You are on page 1of 2

Неверојатниот јаглерод формира повеќе соединенија од кој било друг елемент.

Покрај тоа што


сочинува голем дел од нас, исто така, е значителен составен дел на секое живо суштество на
земјата - од вируси, каде што егзистира на самите граници на животот, и огромниот број
„микроби“ (археи, бактерии, и протисти) до фунги, растенија, животни, па дури и најнапредните од
сите живи суштества, птиците. Јаглеродот е толку напреден елемент што е единствениот што може
сам на себе да се “восхитува”.

4. Јаглеродот и неговите соединенија

4.1. Јаглерод (carbonium)

Во природата, хемискиот елемент јаглерод се наоѓа во слободна и во сврзана состојба.


Слободниот јаглерод се наоѓа во два прости облика, односно има две алотропски модификации:
графит и дијамант. Во сврзана состојба јаглеродот се наоѓа во вид на различни соединенија со
другите елементи. Тој влегува во состав на различни супстанции што ги градат организмите на
растенијата, животните, човекот. Јаглеродот во вид на јаглерод диоксид се наоѓа во воздухот и
растворен во водата. Тој се наоѓа и во составот на соединенијата што ги градат различни
материјали и карпите, како што се: варовникот, мермерот, магнезитот, кредата и др. Јаглеродот
влегува во состав на природните јаглени, нафтата, земните гасови и други.

4.2. Прости облици на јаглеродот – графит и дијамант

Сите алтернативни форми на јаглеродот се познати како алотропи. Тие се супстанции кои го имаат
истиот атомски состав (јаглерод), но поединечните компоненти, самите јаглеродни атоми, се
различно наредени. Бидејќи јаглеродот има четири неспарени електрони во својата надворешна
електронска обвивка, формира четири врски.

Графит

Простиот облик на јаглеродот, графитот е мошне позната супстанца, иако не е сосем чиста.
Црнките на моливите се направени од графит на тој начин што неговиот прав се меша со глина и се
замесува со вода во густо тесто, кое потоа се пренесува во тенки прачки – црнки. До колку
моливот е помек, до толку во него има повеќе графит, а помалку глина.

Графитот е кристална супстанција со црносива боја, доста е мек и има метален сјај. Изграден е од
атоми на јаглерод кои се правилно распоредени. Тој добро спроведува топлина и електрицитет.
Поради своите својства, графитот наоѓа соодветна примена во техниката. Покрај примената на
графитот за изработка на моливи, тој служи и за правење садови во кои се топат металите со
висока точка на топење и се изведуваат хемиски реакции на високи температури. Графитот служи
за изработка на електроди, како и за приготвување на средства за подмачкување на деловите на
машините што работат при високи температури за да се намали триењето.

Дијамант

Дијамантот многу ретко се наоѓа во природата. Според својот надворешен изглед и според
својствата, дијамантот сосема се разликува од графитот. Чистиот дијамант е во вид на безбојни и
проѕирни кристали, коишто силно ја прекршуваат и распрснуваат светлина. Поради тоа имаат убав
сјај. Дијамантот е досега најтврдата позната супстанција. Иако е многу тврд, тој е прилично кршлив
и може да се здроби во прав. Изграден е од атоми на јаглерод кои се правилно распоредени, но
на поинаков начин во споредба со графитот. Дијамантот не е спроводник на електричество. Кога
дијамантот ќе се запали на воздух, тој наполно согорува во јаглерод диоксид. Тоа е доказ дека
дијамантот е чист јаглерод. Ако дијамантот се загрева на температура од 1500°C без пристап на
воздух, тогаш минува во графит.

You might also like