You are on page 1of 12

1.Судската практика не претставува непосреден извор на администрација.

Во одредени случаи
може да се јават предрасудите како извор,кои се тие ситуации?

Што се однесува до судската практика,во теоријата долго време доминирал принципот според кој
судијата не создава право туку само го применува.Судијата го пронаоѓа позитивното право кое
само треба да го примени на конкретен случај односно ја пронаоѓа општата норма што треба да ја
примени врз поединечен случај.Оттука произлегува дека управните судови немаат простор и дека
нивната слобода е лимитирана на примена на закониските норми на конкретни
ситуации.Значењето на законска норма што треба да биде применета може да биде нејасно,при
што во таков случај судот треба да толкува и да интерпретира а таа интерпретација може да биде
рестриктивна или екстезивна.-Во РМ како и во другите европско-континентални земји,судската
практика на претставува непосреден извор ,затоа што ссудските предрасуди нр содржат,општи
облигаторни правила за поведение на администрацијата.Судските одлуки односно предрасудите
може во извесна смисла да се јават како извор којшто создава право.Тоа доаѓа до израз во случаи
кога одделни судски одлуки,врз основа на изричен законски пропис се задолжителни во
конкретни ситуации.Ваквиот заклучок се изведува од законските норми со кои изречнно се
опрделува дека одредени судски одлуки се задолжителни за администрацијата,такви се
пример:одлуките на управниот суд за решавање на судирот на надлежности меѓу државните
органи и органите на единиците на локална самоуправа.

2.Наведи ги и објасни ги видовите интервјуа,како институционални методи за селекција на


службениците?

Интервјуто е разговор во кој кандидатот треба сам да се претстави.Интервјуата се делат на:

Структурно интервју-со однапред поставени прашање од кои не се прави отстапка.

Неструктурно и-покрај поставените прашања може и дополнителни

Семиструктурно и-да се приберат опсновни информации.

Слободно и-интервјунираниот сам ја подготвува темата.

Стрес интервју-е за утврдување на емоционалната состојба.

Биографско и-врз основа на минатите

Бихејвиорални и-како се справуваат во дадеени ситуации.

Компетентно и-слично со бихејвиоралното,компетентност.

Ситуациско-содржи прашање како би се справил во одредена ситуација.

Недирективно и-содржи прашања од претходни одговори.

Панел и-со повеќе интервјери

Тимско-повеќе апликанти.
3.Објасни го регулирањето како елемент на административната функција и наведете примери?

Регулирањето при донесување се прави во однос на облик и во однос на содржина.Овие два


елементи претставуваат дијалектичка целина со што тие не се оделуваат.Тие исто така можат да се
разгледуваат и од друга гледна точка од аспект на донесувачи и составувачи на актот.Актот кој се
носи мора да биде во состав со закон,а спротивно донесен акт се смета кога:

-со него се забрануваат дејства на граѓаните

-кога актот му противречи на законот

-кога во актот има поголеми задолженија отколку во законот

-кога во актот има права и обврски спротивно на законот.

4.1.На кои начини и во кои случаи може да дојде до укинување на суспензивното дејство на
жалбата и 2.од деволутивното дејство на жалбата постојат одредени исклучоци утврдени со
закон кои се тие?

Жалбата како средство претставува правно средство со кое решението од првостепениот орган се
пред повисокиот орган.Второстепениот орган може да го измени или поништи.Услови за жалбата
се:да постои првостепено решение,правото на жалба да не е изрично изземено и да постои
повисок орган што ќе одлучува по жалба.Жалбата може да се изјасни во рок од 15 од добивањето
на решението.Доколку истата се поднесе во истечен рок истата се смета за неблаговремена и ќе се
отфрли.Таа има двојно дејство:суспензивно и деволутивно.

-суспензивно или одложено дејство се состои во тоа што жалбата го одлага извршувањето на
решението,се додека второстепениот орган не одлучи по жалбените наоди.Значи суспензивното
дејство на жалбата оневозможува првостепеното решение да се изврши,односно го одлага
неговото извршување се до завршувањето на второстепената постапка.Ако решението се побива
со жалбата само делумно т.е само одделни делови на диспозитивот,тогаш суспензивното дејство
се однесува само на тие делови кои се побиваат со жалбата.Кога жалбата нема суспензивно
дејство и не го одлага извршувањето на решението тоа мора да биде изрично потенцирано во
диспозитивот на решението.Укинувњето на одложеното дејство на жалбата се прави со посебен
правен акт.Против актот за укинувње може непосредно да се поведе управен спор во рок од 7
дена од денот на приемот на тој акт.

-деволутивно дејство се состои во тоа што по жалбата решава непосредно повисокиот орган од
оној што го донел решението.Од деволутивното дејство на жалбата постојат извесни со закон
утврдени исклучоци.Ова се одразува во тоа што провостепениот орган може да одлучува во
гпоглед на дормалните преносни претпоставки при што ќе се утврди дека жалбата е
неблаговремена.Покрај ова значајно отстапување од начелото на деволутивно дејство има и во
случај кога првостепениот орган поради очигледни причини ја уважи жалбата и самиот го измени
или укине своето првостепено решение во границите на жалбеното барање.Но ако првостепениот
орган не го усвои жалбеното барање тој ќе мора предметот да го проследи до непосредно
повисокиот орган и укажува на грешките што ги направил во првостепената постапка.Тоа може да
бидат грешки(неправилности) во спроведувањето на постапката во утврдувањето на дактичката
состојба или во примена на материјалното право.
5.адм.органи може да се формираат врз основа на неколку принципи кои се тие?

Реален-се употребува кога треба да се формира орган или единица доколку работите треба да ги
вршат од иста или сродна содржиа.Овај принцип се дели на ресорен и функционален.

Ресорен-адм.органи се формираат врз сличноста на една материја.овај принцип се користи за


стручност и специјализација на кадарот,го олеснува раководењето и обезбедува висок степен на
вертикално единство.негов недостаток е тоа што ја отежнува хоризонталнатаповрзаност,не
придонесува кон заработка.

Функционален-адм органи се формираат врз сличноста на извршувањето на работните


операции.Обезбедува стручност и специјализација за начинот на извршување на работните
задачи.Негов недостаток е отежнато раководење нр придонесување кон остварување на
единство.Најчесто овие два принципи се мешаат со што

-територијален пр-адм органи се основаат во зависност од подрачјето на кое дејствуваат.Имаме


комбинирана примена на реалниот и територијалниот принцип со што реалниот се инкорпорира
внатре во воспоставените територијални органи,афункционалниот се употребува внатре во
внатрешните единици.

Персонален п-се определува за создавање на органи кои вршат работи на точно определена
категорија на граѓани.

6. деконцентрација? Делокализација? Видови на децентрализација?

Поблагиот облик на децентрализација се вика деконцентација.Имено за убажување на ригидните


централистички практики,постои т.н деконцентрација што претставува определено растеретување
на највисоките адм органи од обврската да ги решаваат работите во сите сегменти и делегирање
определена моќ на одлучување врз локалните претставници на централната влат.Без оглед на
видот и степенот на таа самостојност,деконцентрираната единица е дел од единствениот
централен орган и нема свосјтво на правно лице.Деконцентрираните единици не се избираат
непоседно од страна на граѓаните туку се поставуваат од централната власт.Типичен пимер на
деконцентрација во Македонија се подрачните единици на министерствата низ општините.Овај
поим не смее да се меша со делокализација затоа што деконцентрацијата се состои од давање
моќ за донесување одлуки на локалните претставници на централната власт,додека кај
делокализацијата се состои во пеместување на седиштето на поважните државни адм тела надвор
од главниот град за кои владата смета дека е неопходно да се во престолнина иако ниввната
дејност го поставува националниот,а не локланиот интерес.

Постојат два вида на децентрализација и тоа:територијална и техничка.Територијална се


подразбира постоење на самостојни територијални ентитети со сопствени финансиски извори и
изворна надлежност,контролирани со правни механизми,а не со бирократски средства и
арбитрерна волја на централните органи.Оваа децентрализација е создавање на автономни
администр структури кои произлегуваат од локалната заедница и се одговорни пред
неа.Техничката децен се состои во постоење на посебни јавни служби на локално ниво со својство
на правно лице,издвоени од службите што ги врши државата чија што основна мисија е
задоволување на потребите на населението во определени сегменти од живеењето.
7.испитна фаза во административната постапка?

Во оваа фаза се утврдуваат фактите.Овде принципот на материјална доминира со кој се


утврдуваат правно-релевантните факти.Имна скратена испитна постапка и посебна испитна
постапка.Скратена е кога адм.предмет се решава непосредно во случаи пропишани со ЗОУП и
доколку може да се реши според фактите.Последната испитна постапка е кога се употребуваат
дејства(увид,сосолушување,мислење идр),доколку се наиде на неука странка да им се даде
можност за сослушување.

8.уредби со законска сила и видови уредба со законска сила?

Оваа уредба всушностт претставува закон во материјална смисла.Таа се донесува врз основа нау
на уставно овластување или пак врз основа на одлуката на законодавното тело со што на
извршната власт и се делегира дел од законската регулатива.Со уредба со законска сила,владата
уредува прашања од надлежност на собранието во случај на воена или вондредна
состојба.доколку од објективни причини на постои можност собраниеото да заседава и да ја врши
законодавната дејност.притоа владата со овај вид акти се јавува како регулатор на правните
односи во државата.Уредбите со законска сила за време на воена или вондредна состојба ги
донесува шефот на државата како инокосен орган затоа што тој може да донесува такви акти
побрзо и поблаговремено во согласност со ургенттната констелација на односи,што не е случај на
со владата како колегијален орган,составен од повеќе министри.Уредбата со законска сила е
поделена на:

Автономна-е онаа со која владата регулира законска материја,која согласно со уставот не е


изречено определена како надлежност на парламентот.владата донесува автономни уредби
самостојно врз основа на дирекно и општо уставно овластување и задолжително истите ги
доставува на потврдување на парламентот.

Специфична уредба-се акти кои што владата ги донесува врз основа на овластувања делегирани
од парламентот.Овластувањето за делегирање надлежност е пропишано со уставот а парламентот
одлучува за конкретно делегирање на надлежноста.Со овие уредби се владата регулира законска
материја во форма на подзаконски акти.

Воени уредби-владата донесува во воена или вондредна состојба по услов парламентот да не


може да се состане.Владата е овластена со воени уредби да регулира материја која што во
редовни прилики енадлежност на парламентот.

10.извршна дејност на оганите на адмнинистаација?

Еден теоретичар ги именувал под кратенката POSDCORB која ги опфаќа активностите на


планирање,организирање,персонална политика,раководење,координација,известување и
буџетирање.Планирањето значи проектирање на контурите на работите што треба да се извршат
и методите што треба да се применат за да се оствари целта на потфатот.Исто така потребно е да
се сознаат можностите за развој,да се постават целите,да се индетификуваат алтернативите,да се
креираат планови и да се антиципираат трошоците за реализирање на плановите.Организирањето
значи да се воспостави формална структура на власта низ која ќе се утврдат работните единици во
согласност со поставената цел.Функцијата на организирање е насочена кон подигнување на
организациското ниво заради зголемување на ефективноста,тоа значи создавање на
организациска структура која на вработените ќе им овозможи најмал можен напор или најниски
трошоци да постигнат продуктивност.Персонална постапка е регрутирање и обучување на
персоналот како и одржување на услови за работа.Во овај контекст спаѓа и мотивирањето кое
опфаќа разни методи,инструменти и стимулации за постигнување на планираните,посекувани и
очекувани резултати.Раководењто се изразува во донесување одлуки и нивно остварување во
спесифичните и општи налози и наредби и вршење улога на водач на потфатот.Координирањето
се состои во поврзување на различни делови на работата,односно обезбедување согласнот меѓу
разните админ.структури во насока на успешно функционирање на системот.Известувањето е
информација на оние кои администрацијата им е одговорна но исто така и собирање на податоци
за лична употреба и употреба на потчинетите преку извештаи,надзор и
истражување.Буџетирањето се изразува во форма на планирање,книговодство и
контрола.Контролата е активност која се состои од перманентно следење на реализацијата на
поставените работни задачи. Регулирањето при донесување се прави во однос на облик и во
однос на содржина.Овие два елементи претставуваат дијалектичка целина со што тие не се
оделуваат.Тие исто така можат да се разгледуваат и од друга гледна точка од аспект на
донесувачи и составувачи на актот.

11.единствени и збирни или колективни конкретни адм акти?

Единствен адм акт е конкретен акт донесен од страна на еден овластен јавно-правен субјект.Така
на пример решението што го донесува.Спротивно на ова решенијата кои се донесуваат во
соработка на два или повеќе органи се нарекуваат збирни,колективни или комплексни акти.При
донесување на вакви решенија постојат различни модели на соработка меѓу органите
како:решение за чиешто донесување одлучуваат два или повеќе органи;решение што го донесува
еден орган; и решение што го донесува еден орган но со потврда или со одобрение на друг
орган.Првиот подвид на збирен акт е оној што е донесен по заедничкото решавање на два или
повеќе органи.Во групата на збирни адм. Акти спаѓаат и решенијата што ги донесува еден стварно
надлежен орган во соглаасност со друг орган со кој другиот орган дал или одбил соогласност.И
трето со закон во одредени ситуации може да биде предвидено решението да биде донесено од
еден орган но со потврда или со одобрение на друг орган.Потврдата или одобрението по правило
ја дава непосредно повисокиот орган од онај што го донесува актот.

12.класификација на адм службеници во рм во групи нивни звања и надлежности?

А-секретари

Нивоа во група А и звања:

А1-државен секретар

А2-генерален секретар назначен од уставниот суд,судниот совет,Народен правобранител

А3-секретар на град Скопје,го назначува градот има многу обврски и цели

А4-секретар во град,обезбедување на ефикасно и евтино работење,подржување на работата на


функционерот,обединување на работата,поставување стратегии и др.

А5-секретар во село
Б-раководни адм.службеници

Б1-раководен адм.службеник од прво ниво

Б2-раководен адм служеник од второ ниво

Б3---- од трето ниво

Б4---од четврто ниво

Раководниот службеник од Б категорија има за цел:да дава совет на секретарот,организирање на


раб.единици,вршење контрола,грижа на стручно усовршување,подготовка на извештаи.

Во категорија Б спаѓаат следниве звања:

Б1-ДРЖАВЕН СОВЕТНИК

Б2-раководител на сектор

Б3-помошник раководител на сектор

Б4-раководител на одделение

Во рамки на категорија В спаѓаат следниве нивоа:

В-стручни адм службеници

В-стручен адм службеник од прво ниво

В2---од второ ниво

В3---од трето ниво

В4---од четврто ниво

Во категорија В спаѓаат следните звања:

В1-советник

В2-виш соработник

В3-сораотник

В4-помлад соработник

Г-помошно стручни службеници

Во Г категорија се следните нивоа:

Г1-помошен стручен адм.службеник од прво ниво


Г2----од второ ниво

Г3---од трето ниво

Г4---од четврто ниво

Во Г категорија се следниве звања:

Г1-самостоен референт

Г2-виш референт

Г3-референт

Г4-помлад референт

13.спроведување на утврдената политика?

По одржани парламентарни избори електоратот го добива одредена партиска групација врз


волјата на граѓаните се конструира законодавствот,претставниот орган Собраниет.Од
парламентарното мнозинство произлегува владеачката номенклатура,односно Собранеието ја
избира Владата каконајвисок орган на извршната власт.Владата може да биде еднопартиска и
повеќе партиска(коалициона).Партиите кои пормулираат за Владата на изборите пред граѓаните
настапуваат со политички програми врз чија основа на програмите се формира работата на
Владата,на пример:во земјоделската сфера да им дава субвенции на
земјоделците.Администрацијата пак не се јавува како директен и непосреден креатор на
политиката туку само прекунепосредното извршување на општите акти.Таа како спроводник на
политиката утврдена од законодавното тело има определени права и должности утврдени со
закон.адм благовременоукажува на состојбите од спроведувањето на политиката како и
изработувањето на план и акција за имплементација на закон од др нстрана на адм.Собранието
преку Владата врши непосреден увид во сферата на спроведувањето на политиката во тоа
што,Владата бара извештај од органите за спровед.на политиката,да бара известувањеи
одговори,да им наложува преземање на одредени организациони кадровски и др мерки.

14.поим и составни елементи на службеничкиот систем?

Службеничкиот систем е систем во кој се распоредени работните места според критериуми.Тој се


дели на организационен и функционален аспект.Организациониот аспект се состои од:

-анализа на потребите,селекција на службениците,класификација на раб места,права и


обврски,оценување на службениците,напредување и наградување,мобилност,одговорност,платен
одмор,престанок на службата.

Функционалниот е сочинет од збир на принципи и активности кои јавните службеници ги


применуваат.Службеничкиот систем ги регулира правата и обврските на
вработените.Службеничкиот систем овозможува правилно решавање и водење на
работите.Потојат 3 елементи во службеничкиот систем:

-менаџерска концепција(акцентот е ставен на ефикасноста,ефективноста и економичпноста)


-политички концепт(спроведување на јавните политики)

-проучен пристап(поаѓа од процедура и нормативна рамка)

15.дискрециони и со закон сврзани адм акти?

Дискрециони акти е дали актот е донесен согласно законите и е сврзано со:

-органот да има законско овластување за носење акти

-актот да е со законски пропишана постапка

-актот да е во запазена форма

-да не се пречекоруваат законските овластувања

-овластувањата да не се злоупотебуваат.

16.карактеристики на управните договори?-Се договори каде граѓани и субјект кој не е во


рамноправен однос со државата за вршење на јавни добра.

17.системи на напредување на службениците?

Spoils system-го сочинуваат политичката патронажа и покровителството.

Meriot system-го осчинуваат личните способности и професионалните компетенции.

Spoils системот означува дека победничката патија го зграбува пленот.ова било назначено вака
уште во времето на адамс џеферсон.Адамс за време на својот мандат местата ги пополнил со свои
пријатели а џексон дели мислење дека управната служба е вид на сопственост а владата средство
за унапредување на индивидуалниот интерес.Овај систем има и негативности и тоа прво:на јавни
функции се појавуваат лица не комплетни,второ:ја заслабува формалнаата организација
заснована на закон.Meriot sistemot означува регрутирање на службеници според
вештини,задачи,способности.Основна идеја е да се утврдат критериумите за избор на
најсопособните.Тој е дизајниран да ги обезбеди следните
квалитети:професионалност,неутралност и еднакви можности за секое лице да може да
конкурира.

18.постпапка според која се донесуваат адм акти како и составен елемент на нивниот облик?

Адм акти се важен елемент на правната компонета во функционирањето на јавната


администрација.Тие се производ на административното дејствувањет и без нив не може да се
почуствуваат импулсот,творештвото,креативноста и инвентивноста на државното управување.Од
многубројните дефиниции за адм.акт се одлучува за определбата според која адм акт ќе го
согледуваме како средство за создавање и примена на правото.Административните норми се
создаваат во адм акти,а самото донесување на адм ак е регулирано со некој друг претходен и
повисок правен акт.Така претходниот и повисокиот правен акт го регулира донесувањето на
подоцнежните и по правило пониските админ.акти.Регулирањето на донесувањето на адм.акти се
прави како во однос на обликот така и во однос на содржината.Обликот и содржината
преставуваат дијалектичка целина,при што регулирањето на едниот аспект не може да се одвојува
од регулирањето на другиот аспект.Тоа значи дека освен постапката за донесувањето на адм акт
се регулира и неговата содржина.

19.позитивен и негативен акт?

Позитивен акт е оној акт со кој се произведува некоја промена во правниот поредоок.Со
конкретниот адм акт донесен во адм постапка ,адм орган или организацијата која врз основа на
закон врши јавни овластувања може да создаде нова правна ситуација или правен однос или пак
веќе создадената правна ситуација да ја укине или измени.Во таков случај адм акт стекнува
атрибут на позитивен акт.Негативен адм акт е оној со кој не се предизвикува промена во правниот
поредок.Вотаа смисла негативен е оној адм акт од кој всушност извира намера за одржување на
постоечка состојба.Значи во случај кога со адм акт не се создава правна ситуација,односно не се
менува или укинува веќе создадената т.е кога со актот се останува на веќе создадениот правен
однос или правна ситуација,таквиот акт се смета за негативен.

21.наведи ги и објасни ги општите правни акти на владата на рм?

Општи правни акти за чие донесување е надлежно владата на РМ може да се


издвојат:уредба,одлука,упатство,програма и заклучок додека во подзаконски акти се
издвојуваат:правилниците,наредбите и упатствата.Со одлуката Владата одлучува за одделни
прашања и мерки за извршување на законите.Со овај акт може да се основаат стручни и др
служби за потребите на Владата.Со упатството Владата го пропишува начинот на работа на
министерствата и на другите органи на државната управа.Со програма се регулираат одделни
прашања од надлежност на владата за кои и е потребно утврдување на динамиката и
роковите.Заклучокот се донесува во случаи кога владата зазема ставови во одредени прашања
што ги претресувала на седница,утврдува мислења за предлозите на законите и другите прописи
што собранието ги поднеле др овластени предлагачи,одлучува по определени прашања за
внатрешна организација и односите во владата и сл.Правилникот е општ админ.акт кој се
донесува заради извршување на закон,односно со него се разработуваат одделни одредби на
веќе донесен закон и се утврдува начинот на нивното извршување но не и за целината на
прописот тукку само за поединечни одредби.Наредбата е подзаконски општ акт на
адмнистрацијата кој се донесува заради извршување на одделни одредби на законот,на другите
прописи и општи акти.Наредбата е акт со кој се наредува или се забранува одредено постапување
во една одредена ситуација која има општо задолжително значење за сите граѓани на одредена
територија.Пр:наредба за мобилизација за време на војна,наредба за вакцинација на населението
во случај на појава на некоја заразна болест и сл.Дали наредбата ќе важи за целата територија на
државата или само за одредено подрачје,ќе зависи од околностите поради кои се наметнува
нужна потреба за нејзино донесување.Така на пример:доколку на цела територија е присутна
болеста свинска чума ,ќе биде донесена наредба за умртвување на свињите во цела држава.

22.принципи на јавните служби? Јавните служби подлежат на заеднички принципи кои треба да
бидат задоволени со функционирање,тие може да ги издвоиме следните:принцип на
еднаквост,перманентност односно континуитет и принцип на усогласување или адаптирање на
новите околности.Со принципот на еднаквост се ожртвува универзалното начело за еднаквост на
граѓаните пред законите и пред органите на државата и според ова начело јавните служби
функционираат со еднакви услови за сите корисници.Начелото на еднаквост значи дека секој
клиент кој ги исполнува условите има право да ги користи услугите што ги пружи одредена
служба.Целта на принципот на континуитет е да обезбеди перманентно задоволување на јавните
потреби,што значи функционирањето на јавните служби мора да биде редовно и
непрекинато.Континуитетот ја претставува самата суштина на јавните служби и секакво
прекинување во функционирањето претставува негирање на атрибутите на јавната служба.Според
начелото на приспособливост,субјектите одговорни за некоја јавна служба мора да го
приспособуваат нејзиното функционирање на развојот на потребите како и развојот на
технологијата.

23.Определи го и објасни го јавниот интерес на јавната администрација?

Јавната администрација го остварува интересот на јавноста.Јавниот интерес се индетификува со


општонародно добро.Тука спаѓаат(потребата за патна инфраструктура,снабдување со
енергија,потреба за права и сл).Овие барања се оние кои треба да бидат фокусот на јавните
службеници.Под јавност се подразбира и вклучува постојаните жители.Јавниот интерес го брани
Уставот .Пример законот за здруженија и фондации :ги штити децата и младите,заштита од
злоупотреба,дрога ,здраство,медицинска грижа,заштита на животна средина на животните итн.

24.Објасни го правното овластување како елемент и во кои видови може да се јави?

Правно овластување е кога за субјектот кое добива овластување другиот субјект добива должност
и обратно.Правното обалстување го делиме на субјективно право и надлежност.Субјективно
право имаме кога преку правното овластување се остварува свој сопствен интерес,надлежност
имаме кога се штити туѓ имот а не сопствен интерес.

25.Наведи ги и објасни го видовите правни задолженија?

Правно задолжение е онаа состојба во која субјектот на адм.правен однос е обврзан нешто да
даде или стори или воздржи.Тоа може да биде еднострано и двострано прравно
задолжение.Еднострано е во оној однос за кој еден од субјектите се сноси со права а другата се
сноси со обврски.Двострано е во оној однос за кој и двете страни се сносат со права и обврски.

27.Поим и составни елементи на службеничкиот систем?

Службеничкиот систем е систем во кој се распоредени работните места според критериуми.Тој се


дели на организационен и функционален.Оганизациониот опфаќа:анализа на потребите,селекција
на службениците,класификација на работните места,оценување на службениците,напредување и
нагрдување,образовање на службениците,мобилност,одговорност,платен систем и престанок на
службата.Функционалниот го сочинуваат збир на принципи,институти и активности кои јавните
службеници ги применуваат.Службеничкиот систем ги регулира правата и обврските на
вработените.Кај овај систем постојат три елементи и тоа:менаџерска концепција(акцентот е на
ефикасноста,ефективноста и економичноста);политички концепт(спроведување на јавните
политики) и правниот пристап(поаѓа од процедури и информативна рамка).

28.Дискрециони и со закон сврзани адм акти?

Со закон сврзани адм акти се оние во кои однапред со закон е пропишано кога при какви услови и
со каква содржина ќе биде донесено решението.Овде органите на администрацијата имаат мала
слобода во процесот на одлучување,тие се должни само да испитаат дали се исполнети услови за
признавање на некое право или наложување на некоја обврска па доколку го утврдат се обврзани
да го признаат законското право без притоа да се впуштат во дискрециона оценка.

29.Конечно,правосилно извршно решение?

Решението со кое на странката и се признава некое право или и се одредува некоја обврска,а
против кое странката не моеже да изјави жалба како редовен правен лек во управната посстапка
или решението против кое жалбата веќе била употребена,претставуа конечно решение.Атрибути
на конечни решенија,стекнуаат второстепените решенија.Конечоста на второстепените решенија
настапува со нивното донесување,што значи дека сите второстепени решенија се конечни,затоа
што против нив никогаш не може да се изјави желба.Конечни се второстепените решенија со кои
се потврдуваат или изменуваат решенијата на првостепените органи или организации,а по
исклучок конечно стапува и првостепеното решение доколку со закон било исклучено правото на
жалба или доколку истече рокот на жалба а жалбата не е изјавена.Против конечното решение
единствено странката може да поднесе тужба за поведување на управен спор.Правосилните акти
се менуваат во случај на вондредни правни ситуации со употреба на вондредни правни
средства.Секое правосилно решение е истовремено и извршно,но и секое конечно е секогаш
извршно.Првостепеното решение станува извршно во следниве случаи:

-по истекот на законски определн рок за жалба,ако странката не изјавила жалба

-со доставување на решението на странката,ако во конкретен случај жалбата против


првостепеното решение не е допуштена

-со доставување на решението на странката,ако жалбата не го одлага неговото извршување

-со одрекување на странката од правото на жалба

Извршноста е својство кое овозможува да се пристапи кон негово фактичко


извршување.Стекнувањето извршност значи дека не постои пречка за реализација на конкретниот
управен акт.Во зависност од тоа дали управниот акт е донесен по барање на станка или пак по
службена должност се разликуваат два вида извршност.

30.Објасни за установа како правно својство?

Установата има својство на правно лице со права и обврски утврдени со закон.Таа може да
склулува договори и да врши други правни работи само во рамките на дејноста која е запишана во
централниот регистар.Основен акт на установата е нејниот статут,со него се уредуваат
организацијата,начинот на вршење на
дејноста,називот,седиштето,управувањето,контролата,правата и обврските на корисниците на
јавната услуга.Јавна установа може да основа Собранието со или Владата со одлука и исто така
јавна установа на општината или на град Скопје може да се основа со одлука на советот на
општината односно градот Скопје.Установата може да се основа ако се исполнети следниве
услови:

-ако е изработен елаборат за соодветна дејност на установата

-ако со финансиски план се обезбеди односно се даде гаранција за обезбедување одржливо ниво
финансирање на дејноста на установата
-ако е обезбеден потребниот број стручни кадри,кои ги исполнуваат условите

-ако се обезбедени соодветни објекти и опрема за вршење на дејноста

-ако е обезбедена заштита при работа на вработените

-ако е предвидена заштита на корисниците на јавните услуги

31.Процесни дејствија што се превземаат од страна на надлежниот суд во одделните фази на


управно-судската постапка?

You might also like