You are on page 1of 7

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ

ЗА НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Одделение: V (петто) (New Sky 2)


Број на часови на неделно ниво: 3 часа
Број на часови на годишно ниво: 96 часа
Училиште: ООУ ,,Маршал Тито“ Струмица
Учебна година:2020/2021
Наставници вклучени во изработка на планирањето: Гордана Василева, Елена Гарванлиева, Лопче Лазарова,
Зоран Ѓузелов

Цели на наставата по англиски јазик во V одделение:

Ученикот/ ученичката:

- да препознава слухово нов вокабулар, куси искази и дијалози на секојдневни теми и да го разбере нивното значење;
- да користи ограничен базичен вокабулар и едноставни јазични искази соодветни за рамниште А1;
- да чита и разбира куси и едноставни јазични искази и куси текстови за идентификување на конкретни информации;
- да учествува во дијалог на секојдневни теми и/или теми од најнепосреден интерес;
- да комуницира на базично ниво користејќ и го усвоениот вокабулар и јазичните функции соодветни за возраста и
рамништето А1;
- да пишува лексички единици и едноставни јазични искази со правилна употреба на правопис и интерпункција;
- да развива интеркултурни компетенции со посебен акцент на разбирање и практикување мултикултурализам (согласно
Референтната рамка на компетенции за демократска култура) и плурилингвизам (согласно Заедничката европска
референтна рамка за јазици) ;
- да соработува со останатите согласно сите специфики на инклузивно образование кое стимулира емпатија и солидарност.

1
Годишно планирање на наставата по англиски јазик во V одделение
Планиран број Планирано време на
Тема Планирани содржини
на часови реализација
Јазични функции:
- претставување и опишување на членови од семејството и
пријателите;
- опишување и споредување
Лексички единици:
- членови на семејството
- облека
Граматички структури
- определен и неопределен член
- броеви (1-100, one hundred, one thousand, a million)
- присвојни придавки и присвојни заменки
- долги заменски форми
Тема 1: Мојот мал свет: - заменкa (all)
семејство, дом, - показни заменки (this - these) Октомври
пријатели - описни придавки 24
- форми за компаратив на едносложни и двосложни придавки Ноември
- прилог (also)
- форми на глаголот TO BE во Present Simple во потврдна, одречна
и прашална реченица
- куси и долги форми на глаголот have got
- прашални зборови (Whose, Which, How);
- прашања за опис на карактер со like (What is he/she like?).
Интеркултурни содржини и медиумска писменост:
- развивање свесност за други култури и земји
- препознавање на родови предрасуди и градење позитивен став
кон родова еднаквост и рамноправност.

2
Планиран број Планирано време на
Тема Планирани содржини
на часови реализација

Јазични функции:
- поздрави и отпочнување на неформален разговор
- искажување време и датум
- опишување интереси (училиште, слободни активности)
- давање/барање податоци
-опишување активности што се случуваат во моментот на
зборување
- искажување планови за иднина

Лексички единици:
- делови од денот, час, време
- денови во неделата, месеци
- интереси, слободни активности (музика, театар, плажа...)
Тема 2: Мојот - училиште, училишни предмети Декември
надворешен свет:
24 Јануари
училиште, интереси, Граматички структури:
слободни активности - редни броеви Февруари
- предлози за време (in, on ,at) и за предмет во реченица (about);
- описни придавки
- прилози за време
- глаголски форми во Present Simple во потврдни, одречни и
прашални реченици;
- глаголски форми во Present Continuous во потврдни, одречни и
прашални реченици;
- глаголски форми во Present Continuous во потврдни реченици со
идно значење

Интеркултурни содржини и медиумска писменост:


- развивање свесност за други култури и земји
- развивање базична свесност за правата и обврските на детето.

3
Планиран број Планирано време на
Тема Планирани содржини
на часови реализација

Јазични функции:
- опишување места и давање насоки
- опишување луѓе (професии)
- барање/давање информации за цена и количина

Лексички единици:
- места во градот
- професии
- годишни времиња
- насоки

Граматички структури:
- придавки Февруари
Тема 3: Наша населба, - форми за суперлатив на едносложни и двосложни придавки
наш град, наш свет - определен член со форми за суперлатив и имиња на реки 24 Март
- изрази за количество (some/any/a lot/a few) Април
- предлози за место
- прилози за време
- форми на глаголот TO BE во Past Simple
- сложена глаголска конструкција (want + to infinitive)
- прашања со конструкција What... like за опис на (посетено)
место/настан (What is/was it like?)

Интеркултурни содржини и медиумска писменост:


- развивање свесност за други култури и земји
- надминување на родови стереотипи презентирани во
медиумите и непосредната околина.

Тема Планирани содржини Планиран број на Планирано време на

4
часови реализација
Јазични функции:
- следење упатства
- искажување (не)способност
- учтиво искажување желба/барање/дозвола
- искажување физиолошки и здравствени состојби

Лексички единици:
- храна, оброци, прибор за јадење
- здравствени тегоби, болести, повреди
- временски услови
- страните на светот
- природна околина, загадување, климатски промени

Тема 4: Наша планета, Граматички структури: Април


наше здравје, наша - придавки
- определен член со имиња на реки, мориња и океани 24 Мај
иднина
- бројни и небројни именки Јуни
- наставки за множина
- неправилни форми за множина
- безлични реченици во Present Continuous за опис на временски
услови
- модални глаголи за изразување дозвола / барање и
(не)способност (can/can’t)
- сложена глаголска конструкција (I’d like + to infinitive)
- заповеден начин (потврдна форма)

Интеркултурни содржини и медиумска писменост:


- развивање базична свесност за значењето на животната
средина
и влијанието на климатските промени.
Ресурси за реализација на наставната програма:

5
- одобрен прирачник/учебнички комплет од министерот за образование и наука;
- пакет прирачен материјал за наставникот (флеш карти, постери и друго);
- ЦД, ДВД;
- други практични извори на учење во непосредна околина – предмети, нагледни средства, во просторијата каде се изучува англискиот
јазик (пластелин, глина, хартија во боја, колаж, шаблони, отпечатоци);
- ЛЦД проектор;
- Интернет, образовни софтвери, веб страници и апликации (Scratch, Prezi,, Edmodo, QuizStar, Kahoot и др.)
- речници, списанија, весници за наставникот и учениците;
- други извори на учење во непосредната околина: библиотеки, зоолошка градина, театар, кино и друго

Меѓупредметна корелација:

- македонски јазик, општество, граѓанско образование, природни науки, математика, ликовно образование и музичко образование

Оценување на постигањата на учениците


Постигањата на учениците се вреднуваат континуирано на секој наставен час во текот на целата учебна година. Со оглед на тоа
што вториот развоен циклус (IV- VI одделение) се совпаѓа со подготвителното А1 рамниште (согласно Заедничката европска референтна
рамка за јазици*), се напоменува дека усвоените знаења, вештини и ставови од страна на ученикот/ученичката се презентираат со помош
на наставникот кој употребува јасен, бавен и внимателно артикулиран говор, како и дополнителни визуелни помагала, со оглед на тоа
што станува збор за основни (а не самостојни) корисници на јазикот.
Оценувањето се врши на основа на дадените стандарди за оценување во оваа наставна програма. Критериумите на оценување
подразбираат позитивно нагласување на постигнатиот напредок на учениците за владеење на јазикот, а не негативно истакнување на
недостатоците.
Покрај одговорноста на наставниците да ги оценат учениците формативно и сумарно, се препорачува да се поттикнуваат
учениците сами да ги оценуваат своите способности со цел да го планираат и организираат своето учење. Затоа, пожелно е да се воведе
Европско јазично портфолио кое освен на учениците, ќ е им овозможи увид и на родителите во напредокот на нивните деца во поглед на
учење на јазикот.
* Како ориентација во однос на рамништата на јазични компетенции кои учениците би требало да ги постигнат на крајот на поедини воспитно-образовни периоди на
основното образование, земени се предвид насоките од Заедничката европска референтна рамка за јазиците во која се разликуваат вкупно шест рамништа на комуникативно
користење на странскиот јазик: Во подрачјето на елементарно рамниште тоа се рамништата А1 (подготвително рамниште/Breakthrough) и А2 (темелно рамниште/Waystage), во

6
подрачјето на самостојно користење на јазикот - рамништата B1 (преодно рамниште/Threshold) и B2 (самостојно рамниште/Vantage) и во подрачјето на компетентно користење на
јазикот рамниште C1 (напредно рамниште/Effective Operational Proficiency) и C2 (највисоко рамниште/Mastery).

Во условите на учење на англискиот јазик во Република Северна Македонија учениците после првите три години на учење на англиски јазик (I-III одделение) можат
делумно да го постигнат рамништето А1 (подготвително рамниште), после следните три години на учење на англискиот јазик (IV-VI одделение) можат целосно да го постигнат
рамништето A1 (подготвително рамниште) и можат делумно да го постигнат рамништето A2 (темелно рамниште), a после 9 години на учење(по завршувањето на IX одделение)
можат целосно да го постигнат рамништето A2 (темелно рамниште). Постигнувањето на компетенциите согласно наведените нивоа ќе бидат прикажани преку очекуваните
резултати во програмата за деветто одделение

You might also like