You are on page 1of 2

БЕГСТВО

Шталата била пространа и стара. Мирисала на сено, на коњи, на крави, на узди, на


катран, на ново јаже,а понекогаш на риба кога на мачката и давле глави од риба.
Зиме шаталата била топла затоа што животните цел ден биле внатре, а лете била
ладна затоа што ширум ја отварале големата врата. Во шталата имало посебни места
за коњите, за овците, за кравите , кочина за прасто Цацко и уште многу други работи
што ги има во секоја штала. Во шталата ластовичките правеле гнезда ,а децата многу
сакале да си играат таму. Шталата била сопственост на вујкото на едно дете по име
Темјанка, Томе Бимбиловски.
Кочината на прасето Цанко се наоѓала на јужниот дел на шталата каде било прилочно
топло. Темјанка секој ден одела во шталата и на едно троножно стплче седела покрај
кочината на Цанко. Сите животни ја сакале затоа што била кротка и мила.
Еден ден, после два месеца Темјанка не дошла во шталата. На Цанко му било
здодевно и само влегувал и излегувал од неговата кочина и велел дека е само два
месеца, а веќе му здодеало од животот. Тоа го чула гуската и му рекла дека ако сака
може да излезе надвор да прошета. Требало само да ја поттурне олабавената штица
од неговата кочина и веднаш ќе излезе надвор. Цанко така и направил. Ја поттурнал
штицата и се нашол надвор во тревата. Рекол дека многу му се допаѓа таму. Но, ја
прашал гуската што сега да прави, а таа му рекла да оди каде што сака и да прави што
сака. Цанко најпрво почнал да трча, да скока , да игра и отишол во овоштарникот под
една јаблкница. Тогаш го видела жена му на Томе и почнала да вика дека прасето
избегало. Цанко се уплашил и ја прашал гуската што да прави , а таа му рекла да бега
во шумата и дека таму никогаш немало да го фатат. Тогаш се створила вистинска
бркотница. Дошле Томе , жена му и Илчо и почнале да го бркаат Цанко. Сите животни
за миг слушнале дека Цанко е на слобода и почнале да му довикуваат и да му
кажуваат како да избега. Цанко уплашен не знаел што да прави и само бегал горе долу
, а Илчо и Томе никако да го фатат. Прасето посакало да дојде Темјанка да го спаси.
Но, на Томе му текнало , земал помија и Цанко се прелажал , отишол по помијата. Така
пополека си влегол во кочината, а Томе ја заковал штицата за да не може веќе да
бега. Сепак прасето било задоволно бидејќи се најало и си легнало . Накрај си рекло
дека навистина е премладо да тргне само по светот .
ФАЛБАТА НА ЦАНКО

Пајажината иако не изгледала така била многу цврста. Иако била направена од многу
тенки жички , лесно не се кинела. Неа ја кинеле само инсектите што се удирале во неа.
Затоа Климентина секој ден попладне ги крпела дупките на пајажината , а Темјанка
многу сакала да ја гледа.
Еден ден била сведок на еден многу интересен разговор помеѓу Климентина и прасето
Цанко. Цанко ја прашал Климентина зошто има толку влакнасти нозе, а таа му рекла
дека така полесно плете мрежа и дека нејзините нозе имаат 7 дела. Цанко и рекол
дека неговите нозе немаат 7 дела , но ако сака може и тој да плете мрежа. И рекол на
Климентина само да му покаже. Таа му рекла да се качи на највисокото место , да се
држи со предачките и да се спушта полека. Така ќе остава линија и ќе плете мрежа.
Цацко тоа го направил и паднал на земјата. Ја прашал Климентина што погрешил , а
таа му рекла да проба уште еднаш. Тогаш Цанко отишол кај глушецот Авакум и му
побарл јаже. Глушецот му дал едно старо јаже, а Цанко му рекол да му го врзе на
опашката. Потоа Цанко се искачил на повисоко место и повторно пробал да плете
мрежа. Се фрлил на земја без да го врзе другиот крај на јажето и се првредил. Тогаш
Климентина му рекла дека тој не може да плете мрежа затоа што не знае како и нема
со што. Но не треба да се грижи за тоа затоа што на него Бимбиловци секој ден му
даваат храна и не мора сам да собира храна. Потоа Глушецот си го собрал јажето, а
Климентина продолжила да си ја плете мрежата.
По некое време Климентина му рекла на Цанко да не се чувствува лошо бидејки скоро
никој не знае да плете мрежа подобро од пајаците. Така започнале да си разговараат и
за други работи се додека не ги прекинало едно јагне и Цанко отишол да спие.
Во приквечерината во шталата било многу мирно и спокојно. Тогаш Цанко се сетил на
тоа дека овцата му рекла дека ќе умре и почнал да се тресе од страв. И рекол на
Климентина дека не сака да умре, дека ја сака шталата и сака да живее. Климентина
му рекла да не се грижи затоа што таа нема да дозвили да умре и дека ќе направи
план за да го спаси. Му рекла да се најаде и да си легне спокојно. Цанко ја послушал и
си легнал. А Темјанка си заминала дома.

ДОКТОР БЛАГОЈ

Еден ден додека мајка и на Темјанка ги миела садовите, Темјанка стоела до неа и
почнала да и раскажува за пајакот Климентина.И кажувала за тоа дека Климентина
постојано и раскажува приказни. Мајка и и рекла дека пајаците не зборуваат и да не
измислува рабори кои не се возможни. Темјанка е рекла дека таа ја слуша Климентина
и дека некогаш и раскажувала за еден нејзин братучед пајак кој успеал во мрежата да
фати рипка и да ја изеде. Мајка и и рекла дека тоа не е возможно и повеќе да не оди во
шталата на вујко и туку да си игра со децата. Но, Темјанка не ја послушала и повторно
тргнала накај шталата. Бидејки мајка и била загрижена за неа решила да отиде на
доктор и да се посоветува со него.
Кога отишла кај докторот Благоја му раскажала за Темјанка. Му кажала дека таа вели
дека ги слуша животните како зборуваат и дека постојано сака да биде во шталата на
вујко и. И го прашала дали е нормално тоа однесување на Темјанка.
Докторот и рекол да не се грижи за Темјанка , дека таа е здраво дете кое има само 8
години и дека можеби навистина ги слуша животните како разговараат. Дека децата се
повнимателни од возрасните и дека можеби таа цел живот ќе ги сака животните.
Тогаш мајка и на Темјанка му се заблагорадила на докторот за советите бидејки и
олеснало на душата и си заминала дома.

You might also like