You are on page 1of 2

1. Скопје, старт.

2. Косовска граница, до тука се вози по регионален пат.


3. Урошевац (Феризај по нивно), исто регионален пат кој во иднина ќе биде автопат.
4. Штимље (Shtime), од Урошевац е локален пат.
5. Дуље (Duhel), од Штимље до тука исто локален пат но без многу сообраќај, се
стига до еден кружен тек и се приклучува на новиот автопат Приштина-Призрен.
6. Призрен - Албанска граница, до тука е автопат што спие, дозволено е 130 но
комотно може да се вози 140-150. Полиција немаше ни на повидок, автопат таков кај
нас нема и браво за нив.
6. Кукс (Kukes), од граница до Кукс патот е автопат ама недоправен, односно на
одредени делници само се вози од едната страна на мостовите но начелно патот е
добар и се вози 80-90. Внимавајте тука има полиција позади кривините и ловат.
7. Фуше Милот (Fushe Milot) , од Кукс па се до 20 км пред Милот е автопат што е доста
празен и без полиција. Брзината може не е како во Косово 130 декларирана но
комотно може да се вози 100-110 затоа што има доста незгодни нагиби и кривни.
Откако ќе заврши патот се вози по регионален кој не е толку лош но не може да се
вози повеќе од 70-80 затоа што има полиција.
8. Леже-Скадар (Lezhe-Shkoder), кога ќе дојдете да возите од Милот па се до Скадар
очекувајте гњаважа во возењето. Зависно од периодот во годината и гужвата, а и
полиција не може да се вози повеќе од 50-60 на саат.
9. Црногорска граница, кога се влегува во Скадар има еден нов мост кој ќе ве однесе
до јужниот граничен премин со Црна Гора. Тука е селски пат кој се вози 20-30 и пред
граница и после граница.
10. Улцин или Бар, зависно каде ќе се одвоите после границата можете да испаднете
кај било кој од овие два града. Нема многу знаци и ќе се изненадите низ какви селца
се мине и зошто ваков прометен граничен премин нема друга рута. Инаку мене ако
ме прашате не се двојте во селото што има раскрсница и знак за Улцин туку возете
само право по сличен селски пат и возете така директно до Бар затоа што може да
нема многу сообраќај по него, а и километрите се помалце него ли скроз да се
спуштате до магистралата кај Улцин.
11. Бар-Сутоморе-Петровац-Будва-Тиват, тука нема што да се каже освен среќно
возење по магистралата со 40-50-60 зависно од гужвата, и без нервози терајте само
право нема утка.
12. Тиват-траект во Которски залив-Херцег Нови, кога ќе го поминете Тиват возете
само прави и ќе стасате до местото за качување на траект. Цената изнесува 4.5 евра
по возило и не се плаќа ништо друго. Траекти има многу што значи од качување,
патување и симнување севкупно ќе ви одземе 15 минути. Нека не ве лаже Цацко да
влегувате во Котор и да возите по патот за Херцег Нови што оди околу заливот,
премногу км, нервоза, и потрошено гориво ќе имате на крај затоа обавезно терајте со
траект.
13. Хрватска граница, од траектот до Херцег Нови па се додека не се помине градот и
се стигне до границата во Хрватска возењето е 30-40. Се е тука населено и нема
брзање, има гужва колку ви душа сака.
14. Дубровник, од граница од Дубровник возењето е супер. Одма ќе видите која
разлика е во патот од оној магистралниот во Црна Гора. Местата се цакум пакум
средени и скоро цел пат е нов иако е магистрален.
15. Плоче, кога ќе го поминете Дубровник шибајте само право. Исто тука нема утка
по патот возењето зависи од гужвата и местата но претежно се вози 50-60-70. На пола
пат до Плоче се влегува во Босна, границата е повеќе административна но сепак мора
да се помине и може малце да се почека. Тука мислам дека у екот на сезоната се
прави доста гужва од хрвати и странци затоа што неможе да се избегне затоа што го
спојува Дубровник со остатокот од Хрватска.
16. Макарска, од Плоче од Макарска возењето по магистралата е исто како она од
Дубровник. Брзината е таа и се зависи кој период од годината ќе се вози и колку
гужва има.
17. Омиш, ова градче е пред Сплит едно 25 км и го спомнувам затоа што ми кажаа
дека во екот на сезоната тука е најголемиот патен хаос во Хрватска. Значи се до ова
место магистралата вози над селцата/градовите, кога ќе се дојде до тука патот
влегува во сам Омиш и се вози до Сплит низ сите места кои се споени до самиот
град. После 20 јули па се до втора половина на август оваа делница се возела и по 2-3
саата, така да внимавајте до каде одите и можеби е подобро тој период од годината
наместо по магистралата да се качите на автопатот кај Плоче и по него да возите до
Сплит!!
18. Сплит, крајна дестинација. До тука од Скопје има 700 километри без многу гужва
на сите граници и без долги задржувања за паузи по патот освен брзо веце и пет
минутно кафе, релацијата се вози за 13 до 14 часа. Некој може и побрзо ќе ја извози
ако се мангупи но овој временски интервал е доколку возите според знаците или пак
барем некаде со 10-20 км плус од дозволеното.

За враќање само следете ја обратно рутата и нема утка. Инаку има и други рути кои
можат да се извозат, како да речеме да се фати над Скадар до Подгорица па Никшиц,
Требиње во Босна и Дубровник, но оваа рута има плус 30 км возење кои временски
се возат исто како да сте фатиле по магистралата во Црна Гора, а плус така ќе
испадне да влегувате два пати во Босна.

Само да напоменам дека рутава сега за сега нема патарини, но мислам дека тоа
набрзо ќе се смени затоа што видов дека во Косово спремаат наплатна рампа на
автопатот. За Албанија не сум сигурен, но ништо чудно во иднина и они да постават
патарини на нивниот автопат.

Толку од мене, кој планира да оди првпат до Хрватска среќно возење

You might also like