You are on page 1of 2

Наставен предмет: Англиски јазик

Одделение: Осмо

Време: 2 наставни часа

Наставна содржина: Ситуации од секојдневниот живот

Цели:

 Развивање на основните карактеристики на критичкото размислување


преку активност креативно творење
 Развивање на емпатија и солидарност кај учениците

Исходи од учењето: Прашања од отворен тип преку кои наставникот ги


поттикнува учениците да развиваат критичко размислување и да ги
согледуваат ситуациите од различни перспективи, како и во моментот да се
стават во улога на детето или мајката.

Критериуми за успех:

Споделување на информациите од видеото; добивање различни знаења од


споделената работа во групите; колку била правилна примената англискиот
јазик од групата и од секој ученик индивидуално.

Карактеристики на КРРП кои ќе се развиваат преку активноста:

Критичко размислување и решавање нерутински проблеми.

Активност:

 Учениците се делат во две групи.


 Учениците пишуваат кратки реченици со кои искажуваат што
претставува среќа за нив.
 Учениците го следат видеото
 Прашања поврзани со видеото

Ресурси: https://www.youtube.com/watch?v=1N7PP3yf6no

Предлог-стратегија: I. Прашања од отворен тип преку кои наставникот ги


поттикнува учениците да развиваат критичко размислување и да ги
согледуваат ситуациите од различни перспективи, како и во моментот да се
стават во улога на детето и мајката.

Наставникот ќе го постигне тоа преку следните прашања:

Која е причината за детето да ги завршува домашните обврски?


Дали ти се случило нешто слично? Ако е одговорот позитивен, што е тоа?

Ако ти се случи нешто слично во секојдневниот живот како ќе постапиш?

Кога би можело нешто да се смени во видеото, што би било тоа?

Кој лик ти е најблизок според неговите постапки и однесување?

Напомена: Во текот на активностите учениците треба усно и писмено правилно


да се изразуваат. Наставникот треба постојано да ја следи работата на
групите, да ги поттикнува, да ги охрабрува и да ги мотивира.

Повратна информација од наставникот:

• Какви одговори дале учениците на прашањата?

• Колку бил аргументиран нивниот став?

• Колку учениците научиле од постапките на детето, а колку од постапките на


мајката?

Употреба на уредот „Микро:бит“: Со поддршка на учениците од клубот за


кодирање, треба да се искодира активност во корелација со содржината на
часот и кодот да се внесе на уредите „Микро:бит“. (Предлог: Изразување на
чувствата на ликовите од видеото).

You might also like