You are on page 1of 38

ПЛАН ЗА

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ВО
ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ
ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016

подготвено од: ЕМПИРИА - ЕМС


prepared by:

ноември 2010
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Содржина

Одговорно лице за изготвување на План за управување со отпад...................................4


Вовед ...................................................................................................................................5
1. Опис и оценка на постојната состојба во врска со управувањето со отпадот........6
1.1 Опис и оценка на состојбите со биоразградливиот отпад во општина Старо
Нагоричане..............................................................................................................6
1.2 Состојби со селектирање и рециклирање на комуналниот отпад за општина
Старо Нагоричане...................................................................................................8
1.3 Финансиска анализа за општината Старо Нагоричане ........................................9
1.3.1 Анализа на изворите на финансирање - приход на општината ...........................9
1.3.2 Анализа на буџетските трошоци на општината ..................................................11
1.3.3 Анализа на тековно оперативните расходи ........................................................14
1.3.4 Анализа на капиталните расходи ........................................................................14
2. Предвидувања на идните состојби со управувањето со отпадот во општина
Старо Нагоричане ...................................................................................................16
3. Стимулативни мерки за намалување и за избегнување на создавањето на
отпадот, негово повторно користење, рециклирање или користење како извор
на енергија...............................................................................................................17
4. Начини на отстранување и депонирање на отпадот .............................................18
5. Идентификување на целите и активностите за постигнување на целите за
интегрирано управување со отпад.........................................................................18
6. Дефинирање на индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планот
и програмата ...........................................................................................................20
7. Анализа на постојната состојба со генерирањето на отпад во општина Старо
Нагоричане ..............................................................................................................22
7.1 Анализа на создавање на корисни фракции од комуналниот отпад во општина
Старо Нагоричане ...................................................................................................22
7.2 Количини на биоразградлив отпад и методи за справување со истиот ...............23
7.3 Анализа на постојната состојба со генерирањето на биоразградлив отпад во
општина Старо Нагоричане....................................................................................24
7.4 Очекувани трендови во генерирањето на биоразградлив отпад ..........................25
8. Анализа и предлог за најсоодветен начин на управување со отпад ....................25
8.1 Препораки во однос на биоразградливиот отпад ...............................................26
8.2 Препораки во однос на финансии........................................................................26
9. Дефинирање на акции односно проекти со кои би се реализирале
предвидените активности со извршена приоретизација.......................................27

2
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

10. Согледување на јавното мислење од аспект на воведување на соодветно


управување со отпадот во урбаниот дел од општина Старо Нагоричане и
дефинирање на цената на услугата.......................................................................32
11. Препораки во однос на финансии...........................................................................34
12. Мерки за едукација и за подигнување на јавната свест за управувањето со
отпад ........................................................................................................................36

3
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Одговорно лице за изготвување на План за управување со отпад

Доставување на ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД изготвен согласно Законот за


управување со отпад на Република Македонија:

Барање за спроведување на проект


Име на барател: Центар за развој на североисточен плански регион
при Совет на североисточен плански регион
Адреса на барател: Илинденска бб, 1300 Куманово
Во врска со: План за управување со отпад за период 2011-2016

Одговорно лице за изготвување на ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД:


Име и презиме: Ѓорѓи Велевски
Позиција: Консултант за управување со отпад
e-mail: velevski@gmail.com

4
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Вовед

Врз основа на Законот за управување со отпад, сите општини се должни да изработат


општински план и програма за управување со отпад во согласност со Националниот
план за управување со отпад и Националната програма за управување со отпад. Овој
план треба да ги даде општинските насоки за остварување на целите кои се зададени
на национално ниво.

Покрај останатите документи кои го третираат отпадот на локално ниво, се смета дека
планот и програмата за управување со отпад е еден од најважните документи во оваа
област. Со неговото донесување се врши примена на ЕУ директивите за отпад заради
тоа што целите поставени во Националниот план се директно врзани со
обезбедувањето на минималните услови за безбедно управување со отпад со примена
на сите принципи и мерки кои се применуваат во Европската Унија.

Едногодишната програма која ќе се извлече од планот претставува основен документ


за планирање на сите активности во текот на планираната календарска година како и
основа за пресметување на делот од општинскиот буџет наменет за целите дадени во
програмата за управување со отпад.

5
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

1. Опис и оценка на постојната состојба во врска со управувањето со отпадот

Управување со отпад во општина Старо Нагоричане не постои и покрај постоењето на


комунално претпријатие Козјак кое се занимава само со водоснабдување. Од тој
аспект, во оваа глава ќе се дадат само оние податоци кои можат да произлезат од
пресметки према бројот на населението и други параметри, без да се има потврда за
тие информации од ЈКП.

На територијата на општина Старо Нагоричане не постои легална општинска депонија.

Бројот на жители и домаќинства за општина Старо Нагоричане се дадени во следната


табела:

Старо Нагоричане Број на жители број на домаќинства


Старо Нагоричане 4.840 1.697

Општина Старо Нагоричане има 39 населени места со површина од 451 km2.

Под претпоставка дека нивото на генерирање на отпад во сите населби во општина


Старо Нагоричане е насекаде ист, заради тоа што сите населби се рурални, и земајќи
ги во обзир податокот од НПУО за годишните количини на отпад во руралните делови
на Македонија и податоци од слични општини од истиот регион (Липково и Кратово) за
потребните пресметки се зема количина на отпад од 190 кг/ч/г. Така, годишните
количини на создаден комунален отпад за општина Старо Нагоричане, изнесуваат:

4.840 жители х 190 кг/ч/г = 919 т/г

Не постојат податоци за количините на индустрискиот отпад ниту за било каков друг


вид на отпад.

Општата состојба се оценува како несоодветна за достигнување на критериумите


дадени во Европските директиви за отпад, заради непостоење на базичен систем за
собирање на отпад.

Покриеноста на услугите не е воопшто спроведена на целата територија на општината


така да појавата на диви депонии е евидентна.

Споредено со современото управување со отпад (т.н интегрално управување)


недостасуваат сите операции: собирање, селектирање, рециклирање,транспорт и
депонирање на отпадот во современа депонија. Значи во случајот со општина Старо
Нагоричане немаме апсолутно никаква примена ниту на постојните законски прописи
ниту на ЕУ Директивите од оваа област.

1.1 Опис и оценка на состојбите со биоразградливиот отпад во општина Старо


Нагоричане

Со оглед на тоа дека на теритиријата на Општина Старо Нагоричане од 451 km2,


живеат 4.840 жители распоредени во 39 населени места, неизбежна е констатацијата
дека заради непокриеноста со систем за организирано собирање на комуналниот
отпад (а со тоа и на биоразградливиот отпад) во ниеден дел на општината, неопходно
е итно изнаоѓање на рационални решенија кои би овозможиле вклопување во
современите трендови за управување со отпад.

6
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Ваквата пракса не соодветствува со законските решенија од областа на управување со


отпадот во Р. Македонија, особено не со хиерархијата на управувањето со отпадот
воспоставена со истите законски решенија.

Одлагањето на органската фракција на отпадот на дивите депонии резултира со


бројни проблеми во животната средина (емисии на стакленички гасови, создавање на
депониски исцедок, загадување на почвата и подземните води итн.).

Бидејќи земјоделието е значајна стопанска гранка во оваа општина, количините на


биоразградлив отпад од овој извор се мошне значајни. Во следната табела се дадени
податоци за одредени земјоделски култури интересни од аспект на создавање отпад и
нус производи.

Табела - Потенцијални количини на отпад од земјоделство (растителна маса)


зрнести култури
вид на култура
површина/ха* слама (т)
Пченица 2 484.51 4 970
Јачмен 2 015.20 4 030
Ориз 5.32 10
1 564
Пченка 782.77
(остаток од растение)
Други жита 352.52 704
Вкупно 5 640.32 11278
* Според пописот на земјоделството на Република Македонија 2007 год.

Покрај количините прикажани во табелата, особено треба да се земат во предвид и


количините на растително ткиво од градинарството, односно од производството на
зеленчук , од кои на површина од околу 191 хектари се продуцираат околу 382 тони
растителна отпадна маса.

Покрај овој растителен отпад од земјоделието, односно од сточарството исто така се


генерира биоразградлив отпад.

Табела - Отпад (во тони) создаден во сточарството


Анимален фецес Ткиво и угинати
Вид на стока Број на животни*
(т) животни (тони)
Коњи 187 682 1
Говедарство 4410 64386 22
Овци 24676 27020 25
Кози 2121 2322 2
Свињи 9242 13493 88
Живина 39825 2180 8
Вкупно 110083 146
* Според пописот на земјоделството на Република Македонија 2007 год.

Иако голем дел од отпадот кој се генерира во земјоделието се користи на разни


начини, сепак релативно голем дел се депонира на несоодветни места, односно во
диви депонии или ѓубришта или пак се врши негово палење. Отпадот од сточарството,
воглавном завршува како ѓубриво на нивите, додека отпадот од угинати животни
завршува на дивите депонии или на други несоодветни места.

Генерално може да се каже дека општата состојба во однос на управувањето со отпад


во општина Старо Нагори;ане, се оценува како несоодветна за достигнување на

7
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

критериумите дадени во Европските директиви за отпад, пред се' во однос на


непостоењето на интегрално управување со отпад во рамките на општината и
непокриеноста на целото население со услугата за собирање и транспортирање на
комуналниот цврст отпад.

1.2 Состојби со селектирање и рециклирање на комуналниот отпад за општина


Старо Нагоричане

Денеска организирано собирање, односно селекција на рециклабилните материјали од


комуналниот цврст отпад на територијата на општина Старо Нагоричане, не постои.
Како и во скоро сите општини во Република Македонија, така и во општина Старо
Нагоричане, од страна на неформалниот сектор се врши прибирање на дел од
рециклабилните материјали, односно се собира хартијата, металот и пластиката
(претежно ПЕТ амбалажа). Количините на вака собраниот материјал не е можно да се
проценат.

Органскиот отпад кој се генерира во земјоделието, најчесто се исфрлува на


несоодветни места или пак што е доста чест случај се гори. Ваквите начини на
постапување со овој вид на отпад се голем ризик за животната средина и директно
придонесуваат кон загадувањето на почвата, водите и воздухот.

Врз основа на податоците презентирани во Националниот План за Управување со


Отпад, 26% од отпадот е органски отпад или по жител на годишно ниво се генерира
73,58 килограми на органски отпад. Но, бидејќи за годишна продукција на отпад по
жител ја зедовме бројката од 190 кг/ч/г, овој показтел изнесува 49,4 кг/ч/г. Врз основа
на бројот на жители, може да се констатира дека годишната продукција на
биоразградлив отпад од комунални извори во општина Старо Нагоричане е приближно
239 тони.

Количините на рециклабилни материјали кои се генерираат на годишно ниво во


Општина Старо Нагоричане се прикажани на следната табела:

Табела -Количини на рециклабилни материјали во општина Старо Нагоричане

Фракција Застапеност (%) Вкупно (тони)

Хартија и картон 11.60% 107


Пластика 9.70% 89
Стакло 3.50% 32
Текстил 2.90% 27
Метали 2.60% 24
Вкупно 30,3% 278

Согледувајќи ги податоците за составот на отпадот кои се презентирани во


претходната табела може да се заклучи дека во општина Старо Нагоричане,
количините на рециклабилните материјали кои се исфрлаат од домаќинствата се многу
мали.

8
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

1.3 Финансиска анализа за општината Старо Нагоричане

Финансиската анализа на општината Старо Нагоричане опфаќа анализа на


планираните и реализираните трошоци и приходи за изминатите три години според
определни категории со пресметка на одредени проценти за реализација и/или
учество.

Меѓу показателите кои се пресметани и анализирани се вклучува и показателот кој го


покажува соодносот меѓу планираните и реализираните приходи и трошоци за секоја
категорија на приходите и трошоците, како и показателот за структурата на приходите
и трошоците,

Согласно законската регулатива која го прецизира начинот на следење на трошоците


од општинскиот буџет трошоците за анализираниот период се анализираа преку
различните видови на расходи, односно тековно-оперативните и капиталните расходи.

1.3.1 Анализа на изворите на финансирање - приход на општината

Приходите-изворите на финансирање во општината Старо Нагоричане ги сочинуваат


следниве видови на приходи, а според плановите за изминатите три години од
основниот буџет тие ја имаат следнава структура.

2007 2008 2009


Даночни приходи 14% 13% 6%
Неданочни приходи 7% 2% 1%
Капитални приходи 2% 2% 1%
Трансфери и донации 59% 32% 42%
Дотации 17% 46% 25%
Самофинансирачки активности 2% 1% 1%
Донации 0% 4% 25%

Структурата на приходите кои се планираат во општината покажува дека тие во основа


се состојат од категориите трансфери и донации и дотации кои одржуваат ниво на
учество со околу 50% од вкупните планирани приходи. Ова укажува на фактот дека
општината не планира да располага или да остварува таканаречени сопствени
средства. Учеството на даночните приходи е многу мал што е разбирливо земајќи во
предвид дека станува збор за една рурална општина.

Сознанијата добиени од анализата на приходите укажуваат дека општината не ги


реализира во целост планираните приходи во сите категории на планирање на
приходи. Ова укажува дека е потребно или подобра организација на администрацијата
со цел предвидените приходи да се остварат и така да се обезбедат повеќе средства
во општинската каса, односно зголемување на продуктивноста на општинската
администрација или ревидирање на принципите/постулатите за планирање на
приходите во општинскиот буџет затоа што анализата укажува дека се создаваат
преголеми очекувања кои се далеку од реалните.

9
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Реализацијата на изворите за финансирање - приходи покажува дека се движи околу


75% од планот освен во кризната 2009 година кога процентот на успешност покажува
само 43%. Во оваа година најголемото потфрлување се гледа во категоријата на
донации; без оваа категорија процентот на успешност би бил 56%.

10
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Ваквиот процент на реализација е резултат на недоволната ангажираност на


даночното одделение во општината, односно општинската даночна администрација за
наплата на сопствените приходи и недостиг на проактивни напори на органите на
општината за обезбедување дополнителни средства по програми на надлежните
министерства и донации од земјата и странство.

2007 2008 2009


план 28,445,545.00 66,330,796.00 134,509,465.00
реализација 20,933,345.00 52,028,761.00 57,167,636.00
% на успешност 74% 78% 43%

Подетално, прегледот на реализирани приходи по категории е претставен на следниов


начин

1.3.2 Анализа на буџетските трошоци на општината

Буџетските трошоци во општината Старо Нагоричане ги сочинуваат следниве видови


на трошоци, а според плановите за изминатите три години од основниот буџет тие ја
имаат следнава структура.

2007 2008 2009


Плати 18% 47% 24%
Добра и услуги 42% 24% 18%
Трансфери и донации 3% 1% 1%
Капитални расходи 37% 27% 56%
Резерви 1% 0% 0%

11
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Структурата на трошоците кои се планираат во општината покажува дека тие немаат


константна структура околу која осцилираат. Доминираат трошоците за плати, добра и
услуги, капитални расходи. Капиталните расходи се движат во границите на 50%
учество во вкупните трошоци што укажува дека се планира да се иницира изградбата
на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура, како и
подобрување на вкупните јавни услуги. Категоријата на добра и услуги имаат исто така
релативно висока застапеност која се движи во границите од 20 - 40 % и укажуваат
дека комуналните услуги, поправките и тековното одржување имаат висока
застапеност во буџетот на оваа општина што укажува на тоа дека оваа рурална
општина планира подобрување на постоечките услови. Учеството на трансферите и
донациите е многу мал што е разбирливо за една рурална општина.

Анализата покажува дека општината не ги реализира во целост и трошоците. Ова


укажува на фактот дека општината планира тошоци кои не е во можност да ги
реализира или едноставно не се изводливи, што значи има недостаток во процесот на
планирање на трошоците. Значи таму треба да се работи за да се подоби ситуацијата,
односно службите кои планираат трошоци повнимателно да се задржат на ова
прашање со цел да се приоретизираат трошоците и во планот за реализација да се
влучуваат најважните трошоци за општината секако водејќи особено сметка за тоа тие
да бидат и реално изводливи. Така доброто планирање на трошоците води од една
страна кон подобрување на овој процент за успешност во реализацијата на трошоците
а од друга страна што е многу позначајно доведува до тоа да се реализираат трошоци
кои се од исклучителна важност за општината, како на пример имплементацијата на
овој проект за планирање и управување со отпадот.

12
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Реализацијата на трошоците покажува дека таа се движи околу 75% од планот освен
во кризната 2009 година кога процентот на успешност покажува само 42%. Процентите
на успешност се многу блиски со успешноста на реализацијата на приходите. Во оваа
година најголемото потфрлување се гледа во категоријата на капитални расходи,
поточно други градежни објекти.

2007 2008 2009


план 28,443,538.00 66,328,788.00 134,689,456.00
реализација 20,391,088.00 50,499,716.00 55,940,389.00
% на успешност 72% 76% 42%

Подетално, прегледот на реализирани трошоци по категории е претставен на следниов


начин

13
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

1.3.3 Анализа на тековно оперативните расходи

Тековно оперативните расходи низ анализираниот период ја имаат следнава


структура:

2007 2008 2009


Плати 3,939,250.00 29,201,508.00 31,493,171.00
Добра и услуги 8,122,983.00 10,505,181.00 16,196,086.00
Трансфери и донации 367,698.00 300,937.00 790,679.00
Резерви 30,270.00 38,000.00 194,903.00

Нивниот процент на успешност низ анализираниот период претставен во табелата


која следи покажува дека најголем дел од реализираните тековно-оперативни расходи
отпаѓаат на расходи наменети за плати, наемнини и надоместоци на вработени во
последните две години ова поради фактот на пренесување надлежности во
образованието и детската заштита и нивно финансирање преку општината со помош
на блок дотации. Високо учество има и категоријата на стоки и услуги со што
општината обезбедува функционирање на општината, основните училишта и детските
гардинки на својата територија.

1.3.4 Анализа на капиталните расходи

Капиталните расходи низ анализираниот период ја имаат следнава структура:

2007 2008 2009


Капитални расходи 7,930,887.00 10,454,090.00 7,265,550.00

Во најголем број на случаи капиталните расходи се однесуваат на изготвување на


проекти, изградба и реконструкција на улици и на патишта, изградба на капацитети за
водоснабдување, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни
води, изградба на нови линии за јавно осветлување, изградба и реконструкција на
детски и спортски игралишта и друго.

14
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Под-структурата на оваа категорија во себе опфаќа градежни објекти, други градежни


објекти и купување на мебел, опрема, возила и машини.

За градежни објекти општината секоја година планира скоро 90% од издвоените


средства за капитални расходи. Низ анализираниот период издвоени средства за
капитални расходи се движат во границите на 39% - 21% - 13%.

Процентот на успешност низ анализираниот период за оваа категорија има тренд на


опаѓање што значи дека и покрај планираните инвестиции општината има проблем со
нивната реализација за што најголемата причина е необезбедувањето на планираните
средства за инвестициите.

Земено во предвид дека станува збор за рурална општина, потребно е општината


сериозно да работи на подобрување на овие параметри, односно постигнување на
плановите за остварување на инвестициите. Општината е силно зависна од
надворешни извори на финансирање што го потврди анализата на приходите но исто
така и сериозно ориентирана кон инвестициона активност што го потврди анализата на
капиталните расходи и редовното издвојување на висок износ за оваа намена.

15
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

2. Предвидувања на идните состојби со управувањето со отпадот во општина


Старо Нагоричане

За потребите на планирањето земени се следните претпоставки:


• степенот на пораст на населението ќе се пресмета врз основа на витални
статистички податоци (родени и умрени) и миграциони статистички податоци
(доселени и отселени) за период од последните три години

Живородени Умрени Доселени Отселени САЛДО


1 2 3 4 5=(1-2)+(3-4)
2007 44 113 23 29 -75
2008 48 103 20 24 -59
2009 41 110 34 30 -65
Вкупно -199
Извор: Државен завод за статистика

Од горната табела се гледа дека општина Старо Нагоричане има негативен природен
прираст. Заради степен на сигурност за целите на планирањето, ќе претпоставиме
нулти пораст на населението и нулти пораст на степенот на создавање на отпад.
Во следната табела е дадено зголемувањето на количините на отпад во планскиот
период 2009 - 2014 територијата на целата општина.

Табела - Количини на отпад во општина С. Нагоричане за следниот шест годишен период


Година 2002 2009 2011 2012 2013 2014 2015 2016
(база)
број на
4.840 4.840 4.840 4.840 4.840 4.840 4.840 4.840
жители
создавање
на отпад 190 190 190 190 190 190 190 190
(кг/ч/г)
вкупно (т) 919 919 919 919 919 919 919 919

Со овие базични податоци може да се врши оптимизација и димензионирање на


предлог активностите за дадениот плански период. Овие количини треба да послужат
за димензионирање на бројот и видот на комуналните возила кои треба да се вклучат
во собирањето на комуналниот отпад како и бројот и видот на контејнери за
примарната селекција на отпадот.

16
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

3. Стимулативни мерки за намалување и за избегнување на создавањето на


отпадот, негово повторно користење, рециклирање или користење како
извор на енергија

Како мерка за намалување и избегнување на создавањето на отпадот индустријата


треба да применува најдостапни технологии што е основа во издавањето на
интегрираните еколошки дозволи. Во најдобар случај пазарните услови треба да
влијаат стимулативно врз бизнис секторот од оваа област. Самата општина со својата
политика може битно да влијае врз стимулирањето на оваа дејност преку
организациони шеми за селектирањето, транспортот и преработката (рециклирање) на
отпадот кои генерално можат да се воспостават на неколку начини:
1. Со целосна покриеност на системот преку општинското јавно комунално
претпријатие
2. Со препуштање на целосна организација на селектирање, транспорт и
рециклирање на отпад на заинтересирани претпријатија (договор за услуги,
концесија)
3. Со комбиниран систем

За било кој систем од горенаведените потребна е медиумска кампања заради учество


на јавноста. За комерцијалните објекти и индустријата, интерното селектирање на
отпадот може да се организира како било која друга работна задача бидејќи веќе
претходно е воспоставен најопштиот систем на управување.

Локалната администрација има свој интерес за учество во процесот на селектирање на


отпад заради тоа што се намалуваат количините на отпад наменети за депонирање со
што се продолжува векот на траење на општинските или регионалните депонии
(основниот принцип на современото управување со отпад), се отвораат можности за
отворање на нови работни места и се ангажира јавноста како дел од процесот на
заштита на животната средина.

Бизнис секторот од локално или пошироко значење има свој интерес во


воспоставување на стабилен систем на дотур на селектиран материјал (со
административно одобрување и ангажман на локалната администрација, во рамките
на својот дел) кој има многу поголема вредност ако е селектиран во изворот на
создавање (да не се меша со останатите видови на отпад, како што е денешната
пракса). На овој начин интересот за профит би бил многу поголем отколку целата
работа да се остава единствено на бизнис секторот.

Јавните комунални претпријатија би имале свој интерес заради помалите трошоци


предизвикани од намалувањето на количините на отпад наменет за депонирање.

Ова значи дека се намалува фрекфенцијата на собирање на отпад, било неделно или
дневно.

Невладиниот сектор има свој интерес заради можноста да учествува во креирањето и


практицирањето на целокупниот систем.

Во однос на населението се препорачува да се воведат стимулативни мерки со


процентуално намалување на цената за собирање на отпад за оние лица кои ќе вршат
селекција на отпадот. Овој критериум може да се процени како изводлив или не врз
основа на анализа на трошоци за транспорт на отпад без систем на селекција и со
воведен систем, но со намалени транспортни трошоци.

17
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Од аспект на воведување на примарна селекција на комуналниот отпад во руралниот


дел од општината, треба да се нагласи дека тоа ќе биде исплатливо само ако е дел од
еден регионален пристап, што е во согласност со НПУО.

Како најсоодветен начин за селекција на комуналниот отпад, се издвојува примарната


селекција, односно селекција на отпадот на местото на создавање, што во овој случај
би било во домаќинствата. Постепеното воведување на овој начин на селекција е
услов за негова успешна имплентација.

4. Начини на отстранување и депонирање на отпадот

На територија на општина Старо Нагорочане не постои општинска депонија на која се


депонира создадениот отпад и е евидентно присуството на диви и неорганизирани
депонии на целата територија на општината.

5. Идентификување на целите и активностите за постигнување на целите за


интегрирано управување со отпад

Според Националниот План за Управување со Отпад дефинирани се 11 области


односно цели, за интегрирано управување со отпад и тоа:
1. Политики и правна рамка
2. Институционална/организациона рамка
3. Човечки ресурси/капацитет
4. Финансирање/покривање на трошоци
5. Свест на носителите и комуникација
6. Достапност на податоци/известувања
7. Избегнување и намалување на отпад
8. Преработка и рециклирање на отпад
9. Издвојување, складирање, собирање и транспорт на отпад
10. Третман и процесирање на отпад
11. Финално депонирање

Сите овие области се релевантни и за локално ниво со мал исклучок на првата цел
која е примарна одговорност на државата иако политиките на управување со отпад
треба да се градат и на локално ниво. Од расположливите параметри кои се дадени во
НПУО можат да се издвојат следните:
- Намалување на биоразградлив отпад што се депонира до 75% до 2015 г.
- Преработка на амбалажен отпад на барем 50% до 2015 г.
- Третман и повторно користење на отпадни возила до 70% до 2010 г.

Во однос на целните проценти дадени во НПУО дискутабилно е дали општините во


Македонија го имаат потребниот капацитет (инвестициски и човечки) за остварување
на дадените цели. Заради тоа се препорачува вклучување на приватен капитал во
областа на управување со отпад. Во следните случаи е препорачливо да се воведе
приватен капитал:
• ако услугата или постројката од областа на управување со отпад не можат да се
обезбедат со капацитетите и стручните знаења на локалните власти

18
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

• ако воведувањето на приватен капитал значи веројатно зголемување на


квалитетот на услугите или на постројката
• ако вклучувањето на приватниот сектор овозможи побрзо вклучување и
остварување на услугата или постројката отколку што би било кога би се чекало
јавно финансирање
• ако има подршка од корисниците на услуги за воведување на приватниот сектор
• ако постои простор за тендерско натпреварување помеѓу носителите на услуги
од приватниот сектор
• ако не постојат административни или правни пречки за вклучување на
приватниот сектор
• ако резултатите на услугата лесно се мерат и калкулираат
• ако трошоците од услугата можат широко и потполно да се надокнадат преку
развивање на надоместокот за услугите
• ако понудувачите на услуги обезбедуваат простор за подобрување и новитети

19
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

6. Дефинирање на индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планот


и програмата

Потребните податоци за следење на реализацијата на планот и програмата воглавно


треба да бидат обезбедени со пополнување на формуларите за идентификација и
транспорт на отпад како и со пополнување на годишните извештаи за управување со
отпад. Сите овие документи се дел од подзаконскиот акт: Правилник за формата и
содржината на дневникот за евиденција за постапување со отпад, формата и
содржината на формуларите за транспорт и идентификација на отпадот и формата и
содржината на обрасците за годишните извештаи за постапување со отпад (Сл. в. бр.
8/2006) и претставуваат обврска за претпријатијата кои управуваат со отпад како и за
општинските власти.

Локалната администрација преку овие инструменти во секој момент може да има


преглед за состојбите во областа на управувањето со отпад. Се разбира, пракса се
уште не постои, ниту има некаква иницијатива од Владата на РМ за овој проблем, но
законските обврски постојат и треба да се исполнат.

Индикатори за успех исто така треба да бидат и одредени показатели кои треба да
бидат мерливи за да може да се следи (не)реализирањето на планот. Тоа пред се' се
однесува на воведувањето на услугите за собирање на отпад во руралниот дел со тоа
што на пр. за секоја година планираниот број на покриено население треба да се знае
точно (или како број на жители или, што е попрактично, како број на опслужени
домаќинства). Овде ќе бидат дадени повеќе примери за индикатори врз основа на
предлог акциите од глава 8:

2012:

Индикатор за опслужено население во однос на вкупниот број на жители


Планиран годишен процент на покриеност 20%
Број на вкупно неопслужено население 4840 жители
Значи се планира да се опслужат нови 20% од неопслуженото население:

0,2 х 4.840 = 968 жители

Значи за првата година треба да се планираат населени места или делови од


население места со горенаведениот број на жители кои ќе бидат опфатени со услугата
за собирање на отпад.

Друг индикатор може да биде на пр. нивото на рециклажа по години изразено во


количини на селектиран отпад:

2012:

1% од вкупниот отпад. Ако е воведено собирање на отпад за 968 жители, како што е
планирано, тогаш тие жители ќе создадат, на годишно ниво приближно :

968 х 190 кг/ч/г = 183 т/г

Ако е планираната цел за селектирање на отпад 1% за 2012 г. тогаш собраните


количини треба да бидат:

183 х 0,01 = 1,8 т/г

20
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Значи, оваа количина од 1,8 т/г треба да биде одвоено селектирана од страна на
граѓаните, а собрана од страна на ЈКП за 2012г. Врз основа на постигнатите резултати
може да се каже дали планот за таа година се остварил или не.

Се разбира во нашиот пример се работи за претпоставени количини на отпад со


висока точност, кои треба реално да бидат проверени врз основа на документацијата
за собраните количини што треба да ја врши ЈКП за дадената година. Преку овие
индикатори може да се носат заклучоци на крајот од годината дали планираните
количини биле реални или не. Ако се нереални тогаш треба во планскиот документ за
следната година (годишна општинска програма за управување со отпад) да се стават
помали количини. Ова покажува дека планските документи не се статични туку
динамични документи.

Значи, се' она што е сознание од терен, од пракса, треба да се вградува за следните
години. На овој начин ќе се добие права слика за тоа за колкав временски период е
возможно да се постигне некоја однапред зададена цел на национално ниво.

Во бројки тоа би изгледало вака:

2016 г.

Покриеност на населението со услуги за собирање на отпад 100% (4.840 жители), што


значи приближно 919 т/г. Планирана цел за 2016 г. во однос на селектирањето на
отпад е 5%.

919 т/г х 5% = 46 т/г

Ако се споредат бројките за 2012 и 2016 се доаѓа до заклучок дека во рок од 5 години
нивото на селектиран отпад треба да порасне за приближно 80 пати. Иако за
остварување на оваа цел потребни се многу ангажмани, заради можните
организациски проблеми или отпори од населението, се смета дека интересот на ЈКП
Козјак или на евентуален приватен оператор ќе влијае битно врз остварувањето на
оваа цел. Доколку постои интерес за поголем процент на селекција и рециклажа на
отпад тогаш лесно овие проценти можат да се менуваат во годишните програми.

21
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

7. Анализа на постојната состојба со генерирањето на отпад во општина Старо


Нагоричане

7.1 Анализа на создавање на корисни фракции од комуналниот отпад во


општина Старо Нагоричане

Врз основа на претходно дефинираниот пораст на генерирањето на отпад по жител,


како и дефинираните количини на комунален отпад кој се создава на територијата на
општина Старо Нагоричане, а согласно на структурата на фракции од отпадот
дефинирана со НПУО, во табелата подолу прикажани се количините на сите фракции
на отпад кои ќе се генерираат во следните шест години на годишно ниво.

Искористување на рециклабилните фракции од отпадот е еден од предизвиците во


современото управување со отпадот. Вредноста на овие материјали од ден на ден е
се' поголема и со тоа нивната преработка станува поисплатлива.

Моментално во Република Македонија се врши откуп на отпадна пластика, разните


видови метали, хартијата и текстилот, додека стаклото не се откупува.

Табела – Количини на поединечни фракции на годишно ниво


2007
Фракција Застапеност (тони)

Органски 26.20% 260


Дрво 2.70% 27
Хартија и картон 11.60% 115
Пластика 9.70% 96
Стакло 3.50% 35
Текстил 2.90% 29
Метали 2.60% 26
Опасен отпад 0.20% 0,2
Композити 2.20% 22
Комплексни производи 0.30% 0,3
Инертен отпад 3.60% 36
Други категории 3.60% 36
Ситни делови 30.90% 306
Вкупно 100% 919

Со цел согледување на можните приходи кои би се оствариле со собирање,


процесирање и продавање на рециклабилните материјали од комуналниот отпад,
извршена е процена на можните приходи. Бидејќи цените по кои се откупуваат
секундарните суровини се во зависност од видот и квалитетот на истите (видот на
хартијата, пластика или метал), како и степенот на обработка (балирани, испрани,
иситнети, сепарирани по боја и др.), користени се просечни цени и тоа:

Табела -Просечна цена на фракции по отпад


Вид на суровина Цена (од - до) Просечна цена
И кат.балирана 4.62 ден/кг до 2.12
Хартија 2.5 ден./кг
ден/кг неселектирана
Пластика ПЕТ, земј.фолија 6-10 ден/кг 8 ден./кг
8 ден/кг дебелина < 3мм
Метал 10 ден./кг
12 ден/кг дебелина > 6мм
Текстил Разни видови 1-2 ден/кг 1 ден./кг

22
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Вкупните можни приходи по основ на собирање и продажба на рециклабилни


материјали се прикажани во следната табела:

Табела - Вкупни можни приходи од корисни фракции


Вкупно
Единечна
количина за
цена Вкупно можни
Фракција период
(просечна) приходи
2011-2016
ден/кг
(во тони)
Пластика 576 8 4.608.000
Хартија 690 2.5 1.725.500
Метал 156 10 1.560.000
Текстил 174 1 1.740.000
Вкупно денари 8.067.000
Вкупно во евра 131.166 €
На годишно ниво 21.861 €

Врз основа на горната табела ЈКП “ Козјак”, на годишно ниво би можел да обезбеди
приход од 21.861 €, од искористување на рециклабилните фракции од комуналниот
отпад, но ова подразбира дека степенот на селектирање на отпад е 100%, односно
целото население го селектира отпадот.

Може да се заклучи дека во општина Старо Нагоричане, од аспект на искористување


на рециклабилните фракции од отпадот кој би се генерирал во руралниот дел на
општината, количините се релативно мали и во зависност од начинот на воведување
на примарна селекција ќе зависи и физибилноста на имплементирање на интегрално
управување со отпадот, односно делот на повторна употреба и рециклирање на
рециклабилните материјали. Регионалниот пристап е еден од условите за успешно
организирање на овој вид на селекција.

7.2 Количини на биоразградлив отпад и методи за справување со истиот

Количините на биоразградлив отпад варираат од населено место до населено место и


во најголема мерка зависат од прехрамбените навики на населението, како и од видот
на стопанските активности.

Исто така, врз оваа фракција од отпадот во голема мерка влијае сезоната. Сезонскиот
карактер особено се манифестира во текот на пролетта и есента кога се генерираат
најголемите количини биоразградлив отпад во семејствата и земјоделските
активности.

Овој отпад потекнува од храната и некои други биоразградливи компоненти како што е
хартијата, меѓутоа не треба да се занемарат количините отпад кои потекнуваат од
градините и дворовите на индивидуалните станбени објекти.

Еден од предусловите за успешно постапување со биорзградливиот отпад е


воспоставување на високоорганизиран систем за управување со отпадот и негово
селектирање на изворот на создавање (во домаќинствата и на земјоделските
површини во руралните средини). Само на овој начин ќе се овозможи селективно
собирање и со соодветно третирање на биоразградливиот отпад. Чистотата на истиот,
како и неговото навремено собирање и третирање, се основните предуслови за
успешно третирање.

Во отсуство на вака организиран систем на селектирање на отпад, проценките на


количините на биоразградлив отпад од домаќинствата и земјоделието се базираат на

23
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

калкулативни методи базирани врз статистички податоци и имаат апроксимативен


карактер.

Врз основа на податокот од погорниот дел на овој документ произлегува дека сите
жители на општината (4.840), не добиваат комунални услуги за собирање на отпад. Врз
основа на оваа бројка количината на биоразградлив отпад од домаќинствата изнесува
239 тони годишно.

Кога на оваа бројка ќе се додадат и количините на биоразградлив отпад кои


потекнуваат од земјоделските активности, особено на оние кои потекнуваат од
ранограднинарските култури, неизбежен е заклучокот дека се работи за количини кои
мораат да најдат соодветно решение.

7.3 Анализа на постојната состојба со генерирањето на биоразградлив отпад во


општина Старо Нагоричане

Овој дел е анализиран во глава 1 и 2. Заради руралноста на општина Старо


Нагоричане дадена е анализа за биоразградливиот отпад.

Немањето соодветни решенија за биоразградливиот отпад, го исправа јавното


комунално претпријатие пред голем предизвик во изнаоѓањето на еколошки соодветни
и економски одржливи решенија. Ова воопшто не е лесна задача заради тоа што
изнаоѓањето на такви решенија и воспоставувањето на соодветни шеми и пракса на
собирање, транспорт и одлагање на отпадот бара и соодветна финансиска и стручна
подготвеност.

Количините на биоразградлив отпад, дадени во претходниот дел од овој документ,


воопшто не се занемарливи. Тие бараат внимателно анализрање во тематски
документ посветен само на овој вид отпад.

Резултатите од ваквите анализи би дале насоки за најоптималните решенија во однос


на биоразградливиот отпад на територијата на општина Старо Нагоричане.

Заради природата на Планот и програмата за управување со отпад, односно неговата


генералност, мора да се напомене дека со усогласувањето на Македонското
закондавство со она на Европската Унија треба да биде земена во предвид тековната
политика и легислатива на ЕУ која се однесува на депонирање на органскиот отпад.

Европската директива за депонирање бара редуцирање на количината на депониран


органски отпад. Затоа органскиот отпад во иднина ќе треба да биде пренасочен
надвор од депониите, што воедно за комуналните претпријатија ке биде предизвик кој
ќе мораат да го надминат. Најефективната технологија за ова пренасочување е
компостирањето. Единствената друга алтернатива на депонирањето е согорувањето
или ко-согорувањето, која чини многу повеќе и во споредба со компостирањето е на
пониска стапка во хиерархиската поставеност на управувањето со отпад и е помалку
преферирана постапка во пристапот за управување со отпад во ЕУ.

Ако се имаат вкупните трошоци во предвид, можно е дел од органската фракција на


комуналниот и земјоделскиот отпад да се искористи и да се произведе
висококвалитетен бонификатор на почвата (компост) со споредлива или малку
повисока цена од онаа за депонирање, а пониска од онаа за согорувањето. Овие
процеси треба да се изведувани под услови прифатливи за животната средина.
Особено во општини како што е Старо Нагоричане, каде има интензивно земјоделие во
кое се јавува потреба од големи количини на компост, биолошкиот третман на отпад
може да се гледа како повеќе исплатлив од депонирањето и инцинерацијата. Во

24
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

ситуации каде депонирањето е сеуште поефтино од компостирањето, ќе биде


потребна финансиска иницијатива за подршка на истото. Дополнителните трошоци за
компостирање можат да бидат покриени со воведување на такси за депонирање на
органски отпад.

Значи, изградбата на централна компостара и воспостувањето на централизиран


систем на компостирање се смета за најисплатливо решение за овој вид на отпад.

7.4 Очекувани трендови во генерирањето на биоразградлив отпад

Врз основа на статистичките податоци како и на анализите направени за количините


на биоразградлив отпад кои се создаваат во општина Старо Нагоричане не е
идентификуван значителен потенцијал за зголемување на количините ваков отпад.
Трендот на зголемување на населението во руралните средини, како и развојот на
земјоделието не покажува нагорна линија во последниве години, ниту пак има некои
показатели кои би индицирале на значајни промени во блиска иднина.

Се очекува дека влезот на Македонија во Европската Унија ќе доведе до позитивен


тренд во оваа насока, меѓутоа, сеуште не постојат конктретни показатели кои би дале
релевантни индикации за промена на трендовите како и за нивниот карактер
(позитивен или негативен).

Затоа најодржливо е да се земе сегашната состојба како тренд за идните години и да


се каклулира со пресметките добиени во сегашноста.
Во спротивно, секакви пресметки кои не се базираат врз реални проценки би можеле
да не одведат во погрешна насока.

8. Анализа и предлог за најсоодветен начин на управување со отпад

Дефинирањето на најсоодветниот начин на управување со отпад за општина Старо


Нагоричане, пред се треба да зависи од реалните можности за имплементација на
вака крупно поставена задача. Се смета дека по сите основи (институционални,
организациски, финансиски, технички како и човечки ресурси), општината Старо
Нагоричане има многу лимитирани можности. Во таква ситуација треба она што е
барање на ЕУ Директивите и на НПУО да се преточи во концепт кој барем минимално
ќе ги задоволува овие критериуми и ќе покаже дека општина Старо Нагоричане во
рамките на своите реални можности ќе даде свој придонес во приближувањето кон ЕУ
со подигнување на степенот на заштита на животната средина од негативните
влијанија на отпадот.

Генерално, концептот на планскиот период треба да биде насочен во три правци:


1. Воведување на услуга за собирање на отпад во сите населени места
2. Воспоставување на систем на управување со отпад, преку т.н регионален
пристап
3. Воведување на систем за примарна селекција на отпад

Директивите на ЕУ се водич за воспоставување на најсоодветен начин на управување


со отпад. Во нив се бара целокупното управување со отпад да биде безбедно за
здравјето на човекот и за животната средина. За достигнување на минимално ниво на
усогласеност со овие директиви потребни се следните активности дадени за период од
шест години:

25
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

• калкулирање на сите трошоци создадени при управувањето со отпад при


формирањето на цената на услугата
• подигнување на степенот на наплата од домаќинствата, индустријата и
институциите
• постепено воведување на нова пракса за депонирање на отпадот на постојната
депонија
• постепено воведување на селекција на комуналниот отпад на местото на
создавање (домаќинства, индустрија и институции)
• регионално решавање на системот за управување со отпад

8.1 Препораки во однос на биоразградливиот отпад


• Воведување на економски мерки за селектирање на органски отпад (ослободување
од дел од надоместокот за оние кои селектираат), ако трошоците за третманот на
компостирање се покажат помали од оние за депонирање. Во спротивно,
зголемување на надоместокот за мешан отпад.
• Изработка на студија за физибилноста на компостирањето во општината
• Организирање на пилот проект (или проект) за компостирање
• Организирање на јавна кампања за промоција на ваквиот проект
• Пристапување кон исполнување на законските обврски во однос на
воспоставување централна постројка за компостирање
• Воспоставување на шеми за собирање на примарно селектираниот органски отпад
• Изградба на централна компопстара
• Зголемување на процентот на компостираниот материјал сукцесивно, секоја година
од важењето на овој документ за пет или повеке проценти.

8.2 Препораки во однос на финансии

Имплементацијата на планот и програмата за управување со отпадот во општина


Старо Нагоричане е многу лимитирана од аспект на финансиските можности на
општината. Општината се' уште не е финансиски доволно силна за да може да
поддржи самостојно еден ваков проект од овој обем.

Сепак останува на општината да го пронајде најдоброто можно решение за затворање


на финансиската конструкција околу финансирањето на планот и програмата за
управување со отпад.

Начинот на кој ова треба да се направи е активна кампања за промовирање на планот


и програмата, истакнување на нивната важност за општината, организирање на
донаторски конференции. Сите овие активности кои треба да се превземат треба да
резултираат со пронаоѓање на заинтересирани инвеститори за реализирање на
програмата.

26
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

9. Дефинирање на акции односно проекти со кои би се реализирале


предвидените активности со извршена приоретизација

Врз основа на сето претходно кажано се предлагаат следните акции со следната


динамика по години дадени во следната табела.

27
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Табела - Акции за исполнување на планот за управување со отпад за општина Старо Нагоричане


Акции 2011 2012 2013 2014 2015 2016
1. Воведување на Припремни Покривање на 20% од Покривање на Покривање на Покривање на Покривање на
систем за работи за вкупното население: 40% од вкупното 60% од 80% од вкупното 100% од
собирање на воведување на население: вкупното население: вкупното
отпад на целата системот 4.840 жители +968 ж. население: +968 ж. население:
територија на (аплицирање до 0,2 х 4.840 = 968 индикатор за +968 ж. индикатор за +968 ж.
општина Старо МЖСПП за индикатор за успех: успех: опслужени индикатор за успех: индикатор за
Нагоричане добивање на опслуж. 968 + 968 = 1.936 успех: опслуж. опслужени 2.904 успех: опслуж.
локација за 968 жители жители 1.936 + 968 = + 968 = 3.872 3.872+ 968 =
идната 2.904 жители жители 4.840жители
општинска
депонија)
2. Генерален Изработка на Почеток на преговори Изработка на Изградба на Почеток на Регионален
пристап во физибилити за финансирање на тендерска нова новиот систем за
управувањето со студија за инвестицијата документација и регионална регионален управување со
отпад за регионот регионално избор на санитарна систем за отпад
на управување со најповолни депонија, управување со
Североисточна отпад понудувачи набавка на отпад
Македонија комунални
возила и
контејнери
3. Општински Согласност за Учество во тимот за Учество во Припремни Вклучување во Регионален
обврски во развој регионално финансиски организирањето активности за новиот систем на систем за
на генералниот решавање на преговори на тендерот вклучување во управување со управување со
пристап управувањето новиот систем отпад отпад
со отпад

28
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Акции 2011 2012 2013 2014 2015 2016


4. Рециклажа на Воведување на Ниво на Ниво на Ниво на Ниво на Ниво на рециклажа
неопасен отпад основен систем рециклажа од рециклажа од рециклажа од 3% рециклажа од 4% од 5%
за примарна 1% 2% опслуж. опслуж. опслуж. население
селекција на опслужено опслуж. население население 4.840 жители
опслужените население население 2.904 жители 3.872 жители 4.840 х 190 кг/ч/г =
подрачја 968 жители 1.936 жители 2.904 х 190 кг/ч/г = 3.872 х 190 кг/ч/г = 919 т/г
968 х 190 кг/ч/г = 1.936 х 190 кг/ч/г 552 т/г 736 т/г 5% х 919 т/г =
183 т/г = 3% х 552 т/г = 4% х 736 т/г = 46 т/г
1% х 183 т/г = 368 т/г 16,5 т/г 29 т/г
1,8 т/г 2% х 368 т/г =
7 т/г
5. Биоразградлив Воведување на Ниво на Ниво на Ниво на Ниво на Ниво на компостир.
отпад основен систем компостирање компостир. од компостир. од 15% компостир. од 20% од 25%
за прим. од 5% 10% 26% од 552 т/г = 26% од 736 т/г = 26% од 919 т/г =
селекција 26% од 183 т/г = 26% од 368 т/г = 143 т/г орган. 191 т/г орган. 239 т/г орган. отпад
48 т/г орган. 96 т/г орган. отпад отпад 25 % х 239 = 60 т/г
отпад отпад 15 % х 143 = 21 т/г 20% х 191 = 38 т/г
5 % х 48 = 2,4 т/г 10 % х 96 = 9,6
т/г

29
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Акции 2011 2012 2013 2014 2015 2016


6. Јавна свест Воведување на Кампања за Кампања за Кампања за Кампања за Кампања за
кампањи за селекција на отпад селекција на селекција на селекција на селекција на
селекција на и компостирање отпад и отпад и отпад и отпад и
отпад и комп.. компостирање компостирање компостирање компостирање
7. Мониторинг и Следење на Следење на Следење на Следење на Следење на Следење на
информирање индикатори индикатори индикатори индикатори индикатори индикатори

8. Финансиски Организирање Ангажирање Ангажирање Квантификација Ангажирање Ангажирање


аспект на донаторски консултанти за консултанти за на потребите за консултанти за консултанти за
конференции спроведување спроведување опрема и спроведување спроведување
пронаоѓање на кампања за кампања за пресметка за кампања за кампања за
заинтересирани јавноста и за јавноста. нивна набавка јавноста. јавноста.
инвеститори за преговарачкиот согласно
реализирање тим.. важечките цени на
на планот и пазарот.
програмата. Ангажирање
Ангажирање консултанти за
консултанти за спроведување
спроведување кампања за
кампања за јавноста.
јавноста.

30
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

Во однос на првата акција за 2011 година за општина Старо Нагоричане доколку


остварувањето се планира да се направи преку воведување на приватно јавно
партнерство за собирање на отпад, треба да се пристапи кон изработка на тендерска
документација за воведување на приватен оператор. Во самата документација треба
да се постават условите за влегување на приватниот оператор. После објавувањето на
тендерот и изборот на најповолен понудувач треба да се потпише договор во
зависност од начинот на вршење на услугите:
• договор за концесија (ако има вложување од страна на операторот или ако
приватното/јавното претпријатие целосно ја врши услугата, без учество на ЈКП “
Козјак”)
• договор за формирање на заедничко претпријатие, односно заедничко
вложување (ЈКП “ Козјак”и приватното претпријатие)
• договор за управување со основните средства (ако општината ги дава на
користење основните средства на ЈКП заедно со персоналот)

Во договорот треба да се прецизира динамиката на воведување на услугата во


населените места.

Четвртата акција за воведување на примарната селекција може да се воведе уште од


сам почеток на воведувањето на основниот систем во општината. Значи самиот
основен систем во себе може да содржи и активности на селектирање на отпад.
Влијанието врз свеста на населението за селекција на отпад во почеток можат да го
прават вработените од самото претпријатие и тоа на лице место заедно со секое
поединечно домаќинство за време на подигањето на отпадот. Доколку собраните
количини на селектиран отпад е поефтино да се продадат на трето лице отколку да се
депонираат на идната легална депонија, во тој случај, воспоставувањето на овој
систем е логично потребен. Истовремено, може да се понудат и нешто пониски цени за
оние домаќинства кои ќе го селектираат отпадот. Овде секако спаѓа и домашното
компостирање. Значи, намалените транспортни трошоци заради смалените количини
на отпад треба да дадат можност за некое намалување на цената. Но оваа мерка
треба многу внимателно да се воведува, се разбира откако целиот систем на примарна
селекција ќе влезе во работа.

31
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

10. Согледување на јавното мислење од аспект на воведување на соодветно


управување со отпадот во урбаниот дел од општина Старо Нагоричане и
дефинирање на цената на услугата

Учество на јавноста во процесот - управување со отпадот

Воспоставување на пракса за вклучување на јавноста е битен фактор во процесот на


донесување на одлуки значајни за животната средина преку соработка со јавните
комунални претпријатија, локалната самоуправа и НВО секторот. Примената на
процедурата за вклучувањето на јавноста е опфатена во Архуската конвенција
ратификувана и во Р.Македонија под надлежност на МЖСПП, чија главна цел е
учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правдата за прашања поврзани со
животната средина (извор: МЖСПП).

Во процесот на вклучување на јавноста во донесување на одлуки како што е


дефинирање на цените за извршување на услугите во областа на животната средина
координатор може да биде локално НВО кое се бави со оваа дејност или други стручни
лица кои се бават со оваа проблематика. Најважна активност во целиот процес е
организација за собирање на отпадот како одлука на граѓаните.

Од голема важност е преземање на конкретни активности и проекти од типот “Заедно


кон почиста општина”, организирање на трибини, конференции за печат и пратење на
истото од страна на локалните медиуми. Највисока цел која треба да се постигне со
јавните кампањи е зголемување на јавната свест кај населението, но и изнаоѓање на
најдобро можно и одржливо решение со што ќе се воспостави еден баланс помеѓу
потребите на населението, потребите на јавното комунално претпријатие и приватниот
сектор.

Известување од страна на комуналните претпријатија или приватниот сектор за


преземање на конкретни чекори во управувањето со отпад и барање мислење од
граѓаните во врска со тоа е битно за понатамошно успешно работење и одржливост на
целиот систем на работа. Од голема важност е системот за собирање на отпад да
биде прифатен од страна на населението со што би се постигнале саканите ефекти, а
би било од корист и за можниот инвеститор и за јавното комунално претпријатие.

Комуникација со медиумите за подобро запознавање на јавноста за сите активности


кои се преземени од оние кои управуваат со отпадот, било да е ЈКП “Козјак” или
приватно комунално претпријатие. Соработката со медиумите е важна поради:
• Пренесување на пораките на медиумите;.
• Можност да се чуе гласот на локалното население.
• Информирање и јакнење на свеста кај јавноста / целни групи во јакнење на
животната средина.
• Јакнење на секторот кој се бави со управување со отпад.
• Можност за повикување на граѓаните на акција како и објаснување како тие
можат да учествуваат.
• Можности за влијание врз државните органи (институции, власти, политичари.).

Притоа треба да се направи стратешко планирање на комуникација со медиумите при


реализирање на проектот:
• Одредување на медиумски цели на проектот како резултат на општите проектни
цели.

32
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

• Одредување на целни групи на кои ќе им се обраќаме и каков впечаток ќе


оставиме врз нив.
• Одредување на пораки кои треба да бидат пренесени за постигнување на
саканата цел.

33
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

11. Препораки во однос на финансии

Имплементацијата на планот и програмата за управување со отпадот во општина


Старо Нагоричане е многу лимитирана од аспект на финансиските можности на
општината. Општината се уште не е финансиски доволно силна за да може да
поддржи самостојно еден ваков проект од овој обем.

Сепак останува на општината да го пронајде најдоброто можно решение за затворање


на финансиската конструкција околу финансирањето на планот и програмата за
управување со отпад.

Начинот на кој ова треба да се направи е активна кампања за промовирање на планот


и програмата, истакнување на нивната важност за општината, организирање на
донаторски конференции. Сите овие активности кои треба да се превземат треба да
резултираат со пронаоѓање на заинтересирани инвеститори за реализирање на
програмата.

Неколку можности кои стојат на располагање на општината се:

а) задолжување од страна на општината;


Соласно последните измени на Закон за финансирање на локалната самоуправа,
објавени во Службен Весник 67/2007 секоја општина за да се задолжи потребно е
претходно да добие согласност од страна на Министерството за финансии. За да ја
добие оваа согласност општината теба да поднесе Барање за задолжување до
Министерството за финансии, одделение за јавен долг и во тој предлог општината
треба да наведе за што бара одобрение за задолжување, да даде опис на проектот за
кој се задолжува, кои се предностите од неговото имплементирање, но најважно од се
во што ги препознава општината корисностите од имплементацијата на проектот.
Откако ќе добие позитивен одговор од Министерството општината ќе може да оди со
опцијата задолжување. Она што е важно да се има во предвид пред да се пристапи кон
овој чекор е дека постојат законски ограничувања за максималниот износ на
задолжување за кое општината може да добие одобрение за задолжување; а тоа е: за
краткорочно финансирање, 10 до 20% од тековно оперативните приходи од минатата
година и за долгорочно задолжувањето не смее да надмине 100% од тековниот
оперативен буџет на општината.

б) буџетска (владина) контрибуција;


Според последниот Закон за задолжување на општините, а во согласност со новите
правила за финансирање на општините од буџетски средства, општините можат да
добијат буџетско (владино) учество во некој проект само доколку се докаже дека
проектот е од јавен (државен) интерес.

в) финансирање од страна на донатори во форма на грант;


За да се обезбедат средства по овој основ најповикано е раководството на општината
затоа што општината самостојно, на основа на подготвен предлог проект или
физибилити студија треба да агитира кај потенцијалните инвеститори за обезбедување
на средства. Најчесто користена практика е организирање на донаторски конференции
од страна на општината на кои се покануваат сите меѓународни организации,
институции или претпријатија кои финансираат проекти, донираат средства или
работат во областа за која се бара финансиска поддршка.

г) комбинирано финансирање со донација и владина контрибуција

34
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

д) со учество на приватен капитал за јавни услуги (договор за концесија)

ѓ) средства од сопствен буџет


Со цел општината да може да смета на сопствени средства за финансирање на овие
активности, потребно е редовно да ја следи финансиската состојба на општината и
јавното претпријатие преку следење на погоре пресметаните показатели со особено
внимание на движењето на показателот за расположливиот работен капитал кој во
основа покажува колку средства има општината и јавното прептпијатие на
располагање за инвестиции.

35
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

12. Мерки за едукација и за подигнување на јавната свест за управувањето со


отпад

Активности на јавната кампања

Активностите кои треба да се преземат за реализирање на “Кампања за подигнување


на јавната свест”
 Припрема, дизајн и печатење на промотивен материјал - летоци и постер
плакати.
 Поставување на основни информации на проектот како и планираните
активности кои следат за селективното собирање на комуналниот отпад и
негово рециклирање.

Припрема на “Прирачник за рециклирање” (актуелно за ПЕТ пластика)

Прирачникот ќе ги содржи сите основни информации за ПЕТ пластиката, од негово


идентификување преку ознаки на пластичната амбалажа, селектирање, собирање и
процесот на рециклирање.

Прирачникот ќе послужи како средство за сите оние кои се занимаваат со оваа дејност
или планираат да отпочнат активности за рециклирање на ПЕТ амбалажата.

Подготовка на радио и телевизиски емисии под наслов “Правилно управување со


отпад - пат до почист развој”

Во соработка со заинтересирани телевизиски и радио канали со финансиска подршка


од општината и други спонзори, би било добро да се снимат одреден број на
телевизиски и радио емисии заради подобро претставување на проблемот -
управување со отпад во општина Старо Нагоричане Темите кои ќе се опфатат во
емисиите се оние кои се застапени во самиот документ “План и програма за
управување со отпад во општина Старо Нагоричане”. Емисиите ќе бидат во два
циклуса, при што првиот циклус на емисии ќе биде со цел да се презентираат
активностите кои ќе бидат преземени, а во вториот циклус ќе бидат презентирани
постигнатите резултати од тие активности.

Кампања за подигнување на јавната свест во процесот на воспоставување на


одржливо управување со отпад

- Прва фаза:
 Доставување на летоци на корисниците на комунални услуги.
 Поставување постери на достапни места во општината со цел промоција на
проектот и известување на јавноста за значајот на управувањето со отпадот
и идниот одржлив развој на општината.
 Емитување на првиот циклус на радио и телевизиски емисии.
 Одржување на конференција за печат со цел претставување на проектот,
неговите цели и активности. На конференцијата треба да бидат повикани
представници од електронските и печатените медиуми.
 Веб презентација на изведените активности во оваа фаза.

36
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

- Втора фаза:

Еднодневна работилница - обука на наставниот кадар во основните училишта која ќе


ги опфати следните активности:
 Наставници од основните училишта кои ќе покажат заинтересираност за
проектот ќе учествуваат во работилница со цел за нивна обука за
изведување на работилници во рамки на училиштата на тема “Правилен
управување со отпадот - пат до почист развој”.
 Обуката ќе ги опфати следните теми: сегашна состојба во областа со
управување со отпад, економски и еколошки аспекти на рециклирањето,
примарна сепарација, потреба од минимизирање на отпадот, промена на
навиките на потрошувачите, негативни ефекти и неправилно третирање на
отпадот, неопходна промена на односот кон животната средина итн.
 Емитување на вториот циклус на радио и телевизиски емисии.
 Веб презентација на изведените активности и постигнатите резултати во
оваа фаза.

- Трета фаза:

Преземање на конкретни активности кои ќе ја финализираат јавната кампања:


 Повик кон локалното население за учество во акција за собирање на
рециклабилни материјали.
 Организација од страна на наставниот кадар заедно со учениците и
практична примена на искуства стекнати од обуките и работилниците.
 Награди од страна на општината до оние кои собрале најголема количина на
рециклабилни материјали.
 Веб презентација на изведените активности и постигнатите резултати во
оваа фаза.

Очекувани резултати од јавната кампања:


• Развиен модул за едукација на населението за проблемите во животната
средина.
 Развиен модул за едукација на наставниот кадар за едукација на учениците
во основните школи за отпадот, потребата од рециклирање, минимизирање
и повторна употреба на отпадот. Развиена свест на просветните работници
за потребата од интензивирана едукација.
 Повисоко ниво на свест кај најмладата популација и пошироката јавност за
потребите од рециклирање и учество во примарната селекција на отпадот.
Поголема заинтересираност на популацијата за проблемите во животната
средина и учество во акции на ниво на општината.
 Развиена свест на медиумите за потребата од учество и сеопфатно
информирање на јавноста за сите аспекти за заштитата на животната
средина (посебно за отпадот) и актуелните случувања на тоа поле.
 Воспоставување на соработка на НВО секторот, локалната самоуправа,
медиумите, ЈКП “Козјак”, приватниот сектор и сите заинтересирани во
процесот за подигање на јавна свест и воспоставување на систем за
управување со отпад.

37
План за управување со отпад за општина Старо Нагоричане, 2011 - 2016

 Квантитативно зголемено количество на отпад при собирањето на ПЕТ


амбалажа, хартија и други рециклабилни материјали.

Процесот на подигнување на јавната свест е неопходно да се продолжи и да се


збогатува со нови содржини во склад со принципите на правилно управување со
отпадот.

38

You might also like