You are on page 1of 3

Наставна тема-Онлине живеење

НАСТАВНА СОДРЖИНА - 1.КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА

1.Што е сервер?
СЕРВЕР е компјутер на кои се сместени посебни програми со кои им се овозможува на клиентите да
се поврзат со него и да ги користат неговите услуги.

2.Што е компјутерска мрежа?

 Компјутерска мрежа е група од два или повеќе меѓусебно поврзани компјутери со цел
да се пренесуваат податоци од еден на друг компјутер.

3. Начини на поврзување на компјутерска мрежа?


 со кабли
 со телефонски линии
 со сателити
 безжичен
4. Видови на компјутерски мрежи
а) Во зависност од растојанието
 Локална компјутерска мрежа (LAN – Local Area Network).
 Широко распространета компјутерска мрежа (WAN – Wide Area Network).
 WLAN- безжична LAN мрежа
5.Уреди за поврзување на компјутерите во LAN мрежи?
 Мрежна картица-модем (modem)
 Рутер (router)– Уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со други мрежи
 Switch- за пренос на податоци меѓу компјутерите

Објаснување:
ЛОКАЛНА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА – LAN
LAN мрежата поврзува компјутери кои се наоѓаат на мало меѓусебно растојание.
Пример за локална компјутерска мрежа се:
 меѓусебно поврзаните компјутери во една училница,
 канцеларија,
 куќа,
 зграда и слично.
Поврзаните компјутери може меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди,
 како печатар,
 скенер и др.,
 може да си разменуваат програми и фајлови и слично
.

КЛИЕНТИ-------СЕРВЕР

LAN мрежа

6. ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА – WAN

WAN мрежата поврзува компјутери на меѓусебно големо географско растојание.


Најголемата WAN мрежа во светот се вика Интернет.
7.УРЕДИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРИТЕ ВО LAN МРЕЖА

 За поврзување во локална мрежа секој од компјутерите поврзан во мрежата треба да


има своја мрежна картица.
 Уредот кој го овозможува и организира преносот на податоците меѓу компјутерите во
локалната мрежа се вика свич (switch).
 Кај помалите локални мрежи свичот може да биде дел од уредот рутер (router).
Рутерот е уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со други мрежи
(на пример, други локални мрежи или Интернет).

Прашања и задачи:
1. Што е сервер?
2.Што е компјутерскa мрежa?
3. На кои начини можат да се поврзуваат компјутерите во компјутерски мрежи?
4. Кои видови на компјутерски мрежи ги познаваш?
5. Кои уреди се потребни за поврзување на компјутерите во LAN мрежа?

You might also like