одвиваат вообичаено
поставува прашања до соговорникот Дали се видовте со Марија? Барање информација за
за фактичката реализација на Кога се видовте со Марија? фактичката реализација
настани за кои има некакви (говорителот има претходни сознанија на настан за кој има
сознанија дека соговорникот и Марија треба да претходни сознанија
се видат, односно се виделе)

Табела 21. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МОВ при изрази на
прашување

За разлика од МОВ, со употребата на МНВ во прашања секогаш внесуваме


дополнителна информација во врска со настанот за кој прашуваме.

ПРАШАЊА (МНВ)
СИТУАЦИЈА Пример ЗНАЧЕЊЕ
Говорителот S:
се интересира дали неговиот Си го гледал овој филм?/ Си се возел Барање информација за
соговорник или некој друг има со хеликоптер? (говорителот се субјектот и неговото искуство
доживеано такво искуство, и со интересира дали неговиот (перфектно значење)
тоа воведува нова тема соговорник има такво искуство, бара
потврда за информацијата)
проверува дали неговите Проверка на информацијата за
сознанија или претпоставки за Сте се виделе со Марко вчера? (+> настан узнаена од друг извор за
одредено дејство се вистинити некој ми кажа, но сакам и ти да ми која говорителот нема цврсти
според соговорникот потврдиш) докази
(конклузивно/репортативно)

дознава информација од Изразување неверување/


соговорникот, со која не се А: Ти ми кажа да дојдам. несогласување преку
согласува и ја парафразира Б: Јас сум ти кажал да дојдеш? повторување на информација за
информацијата во вид на настан узнаена од друг извор во
прашање вид на прашање. (т.н.
дубитативно значење)

Табела 22. Опис на говорните ситуации во кои се употребува МНВ при изрази на
прашување

104
Во однос на чинот на негирање, можеме да ги изделиме следните ситуации:

НЕГИРАЊЕ (МОВ и МНВ)

Говорителот S: Пример ВРЕМЕ НАРАТИВНОСТ

го негира случувањето Не те видов./ Не му ја продаде МОВ [-] наративност


на настанот, односно куќата. на ниво на реченица (не
негира факти се среќава
последователно во врзан
текст)

го негира постоењето на Не сум го посетила Музејот. МНВ [-] наративност


искуство до моментот
на соопштување на ниво на реченица (не
се среќава
последователно во врзан
текст)

ја негира А: Изгледа Марко го скршил МНВ [-] наративност


претпоставката/ прозорецот. на ниво на реченица (не
констатацијата Б: Не го скршил Марко се среќава
прозорецот. Некое друго дете го последователно во врзан
скршило. текст)
негира нечиј исказ кој А: Ти ми кажа да дојдам. МНВ [-] наративност
се однесува на настанот Б: Не е точно. Не сум ти кажал на ниво на реченица (не
настанот да дојдеш. се среќава
последователно во врзан
текст)

Табела 23. Опис на говорните ситуации во кои се употребуваат МОВ и МНВ при
изрази на негирање
Како што видовме, кога говорителот се интересира за фактичката реализација на
даден настан, поставува прашања со МОВ (пр. Се видовте со Марија?/ Кога се врати
Никола?/ Зошто не дојде вчера?). Доколку одговорот на овие прашања е позитивен,
соговорникот би одговорил употребувајќи го истото време – МОВ. Доколку одговорот на
прашањето е негативен, употребата на МОВ и на МНВ ќе зависи од тоа дали соговорникот
сака да ја негира реализацијата на настанот или да ја негира информацијата што ја
воведува говорителот. Во прилог следат примери:

I ПРАШУВАЊЕ ЗА ФАКТИЧКАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАН (СО МОВ)

(А и Б претходно зборувале за средбата со Марија, или А знае за средбата од друг,


пр. Марија: ПРАШАЊЕ СО МОВ)
А: СЕ ВИДОВТЕ со Марија?

105
МОЖНИ ОДГОВОРИ:

Ситуација 1:
(Б го потврдува настанот: ПОТВРДЕН ОДГОВОР СО МОВ)
Б: Да, СЕ ВИДОВМЕ. ДОЈДЕ кај мене на гости.

Ситуација 2:
(Б го негира случувањето на настанот: НЕГАТИВЕН ОДГОВОР СО МОВ)
Б: Не, НЕ СЕ ВИДОВМЕ.

Ситуација 3:
(Б ја негира таквата информација: НЕГАТИВЕН ОДГОВОР СО МНВ)
Б: Не бре. Од каде таква информација? НЕ СМЕ СЕ ВИДЕЛЕ којзнае од кога.
А: Па Марија ми спомна дека треба да се видите.

II ПРАШУВАЊЕ ЗА ПРОВЕРКА НА ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА НАСТАН УЗНАЕНА ОД


ДРУГ ИЗВОР (СО МНВ)
(А знае средбата, пр. од Марија и бара само потврда на информацијата што ја
добил/а: ПРАШАЊЕ СО МНВ)
А: СТЕ СЕ ВИДЕЛЕ вчера со Марија?
МОЖНИ ОДГОВОРИ
Ситуација 1:
(Б го потврдува настанот: ПОТВРДЕН ОДГОВОР СО МОВ)
Б: Да, СЕ ВИДОВМЕ. Од каде знаеш?
(А ја пренесува на информацијата што ја добила: ПОТВРДЕН ОДГОВОР СО МНВ)
А: Па Марија ми спомна дека СТЕ СЕ ВИДЕЛЕ.

Ситуација 2:
(Б го негира воопшто постоењето на такво дејство: НЕГАТИВЕН ОДГОВОР СО
МНВ)
Б: Не бре. Од каде таква информација. НЕ СМЕ СЕ ВИДЕЛЕ којзнае од кога.
(А ја пренесува на информацијата што ја добила: ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР СО
МНВ)

106
А: Па Марија ми спомна дека СТЕ СЕ ВИДЕЛЕ.

Врз основа на горенаведеното, можеме да изделиме по 3 основни употреби за секое


време, и тоа:

во кој говорителот се јавува во улога на


вршител или трпител на дејството
употреба на МОВ (накратко: лично искусено дејство)
за „реално“ во кој говорителот се јавува во улога на сведок
МОВ (живо) на настанот (накратко: директно перципирано
пренесување на дејство)
минат настан
кој говорителот го има утврдено како факт
(накратко: утврдено дејство)
изразување актуелна релевантност на
искуството од тој настан (накратко: актуелна
релевантност на минат настан)
употреба на МНВ
изразување претпоставка или констатација за
за пренесување
тој настан врз база на моментната состојба
на минат
МНВ или некоја информација узнаена непосредно
настан и
(накратко: претпоставка/констатација)
истовремено
пренесување неутврдена информација за тој
настан - информација узнаена од друг извор за
која говорителот нема цврсти докази (накратко:
прекажаност)
Табела 24. Преглед на основните функции на МОВ и на МНВ
Значењето актуелна релевантност на минат настан, всушност се поклопува со
категоријата перфект, или поконкретно со ова значење се опфаќаат искуствениот перфект
и перфектот на актуелната релевантност (в. дел Перфект). Второто значење на МНВ,
претпоставка или констатација врз база на моментната или друга референтна состојба е
познато уште како конклузив или дедуктивно, односно инференцијално значење sensu
stricto. Во врска со тоа, напоменуваме дека поимот инференцијалност овде го третираме
како поширок поим, со кој означуваме ментално осознавање, односно поимање на
состојба инферирана од настанот, а не само изнесување логички заклучок врз база на
факти. Односно, сите значења на МНВ ги третираме како инференцијални. Третото
значење на МНВ се поклопува со значењето прекажаност, кое е познато уште како
прекажување или репортатив.
Основна одлика на оваа функција на МОВ е неконфирмативноста, односно
дистанцирањето на говорителот од веродостојноста/вистинитоста на информацијата.

107
Говорителот одбива да преземе одговорност за вистинитоста на пораката (в. дел
Дистанца/ термин нонконфирматив).
Ова е краток приказ на функциите и на говорните ситуации во кои се употребуваат
МОВ и МНВ. Во следното поглавје ќе прикажеме како МОВ и МНВ се претставени во
учебниците по македонски јазик како странски.

108
4.4 Претставување на МОВ и МНВ во учебниците по македонски јазик како
странски

Минатото определено свршено (МОСВ) и минатото определено несвршено време


(МОНВ) во учебниците по македонски јазик како странски се изучуваат како посебни
времиња, додека кај минатото неопределено време (МНВ) речиси воопшто не се посветува
внимание на опозицијата свршено/несвршено.

Дефинициите и описите на овие времиња се засноваат на традиционалните описи во


граматиките.

Така, за минатото определено свршено време (аорист) се вели дека е време со кое се
искажува „минато дејство што го сфаќаме во неговата завршеност“ (Кусевска,
Митковска1995: 117) и кое речиси исклучиво се образува од свршени глаголи (Kramer,
Mitkovska 2011: 146).

Покрај оваа функција, во учебниците по македонски јазик како странски се потенцира


и употребата на минатото определено време исклучиво за директно кажување,
„раскажувачот го доживеал или бил присутен кога тоа се случило“ (Ајдинска-
Папазовска, 1999, Kramer, Mitkovska 2011: 146, Тасевска 2009).

Минатото определено несвршено време (имперфект) се опишува како време со кое


дејството се претставува во неговото одвивање, а не како завршено (пр. Се шетав во
паркот); како вообичаено дејство во минатото (пр. Живеев на село) или пак, како
повторливо дејство во минатото (пр. Често ја посетував баба ми). Како и за аористот, и
овде се нагласува дека кажувањето е директно и раскажувачот, односно говорителот или
го доживеал дејството или бил присутен кога тоа се случило (Кусевска, Митковска 1995:
113).

Во однос на употребата на минатото неопределено време (МНВ) во учебниците по


македонски јазик како странски се потенцираат најчесто две основни функции, и тоа: 1)
употреба на МНВ за дејство што се случило во минатото, но не е поблиску определено; и
2) употреба на МНВ за раскажување на дејства кои ние самите не сме ги доживеале

109
ниту сме ги виделе, ама ни биле соопштени од некој друг. (Ајдинска-Папазовска, 1999,
Kramer, Mitkovska 2011: 146, Тасевска 2009).

Низ содржините на учебниците по македонски јазик како странски повеќе внимание


се посветува на истакнување на разликата во однос на формата и на видот, отколку на
значенската разлика меѓу минато определеното и на минато неопределеното време.

Усвојувањето на разликата помеѓу МОВ и МНВ во однос на формата не претставува


проблем за оние што го учат македонскиот јазик како странски. Проблемот е усвојувањето
на функциите на овие времиња и нивната употреба.

Во повеќето учебници по македонски јазик како странски, најнапред се предава МОВ, а


потоа МНВ, што е сосема оправдано од педагошка гледна точка. Во врска со тоа, ќе се
повикаме на Фридман (2011), кој истакнува дека „при воведувањето на јазичниот
материјал се почнува со материјал со поголема фреквенција и правила, а (само) потоа
работа со помала фреквенција и исклучоци“. Целта на ваквиот пристап е „студентот да
може што побргу да стигне до попродуктивен капацитет и да му се создаде чувство на
достигнување“(ibid).

Самиот Фридман потенцира дека „кога се работи за минато определено и неопределено


време, има повеќе смисла да се почне прво со минато определено, иако може да се
докаже дека е помаркирано, заради фреквенцијата и правецот на предиктабилноста“
(ibid).

Во однос на предавањето на МНВ, сметаме дека во учебниците за почетно рамниште


најпрвин треба да биде воведена употребата на МНВ за пренесување информација за
настан узнаена од друг извор за која говорителот нема цврсти докази, односно за
прекажување, како помаркирана во однос на другите функции. Во прилог изделуваме
извадоци од учебници во кои МНВ се воведува токму преку оваа функција:

110
Слика 10. Извадоци од учебниците Божилак и Macedonian: A course for beginning and
intermediate students (соодветни инструкции и примери за употребата на МНВ)

Во некои од учебниците, кои најчесто се употребуваат на курсевите по македонски


јазик за странци, најпрвин се воведува употребата на МНВ за изразување актуелна
релевантност на минат настан. Ако се земе предвид дека на овие курсеви како јазик
посредник генерално се користи англискиот јазик и дека англискиот Present Perfect има
слично значење со МНВ, донекаде ваквиот приказ на МНВ е оправдан. Според нас, сепак
подобро е МНВ да се воведе преку функцијата за прекажување, односно за пренесување
информации за настани узнаени од друг извор за кои говорителот нема цврсти докази.
Оваа функција на МНВ од една страна е поспецифична, а од друга страна и пофреквентна.
Во некои од учебниците се забележува и обид да се поврзе употребата на МНВ со
прилозите веќе и уште, како аналогно на употребата на англискиот Present Perfect и
прилогот yet, што сметаме дека води кон погрешно наведување, бидејќи и МОВ може да
се употребува со овој прилог.

111
Слика 11. Извадоци од учебниците ЗМЈ и ДМЈ
(содржини преку кои се воведува МНВ; со значење актуелна релевантност на минат
настан)

Содржините во повеќето учебници по македонски јазик како странски се ориентирани


кон вежби за усвојување на формите на МОВ и на МНВ, многу малку внимание се
посветува на контекстуалните околности, односно на говорните ситуации. Некои од
задачите и вежбите би рекле дека пренесуваат сосема погрешна информација за
прагматичко-семантичките особености на овие времиња.

Пример во еден од учебниците во содржинскиот дел посветен на МОВ има дадено


текст во кој се зборува за некоја забава кај Билјана, на која присуствувала и Ана (Ана беше
на забава кај Билјана; Забавата беше супер...). По текстот следуваат прашања (пр. Што
правеа гостите на забавата кај Билјана кога Ана пристигна?) под кои се дадени
одговорите што треба да се дополнат со соодветната форма во МОВ од глаголот даден во
заграда (Горан ............ (зборува) со една девојка). Вака конципираната задача е исклучиво
за вежбање на формата на МОВ и преку ваквиот пристап може да се создаде погрешна
претстава кај изучувачите за употребата на МОВ, кое се користи за „реално“ (живо)

112
пренесување на незасведочени, но утврдени настани, но не и за неутврдени, како што е
случајов во наведената задача. Кога во инструкцијата би се додало: Замислете дека сте
биле на забавата кај Билјана. Дополнете ги речениците. Кажете што правеа гостите на
забавата?/ Замислете дека сте Ана. Што правеа гостите кога пристигнавте?, би се
доловил вистинскиот контекст и би се избегнале дополнителни заблуди.

Во учебните помагала најчесто се занемаруваат одделните функции на МОВ и на


МНВ, а не се води сметка ниту за говорните ситуации ни за контекстуалното значење и се
пристапува кон вежби за механичка примена на граматичките правила за образување на
формите.

Занемарувањето на специфичната разлика меѓу МОВ и МНВ во учебниците по


македонски како странски дополнително го усложнува усвојувањето на овие граматички
содржини и негативно се одразува кај изучувачите.

Во следниот дел ќе видиме кои функции на МОВ и на МНВ се најпроблематични за


изучувачите и каква е процентуалната застапеност на отстапките во зависност од степенот
на познавање на македонскиот јазик, односно ќе направиме приказ на резултатите од
спроведеното истражување.

113
5. ПРИКАЗ И АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

5.1 Методолошки пристап на истражувањето

Целта на спроведеното истражување е преку методот анализа на грешки да увидиме


колку и какви грешки прават странските изучувачи на македонскиот јазик во однос на
формата и функцијата на МОВ и на МНВ и, потоа, врз основа на нашите сознанија да
поставиме хипотеза за причините поради кои настануваат ваквите грешки, притоа
осврнувајќи се пред сè на правилните и на неправилните употреби на МОВ и на МНВ.
Како основна рамка за изведување на истражувањето ни послужи моделот на Кордер (в.
стр. 25).

Првата фаза, собирањето на податоците се одвиваше плански, односно по претходно


направени подготовки. Беше изготвен „прашалник“, кој се состоеше од повеќе задачи –
сосема кратки текстови во кои беа изоставени глаголските форми. Во повеќето „прашања“
беа наведени видски парници - по два глагола во нивната основна форма, при што
испитаниците требаше сами да се одлучат кој глагол треба да го употребат. Задачата на
испитаниците беше на празните места да го напишат глаголот во соодветната форма на
МОВ или на МНВ (вкупно 81), во зависност од контекстот. Во другите задачи им беа
понудени неколку опции од кои требаше да изберат една.

Истражувањето беше спроведено на XLVII летна школа на Меѓународниот семинар


за македонски јазик, литература и култура одржана во Охрид 2014 година и во него
учество зедоа 21 испитаник од групите за средно и напреднато рамниште, од кои 4 беа
машки и 17 женски.

Имено, стануваше збор за истражување во пресек изведено со возрасна група


испитаници (на возраст 20 – 50 години), која во голема мера беше хетерогена.

Нивото на познавање на јазикот во групата за средно рамниште варираше од А2 до


Б2, а во групата за напредно од Б2 до Ц1/Ц2. Од тие причини, за целите на ова
истражување изделивме три групи, и тоа: испитаници од преодно рамниште чиј степен на
познавање на јазикот е А2-Б1 (вкупно 5); испитаници од самостојно рамниште чиј степен
на познавање на јазикот е Б1-Б2 (вкупно 9) и испитаници од напредно рамниште чиј
степен на познавање на јазикот е Б2-Ц1 (вкупно 7). Степенот на познавање на јазикот на

114
секој испитаник поединечно е одредено врз основа на негова лична проценка и во
консултација со неговиот лектор. Напоменуваме дека степенот на познавање на јазикот не
соодветствува со степенот на усвоеност на испитуваните структури, така што кај одредени
испитаници се јавуваат помали или поголеми варирања.

Повеќето од испитаниците го имаат изучувано македонскиот јазик во лекторатите во


нивните земји, а некои од нив по втор/третпат се учесници на Семинарот. Во однос на
првиот (мајчиниот) јазик на испитаниците, ситуацијата е следната: 4- со прв полски јазик;
1 – англиски; 2 – унгарски; 2- чешки; 2 –хрватски; 2- словенечки; 2 – руски; 3 – српски; 1 –
француски (со македонско потекло); 1 – азербејџански, 1 – холандски. Според тоа, во
однос на потеклото на првиот јазик на испитаниците можеме да изделиме две поголеми
групи: испитаници со прв јазик од групата балканословенски јазици (српски, словенечки,
хрватски, чешки); унгарски; и испитаници со прв јазик од др. групи - западногермански
(англиски и холандски); романски (француски) и алтајски/турски јазици (азербејџански).

Прашалникот се состоеше од вкупно 81 потпрашање, односно вкупниот број на


податоци што беа анализирани изнесува 1701 (21 испитаник X 81 прашање). Податоците
од истражувањето беа рачно обработени. По внесувањето на сите употребени структури,
направивме нивна класификација врз основа на неколку критериуми. Првин беа изделени
3 поткорпуса, според горенаведените рамништа, а потоа за секое рамниште беше
направена посебна анализа. На крај, направивме споредба на резултатите од сите
рамништа.

Податоците се анализирани од аспект на формите на МОВ и на МНВ и нивната


функција. Најнапред ќе направиме општ преглед на грешките во однос на формите на
МОВ и на МНВ од аспект на секое јазично рамниште.

Со оглед на тоа што фокусот на нашиот труд е свртен кон проблемите со усвојувањето
на функциите на МОВ и на МНВ од страна на изучувачите, нема да се задржуваме
детално на другите грешки. Ќе дадеме само краток приказ и објаснување за
поспецифичните отстапувања, без статистички податоци за застапеноста на грешките,
додека употребата на МОВ и на МНВ ќе ја разгледаме поединечно и подетално ќе се

115
осврнеме на забележаните отстапувања во поглед на оваа проблематика и нивната
фреквентност.

Врз база на нашиот опис на МОВ и на МНВ, изделивме по 3 основни функции за секое
од времињата.

во кој говорителот се јавува во улога на


вршител или трпител на дејството
(накратко: лично искусено дејство)
употреба на МОВ
за „реално“ (живо) во кој говорителот се јавува во улога на
МОВ сведок на настанот (накратко: директно
пренесување на
минат настан перципирано дејство)

кој говорителот го има утврдено како факт


(накратко: утврдено дејство)
изразување актуелна релевантност на
искуството од тој настан (накратко:
актуелна релевантност на минат настан)

изразување претпоставка или констатација


употреба на МНВ за тој настан врз база на моментната
за пренесување на состојба или некоја информација узнаена
МНВ минат настан и непосредно (накратко:
истовремено претпоставка/констатација)

пренесување неутврдена информација за тој


настан - информација узнаена од друг извор за
која говорителот нема цврсти докази
(накратко: прекажаност)

Табела 25. Преглед на изделените функции на МОВ и на МНВ за целите на


истражувањето

Употребата на МОВ за „реално“ пренесување на информации за минати настани кои


говорителот го има лично искусенo, ја поврзуваме со оние говорни ситуации во кои
говорителот пренесува само факти од своето лично искуство, на пример: Со години не сум
го видела овој човек, а вчера го сретнав дури двапати. / Вчера игравме карти кај брат
ми. Втората употреба на МОВ е поврзана со пренесување факти за настани кои
говорителот ги има директно перципирано, како во следниот пример: Слушав како се
караа цела ноќ, додека пак третата употреба се поврзува со настани кои говорителот
лично ги нема засведочено, но веќе ги има утврдено како факти. Обично станува збор за

116
настан што се случил поодамна и врз основа на своето искуство и знаење говорителот
може да го пренесува како факт, пр. Никола како мал ги знаеше сите песнички што ги
учеа во градинка.

Кај МНВ имаме суспендирана фактивност. Фокусот од настаните се свртува кон друга
дополнителна информација (искуство, емоционална реакција, неверување, неутврденост и
сл.). Така, МНВ може да се употребува за изразување актуелна релевантност на настан,
односно за изразување врска меѓу сегашниот момент и искуството од некој минат настан
кој говорителот го има искусено, перципирано или утврдено. Самата ситуација на некој
начин го поттикнува говорителот да актуализира информација за искуство од настан од
подалечното минато, на пр. Ни сама не знам колкупати сум го посетила Охрид, или да
пренесе информација за својата сè уште актуелна реакција во врска со настан што се
случил во поблиското минато – да изрази восхит/ неверување, пр. Сонував дека сум била
во базен полн со ајкули.

Употребата на МНВ за претпоставка или констатација врз база на моментната или


некоја референтна состојба, се однесува на минат настан кој говорителот го нема
искусено, перципирано или утврдено, но врз основа на своето досегашно (општо) знаење
и искуство претпоставува, односно констатира дека се има случено таков настан, на пр.
Што ти е на прстот? Си се повредил?/ Ана излегува од вода. Гледа крв на ногата и вели:
Ај, сум се исекла од некој камен!

Третата употреба на МНВ се однесува на изразување неутврдена информација, односно


информација узнаена од некој друг извор за која говорителот нема цврсти докази. Во овој
случај говорителот се дистанцира од настанот затоа што го нема искусено, перципирано
ниту утврдено и со употребата на МНВ покрај информацијата за настанот праќа и
дополнителна порака дека информацијата му е од друг извор, на пр. Слушнав дека некој
ме барал синоќа.

Слаба страна на истражувањето е различната застапеност на времињата. Од вкупно 81


прашање, за 30 прашања беше предвиден одговор со МНВ, а за 51 прашање со МОВ.

Притоа, 7 прашања бараа употреба на МНВ за изразување актуелна релевантност на


минат настан, 10 за изразување констатација или претпоставка за настан врз база на

117
дадена состојба од сегашноста и 13 за пренесување на неутврдена информација за настан
узнаена од друг извор (прекажување). Во однос на употребата на МОВ, беа застапени 18
ситуации во кои МОВ се употребува за минати настани директно перципирани од
говорителот, 24 за лично искусени настани и 9 за утврдени настани.

Во однос на анализата, треба да нагласиме дека во одредени ситуации тешко е да се


пресуди за каква грешка станува збор, односно дали грешката е направена поради
непознавање на формата или поради непознавање на функцијата/ дистрибуцијата (пр. Ај,
сум се исечела.)

И покрај тоа што собраниот корпус на податоци не е голем, сепак ќе овозможи да


дојдеме до одредени сознанија во врска со испитуваната проблематика.

118
5.2 Приказ и анализа на податоците

Во овој дел ќе биде направен приказ на резултатите добиени од истражувањето. Како


што споменавме претходно, ќе бидат изделени три групи, односно три корпуси.
Корпусите се разликуваат во обем.

Најголем е корпусот на податоци за Б1-Б2 рамниште (вк. 729 податоци), потоа следува
корпусот на податоци за Б2-Ц1 (вк. 576 податоци), а најмал е корпусот за А2-Б1 (вк. 405
податоци). Резултатите ќе бидат прикажани редоследно по рамништа, почнувајќи од
резултатите на испитаниците од најниското рамниште (А2-Б1).

По приказот на резултатите за секое рамниште, ќе биде направена споредба на


резултатите во целост со цел да се види како се одвива развојниот тек во однос на
усвојувањето на овие структури.

Анализата на резултатите од истражувањето и на методскиот пристап ќе ни даде


појасна слика за проблемите и причините за фосилизација во однос на усвојувањето на
овие структури.

Во прилог следува анализата на резултатите по рамништа.

119
5.2.1 Анализа на корпусот на податоци од А2-Б1 рамниште (преодно рамниште)

Во овој дел ќе направиме приказ на резултатите за изучувачите чие ниво на


познавање на јазикот е А2-Б1 (почетно-средно, односно преодно рамниште според CEFR).
Оваа група ја сочинуваат вкупно 5 испитаници, и тоа: И5, И8, И19, И20 и И21.
Очекуваниот број на податоци за анализа е 405 одговори87. Како што можеме да видиме од
податоците во табелата, станува збор за испитаници чиј мајчин јазик е јазик од групата на
словенските јазици (полски, руски), односно за испитаници кои владеат и друг словенски
јазик (руски, бугарски).

испитаник пол возраст Ј1 степен на време и други јазици


познавање место на
на МЈ изучување на
МЈ
И5 ж / азербејџански А2-Б1 првпат на руски,
, татарски семинарот 2014 бугарски,
англиски
И8 м / холандски Б1 4 пати на француски,
семинарот англиски,
германски,
бугарски
И19 ж 32 полски А2 на семинарот српски, чешки,
за мј. 2014 г. за англиски,
првпат хрватски
И20 ж 21 полски А2-Б1 една година англиски,
на факултет француски,
српски, шведски

И21 ж 31 руски А2 / /

Табела 26. Профил на испитаниците од преодно рамниште (А2-Б1)

Од вкупно 405 податоци, 282 се одговори со МОВ, 83 со МНВ и 40 со друго време,


односно без одговор, наспрема очекуваните 255 точни одговори со МОВ и 150 точни
одговори со МНВ.

Процентуално, регистрираните форми на минатото определено време (МОВ) имаат


застапеност за 7% повисока од вкупната предвидена застапеност на форми на МОВ,
додека формите на МНВ се со 20% застапеност, што е 17% помалку од предвиденото. Во

87
81 прашање X 5 испитаници

120
табелата подолу се дадени податоците за предвидената застапеност на формите на
формите на МОВ и на МНВ наспрема регистрираните одговори.

А2-Б1 рамниште Предвидена Регистрирани форми


застапеност на
формите
МОВ 255 (63%) 282 (70%)

МНВ 150 (37%) 83 (20%)

ДРУГО 0 (0%) 40 (10%)

ВКУПНО 405 (100%) 405 (100%)

Табела 27. Предвидени наспрема регистрирани форми на МОВ и на МНВ (А2-Б1)

Од резултатите можеме да заклучиме дека кај испитаниците на ова рамниште се


забележува поширока употреба на МОВ за сметка на употребата на МНВ. Тоа ни
сигнализира дека изучувачите на А2-Б1 рамниште имаат тенденција да ја прошират,
односно да ја генерализираат употребата на МОВ за минати настани, не земајќи ги
предвид контекстуалните/ конситуациските околности.

Ваквата состојба веројатно се должи на поголемата фреквентност на МОВ низ


содржините на учебниците по македонски јазик како странски и воопшто во
секојдневниот говор, но и на фактот дека најчесто прво се изучува МОВ, а потоа МНВ.

Сепак, пред да преминеме на анализа на правилната и на неправилната употреба на


МОВ и на МНВ, ќе дадеме преглед на регистрираните грешки кај формите на МОВ и на
МНВ на ова рамниште.

121
5.2.1.1 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МОВ
(А2-Б1)

Во однос на формите на МОВ, на А2-Б1 рамниште се забележуваат отстапки на


морфонолошко, морфосинтаксичко и на семантичко-прагматичко рамниште. Најчести се
грешките од типот погрешна употреба на некој елемент, а поретко се среќаваат
испуштања или додавања на елементи.

На морфонолошко рамниште регистрирани се отстапувања во основата на глаголот, кај


наставките, кај основниот вокал, како и кај и некои префикси. Кај основата на глаголот,
најчесто се јавуваат грешки кај глаголите кај кои во МОСВ се врши некаква гласовна
промена, а која не е извршена во повеќето одговори, на пр. Разберев дека... / Сечев леб и
се пресеча; и сл.

Ваквите отстапки се чести и типични за ова рамниште. Станува збор за развојни грешки
кои се јавуваат како резултат на процесите на упростување и генерализација на правилата
на Ј2.

Во врска со ова, евидентирани се и грешки во спротивна насока, односно се јавуваат


случаи во кои испитаниците имаат извршено гласовна промена во коренот на зборот, а не
треба, како што се примерите: ПРОПУСТИХ интересен меч.../Навистина НЕ МОГОВ.../
Дај да видам каде СЕ ИСЕКА... и сл. Ваквите отстапувања се забележани кај испитаници
чиј мајчин јазик е од групата на словенските јазици и кои го владеат и српскиот јазик, каде
што има слична консонантска промена (пропустио сам/ нисам могао). Претпоставуваме
дека во случајов станува збор за меѓујазична (интерлингвална) грешка, односно
отстапувањето е резултат на интрузија, т.е. влијание од јазикот посредник, или пак
интерференција (влијание од првиот јазик).

Покрај ова, чести се и отстапувањата во основниот вокал. Во поглед на тоа се


забележува слободна варијабилност, на пр. Навистина НЕ МОЖАВ.../ Кој го ОСВОЈАВ?/
... убаво ПОМИНЕА. Испитаниците веројатно се свесни дека во одредени случаи доаѓа до
промена на основниот вокал, но не ги владеат правилата. Ваквите грешки се должат пред
сè на внатрешнојазично влијание, но некои од нив може да се резултат и на влијание од Ј1.
Во однос на префиксите, забележана е само една грешка (изсечав). Со оглед на тоа што во

122
Прашалникот во секој контекст беа дадени видски двојки, свршен и несвршен глагол во
основната форма, од нашето истражување не можеме да добиеме вистински податок за
отстапувањата кај префиксите во поглед на едначењето по звучност, но претпоставуваме
дека ваквите отстапувања не се реткост.

Во однос на наставките, регистрирана е честа, односно проширена употреба на


наставката –ШЕ кај формите на МОСВ, на пр. РЕКОШЕ дека... / Некој ги ЗЕДЕШЕ... /
Штета што НЕ ДОЈДЕШЕ... и сл. Ваквото проширување на употребата на наставката
претпоставуваме дека се должи на потребата да се користи некаков маркер за да се
потенцира дека станува збор за минато време. Слична ситуација се забележува и кај
родените говорители на македонскиот јазик во однос на двовидските глаголи на –ира, кои
кога ги користат во 2 и 3 л. еднина претендираат да ја употребуваат наставката –ШЕ,
независно дали станува збор за свршено или за несвршено време, на пр. Му
телефонираше на Никола.

На морфосинтаксичко рамниште се забележуваат отстапувања во однос на


усогласеноста меѓу субјектот и прирокот, пр. Кој го ОСВОЈАВ?/ Ај (тие) го ЗАТВОРИХ
дуќанот... и сл. Во ваквите случаи веројатно станува збор за случајни грешки, односно
пропусти од недоволно внимание или брзање.

На лексичко и семантичко-прагматичко рамниште може да се забележи дека


испитаниците од преодното рамниште недоволно ги владеат семантичките разлики помеѓу
свршените и несвршените глаголи, од една страна, и свршеното и несвршеното време, од
друга страна, на пр. Вчера ОДИГРАВМЕ карти кај брат ми./ Секогаш кога ОТИДЕВ во
Македонија... и сл. При прегледот на формите, беше забележано и едно отстапување од
зборообразувачки карактер (Што СЕ СЛУЧНА?), каде што суфиксот –не кој служи за
образување на свршени од несвршени глаголи е применет на свршени глагол (случи –
случна). Иако овде имаме само една таква отстапка, постои голема веројатност да се
јавуваат отстапувања од ваков тип како резултат на процесот на обопштување
(хипергенерализација/ проширување на правилата/употребата).

123
5.2.1.2 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МНВ
(А2-Б1)

Кај формите на МНВ, во однос на л-формата се јавуваат слични отстапувања како кај
МОВ. Во основата се забележува отсуство на одредени гласовни промени или скратувања
кои се предвидени според нормата, на пример: Претходно РАБОТИЛА... / И му го
УДКРАДОЛ велосипедот./ Некој ги ЗЕДОЛ... и сл.

На едно место е забележана и мешана форма, комбинација од наставката –ШЕ и


наставката –Л (поминешел). Се јавуваат отстапки и во однос на видот на глаголот (Да
видам каде СИ СЕ ИСЕКУВАЛА/ Не СУМ ТЕ ГЛЕДАЛ со години). На
морфосинтаксичко рамниште се јавуваат грешки од типот испуштање или додавање на
помошниот глагол СУМ онаму каде што не е соодветно, на пр. За чудо ПОБЕДИЛА јас./
Ја Е НАПРАВИЛА тортата.

Грешки во однос на категориите род и број не се евидентирани, а и со оглед на тоа што


и во словенските јазици постои конструкција многу слична по форма и конјугација,
веројатноста да се јават такви грешки е сведена на минимум. Повеќето од наведените
отстапувања се резултат на влијание од Ј2 (внатрешнојазични грешки). Најчесто
познавањето на некој словенски јазик (Ј1 или ЈП) има позитивно влијание во усвојувањето
на оваа конструкција. Ретки се отстапувањата што се настанати како резултат на
негативен трансфер од овие јазици.

Ова е краток преглед на видовите грешки што се јавуваат на ова рамниште. Во


следниот дел, подетално ќе се задржиме на грешките во однос на употребата на МОВ и
МНВ.

124
5.2.1.3 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МОВ
(А2-Б1)
Како што веќе нагласивме, во Прашалникот се дадени контексти во кои е предвидена
употреба на МОВ за директно пренесување на минати настани од личното искуство на
говорителот (настани лично искусени), на настани директно перципирани од говорителот
(преку сетилата за вид, слух и сл.), како и за директно („реално“/фактивно) пренесување
на настани кои се случиле надвор од деиктичката сфера на говорителот, а кои говорителот
ги има прифатено како факти (утврдени настани, односно настани факти). Резултатите
покажуваат дека МОВ покрај во овие контексти, се употребува и во контекстите во кои би
било соодветно да се употреби МНВ за изразување: актуелна релевантност на минат
настан, претпоставка или констатација за минат настан врз база на моментна состојба и за
пренесување на неутврдени настани, односно информации за настани узнаени од друг
извор за кои говорителот нема цврсти докази.

Во табелата подолу е направен преглед на правилните и на неправилните употреби на


МОВ во соодветните контексти.

А2-Б1 рамниште ФУНКЦИЈА предвидени одговорени проценти


(МОВ)
лично искусено дејство 120 99 83%

директно перципирано 90 68 75%


Правилна употреба на дејство
МОВ за пренесување утврдено дејство 45 24 53%
(настани факти)
ВКУПНО 255 191 75%
актуелна релевантност на 35 18 51%
искуство од минат настан
претпоставка или 50 35 70%
констатација за минат
настан врз база на
моментна состојба
Неправилна употреба на
неутврдени настани - 65 38 59%
МОВ за пренесување
информација за настан
узнаена од друг извор за
која говорителот нема
цврсти докази
(прекажаност)
ВКУПНО 150 91 60%

Табела 28. Правилна и неправилна употреба на МОВ (А2-Б1 рамниште)

125
ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ (А2-Б1 рамниште). Во контекстите во кои се
очекуваше употреба на МОВ (вк. 255), регистрирани се вкупно 191 одговор со МОВ, што
претставува 75% од предвидените реализации. Во 37 одговори наместо форма во МОВ
употребена е форма во МНВ, што е 14% од предвидената застапеност на МОВ, а во 27
случаи (11%) е одговорено со друга форма или отсуствува одговор. Во графичкиот приказ
подолу е прикажана процентуалната застапеност на времињата регистрирани во
одговорите на испитаниците во однос на контекстите во кои е предвидена употреба на
МОВ:

МОВ А2-Б1
точни (МОВ) неточни (МНВ) друго

11%

14%

75%

Графикон 1. Приказ на состојбата на А2-Б1 рамниште во однос на предвидената


употреба на МОВ

Во контекстите во кои имаме директно („реално“) пренесување на минати настани од


личното искуство на говорителот и каде што би требало да се употреби МОВ, во 99
случаи од вкупно 120 предвидени, испитаниците се одлучиле да употребат форма во
МОВ, што претставува 83% од вкупниот број на предвидени одговори во ваков контекст.
На пример:
(1) Пред два дена КУПИВ чоколадо и кога СЕ ВРАТИВ дома ВИДОВ/ГЛЕДАВ
дека рокот му е поминат.
(2) За чудо ПОБЕДИВ јас.
(3) ...доцна беше, па не ти СЕ ЈАВИВ.
Во 11 случаи (9%) наместо со форма на МОВ, одговорено е со форма на МНВ (пр. За
чудо ПОБЕДИЛА јас.../ Видов дека си ме барала синоќа, но доцна беше, па НЕ СУМ ТИ

126
СЕ ЈАВИЛ...), а на 10 позиции (8%) наведена е друга глаголска форма или воопшто не е
даден одговор (пр. Порано секогаш кога ОДАМ во Македонија.../ РАЗБИРАМ дека се
вратил...).
Можеме да заклучиме дека употребата на МОВ за предавање на лично искусени
настани е усвоена во голема мера (83%). Ваквата ситуација е очекувана со оглед на тоа
што, како што веќе споменавме, во учебниците по македонски јазик како странски се
истакнува употребата на МОВ за директно кажување88. Бројот на отстапувања е
минимален.

Слична е ситуацијата и во контекстите каде што имаме случај на „реално“ (живо)


пренесување на минати настани директно засведочени (перципирани) од говорителот. Во
68 случаи од вкупно 90 предвидени (75%), испитаниците одговориле со МОВ, на пр. Што
ти КАЖА сестра ти?/ ...Никола отиде да му ПОМОГНЕ... и сл.

Во 15 одговори (17%) употребено е МНВ наместо МОВ (пр. Што ти КАЖАЛА сестра
ти?/ Погоди кој го ОСВОИЛ турнирот...), а на 7 места (8%) дадена е друга глаголска
форма или воопшто не е даден одговор (пр. Што ти КАЖЕ сестра ти?). Тоа ни говори
дека и употребата на МОВ за пренесување на директно засведочени настани е, исто така,
усвоена во голема мера (75%), но во помал процент од употребата на МОВ за пренесување
лично искусени настани.

Во однос на употребата на МОВ за „живо“ пренесување на настани што се случиле


надвор од деиктичката сфера на говорителот, а кои говорителот ги има прифатено како
факти (утврдени настани, т.е. настани факти), резултатите покажаа видно намалување на
степенот на усвоеност на ваквата функција на МОВ. Кај испитаниците од ова рамниште се
забележува колебање при изборот на соодветното време, односно се забележува фаза на
слободна варијабилност.

Од вкупно 45 позиции во кои треба да се употреби МОВ во ваков контекст, во 24


ситуации имаме точна употреба, што претставува 53% од вкупниот број на вакви
контексти, на пр. И кој ПОБЕДИ?/ Да видам каде СЕ ИСЕЧЕ. На 11 позиции (25%) е

88
Кажувањето е директно и раскажувачот го доживеал или бил присутен кога тоа се случило“(Kramer,
Mitkovska 2011: 146).

127
употребено МНВ наместо МОВ (пр. И кој ПОБЕДИЛА?/ Син ми е разочаран. Секоја
година ДОБИВАЛ покана за Семинарот, ама годинава не добио), а на 10 места (22%)
имаме употреба на друго време или без одговор (Да видам каде Е ИСЕЧЕНА.).

Впрочем, ваквата ситуација не е изненадувачка. Како што веќе кажавме, при


предавањето на МОВ во учебниците по македонски јазик како странски, фокусот најчесто
е свртен кон настаните кои се директно засведочени, како спротивно на МНВ каде што се
потенцира незасведоченоста на настаните.

Процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ по функции и генерално


земено за ова рамниште е претставена на графиконот подолу.

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ


А2-Б1
100%
90% 83%
80% 75% 75%
70%
60% 53%
50%
40%
30%
20%
10%
0%
МОВ (А2-Б1) лично искусени директно утврдени настани
перципирани

Графикон 2. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ


(А2-Б1)

128
НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ (А2-Б1 РАМНИШТЕ). Голем е бројот на
регистрирани одговори во кои МОВ е употребено несоодветно, односно во контексти каде
што треба да се употреби МНВ. На ова рамниште во контекстите во кои би требало да се
употреби МНВ, се забележува изразена употреба на МОВ за сметка на МНВ. Повисок е
процентот на употребени форми на МОВ (60%), отколку на МНВ (31%). Тоа ни говори
дека испитаниците од ова рамниште претендираат да го употребуваат МОВ генерално
како време со кое се изразува минатост, односно дека сè уште ги немаат усвоено и
разграничено функциите на МОВ и на МНВ. Ваквата употреба на МОВ е очекувана, со
оглед на тоа што во учебниците по македонски јазик како странски најчесто првин се
воведува МОВ, а дури потоа МНВ, што е оправдано и од педагошка и од формална гледна
точка (в. Фридман 2011: 24-31).

Исто така, имајќи предвид дека испитаниците од ова рамниште се од словенско јазично
подрачје или имаат познавање на друг словенски јазик, претпоставуваме дека
тенденцијата да се употребува МОВ е обид да се избегне негативен трансфер од
мајчиниот јазик, односно од јазикот посредник. Иако од формален аспект за една ваква
група изучувачи полесно би било усвојувањето на МНВ, тие веројатно имаат забележано
дека МОВ е пофреквентно во македонскиот јазик и се чувствуваат посигурни при
употребата на ова време.

На ова рамниште, најголем процент погрешно употребени форми на МОВ (70%) се


забележани во контекстите во кои се изразува претпоставка или констатација врз база
на моментната/референтната состојба, на пример:

(4) Марко ни е како распеано радио. Вчера цел ден ни пеел, денес повторно. Пред некој
ден УЧЕА во градинка песнички и ги ЗАПОМНИ.
(5) (По неколку години Иван одлучува да оди во ресторанот „Два елена“. Оди до таму
и гледа дека на местото на ресторанот има продавница)
А: Ај, го ЗАТВОРИЈА ресторанот.

Нешто помал е процентот на неправилна употреба на МОВ во контексти во кои се


пренесува информација узнаена од друг за која говорителот нема цврсти докази
(неутврдена информација), односно каде што имаме прекажување (59%). Отстапувања се

129
забележуваат и во примери каде што имаме експлицитно изразена прекажаност (в. пример
6). Ова е показател дека испитаниците не ги владеат функциите на МНВ, па дури ни оваа
функција која се смета за најкарактеристична за МНВ.

(6) Рекоа дека убаво ПОМИНАА...


(7) Претходно работела во Макостил, но не БЕШЕ задоволна од платата.

Во контекстите во кои се изразува актуелна релевантност на минат настан, веќе се


забележува опаѓање на неправилната употреба на форми на МОВ, иако уште е застапена
во голем процент (51%). Во прилог следуваат примери за неправилна употреба на МОВ во
контексти каде што се изразува актуелна релевантност на минат настан:

(8) Со години НЕ ГО ВИДОВ овој човек.


(9) Порано секогаш кога отидев во Македонија, задолжително го посетував Охрид.
Годинава уште НЕ ГО ПОСЕТИВ, но планирам да одам во јуни.

Процентуалната застапеност на неправилните употреби на МОВ во целост и по


функции е претставена на следниот графикон:

Графикон 3. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МОВ (А2-Б1)

130
5.2.1.4 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МНВ
(А2-Б1)

Генерално гледано, кај испитаниците на ова рамниште се забележува одбегнување на


формите на МНВ. Од предвидените 150 употреби на МНВ, вкупниот број точни одговори
изнесува 46, што претставува 31%.

Во 91 ситуација употребено е МОВ на местото на МНВ (60%), а во 13 случаи (9%) е


употребено друго време или не е даден одговор. На сликата подолу е даден графички
приказ за процентуалната застапеност на времињата регистрирани во одговорите на
испитаниците во контекстите во кои е предвидена употреба на МНВ:

МНВ А2-Б1
точни (МНВ) неточни (МОВ) друго

9%
31%

60%

Графикон 4. Приказ на состојбата на А2-Б1 рамниште во однос на предвидената


употреба на МНВ

Во табелата подолу е даден преглед на процентуалната застапеност на правилно и


неправилно употребени форми на МНВ.

131
А2-Б1 ФУНКЦИЈА предвидени одговори процентуална
рамниште со МНВ застапеност

актуелна релевантност на 35 14 40%


искуство од минат настан
претпоставка или констатација за 50 13 26%
Правилна минат настан врз база на
употреба на моментна состојба
МНВ за неутврдени настани - 65 19 29%
пренесување информација за настан узнаена од
друг извор за која говорителот
нема цврсти докази (прекажаност)
ВКУПНО 150 46 31%
лично искусено дејство 120 11 9%
Неправилна
директно перципирано дејство 90 15 17%
употреба на
МНВ за
утврдено дејство 45 11 25%
пренесување
(настани факти)
ВКУПНО 255 37 14%

Табела 29. Правилна и неправилна употреба на МНВ (А2-Б1 рамниште)

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ (А2-Б1). Во контекстите во кои се изразува


актуелна релевантност на минат настан се забележува голем процент на правилна
употреба на МНВ (40%), на пр. Со години НЕ СУМ ГО ВИДЕЛА овој човек/ ...ни сама не
знам колкупати СУМ ГО ПОСЕТИЛА... и сл.

Со оглед на тоа што сите испитаници од оваа група знаат англиски, можно е да е
настанат позитивен трансфер од англискиот како јазик посредник, бидејќи и англискиот
Present Perfect, како и МНВ, се употребува со значење актуелна релевантност на минат
настан, односно може да искажува сегашна состојба која настанала како резултат на
некоја мината ситуација (резултативен перфект) или да искажува одредена ситуација која
до сегашниот момент се случила барем еднаш во некој неодреден период од минатото
(искуствен перфект)89. Во некои од учебниците по македонски јазик како странски90 за
почетно рамниште, фокусот е свртен токму кон оваа функција на МНВ, на пр. Велите
дека првпат сте во Македонија. Дали веќе сте посетиле некои места?(ЗМ: 1995: 84); Јас
и Сашка ќе одиме на кино. Не сум била на кино долго време. Не знам од кога не сум

89
в. Новаковска 2014
90
Добре дојдовте на македонски јазик(ДМЈ) и Зборувате ли македонски (ЗМ)

132
излегла (ДМЈ 1999: 99); Дали ќе го гледаш филмот Дркула? Нема. Јас веќе сум го гледал
тој филм (ДМЈ 1999: 100). Станува збор за учебници што најчесто се користат во рамките
на курсевите по македонски јазик како странски што се организираат во школите по
странски јазик во Македонија. На ваквите курсеви, во наставата најчесто се користи
англискиот јазик како јазик посредник.
Во другите контексти во кои е предвидено да се употреби МНВ се забележува
тенденција да се употребува МОВ наместо МНВ. Процентот на правилна употреба на
МНВ во контексти во кои се изразува претпоставка или констатација врз база на
моментна состојба, изнесува 27% (пр. Никола ѝ кажува нешто на мајка си и истрчува од
дома. Таткото гледа како истрчува и прашува: Што СЕ СЛУЧИЛО?/ Видов дека СИ
МЕ БАРАЛА синоќа...), а малку поголема (29%) е застапеноста на правилно употребени
форми на МНВ за изразување неутврдена информација узнаена од друг извор, т.е.
прекажаност (пр. Некој го ПОВРЕДИЛ другар му и му го УКРАДОЛ велосипедот).
Како што веќе наведовме, едната причина за ваквата ситуација веројатно е тоа што
МНВ се изучува подоцна и кај нив се создава чувство дека МОВ им е подобро совладано,
па претендираат да ги употребуваат овие форми наспрема формите на МНВ, а другата
причина е намерно одбегнување на формите на МНВ, за да се избегне негативен трансфер
од Ј1/ЈП.

Графикон 5. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МНВ


(А2-Б1)

133
НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ (А2-Б1). Случаи на неправилна употреба на
форми на МНВ најмногу има во контексти во кои се зборува за утврдени минати настани
(пр. Син ми е разочаран. Секоја година ДОБИВАЛ покана за Семинарот, ама годинава не
ДОБИО.). Процентуално, застапеноста на неправилно употребени форми на МНВ во
вакви контексти изнесува 25%. Помал степен на неправилна употреба на форми на МНВ
има во контексти во кои се пренесуваат минати настани директно перципирани од
говорителот (пр. Марко ни е како распеано радио. Вчера цел ден ни ПЕЕЛ, денес
повторно. / А: Штета што не дојде вчера со нас! ПРОПУШТИЛ интересен меч.), а
најмалку погрешни употреби на МНВ има во контексти во кои се зборува за минати
настани лично засведочени од говорителот (пр. Порано секогаш кога одев во Македонија,
задолжително СУМ ГО ПОСЕТУВАЛ Охрид. Годинава уште не сум го посетил, но
планирам да одам во јуни.).

НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ


(А2-Б1)

100%

80%

60%

40%
25%
14% 17%
20%
9%

0%
МНВ (А2-Б1) лично искусени директно утврдени
перципирани настани

Графикон 6. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МНВ (А2-Б1)

Од приложеното заклучуваме дека формите на МНВ и на МОВ на ова рамниште се


употребуваат наизменично, без некаква систематизација. Во продолжение следи преглед
на состојбата на другите рамништа

134
5.2.2 Анализа на корпусот на податоци од Б1-Б2 рамниште (самостојно рамниште)
Во овој дел ќе направиме приказ на резултатите од испитаниците чие ниво на
познавање на јазикот е Б1-Б2 (самостојно/ средно рамниште). Оваа група ја сочинуваат
вкупно 9 испитаници, и тоа: И2, И3, И4, И6, И9, И10, И11, И12 и И14, што значи
очекуваниот број на податоци за анализа е 729 одговори91. Како што можеме да видиме од
податоците во табелата, во однос на нивниот прв јазик станува збор за хетерогена група
испитаници.

испитаник пол возраст Ј1 степен време и место други јазици


на на изучување на
познавање МЈ
на МЈ
И2 ж 23 унгарски Б1-Б2 2 г. на факултет англиски,
бугарски
И3 ж 21 француски Б1-Б2 на факултет англиски

И4 ж 47 унгарски Б2 1,5 година на англиски,


факултет и 2 тибетски, руски,
години сама монголски
И6 ж 22 хрватски Б1-Б2 3 години на германски,
факултет словенечки,
холандски,
англиски
И9 ж 25 словенечки Б2 пред три години шпански,
на факултет (еден англиски,
семестар), една
година на
Семинарот и потоа
сама
И10 ж 28 хрватски Б2 една сесија, шпански,
потоа сама англиски,
италијански
И11 м 21 англиски б1-б2 1,5 година во српски,
. торонто француски,
германски

И12 ж 27 чешки б1-б2 трипати на англиски,


семинарот германски,
хрватски

И14 ж 20 српски Б1-Б2 8 месеци во англиски


. Србија

Табела 30. Профил на испитаниците од Б1-Б2 рамниште (самостојно/средно)

91
81 прашање X 9 испитаници

135
Од вкупно 729 податоци, 554 се одговори со МОВ, 141 со МНВ и 34 со друго време,
односно без одговор, наспрема очекуваните 459 точни одговори со МОВ и 270 точни
одговори со МНВ. Во табелата подолу е претставена застапеноста на регистрираните
форми на МОВ и на МНВ наспрема нивната предвидена употреба.

Предвидена Регистрирани форми


Б1-Б2 рамниште застапеност на
формите
459 (63%) 554 (76%)
МОВ
270 (37%) 141 (19%)
МНВ
0 (0%) 34 (5%)
ДРУГО
729 (100%) 729 (100%)
ВКУПНО

Табела 31. Предвидени наспрема регистрирани форми на МОВ и на МНВ (Б1-Б2)

Во следниот дел ќе направиме преглед на регистрираните грешки во однос на формите


на МОВ и на МНВ, а потоа ќе се осврнеме на правилните и на неправилните употреби на
времињата.

136
5.2.2.1 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МОВ
(Б1-Б2)

На ова рамниште се јавуваат слични отстапувања како на А2-Б1 рамниште. Од


морфонолошки аспект, најчести се отстапувањата во однос на гласовните промени кои
нормата ги пропишува за МОВ (пр. Претходно РАБОТИШЕ во Макостил. / И кој
ПОБЕДЕ? / ПОБЕДОВ јас/ Вчера го СРЕТНЕВ дури двапати...).

Разните редувања на основниот вокал во формите на МОВ претставуваат голем


проблем за изучувачите на македонскиот јазик како странски, а исто така проблематични
за усвојување се и оние глаголски форми каде што имаме одредена гласовна промена во
коренот на глаголот. И на ова рамниште се забележуваат случаи каде што се изоставени
таквите промени, односно каде што е употребен погрешен/ непотребен елемент
(РАЗБЕРЕВ дека... / Сечев леб и СЕ ПРЕСЕЧЕВ...), но и случаи каде што е направена
таква промена каде што не треба (пр. СЕ СЕКАВ леб).

Проблемот со проширената употреба на наставката –ШЕ е присутен и на ова рамниште


(пр. Само го ПРЕФРЛИШЕ... / Штета што не ДОЈДЕШЕ.), а чести се и проблемите со
изборот на соодветниот глагол во однос на видот (пр. Па Никола ОДЕШЕ да му
помогне...). На морфосинтаксичко рамниште се среќаваат само неколку отстапувања, кои
веројатно се настанати како резултат на брзање или недоволно внимание (Ај, (тие) го
ЗАТВОРИ дуќанот!/ Рекоа дека убаво (тие) ПОМИНА/ Брат ти СЕ ВРАТИВ од пат...).

На лексичко и семантичко-прагматичко рамниште се среќаваат неколку отстапувања


во изборот на соодветниот глагол, на пр. Никола ОДИВ да му помогне./ ИСЕКОВ леб и се
пресеков/ Вчера ОДИГРАВМЕ карти кај брат ми... и сл.

137
5.2.2.2 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МНВ
(Б1-Б2)

Со оглед на тоа што л-формата се изведува од аористот, чести се отстапувањата во


однос на гласовните промени кај л-формата (пр. Не сум го ВИДИЛА.../ Убаво СИ
ПОМИНЕЛЕ/ Што ти е на прстот? СЕ ПРЕСЕЧИЛ?). Правилата за редувањата на
основниот вокал и гласовните промени во коренот на зборот (глаголот) не се усвоени ни
на ова рамниште.

Мал е бројот на отстапувања на морфосинтаксичко рамниште и, како што веќе


споменавме, веројатно ваквите отстапувања се настанати како резултат на брзање или
недоволно внимание (Што ти е на прстот? (ти) СЕ ПРЕСЕКЛА? / (јас) СЕЧЕЛА
леб...).

Во овој корпус на податоци, евидентирана е една мешана форма, Не СУМ ТИ ЈАВИВ,


каде што е направена комбинација од глаголот СУМ и форма на МОСВ (минато
определено свршено време). Веројатно и во овој случај станува збор за грешка од брзање.

Покрај овие грешки, од аспект на категоријата вид, се среќаваат и грешки во однос на


изборот на соодветниот глагол, на пр. Некој го ПОВРЕДУВАЛ другар му. / Со години НЕ
СУМ ГО ВИДИЛА овој човек... и сл.

Повеќето грешки и кај формите на МОВ и кај формите на МНВ се резултат на


недоволна усвоеност на правилата на Ј2, но кај некои отстапувања евидентно е и
влијанието од словенските јазици.

138
5.2.2.3 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МОВ
(Б1-Б2)

Во однос на употребата на МОВ, од вкупниот број регистрирани одговори со МОВ


(554), 378 се точно употребени, што претставува 82% од вкупниот број предвидени
одговори (459). Во 54 одговори МНВ е употребено на местото на МОВ (12% од
предвидената употреба на МОВ), а на 27 позиции (6%) даден е друг одговор (или
отсуствува одговор). Очекуваниот број на точни одговори со МОВ изнесува 459. Ова е
знак дека на ова рамниште формите на МОВ се подобро усвоени во однос на претходното
(в. Графикон 7).

МОВ Б1-Б2
точни (МОВ) неточни (МНВ) друго

6%
12%

82%

Графикон 7. Приказ на состојбата на Б1-Б2 рамниште во однос на предвидената


употреба на МОВ

Бројот на одговори во кои форми на МОВ се погрешно употребени (наместо форми на


МНВ) изнесува 176, што претставува 65% од предвидената (точна) употреба на МНВ. Во
табелата е даден преглед на бројот на правилно и неправилно употребени форми на МОВ
од аспект на функциите.

139
Б1-Б2 рамниште ФУНКЦИЈА Вкупно Бр. на Процентуална
предвидени одговори застапеност
одговори во МОВ
лично искусено дејство 216 196 91%
директно перципирано 162 131 81%
Правилна употреба на дејство
МОВ за пренесување утврдено дејство 81 51 63%
(настани факти)
ВКУПНО 459 378 82%
актуелна релевантност 63 34 54%
на искуство од минат
настан
претпоставка или 90 63 70%
констатација за минат
настан врз база на
Неправилна употреба
моментна состојба
на МОВ за
неутврдени настани - 117 79 68%
пренесување
информација за настан
узнаена од друг извор за
која говорителот нема
цврсти докази
(прекажаност)
ВКУПНО 270 176 65%

Табела 32. Правилна и неправилна употреба на МОВ (Б1-Б2)

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ (Б1-Б2). Резултатите покажуваат дека


испитаниците на ова рамниште уште подобро ја владеат употребата на МОВ. Во однос на
усвоеноста на функциите се забележува истиот тренд. Најдобро е усвоена употребата на
МОВ за директно пренесување на настани лично искусени од говорителот (91%). Во
прилог изделуваме примери за правилна употреба на МОВ во контексти во кои се
пренесуваат настани лично искусени од говорителот: Порано секогаш кога ОДЕВ во
Македонија, задолжително го ПОСЕТУВАВ Охрид. / Вчера (ОД)ИГРАВМЕ карти кај
брат ми.
Нешто помал е процентот на правилна употреба на формите на МОВ за пренесување
настани директно перципирани од говорителот (81%), на пр. Никола ОТИДЕ да му
помогне. / Извинете, тука на времето ИМАШЕ ресторан.../ Игор и Ивана синоќа беа на
концерт. РЕКОА дека убаво си поминале.

140
Најслабо е усвоена употребата на МОВ за пренесување настани кои се утврдени како
факти (63%), но за разлика од претходното рамниште овде имаме пораст на степенот на
усвоеност за 10%. Во прилог следуваат примери за правилната употреба на МОВ во вакви
контексти: А: Некоја друга фирма го добила тендерот. Б: А минатата година кој го
ДОБИ? Вашата фирма?/ А: Ај, сум се исекла од некој камен. Б: Да видам каде СЕ
ИСЕЧЕ.

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ


Б1-Б2
100% 91%
90% 82% 81%
80%
70% 63%
60%
50%
40%
30%
20%
10%
0%
МОВ (Б1-Б2) лично искусени директно утврдени настани
перципирани

Графикон 8. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на МОВ


(Б1-Б2)

141
НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ (Б1-Б2). На Б1-Б2 рамниште забележуваме
дека процентот на неправилна употреба на формите на МОВ (65%) е зголемен за 5% од
претходното рамниште. Тоа е показател дека во јазикот на испитаниците доаѓа до
преструктурирање на системот поради што се јавуваат повеќе грешки отколку во
пониското рамниште А2-Б1.

Графикон 9. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МОВ (Б1-Б2)

Најголем е процентот на погрешна употреба на МОВ во контексти во кои се изразува


претпоставка или констатација за минат настан врз база на некоја сегашна состојба
(пр. Што ти е на прстот? СЕ ПРЕСЕЧЕШЕ?/ Ај, СЕ ИСЕЧЕВ од некој камен...).
Малку помал е процентот на погрешна употреба на МОВ во контексти во кои треба да
се изрази прекажување (пр. Претходно работела во Макостил, но не БЕШЕ задоволна
од платата. / Слушнав дека КУПИВТЕ нова куќа. Честито нека ви е...). Овде
забележуваме дека се јавува негативен раст во однос на процентуалната застапеност на
вакви грешки на претходното рамниште, која на А2-Б1 изнесува 59%, а на ова рамниште
изнесува 68%.
Процентуалната застапеност на грешки во однос на употребата на МОВ во контексти во
кои се изразува актуелна релевантност на минат настан изнесува 54%. Слична е

142
застапеноста на грешки од ваков карактер и на претходното рамниште, иако и овде има
минимален негативен раст во однос на резултатите од А2-Б1 рамништето, каде што
застапеноста изнесува 51%. Во прилог следат примери за погрешна употреба на МОВ за
изразување актуелна релевантност на минат настан: Со години не го ВИДОВ овој човек. /
Годинава уште не го ПОСЕТИВ/ПОСЕТУВАВ.

143
5.2.2.4 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МНВ
(Б1-Б2)

Од вкупниот број регистрирани одговори со МНВ (141), 87 се точно употребени, што


претставува 32% од вкупниот број предвидени одговори (270). Во 176 одговори наместо
МНВ употребено е МОВ (65% од предвидената употреба на МНВ), а на 7 позиции (3%)
даден е друг одговор или отсуствува одговор (в. Графикон 10).

МНВ Б1-Б2
точни (МНВ) неточни (МОВ) друго

3%

32%

65%

Графикон 10. Приказ на состојбата на Б1-Б2 рамниште во однос на предвидената


употреба на МНВ

Вкупниот број на неправилни употреби на МНВ изнесува 54, што претставува 12% од
предвидените употреби на МОВ. Во прилог следи табелата во која е претставена
правилната и неправилната употреба на МНВ во однос на функциите.

144
Б1-Б2 рамниште ФУНКЦИЈА предвидени одговори Процентуална
одговори во МНВ застапеност
актуелна релевантност 63 29 46%
на искуство од минат
настан

претпоставка или 90 24 27%


констатација за минат
Правилна употреба на настан врз база на
МНВ за пренесување моментна состојба
неутврдени настани - 117 34 29%
информација за настан
узнаена од друг извор за
која говорителот нема
цврсти докази
(прекажаност)
ВКУПНО 270 87 32%
лично искусено дејство 216 13 6%

Неправилна употреба директно перципирано 162 23 14%


на МНВ за дејство
пренесување утврдено дејство 81 18 22%
(настани факти)
ВКУПНО 459 54 12%

Табела 33. Правилна и неправилна употреба на МНВ (Б1-Б2рамниште)

145
ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ (Б1-Б2). Во однос на правилната употреба на
МНВ, ситуацијата е речиси иста како на А2-Б1 рамниште. Единствено за мал процент се
забележува подобрување во однос на употребата на МНВ за изразување актуелна
релевантност на минат настан. Сепак, и овде забележуваме низок степен на употреба на
МНВ во соодветните ситуации.

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ


(Б1-Б2)
100%

80%

60%
46%
40% 32% 29%
27%
20%

0%
МНВ (Б1-Б2) актуелна претпоставка или неутврдена
релевантност констатација з информација

Графикон 11. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на


МНВ (Б1-Б2)

Процентуалната застапеност на правилни употреби на МНВ со значење актуелна


релевантност е за 6% повисока во однос на претходното рамниште и изнесува 46% (пр. Не
СУМ ТЕ ВИДЕЛА со години./ ...ни сама не знам колкупати СУМ ГО ПОСЕТИЛА).
Кај употребите на МНВ со значење претпоставка или констатација врз база на
моментна/референтна состојба имаме зголемување само за 1% во однос на претходното
рамниште, односно процентуалната застапеност изнесува 27% (пр. Ај, го ЗАТВОРИЛ
дуќанот./ Честитам! Видов дека СИ КУПИЛ многу убав автомобил. Од каде го купи?).
Низок е и степенот на употреби на МНВ за изразување на неутврдени информации за
настани узнаени од друг извор, односно за прекажување. Процентуалната застапеност на
правилни употреби на МНВ во вакви контексти е иста со претходното рамниште и
изнесува 27% (пр. Слушнав дека СТЕ КУПИЛЕ куќа. / Разбрав дека СЕ ВРАТИЛ).

146
НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ (Б1-Б2). Резултатите покажуваат дека бројот
на погрешни употреби на МНВ се намалува, што значи дека доаѓа до стабилизација на
употребата на МОВ. Во однос на отстапките, трендот е ист како и на претходното
рамниште. Најмал процент погрешни употреби има во ситуациите во кои се пренесуваат
минати настани лично искусени од говорителот (пр. Порано кога одев во Македонија,
задолжително СУМ ГО ПОСЕТИЛ Охрид. / За чудо СУМ ПОБЕДИЛ јас...).
Процентот на неправилни употреби на МНВ во контексти во кои се пренесуваат
настани директно перципирани изнесува 14% (пр. По неколку години Иван одлучува да оди
во ресторанот Два елена. Оди до таму и гледа дека на местото на ресторанот има
продавница. Влегува во продавницата и прашува: „Извинете, тука на времето ИМАЛ
ресторан“...), а најголем е процентот на неправилни употреби на МНВ за пренесување на
настани утврдени како факти (пр. Мајката: И Никола како мал ги ЗНАЕЛ сите песни што
ги УЧЕЛЕ во градинка.).

НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ


(Б1-Б2)
100%

80%

60%

40%
22%
20% 12% 14%
6%
0%
МНВ (Б1-Б2) лично искусени директно утврдени
перципирани настани

Графикон 12. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МНВ (Б1-Б2)

147
5.2.3 Анализа на корпусот на податоци за Б2-Ц1 рамниште (напредно рамниште)

По приказот на резултатите од изучувачите чие ниво на познавање на јазикот е А1-Б1 и


Б1-Б2, ќе ги претставиме резултатите од напредното рамниште Б2-Ц1. Оваа група ја
сочинуваат вкупно 7 испитаници, и тоа: И1, И7, И13, И15, И16, И17 и И18, што значи
очекуваниот број на податоци за анализа е 567 одговори92. Како што можеме да видиме од
податоците во табелата, станува збор за испитаници чиј мајчин јазик е од групата на
словенските јазици. Покрај македонскиот јазик, сите го владеат и англискиот јазик.

ИСПИТАНИК ПОЛ ВОЗРАСТ Ј1 СТЕПЕН НА ВРЕМЕ И ДРУГИ


ПОЗНАВАЊЕ МЕСТО НА ЈАЗИЦИ
НА МЈ ИЗУЧУВАЊЕ НА
МЈ

И1 Ж 21 СРПСКИ Ц1 2 Г. НА АНГЛИСКИ,
ФАКУЛТЕТ ФРАНЦУСКИ
И7 М 20 СЛОВЕНЕЧКИ Ц1 2 ГОДИНИ НА АНГЛИСКИ
ФАКУЛТЕТ

И13 Ж 29 ЧЕШКИ Б2-Ц1 3 ГОДИНИ БУГАРСКИ,


(НА ТЕРЕН И НА АНГЛИСКИ,
ФАКУЛТЕТ) СРПСКИ,
ГЕРМАНСКИ
И15 Ж. / ПОЛСКИ Ц1 3 ГОДИНИ ВО АНГЛИСКИ,
ПОЛСКА, 1 РУСКИ
ГОДИНА ВО
МАКЕДОНИЈА
И16 Ж. 22 ПОЛСКИ Б2-Ц1 НА АНГЛИСКИ,
ФАКУЛТЕТ И ВО ГЕРМАНСКИ
МАКЕДОНИЈА
И17 М. 28 СРПСКИ Ц1 10 ГОДИНИ - АНГЛИСКИ,
НА ФАКУЛТЕТ И РУСКИ
ВО
МАКЕДОНИЈА
И18 Ж. 26 РУСКИ Ц1 НА АНГЛИСКИ,
ФАКУЛТЕТ И ВО ПОЛСКИ,
МАКЕДОНИЈА СЛОВАЧКИ
ОД 2006 Г.

Табела 34. Профил на испитаниците од напредно рамниште (Б2-Ц1)

Од вкупно 567 податоци, 384 се одговори со МОВ, 151 со МНВ и 32 со друго време,
односно без одговор, наспрема очекуваните 357 точни одговори со МОВ и 210 точни
одговори со МНВ. Во табелата подолу е претставена застапеноста на регистрираните
форми на МОВ и на МНВ наспрема нивната предвидена употреба.

92
81 прашање X 7 испитаници

148
Б1-Б2 рамниште Предвидена Регистрирани форми
застапеност на
формите
МОВ 357 (63%) 384 (68%)

МНВ 210 (37%) 151 (26%)

ДРУГО 0 32 (6%)

ВКУПНО 567 (100%) 567 (100%)

Табела 35. Предвидени наспрема регистрирани форми на МОВ и на МНВ (Б2-Ц1)

149
5.2.3.1 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МОВ
(Б2-Ц1)

Во однос на видовите грешки, и на ова рамниште се јавуваат грешки од ист карактер


како и на претходните рамништа, но бројот на отстапувања е видно намален.
Тенденцијата да се употребува наставката –ше е во голем степен присутна и кај
испитаниците од напредното рамниште (пр. Штета што НЕ ДОЈДЕШЕ со нас.
ПРОПУШТЕШЕ интересен меч. / Изгледа дека некој ги ЗЕДЕШЕ...), што значи станува
збор за структура подложна на фосилизација. Слична е и ситуацијата со проблемот со
гласовните промени во коренот на глаголот и кај основниот вокал (пр. СЕКОВ леб.../ Ме
БАРАША), а присутен е и проблемот со усвоеноста на видот на глаголите и нивните
семантички карактеристики (Вчера ОТИДЕВ со Ана на кино.../ ИЗЕДЕ пред да дојде
дома).

5.2.3.2 Преглед и анализа на регистрираните ГРЕШКИ КАЈ ФОРМИТЕ НА МНВ


(Б2-Ц1)

Проблемот со гласовните промени во коренот на глаголската л-форма и кај основниот


вокал е присутен во голема мера и на ова рамниште (пр. Ај СУМ СЕ ИСЕЧЕЛА! / Погоди
кој го ОСВОЈИЛ... / Изгледа некој ги ЗЕДОЛ./ Не им се веруваше дека СУМ УСПЕЕЛ
да ги победам). Се јавуваат и неколку грешки и во однос на изборот на соодветниот глагол
од аспект на видот и на другите семантички карактеристики (НЕ СУМ ТЕ ГЛЕДАЛ со
години. / ИЗЕЛ пред да дојде дома....), а евидентиравме и една грешка во однос на
редоследот на кратката заменска форма се: Ај СУМ ИСЕЧЕЛА СЕ!

Со оглед на тоа што фокусот ни е свртен повеќе кон употребата на МОВ и МНВ,
направивме само груб преглед на најчестите видови отстапки. Потребно е да се направи
дополнително истражување кое ќе овозможи да се испитаат подетално видовите отстапки
во однос на секое рамниште, но тоа засега не е предмет на интерес на овој труд.

150
5.2.3.3 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МОВ
(Б2-Ц1)

Во однос на употребата на МОВ, од вкупниот број регистрирани одговори со МОВ


(384), 301 се точно употребени, што претставува 84% од вкупниот број предвидени
одговори (357). Во 36 одговори формите на МНВ се употребени во контексти кои што
бараат употреба на МОВ (10% од предвидената употреба на МОВ), а на 20 позиции (6%)
даден е друг одговор (или отсуствува одговор). Забележуваме дека кај оваа група
испитаници употребата на МОВ е подобро усвоена во однос на претходните две групи.

МОВ Б2-Ц1
точни (МОВ) неточни (МНВ) друго

6%
10%

84%

Графикон 13. Приказ на состојбата на Б2-Ц1 рамниште во однос на предвидената


употреба на МОВ

Исто така, на ова рамниште бројот на погрешно употребени форми на МОВ е


значително намален (38%), што значи полека се систематизираат правилата. Во табелата е
даден преглед на бројот на правилно и на неправилно употребени форми на МОВ од
аспект на функциите.

151
Б2-Ц1 рамниште ФУНКЦИЈА предвидени одговорени проценти
МОВ
лично искусено дејство 168 159 95%
директно перципирано 126 103 82%
Правилна употреба на дејство
МОВ за пренесување утврдено дејство 63 39 62%
(настани факти)
ВКУПНО 357 301 84%
актуелна релевантност на 49 25 51%
искуство од минат настан
претпоставка или 70 33 47%
констатација за минат
настан врз база на
моментна состојба
Неправилна употреба на
неутврдени настани - 91 25 27%
МОВ за пренесување
информација за настан
узнаена од друг извор за
која говорителот нема
цврсти докази
(прекажаност)
ВКУПНО 210 83 38%

Табела 36. Правилна и неправилна употреба на МОВ (Б2-Ц1)

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ (Б2-Ц1). Во однос на правилната употреба на


формите на МОВ и овде се забележува истиот тренд како и кај претходните рамништа.
Најдобро е усвоена употребата на МОВ за пренесување настани лично искусени од
говорителот (пр. СЕЧЕВ лев и СЕ ПРЕСЕЧЕВ/ СЕ ПРЕСЕКОВ. / СЛУШАВ како се
караа цела ноќ, но не ПРЕЗЕДОВ/ПРЕЗЕМАВ ништо...), потоа следува употребата на
МОВ за директно засведочени настани (пр. Погоди кој го ОСВОИ турнирот./ Отидов во
продавницата да го заменам, но НЕ САКАА да ми дадат ново) и најмалку е усвоена
употребата на МОВ за пренесување на настани утврдени како факти (пр. Никола како мал
ги знаеше сите песни што ги УЧЕА во градинка. / Не е затворен, само го ПРЕМЕСТИЈА
на друга локација, во близина на паркот...).

Подолу е даден графички приказ на процентуалната застапеност на точните употреби


на МОВ генерално и за секоја функција поединечно на Б2-Ц1 рамниште.

152
ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ
Б2-Ц1
100% 95%
90% 84% 82%
80%
70% 62%
60%
50%
40%
30%
20%
10%
0%
МОВ (Б2-Ц1) лично искусени директно утврдени настани
перципирани

Графикон 14. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на


МОВ (Б2-Ц1)

Во однос на употребата на МОВ за пренесување на настани утврдени како факти


забележуваме мало опаѓање (за 1%) во однос на резултатите од претходното рамниште.
Оваа функција на МОВ е многу блиска со функцијата на МНВ за пренесување
информации за настани узнаени од друг. Нашата претпоставка е дека функцијата на МНВ
за пренесување информации за настани узнаени од друг се проширила делумно и во
сферата на утврдените настани. Иако кај испитаниците сè уште не е изградено чувството
кога еден настан ќе се пренесе како информација од втора рака, а кога како факт, сепак
забележуваме дека полека доаѓа до преструктурирање на системот и стабилизирање
одредени структури.

153
НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ (Б2-Ц1). На графиконот подолу прикажана е
процентуалната застапеност на неправилни употреби на МНВ генерално земено и за
секоја функција поединечно за Б2-Ц1 рамниште.

НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МОВ


Б2-Ц1
100%
90%
80%
70%
60% 51%
47%
50%
38%
40%
27%
30%
20%
10%
0%
МОВ Б2-Ц1 Актуелна Претпоставка или неутврдена
релевантност констатација информација

Графикон 15. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МОВ (Б2-Ц1)

Процентот на неправилно употребени форми на МОВ во контексти во кои имаме


пренесување на настани узнаени од друг извор на Б2-Ц1 рамниште изнесува 27%, што е
незначително во однос на претходните две рамништа (в. пример). Тоа ни говори дека
испитаниците на ова рамниште веќе ја имаат систематизирано оваа функција на МНВ.

пр. (Ана шета со својата другарка Ивана и во исто време зборува на телефон со
сестра си. По разговорот, Ивана прашува...)
Ивана: Што ти каже сестра ти? Ќе дојде?
Ана: Да. Ја НАПРАВЕШЕ/ НАПРАВИ тортата за роденденот на Марко и сега ќе
тргне наваму.
Најголем процент на неправилно употребени форми на МОВ има во контекстите во кои
се изразува актуелна релевантност на минат настан (пр. Со години не го ВИДОВ овој
човек... / ...Годинава уште не го ПОСЕТИВ, но планирам да одам во јуни). Во однос на
претходното рамниште, процентот на неправилно употребени форми на МОВ е намален,

154
но се јавува и мало опаѓање (за 1%) во однос на правилната употреба на МНВ во вакви
контексти.

Тоа е показател дека оваа функција сè уште не е добро усвоена. Причините за тоа
веројатно се допирните точки помеѓу оваа функција на МНВ и употребата на МОВ за
настани лично искусени или директно перципирани од страна на говорителот, поради што
се отежнува разграничувањето на функциите на МОВ и на МНВ. Кај испитаниците сè
уште се нема оформено јасна претстава во кои ситуации се употребува едното, а во кои
другото време.

Голем е и процентот на неправилно употребени форми за изразување претпоставка или


констатација за настан врз база на моментната состојба (пр. Ана плива и по извесно време
излегува од вода. Гледа крв на ногата и вели: Ај СЕ ИСЕКОВ од некој камен!), иако за
разлика од другите две рамништа имаме значително намалување на погрешната употреба
на МОВ во ваков контекст.

155
5.2.3.4 Преглед и анализа на правилните и на неправилните УПОТРЕБИ НА МНВ
(Б2-Ц1)

Во однос на употребата на МНВ на Б2-Ц1 рамниште, од вкупниот број регистрирани


одговори со МНВ (210), 115 се точно употребени, што претставува 55% од вкупниот број
предвидени одговори. Во 83 одговори формите на МОВ се употребени во контексти кои
што бараат употреба на МНВ (39% од предвидената употреба на МНВ), а на 12 позиции
(6%) даден е друг одговор или отсуствува одговор. Забележуваме дека кај оваа група
испитаници употребата на МНВ е подобро усвоена во однос на претходните две групи.

МНВ Б2-Ц1
точни (МНВ) неточни (МОВ) друго

6%

39% 55%

Графикон 16. Приказ на состојбата на Б2-Ц1 рамниште во однос на предвидената


употреба на МНВ

Вкупниот број на неправилни употреби на МНВ на ова рамниште изнесува 36, што
претставува само 10% од вкупниот број контексти во кои е предвидено да се употреби
МОВ. Во прилог следува табела во која е прикажана процентуалната застапеност на
правилни и неправилни употреби на МНВ.

156
Б2-Ц1 рамниште ФУНКЦИЈА предвидени одговори Процентуална
одговори во МНВ застапеност
Правилна актуелна релевантност на 49 22 45%
употреба на МНВ искуство од минат настан
за пренесување претпоставка или 70 33 47%
констатација за минат
настан врз база на моментна
состојба
неутврдени настани - 91 60 66%
информација за настан
узнаена од друг извор за која
говорителот нема цврсти
докази (прекажаност)
ВКУПНО 210 115 55%
Неправилна лично искусено дејство 168 5 3%
употреба на МНВ
за пренесување директно перципирано 126 16 13%
дејство
утврдено дејство 63 15 24%
(настани факти)
ВКУПНО 357 36 10%

Табела 37. Правилна и неправилна употреба на МНВ (Б2-Ц1)

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ (Б2-Ц1). Во однос на правилната употреба на


МНВ, на ова рамниште забележуваме една поинаква состојба (в. Графикон 17).

ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ


Б2-Ц1
100%

80%
66%
60% 55%
45% 47%

40%

20%

0%
МНВ Б2-Ц1 Актуелна Претпоставка или неутврдена
релевантност констатација информација

Графикон 17. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на


МНВ (Б2-Ц1)

157
Покрај тоа што имаме видно зголемување на точните употреби на МНВ (55%),
забележуваме дека веќе се јавува стабилизација на употребата на МНВ за пренесување
информација за настани узнаени од друг извор (пр. Што ти кажа сестра ти? Ќе дојде?
Да, ја НАПРАВИЛА тортата за роденденот на Марко и сега ќе тргне наваму./
...Претходно РАБОТЕЛА во Макостил, но не БИЛА задоволна од платата) и на
употребата на формите на МНВ за изразување претпоставка или констатација за настан
врз база на моментната состојба (пр. Што ти е на прстот? СИ СЕ ПРЕСЕКОЛ/ СИ СЕ
ПРЕСЕЧЕЛ). Кај употребата на МНВ за изразување актуелна релевантност (пр. Не СУМ
ТЕ ВИДЕЛА со години. Колку само си се изменил!/ Да, јас уште не СУМ ГО ГЛЕДАЛ.) има
опаѓање за 1% во однос на Б1-Б2 рамништето. Тоа е знак дека дошло до
преструктурирање на системот.

НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ (Б2-Ц1). На ова рамниште многу помал е и


процентот на неправилна употреба на формите на МНВ (10%). Во однос на ова, и овде се
задржува истиот тренд.

НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА МНВ


Б2-Ц1
100%

80%

60%

40%
24%
20% 10% 13%
3%
0%
МНВ Б2-Ц1 лично искусени директно утврдени настани
перципирани

Графикон 18. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МНВ (Б2-Ц1)

158
Најмалку неправилни употреби на формите на МНВ има во контекстите во кои се
зборува за настани лично искусени од говорителот (пр. Не им се веруваше дека СУМ
УСПЕЕЛ да ги победам), за 10% поголем е бројот на неправилни употреби на МНВ во
контексти каде што имаме пренесување на директно засведочени (перципирани) настани
(пр. Слушнав кога СИ ВЛЕГОЛ), а најголем е бројот на неправилни употреби на МНВ за
пренесување на утврдени настани (пр. А минатата година кој го ДОБИЛ тендерот).
Причините за ваквите отстапувања веќе ги објаснивме.

159
5.3 СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТРИТЕ РАМНИШТА

Во овој дел ќе ги сумираме резултатите од истражувањето во однос на употребата на


МОВ и на МНВ.

На Графиконот 19 е даден приказ на состојбата во однос на правилните употреби на


МОВ на сите три рамништа. Од почетното до напредното рамниште, се забележува тренд
на зголемување на правилната употреба на МОВ за изразување на минати настани лично
искусени или директно перципирани од страна на говорителот. Претпоставуваме дека
клучна улога во ова имаат одиграно и инструкциите преку кои се форсира, односно се
истакнува употребата на МОВ за директно кажување, што позитивно се одразило врз
јазикот на изучувачите.

Кај употребата на МОВ за пренесување настани утврдени како факти, забележуваме


послаби резултати во однос на другите две функции на МОВ. Исто така, се забележува
дека трендот на зголемување опаѓа на напредното рамниште во однос на претходното.
Слабата усвоеност на оваа функција на МОВ се должи на повеќе фактори. Сметаме дека
токму маргинализирањето на ваквата употреба на МОВ и нејасното разграничување на
функциите во учебниците негативно се одразиле врз процесот на усвојување на
македонскиот јазик.

Правилна употреба на МОВ

100%
Лично
Процентуална застапеност

искусени МОВ
80% А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1
(правилна употреба)
60% лично искусени 83% 91% 95%
Директно
40% перципира директно
ни 75% 81% 82%
перципирани
20% утврдени настани 53% 63% 62%
Утврдени
0% настани
А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1

Графикон 19. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на


МОВ

160
Голема процентуална застапеност на неправилна употреба на формите на МОВ се
забележува во сите контексти во кои треба да се употреби МНВ. На првите две рамништа
најзасилено проширување на употребата на МОВ има во контекстите во кои се изразува
претпоставка или констатација врз база на моментната состојба и достигнува вредност од
70%. На напредното рамниште веќе се забележува опаѓање на ваквата појава (47%) што
значи дека испитаниците почнуваат да го усвојуваат ова значење.

Интересна е ситуацијата во поглед на функцијата изразување информација узнаена од


друг извор, или т.н. прекажано значење. Првин се забележува тренд на зголемување, а
потоа доаѓа до нагло опаѓање на неправилните употреби на МОВ во ваквите контексти.

Неправилна употреба на МОВ

100%

МОВ
Процентуална застапеност

80%
(неправилна А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1
Актуелна
употреба)
60% релевантност
Претпоставка Актуелна
51% 54% 51%
40% / конст. релевантност
инф. од др. Претпоставка/
извор 70% 70% 47%
20% констатација
Информ. од др.
59% 68% 27%
извор
0%
А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1

Графикон 20. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МОВ

Тоа е показател дека изучувачите стануваат свесни за ваквата употреба на МНВ и


почнуваат да го применуваат правилото. Во однос на тоа, на првите две рамништа имаме
ниска процентуална застапеност на правилно употребени форми на МНВ во ваков
контекст (29%). Ваквата состојба, исто така, делумно е одраз на инструкциите во
учебниците, каде што најчесто не се разграничени функциите.

161
Во повеќето учебници, првин се застапени содржини во кои МНВ се употребува за
изразување актуелна релевантност на минат настан. Оваа функција на МНВ најчесто се
објаснува преку значењето временска неопределеност на настанот, а притоа не се зема
предвид значењето актуелна релевантност на настанот. Резултатите покажуваат дека и
оваа функција не е доволно усвоена, но за разлика од другите функции, овде се јавува
поголем степен на усвоеност. Единствено на напреднатото рамниште се забележува
опаѓање и мал процент на правилна употреба на МНВ за изразување актуелна
релевантност.

Кај изразувањето претпоставка или констатација за минат настан врз база на


моментната состојба се забележува благ пораст од едно до друго рамниште. Најголем
пораст има на напредното рамниште, но степенот на усвоеност е далеку од
задоволителното ниво.

Правилна употреба на МНВ


100%
Актуел
Процентуална застапеност

80% на
релева
нтност
60%
МНВ (правилна А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1
Претпо
ставка/ употреба)
40% Актуелна 40% 46% 22%
конст.
релевантност
20% 26% 27% 33%
Претпоставка/
констатација
0%
А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1 Информ. од др. извор 29% 29% 66%

Графикон 21. Приказ на процентуалната застапеност на правилните употреби на


МНВ

Формите на МНВ поретко се употребуваат во погрешен контекст за разлика од


формите на МОВ. Најмалку неправилно употребени форми на МНВ има во контекстите во
кои се пренесуваат настани лично искусени од говорителот. Нивното присуство е
минимално и речиси незначајно. Малку поголем е процентот на неправилно употребени
форми на МНВ во контекстите во кои се пренесуваат настани директно перципирани

162
(засведочени) од говорителот. Се забележува тренд на опаѓање на бројот на неправилно
употребени форми на МНВ за овие две функции.

Неправилна употреба на МНВ


100%

80% МНВ
(неправилна А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1
Процентуална застапеност

Лично употреба)
60% искусени 9% 6% 3%
Лично искусени
Директно
40% перципирани Директно 17% 14% 13%
перципирани
Утврдени
Утврдени настани 25% 27% 24%
20% настани

0%
А2-Б1 Б1-Б2 Б2-Ц1

Графикон 22. Приказ на процентуалната застапеност на неправилните употреби на


МНВ

Најголем процент на неправилно употребени форми на МНВ има во контекстите во


кои се пренесуваат настани утврдени како факти. Овде се забележува и параболичен тренд
во развојот на оваа структура. Првин се зголемува процентот на неправилни форми, па
потоа опаѓа. Тоа е знак дека доаѓа до преструктурирање на системот во јазикот на
изучувачите.

163
6. ЗАКЛУЧОК

6.1 Заклучни забелешки

Целта на овој труд беше преку претставувањето на системот на МОВ и на МНВ и


анализата на резултатите од истражувањето да дојдеме до сознанија за процесот на
усвојување и развојниот тек на овие структури во меѓујазикот на изучувачите на
македонскиот јазик како странски.
Во литературата, како што видовме, најчесто како дистинктивни признаци помеѓу МОВ
и МНВ се наведуваат опозициите определеност/неопределеност, директно
кажување/прекажување, конфирмативност/неконфирмативност, дистанцираност/
недистанцираност и сл.
Иако со сите овие концепти се опфаќаат одредени аспекти од семантичката мрежа на
времињата за кои станува збор, ваквите описи не даваат најдобри резултати во наставата
по македонски јазик како странски. Обидот да се објаснат и да се разграничат значењата и
употребите на МОВ и на МНВ во наставата по македонски јазик како странски, преку кој
и да е од овие концепти, се покажува како недоволно успешен и по малку конфузен.
Причината е тоа што, во суштина, наведените сопоставени признаци не се сосема
дистинктивни за времињата. Во однос на опозицијата определеност/неопределеност,
најчесто МОВ се смета за определено, а МНВ за неопределено, но факт е дека и МОВ и
МНВ може да бидат и определени и неопределени во однос на временската однесеност на
дејството, иако на прв поглед, и земено изолирано, добиваме чувство дека МНВ е
неопределено, а МОВ е определено.
Слична е и ситуацијата со директното кажување и прекажувањето. За формите на МОВ
се смета дека се користат исклучиво за директно кажување, за предавање на дејство кое на
некој начин говорителот „засведочил“ или искусил, или кое сака да го предаде директно,
како да е засведочено, а формите на МНВ пред сè се врзуваат со прекажувањето, но се
употребуваат и за директно кажување. Ваквата дефиниција отвора повеќе прашања: Во
кои ситуации едно дејство кое говорителот не го има засведочено, ќе се предаде како да
е засведочено, а кога како прекажано?; Каков ефект ќе се постигне кај соговорникот ако
едно дејство кое е засведочено, искусено или утврдено, говорителот го предаде со МОВ, а
каков ќе биде ефектот ако се предаде со МНВ?.

164
Сите овие прашања и дилеми во однос на разликите во значењето и употребата на МОВ
и МНВ нè наведоа да ги разгледаме времињата и нивната употреба, од семантичко-
прагматички аспект. Нашите заклучоци се:
- МОВ се користи за директно („реално“/ живо) предавање на минати настани кои
можат да бидат лично искусени, директно перципирани или утврдени како факти
од страна на говорителот. Говорителот има цврста основа (најдобар можен извор
на информација) на која го базира своето директно кажување. Со ова време само
пренесуваме факти, без дополнителна модална компонента. Фокусот е секогаш
свртен кон минатото.
- МНВ се карактеризира со суспендирана фактивност, фокусот од настанот се
свртува кон некоја дополнителна информација во врска со тој настан (сублимирано
искуство, емоционална реакција: верување/неверување, чудење, воодушевување,
асоцијација, неутврденост на настанот и сл.). Накратко, можеме да ги издвоиме
следните употреби, и тоа: за актуализирање на искуство кое на некој начин е
релевантно за сегашниот момент, а е во врска со настани што се случиле или што
се случувале во нашето подалечно минато; за актуализирање на позитивни или
негативни импресии (восхит, изненадување и сл.) од некој скорашен настан, а кои
сакаме да ги споделиме со нашиот соговорник како релевантни за нас и за
сегашниот момент; за изразување претпоставка или констатација за случен настан
врз база на факти од моментната ситуација; за актуализирање на информации за
минати настани што неодамна сме ги дознале од друг извор или за детално
пренесување на информации за минати настани за кои немаме цврсти податоци.

Во тој поглед, врз основа на нашите согледувања, се одлучивме при анализата на


податоците од корпусот да изделиме по три основни функции за секое време, и тоа:
- употреба на МОВ за директно пренесување на настани: лично искусени;
директно перципирани или утврдени како факти од страна на говорителот;
- употреба на МНВ за изразување актуелна релевантност на искуство од минат
настан; за изразување претпоставка или констатација за случен настан врз база на
факти од моментната ситуација и за пренесување на информации за минати
настани узнаени од друг за кои немаме цврсти податоци.

165
Во однос на практичниот дел од истражувањето, направивме општ преглед и анализа
на типовите грешки што се јавуваат на морфонолошко, морфосинтаксичко, лексичко и
семантичко-прагматичко рамниште. Резултатите покажаа дека комплексниот систем на
правила во однос на образувањето на формите на овие времиња претставува вистински
проблем за изучувачите на македонскиот јазик како странски, и овие структури се во
голем степен подложни на фосилизација.
Се забележува тенденција да се упростуваат и да се генерализираат одредени
елементи за сметка на други. Најчести проблеми се несоодветното менување, односно
неменување на основниот вокал или правењето/неправењето промени во коренот на
зборот. Воедно, особено се забележува проширување на употребата на наставката –ШЕ,
која веројатно се генерализира како маркер за 2 и 3 л. еднина минато време. Во однос на
МНВ најкарактеристични се грешките во однос на помошниот глагол СУМ (неправилно
додавање или испуштање на СУМ).
Чести се и проблемите во однос на изборот на вистинскиот глагол. Тоа е показател
дека слабо се владеат семантичките карактеристики и разлики меѓу видските парници.
Ваквите отстапки се резултат пред сè на недоволна усвоеност на правилата во однос на
овие времиња, односно се работи за внатрешнојазично влијание. Покрај тоа, голем удел за
ваквата ситуација имаат и наставните материјали и методските пристапи, а кај
изучувачите кои говорат некој словенски јазик, постои веројатност да дојде до негативен
трансфер од тој јазик како Ј1/ЈП.
Повеќето од отстапувањата се системски грешки од локален карактер, односно
станува збор за грешки кои се јавуваат поради недоволно познавање на системот, но
веројатноста дека ќе предизвикаат недоразбирање меѓу соговорниците е сосема мала.
Правилата и исклучоците во однос на образувањето на формите на МОВ и на МНВ се
добро прикажани и теориски и практично во учебникот Macedonian: A course for beginning
and intermediate students.
Наставниците треба да посветат особено внимание на семантичките сличности и
разлики меѓу видските парови и да најдат начин како најдобро да им помогнат на
изучувачите да ги систематизираат правилата во нивниот меѓујазик.
Особено значајни за нашето истражување е анализата на податоците во однос на
употребата на МОВ и на МНВ, која беше извршена според горенаведените критериуми.

166
Резултатите покажаа дека кај испитаниците се јавува тенденција да го прошируваат
значењето на МОВ како општо минато, не земајќи ги предвид дополнителните
контекстуални околности.
Од нашите разговори со изучувачи и предавачи на македонскиот јазик како странски,
се информиравме дека во наставата пред сè се форсира употребата на МОВ, а сосема
малку внимание му се посветува на МНВ, со цел избегнување на можните интерференции
од нивните јазици. Друга причина за тоа е и поголемата фреквантност на МОВ во
македонскиот јазик.
Слична е ситуацијата и со повеќето учебници по македонски јазик како странски.
Всушност, факт е дека МОВ е позастапено и во нашиот секојдневен говор, но МНВ иако
не е толку фреквентно во говорот, ни овозможува да ги претставиме настаните од
поинаква перспектива (како искуство, импресија, претпоставка, констатација или
информација за која немаме цврсти докази).
За жал, во учебниците по македонски јазик како странски повеќе внимание се
посветува на активности за увежбување на формите (од аспект на конјугацијата) отколку
на нивните употреби во соодветни контексти и речиси воопшто не се внимава на
контекстуалните околности, односно на говорната ситуација во која се употребени или во
која треба да се употребат тие форми.
Друга причина за поголемата застапеност на МОВ може да биде и тоа што во
повеќето наставни материјали првин се изучува МОВ, а потоа МНВ. Како резултат на тоа,
кај изучувачите веројатно се добива впечаток дека ова време им е на некој начин подобро
усвоено и посигурно за употреба.
Најголемиот проблем кој може да предизвика и недоразбирање меѓу двајца
соговорници е употребата на МОВ во наративен контекст за настани за кои изучувачот
нема цврста основа, односно кои ги нема засведочено.
Истражувањето покажа дека употребата на МНВ за пренесување информации узнаени
од друг за кои говорителот нема цврста основа е со многу низок степен на усвоеност на
првите две рамништа, но веќе на напредното рамниште се забележува драстичен пораст,
што значи дека оваа функција на МНВ веќе е навлезена во системот на меѓујазикот на
испитаниците и полека се стабилизира нејзината примена.

167
Најголем степен на варијабилност се забележува кај употребата на МНВ за
изразување актуелна релевантност на искуство од минат настан, како и за изразување
претпоставка или констатација за случен настан врз база на факти од моментната
ситуација. Во однос на последната функција, дури и кај испитаниците на напреднатото
рамниште се забележува тенденција во вакви контексти да го употребуваат МОВ наместо
МНВ.
Кај формите на МОВ одреден степен на варијабилност се забележува во однос на
употребата на МОВ за директно пренесување на минати настани утврдени како факти.
Употребата на МОВ за директно пренесување на минати настани кои се лично искусени
или директно перципирани од говорителот е во голема мера усвоена и варијабилноста е
речиси елиминирана.
Од сето ова можеме да заклучиме дека МОВ и МНВ претставуваат проблем кој се
провлекува низ сите рамништа. Појавата на грешки е дел од процесот на усвојување на
еден јазик, но големиот степен на варијабилност и на напредно рамниште ни говори дека е
неопходно да се најде нов методски пристап кој ќе им помогне на изучувачите на
македонскиот јазик како странски полесно да ги усвојат формите и да научат да ги
разграничуваат функциите и употребата на овие времиња, што ќе им овозможи успешно
да ги употребуваат при комуникација, пренесувајќи ја вистинската порака и постигнувајќи
го саканиот ефект.

168
6.2 Импликации за наставата
Резултатите од истражувањето ни сигнализираат дека е неопходна промена на
традиционалниот пристап што се применува во наставата по македонски јазик како
странски, особено од аспект на предавањето на овие јазични структури.
Со оглед на тоа што разликата меѓу МОВ и МНВ е од семантичко-прагматички
карактер, фокусот треба да се насочи кон ситуациите. Треба да се најде начин да им се
долови, и експлицитно и имплицитно, во кои ситуации едно дејство кое не е засведочено
од страна на говорителот, ќе се предаде како утврдено, а кога како прекажано и каков ќе
биде ефектот што ќе се постигне кај соговорникот ако едно дејство кое е засведочено,
искусено или утврдено, говорителот го предаде со МОВ, а каков ако се предаде со МНВ.
Во однос на содржините во учебниците, треба особено внимание да се посвети на
контекстот во кој се употребуваат формите на МОВ и на МНВ за да се избегне
пренесување на погрешна информација и создавање конфузност кај испитаниците. Треба
да се размисли и околу редоследот на претставување на функциите.
Според нас, посоодветно би било првин да се претстават функциите на МОВ за
директно пренесување на минати настани лично искусени или директно перципирани од
говорителот, потоа да се претстави употребата на МНВ во наративен контекст за
пренесување информации узнаени од друг за кои говорителот нема цврста основа, а во
понапредните степени да се посвети внимание на другите функции на МОВ и на МНВ и
паралелно да се направи споредба и разграничување. Сепак, најдобро би било да се
направи дополнително истражување со неколку експериментални групи, и да се види
каков редослед и кој пристап би бил најсоодветен. Со соодветни инструкции, вежби и
активности може да се постигнат подобри резултати и да се намали степенот на
варијабилност.
Треба да се има предвид дека функциите на МОВ и на МНВ се одраз на една
специфична концептуализација за светот околу нас и настаните што нè окружуваат,
типична за македонската култура. Ретки се јазиците каде што ваквата појава е изразена
преку граматички средства. Доловувајќи им го нашиот светоглед, ќе им овозможиме
полесно усвојување на јазикот.

169
7. КОРИСТЕНА И КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА

Ајдинска-Папазовска, В. (1999): Добре дојдовте на македонски јазик; Работнички


универзитет „Кочо Рацин“, Скопје

Арсова-Николиќ, Л. (1999): Преведување: Теорија и практика, Универзитет „Св.


Кирил и Методиј“, Скопје

Бицевска, К. (1995): Почетен курс по македонски јазик, Универзитет „Св. Кирил и


Методиј“, Скопје

Боцевска, Љ. (2010): Хроники: Прв, втор, друг јазик: македонско-хрватски споредби;


Годишен зборник, кн. 36 Скопје, 535-541

Бужаровска, Е. (2013):Меѓујазичното влијание кај изучувачите на македонскиот од


англиско говорно подрачје; Меѓународен собир на соработка: Прв, втор, друг
јазик: хрватско-македонски споредби, 220-232
http://www.ffzg.unizg.hr/fisol/zbornik.pdf

Велјановска К. и др., (2007): Преглед на видските форми на почестите глаголи во


македонскиот јазик –монографско издание (во коавторство со А. Дучевска, Л.
Танушевска, Ст.Тофоска), Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Меѓународен
семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје 2007,116 стр.

Гајдова, У.; Лаброска, В. (2010): За евиденцијалноста во македонскиот јазик,


Македонски јазик LXI, 53-58

Гајдова, У. (2011): Употребата на сум-перфектот при раскажувањето на народни


приказни во дијалектите на македонскиот јазик. Морфостинтаксички студии 2,
19-28

Гочкова, Т. (2005): Психолингвистика; Просветно дело, Скопје

Димовска, К.: Македонскиот и чешкиот како странски


јазициhttp://rudocs.exdat.com/docs/index-73514.html

Дучевска, А. Македонскиот јазик како странски (состојби – процеси – перспективи);


Меѓународен собир на соработка: Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски
споредби, 55-60 http://www.ffzg.unizg.hr/fisol/zbornik.pdf

Заедничка европска рамка за јазиците: учење, настава и оценување. Универзитет „Св.


Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје 2012

170
Јачева-Улчар, Е. Перфектот во старословенскиот јазик – форма и значење (врз
примери од македонски црковнословенски ракописи); Морфостинтаксички студии
2,11-18

Кепески, К. 1946 —Македонска граматика. Скопје.

Кирова, Л. За значението на преизказаните форми в българския език според


употребата им в различни дистрибутивни позиции;
http://liternet.bg/publish3/lkirova/preizkazni-formi.htm

Кирова, Л. Практическо преподаване на българската модална категория


„евиденциалност”, Международна работна среща на преподавателите по
български език като чужд „Преподаването на български език в славянски и
неславянски контекст”, Масариков университет (под патронажа на посолството на
Р България), Бърно, 5 март 2010 г.

Козинцева, Н. (2007): Типология категории эвиденциальности // В. С. Храковский


(отв. ред.). Эвиденциальность в языках Европы и Азии. СПб., 2007. С. 13–36.

Конески, Б. (2004): Граматика на македонскиот јазик; Просветно дело, Скопје

Кусевска, М.; Митковска, М. (1995): Зборувате ли македонски?; МЕДИС-


информатика, Скопје

Кусевска, М.: Стекнување прагматичка компетенција

Лаброска, В. Инвентарот и функционалната оптовареност на парадигмите со


помошните глаголи ‘esse’и ‘habere’ во српскиот јазик. Морфостинтаксички
студии 2, 83-92

Макарцев, М. M. (2014). Эвиденциальность в пространстве балканского


текст,Нестор-История, Москва, Санкт-Петербург

Марковиќ, М. (2011): Конструкциите со ‘esse’и ‘habere’ во ароманскиот јазик.


Морфостинтаксички студии 2, 123-144

Минова-Ѓуркова, Л. (2000): Синтакса на македонскиот стандарден јазик; Магор,


Скопје

Минова-Ѓуркова, Л. (2003): Стилистика на современиот македонски јазик;Скопје

Митковска, Л. Анализа на грешки од аспект на усвојувањето на странски/втор јазик:


импликации за наставата; Меѓународен собир на соработка: Прв, втор, друг
јазик: хрватско-македонски споредби, 233-244
http://www.ffzg.unizg.hr/fisol/zbornik.pdf

171
Митковска, Л., Бужаровска, Е. 2011. За употребата на има-перфектот во
македонскиот стандарден јазик во релација со конкурентните глаголски форми.
Перифрастичните конструкции со esse и habere во словенските и балканските
јазици. Скопје: МАНУ, 55-82.

Митковска, Л., Кусевска, М., и Бужаровска, Е. 2013. Корпусни истражувања на


англискиот меѓујазик на македонските изучувачи:усвојување и меѓујазично
влијание. Скопје: Прв приватен универзитет - ФОН.

Младеновска-Маленко, Б. (2009): Искажување на минатоста во народната проза


(Марко Цепенков). Македонистика, Институт за македонски јазик „Крсте Петков-
Мисирков“- Скопје, 3-119

Новакоска, М. (2014): Kорпусно истражување на употребата на англискиот


перфект од страна на македонски изучувачи (магистерски труд), Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“

Ончевска, Е. (2010): Англиски како странски јазик низ работа во групи: „Невидиливи“
аспекти во лекторската настава; Годишен зборник, кн. 36, Скопје, 289 -299

Павлова, А. (2013): Теориски пристапи во усвојувањето на втор јазик. Меѓујазик,


Литературен збор

Пановска-Димкова, И.; Гочкова-Стојановска, Т. (2010): Хроники: Македонскиот јазик


како странски – во контекст на проектната соработка, Годишен зборник, кн. 36
Скопје, 541-547

Паноска. Р, Џукески. А (1984): Македонски јазик за странци – почетен курс;


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Петроска, Е. (2006):, „Со кои времиња раскажуваме приказни?“ во: Годишен зборник
на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје 2006:211-220.

Петроска, Елена. (2008a). Количествените категории во македонскиот: од


семантика кон форма. Скопје: Македонска реч.

Петроска, Е. (2008б): За таканаречената прекажаност во македонскиот и во


бугарскиот јазик, Реферати на македонските слависти за меѓународен
славистички конгрес во Охрид, 269-278.

Петроска, Е.; Тофоска, Ст. (2011): Лексички показатели за прекажана


евиденцијалност во македонскиот и во полскиот јазик,VIII македонско-полска
конференција, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески”, 521-531

Петроска, Е (2011).: Евиденцијалноста и евиденцијалните стратегии во


македонскиот јазик, Морфостинтаксички студии 2, 29-40

172
Петроска, Е. 2011: „Евиденцијалноста изразена со наводно и божем во македонскиот
јазик“, Прилози на на ОЛЛН XXXVI 1-2, МАНУ, Скопје 2011, 255-266.

Петроска, Е. 2012 а: „За евиденцијалноста во Граматиката на Блаже Конески“ во


Блаже Конескии македонскиот јазик, литература и култура, Филолошки факултет
„Блаже конески“, УКИМ, Скопје 2012, 149-154.

Петроска, Е., Тофоска, Ст., 2012 б: „MОРА- епистемичката модалност и


евиденцијалноста во македонскиот јазик“, во XXXVIII научна конференција на
МСМЈЛК одржана во Охрид 2011), Скопје 2012, 111-118.

Петроска, Е.;Тофоска, Ст., Боцевска, Љ. 2013: Профилот на учениците што го


изучуваат македонскиот јазик како втор; Меѓународен собир на соработка: Прв,
втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби, 134-145
http://www.ffzg.unizg.hr/fisol/zbornik.pdf

Прирачник за наставата по немајчин јазик за наставниците во основното, средното


и високото образование; British Council, Скопје, 2011

Плунгян 2011 — Плунгян В. А. Введение в грамматическую семантику:


грамматические значения и грамматические системы языков мира. М., 2011.

Спасовска, М.: Минатото определено и минатото неопределено време во


македонскиот јазик (магистерски труд), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Филолошки факултет „Блаже Конески“

Спасовска, М. (2015): Изразување минатост со глаголските форми во македонскиот


и во албанскиот јазик (докторски труд), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Филолошки факултет „Блаже Конески“

Станковиќ, Б. (2011): Евиденцијалноста како критериум за класификација на


сврзниците КАКО/ДА во српскиот и како граматичка категорија на глаголите во
македонскиот јазик; XXXVII научна конференција на XLIII меѓународен семинар
за македонски јазик, литература и култура: ЛИНГВИСТИКА; 143-159

Станојоски, И. (2009): Проблемот со интерференциите при изучувањето на


македонскиот јазик во Полска и во Украина
http://www.sbc.org.pl/Content/20926/doktorat2973.pdf

Тасевска, Р. (2009): Македонски без со мака, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,


Скопје

173
Тополињска, З. (2007): Полско-македонски: граматичка конфронтација. Развиток на
граматичките категории, Македонска академија на науките и уметностите,
Скопје

Тополињска, З. (2009): „Семантичка/граматичка категорија дистанца“, Предавања на


XLI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид 2008,
Скопје 2009: 45-52.

Тополињска, З. (2011) Педесет години го учам македонскиот јазик, VIII македонско-


полска конференција, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески”, 31-37

Тофоска, Ст. (1996): Глаголи на зборување во современиот македонски јазик -


магистерска работа одбранета 1996 г. на Филолошкиот факултет во Скопје

Тофоска, Ст. (1997): За теличното видско значење во македонскиот јазик. XXIII


научна дискусија, Скопје 95-104.

Тофоска, Ст. (2005): За семантиката на теличните глаголи во македонскиот јазик во


Прилози на Одделението за лингвистика и литературна наука, МАНУ, br. XXX 1-
2, Скопје, 2005, 71-86.

Тофоска, Ст., (2008): „Глаголски предикати носители на информацијата за


евиденцијалност во македонскиот и полскиот јазик“во: Реферати на
македонските слависти за XIV меѓународен славистички конгрес во Охрид,
Скопје 2008: 303-310.

Тофоска, Ст. (2009): Глаголскиот вид во учебниците по македонски јазик како втор и
како странски; Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова по повод 70
години од раѓањето, 57-62

Тофоска, Ст. (2010): Преносни отстапувања кај говорителите на албанскиот јазик


во усвојувањето на предлозите во македонскиот јазик. Меѓународен собир на
соработка: Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби

Тофоска, Ст. (2011а): Усвојување на македонскиот јазик како втор и категоријата


евиденцијалност, презентација одржана на собирот Hrvatsko-makedonske
književne, jezične i kulturne veze, Rijeka, 23-25 март 2011

Тофоска, Ст. (2011б): „Теличноста како семантичка видска категорија“, во: Прилози
на ОЛЛН, бр. XXXVI, MANU, Skopje 2011, 267-290.

Тофоска, Ст. (2011в): VERBA DICENDI како лексички показатели на


евиденцијалноста и нивниот сооднос со граматичките показатели за
евиденцијалност во македонскиот јазик, Морфостинтаксички студии 2, 41-53

174
Тофоска, Ст., (2013): „Варијантноста и глаголите на зборување при прекажување во
македонскиот јазик“ во XXXIX научна конференција на Меѓународниот семинар
за македонски јазик, литература и култура (одржана во Охрид 2012), Скопје 2013,
203-211.

Тофоска, Ст., Петроска, Е., (2014): Лексичките показатели за прекажана


евиденцијалност во македонскиот и во чешкиот јазик“, Зборник на трудови од V
Македонско-чешка конференција, Скопје 2014, 89-100.

Тофоска, Ст. (2015): За семантиката на глаголскиот вид во граматиката на Блаже


Конески и во современите лингвистички проучувања, Литературен збор LXII (1-
3), Скопје 2015, 23-28.

Тофоска, Ст. (во печат): Од проблематиката на глаголскиот вид: Семантика на


теличните глаголи во македонскиот јазик, Скопје 2015, 222 стр.

Трајкова, М. (2010): Културолошки и интеркултурни содржини во TEMPO – учебник


наменет за настава по француски јазик; Годишен зборник, кн.36 Скопје, 321-330

Трибина 2008: Изучување на македонскиот јазик како странски, Скопје

Усикова, Р. (1988): Кон описот на модално-темпоралниот систем во македонскиот


јазик од функционална гледна точка, НД XV, 29-39

Фридман, В. (1974): За некои особености на македонскиот глагол од гледната точка


на генеративната семантика; Македонски јазик, год. XXV, 205-210
Фридман, В. (2004): Непотврдителност и дискурс во македонскиот и другите
балкански јазици
http://mahimahi.uchicago.edu/media/faculty/vfriedm/184Friedman04.pdf

Фридман, В. (2011): Македонски студии; Македонска академија на науките и


уметностите. Скопје

Црвенковска, Е. (2009): Втор, странски, наследен: македонско-хрватски паралели;


Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова по повод 70 години од
раѓањето, 69-78

Црвенковска, Е.; Петроска, Е. (2010): Проекти: Положбата на македонскиот и на


хрватскиот јазик во образовниот систем на повеќејазични средини, Годишен
зборник, Скопје, кн. 36, 581-603

Црвенковска, Е.; Петроска, Е. (2013): Македонскиот јазик како втор и странски –


терминолошки прашања; Меѓународен собир на соработка: Прв, втор, друг јазик:
хрватско-македонски споредби, 9-20 http://www.ffzg.unizg.hr/fisol/zbornik.pdf

175
Шанова, З. (1988) Функции на перфектот и на некои форми слични на него во
македонскиот литературен јазик, НД XV

Aikhenvald, A. (2004): Evidentiality, Oxford, Oxford University Press

Aronson, H. I. (1967):The Grammatical Categories of the Indicative in the Contemporary


Bulgarian Literary Language // To Honor Roman Jakobson, vol. I. The Hague, 1967. P.
82–98.

Aronson, H. I. (1977):Interralationships between Aspect and Mood in Bulgarian. Folia


Slavica.1: 9-32.

Boas, F.(1911): Handbook of American Indian languages. Part 1. Smithsonian Institution.


Bureau of American Ethnology Bulletin 40, 1911.

Bielak, J. and M. Pawlak. 2013. Applying Cognitive Grammar in the foreign language
classroom. Teaching English tense and aspect. Heidelberg – New York: Springer

Brown, D. (1994): Principles of Language Learning and Teaching. New Jersey: Prentice
Hall

Comrie, B. 1976. Aspect: An Introduction to the Study of Verbal Aspect and Related
Problems. Cambridge: Cambridge University Press.

Comrie, B. 1985. Tense. Cambridge: Cambridge University Press.

Corder, S. P. 1984. The significance of learners’ errors. In J. C. Richards (ed.), Error


analysis: Perspectives on Second Language acquisition. London, NY: Longman, 19-27

Đorđevič, R. 2004. Uvod u kontrastiranje jezika. Beograd: Filološki fakultet.

Dahl, Östen. 1985. Tense and Aspect Systems. Oxford: Blackwell.

Dahl, Östen (ed.). 2000. Tense and aspect in the languages of Europe. Empirical approaches
to language typology ; 20-6. Berlin ; New York: Mouton de Gruyter.

De Haan, F. (1999): Evidentiality and Epistemic Modality: Setting Boundaries. – Southwest


Journal of Linguistics

Doughty, Ch., Long, M. (2005) The Handbook of Second Language Acquisition, Wiley-
Blackwell

Ellis, R. 1994. The study of second language acquisition. Oxford: OxfordUniversity Press.

Ellis, R., and Barkhuizen, G. 2005. Error analysis. In R. Ellis, and G. Barkhuizen (Eds.),
Analyzing learner language Oxford: Oxford University Press, 335-357.

176
Faller, Martina T. (2002): Semantics and Pragmatics of Evidentials in Cuzco Quechua.
Stanford University. Department of Linguistics.
http://personalpages.manchester.ac.uk/staff/martina.t.faller/documents/thesis-a4.pdf

Fielder, Grace E. (1993): The Semantics and Pragmatics of Verbal Categories in Bulgarian,
Lewiston, NY: Edwin Mallen Press, Ltd.

Friedman, V. A. (1977): A Problem in Grammatical Invariance


http://home.uchicago.edu/~vfriedm/Articles/009Friedman77.pdf

Friedman, V. A. (1983): Gramatical Categories and a Comparative Balkan Grammar; Ziele


and Wege der Balkanlinguistik, Berlin
http://mahimahi.uchicago.edu/media/faculty/vfriedm/029Friedman83.pdf

Friedman, V. A. (1986): Evidentiality in the Balkans: Bulgarian, Macedonian, and


Albanian; Evidentiality: The Linguistic Coding of Epistemology, Norwood NJ, 168-187

Friedman, V. A. (1998): The grammatical expression of presumption and related concepts


in Balkan Slavic and Balkan Romance // M. Flier and A. Timberlake (eds). American
Contributions to the 12th International Congress of Slavists, 1998. Bloomington, 1998.
P. 390–405.

Friedman, V. A. (1999): Proverbal Evidentiality: On the gnomic uses of the category of


status in languages of The Balkans and The Caucasus; Mediterranean Language
Review, Vol. II, 135-155

Friedman, V. A. The typology of Balkan evidentiality and areal linguistics


http://mahimahi.uchicago.edu/media/faculty/vfriedm/181Friedman04.pdf

Gass, S., Selinker, L. (1994). Second Language Acquisition: An Introductory Course.


Hillsdale et al.: Lawrence Erlbaum Associates

Ganger, S., Hung., J., Petch-Tyson., S. (2002) Computer Learner Corpora,Language


Acquisition and Foreign Language Teaching, John Benjamins Publishing Company

Gilquin, G., Papp., S., Belén Díez-Bedmar, M. (2008) Linking up contrastive and learning
corpus research, Rodopi

Graves, N. 2000. Macedonian – a language with three perfects? In Ő. Dahl (Ed.), Tense and
aspect in the languages of Europe. Berlin: Mouton de Gruyter, 479-494.

Griffin, K. (2005): Lingüística aplicada a la enseñanza del español como 2/L, Madrid,
Arco-Libros.

177
Hung, Т. Interlanguage analysis and teaching of grammar
http://lc.hkbu.edu.hk/book/pdf/v05_10.pdf(lc.hkbu.edu.hk/staff/tonyhung/Interlanguage
PALS2.doc)

Interlanguage http://tanvirdhaka.blogspot.mk/2011/12/interlanguage.html
Jakobson, R. (1957): Shifters, verbal categories and the Russian verb.
http://varenne.tc.columbia.edu/bib/texts/jakbsromn600constat.pdf

Jakobson, R. (1984): Russian and Slavic Grammar. Studies 1931-1981. Ed. by Waugh,
Linda R. / Malle, Morris. Series:Janua Linguarum. Series Maior 106

Jelaska, Z. i suradnici (2005): Hrvatski kao drugi i strain jezik; Zagreb

Kramer, Ch.& Mitkovska, Lj. (2011): Macedonian: A course for beginningand intermediate
students, Second Edition; University of Wisconsin Press

Langacker, Ronald W. (2008): Cognitive Grammar. Basic Introdustion; Oxford University


Press

Lindstedt, J. (2000). The perfect – aspectual, temporal and evidential. In Ő. Dahl (Ed.),
Tense

Lunt, H. (1952). Grammar of the Macedonian Literary Language, Skopje

Maslov, S.J. (1988). Resultative, perfect, and aspect. In V. Nedjalkov (Ed.), The Typology
of Resultative Constructions. Amsterdam: John Benjamins, 63-85.

Norris,J., Ortega, L. (2005): Defining and measuring SLA inThe Handbook of Second
Language Acquisition, Wiley-Blackwell, 717-762

Ortega, L. (2009) Second Language Acquisition, Hodar Education

Pavón, Maria E. A. (2009) Análisis de errores, contrastivo e interlengua, en estudiantes


brasileños de español como segunda lengua: verbos que rigen preposición y-o ausencia
de ella http://eprints.ucm.es/9544/1/T31053.pdf

Petroska, E. 2012. Grammatical and Lexical Markers of Evidentiality in Macedonian, In:


Proceedings of the Seventh North American - Macedonian- Conference on Macedonian
Studies: 139-152.

Petroska, E. 2014. Evidentiality in Macedonian: Issues of Lexicalization and


Grammaticalization In: Grammaticalization and Lexicalization in the Slavic Languages:
Die Welt der Slaven 55: 275-287.

Plungjan, V. A. 2001: The place of evidentiality within the universal grammatical space,
Journal of Pragmatics 22, 349-357

178
Radden, G., and Dirven, R. 2007. Cognitive English Grammar. Amsterdam/Philadelphia:
John Benjamins Publishing Company.

Reichenbach, H. (1947): The Tenses of Verbs. In Elements of Symbolic Logic. Macmillan


http://derczynski.com/sheffield/tsie/Reichenbach%20-%20tenses%20of%20verbs.pdf

Saville-Troike, M (2006): Introducing Second Language Acquisition, Cambridge:


Cambridge University Press.

Selinker, L. (1972). Interlanguage. IRAL, 10, (3), 209-231.


http://omar11.wikispaces.com/file/view/session2A.pdf

Tofoska, St. (2008): “Glagolski sustavi u hrvatskomu i makedonskomu kao drugomu i


stranomu jeziku” (so Z. Jelaska i L.Cvikić) vo Zbornikot od Me|unarodniot
makedonisti~ki sobir, Ohrid 1-3 septemvri 2008, 153-166.

Tofoska, St. (2009): Verbs expressing telic aspectual configuration in Macedonian. Fourth
Annual Meeting of the Slavic Linguistic Society, University of Zadar, Institut of
Croatian Language and Linguistics,University of Zadar, 3rd-6th September 2009, 103.

Tofoska, St. (2015): “Telicity as Semantic Aspectual Category” во Verbal Aspect:


Grammatical meaning and context. (red. Bennachio R.), Die Welt der Slaven, Munchen:
Verlag Otto Sagner Press 2015, 519-529.

Wiemer, B.(2006): Particles, parentheticals, conjunctions and prepositions as evidentiality


markers in contemporary Polish (A first exploratory study) // Studies in Polish
Linguistics 3, 2006. P. 5–67.

179
8. ПРИЛОЗИ

Прилог 1: Преглед на јазичните компетенции на изучувачите (преземено од ЗЕР,


2012: 108-109)

ОПШТ ЈАЗИЧЕН ОПСЕГ


Ц2 Може, со голема сигурност, да користи обемен јазичен фонд за прецизно да ги
обликува мислите, за нешто да истакне, диференцира, за да избегне двосмисленост...
Не се забележува дека мора да се ограничува во поглед на она што сака да го каже.
Ц1 Може, од широк јазичен фонд, да ја избере соодветната формулација за јасно да се
изрази, а да не мора да се ограничи во поглед на она што сака да го каже.
Б2 Може јасно да се изразува, а премногу да не се забележува дека мора да се ограничува
во поглед на она што сака да го каже.
Се служи со доволен јазичен фонд за да може јасно да опишува, да ги изразува своите
ставови и да развива аргументи без премногу очигледно барање на зборови и притоа
да користи некои сложени реченични структури.
Б1 Се служи со доволен јазичен фонд за да опише непредвидливи ситуации, со
прифатлива точност да ги објасни главните црти на некоја идеја или проблем, како и
да го изрази своето мислење за апстрактни и културни теми, какви што се музиката и
филмот.
Располага со доволен јазичен и вокабуларен фонд за да може, со одредено колебање и
со користење на парафразирање, да зборува за теми како што се семејството, хобијата
и интересите, работата, патувањата и тековните настани, но поради лексички
ограничувања понекогаш мора да го повторува реченото или може да има тешкотии
при формулирањето на она што сака да го каже.
А2 Може да оформи куси секојдневни искази за да задоволи едноставни потреби од
конкретна природа: лични податоци, секојдневни работи, потреби и желби, барање на
информации.
Може да користи прости реченици и со помош на научени фрази, формули и групи од
неколку збора, да разговара за себе и за други луѓе, за тоа што работат, каде
живеат/работат, што имаат и сл.
Располага со ограничен репертоар од куси научени фрази со кои може да се послужи
за „преживување“ во предвидливи ситуации. Во невообичаени ситуации, честопати
доаѓа до прекин на комуникацијата или до недоразбирање.

А1 Располага со многу скромен избор на едноставни изрази за лични податоци и


конкретни потреби.

180
Прилог 2: Скала за граматичка точност (преземено од ЗЕР, 2012: 112)

ГРАМАТИЧКА ТОЧНОСТ

Ц2 Одржува доследна граматичка контрола на сложен јазик, дури и кога вниманието му е


насочено на нешто друго (на пр. на планирање на следниот исказ или на посматрање
на реакцијата на соговорникот).

Ц1 Може доследно да одржува висок степен на граматичка точност; грешките се


ретки и тешко се забележуваат.

Б2 Добро владее со граматиката; може да се појават повремени превиди или


спорадични грешки, како и помали неточности во структурата на реченицата, но тоа
се случува ретко и грешките често може

дополнително да се поправат.

Доста добро владее со граматиката. Не прави грешки кои може да доведат до


недоразбирање.

Б1 Комуницира со прифатлива точност во познати контексти; општо, добро владее со


граматиката, иако се чувствува влијанието на мајчиниот јазик. Прави систематски
грешки, но јасно е што сака да изрази.

Со прифатлива точност користи фонд на вообичаени, рутински формули сврзани за


предвидливи ситуации.

А2 Правилно користи некои едноставни структури, но сè уште постојано прави основни


грешки – на пример, често ги меша времињата и заборава на нивната усогласеност.
Сепак, обично е јасно што сака да каже.

А1 Покажува само ограничено владеење со мал број едноставни граматички и реченични


структури, главно меморирани.

181
Прилог 3: Инвентар на глаголските форми (Lunt 1952: 80)

ИНТЕРМИНАТИВНИ ТЕРМИНАТИВНИ

ДИРЕКТНИ ДИСТАНЦИРАНИ ДИРЕКТНИ ДИСТАНЦИРАНИ

СЕГАШНО РЕШАВАМ УЧАМ РЕШАМ

РЕШАВАШ УЧИШ СУМ УЧЕЛ РЕШИШ СУМ РЕШЕЛ

РЕШАВААТ УЧАТ СУМ РЕШАВАЛ СИ УЧЕЛ РЕШИ СИ РЕШЕЛ

МИНАТО ИМПЕРФЕКТ РЕШАВАВ УЧЕВ СИ РЕШАВАЛ УЧЕЛ РЕШЕВ РЕШЕЛ

РЕШАВАШЕ УЧЕШЕ РЕШАВАЛЕ РЕШЕШЕ

РЕШАВАА УЧЕА РЕШЕШЕ

АОРИСТ РЕШАВАВ УЧИВ СУМ УЧИЛ РЕШИВ СУМ РЕШИЛ

РЕШАВА УЧИ СИ УЧИЛ РЕШИ СИ РЕШИЛ

РЕШАВАА УЧИЈА УЧИЛ РЕШИВМЕ РЕШИЛ

ИМПЕРАТИВ РЕШАВАЈ(ТЕ) РЕШИ, РЕШЕТЕ

-Н/-Т ПАРТИЦИП РЕШАВАН

ПРИЛОГ РЕШАВАЈЌИ

ИМЕНКА РЕШАВАЊЕ

182
Прилог 4: Споредба на формите на МОСВ (аорист) И МОНС (имперфект)

а-група
ПРОЧИТА
АОРИСТ АКО/ДА/ ЌЕ +
ИМПЕРФЕКТ
1л. прочитав (да) прочитав
еднина 2л. прочита (да) прочиташе
3л. прочита (да) прочиташе
1л. прочитавме (да) прочитавме
множина 2л. прочитавте (да) прочитавте
3л. прочитаа (да) прочитаа

и-група/ и-раздел

направи
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднина 1л. направ-и-в (да) направ-е-в
2л. направ-и (да) направ-е-ше
3л. направ-и (да) направ-е-ше
множина 1л. направ-и-вме (да) направ-е-вме
2л. направ-и-вте (да) направ-е-вте
3л. направ-и-ј-а (да) направ-е-а

и-група/ а-раздел

изброи
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднин 1л. избро-ј-а-в (да) избро-е-в
а 2л. избро-ј-а (да) избро-е-ше
3л. избро-ј-а (да) избро-е-ше
множ 1л. избро-ј-а-вме (да) избро-е-вме
ина 2л. избро-ј-а-вте (да) избро-е-вте
3л. избро-ј-а-а (да) избро-е-ј-а

и-група/ е-раздел

остари

183
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ

еднина 1л. остар-е-в (да) остар-е-в


2л. остар-е (да) остар-е-ше
3л. остар-е (да) остар-е-ше
множина 1л. остар-е-вме (да) остар-е-вме

2л. остар-е-вте (да) остар-е-вте


3л. остар-е-а (да) остар-е-ј-а

и-група/ о-раздел*

види
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднина 1л. вид-о-в (да) вид-е-в
2л. вид-е (да) вид-е-ше
3л. вид-е (да) вид-е-ше
множина 1л. вид-о-вме (да) вид-е-вме
2л. вид-о-вте (да) вид-е-вте
3л. вид-о-а (да) вид-е-ј-а

е-група/ а-раздел

СЕДНЕ
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднина 1л. седн-а-в (да) седн-е-в
2л. седн-а (да) седн-е-ше
3л. седн-а (да) седн-е-ше
множина 1л. седн-а-вме (да) седн-е-вме
2л. седн-а-вте (да) седн-е-вте
3л. седн-а-а (да) седн-е-а

184
е-група/ е-раздел

ДОПРЕ
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднина 1л. допр-е-в (да) допр-е-в
2л. допр-е (да) допр-е-ше
3л. допр-е (да) допр-е-ше
множина 1л. допр-е-вме (да) допр-е-вме
2л. допр-е-вте (да) допр-е-вте
3л. допр-е-а (да) допр-е-а

е-група/ о-раздел

отиде
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднина 1л. отид-о-в (да) отид-е-в
2л. отид-е (да) отид-е-ше
3л. отид-е (да) отид-е-ше
множина 1л. отид-о-вме (да) отид-е-вме
2л. отид-о-вте (да) отид-е-вте
3л. отид-о-а (да) отид-е-а

е-група/ Ø-раздел

чуе
АОРИСТ (АКО/ДА/ ЌЕ) +
ИМПЕРФЕКТ
еднина 1л. чу-в (да) чу-е-в
2л. чу (да) чу-е-ше
3л. чу (да) чу-е-ше
множина 1л. чу-вме (да) чу-е-вме
2л. чу-вте (да) чу-е-вте
3л. чу-а (да) чу-е-ј-а

185
Прилог 5: Образување на л-формите (преземено од Kramer&Mitkovska)

ГРУПА ГЛАГОЛ (сврш) АОРИСТ Л-ФОРМА Л-ФОРМА Л-ФОРМА Л-ФОРМА

машки род женски род среден род множина

a-група ПРОЧИТА ПРОЧИТА-В ПРОЧИТА-Л ПРОЧИТА-Л-А ПРОЧИТА-Л-О ПРОЧИТА-Л-Е

и-група НАПРАВИ НАПРАВИ-В НАПРАВИ-Л НАПРАВИ-Л-А НАПРАВИ-Л-О НАПРАВИ-Л-Е

е-група ПОЧНЕ ПОЧНА-В ПОЧНА-Л ПОЧНА-Л-А ПОЧНА-Л-О ПОЧНА-Л-Е

ГРУПА ГЛАГОЛ (несврш) ИМПЕРФЕКТ од Л-ФОРМА Л-ФОРМА Л-ФОРМА Л-ФОРМА


несвршени
глаголи машки род женски род среден род множина

a-група ГЛЕДА ГЛЕДА-В ГЛЕДА-Л ГЛЕДА-Л-А ГЛЕДА-Л-О ГЛЕДА-Л-Е

и-група ПРАВИ ПРАВЕ-В ПРАВЕ-Л ПРАВЕ-Л-А ПРАВЕ-Л-О ПРАВЕ-Л-Е

е-група МОЖЕ МОЖЕ-В МОЖЕ-Л МОЖЕ-Л-А МОЖЕ-Л-О МОЖЕ-Л-Е

ГРУПА ГЛАГОЛ (сврш) ИМПЕРФЕКТ од Л-ФОРМА Л-ФОРМА Л-ФОРМА Л-ФОРМА


свршени глаголи
машки род женски род среден род множина

a-група ПРОЧИТА да ПРОЧИТА-В да ПРОЧИТА-Л да ПРОЧИТА-Л-А да ПРОЧИТА-Л-О да ПРОЧИТА-Л-Е

и-група НАПРАВИ да НАПРАВЕ-В да НАПРАВЕ-Л да НАПРАВЕ-Л-А да НАПРАВЕ-Л-О да НАПРАВЕ-Л-Е

е-група ПОЧНЕ да ПОЧНЕ-В да ПОЧНЕ-Л да ПОЧНЕ-Л-А да ПОЧНЕ-Л-О да ПОЧНЕ-Л-Е

186
Прилог 6: Прашалник

ПРАШАЛНИК

Име и презиме _____________________________________


Возраст_____________________________________
Пол М / Ж
Степен на познавање на македонскиот јазик (заокружете)
A1 A2 B1 B2 C1 C2
ПОЧЕТНО СРЕДНО НАПРЕДНАТО
Слушање и разбирање: А1/ А2/ B1/ B2/ C1/ C2
Читање и разбирање: А1/ А2/ B1/ B2/ C1/ C2
Пишување: А1/ А2/ B1/ B2/ C1/ C2
Зборување: А1/ А2/ B1/ B2/ C1/ C2
Мајчин јазик _____________________________________
Други јазици _____________________________________
Колку време и каде го имате учено македонскиот јазик?
_____________________________________
е-mail _____________________________________

1. Прочитајте ги речениците внимателно и пополнете ги празните места со


соодветната глаголска форма, како во примерот. Употребувајте минато определено
(аорист/ имерфект) или минато неопределено време (свршено/ несвршено).

пр. Денес цел ден jа СЛУШАВМЕ оваа песна. (СЛУША/ СЛУШНЕ; ние)

1.Со години не (1)________го______________________ (ГЛЕДА/ВИДИ; јас) овој човек,


а вчера (2) ________го___________________ (СРЕЌАВА/ СРЕТНЕ; јас) дури двапати.

2.(Ана шета со својата другарка Ивана и во исто време зборува на телефон со сестра
си. По разговорот, Ивана прашува...)

187
Ивана: Што ти (3) ________ сестра ти? (КАЖУВА/ КАЖЕ; таа) Ќе дојде?
Ана: Да. Ја (4) ______________________ (ПРАВИ/ НАПРАВИ) тортата за роденденот
на Марко и сега ќе тргне наваму.

3.Порано секогаш кога (11) ________________ (ОДИ/ ОТИДЕ, јас) во Македонија,


задолжително (12) ______го ________________ (ПОСЕТУВА/ ПОСЕТИ) Охрид. Годинава
уште не (13)______го ________________ (ПОСЕТУВА/ ПОСЕТИ), но планирам да одам
во јуни.

4.А: Вчера (5) ______________________ (ИГРА/ ОДИГРА, ние) карти кај брат ми.
Б: И, кој (6) ______________________? (ПОБЕДУВА/ ПОБЕДИ)
А: За чудо (7)______________________ јас. (ПОБЕДУВА/ ПОБЕДИ)
Не им се (8) _________________ (ВЕРУВА/ПОВЕРУВА) дека (9) ________________
(УСПЕВА/ УСПЕЕ) да ги победам.

5.A: Леле, колку слики имаш од Музејот на Мајка Тереза.


Б: Да, ни сама не знам колкупати (10) ______го________________ (ПОСЕТУВА/
ПОСЕТИ). Секогаш кога одам во Скопје, одам во Музејот.

6.Син ми е разочаран. Секоја година (14) ________________ (ДОБИВА/ ДОБИЕ) покана


за Семинарот, ама годинава не (15) ________________ (ДОБИВА/ ДОБИЕ).

7.А: Се слушнав со Марко. Ништо од бизнисот. Некоја друга фирма го (16)


________________ (ДОБИВА/ ДОБИЕ) тендерот.

Б: А минатата година кој го (17) ________________(ДОБИВА/ ДОБИЕ) тендерот?


Вашата фирма?

8.(Никола ѝ кажува нешто на мајка си и истрчува од дома. Таткото гледа како истрчува
и прашува...)
А: Што (18) _______________________________(СЕ СЛУЧУВА/ СЕ СЛУЧИ)?

188
Б: Некој будала го (19) ________________ (ПОВРЕДУВА/ ПОВРЕДИ) другар му и му
го (20)________________(КРАДЕ/ УКРАДЕ) велосипедот, па Никола
(21)________________ (ОДИ/ ОТИДЕ) да му помогне.

9.Здраво, мила. Јас само да те известам дека брат ти (22) ________________ (СЕ
ВРАЌА/ СЕ ВРАТИ) синоќа од пат. Тебе ти (23) ________________ (НОСИ/ ДОНЕСЕ)
многу убав подарок. Ајде, дојди да нè видиш и да и го земеш подарокот!

10. Денес ни дојде нова колешка на работа. Ми се чини дека за разлика од претходната
ќе биде подобра. Претходно (24)________________ (РАБОТИ/ ОДРАБОТИ, таа) во
Макостил, но не (25)________________ (СУМ/ БИДЕ, таа) задоволна од платеноста.
11. (Прстот на Петар е во завој. Ивана го прашува...)
А: Што ти е на прстот? (26) _____________________ (СЕ ПРЕСЕКУВА/ СЕ ПРЕСЕЧЕ)?
Б: Да. (27) ________________ леб (СЕЧЕ/ ИСЕЧЕ) и (28) ________________ (СЕ
ПРЕСЕКУВА/ СЕ ПРЕСЕЧЕ).

12. (Ана плива и по извесно време излегува од вода. Гледа крв на ногата.)
А: Ај, (29) _____________________ (СЕ ИСЕКУВА/ СЕ ИСЕЧЕ) од некој камен.
Б: Да видам каде (30) _____________________ (СЕ ИСЕКУВА/ СЕ ИСЕЧЕ).

13. (По неколку години Иван одлучува да оди во ресторанот „Два елена“. Оди до таму
и гледа на местото на ресторанот има продавница)
А: Ај, го (31) ____________________ (ЗАТВОРА/ ЗАТВОРИ, тие) ресторанот.
(влегува во продавницата и прашува)
А: Извинете, тука на времето (32) ____________________ (ИМА) ресторан. Знаете каде
е сега? Да не го (33) ____________________ (ЗАТВОРА/ ЗАТВОРИ, тие) ресторанот?
Б: Не е затворен, само го (34) ____________________ (ПРЕМЕСТУВА/ ПРЕМЕСТИ) на
друга локација, во близина на паркот.

189
14. А: Вчера (35) ____________________ (СОНУВА, јас) дека (36)
____________________ (СУМ/ БИДЕ) во базен полн со ајкули. (37)
____________________ (СЕ БУДИ/ СЕ РАЗБУДИ) целиот испотен.

15. A: (38) ____________________ (СЛУША/ СЛУШНЕ, јас) како


(39)____________________ (СЕ КАРА/ СЕ ИСКАРА, тие) цела ноќ, но не (40)
____________________ (ПРЕЗЕМА/ ПРЕЗЕДЕ, јас) ништо.

16. А: Штета што не (41) ____________________ (ДОАЃА/ ДОЈДЕ, ти) вчера со нас!
(42) ____________________ (ПРОПУШТА, ПРОПУШТИ, ти) интересен меч.
Б: Жал ми е, ама навистина не (43)____________________ (МОЖЕ)
А: Погоди кој го (44) ____________________ (ОСВОЈУВА/ ОСВОИ) турнирот? Б:Ник?!
А: Да, не ми (45)____________________ (СЕ ВЕРУВА) ни мене.

17. (Иван гледа пропуштен повик. Погледнува на часовникот, доцна е. Следниот ден
му се јавува на Оливер.)
А: 12. Видов дека (46) ____ме ____________________ (БАРА/ ПОБАРА) синоќа,
но доцна беше, па не (47) ____ти ____________________ (СЕ ЈАВУВА/ СЕ ЈАВИ).
18. А: (48) ____________________ (СЛУША/ СЛУШНЕ, јас) дека
(49)___________________ (КУПУВА/КУПИ, вие) нова куќа. Честито нека ви е!
19. А: (50) ____________________ (РАЗБИРА/ РАЗБЕРЕ, jас) дека (51)
____________________ (СЕ ВРАЌА, СЕ ВРАТИ, тој). Во тек си со тоа?
20. Не (52) ______те______________ (ГЛЕДА/ ВИДИ, јас) со години. Колку само (53)
____________________ (СЕ ИЗМЕНУВА/ СЕ ИЗМЕНИ, ти).
21. Клучевите не се овде. Изгледа некој ги (54) ____________________ (ЗЕМА/ ЗЕДЕ).
22. Игор и Ивана синоќа беа на концерт. (55)____________________ (ВЕЛИ/ РЕЧЕ,
тие) дека убаво (56) ____________________ (ПОМИНУВА/ПОМИНЕ).

190
2. Заокружете што е точно.
1. Честитам! Видов....
а. дека си купил многу убав автомобил. Од каде го купи?
б. дека купи многу убав автомобил. Од каде го купи?
в. дека купуваше многу убав автомобил. Од каде го купи?
г. дека си купувал многу убав автомобил. Од каде го купи?

2. Слушнав....
а. дека некој ме барал вчера. Да не знаеш кој?
б. како некој ме барал вчера. Да не знаеш кој?
в. дека некој ме бараше вчера. Да не знаеш кој?
г. како некој ме бараше вчера. Да не знаеш кој?

3. Се врати од работа, а? Слушнав....


а. кога си влегол, но ме мрзеше да станам.
б. кога влезе, но ме мрзеше да станам.
в. кога си влегувал, но ме мрзеше да станам.
г. кога влегуваше, но ме мрзеше да станам.

4. Цела ноќ слушав...


а. како се караа за тоа.
б. како се карале за тоа.
в. како се искараа за тоа.
г. како се искарале за тоа.

5. Разбрав дека ....


а. не положи за возачка. Баш ми е жал!
б. не си положил за возачка. Баш ми е жал!

191
3. Според контекстот, пополнете ги празните места со соодветна глаголска форма

1) купи/ купува 2) се врати/ се враќа 3) види/ гледа


4) истече/истекува 5) отиде/ оди 6) сака

Не купувај од оваа продавница никогаш. Пред два дена (1)_______________ чоколадо и


кога (2)______________ дома (3)__________________ дека рокот му (4)
________________ уште пред три дена. (5)________________ во продавницата да го
заменам, но не (6)______________ да ми дадат ново, ниту да ми ги вратат парите.

4.Според контекстот, пополнете ги празните места со соодветна глаголска форма.


1) отиде/ оди 2) види/ гледа 3) (не) види/ гледа 4) треба 5) кани/ покани

А: Вчера (1)_________ на кино со Ана. (2)_______го ________________ „Трето


полувреме“. Многу е добар.
Б: Да, Јас уште (3) не____го_____________. (4)____________ да одам денес, ама една
другарка ме (5)___________ на роденден.

5.Според контекстот, пополнете ги празните места со соодветна глаголска форма.


1) се врати/ се враќа 2) намести/ наместува 3) (не) сака/ посака
4) јаде/ изеде

Мајката: Вчера Даниел (1)____________ доцна од училиште. (2)___му______________


да јаде, но (3) не___________________. (4)_____________ пред да дојде дома.

192
6.Подвлечете што е точно.

Мајката на Марко: Марко ни е како распеано радио. Вчера цел ден ни пееше/пеел,
денес повторно. Пред некој ден учеа/ учеле во градинка песнички и ги запомни/запомнил.
Мајката на Никола: И Никола како мал ги знаеше/ги знаел сите песни што ги учеа/ги
учеле во градинка.

193
9. СПИСОК НА УПОТРЕБЕНИ ТЕРМИНИ

A Д
адмиратив двојна ориентираност
актуелна релевантност деиктичка сфера
акционен (акциски) перфект директен аспект
антериорност директна евиденцијалност
аудитивни форми директни стратегии
афекциски стратегии директно кажување
Б дистанца
бихевиористички пристап дистанциран аспект
В дистанцираност
вид дубитатив
вистинитост на пораката
вистиносна вредност Е
внатрешен механизам за учење јазик евиденцијална компонента
внатрешна темпорална структура евиденцијална вредност
време евиденцијален показател
време на одвивање на настанот кој се евиденцијално значење
соопштува
екологија на јазичното усвојување
временска однесеност на дејството
епистемичка компонента
втор јазик
засведоченост/незасведоченост

Г
И
говорен настан
извор на знаење
говорна ситуација
извор на прекажана информација
илокуциски модификатор

194
индиректна евиденцијалност Л
инференција локализираност
инференцијалност л-форма
инференциска евиденцијалност
инферирана состојба М
искуствен перфект мајчин јазик
истовременост меѓујазик
мемориски стратегии
Ј метакогнитивни стратегии
јазичен трансфер (пренос) минато неопределено време
јазична компетенција минато неопределено несвршено време
јазични компетенции минато неопределено свршено време
јас-сега-овде минато определено време
К минато определено несвршено време
когнитивни процеси минато определено свршено време
когнитивни стратегии модалност
компетенции момент на зборување
комплексни времиња моментна стварност
комуникациски стратегии морфолошки показател
конклузив Н
констатација наративност
констатација на состојбата нелокализираност
концепт на стварноста непредвидлива фаза
концептуализација неутврдена информација
концептуално јадро ниво на познавање на јазикот
нонконфирматив

195
О С
објективна стварност свршени/несвршени глаголи
определено/неопределено свршено/несвршено време
систематска/системска варијабилност
П слободна варијабилност
парадигми на МНВ социолингвистички компетенции
парадигми на МОВ способност за јазик
перфект статален (состојбен) перфект
посесивно-егзистенцијален перфект статус
постериорност стварност позната за говорителот
прагматички компетенции стварност позната за единката
(лична/индивидуална стварност)
прв јазик
стратегии
прекажана евиденцијалност
стратегии на учење
прекажување
суспендирана фактивност
претпоставка
претсистематска фаза
Т
пристап на приврзаниците на
ментализмот трансфер (пренос) од инструкцијата
проектирана стварност трансфер од Ј1/ЈП
процес на усвојување втор јазик
проширување на правилата У
усвојување втор/странски јазик
Р усвојување прв јазик
резултативност утврдена информација за настан
репортатив
референтно време/ референтен момент

196
Ф
фаза на стабилизација на системот
фактивност/нефактивност
фактичка реалност
фокус
форма
фосилизација
функција
функција на помошниот глагол ‘сум’

Х
(х)омонимични форми
(хипер)генерализација
esse-перфект

197

You might also like