You are on page 1of 1

Говор за БОЖОЛЕ

Почитувани гости, колеги и ученици

Со големо задоволство го отварам овој настан посветен на еден од најблогородните производи


на човекот – ВИНОТО.

Дегустацијата на младо вино е активност што се применува во редовната настава како дел од
едукацијата на идните млади енолози. Во нашето училиште учениците произведуваат високо
квалитетно вино под менторство на своите професори. Оваа година сме горди на НИВ со новиот
училишен бренд на бело вино БИСЕРНА КАПКА.

По повод овој настан организиравме натпревар за учениците кои произведуваат вино во своите
семејства. За таа цел потпишавме меморандум за соработка со организацијата ВИНАРИ НА
МАКЕДОНИЈА во која членуваат еминентни и признати енолози кои ги оценуваа вината на
нашите ученици. Тие ќе бидат идни наши пријатели и соработници и со нивна помош ќе можеме
да создаваме квалитетен кадар од областа на винарството.

Се надеваме дека учениците и професорите од нашето училиште ќе продолжат да иницираат и


спроведуваат вакви активности. На таков начин ќе бидеме пример во градот и Тиквешијата за тоа
како треба да се работи. Само со посветеност и љубов кон својата професија можеме да станеме
лидери во едукацијата.

Ви благодарам.

Повелете да го вкусите нашето младо вино и уживате во прекрасната музика на нашите ученици

You might also like