You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ”- СКОПЈЕ

Филозофски Факултет

Историја на уметност

Тема:

Антички накит во Македонија

-семинарски труд-

Предмет: Античка уметност во Македонија

Професор : Студент :
Проф.д-р Марјан Јованов Андреа Маркоска
Број на индекс: 25460/20
Скопје, 2021 година
Содржина:

1. ВОВЕД ............................................................................................................................... 3
2. АНТИЧКИОТ НАКИТ ВО МАКЕДОНИЈА .................................................................. 4
3. НАЈРАСПРОСТРАНЕТ НАКИТ ВО МАКЕДОНИЈА ................................................. 5
4. ЗАКЛУЧОК ..................................................................................................................... 12
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ....................................................................................... 13

2
1. ВОВЕД

Желбата за китење со накит се чини дека во човековата преокупација зазема едно


значајно место и е исто толку стара колку и онаа за убавото облекување. Сјајот на
накитот многу рано е присутен и во додворувањето меѓу жителите на медитеранскиот
простор. Така, додворувачите на убавата Пенелопа, во отсуство на Одисеј, речиси сите
и нуделе прекрасен накит за да ја добијат нејзината рака. Кај античките народи се
пренесувале разни легенди и митови кои, денес. ни укаживаат на тоа колку била ценета
работата врз обработката на металот, како најчест материјал за изведување на накитот,
односно бронзата, среброто, златото, И митологијата и iа создадено херои од оние
коишто биле непосредно врзани за обработката на металот, со ковањето, како што е
Гилгамеш од Месопотамија, Прометеј и Хефест во хеленскиот свет, или Вулкан кај
Римјаните. Тие, на некој начин,претставувале еден висок социјален сталеж.настанат во
протоисториската епоха, којшто, меѓутоа. има играно значајна улога кај племињата чие
главно занимање ќе остане земјоделието.
Кај античките народи биле употребувани различни техники на обработка на
златото со кои се обликивале најразлични креации на накит. декориран со многу
инвентивност. Биле употребувани техники на лиење, исчукување, извлекување на тенки
конци од злато и сребро - филигран, изведување на декорација со ситни зрна - гранули,
односно гранулација, режење на металот, изработување во вид на резба, ориѕ interasile,
ислолнување на златна лјаса со обоено стакло, јантар, полускапи и скапи камења. Како
карнеол, рубин,гранат. Се изработувал и накит кој денес можеме да го наречеме
бижутерија. Формите изведувани во благороден метал, злато или сребро, биле
имитирани во бронза, во стаклена паста, од бело до сино-кобалтно обоена, а често бил
во употреба и јантарот.

3
2. АНТИЧКИОТ НАКИТ ВО МАКЕДОНИЈА
Античкиот накит во Македонија најрано се среќава во таканаречената архајска
епоха, стилски дефинирана во хеленскиот простор. Накитот од овој период најчесто е
откриван во кнежевските гробови на локалната аристократија, на племињата кои
живееле во Македонија како, на пример, во Требеништа и Радолишта, крај Охрид, во
Беранци, во Пелагонија, во Синдос, крај Солун, во Ајани - Кожани, во долината на
Халијакмон, и на повеќе локалитети на Халкидичкиот Полуостров. Приложениот накит
често има сепулкрално култен карактер;илија украсува облеката со плочести апликации,
или во полумесечинска, овална или ромбоидна форма, со втисната декорација, или тие
често се поставувани на челото, на устата или под брадата. Од каде доаѓа овој обичај на
носење на плочестите апликации во Македонија и Тракија? Некои истражувачи бараат
одговор во аналогните појави кои се среќаваат во Асирија, Урарту. како мода на VII век,
потврдено со претставата на еден владетел кој, на богатата облека, носи надградник во
форма на потковица. Други истражувачи овој вид дарови го објаснуваат со култот кон
мртвите кој се однесува на нивната хероизација како наследетво на јаките предхеленски
и микенски традиции. Декоративните мотиви често претставуваат стилизирани цветови.
розети, плетенка, со нота на геометризација, што укажува на задржување на некои
омилени украсни мотиви од претходната протоисториска геометриска еноха. Kaj некои
апликации се чести хералдичките комбинации на лавови. чудовишта, кои стилско-
тематски се во релација со ориенталните продори, забележани во оваа епоха. на јонско-
егејското крајбрежје, и во други сфери на уметничката обработка на металот, но и на
керамиката од ,,ориентализираниот“ стил. Меѓутоа, накитот кој се носел и за време на
животот, изработуван е од злато и сребро. Раскошните приврзоци-мониста од
Требеништа, Синдос, Беранци, со пирамидална форма или со форма на амфориска -ваза,
изработени се од исчукан златен лим, богато се обложени со гранули кои формираат
триаголници или исполнуваат цели празни површини, а филигранската жица формира
розети и други украсни детали, Тие, секако, биле нанижани на жица од кожа а, според
можноста. биле и побројни, во зависност од статусот на дамата на која и припаѓал
ѓерданот.
Фибулите од малоазиски тип, во форма на полукруг, со розетасти задебелувана,
појавени се за прв пат во Гордион, во Мала Азија, во VIII век пр. н. е. и, ширејќи се низ
Фригија кон Запад, стигнуваат на јонскиот брег а потоа во егејско-македонскиот, каде
го добиваат додатокот на ногата, покрај палмета и стилизираната змиска глава. Тие се
изведувани во злато, а многу често во сребро и бронза, низ целиот V. IV и III век.
4
Откриени се во повеќе некрополи во Македонија, во Охридско, во Демир Капија, во
Беранци, во Прилепско, Жданец крај Скопје. Македонија ќе биде трансмисиониот
просгор од каде овој омилен накит, со практичната употреба, ќе премине во илирскиот
простор и кај популациите во средниот и западниот дел од Балканот.
Од крајот на VI век пр. н.е., посебно во V век. се среќаваат на грчкото копно, во
Тракија и Македонија, а стигнуваат и до Етрурија. Чунестата обетка. во V век пр. н.е..
ќе биде украс на нимфата Аретуса, претставена на тетрадрахмите на моќниот град
Сиракуза. Во Македонија се доминантни од крајот на V до средината на IV век. Од
изворното подрачје тргнуваат со помалку или повеќе геометриска декорација, изведена
со гранулација. Во македонско-пајонскиот простор се изведени во сребро и злато.
декорирани со флорални стилизирани мотиви на розета, бршлен, палмети. Употребена е
техника на гранилација и филигран. со вметнивање на сина стаклена паста. Обетките од
Демир Капија. со својата геометриска декорација со гранули, потсетуваат најмногу на
примерокот од Амрит, додека обетките од Беранци се вклучуваат со изведбата во
уметничките ателјеа на халкидичкиот круг. Една од најстарите обетки од овој тип,
откриени во Радолишта, е со скромна декорација на редови на гранули. Примерите од
Беранци, со барокни детали. како стаклена паста, палмети со филигран и помалу
гранулација, аплицирање на сфинга, се најраскошните појави кои своите аналогии ги
наоѓаат во сличните наоди од сребро во Белч, во Албанија.. во еден чифт златни обекти
од Хомолион, во Тесалија. исто со претстава на сфинга и, на крајот. посаедни во
хронологијата на овие обетки, во барокниот чифт од , ервени, од крајот на IV век.
Златната обетка од Оризари, Кочани, претставува единствен примерок со доминантна
употреба на филигран и псевдогранулација; круговите и концентричните кругови, без
недоволно јасно дефинирање на флоралните мотиви, укажуваат на изработката на
накитот за локален мајстор кој се трудел својот производ да го доближи до раскошната
изработка на крајбрежните ателјеа.

3. НАЈРАСПРОСТРАНЕТ НАКИТ ВО МАКЕДОНИЈА


Најраспространет накит во Македонија, во хеленистичката епоха. претставуваат
прстенестите обетки од злато, со протома на лав. Досега се откриени, само во
охридскиот регион, над десетина чифта од овој вид обетки и десетина поединечни
обетки, во некрополите во Делогожда, Требенишко Кале, Црвејнца, Селце, Дебој.
Изведени се од три дела: прстенеста алка, конусна чашка и протома. Ретко се среќава
5
лав-чудовиште или други животински глави. И кај овој тип на обетки се забележуваат
одредени стилско-хронолошки разлики и се во мода од крајот на IV до крајот на III век.
Меѓутоа. во охридскиот регион се појавуваат и се присутни во гробовите од III век. Во
пораната фаза, лавовската глава е полна со снажно отворени челусти и со реалистички
пластично изведена грива. Прстенестиот дел е изведен од тордирани златни жици. Во
подоцнежната фаза, протомите се понагласено зголемени, а плитката пластичност на
главите се засилува со додатоци од филигранска жица. Крајот на алката завршува со
неколку гранули. Присутниот веризам е очигледен со вметнување на сино-смарагдни
камчиња во очните празнини. Прашањето околу почетокот и развојот на овој тип накит
е поставувано често во науката. Секако дека не мoже да се негира источниот продор на
животински претстави кои се врзуваат засилено со силната ахменидско-персиска
уметност, како симбиоза иа претходните култури, присутни во месопотамскиот простор.
Меѓутоа, очигледно е дека во оваа епоха како да постои едно златарско занаетчиско
коине, на користење на исти мотиви во декорацијата на накитот од Мала Азија, Cиpиja,
Египет, Кипар, егејските острови Родос, Крит, црноморското крајбрежје, Тракија, Magna
Graecia, Тесалија, јужна Илирија и Македонија. Тарентските ателјеа ја снабадуваат
јужна Италија, но влијаат и врз источнојадранскиот брег. Омиленоста е потврдена со
изведбата на една теракота на Афродита од Метапонт која носи на ушите обетки-лавови.
Посебно, во цела античка Македонија, е откриен овој накит во наоѓалиштата во Демир
Хисар, Марвинци, Едеса, Костур, Пела, Седес, Дервени, Амфиполис, Дион.
Во текот на III век интензивно е во употреба златниот накит во кој се вметнува
хроматска маса, црвен и син камен, карнеол, гранат, рубин или обоено стакло и јантар.
Во обетките, златната глава се заменува со глава на рис, со куче од обоена маса или сега
се вметнува антропоморфна претстава. Така ce креира нов вид на прстеновидни обетки
со негроидни глави. Исто така, тордирана алка од златна жица, со конусна чашка. држи
глава на црнец, црнкиња, со златна калота на која се изведува машка фризура со ситни
кадри, или женска фризура, тип мелони. со прамни кои завршуваат во низок шињон. Во
охридскиот регион се откриени десетина чифта од овој накит, омилен и во другите
делови на долна Македонија, а поткрепа на потеклото се бара во работилниците на
Александрија, Воопшто, александриската уметничка школа од III век наваму има
склоност кон нагласен реализам што се искажува и во изборот на темите и вo
натуралистичкиот приказ во нагласениот негроиден профил. И овој вид накит има
широки продори низ медитеранскиот круг: Кипар, јужна Италија, поретко грчкото
копно, Кима, Еретрија, речиси го нема во Тракија, но затоа е присутен во Епир, на
6
источниот брег на Јадранот (Будва, Гостиљ, Дирахион) и во Македонија, со наодите од
Верија, Солун. Негроидните обетки чија калота од златен лим е покриена со коса, мошне
стилизирано изведена, со исчекуваше од внатрешната страна. се најбројно откриени
примери во охридските наоѓалишта. Голем дел од нив се наоѓаат во охридскиот музеј, а
други во збирките во Белград и Загреб. Кај нив, најчесто, негроигдното лице е работено
од јантар, стакло или карнеол. Технички послабо изведени, укажуваат на работа на
локален мајстор.
Во репертоарот иа хеленистичкото златарство се застапени и тркалезни обетки со
претстава на амори или со Нике, работени широко низ целиот Медитеран, откриени и во
Македонија, во Демир Капија, Охрид и Марвинци. Се смета дека овој тип на обетки, со
илустрација на божествата кои се заштитници на смртта и љубовта, имаат, пред сè,
погребен и еротски симболизам и се во релација и со животот и со смртта. Тие се
исклучително хеленска креација и немаат свои прамостри во претходните епохи.
Постарите примери се често изведувани во техиика на лиеље, а поновите, во техника на
исчукување на златен лим. Во мода. во Македонија, се од крајот на IV до I век, а се
среќаваат во регионите на античкиот свет, од јужна Русија и црноморското крајбрежје,
до јужна Италија и Сицилија.
Обетките од златна алка и снажно тело на гулаб го дополнуваат богатиот ликовен
репертоар на накитот од посталександриската епоха. Во исто време. тие се одраз на
нагласеното почитување на Афродита во тоа време, потврдено и со нејзиното присуство
во инспирацијата во монументалните дела. Примерот од Требенашко Кале е едиа од
најраскошните изведби познати досега. Реалистичната претстава на гулабот е
постигната со употребата на сплетен филигран и псевдогранулација имитирајќи пердуви
и собрани нозе на птица во лет. Крилјата се дополнети со гранат, со четири вметнати
каменчиња во телото. Главата и вратот се чисто третирани, со едноставно означување
на окото, со филигранска жица. Кон овој чифт се придружуваат и обетките-гулабици. од
Марвинци, без обоен камен. со употреба на филигранска жица и псевдогранулација.
Прецизната техника на изведбата ја дополнува реалистичната слика на птицата. Гулабот
е омилена тема во накитот и во други сфери на ликовното обликување од III - I век.
Раширената појава на овој мотив се поврзува со засилениот култ кон Афродита во ова
време, Слични и блиски изведби на обетки, со и без хроматска маса, се откриени во
Тесалија (Карпенси). во Дирахион, во Тарент, Делос и др.
Прстените. како украсни предмети кои ќе имаат и практична намена, во
употребата на печати, познати уште во бронзеното време на егејските култури, посебно
7
се прилагаат во некрополите во Македонија во посталександриското време. Најчесто се
работени од злато, со вметнат обоен камен. На алката се аплицира кружно поле со
вдлабнатина. означена со жица. украсена со псевдогранулација во која се вметнува
обоениот камен. Во бесценетиот камен се гравирани цветни детали: лотос, палма или
фигурални претстави на војници, херои, божества.
Кога се зборува за накитот од римската епоха.. не може да се исклучат општите
текови на римската уметност која е композитна многу повеќе од секоја друга. Со
ширењето на Империјата,се воспоставуваат контакти со културите на освоените народи.
Бројните занаетчиски дострели на тоа време, како и вo златарството, не се отпорни на
заемните влијанија. Римјаните го наследуваат од Етрурците вкусот на китењето со злато
и обичаите на прилагање накит во гробовите на мртвите. Преку грчките колонии во
Magna Graecia, тие се во директен контакт со накитот употребуван во хеленистичкиот
Медитеран. Тие го репродуцираат накитот повеќе механички, ги употребуваат
техниките на исчукување, помалкугранулација, почесто псевдогранулација, внесувајќи
крупен филигран и понагласени хроматски маси, повеќе, отколки во претходните епохи.
Затоа римскиот накит претставува едно уметничко занаетчиство коешто, подоцна, ќе
достигне процут со одредена оригиналност. Моќните градови во источните провинции,
Александрија и Антиохија. каде што се чувствува хеленската традиција, ќе станат
центри на романизираниот хеленизам.

8
Приказ на илустрациите

9
10
11
4. ЗАКЛУЧОК
Кога се зборува за накитот од римската епоха.. не може да се исклучат општите
текови на римската уметност која е композитна многу повеќе од секоја друга. Со
ширењето на Империјата,се воспоставуваат контакти со културите на освоените народи.
Бројните занаетчиски дострели на тоа време, како и вo златарството, не се отпорни на
заемните влијанија. Римјаните го наследуваат од Етрурците вкусот на китењето со злато
и обичаите на прилагање накит во гробовите на мртвите. Преку грчките колонии во
Magna Graecia, тие се во директен контакт со накитот употребуван во хеленистичкиот
Медитеран. Тие го репродуцираат накитот повеќе механички, ги употребуваат
техниките на исчукување, помалкугранулација, почесто псевдогранулација, внесувајќи
крупен филигран и понагласени хроматски маси, повеќе, отколки во претходните епохи.
Затоа римскиот накит претставува едно уметничко занаетчиство коешто, подоцна, ќе
достигне процут со одредена оригиналност. Моќните градови во источните провинции,
Александрија и Антиохија. каде што се чувствува хеленската традиција, ќе станат
центри на романизираниот хеленизам.
Низ V и VI век јантарот добива место во китењето, посебно во изведбата на
ѓердани. Во Македонија, во исто време, се забележува интензивно присуство во накитот
на т.н. „обетки со кошница“. Обетките. на алката имаат висулка во вид на цветна чашка
во која е поставен обоен камен; лиената алка ја поддржува цветната чашка, во техника
на исчукување, со детали на листови и декорација со гранули. Широко распространети
низ Балканот. стигнуваат и во северозападните провинции, до Галија. но работилниците
и центрите на нивната појава се бараат на југот,во Константинопол и Солун. Често се
откривани и во Македонија (Прилеп, Дебар, Скопје, Охрид). Примерот од Голем Град,
со крстести украси до чашката, го означува крајот на античкото паганство, односно
почетокот на христијанската ера.

12
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
 Вера Битракова Грозданова, Владо Маленко, АНТИЧКИ НАКИТ ВО
МАКЕДОНИЈА, VI век пp. н. e. - VI век н. e.

13

You might also like