You are on page 1of 1

ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

наставници кои реализираат настава од прво до петто


одделение на почетокот на годината изготвуваат глобално или годишно планирање во кое,
покрај останатото, ги внесуваат глобалните цели и содржините од програмата за образование
за животни вештини што ќе се реализираат во конретната учебна година. Наставникот
ги одбира содржините и нивниот редослед за реализација врз основа на интересите и
можностите на учениците во својата паралелка, актуелностите и спецификите, како и
искуствата од реализацијата на оваа програма во претходната (претходните) учебна година.

Во рамките на тематското или среднорочно планирање (кое се изготвува во текот на годината


пред започнување на реализација на нова тема) одделенскиот наставник ги внесува и
целите и конкретните содржини од програмата за образование за животни вештини што
ќе се реализираат во рамките на таа тема, во планираниот временски период. Изборот на
содржините зависи од глобалното или годишното планирање, актуелните настани и случки во
паралелката, како и од целите што треба да се реализираат во рамките на другите наставни
програми (ова е особено важно за наставата во прво одделение).

You might also like