Professional Documents
Culture Documents
Љубчо Георгиевски - Кој со кого ќе се помирува! („Пулс", 1996)
Љубчо Георгиевски - Кој со кого ќе се помирува! („Пулс", 1996)
За бугарофилите и србофилите
претставници во едно се согласни. Имено, тие едиогласно јa изнесуваа тезата дека нема
помирување со врховистите и не враќаат барем педесет, шеесет или сто години назад.
Jac, кога зборувам за националното помирување, повеќе би сакал да пишувам за малку
пократок историски период, оноj што го паметиме и за оној што сѐ уште има живи
сведоци или жртви. Само ќе ги потсетам горенаведените интелектуалци дека, од 1945
до 1990 година, Македонија беше жртва на титоистичката jуrocловенскa диктатура.
Прво, по линија на самостојна Македонија, потоа по линија на Информбирото, по
линија на национализацијата и по линија на демократско-граѓански
спротивставувања /на пример, нeкoj го критикувал Тито, или Лазо/. Посебно
деценијата по 1945 година беше деценијата на брутални убиства без судење, тешки
малтретирања по затворите и сите можни видови на притисоци што можеше да ги
измисли Титовата комунистичка држава. Затоа, сметам дека зборувајќи за
националното помирување, прво, треба да го расчистиме тoj период за кој можеме да
најдеме илјадници живи сведоци да ги кажат своите спомени, да им се даде гласност на
тие спомени, да видиме зошто тие луѓе биле уништувани, меѓутоа, да проговориме и за
оние кои ги уништувале. Морам да признаам дека во овие неколку години како човек
сум згрозен од дрскоста и силата штo ja имаат злосторниците по 1945 година, кои сѐ
уште седат комотно во своите вили на Водно, а некои од нив сѐ уште управуваат од
заднина со државата, кои гласно велат „не сакаме никакво помирување“ додека
жртвите со своите болести, навлечени по Идризово или Голи Оток сѐ уште исплашено
молчат, jaвyвaјќи се срамежливо понекогаш со сѐ уште набиено чувство на вина. Тоа е
најголемата морална хипокризија на политички план што и се случува денес на
Македонија и без кoja на морален план нема да мрднеме ни чекор, ако не расчистиме.
Сѐ додека жртвите за самостојна Македонија и сѐ додека злосторниците кои ги праќале
тие жртви пред нишаните на удбашките пиштоли или затворите, свечено, со писма ги
каниме на официјалните државни свечености и манифестации, ние само ќе се
навикнуваме на тој апсурд и ќе живееме сѐ повеќе со политичката лага.
За подалечното минато
и зошто бил убиен, зашто, колку што ми е познато, секое убиство на ВМРО морало да
биде одобрено или потврдено со одлука на Централниот комитет. Меѓутоа, кога
зборуваме за крвниците навистина сметам дека на Македонија и недостасуваат и некои
други бројки, за да можеме да сфатиме едно време, дали подалечно или поблиско. Како
прво, зошто до денес во македонската историографија ja нема бројката на
македонските жртви што биле убиени, затворени или претепани од
дваесетитригодишната српска окупациja на Македонија. Мислам дека компарацијата
ќе ни каже многу без понатамошни коментари. Кога сме кај бројките, би запрашал
зошто до ден-денес сѐ уште немаме официјален и документиран материјал за
македонските жртви од времето на Втората светска вojнa. Па да видиме колку
Македонци загинале под бугарска окупација, колку загинале под албанска окупација,
колку загинале на Сремскиот фронт и, нормално, националната структура на тие што
загинале. Колку од нив биле Македонци, Срби, Евреи, Турци, Роми. Конечно, кога ќе
успееме ние да ja видиме бројката на македонските комунистички крвници, кои во
соработка со своите jуrocловенски пријатели беснееја по 1945 година. Можеби оваа
бројка најдобро ќе илустрира и ќе не доближи до минималната дефиниција што
можеме да ja изведеме и да го наречеме некого крвник на македонскиот народ.
Сѐ додека македонската историографија не почне да работи со документирани
податоци и конкретни имиња, посебно за првиот од овие примери и последниот, jac ќе
останам со лично у6едување дека ако се соберат сите жртви на Александров и на
Михајлов, барем за десетпати се помалку од оние жртви и од оние крвништва што ни
ги остави во наследство другарот Тито со неговите соработници Лазо, Крсте, Вера,
Киро, Борко, и да не ги редам понатаму. Толку за крвниците на македонскиот народ. А
националното помирување во кoja било држава е токму тоа, кога имало крвници на
едната страна, кога имало крвници на другата страна и кога тие се ставаат на едно
место, ако се бореле со свои идеи за кои загинале.
За реперите на Катарџиев
врховист? Впрочем, кoja е таа толку голема разлика ако нeкoj бил бугарски офицер, а
друг бил jyrocловенски офицер, зар не е крајно време да ги ставиме на исто место
jyrocловенскитe врховисти, кои денеc ja држат Македонија, со бугарските врховисти од
пред сто години. До кога во Македонија ќе пронаоѓаме само бугарски платеници, а
српските платеници ќе владеат со Македонија. Зар не е крајно време навистина да ги
извлечеме историските поуки од македонската трагична историја и, конечно, кога сме
на нивото на програмите за самостојна Македонија, првиот репер на господинот
Катарџиев nocтojaно се споменува нeкoja изjaвa на Александров по Првата светска
војна дека Македонија треба да остане во рамките на Бугарија. Зар не е тоа исто со
изјавата на господинот Глигоров, Црвенковски и Андов, кои во 1990-91, па дури и 1992
година, nocтojaно зборуваа дека Македонија треба да остане без алтернатива во
рамките на Jyrocлавиja и од сѐ срце се бореа за таа идеја. Зошто на овие тpojuaтa
можеме да им простиме дека биле тогаш во заблуда, а денес се први борци за
самостојноста и интегритетот на Македонија. Значи, им го признаваме правото на
промената на идеите, а на Александров тоа не можеме да му го простиме, дотолку
повеќе што целата негова активност и заложба по 1918 година е фрлена само на една
карта, а тоа е самостојна и обединета Македонија.
Нема простување, како што вели господинот Катарџиев, со оние кои зборувале
за македонски Бугари и автоматски со тоа не ja признавале македонската нација, при
што се посочуваат веднаш Александров и Михајлов. Hajвepojaтно ваквото
дезинформирање на jaвностa, при што никoj не смее да каже нешто спротивно, е
наjдобap доказ за тоталитарната држава во кoja живееше македонскиот народ,
македонскиот граѓанин, или нajпoвeќe интелектуалец во Титова Jугocлавиja. Па затоа
овoj пaт ќе поставам многу дрско и отворено прашање до Македонска академија на
науките и уметностите, до Институтот за национална историја и до сите професори по
историја излезени од Скопскиот универзитет, а сигурно тука можам да ги додадам и
љубопитните новинари кои гледам дека многу сакаат да се занимаваат со таа тема:
„Дами и господа, најдете ми, покажете ми било каков документ, било какво ливче
хартија, било какво писмо, било каква новинарска полемика, нешто-било што, меѓу
првиот претседател на централистите Татарчев и првиот претседател на врховистите
Китинчев или, пак, меѓу Делчев и Сарафов или, пак, подоцна меѓу Александров и
Влахов каде што тие искажуват различии ставови по прашањето на македонската
нација, македонскиот јазик, Македонската православна црква или писмото што треба
да се употребува во Македонија?“
Колку и да се трудите да барате, господа, ве уверувам дека таква работа нема да
можете да најдете, од едноставни причини што нема, од едноставни причини што и
централистите и врховистите по прашањето на македонската нација, македонскиот
jaзик или останатите отворени прашања имале потполно идентични ставови. Ве молам,
престанете да го труете македонскиот народ со една историска фатаморгана кoja само
вие ја гледате педесетина години дека централисти биле оние кои што зборувале за
Македонци, а врховисти за македонски Бугари.
Се надевам кога кoj било од вас наредниот пат ќе се jaви да полемизира со мене,
прво ќе ми го посочи тоа ливче xapтијa што го барам од вас, а дури потоа ќе ми ги
залепи сите останати етикети од типот на врховист, бугарофил, ванчовист и сето
останато што го имате добро научено во вашата практика на државни интелектуалци.
Впрочем, ако сакате да полемизирате по ова прашање, не би било лошо да ми дадете и
6