You are on page 1of 3

ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Склучен на ден 30.06.2022 година, во Кавадарци, помеѓу:

1. Инвеститор.
и
2. Изведувач.

Член 1
Со овој Договор Инвеститорот и Изведувачот ги регулираат своите права и
обврски, во врска со извршувањето на градежни работи за објекти од ниско градба.

Член 2
Предмет на овој Договор е вршење градежни работи(поплочување на паркинг
простор со бекатон плочки).

Член 3
Фактурирањето од страна на ХХХХХХХХХХХХХ КАВАДАРЦИ ќе се
врши со пренасочена даночна обврска согласно член 32а став 1 точка 1 и член
53 став 6 од законот за ДДВ.

Член 4
Инвеститорот се обврзува на Изведувачот да му ги обезбеди сите услови за
непречено изведување на работите од член 1 од овој Договор. И двете договорни
страни се согласни надзорот над вршење на работите од овој договор да го врши
лице овластено од страна ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ.

Член 5
Договорните страни се согласни отстапувањата од овој договор, во смисла на
вршење на работи кои не се предвидени со овој договор да го вршат по склучување
на анекс на овој договорво кој ке бидат прецизно наведени дополнителните работи и
цена на чинење.

Договорните страни се согласни отстапувањата од понудата во смисла на


извршување на дополнителни работи да го вршат по писмено барање на
Инвеститорот и негова согласност за плаќање на дополнителните работи.

Член 6
Стварните количини на извршените работи ќе бидат утврдени на лице место
согласно градежна книга и заверени од Инвеститорот на работите
ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ или од овластениот надзор, најкасно во рок од
три(3) работни дена по завршувањето на градежните работи, на основа на кои
1
градежни книги се оформува фактура или градежна ситуација по
ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ ќе изврши плаќање на работите согласно
договорените услови за плаќање.
Член 7
Двете договорните страни се согласни начинот на плаќањето да биде утврден
согласно доставена понуда за секоја работа која треба да ја изврши подизведувачот, а
која понуда ке биде прифатена од ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ плаќањето за
извршените работи да го изврши веднаш по извршената уплата.
Член 8
Изведувачот работите кои се предмет на овој Договор ќе ги извршува по
динамика утврдена од страна на Инвеститорот.
Член 9
Инвеститорот се обврзува по завршувањето на сите работи да изврши прием
на завршената работа. Доколку Инвеститорот не приговори во писмена форма за
квалитетот на извршената работа се смета дека истата ја примил во целост.
Изведувачaот се обврзува работите кои се предмет на овој договор да ги
изврши согласно техничките прописи, правила и стандарди прифатени во РМ за
изведување на овој вид на работи,.
Изведувачот гарантира за квалитетот на работите кои ќе бидат извршени, со
исклучок на оштетувања настанати од надворешни влијанија, виша сила и
оштетувања причинети по вина на Инвеститорот.
Член 10
Во случај на итни непредвидени работи кои отстапуваат од овој договор,
Изведувачот треба да прибави писмена согласност од
ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ или Договорниот орган.
Доколку работите не трпат одлагање, Изведувачот може да ги изведе и без
писмена согласност од Инвеститорот или Договорниот орган, со тоа што
Изведувачот има право на справедлив надомест за непредвидените работи кои
морале да бидат извршени.

Член 11
Страните се согласни, дека со потпишување на овој договор Инвеститорот
нема право да потпишува договори за подизведување со трети лица. По исклучок со
писмена согласнот од страна на Изведувачот, ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ има
право да склучи договор за подизведвање со трето лице. Во случај на спротивно
постпување согласно со овој член од страна на инвеститорот/0, истиот е должен да ја
надомести штетата која ке ја претрпи Изведувачот по сите основи.

Член 12
За се што не е регулирано со овој договор важат одредбите од Законот за
облигациони односи.
Член 13
Во случај на евентуален спор во врска со овој договор надлежен е Основен суд
Велес.
Член 14
Договорот ја изразува слободната волја на двете страни во знак што истите и
го потпишуваат.

2
Договорот е составен во 4(четири) еднообразни примероци, од кои секоја
страна задржува по 2(два) примерока.

Инвеститор Изведувач

You might also like