You are on page 1of 5

Проектна Задача

Тема:
Атлетски дисциплини

Изработил: Ментор:
Роберт Филиповски Иле Петровски
Вовед

 Атлетиката, позната и како лесна атлетика, е збир на спортови.


Зборот потекнува од грчкиот збор „атлос“ што значи „натпревар“.
Атлетиката вклучува спортови кои генерално можат да се поделат на
трчање, фрлање и скокови. Атлетиката е дел од модерните Олимписки
игри уште од нивното основање во 1896 година. На жените им е
дозволено да учествуваат од Олимписките игри во 1928 година.

 Атлетските дисциплини вклучува спортови кои генерално можат да се


поделат во следните основни дисциплини: трчање, фрлање и скокови.
Трчање
Главната цел на атлетското трчање е да се претрча зададеното
растојание за пократко време. Постои разлика во техниката на трчањето во
зависност од должината на патеката (кратка, средна или долга).
Фрлачки дисциплини
Целта на атлетските дисциплини од групата фрлање е определена справа да
се фрли што е можно подалеку од зоната предвидена за фрлање.
Скокови
Во основа, скоковите се делат на: скокови во далечина и скокови во
височина.

1
ТРКАЧКИ ДИСЦИПЛИНИ ВО АТЛЕТИКАТА
Трчање
Истрајно трчање
Главна цел на атлетичкото трчање е да се претрча растојанието за
пократко време. трчањето се врши со активна мускулна работа на
телото, која преставува главен извор на движењето. Постои разлика во
техниката на трчањето на долги средни и кратки патеки.
Видови на трчање:
 Штафетно трчање
 Трчање на кратки патеки
 Истрајно трчање
Натптеварувачите кои се натпреваруваат во оваа тркачка дисциплина, а
релативно кратко време, треба да избдржат голем напор. При
брзинското трчање предниот дел на стапалото треба да биде во што
помал временски конткт со подлогата, рацете не треба да бидат
стиснати во дланките и треба да се движат во ритамот на трчањето.
Телото треба да биде благо наклонето нанапред бидејќи тоа директно
влијае врз амплитудата на чекорите.
Истрајното трчање се разликува спринтерското трчање со тоа што
амплитудата на чекорите е пократка. Кај истрајното трчање телото е
подисправено, се гази на цели стапала кои се поставено паралелно со
патеката. Дишето и издишувањето треба да биде во ритам со чекорите.
рацете го следат ритамот на трчање и се свткани во зглобот од лактите.
Максималната издржливост е основна карактеристика за атлетичарите
кои се натпреваруваат во овие дисциплини. Карактеристично за трките
на средни и долги патеки е тоа што започнуваат со висок старт.

2
Штафетно трчање
Штафетните трчања се доста интересни и возбудливи не само за
натпреварувачите, туку и за оние кој гледаат и навиваат. Современата
техника на примо-предавање на палката е онаа која што палката се
пренесува од стартот до целта со најмалку потрошено време, без
запирање и тоа преогајки од рака во рака. Првиот и третит тркач ја
носат палката во десна рака, за да би можеле цело време да трчаат во
внатрешната страна на патеката. Палката се предава на вториот и
четвртиот тркач во левата рака.

3
Постои разлика во техниката на трчањето во зависност од должината на
патеката (кратка, средна или долга). Почетокот на трката се означува со
истрел, а таа се прекинува ако некој од натпреварувачите ја почне трката
пред истрелот. Почетокот на трката го води стартерот со неговите
помошници, кои проверуваат дали сите тркачи се пријавени, дали имаат
стартни броеви и дали при стартот ја допираат стартната линија. Тркачките
дисциплини се поделени на:[2]
 трки на кратки патеки: до 400 метри; овие трки започнуваат со
користење на стартни блокови кои на натпреварувачите им даваат
нагло забрзување на почетокот од трката; за да се постигнат подобри
резултати на овие трки, натпреварувачот мора да постигне усогласена
работа на рацете и на нозете, предниот дел од стапалото треба да биде
што пократко во контакт со подлогата, рацете не треба да бидат
стиснати во дланките и треба да се движат во ритамот на трчањето, а
телото треба да биде благо навалено напред бидејќи тоа влијае врз
амплитудата на чекорите.

You might also like