You are on page 1of 2

Видови на коски според формата

Коските кои влегуваат во градба на скелетот се различни по изглед.

Тие може да бидат:

долги коски

(на рацете и нозете)

плочести

(ребра, череп, лопатка...)

коцкести

(карпалните коски на шаката)

неправилни

(прешлените)

Градба на коска

На една долга коска разликуваме два проширени краеви кои се нарекуваат


епифизи и еден издолжен дел наречен дијафиза.

На проширените краеви од коската има 'рскавица која го намалува триењето во


зглобот.

*Коската однадвор е препокриена со тенка и мазна oбвивка наречена покосница.


Покосницата е изградена од клетки кои имаат спосoбност интензивно да се делат,
со што овозможуваат растење на коските во детството, но и заздравување на
коските при скршеници. Во покосницата има крвни садови кои носат кислород и
хранливи материи до секоја клетка, како и нервни влакна кои ја прават коската
осетлива.

*На краевите коските се изградени од сунѓересто коскено ткиво, во кое помеѓу


клетките има празни простори.

Помеѓу клетките од сунѓерестата коска се наоѓа црвена коскена срцевина која


создава еритроцити.

*Издолжениот дел од коската, пак е изграден од компактна или вистинска коска,


која е составена од цврсто збиени клетки.

Во средината на коската се наоѓа коскен канал кој е исполнето со жолта коскена


срцевина составена од масти.

Коскеното ткиво е изградено од ѕвездовидни клетки ОСТЕОЦИТИ кои создаваат


меѓуклеточна органска материја (осеин) и неоргански материи (соли на калциум,
магнезиум и фосфор).

Осеинот ја дава еластичноста на коските, а неорганските материи ја даваат


цврстината. Кај децата многу повеќе застапен е осеинот, поради што нивните
коски се повеќе еластични, додека кај возрасните 1/3 од составот на коските
отпаѓа на осеин, а 2/3 се неоргански материи поради што нивните коски се покрути
и полесно кршливи.

Матеј Миленков Vlll-4

You might also like