Од памтивек, луѓето сакале да бидат убави, убаво да се облекуваат, да се негувани и
средени. Привлекувањето на вниманието и погледите на околината отсекогаш биле важни за луѓето, посебно за жените. Многу помалку внимание обрнувале на менталната и внатрешната убавина, на надоградувањето и образувањето на својата личност и карактер. Таквиот пристап води кон неукост, неообразованост, а со самото тоа до назадување на општеството. Според она што Платон го изрекол, а јас го делам истото мислење, образованието и напредувањето на луѓето е многу поважно од пар убави чевли и убав фустан или костим. Паметните и образуваните луѓе се напредни во многу области. Тие секако ќе успеат да изнајдат начин да заработат за добри чевли и убава облека, и да го направат својот живот и животот на смејеството убав и среќен. Убаво рекле постарите, облеката не го прави човекот, човештината и душата и умот го издвојуваат и прават посебен.
Ангела Фичуроска Одделенска М – бр. на индекс 12612