You are on page 1of 1

Патување низ Македонија

Службеник: Повелете.
Карл: Добар ден. Знаете, ние сме првпат во Република Македонија. Може да
ни кажете каде да одиме?
Службеник: Дали веќе сте биле во некои градови?
Карл: Па, ... не многу. Еве во Скопје сме два дена и го видовме центарот,
Камениот мост на реката Вардар и некои други места.
Службеник: Е, па тогаш мора да одите во Охрид.
Симон: Да, сме слушнале за Охрид и сме гледале слики, многу е убаво. Би
сакале да одиме. На картата има два пата. Што мислите, кој е подобар?
Службеник: Па, вака. Овој преку Кичево е пократок и најдобро е да одите по
него. Но немојте да се враќате по него, одете по другиот пат, преку Дебар. Така
ќе можете да го видите манастирот Свети „Јован Бигорски“ од 11-тиот век.
Симон: Одлично, Ви благодарам, сум читал за тој манастир.
Службеник: Покрај тоа, патот оди низ прекрасни планини покрај реката
Радика. Таа е најубавата река во Македонија.
Карл: А на исток, каде би можеле да одиме?
Службеник: Ако сакате планини и убава природа може да одите во Берово. На
југ е Дојранското Езеро, и тоа е убаво. Патот оди преку Кавадарци и таму има
неколку добри винарии. Можете да видите на Интернет.
Карл: Ќе размислиме. Ви благодарам многу. Пријатно.
Службеник: Пријатно, и добар пат.

You might also like